Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 40 пациенти, а вкупно се лекуваат 495 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 40 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 495 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, шестмина на Институтот за ТБЦ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија и двајца на Очната клиника. На ОРЛ се примени три нови болни, а во ковид центарот на Клиниката за гастроентерохепатологија еден пациент.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 13 болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, наКлиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 28 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 24 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти.Вкупно 495 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

radar-policija

341 санкционирани возач во Скопје, 25 без возачка дозвола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (16.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 341 меркa, меѓу кои 25 за возење без возачка дозвола, 31 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 19 за користење на мобилен телефон и 17 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 72 мерки за непрописно паркирање, а 58 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на заштитна маска изречени се 16 санкции.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

saso-tasevski

Тасевски: Да споиш историја и географија во еден предмет е исто како да јадеш туршија со 300 грамско Милка

Би ја седнал Мила ГраЏанката, би ја натерал да изеде тегла туршија со 300 грамско Милка за да види како е да се изучува историја и географија во еден предмет.Само што целта им е друга. Постепено да ја тргнат историјата од образованието, за да им излезат во пресрет на своите работодавачи, Бугарите, напиша на својот ФБ профил актерот Сашо Тасевски.Во продолжение на објавата Тасевски додава:Сметаат на заборавот. Тие историски содржини, ќе бидат на две на три, редуцирани и штури, ревидирани и фризирани, колку да се каже, ете, децата учат историја. Тие нема да знаат да кажеме, кој со кого војувал во Втората светска војна. Едни кои биле добри војувале против едни други кои не биле толку добри како првите. На тоа ниво ќе бидат тие лекции. Ни бугарски фашисти, ни германски нацисти, ни Хитлер, ни Тито, ни партизани, ни НОБ, ни Евреи, ни Треблинка, ни Аушвиц, ни гасни комори, ни Конечното решение, ништо.И по неколку генерации заборавот ќе си го направи своето, македонската младина ќе има нејасна претстава за таа војна и за многу други нешта.Приоритет на секој патриот кој понатаму ќе дојде на власт, мора да биде, овие луѓе кои стојат зад овој план на ревизија на историјата и оживување на фашизмот скриен под плаштот на неолиберализмот, да одговараат за ВЕЛЕПРЕДАВСТВО. Ама вистина да одговараат. И секоја партија која ќе сака да дојде на власт мора тоа да го вети во програмата. Во прва точка, на прва страна. Ни економија, ни инвестиции, ни мед ни млеко.... Туку апсење на велепредавниците и пресуда на долги затворски казни.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Новиот директор на Затворот во Шутка е менаџер на ноќни клубови - реагира Хелсиншки

Владата на Република Северна Македонија на седница одржана на 15.12.2020 година го разреши в.д. директорот на Казнено-поправната установа Скопје, Есад Рахиќ, а за нов директор го назначи Филип Андов, советник на премиерот Заев, кој претходно работел како менаџер на локални барови. Во изминатиот период беше разрешен и директорот на Воспитно – поправниот дом Волковија на негово барање, а за нов директор беше назначен Даниел Антовски, кој претходно работел како наставник, објави slobodenpecat.mk.Директорот на установата и неговиот заменик ги именува и разрешува Владата на Република Северна Македонија на предлог на директорот на Управата. Потребните услови кои треба да ги исполнува едно лице за да биде назначено за директор или заменик директор на казнено-поправна установа се таксативно набројани во Законот за извршување на санкциите, а како еден од дополнителните услови е лицето да има најмалку седум години работно искуство, од кои четири години во областа на извршувањето на санкциите или сродни работи. [1]Текстот во целост на: slobodenpecat.mk.

Македонија | пред 5 години

magla

Возете внимателно магла на Ѓавато и на Плетвар

АМСМ информира дека има намалена видливост поради магла има на планинските превои Ѓавато до 50 метри и на Плетвар од 20 – 30 метри. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Чек листа на планот за управување на животната средина и социјални прашања

Министерството за труд и социјална политика заедно со Министерството за здравство поддржано од Светска Банка го реализираат Проектот за справување со кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 и подготовеноста на здравствените системи.Во фазата на поставување на Ковид мобилните центри, интересот на јавноста е важен за институциите и за Светска Банка, за таа цел документот од јавен интерес Чек-листа за проверка на Планот за управување со животната средина и социјални прашања го поставуваме на општинската веб-страна.Коментарите и забелешките од пошироката јавност  можат да се испратат на следниот е-маил:  ivana.kjurkchieva@mtsp.gov.mk  ENVIRONMENTAL AND SOCIAL MANAGEMENT PLAN (ESMP) CHECKLIST

Македонија | пред 5 години

1-1-1

Вработените во ЦЈЗ: Со разрешувањето на Точков, во нас се скрши се во што ние верувавме, згасна нашиот ентузијазам, вербата во подобро утре

Со одлука на Министерството за здравство, од функцијата раководител на Центарот за јавно здравје Охрид е разрешен Сашо Точков. Од министерството за здравство со кусо образложение за оваа одлука. Тие не даваат детали за смената која предизвика големи реакции во охридската јавност, дотолку повеќе што доаѓа во екот на ковид кризата.Охриѓани уште од вчера по социјалните мрежи даваат поддршка за Точко, споделувајќи негова фотографија на која пишува „И јас сум Сашо Точко“Но, најгласни се дел од вработените во центарот за јавно здравје. Предмалку тие испратија допис во кој емотивно опишуваат што за нив значеше Точков, како Директор на Центар за јавно здравје Охрид.Во продолжение ви го пренесуваме дописот од дел од вработените на ЦЈЗ во целост:-Веќе втор ден сме во жалост. Веројатно никој не е свесен што ни се направи со разрешувањето на Сашо Точков од функцијата Директор на Центар за јавно здравје Охрид. Овој текст го пишуваме со преголема тага, гнев и револт, но со многу љубов и огромна поддршка за човекот кој цел свој работен век, а посебно изминативе неколку години на позиција на директор даваше огромен дел од себе и придонесуваше кон здравството на локално но и на национално ниво.Со овој чин, во нас се скрши се во што ние верувавме, згасна нашиот ентузијазам, вербата во подобро утре. Пред себе имавме лидер со една цел: Охрид да биде подобро место за живеење, а денес Охрид е во тага!Сашо е вистински Човек, хуман, чесен, посветен, визионер, препознатлив и потврден од целата заедница. Како професионалец, секогаш на ниво на задачата. Како менаџер и лидер: никогаш не сме имале некој како него без штедење и без срам да учествува во секој процес и да помага на секоја позиција и на секој вработен.Повеќето сме преку 20 години вработени во Центар за јавно здравје Охрид и сме имале многу директори, но ваков препород како последните 3 години Центар за јавно здравје не доживеал. Она што за нас, како вработени беше и е најважно е позитивниот амбиент во установата, сложноста и ентузијазмот на вработените, мотивацијата која секогаш ни ја даваше. Секогаш напред да не води и бодри, и секогаш назад да не поддржи Сашо направи љубовта кон професијата и кон работното место да ни се зголеми за илјада пати. Тој беше среќен, а ние охрабрени да даваме сугестии за подобрување на амбиентот и текот на работата. Тоа го коментираат (усно и писмено) нашите пациенти, медиумите, а искажаното задоволство на пациентите, не можеме со текст да Ви објасниме.Зарем во Охрид постои здравствена установа каде секој пациент е важен, почестен со топол чај и кафе на зима, освежителен пијалок на лето. Кај нас веќе децата не се плашат од белите мантили и си заминуваат со бомбончиња. Секој празник пациентите се почастени со скромни подароци, а секој илјадити пациент награден за довербата. Дали имавме потреба да се докажуваме? Не, но тоа го правевме затоа што љубовта кон работата ни беше приоритет, интересот на пациентите на прво место. Ако сте биле наш пациент, ќе знаете дека ние, бработените, сме секогаш насмеани, расположени.Пријатната музика во ходниците, фотографиите на ѕидовите, новогодишната бајка и велигденската сказна се само дел од нашата приказна која ја креиравме со нашата креативност и сопствени средства. Оваа година реновираме и од корен менуваме зграда каде што со децении не е закачен клинец, и покрај целата ситуација со Ковид 19, имавме планови да одиме напред, да направиме што повеќе и подобро. Но, некој смислил дека треба да ги растури вагоните и да ја исфрли локомотивата. Се уште сме во шок, исфрлени од колосек и не сме сигурни дека некогаш ќе се вратиме на вистинскиот пат.Денес Сашо Точков не е веќе директор на Центар за јавно здравје Охрид. Неговата загуба е минимална. Оние што губат сме ние, неговите вработени. Губи Охрид! Гиби секој охриѓанец кој верува дека вистинскиот пат е патот на трудот и чесноста! Губат нашите деца на кои им испраќаме порака дека секогаш победува подмолноста и интригата. Губат сите наредни генерации кои треба да учат од примерите на нивните предци. Ова не е пример за како треба, туку пример за како не треба! Верувам дека многумина од Вас ќе се сложат и остро ќе го осудат овој чин. Бидете дел од решението, а не од проблемот!И ние сме Сашо Точков!Разрешете не, велат дел од вработените во центарот за јавно здравје Охрид.

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica

Пратениците изгласаа продолжување на кризната состојба до 30 јуни 2021 година

Со 61 глас „за“, без против и воздржани, Собранието ја изгласа одлуката за продолжување на кризна состојба во државата до 30 јуни 2021 година.Кризната состојба е на сила од минатиот месец и ќе продолжи и во следните шест месеци, со одлука на Владата поради состојбата со коронавирусот.Опозицијата не беше присутна во салата за време на гласањата. 

Македонија | пред 5 години

make-bugarska-komisija

Влада: Бугарија го потврди ветото – изневерeни се европските вредности и очекувањата на нашите граѓани

Владата на Република Северна Македонија и во овој случај, по повод денешните заклучоци на Комитетот на постојани претставници (КОРЕПЕР) изразува разочарување што ЕУ не најде начин да донесе позитивна одлука за усвојување на Преговарачката рамка, што ќе овозможеше првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Северна Македонија да се одржи до крајот на 2020 година, за време на германското претседавање со ЕУ.За жал, се потврди ветото на Бугарија со кое не се дозволува почеток на преговорите на нашата земја во ЕУ, иако според сите извештаи на европските институции ние ги исполнивме сите критериуми за да се прифати преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција за да започнат преговорите.Ние испорачуваме, а ЕУ не ги одржа своите ветувања и во овој момент не го добиваме правилниот одговор. Бугарија и ЕУ ја повторуваат грешката во однос на Северна Македонија. Историската грешка во 2019 година, сега е огромна геостратешка грешка на ЕУ.Изневерени се оправданите очекувања на нашите граѓани, поттикнувани и охрабрувани од ЕУ и од земјите членки. Разнишана е довербата на голем дел од граѓаните на сите држави од Западен Балкан. Оваа грешка е мотивација за уште посериозна продирање на интересите на трети страни во срцето на Европа.Барањата на Република Бугарија не се изненадување, но нивната упорност на стојалишта кои немаат ништо заедничко со стратешки важното прашање за проширувањето на ЕУ, нема да ги променат нашите ставови дека за идентитетските прашања нема преговори.Остануваме посветени на дијалогот со Софија и барање на взаемно прифатливо решение. Спремни сме да разјасниме одредени дилеми доколку има потреба за тоа, но нашите позиции се познати и јавно потврдени: Ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик. За македонскиот идентитет не се разговара и не се преговара.Договорот со Бугарија е добар и нема потреба од нов договор или анекс на договор. Спремни сме за поактивна имплементација на договорот. Имаме дадено предлог акциски план за проекти меѓу двете држави кои можат да ја унапредат соработката во различни области (економија, инфраструктура, култура, образование, и друго).Секогаш ќе се бориме против говор на омраза. Провокации не се во интерес на никого и мораме да одржуваме цивилизиран и европски дијалог на сите нивоа. Да не влегуваме во круг на навреди, обвинувања и говор на омраза, кои нема да донесат ништо добро за никого, а најмалку за македонскиот и за бугарскиот народ.Без разлика што ЕУ испраќа лош сигнал за вредноста на нашите домашни реформи и покажани резултати во процесот на интеграција во ЕУ за кои од Брисел стигнуваа признанија, Владата на Северна Македонија останува посветена на истиот стратешки колосек како и до сега. Нема отстапување од стремежот за остварување на стратешките цели кои се поставени едногласно и кои секогаш уживале широка поддршка: Постигнување и одржување на добрососедски односи, активно учество во НАТО како рамноправна членка на Алијансата и непоколеблива аспирација за членство во ЕУ.Дома нема да дозволиме неуспехот на ЕУ со неодобрување на преговарачката рамка, да предизвика застој на внатрешните реформи. Напротив, ќе го засилиме темпото и ќе ја зголемиме предноста што ја имаме во регионот. Со уште повеќе верба, посветеност и единство, ќе се посветиме на градењето европски стандарди дома.

Македонија | пред 5 години

zgradi-1

Уставниот суд ја стави на разгледување и одлучување уставноста на Одлуката за мораториум во Центар

Уставниот суд ja стави на разгледување и одлучување на Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови донесена од Советот на Општина Центар на 27.3.2019-та година. Уставните судии одлучија да ја прифатат иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови.Со оваа одлука за прифаќање на иницијативата поднесена од двајца граѓани на Охрид и со неприфаќањето на било каква дискусија, ни станува јасно како ќе се одвива дискусијата на уставните судии.Откако се корегираа одредени планови и се усогласија со важечкиот Генерален урбанистички план (ГУП) на Град Скопје, одеднаш пристигнаа и иницијативите за оценување на уставноста и законитоста на одлуката за неспроведување на деталните урбанистички планови и тоа внимавајте, не од жители на Општина Центар, ниту на Град Скопје, туку ни помалку, ни повеќе – од граѓани на Охрид.Одлуката за применување на деталните урбанистички планови, која што ја донесе Општина Центар, не е иста како претходната туку напротив, го оценува начинот на кој се спроведуваат деталните урбанистички планови. Тоа значи дека тоа што го наведува и ГУП-от, дека сите планови донесени пред ГУП-от, а нивните параметри не се усогласени со ГУП-от значи дека истите не може да се спроведуваат.Имено, согласно Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година се дефинира дека суштинската карактеристика на системот на урбанистичкото планирање, кој произлегува од Законот за просторно и урбанистичко планирање е двостепеноста на системот на урбанистичкото планирање на градовите.„Двостепеноста се остварува со генерални и детални урбанистички планови, при што во генералните урбанистички планови се одредуваат зоните на намената на земјиштето и функционалната организација на просторот, примарните инфраструктурални мрежи и основните услови за изградба, додека деталните планови служат за разработка и спроведување на генералните урбанистички планови. Врската помеѓу генералните и деталните планови, каде што е предвидено дека и облигациите за нивната хиерархиста усогласеност во Законот е утврдено дека деталниот урбанистички план, како план од пониско ниво, мора да биде усогласен со генералниот урбанистички план“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.Генералниот урбанистички план 2012-2022 година стриктно наведува дека: „Во периодот до донесување то на Генералниот урбанистички план за град Скопје 2012-2022 до усогласувањето на деталните урбанистички планови кои ги донесуваат општините во составот на градот Скопје, деталните урбанистички планови кои се на сила можат да се применуваат само и исклучиво во оние делови од планскиот опфат кои се во согласност со Генералниот урбанистички план на град Скопје 2012-2022, односно не се спротивни ниту на една негова одредба.“Планските документации кои се опфатени со Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови се однесуваат на планови кои што се донесени 2011, 2012, па дури и 2003 година. Ако се земе предвид временската дистанца, дивжењето на имотот, имотно правните односи, правото на сопственост, и преостанатите права кои произлегуваат од нив во најголема мера претрпеле низа на промени. Тие промени се однесуваат во постапки за дооформување на земјиште, легализација, приватизација, постапки по отуѓување на градежно земјиште со непосредна спогодба, долготраен закуп или јавно наддавање.Потребите на граѓаните нужно се промениле. Сопственоста, нејзиното стекнување, располагање и правораздавање е динамична категорија и со проток на време нужно трпи промени.Во тој контекст, параметрите зададени во цитираните детални урбанистички планови опфатени во Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови, оспорена со Иницијативата У.бр.273/2020, се веќе неприменливи и се надвор од параметрите зададени од Генералниот урбанистички план на град Скопје 2012-2022. Во смисла пак на самите детални урбанистички планови опфатени со оспорената Одлука, веќе дел од нив и се донесени од страна на Советот на Општина Центар-Скопје (ДУП „Тасино Чешмиче 2“, ДУП „Мирче Мацан“, „Даре Џамбаз“ и сл.) и произведуваат правно дејство на начин што овозможуваат плодоуживање на стекнатите права.Тоа значи дека на 27.3.2019 Советот на Општина Центар донесе одлука која е веќе содржана во Генералниот урбанистички план на Град Скопје. Со оваа постапка е повеќе од јасно дека Уставниот суд се става во надредена позиција врз општината и со тоа, ги ускратува сите можности Општина Центар да реагира во измена на деталните урбанистички планови, додека праксата говори дека лош план може да се замени само со нов, подобар план, што всушност беше и појдовната намера на општината со новите планови.Со ова практично Уставниот суд само допушти да биде прекршен Законот за просторно и урбанистичко планирање, (а со тоа и ГУП на Град Скопје 2012-2022) каде што изрично е наведено дека Деталните урбанистички планови МОРА да бидат усогласени со Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022.Очигледно е дека ако земеме предвид кој е подносител на иницијативата, јасно е дека никој не ја цени нашата заложба и мислењето на архитектите, урбанистите и стручната јавност, луѓе кои посветија огромен труд за да се направат промени на подобро со деталните урбанистички планови во Општина Центар.Таков пример се досега донесените 5 урбанистички планови, чие донесување беше поздравено од советниците и од граѓаните, но пред сѐ од стручната јавност. Тоа е видливо од повеќе примери од одредени локалитети, каде зградите и објектите беа заменети со површини кои ги бараа граѓаните, односно паркови, градинки, детски игралишта итн., а онаму каде што објектите беа во одредена фаза на развој, им беше дадена насока за усогласување на параметрите на ГУП-от, почитувајќи ја нашата јасна интенција – овозможување на хумано живеење.Доколку со оваа одлука биде укината, одлуката за начинот на спроведување на деталните урбанистички планови, ќе стапат на сила старите планови, за кои што граѓаните и тоа како се противеа. Оттука, за сѐ што ќе се случува понатаму, одговорноста наместо во општината, мора да се бара во Уставниот суд, кој ги скрати можностите на Општина Центар за било каква промена со новите детални урбанистички планови.„Нашата борба не завршува со оваа одлука, напротив, ни го дава потребниот ветар в грб. Општина Центар и јас како нејзин градоначалник, избран од граѓаните на Центар на непосредни, фер и демократски избори, ќе направиме сѐ што е во наша надлежност со единствена цел, да ја направиме општината подобро и похумано место за живеење“, додаде Богдановиќ.

Скопје | пред 5 години

zdravstveni-rabotnici

(ВИДЕО) Здравствените работници порачуваат: Претстојните празници да ги прославиме во кругот на најблиските

Ако нешто нѐ научи оваа 2020 година тоа е сигурно дека најважни се нашите семејства и нашите најблиски. Па така, и во тој дух да ги прославиме претстојните новогодишни празници во кругот на најблиските. Поминавме една исклучително тешка година и да се потсетиме дека не смееме да се откажеме, посебно не сега, во последните мигови.Здравствените работници ја поддржуваат кампањата „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.Тие порачуваат дека има време за големи журки и големи забави, кои сите граѓани ги посакуваат.„Да не се опуштаме сега, да избегнеме собири, ќе има други прослави на Нова Година. Сега е важно сите да останеме дома, да не се групираме. Граѓаните новогодишните празници да ги поминат во кругот на најтесното семејство, без да се групираат, за да може наредната Нова Година да биде сосема на друг начин прославена. Направете го тоа за вашите најмили, а со тоа ќе не заштитите и нас. Оваа состојба ќе заврши еден ден и ќе имаме многу подобро утре. Им порачуваме на сите граѓани сѐ она што е возможно да се одложи, да го одложат за некои наредни нови години да ни бидат подобри. Да ги почитуваат мерките за заштита и превенција, со цел да имаме подобар исход и да излеземе како победници, сите заедно, од сето ова. Сѐ ова ќе помине, ќе дојдат поубави и посреќни моменти. Среќни празници, чувајте се и останете во добро здравје!“, порачуваат здравствените работници.

Македонија | пред 5 години

2-2

Истрага за речиси 100 килограми марихуана пронајдени во автомобил на автопатот Скопје – Велес

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Блаце осомничени за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничените, на 15 декември, на автопатот Скопје-Велес, неовластено заради продажба пренесувале наркотична дрога – марихуана во количина од 99,95 килограми. Дрогата била сместена во девет црни најлонски вреќи во багажникот и на задните седишта од патнички автомобил БМВ. Овластени полициски службеници ги сопреле на наплатна станица при што ја пронашле и ја одзеле марихуаната.Поради опасност од бегство, можност за влијание врз соизвршители заради попречување на истражната постапка и опасност да го повторат кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка поднесе предлог за определување на мерката притвор против тројцата осомничени. Судијата го прифати предлогот и на осомничените им определи притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 5 години

vakcina

МЗ: Најостро ги демантираме невистините изнесени на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за здравство најостро ги демантира невистините изнесени на пресконфернцијата на ВМРО ДПМНЕ од страна на д-р Марија Андоновска, во врска со набавката на вакцините против сезонски грип.Секоја година, Министерството за здравство на јавен и транспарентен начин објавува постапка за доделување на договор за јавна набавка преку електронскиот систем за јавни набавки која овозможува конкурентност и таквите постапки и се достапни на јавноста, се вели во реакцијата од Министерството за здравство.Тие во истата додаваат:Објава на тендерската документација, која ВМРО ДПМНЕ се обидува да ја поврзе со Министерството, е неточна, односно истата не е спроведена од наша страна, туку од Центар за јавно здравје Скопје, кои набавуваат вакцини за комерцијални цели.Со цел точно информирање на јавноста како би спречиле споделување на лажни информации, посочуваме дека двете постапки кои се објавени од Министерството за здравство, за 2019 година е со број на оглас 08685/2019 од 25.09.2019 година, а за 2020 година е со број на оглас 11316/2020 од 06.08.2020 година и во истите јавноста може да воочи дека спецификацијата е направена онака за да можат и двата производители, чии вакцини се регистрирани во државата, да учествуваат со своја понуда.Следејќи ги препораките на СЗО и Комисијата за заразни болести, една од ризичните групи опфатени со бесплатна вакцинација се децата од 6 месеци до 5 години. Нашата цел е да заштитиме што поголем број на деца. Вакцините кои се наменети за вакцинација на деца, доколку не се искористат, се пренаменуваат за вакцинација на другите ризични категории.Денешните ставови изнесени на пресконферицќа ќе бидат предмет на тужба пред граѓанскиот суд во Скопје.

Македонија | пред 5 години

DSF1801-16-12-20

Целосно е реновиран и опремен одделот на неонатологија на Клиника за детски болести

Одделот за неонатологија на Клиниката за детски болести е целосно реновиран од компанијата Макстил и набавена е потребната опрема и апарати. Станува збор за реконструкција на простор од 400 метри квадратни, како и набавка на опрема за фототерапија, со што се овозможува подобро функционирање на одделот, кој е единствен од ваков тип во државата. Донацијата е во висина од 35 илјади евра.„Би сакал да изразам благодарност до Макстил и раководството, кои покажаа голема општествена одговорност и ги понудија своите капацитети и ресурси да помогнат на еден од најспецифичните делови во јавното здравство, а тоа е на Универзитетската Клиника за детски болести, одделот за неонатологија. Тоа е оддел кадешто бебињата се сместуваат по раѓањето, ако треба еден одреден престој во одделението за интензивна нега и кадешто има услови за поинтензивно лекување, се до конечното закрепнување. Оваа институција со години наназад е позната по својата експертиза, по своето реноме. Сега овој оддел е целосно обновен благодарение на компанијата Макстил, а верувам дека соработката ќе продолжи и во иднина“, потенцираше министерот за здравство Д-р Венко Филипче.Со донацијата се овозможува поефикасно функционирање на одделот за предвремено родени деца со потешкотии, а сите градежни работи како и инсталацијата на опремата и апаратите се извршени согласно стандардите за работа на здравствени установи.„Оваа донација оди на место каде има навистина потреба од помош. Со ова, ја потврдуваме нашата определба како општествено одговорна компанија. Макстил како покровител на Одделот за неонатологија при Клиниката за детски болести, за овој проект изврши комплетно реновирање на 400 метри квадратни и изврши набавка на целокупната опрема и апарати. Целта на оваа донација беше да ги подобриме условите во ова одделение за да може да може да функционира беспрекорно. Нашата донација беше насочена во овој дел, за да им дадеме шанса на малите борци да ја издвојуваат првата битка во животот“, рече Иван Бановски, генерален директор на Макстил.Благодарност до Макстил за донацијата изрази и директорката на Клиниката за детски болести д-р Аспазија Софијанова.„Со донацијата се направени обемни реконструкциски зафати и се опфатени суштински делови, кои значително ќе ги подобрат условите и капацитети на грижата за новороденчињата. Во делот на неонаталогија секогаш има потреба од подобрување и нова современа опрема, бидејќи сме единствен оддел во земјава каде се примаат предвремено родени деца со компликации. Веруваме и се надеваме дека оваа донација од Макстил е само почетокот на она што треба како активен однос и вистинска општествена одговорност да потекне од бизнис секторот,“ изјави д-р Софијанова.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Денеска во земјава починати 25 лица и нови 865 случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2889 тестирања, а регистрирани се 865 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-330, Куманово-28, Дебар-12, Штип-22, Прилеп-47, Тетово-42, Струга-24, Велес-35, Битола-42, Охрид-36, Кавадарци-38, Гостивар-29, Гевгелија-33, Струмица-25, Крива Паланка-3, Радовиш-14, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево –2, Берово-4, Валандово-3, Делчево-15, Кратово-2, Свети Николе-8, Кичево-18, Ресен-7, Неготино-26.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 641 оздравени пациенти од: Скопје-248, Куманово-31, Дебар-8, Штип-26, Прилеп-35, Тетово-34, Велес-33, Битола-28, Охрид-1, Кавадарци-25, Гостивар-44, Гевгелија-13, Струмица-32, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-8, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Валандово-2, Виница-15, Кратово-1, Свети Николе-14, Кичево-7, Ресен-6 и Неготино-15.Починати се 25 лица, десет пациенти од Скопје (50, 66, 40, 80, 61, 79, 71, 83, 71 и 73), еден од Куманово (81г), двајца од Штип (63 и 51г), тројца пациенти од Прилеп (85, 59 и 44г), еден од Тетово (73г), двајца од Струга (81 и 89г), еден од Велес (78г), еден од Охрид (83г), еден од Кавадарци (69г), еден од Гостивар (66г), еден од Струмица (70г) и еден пациент од Радовиш (68г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 75597, бројката на оздравени пациенти е 51493, на починати е 2194, а бројот на активни случаи изнесува 21910. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 32642, активни 11566• Куманово 4353, активни 619• Дебар 575, активни 170• Штип 3110, активни 413• Прилеп 3776, активни 886• Тетово 4485, активни 1012• Струга 1832, активни 465• Велес 2508, активни 652• Битола 2730, активни 826• Охрид 2108, активни 610• Кавадарци 1777, активни 623• Гостивар 3145, активни 770• Гевгелија 988, активни 301 (69 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 168 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2067, активни 594• Крива Паланка 535, активни 119• Радовиш 542, активни 131• Крушево 151, активни 71• Кочани 1466, активни 265• Пробиштип 416, активни 64• Демир Хисар 224, активни 45• Македонски Брод 202, активни 32• Пехчево 122, активни 21• Берово 456, активни 97• Валандово 256, активни 54• Виница 419, активни 105• Делчево 628, активни 304 (174 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 176, активни 27• Свети Николе 989, активни 179• Кичево 1476, активни 350• Ресен 574, активни 171• Неготино 869, активни 368 (136 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2889 теста се преку: ИЈЗ-756, ЦЈЗ Скопје-94, Авицена-244, Биотек-177, МАНУ -228, Жан Митрев (Филип Втори)-143, Систина со PCR метода -161, лабораторија Лаор –52, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-62, Инфективна клиника-3, ГАК-10, Синлаб-60, Ремедика-24, лабораторија болница Козле-16, ЈЗУ (рапид тест) -857, УК Пулмологија со алергологија –2, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 371.391 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

vmro

(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ го бојкотира обраќањето на Пендаровски: Не е наш претседател

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го попречија новогодишното обраќање на претседателот Стево Пендаровски со транспаренти „Идентитетот се продава, Стево молчи“, „Не е мој претседател“, „Заев: Пендаровски не е искусен политичар“, а потоа ја напуштија собраниската сала, објави Република. Потпретседателот на партијата Александар Николоски за медиумите ја образложи постапката на пратениците од опозицијата.Стево Пендаровски докажа дека не е претседател на сите граѓани туку извршител на една политичка структура и на Зоран Заев. Со тоа Стево Пендаровски им сврте грб на македонските граѓани и затоа денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ му свртеа грб нему.Стево Пендаровски е прв кој кажа дека нашиот национален херој Гоце Делчев е Бугарин и со тоа ги урна македонските национални позиции, ја отвори Пандорината кутија и ги оневозможи историчарите на научна основа да разговараат за историјата, во преговорите за историјата внесе политика, и драматично ги поткопа темелите на македонската самобитност, македонскиот национален идентитет и самобитноста на македонскиот јазик и посебноста на македонската историја. Текстот во целост на: Република. видео: Република. 

Македонија | пред 5 години

protest-vmro-dpmne-11

ВМРО ДПМНЕ: Новиот концепт е тешка импровизација во која најмалку се водело сметка за образованието и неговата содржина

Таканаречената новата концепција за основно образование е се само не концепт за образование.Учениците и наставниот кадар повторно се притиснати во положба врз нив да се вршат опити.Според презентираното, ниту е "постигнат концепт" ниту пак е тоа во некаква близина до финскиот модел. Ова е тешка импровизација во која најмалку се водело сметка за образованието и неговата содржина. Оваа концепција не соодветсвува со ниедна образовна во светот, се вели во Соопштение од ВМРО ДПМНЕ кое е реакција на прес конференцијата на Мила Царовска.Во продолжение на истото од ВМРО ДПМНЕ додаваат:Она што во време кога се оспорува нашиот идентит, јазикот и историјата на Македонија, гледаме дека предметот историја се интегрира во општествени науки, заедно со дел од географија и граѓанско образование. Да ли ова значи кратење на наставните програми по историја и да ли ова значи прилагодување на историјата кон политичките потреби на СДСМ? Ќе ја избришеме ли целата македонска историја?Зошто учениците во новата концепција, не би имале барем една година национална историја, како што има во други земји? И во финската програма постои Историја како водечки предмет со социјални студии од 3 то до 9 то додделение.Оттука, по чиј налог и "програма" е избришана историјата како предмет?Ако министерката постојано тврди дека може да обезбеди онлајн наставата непречено во 90%, како тоа не може да обезбеди одговор на анкетата од сите засегнати страни за вакво клучно прашање? Како на толку важна анкета и одговориле само околу 16%Каде се резултатите од учениците и дали тие имаат ставови, дали се анкетирани тие?Каде се резултатите од родителите и нивните ставови?Каде се одговорите од стручните служби во училиштата?Каде се директорите?Каде се мислењата на професорите од наставничките факултети?Каде се искуствата од други земји за ваква интеграција на предмети?Не се спомнати наставничките факултети, што правиме со кадарот како што се физичари, математичари или хемичари?До сега презентираното е чист популизам и личен ПР на Мила Царовска во најтензичниот општествен период од македонската понова историја.Будно ќе го следиме секој чекор во развитокот на концепцијата, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бочварски: Преку јавна дебата започнуваме да креираме нов Закон за градење

Министерството за транспорт и врски ја продолжува праксата во носење на реформските закони на транспарентен начин преку вклучување на сите заентересирани страни. Во една таква постапка денеска започнуваме со отворена дебата во однос на предлог за нов Закон за градење, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, на денешната стручна дискусија на која се презентираше новиот предлог текст на Законот за градење.Со новиот предлог Закон, се поедноставуваат процедурите за издавање на одобреннија за градење, понатаму се уредуваат правата и обврските на инспекцискиот надзор преку создавање Канцеларии на регионални инспектори, се врши категоризација на градбите, се рационализира казненета политика и други одредби кои ја регулираат дејноста во функција на просторен и економски развој на државата.“ Со оглед на тоа дека постојниот закон е менуван преку 30 тина пати и преставува кочница за урбаниот развој на општините, се определивме да креираме комплетно нов Закон за градење кој ќе има за цел да ги забрза процедурите и ќе го стимулира просторниот и економски развој во државата. Затоа сме тука, сите заеднички да допринесеме да изработиме едно ново ефикасно решение кое ќе биде во полза за сите нас. Само со квалитетен закон ќе ги стимулираме инвестициите во градењето, притоа ќе ги разрешиме сите наталожени проблеми што се среќаваат со постојните закони”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.Во јавната дебата учествуваа претставници од Јавни претпријатија, ИЗИИС, ЗЕЛС, Стопанските комори, универзитетски професори, Комората на овластени архитекти и инжењери и Асоцијацијата на архитекти.Во следниот период следуваат серија на јавни дебати во кои ќе бидат вклучени сите заинтересирани субјекти во креирање на новото законско решение.

Македонија | пред 5 години

Foto-3

(Видео) Пендаровски: Не познавам ниту еден од власта и опозицијата кој е подготвен да тргува со идентитетот

Во целокупниот македонски политички врв и во власта и во опозицијата јас не познавам ниту еден кој е подготвен да тргува со најсветите работи за секој Македонец. Затоа и предлагам, ова прашање да го тргнеме од дневно-политичката агенда и да не ја трошиме енергијата околу тоа, рече претседателот, Стево Пендаровски, во годишното обраќање пред пратениците.Тој рече дека неговиот став е дека не треба да се одржуваат лидерски средби за спорот со Бугарија, а исто така, не гледа ниту потреба да се свика посебна седница на Парламентот за ова прашање.„Во однос на лидерската средба, сакам да кажам дека иако минатата и оваа година, на барање на политичките партии, под мое раководство беа одржани повеќе такви средби, мојот став е дека таквиот вонинституционален формат на средби, во принцип, треба да го напуштаме, затоа што лидерските средби се, во суштина, замена за институциите кога тие немаат полн легалитет и легитимитет, што кај нас не е случај. А, во врска со свикување на посебна седница на парламентот, иако тоа е надлежност на овој дом, се разбира во тоа немам намера да се мешам, исто така не гледам потреба за такво нешто, затоа што ниту еден парламентарен политички субјект не го спори идентитетот на македонскиот народ и јазик. За мене е несериозно во 2020 година, да се соберат сите релевантни политички партии и политичари и свечено да потпишат дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик“, рече Пендаровски.Длабоко сум убеден, додаде тој, дека ниту еден од денешната генерација политичари нема право да се договара или преговара за тие прашања, и денес и во иднина, затоа што нашите црвени линии одамна ги имаат утврдено оние кои ја направија оваа држава во 1944-та година и тоа со државотворните акти на Првото заседание на АСНОМ: Манифестот до македонскиот народ и Документот број 8 за воведување на македонскиот јазик како службен во македонската држава.„Во однос на ставовите по ова прашање на најголемите политички партии, имам кажано и порано, денес ќе повторам: тие имаат потполно идентичен став по однос на нашиот идентитет и се разликуваат само во однос на методологијата како до дојдеме до целта. Ви зборувам од моето лично искуство: во целокупниот македонски политички врв и во власта и во опозицијата јас не познавам ниту еден кој е подготвен да тргува со најсветите работи за секој Македонец. Затоа и предлагам, ова прашање да го тргнеме од дневно-политичката агенда и да не ја трошиме енергијата околу тоа“, рече претседателот.Пендаровски, исто така, кажа дека членството во ниту една меѓународна организација не е вредно ако од вас бараат да се обезличите.„Минатата година во едно мое интервју реков дека ако цената за да влеземе во Европската Унија е да се откажеме од идентитетот и јазикот, тогаш нема жив Македонец кој ќе се согласи со таквиот услов. За тој став, бев критикуван од некои кругови кои велеа дека е погрешен и дека ние треба да направиме сѐ, и без оглед на цената да влеземе во Унијата. И тогаш и денес сум убеден дека членството во ниту една меѓународна организација не е вредно ако од вас бараат да се обезличите. За таквиот предлог дури нема потреба да се распишува референдум – затоа што резултатот ќе биде однапред познат. Ние не преговаравме 25 години со Хеленската Република само за додавка во името, туку, пред сѐ, за меѓународна потврда од целиот свет, преку Организацијата на Обединети Нации, за тоа кои сме и што сме. На крајот, направивме компромис само затоа што и во грчкиот парламент и во Обединетите Нации беше ратификувано и потврдено дека ние сме Македонци кои зборуваат македонски јазик“, рече Пендаровски.Тој кажа дека албанскиот политички фактор и кога бил на власт и во опозиција, сите овие години имал крајно коректно однесување и разбирање за сочувување и промовирање на македонскиот идентитет.„За жал, кај еден дел од етничките Македонци долги години наназад постои сомнеж: дали политичарите – Албанци ја поддржуваат нашата борба за поширока меѓународна афирмација? Одговорно тврдам, бидејќи сум сведок на овие процеси повеќе од 20 години, уште кога во 1990-тите преговаравме со Грција, дека албанскиот политички фактор и кога бил на власт и во опозиција, сите овие години имал крајно коректно однесување и разбирање за нашите напори да го сочуваме и промовираме македонскиот идентитет. Таквиот став ни помагаше да бидеме посилни на сите средби со странските емисари затоа што знаевме дека зад себе имавме усогласена државна позиција. Впрочем, поинаку и не може да биде затоа што Северна Македонија е заедничка куќа за сите нас во која нема поделба на потстанари и газди“, изјави Пендаровски.Тој кажа дека и покрај бугарското вето, Северна Македонија ќе продолжи кон Европската Унија.Според него, ЕУ е далеку од совршена, националните интереси често ја парализираат, атрактивноста на нејзиниот модел и претпристапните фондови не се нивото на кое беа пред 15 или 20 години, но, сѐ уште е незаменлив инструмент за демократизирање, а со нејзините вредности инспирација за милиони луѓе во светот.Притоа, рече Пендаровски, нема да прифатиме никаква резервна варијанта, а, ќе учествуваме во сите регионални и континентални иницијативи само ако тие се комплементарни, и не претставуваат замена за членството во Унијата.„Алтернативата на овој европски пат е да вегетираме со низок животен стандард наместо да го живееме животот, да ја губиме енергијата во историски спорови, да се гушиме во национализми, да отвориме простор за авторитарни тенденции, и да ги броиме младите кои заминуваат. Знам дека огромен број од нашите граѓани не би сакале да видат ваков развој на настаните“, рече претседателот Стево Пендаровски.

Македонија | пред 5 години

DSC_0055

Значително намалување на сообраќајните незгоди, за 47 отсто намален бројот на сообраќајки со тешки повреди

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (16.12.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Велес, при што санкционирани се 91 возачи, меѓу кои 11 за возење без возачка дозвола, 14 за возење нерегистрирано возило, а санкционирани се и седум возила кои вршат јавен превоз, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Велес.„Евидентно е дека имаме подобрување на дисциплината на возачите на целата територија на државата, како резултат на овие засилени контроли, што пак се рефлектира и на значително намалениот број на сообраќајни незгоди и жртви.Споредено ноември 2020 година со ноември 2019 имаме за 21 отсто намален број на сообраќајни незгоди, за 36 отсто намален број на загинати лица, за 75 отсто намален број на загинати пешаци, а за 47 отсто е намален бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди. И на територијата на СВР Велес е евидентно намалувањето на сообраќајни незгоди, осбено оние со тешки телесни повреди, кои се намалени за 62 отсто. За 67 отсто е намален бројот на загинати лица, а за 28 отсто вкупниот број на сообраќајни незгоди. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Македонија | пред 5 години

frontex

Бугарија го блокира потпишувањето на Фронтекс поради македонскиот јазик

МИА побара одговор од Европската Комисија до каде е потпишувањето на договорот за Фронтекс помеѓу Северна Македонија и ЕУ, проблемот е употребата на “македонски јазик“, јави дописничката на МИА од Брисел.Европската Унија е во процес на потпишување на договор со земјите од Западен Балкан за Фронтекс, односно за интегрирано гранично управување, една од стратешките точки во борбата против “нелегалната миграција“ на ЕУ, бидејќи земјите од регионот се наоѓаат на клучната „балканска рута“.Во последните две години, ЕУ ваков договор потпиша со Албанија, Црна Гора и со Србија.Со Северна Македонија договорот за Фронтекс е инициран во јули 2018, но до денешен ден останува непотпишан само поради Бугарија.Од Европската Комисија МИА го доби следниот одговор на прашање до каде е потпишувањето на договорот:-Референцата “македонски јазик“ е единствената пречка што преостанува за потпишување на договорот, за други детали обратете се директно кај националните власти, стои во писмениот одговор од Европската Комисија до МИА.Од Комисијата не беа во можност да одговорат дали ова прашање наскоро ќе се реши и дали тоа има безбедносни импликации за Европската Унија.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

andonovka

Андоновска: Скандал со набавката на вакцини за сезонски грип, воведен критериум кој фавозира една веледрогерија

Лицемерието на Заев и Филипче го достигна врвот. До вчера викаа дека има услови за корона избори, славеа во кафеана кршејќи закон која работеше само за нив, додека денес воведуваат рестриктивни мерки и затвораат кафеани. Ова е потсмевање со народот. Но затоа додека го прават ова имаме на над 2.000 починати. Не забораваат на матните бизниси и профитерство во време на корона и тоа директно во здравството на мака на граѓаните.Дали Венко Филипче и СДСМ во ек на пандемија мислат на свој личен профит и богатење на сметка на граѓаните на Република Македонија, истакна на денешната прес конференција Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Таа во продолжение додаде:Дојдовме до информации и сознанија дека во 2019 година и 2020 година во тендерската документација за набавка на вакцини против сезонски грип, во делот на спецификација на тие вакцини се поставуваат услови и критериуми кои може да ги исполни само една компанија.Имено во тендерската документација во делот на спецификација на вакцините против сезонски грип е наведен критериумот вакцините да соодветствуваат за употреба на лица на возраст од 6 месеци и постари, и во двата случаи кога е наведен тој критериум тендерот го добива веледрогеријата Елбијор на Стојмир Петров, татко на сопругата на директорот на болницата „Осми септември“, Христијан Костов.Во 2017 и 2018 година, кога во делот на спецификацијата не е наведен критериумот вакцините да соодветствуваат за употреба од страна на лица од 6 месечна возраст и постари тендерот го добива друга фирма, и на повеќе фирми им е овозможено да учествуваат.Оваа година, повторно во спецификацијата е наведен критериумот вакцините да соодветсвуваат за деца од шестмесечна возраст и постари.Во време кога се бара кревет повеќе во болниците, кога кадарот е изморен или недостасува, кога граѓаните умираат чекајќи да бидат тестирани или се приморани да плаќаат големи суми за лабораториски испитувања, Рентген, инфузии, лекарства, суплементи, замислете министерот за здравство има други приоритети, од кој само тој лично има бенефит.Веројатно Филипче не се грижи што вакцините за сезонски грип многу доцнат и нема да можат на време да ги добијат граѓаните кои имаат потреба од нив, но важно тендерот за истите да биде онака како што него и на малкумина околу него им одговара? Дали?Во ситуацијата кога има слободни термини за вакцини на деца до 6 годишна возраст и за истите воопшто нема интерес, која е оправданоста и потребата во спецификацијата за вакцини за сезонски грип, да се наведува критериум кој го исполнува само една компанија? Зошто немаше таква потреба во 2017, 2018 година?Филипче, должен си да одговориш, колку деца од 6 месечна возраст примиле вакцина во изминатиов период?! – Еве ќе ти помогнам веднаш - Ниту едно! Зошто тогаш е потребен овој услов и дали свесно се става за критериум, за да тендерот го добие само една фирма?!Филипче, нели е ова е фаворизирање на економски оператор и ставање во надредена позиција над другите учесници на пазарот?Овде постои сериозен сомнеж за злоупотреба на буџетски пари на граѓаните на Република Македонија, постојат индиции за сериозен криминал, поради што го повикуваме ЈО да го истражи случајот и да не дозволи богатење на поединци врз грбот на граѓаните, згора на се во време на пандемија, кога како што реков секој денар е важен.Можеби со овие одвишок пари ќе се спасел нечиј човечки живот, наместо да се билдаат профити на фирми блиски до власта?Додека го чекаме ЈО да постапи, Филипче да одговори:Дали свесно и оваа година е направен тендерот по мерка на Елбијор на Стојмир Петров, дедо на директорот, Христијан Костов?!Поважни ли се профитите на фирми на лицата блиски до власта, отколку здравјето на граѓаните во време на пандемија, кога секој еден денар е важен?!Ова е сериозен скандал, за кој очекуваме одговор веднаш.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Прв црвен дрворед во Скопје на булеварот 8. ми септември

Нов дрворед со околу 100 листопадни дрвја и 1.100 нискостеблести растенија со црвени листови деновиве е формиран по должината на булеварот 8.Септември, во есенската акција на Град Скопје за раззеленување на јавните површини.- Со големо задоволство на Скопје и на скопјани им го претставувам најдолгиот дрворед кој што го засадивме оваа година, овде на булеварот 8.Септември, чија што реконструкција се одвиваше и заврши оваа есен. Станува збор за дрворед од повеќе од 100 листопадни дрвја и повеќе од 1.100 нискостеблести садници од 11 различни видови кои во различни периоди од годината имаат црвени листови. Ова се новите стандарди кои интензивно ги воспоставуваме во нашиот град, а тоа се одвоени пешачки и велосипедски патеки со зеленило меѓу нив, тоа се сериозно видливи промени кои се случуваат на територијата на нашиот град, тоа се стандардите за кои јас се залагам и кои чекор по чекор стануваат секојдневие кај нас. Скопје станува една многу поинаква приказна од тоа што беше во минатото, а граѓаните можат да ја видат таа разлика. Многу сум благодарен за фидбекот што го имаме од граѓаните, за задоволството што го искажуваат од воведувањето на овие современи европски стандарди – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.На промоцијата на новоформираниот дрворед на булеварот 8.Септември присуствуваше и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“, Ардијан Муча.Градот Скопје ги потсетува родителите кои имаат новороденчиња, да ја искористат можноста која им ја нуди проектот „Дрво за секое дете“, да се пријават и да добијат дрво кое ќе го носи името на нивното новороденче.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Уставноста и законитоста на „мораториумот на градби“ пред Уставниот суд

Денес, во 9:30 часот започна 34-та седница на Уставниот суд на РСМ во која се расправа за оценка на уставноста и законитоста на 6-тата точка од дневниот ред, Одлуката за начинот на применување на деталните урбанистички планови, донесена на 27.03.2019 година.По поднесената иницијатива до Уставниот суд, Општина Центар даде навремен и соодветен одговор со кој ја оспори истата како неоснована.Цениме дека деталните урбанистички планови мора да бидат усогласени со генералниот урбанистички план како план од повисок ранг.Одлуката што Општина Центар ја има донесено на 27.03.2019 не е во спротивност на важечките прописи и истата има за цел да го заштити јавниот интерес кој е примарен за сите жители, а е загарантирано согласно Уставот.Просторното и урбанистичко планирање е еден долготраен и плански процес кој опфаќа низа дејствија кои сами по себе си се надополнуваат и си противречат во смисла на размена на идеи и плански реализации. Тоа има за цел да обезбеди и заштити сè она што претставува хуман и нормален човечки развој на одреден простор, почитувајќи го јавниот интерес како примарен.Оттука, хиерархијата на планските документи при носењето на урбанистичките планови мора да биде запазена бидејќи таа е суштинска при оправданоста во постапката на донесување на пониските акти кои произлегуваат од повисоките.Општина Центар останува доследна и посветена при спроведувањето и реализацијата на деталните урбанистички планови во интерес на граѓаните и општината.

Скопје | пред 5 години

IMG_2167

Средба на министерот Спасовски со претставници на EuropeAid за поддршка на реформите за реорганизација на државната управа

Денеска во Министерството за внатрешни работи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, држвната секретарка Магдалена Несторовска и претставници на Министерството, одржаа состанок со претставници на EuropeAid, со цел запознавање со ИПА проектот „Реорганизација на државната управа“, кој треба да резултира со поддршка на реформите во Министерството за внатрешни работи. Претставниците на проектот - главниот експерт за државна реорганизација Александрс Антоновс и тим лидерот Слаѓана Тасева, после спроведената хоризонталната функционална анализа на сите институции, ги презентираа своите наоди и видувања за планот за имплементација на оваа реформа.Министерот Спасовски изрази подготвеност за соработка на Министерството и сите организациони единици со претставниците на EuropeAid ИПА проектот, за поддршка на реформите на државна управа.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања