Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

brza-pomos-bolnica

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 40 пациенти, а вкупно се лекуваат 495 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 40 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 495 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, шест во ковид центарот на Клниката за Неврологија, тројца пациенти на Институтот за ТБЦ, двајца на Клиниката за дерматовенерологија и еден на Очната клиника. На ОРЛ се примени четири нови болни.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 11 болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 51 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести 15 пациенти, а на ОРЛ 28 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 152 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.Вкупно 495 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Поведена истрага против дилер на марихуана​

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 14 декември во попладневните часови, во близина на основно училиште во Шуто Оризари, осомничениот неовластено заради продажба држел 91,05 грама марихуана. Дрогата, спакувана во бела најлонска кеса, му била пронајдена и одземена при личен преглед.Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност тој да го повтори делото.​

Македонија | пред 5 години

mila

Царовска:Државна матура ќе се полага

Во сите наши постапки и одлуки се водевме од општиот, државниот интерес и правата и интересите на учениците, но и наставниот кадар. Најмногу во овие вонредни услови се трудевме да обезбедиме достапно, навремено и квалитетно образование. Важно беше веднаш да креираме најдобар можен систем за одржување настава, но во исто време да обезбедиме заштита на личното, но и јавното здравје и да ги поставиме основите на суштинските промени кои следат, истакна на денешната прес-конференција по повод 100 дена Влада министерката за образование и наука Мила Царовска.– Предизвици секогаш постојат, но цврсто сме решени да креираме нов вид на образовни политики кои ќе го дизајнираат и променат нашето образование на среден и долг рок, рече Царовска.Министерката Царовска за тоа дека предметот историја се става во природно-општествени науки, идентично како и географија истакна:„Оваа концепција е развојна и се темели на анализа на концепции кои даваат одлични резултат. Ова им помага на учениците да учат за одредени теми, и се дава можност учениците да го постигнат својот потенцијал. Апелирам до учениците и наставниците да ги следат реформите, ќе биде овој концепт детално објаснет на јавноста. Стигнавме до концепција, модел кој наликува на Финска, па оттаму доаѓаме до училиште кое ни овозможува да учиме“, вели министерката.Министерката посочи дека забрзано работате во изминатите 100 дена на реформите во образованието.– Целосно се посветивме на процесите за темелни интегрирани коцнептуални промени на образовниот процес во основните и средни училишта. Градиме инклузивно образование достапно за сите. Се обезбедија за првпат од буџетот на државата 54 милиони денари за да се поддржат образовните асистенти во училиштата. Концепцијата за осовно образование е во завршна фаза на изработка и многу скоро ќе биде презентирана пред нашата јавност, рече Царовска.Во однос на државната матура, и за тоа дека се уште постојат негодувања кај неформалните средношколски групи и има ученици кои се приклучуваат на бојкотот и не ја следат онлајн наставата, министерката истакна дека полагањето на државната матура е законско обврзано и тоа кажува дека таа е задолжителна.

Македонија | пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Затворени два угостителски објекти, а сопствениците приведени поради кршење на Ковид мерките

На 15.12.2020 околу 21.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 38-годишниот тетовец Д.С, чиј угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, работел со гости по дозволеното време и не ги почитувал мерките за справување со коронавирусот. Објектот бил затворен, додека Д.С. е задржан во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвенa пријава по член 206 од Кривичниот законик, а поради сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.На 15.12.2020 околу 22.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Б.С.(27) од гостиварско Дебреше, затоа што неговиот објект во селото бил отворен и во него се наоѓале десетина гости. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и против него ќе следува поднесок, исто така, по член 206 од Кривичниот законик. Неговиот угостителски објект без фирма бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Македонија | пред 5 години

petardi

Приведени двајца тетовци со 2.000 петарди

Вчера околу 16:20 часот на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(45) од Тетово и Џ.М.(46) од с.Челопек, Тетовско, затоа што продавале пиротехнички средства.Тие биле приведени и задржани во Полициската станица Тетово и од нив биле одземени над 2.000 парчиња разновидни пиротехнички средства. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Македонија | пред 5 години

ucebnici

Професорката Груевска Маџоска: Скандалозна реформа на основното образование – укинат предметот историја и ставен во групен предмет

Професорката Симона Груевска Маџоска, од Институт за македонски јазик, реагира во врска со презентација на Министерството за образование и Бирото за развој на образованието кои најавуваат дека веќе ќе нема посебен предмет историја туку историските факти ќе се учат како дел од „Општествени науки“.-Скандалозна реформа на основното образование! Комплетно згрешена концепција и експериментирање со учениците! Укинат предметот историја и ставен во групен предмет Општествени науки! Е па „браво”! Што да кажам друго! – реагира Груевска Маџоска на Твитер. https://twitter.com/simonagrum/status/1338959447813738496?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1338959447813738496%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fpressingtv.mk%2Fmakedonija%2Fsimona-gruevska-madzoska-ukinat-predmetot-istorija-i-staven-vo-grupen-predmet-opshtestveni-nauki-e-pa-bravo%2F

Македонија | пред 5 години

DSC0436

На 18 декември во Општина Кисела Вода ќе се одржи крводарителска акција

На 18 декември, Црвениот крст во соработка со Општина Кисела Вода, во салата на Советот на Општината од 11:00 до 15:00 часот ќе спроведе крводарителска акција.Општина Кисела Вода ги повикува сите хумани граѓани, кои се во можност, да се приклучат на акцијата и преку дарувањето крв да спасат нечиј живот.

Скопје | пред 5 години

gorgiev-istoriska-komisija

Ѓоргиев за ДВ: Има простор за подобрување и во македонските и во бугарските учебници

И во македонските и во бугарските историски учебници има простор за подобрување, вели претседателот на македонскиот тим во заедничката историска Комисија, Драги Ѓоргиев, во интервју за Дојче веле.– Јас би бил задоволен доколку работата на Комисијата резултира со правење на нови учебници по историја во нашата држава, не затоа што тоа го бара Бугарија, туку затоа што навистина има потреба од нивно подобрување – вели Ѓоргиев.На прашањето дали Комисиите ќе можат да продолжат со работа ако и понатаму се повторуваат истите причини поради кои досега не се согласуваа македонските и бугарските историчари, Ѓоргиев објаснува дека евентуалното прекинување на разговорите дополнително ќе ги зголемат длабоките недоразбирања.– Главниот проблем остануваат големите разлики во пристапот кон толкувањето на историските процеси, настани и личности, и секако, пристапот кон сфаќањето и правењето на препораки за учебниците. Присутна е тенденцијата бугарските забелешки кон македонските учебници да бидат конкретизирани во духот на нивниот наратив и тој да биде наметнат како единствен. Тоа особено дојде до израз во дебатата за Цар Самуил, наспроти нашиот пристап на мултиперспективност, кој овозможува на учениците да развијат критичко мислење. Се разбира, тоа важи за настани каде мултиперспективноста може да се примени – објаснува Ѓоргиев.Интервјуто со Ѓоргиев  во целост може да го прочитате на овој линк. 

Македонија | пред 5 години

5-1

(ФОТО и ВИДЕО) Запленети 100 килограми марихуана, тројца приведени

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во соработка со Одделот за специјални полициски операции, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал .СВР Велес и СВР Скопје во текот на вчерашниот ден (15.12.2020) по добиени оперативни сознанија односно претходно спроведена истрага во врска со камион во кој пред околу еден месец се транспортирала марихуана, а излетал на патот Скопје-Велес, запленија околу 100 килограми марихуана и приведоа три лица.Имено, на наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“ од страна на полициски службеници биле преземени мерки и активности да се запре возило „бмв“ со скопски регистерски ознаки управувано од Ј.Б., а како сопатник бил неговиот брат С.Б. од село Горно Блаце, но возачот не застанал и се обидел да избега, при што оштетил полициско возило и срушил метален столб на Јавното претпријатије за државни патишта. По дополнително преземени мерки, возилото е запрено и при тоа се лишени од слобода двете лица, а при извршениот преглед во возилото и во багажниот се пронајдени вреќи во кои имало околу 100 килограми марихуана.Исто така, приведен е и М.И. од Визбегово, кој имал задача да го обезбедува транспортот на дрогата како т.н. „чистач“. При претрес во домот на Ј.Б. е пронајдена една полуавтоматска пушка, за што исто така ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по член 396 од КЗ. Истрагата продолжува и се проширува и во координација со Основно Јавно обвинителството-Велес преземаме дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на инволвираност на други лица во вршење на кривичното дело.

Слајдер | пред 5 години

Novogodisen_bazar_12152020005

Поставен новогодишен базар во Охрид

Куќарки со автентичен изглед, изработени од соодветен дрвен материјал поставени се на Градскиот плоштад во рамки на Новогодишниот базар.

Македонија | пред 5 години

15122020_MP_Marichikj_pres-konferencija-1

Маричиќ: Владата нема да се спогоди со апликантите во Стразбур

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, одржа прес-конференција, на која го искажа ставот на Владата на Република Северна Македонија во однос на апликациите поднесени до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.„На 25 септември оваа година Европскиот суд за човекови права во Стразбур на одговор до Владата на Република Северна Македонија достави две групи со вкупно девет апликации поднесени против државата. Како што е веќе познато, обвинети во случаите, кои произлегоа од незаконското следење на комуникациите, односно од случаите на поранешното СЈО, поднесоа тужби пред судот во Стразбур повикувајќи се на аболицијата што во 2016 година ја прогласи тогашниот претседател на државата, Ѓорге Иванов“, рече тој.При доставувањето на апликациите на одговор, Владата, според стандардната процедура на судот, има рок да се произнесе по нив до 18 декември оваа година, а тоа секако се однесува на можноста за спогодбено решавање на случаите. До истиот рок во однос на можноста за спогодување треба да се произнесат и апликантите, односно оние што ја тужат државата.„Владата ја разгледа и усвои информацијата за можноста за спогодбено решавање на деветте предмети против нашата држава, а се однесуваат на тековни кривични постапки во врска со незаконското следење на комуникациите. Владата го задолжи владиниот агент во предвидениот рок да го извести судот во Стразбур дека Владата нема да ја користи можноста за спогодување со подносителите на тужбите против државата. Проектот ‘Вистината за Македонија’ беше оној што иницира силни општествени, политички и правни промени во државата, па затоа потребно е граѓаните да имаат можност и во правна смисла на зборот да ја дознаат вистината и сите оние што евентуално сториле криминал или ги прекршиле законите да одговараат за своите дела. Државата е обврзана на граѓаните да им обезбеди правда. Ние не сакаме и нема да прејудицираме дали некој е виновен, но ќе сториме сè што е во согласност на законите, сите за кои има сомнежи дека го прекршиле законот, преку соодветна правна постапка да се докаже дали се виновни или не“, вели министерот за правда.Дополнително, според него, процесирањето на кривичните постапки што произлегоа од незаконското следење на комуникациите, вклучително и оние што се предмет на апликациите поднесени до судот во Стразбур, станаа и еден од критериумите според кој се вреднува напредувањето на државата во процесот на европските интеграции, степенот на владеењето на правото. Имено, и во последниот извештај на Комисијата како успех се забележува продолжувањето на постапките на сега згаснатото СЈО, преку кои се утврдува одговорност за злосторствата што произлегуваат од и за незаконското прислушување. Овој континуитет на постапките го овозможи новиот Закон за Јавното обвинителство за кој гласаа две третини од пратениците во Собранието.„Дополнително, во делот на борбата против корупцијата, клучните препораки на Комисијата се да покажеме повеќе опипливи резултати во борбата против криминалот, односно да се зголеми бројот на конечни пресуди за случаите на висока корупција, вклучително и конфискација на имот стекнат со криминал. Сакам да потсетам дека во прогрес-извештајот на истата оваа Комисија во 2016 година најмногу се споменува терминот ‘заробена држава’, а на целосното расчистување на случаите, кои подоцна произлегоа од работата на поранешното СЈО, се гледа како на процес за ослободување на државата. Помилувањата на поранешниот претседател Иванов беа дадени спротивно на домашното право и како такви беа извор на правна несигурност и директен повод за големо незадоволство кај граѓаните.Нивното поништување, пак, беше своевидно повторно воспоставување на нарушената правна рамнотежа. Владата е должна ваквиот став да го брани и застапува пред судот во Стразбур, а преку своите аргументи да му даде можност на судот да ги оцени упатувајќи со тоа уште една силна порака дека оваа Влада не е подготвена да прогласи врвна неказнивост. Ние немаме друга алтернатива, освен да останеме конзистентни на сопствените политики и заложби за неселективна правда, што секако нема никаква врска со пресумцијата на невиност на обвинетите“, додаде тој.

Македонија | пред 5 години

korona-2

881 нов случај на Ковид 19 денеска и починати 22 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2902 тестирања, а регистрирани се 881 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-425, Куманово-40, Дебар-1, Штип-17, Прилеп-55, Тетово-32, Струга-24, Велес-23, Битола-39, Охрид-33, Кавадарци-22, Гостивар-30, Гевгелија-10, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Кочани-23, Пробиштип-4, Демир Хисар-4, Македонски Брод-3, Берово-1, Виница-1, Делчево-8, Кратово-3, Свети Николе-1, Кичево-12, Ресен-4, Неготино-19.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти од: Скопје-247, Куманово-53, Штип-34, Прилеп-69, Тетово-3, Струга-19, Велес-32, Битола-64, Охрид-43, Кавадарци-41, Гостивар-49, Гевгелија-13, Струмица-1, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Кочани-14, Пробиштип-8, Демир Хисар-5, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-11, Валандово-1, Делчево-12, Кратово-1, Свети Николе-12, Кичево-20, Ресен-12 и Неготино-20.Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (81, 64, 80, 81, 77, 64 и 70г), тројца од Куманово (70, 97 и 94г), еден од Прилеп (75г), двајца од Струга (74 и 69г), еден пациент од Битола (60г), двајца од Охрид (65 и 83г), еден од Гевгелија (67г), еден од Гостивар (73г), еден од Кочани (68г), еден од Пробиштип (46г), еден од Берово (80г) и еден пациент од Виница (77г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 74732, бројката на оздравени пациенти е 50852, на починати е 2169, а бројот на активни случаи изнесува 21711. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 32310, активни 11492• Куманово 4325, активни 623• Дебар 563, активни 166• Штип 3089, активни 420• Прилеп 3729, активни 877• Тетово 4443, активни 1005• Струга 1808, активни 443• Велес 2473, активни 651• Битола 2688, активни 812• Охрид 2072, активни 576• Кавадарци 1739, активни 611• Гостивар 3116, активни 786• Гевгелија 955, активни 281 (66 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 162 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2042, активни 602• Крива Паланка 532, активни 121• Радовиш 528, активни 124• Крушево 150, активни 71• Кочани 1452, активни 259• Пробиштип 412, активни 62• Демир Хисар 223, активни 44• Македонски Брод 201, активни 32• Пехчево 120, активни 19• Берово 453, активни 94• Валандово 254, активни 54• Виница 419, активни 120• Делчево 613, активни 289 (174 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 174, активни 26• Свети Николе 981, активни 185• Кичево 1458, активни 339• Ресен 567, активни 170• Неготино 843, активни 357 (133 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2902 теста се преку: ИЈЗ-535, ЦЈЗ Скопје-76, Авицена-349, Биотек-216, МАНУ -220, Жан Митрев (Филип Втори)-191, Систина со PCR метода -227, лабораторија Лаор –52, Судска медицина-5, ЦЈЗ Битола-31, Инфективна клиника-9, ГАК-21, Синлаб-42, Ремедика-37, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -865, УК Пулмологија со алергологија –7, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 368.502 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(Видео) Мицкоски: Менувањето на ставовите на Заев за лидерска средба создава несигурност и проблеми

„Секому му станува јасно дека Зоран Заев бега од проблемите што ги мачат граѓаните, а кои тој и Владата што ја предводи ги создаваат. Ниту почит ниту грижа има за нив. Факт е дека има проблеми со економијата, која е во рецесија. Исто така, факт е дека има проблеми со ковид-здравствената криза. До вчера славеа во рестораните и одржуваа избори, денес воведуваат рестриктивни мерки“, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во видеообраќање.Според него, исто така факт е дека има проблеми со Бугарија, која впрочем го докажува ветото што го заработија.„Најпосле, факт е дека Заев има проблем со Владата, внатре во самата Влада со коалициските партнери, но исто така и внатре во неговата партија. А најголем факт е дека Владата е најголем проблем. И затоа треба токму за овие теми да разговараме на лидерска средба затоа што одговорно е, а и граѓаните очекуваат ние да најдеме решение за проблемите што постојат. Вистински скандал е што Зоран Заев вчера кажува едно, а денес сосема друго. Вчера рече дека ќе свика лидерска средба ако тоа не го направи Пендаровски, а денес го промени мислењето. Овој човек за сè и сешто менува ставови, што ги доведува граѓаните до сериозно чувство на несигурност и ваквото однесување навистина создава проблеми. Менувањето на ставовите всушност е најголема потврда дека проблемите што ги споменав постојат.Сосема на крај, гледам, нервозно, со навреди и лаги се обраќа кон мене, како што впрочем тоа го прават постојано, и додека тој тоа го прави со невистини, јас само ќе констатирам познат и вистинит факт дека Зоран Заев е амнестиран за криминал. Сосема на крај, сакам да заклучам, кога изворот на сите проблеми е Зоран Заев, решението е тој да си замине“, додава тој.

Македонија | пред 5 години

120190520_075559

Владата не го прифати предлогот за спогодбено решавање на предмети за нелегално прислушкување

Владата денеска ја разгледа и усвои информација за можноста за спогодбено решавање на 9 (девет) предмети против Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) кои се однесуваат на тековни кривични постапки во врска со незаконското следење на комуникациите, и го задолжи владиниот агент да го извести ЕСЧП дека Владата нема да ја прифати можноста за спогодбата по сите 9 предмети за кои се водат кривични постапки во врска со незаконско следење на комуникациите.Во образложението во врска со оваа информација се истакнува дека Владата е должна да ги изложи пред ЕСЧП сите аргументи и да ми даде на судот во Стразбур соодветно да ги оцени предметите и дека не е подготвена да ретерира од принципите на владеење на правото, одговорност и неказнивост, со целосна почитување на презумпцијата на невиност до конечна и правосилна одлука.

Македонија | пред 5 години

120190520_075559

Објавен списокот на компании кои добиле помош, а не ја исплатиле на работниците

Владата на Македонија вечерва објави список на компании кои добиле државна помош поради Ковид 19, а парите не ги исплатите на работниците.Компаниите можете да ги видите  ТУКА!

Македонија | пред 5 години

ukrasi-skopje

Почна кампањата „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците

Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија од денеска почнуваат кампања „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.Пред нас е најубавиот период во годината, познат по големите семејни слави и новогодишни прославувања. Традиционално, овие деновие за сите нас значеа големи собири со семејствата и пријателите. Но, годинава е одбележана од светската пандемија на Covid-19.Министерството за здравство, уште еднаш посочува дека крајот на оваа и почетокот на следната година претставуваат голем ризик за зголемување на и така огромната бројка заразени со Covid-19, токму поради славењето во затворен простор во големи броеви.На сите треба да ни е јасно дека во престојниот период носиме одговорност за своето но и здравјето и животите на најблиските.Почитувањето на мерките пропишани од Министерството за здравство останува најдобар начин за борба со коронавирусот. Да потсетиме, мерките кои се изречени се следните:- Се препорачува да нема групирање на граѓаните во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи- Се забранува групирање на јавен простор на повеќе од 4 лица.- Се забранува групирање по паркови и други јавни места на повеќе од 4 лица.- Граѓаните доколку немаат потреба да не ги напуштаат домовите по 18 часот.Потребно е сите заедно да бидеме одговорни и разбрани за важноста на овие мерки, но и да не дозволиме најубавите мигови во семејството да се претворат во лоши спомени.Овој празничен период да прославиме одговорно, да ги почитуваме мерките за заштита и да мислиме на своето и на здравјето на нашите сакани. Славењето може да почека - здравјето не. #ПразнувајОдговорно

Македонија | пред 5 години

zaev-micko

Заев: Имав намера да свикам лидерска, но по објавата на Мицковски, не гледам повеќе причина за тоа

Премиерот Зоран Заев не гледа причина да свика лидерска средба по денешната објава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.Одговарајќи на новинарско прашање по денешната прес-конференција во Владата, Заев рече дека имал намера да свика лидерска средба на која би информирал за ситуацијата со Бугарија, но по објавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека на средбата ќе се разговара за техничка влада, за неспособноста на здравствениот систем и за неуспехот со Бугарија, не гледа причина за свикување на ваква средба.– За што да свикам лидерска средба? Јас не се согласувам воопшто со ова затоа што Владата покажа пример на пријателство и продолжува да гради пријателство. Покажа дека ги има своите црвени линии и никогаш не помислува да погази било какви интереси. За жал не ја добиеме првата меѓувладина конференција која верувам дека ќе ја добиеме час поскоро затоа што целосно ја заслужуваме. 26 земји членки се комплетно зад нашите позиции. Успешно се справувавме и со здравствената криза, еднакво и многу подобро од многу други земји, рече Заев, додавајќи дека ќе бара други алатки за информирање. 

Македонија | пред 5 години

15122020_PVRSM_Zaev_MZ_Filipche_Praznuvaj_Odgovorno-1

Заев - Филипче: Празнувај одговорно, да го чуваме здравјето додека ја чекаме вакцината против КОВИД-19

„Владата на денешната седница донесе одлука да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за нов пакет мерки и препораки, за период од 18 декември до 20 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од КОВИД-19 во претстојниот период на празници“, информираше премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција на која заедно со министерот за здравство ги соопштија најновите рестриктивни мерки и го најавија почетокот на владината кампања „Празнувај одговорно“.Мерките се однесуваат на ограничување на работното време на угостителските објекти кои ќе работат до 18:00 часот, забрана за организирање предновогодишни и новогодишни прослави на отворен и затворен простор, од страна на општините, работните организации, и забрана за работа после 21:00 часот на рестораните во хотелските објекти. Со мерките се опфатени и јасни препораки до верските заедници, да не повикуваат на масовни собири и групирања за време на претстојните верски празници.Премиерот Заев објасни дека овие мерки се носат со цел да празнуваме одговорно за заштита од КОВИД-19 во пресрет на новогодишните празници и апелираше за почитување на истите.„Апелирам оваа година да празнуваме одговорно. Ова е време кога треба да одбележиме, а не да славиме. Секој од нас е повикан да биде одговорен за да не предизвикаме нов бран на епидемијата - токму сега кога сме на чекор до масовната вакцинација после која целиот свет очекува да се вратат нормалните услови за живот, работа и развој. Апелирам да се издигнеме над поединечниот личен интерес“, порача премиерот Заев и додаде дека државната помош и поддршка за најзагрозените сектори е во тек.Министерот за здравство Филипче информираше за актуелната состојба и упати апел да не се излегува од дома без некоја голема потреба после 18:00 часот, за да се избегнат ризиците од формирањето на групи на граѓани. Осврнувајќи се на вакцината министерот Филипче рече дека земјата е подготвена за прием, дистрибуција и вакцинација за КОВИД-19.„Во посета на сите економски оператори кои имаат капацитет за чување и дистрибуција на вакцините се уверив дека капацитетите се подготвени, останува во јануари да пристигнат и специјалните фрижидери кои ќе ја чуваат вакцината на „Фајзер“ која се складира на -70 степени преку донација. Со тоа ќе бидеме целосно подготвени. Активни сме на три полиња за набавка на вакцини. Едниот КОВАКС системот каде набавивме над 800 илјади дози за 400 илјади граѓани. Апелирам граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести. Вакцините се безбедни, тестирани, проверени и развиени на безбеден начин исто како и сите други вакцини кои денес ги користиме. Вакцините ќе бидат бесплатни за сите граѓани, приоритет ќе имаат здравствените работници, возрасните над 65 години и оние граѓаните со хронични кардиоваскуларни и белодробни болести“, посочи Филипче и додаде дека се следи и состојбата во регионот каде има некои трендови на забавување, но се уште има голем број на ново дијагностицирани и починати лица: Хрватска 65 починати во изминатото деноноќие, 44 во Словенија, 60 во Грција.На прес-конференцијата премиерот Заев потсети дека државата во континуитет се грижи за граѓаните и го поддржува стопанството со мерки кои се применуваат во целиот свет.

Македонија | пред 5 години

filipce-1

Филипче: Бројот на хоспитализирани лица е голем, но состојбата е стабилна и слободни места има

Во ковид центрите во земјава минатата недела се лекувале помеѓу 1300 и 1400 пациенти, болниците и понатаму се под голем притисок, но слободни кревети постојано има - изјави министерот за здравство д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција во Владата.„Добро се менаџира делот на хоспитализација на пациенти. Имаме некаде околу 150 и 200 слободни кревети на територија на целата држава секој ден последователно во изминатите повеќе од една недела. Вчерашната анализа на Р0 факторот на преносливост упатува на некои позитивни трендови за првпат после подолго време тоа е под 1, односно изнесува 0,95“, истакна министерот Филипче.Сепак овие бројки смета тој се нешто што не треба да не опушти, заради тоа што имаме голем број на заболени и се уште има сериозно голема бројка на дијагностицирани пациенти секој ден.„Не смееме да си дозволиме поинаков пристап што може да доведе до влошување на ситуацијата. Ја следиме и состојбата во регионот и иако има некои трендови на забавување, во регионот се уште има голем број на новодијагностицирани и починати лица“ - изјави министерот Филипче.Информациите од соседството покажуваат дека во Хрватска во изминатото деноноќие имало 65 починати, 44 во Словенија, а 60 во Грција.Во однос нс модуларните болници, министерот истакна дека се во фаза на поставување.„Во Гевгелија е завршена инсталацијата, сега следуваат модуларните болници во Штип, Кичево, Струга, Битола. Спремна е подлогата и во Струмица. Тоа е нешто што се очекува во следниот период со оваа динамика да продолжи. За жал има одредено доцнење поради блокадата на опозицијата во техничката влада“ - објасни министерот Филипче.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: УНИЦЕФ се вклучува во делот на склучување на договори и транспорт на вакцините до нашата земја

Министерот за здравство д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција информираше дека подготовката за прием, дистрибуција и вакцинација за Ковид-19 се одвива со одлична динамика.По посетата на сите економски оператори кои и сега чуваат и дистрибуираат вакцини, Филипче потенцираше дека нивните капацитети се подготвени, а останува во месец јануари да пристигнат преку донација и специјалните фрижидери кои се наменети за вакцината на Фајзер, која се складира на -70 степени.На прес-конференцијата, тој посочи дека нашата држава е активирана на три полиња за набавка на вакцина против ковид вирусот. Тоа се КОВАКС системот, Европската Унија и и директни договори со компаниите Фајзер и Астра Зенека.„Денеска на владината седница помина информацијата со којашто УНИЦЕФ се вклучува во помошта во делот на склучување на договорите и транспортот на вакцините до нашата земја од тој прозводител којшто ќе биде одреден од КОВАКС системот, како институција која има и капацитет и можности и знаење. Ова беше една од препораките на КОВАКС системот, УНИЦЕФ да се вклучи во овој дел од снабдувањето со вакцината“, рече Филипче.Министерот уште еднаш нагласи дека вакцините ќе бидат бесплатни за сите граѓани, а приоритет ќе имаат здравствените работници, возрасните над 65 години и оние граѓаните со хронични кардиоваскуларни и белодробни болести.Министерот Филипче, упати апел граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести, особено во овој период кога се интензивираат бројните дезинформации во однос на вакцините.„Вакцините се безбедни, тестирани, проверени и развиени на безбеден начин, исто како и сите други вакцини кои денес се користат. Примарната цел на вакцинацијата е заштитита на населението и пред се намалување на смртен исход од заболување со Ковид-19.“-нагласи Филипче.

Македонија | пред 5 години

dimitrov

Димитров: Никогаш не сум имал друго државјанство покрај македонското

Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров на својот фејбук профил денеска објави дека нема и никогаш немал друго државјанство освен македонското.– Поттикнат од иницијативата на новинарот Горан Михајловски, јавно соопштувам дека немам и никогаш не сум имал друго државјанство покрај македонското. Сметам дека граѓаните апсолутно имаат право да знаат колку (и какви) пасоши имаат политичарите, напиша на Димитров на ФБ.

Македонија | пред 5 години

09122020_PVRSM_Zaev_borba_protiv_terorizam-2

Заев вели дека вакцината против КОВИД 19 ќе ја прими меѓу првите

На денешната прес конференција премиерот Заев изјави дека тој ќе биде меѓу првите кој ќе ја прими вакцината против Ковид-19.Со ова премиерот Зоран Заев истакна дека сака да даде личен придонес во борбата против пандемијата.Покрај  премиерот и претседателот Стево Пендаровски изјави дека планира да се вакцинира против Ковид-19 штом вакцината ќе стане достапна и ги помине сите тестирања. 

Македонија | пред 5 години

korona-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 805 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 805 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 47 болни, а во Куманово 104 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 97 во ковид центарот во Гостивар 57, а во Струга 44 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 65 пациент, во Кочани 17 во Кичево 10, Кавадарци 53, во Гевгелија 20 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1302 и има околу 190 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Влада: Еднократната поддршка од 6.000 денари која граѓаните ќе ја добијат можат да ја користат без временски ограничувања

Владата на Република Северна Македонија информира дека околу 300.000 граѓани кои ќе добијат 6.000 денари, можат да ги користат и после предвидениот рок 25 декември 2020 година.Тоа се пари на и за граѓаните на кои им е потребна поддршка и истите ќе може да се користат непречено веднаш после уплатата на сметка.Препораката за искористување на средствата до 25 декември останува со цел до крајот на годината да се инјектираат и ликвидни средства во стопанството за кус период, да се купуваат македонски производи и на тој начин да се дејствува врз раздвижување на економската активност.Доколку не беа опструкциите и блокадите во Собранието од страна на опозицијата за навремена реализација на четвртиот пакет економски мерки, граѓаните ќе беа во можност своите средства да ги користат доста порано, а со тоа и економската активност во државата ќе се подобреше порано.Оваа мерка е од четвртиот пакет за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани. По 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. За оваа мерка која ќе се реализира преку исплаќање на средствата на постоечката трансакциска сметка на граѓаните, испроектирани се вкупно 27,5 милиони евра.До крајот на неделата страницата kupuvamdomasno.gov.mk се очекува да биде ажурирана за граѓаните да може да проверат дали се на листата со внесување на својот матичен број.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

УНЕСКО ги објави „Насоките за инклузивно медиумско известување за Ковид-19“

УНЕСКО ги објави „Насоките за инклузивно медиумско известување за Ковид-19“ на авторката Марина Тунева, извршна директорка на Советот за етика во медиумите на Македонија.Целта на Насоките е  се надгради постоечката етичка рамка во врска со медиумското известување за немнозинските групи, но и да им се помогне на новинарите повеќе и соодветно да ги застапуваат во медиумите. „Во текот на пандемијата , за жал, бевме сведоци на тоа како различноста сè повеќе се користи како основа за виктимизација, ширење лажни обвинувања, теории на заговор и говор на омраза кон немнозинските заедници. Оттука, медиумите мора да имаат многу поактивна улога во поттикнувањето разбирање и прифаќање на различноста меѓу луѓето. Инклузивното известување може да ги спречи овие деструктивни појави“, вели во интервју за УНЕСКО Марина Тунева. Анализите, додава Тунева, покажуваат дека недоволната застапеност и стереотипното претставување на немнозинските групи во општеството не е само карактерично за Македонија или регионот, туку и за Европа и пошироко.Препораките во овие Насоки се во согласност со веќе постоечките професионални стандарди и практики во новинарството и претставуваат дополнување на одредбите во однос на инклузијата на различностите во медиумското известување. Насоките се подготвени како резултат на консултациите со советите за етика во Западна Европа и во регионот на Југоисточна Европа, анализа на документи  на професионални новинарски и медиумски организации, како и врз основа на интервјуа со медиумски стручњаци, професори и претставници на граѓански организации коишто работат на заштита на човековите права на ранливите групи.Насоките се подготвени во рамки на проектот на УНЕСКО финансиран од ЕУ „Градење доверба во медиумите во Југоисточна Европа – фаза 2“.Тие се, пред сè, наменети за новинари, студенти, едукатори и активисти, како и за раководството на медиумите. Освен тоа, Насоките претставуваат поддршка за различни актери кои што работат во хуманитарен контекст, за да се адресираат потребите на ранливите и маргинализираните поединци и групи.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања