Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

120315389_3491667180879469_1987598179283697707_n

Заврши кампањата на Град Скопје за бесплатно подигање остатоци од берба

Кампањата на Град Скопје за бесплатно собирање остатоци од берба која има за цел да се спречи палењето на стрништата за оваа година заврши и даде добри резултати. Од заинтересираните граѓани кои се пријавија на телефонскиот број 071 395 395 бесплатно се подигнати околу 260 кубни метри органски отпад. Од следната година, оваа активност ќе влезе во годишната програма за работа на ЈП „Комунална хигиена“ и како услуга повторно ќе им биде достапна на граѓаните.Градот Скопје и оваа година ја продолжи кампањата за бесплатно собирање на остатоците од берба за да се спречи палењето на стрништата, а со тоа да се заштити воздухот од загадување. Оваа кампања годинава го опфати целиот Скопскиот плански регион. Во кампањата се вклучи и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во делот на планирањето на периодите кога се врши бербата на различните земјоделски култури, како и Халк Банка со поддршка на промотивните активности.Оваа кампања за првпат беше организирана минатата година, од Град Скопје со поддршка од УНДП и МДЦ-Ти.нет.Градот Скопје е прва единица на локална самоуправа која спроведува кампања за елиминирање на палењето на нивите и стрништата, за да се намали загаденоста на воздухот, да се зачува плодноста на почвата, но и да се спречи ширењето на евентуални пожари кои неретко предизвикуваат материјални штети, а понекогаш загрозуваат и човечки животи.

Скопје | пред 5 години

Boki-13-1

Боки-13 го изгуби спорот со „Систина“, сега треба да плати 11.000 евра

Бојан Јовановски, загуби на суд против Клиничката болница Аџаибадем Систина, па сега ќе мора да плати долг во висина од 11 евра, објави Република. Инаку, тужениот Бојан Јовановски бил корисник на здравствените услуги на тужителот за што му била изготвена фактура во висина од 634 251, 00 денари. Фактурата му била испорачана со препорачана пратка, но тужениот не ја исполнил својата обврска кон тужителот.Боки 13 во Клиничката болница замина на операција за стеснување на желудникот, со намера да најде решение за долгогодишната борба со вишокот килограми.извор: Република.

Македонија | пред 5 години

zaev

(ВИДЕО) Владата ги прифати новите мерки, угостителските објекти ќе работат до 18 часот

Владата ги прифати предложените мерки од Комисијата за заштита од заразни болести, истакна премиерот Зоран Заев, на денешната прес конференција.Според ова од 18 декември угостителските објекти ќе работат до 18 часот, наместо до 21 часот и забранети ќе бидат групирања дома и на отворено.-Забрана за новогодишни прослави на отворен и затворен простор. Угостителските објекти да работат до 18 часот. Целта е сите да издржиме уште малку и да не дозволиме заради празнувањето да се шири заразата. Секој од нас е повикан да биде одговорен, истакна Заев.Мерката носи име „Празнувај одговорно“ и се очекува да спречи зголемување на бројот на новозаразени за новогодишните празници.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Општина Центар отстранува импровизирана градба од ресторан на Водно

Секторот за инспекциски работи и денес излезе на терен и продолжи со акцијата за отстранување на нелегални објекти на територија на Општина Центар.Откако инвеститорот, Вандербилт Тенис Клуб ДООЕЛ Скопје, не постапи по решението издадено од Општина Центар за самостојно отстранување на градбата, општината пристапи кон присилно административно извршување.Со денешната активност е опфатено отстранување на ресторан на улица „Славејко Арсов“ бб, со пропратни објекти – санитарен јазол и шанк со димензии 19,20 м х 9,60 метри и 4,50 м х 5,50 метри, изградени од челична конструкција и греди, објекти во градба за што градителот на поседувал соодветна одобрена документација во согласност со членот 137 став 4 од Законот за градење.Акцијата за отстранување на дивоградбите продолжува и во наредниот период, со што се опфатени 18 нелегално поставени и изградени објекти.Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ повторно упатуваат апел до инвеститорите и сопствениците на нелегално поставените објекти, согласно издадените решенија сами да постапат и да ги отстранат објектите во законски предвидениот рок. Во спротивно, општината со механизација присилно ќе ги отстрани, а трошоците за отстранување ќе паднат на товар на инвестиорите, односно сопствениците на објектите.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Косовски државјанин обвинет затоа што употребил лажни документи

Против 20-годишен косовски државјанин Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 12 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при пасошка контрола, обвинетиот употребил лажен словенечки пасош и лажна словенечка лична карта. Иако знаел дека документите се лажни и несоодветни на оригиналните примероци, тој ги употребил како вистински при обидот за излез од државава.​

Македонија | пред 5 години

zugic

Жугиќ: Го повикуваме лажниот социјалдемократ, Шилегов и неговите послушници да ја вратат старата цена на градскиот паркинг и да мислат на граѓаните

Во екот на пандемијата, на економскиот колапс и на галопирачкиот раст на сиромаштија, СДСМ и градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов го поскапеа паркирањето во градот.Го повикуваме Шилегов и неговите послушници во Советот на Град Скопје да се вразумат и да ја вратат старата цена на градскиот паркинг, а потешкотиите во работењето на претпријатието да го помогнат од градската каса, не од џебот на граѓаните, истакна на денешната прес конференција Јелена Жугиќ, советник во Град Скопје.Жугиќ во продолжение додаде:Шилегов не само што ја зголеми месечната карта во катните гаражи кои се под надлежност на „Градски паркинг“ за 100%, туку ја зголеми и цената за час на зонското паркирање од 10% до 20% во однос на старата тарифа. За секој час паркирање на зонските места, цената на билетот е зголемена за 5 денари.Оваа одлука е апсурдна!Во време кога градскиот превоз се одвива со намален капацитет и кога временските услови не дозволуваат користење на алтернативен превоз, велосипеди и тротинети, во време кога илјадници граѓани живеат во сиромаштија со 120денари дневно, во време кога десетици илјади скопјани останаа без работа, СДСМ и Петре Шилегов го поскапеа паркирањето дури и до двојно повеќе.Шилегов, лажниот социјалдемократ удира по џебот на граѓаните за да го прикрие своето неодговорно, неекономско и неделотворно работење. Парите во износ од над половина милион евра кои во сред пандемија ги потроши за пластични диносауруси и новогодишни сијалички, сега тој решил да ги наплаќа од граѓаните.Лажниот социјалдемократ донесе одлука за поскапување на паркинг услугите во време кога поскапе и струјата и водата, кога поскапеа горивата и пораснаа цените во малопродажбата.И за крај со неколку стихови во духот на новогодишните празници.Среде Скопје високо елката ни стои и ја красат играчки од илјадници евра и бои,И додека народот за егзистенција се бори,Петре сака од паркирање пари да си брои.Петре од бајките милно ни се смее и ни вели весело секој нека венее.Петре, Петре место дарови во криза да реди тој нашите џебови упорно ги цеди, истакна Жугиќ.

Скопје | пред 5 години

maricic-1

Маричиќ: Подготовката на новиот Закон за медијација е во завршна фаза

Министерот за правда Бојан Маричиќ кој учествуваше на конференција на тема „Придобивките од медијацијата како алтернативен начин на решавање на спорови“ во своето обраќање најави дека подготовката на новиот Закон за медијација е во завршна фаза.- За таа цел се формираше работна група за изработка на законско решение со кое треба да се надминат досега констатираните проблеми на кои укажа праксата при постапките за медијација. Работната група, при изработка на Законот, продолжи со следење на европските искуства, и тоа како на Советот на Европа така и на Европската Унија, рече министерот.Маричиќ презентирање и дел од новитетите кои се предвидуваат со новото законско решение.- Во Законот се воведува новина во однос на начинот на полагање на испитот за медијатор пред комисија што ќе влијае на создавање на квалитетен, стручен и обучен кадар кој успешно ќе ги извршува работите од областа на медијацијата. Внесот на сите примени барања за медијација во Електронскиот регистар станува задолжителен, како и податоци за натамошниот тек на постапката, а податоците се покажаа исклучително статистички корисни, од кои може да се генерираат параметрите на применливоста и успешноста на медијацијата во пракса и ќе се овозможи врз основа на запишаните предмети во Регистарот, медијаторот да го оствари правото на субвенционирање на постапките за медијација, потенцираше Маричиќ.Според министерот, медијацијата како начин за решавање на споровите говори и за културата во општеството, во смисла дека разликите може да се надминат преку дијалог, разбирање и избегнување на стресот и трошоците кои може да настанат од одржувањето на судските рочишта.

Македонија | пред 5 години

DSC_0014

Спасовски: Со унапредување на начелата на ЗКП до етаблирање на полицијата како гарант за заштита на законитоста

„Како стожерен закон во истражно-обвинителскиот сегмент на спроведувањето на законите, Законот за кривична постапка ги дефинира и регулира местото и надлежностите на полицијата, отворајќи реално големи можности за подобро справување со криминалот на институционално или системско ниво, секако, истовремено овозможувајќи ни подоследно спроведување на законите, во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија“.Ова, меѓу другото го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната промоција на едукативниот проект на Македонскиот полициски синдикат на тема „Унапредување на основните начела на Законот за кривична постапка и примена на полициските овластувања“, наменет за полициските службеници, што се одржа во Центарот за обука на МВР во Идризово.Во своето обраќање министерот Спасовски нагласи дека полициското функционирање низ нормативните механизми на овој закон, којшто овозможува не само модернизирана кривична постапка, усогласена со европското законодавство, туку и зајакнување на ефикасноста на кривично-правниот систем, е од суштинска важност: „И тоа подеднакво, како во смисла на децидно и бескомпромисно почитување на полициските обврски преку пропишаните законски одредби, така и во смисла на почитување на полициските надлежности, без никаква дилема во нивната законита оправданост. Особено низ призмата на јавната опсервација на полициското постапување, а пред сè од аспект на почитувањето на човековите права и слободи“.Констатирајќи дека самиот проект, кој се фокусира на три исклучително битни начела - начелото на презумција на невиност, начелото на законитост и пропорционалност и начелото на правично судење - заслужува целосна поддршка на МВР, министерот Спасовски потенцираше дека проектот има за цел и „натамошно квалитативно унапредување на правните прописи за полициско постапување, пред сè при употреба на средства за присилба, уште повеќе минимизирајќи ги сите евентуални консеквенци, што можат да предизвикаат каква и да е јавна реакција по однос на законитоста на полициското работење, елиминирајќи ја можноста за појава на т.н. ‘полициска бруталност’.“„Истовремено, проектот има јасна тенденција да им даде до знаење на полициските работници дека нема да бидат препуштени сами на себе во случаите на кривични постапки, каде се тие странки или оштетени, што пак, од аспект на синдикалните принципи на работење, претставува јасен израз на синдикална солидарност и професионална помош“, рече Спасовски.Поздравувајќи ја иницијативата на Македонскиот полициски синдикат, преточена во проект што во наредниот период ќе се реализира низ сите организациони полициски единици на МВР, министерот Спасовски ја изрази својата увереност дека токму овој вид на проекти претставуваат реални исчекори во натамошното етаблирање на полицијата како гарант за заштита на законитоста, но и квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти, а вкупно се лекуваат 497 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 43 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 497 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, четири пациенти на Институтот за ТБЦ, двајца на Клиниката за дерматовенерологија, еден на Очната клиника и двајца на Клиниката за гастроентерохептологија. На ОРЛ се примени два нови болни.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 14 болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 31 оздравен пациент.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 16 пациенти, а на ОРЛ 28 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 25 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 152 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти.Вкупно 497 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

apasiev2

Апасиев: Вчера владејачкото мнозинство усвои измени во закон со кој нови 70.000 Косовари да станат државјани на Македонија

До каде (ќе) оди забеганоста на СДС?Вчера, само за да си обезбеди кворум за изгласување на дневен ред, владејачкото мнозинство го усвои шовинистичкиот предлог на Алијанса и Алтернава за контроверзни измени на ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО - по скратена постапка, со кој, на вештачки начин, се овозможува нови 70.000 Косовари да станат државјани на Македонија, напиша на својот ФБ профил пратеникот Димитар Апасиев.

Македонија | пред 5 години

makraduli

Пошта ја обновува традицијата - Макрадули: Јас веќе почнав да ги пишувам моите честитки, приклучи се и ти!

Новиот директор на Македонска пошта, Јани Макрадули преку видео објавено на социјланата мрежа Фејсбук, започна акција во која апелира обновување на традицијата.„Јас веќе почнав да ги пишувам моите честитки, приклучи се и ти на оваа заедничка иницијатива. Да ја вратиме довербата кај граѓаните“, вели Макрадули во видео пораката.Со промотивниот пакет,  кој го усвои Управниот одбор на АД „Пошта на Северна Македонија“, се намалуваат цените за достава на пратки од адреса до адреса со тежина до пет килограми. Новата цена на услугата изнесува 80 денари во промотивниот период. Секое заинтересирано лице кое сака да испрати пратка од која било адреса на територија на град Скопје тоа може да го направи со јавување на телефонскиот број 15 000.Пакетот опфаќа и печатење на единечни празнични честитки изработени исклучиво од еко хартија, кои ќе бидат со ретро дизајн, како и нивна продажба на шалтерите на „Пошта“ од 19 месецов. Цената за поштенско испраќање на една ваква честитка ќе изнесува девет денари. Дополнително, до крајот на оваа работна недела, јавно ќе биде објавена и продажната цена на честитките.Инаку Пошта во првата половина од годината има загуба од над 850 илјади евра, а вкупните долгови се проценуваат на околу 10 милиони евра. Во македонски пошти работат околу 2000 луѓе, за чии плати Владата на една од последните седници одлучи да даде финансиска помош.

Македонија | пред 5 години

evra

Обвинителен акт против девет лица за перење на над девет милиони евра

По сеопфатна истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд –Скопје достави Обвинителен акт против девет лица. На обвинетите К.С., Т.Г. и Р.Д им се става на товар дека сториле продолжено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.4 вв со ст.3 в.в ст.1, а заедно со останатите З.Ш, В.Ш, В.Д, В.П, Г.К и З.М сториле и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.5 и ст. 3 в.в со ст.1 од Кривичниот законик. Со дејствијата што обвинетите ги презеле бесправно се пуштени пари во оптек во вредност од над 9 милиони евра.Од почеток на 2001 година до крајот на 2004 година К.С, Т.Г и Р.Д како одговорни лица во правни лица, со намера за две правни лица во приватна сопственост да прибават значителна имотна корист, ја злоупотребиле службената положба и овластување во вршење на нивните посебни овластувања за законито работење на правните лица. Првообвинетиот К.С. во почетокот на 2001 година како директор на правно лице – штедилница во државна сопственост, со обвинетите Т.Г и Р.Д. го договорил начинот на кој при трансформација на штедилницата во банка, освен утврдениот основач, како основачи да се јават и правните лица на обвинетите Т.Г. и Р.Д. За таа цел обвинетите Т.Г. и Р.Д. земале краткорочни кредити од комерцијални банки кои требало да се вратат со одобрени кредити од новата банка, на правни лица што обвинетите Т.Г. и Р.Д. ги избрале. Така, првообвинетиот К.С., како генерален директор во банката, со цел да го исполни договорот, склучил договори за кредити со седум правни лица што ги избрале обвинетите Т.Г. и Р.Д. и им одобрил и исплатил кредити во вкупен износ од 144.500.000 денари или 2.349.594 евра. Потоа, обвинетите Т.Г. и Р.Д. по основ на наводни позајмици, организирале исплатените средства да бидат уплатени на нивните правни лица. Со паричните средства на име позајмица обвинетите Т.Г. и Р.Д. го исплатиле кредитот земен за основачки влог во комерцијалните банки. Со ваквите дејствија двајцата постапиле спротивно на чл.38 од Закон за банки кој предвидува „Банката не може да одобри кредит или да воспостави друг облик на кредитна изложеност кој директно или индиректно ќе се искористи за купување акции во истата банка“. Со добивање на акции од трансформираното правно лице – банка, прибавиле противправна корист и со тоа спротивно на законот станале основачи. Искористувајќи ги своите позиции во банката Т.Г. и Р.Д. овозможиле друштвата што добиле кредити воопшто да не го враќаат долгот на банката.Обвинетиот К.С. со внесување на административно-деловниот објект во изградба со пазарна вредност од 404.590.850 денари или 6.578.713 евра кој бил имот на штедилницата, како имот на банката, овозможил значително да се зголеми вредноста на акциите што ги поседувале правните лица на Т.Г. и Р.Д и како основачи на банката незаконски да се стекнат со 2/3 од вредноста на административно-деловниот објект, односно значителна имотна корист од по 134.863.616 денари или по 2.192.904 евра.Воедно, К.С. без исполнување на законските услови, во неколку наврати одобрувал кредити на друштва, при што договарал долгот воопшто да не се враќа. Со ваквите дејствија била прибавена значителна имотна корист за друштвата, а парите, иако знаеле дека се прибавени со казниво дело- Злоупотреба на службена положба и овластување по чл.353 ст.4 вв со ст.3 вв со ст.1 од КЗ, биле примени и пуштени во оптек од страна на обвинетите Т.Г, З.Ш, В.Ш, Р.Д. В.Д.Во периодот од 2002-2004 година, шест друштва постапиле спротивно на чл.38 од Законот за банки и се обиделе акциите на банката од втората емисија да ги купат со средствата од самата банка. К.С. иако знаел дека Народна банка не го одобрила спроведувањето на втората емисија, без да постои правен основ, со управителите на друштвата кои учествувале во купување на акциите склучил договори за надомест на штета, притоа банката на друштвата им исплатила вкупен износ од 81.703.461 денар по основ на наводна камата. Со овие дејствија К.С. за друштвата прибавил значителна корист, а со добиените средства обвинетите затвориле поголем дел од обврски и кредити за кои имале интерес.На почетокот на 2005 година, со цел да ја прикријат прибавената корист од трансакциите, во име на своите правни лица, Т.Г. и Р.Д. подигнале кредити во износ на 144.000.000 денари, односно 100.000.000 денари од Еуростандард банка и ги исплатиле кредитите на друштвата во банката. Во исто време, обвинетите Т.Г. и Р.Д. при банкарско работење го замениле имот што го прибавиле со казниво дело и прикриле дека тој имот потекнува од казниво дело. Имено, на почетокот на 2005 година, кога станале свесни дека со нивната противправна имотна корист, ја оштетиле Македонска пошта, единствениот реален основач на банката, за вкупен износ од 8.134.504 евра, го искористиле капиталот на банката и за да одбегнат добивање согласност од Македонска пошта како акционер со златна акција, ги отуѓиле акциите евидентирани на нивните правни лица. За таа цел од Еуростандард банка АД подигнале кредит во износ од 244.000.000 денари или 3.967.480 евра, а како гаранција за подигнатиот кредит ги заложиле акциите кои биле евидентирани на нивно име во банката. Кредитите не биле вратени и Еуростандард банка станала сопственик на заложените акции. Обвинетите Т.Г и Р.Д., со паричните средства од кредитот на Еуростандард банка исплатиле дел од противправно прибавена корист во вкупна вредност од 241.343.619 денари или 3.924.286 евра на име на кредити што биле употребени за стекнување на основачки влог во банката и фиктивни кредити кои индиректно ги користеле за сопствени потреби.Обвинителството во врска со предметот донесе и Наредба за проценка на замрзнатиот имот и евентуален дополнителен имот во сопственост на обвинетите со кој би се реализирала постапката за конфискација.​

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Запленета дрога, приведен дилер

На 14.12.2020 во 18.20 часот на подрачје на Шуто Оризари, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода И.Џ.(41) од Скопје, бидејќи кај него е пронајдена марихуана, односно поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во прометна наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по чл.215 од Кривичниот законик. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 5 години

carovska

Проф. д-р Иван Грозданов: Политичарите немаат морално право да си ловат партиско-политички поени за нашата работа

Професорот на Институтот за хемија при ПМФ, Иван Грозданов, кој е еден од шестемина научници од Македонија кои сме дел од 2% најцитирани и највлијателни научници во светската наука за 2020 г. (според анализите на колеги од универзитетот Стенфорд, САД) наведува шест причини поради кои не присуствувал на свечен прием кај министерката за образование и наука, Мила Царовска.Не отидов на свечен прием кај министерката за образование и наука, Мила Царовска, на кој бевме поканети шестемина научници од МК кои сме дел од 2% најцитирани и највлијателни научници во светската наука за 2020 г. (според анализите на колеги од универзитетот Стенфорд, САД), напиша на својот ФБ профил професорот Иван Грозданов. Тој во објавата ги образложива причините поради кои што вели апстинирал:1) Таа констатација за мене и моите пет колеги не дојде од наши институции, туку од странски колеги/универзитет. Затоа, нашите политичари немаат морално право да си ловат партиско-политички поени за ова. Барем јас не се ставам во служба на ничие дневно-политичко саморекламирање.2) Ниту една досегашна влада во МК немала ни слух ни определба пристојно, континуирано и систематски да ја помага науката во нашата земја. Напротив, политичарите на многу начини ја одмагаат, па и ја згаснуваат. Важни им се само партиски профитабилни инвестирања.3) Во мојот случај, партиско-политичките попречувања одеа до таму што бев принуден и изработката и одбраната на мојата докторска дисертација да ги правам по туѓи земји – во еден вид политичко прогонство. Овде бев брутално спречен дури и да пријавам докторска дисертација, токму преку партиско-политичките структури и на универзитетот и многу пошироко. Само поради мојата аполитичност и христијански светоглед.4) Исто така, сите мои влијателни научни трудови се извршени во друга земја, со нивна логистичка и финансиска поддршка. Овде ниту имав услови, ниту поддршка. Оттаму, не гледам зошто министерката за образование и наука би се гордеела, барем во мојот случај. Попрво треба срам да ја фати.5) Пред неколку месеци ѝ пишав на дотичната министерка во врска со некои образовни прашања – не бев удостоен ни со одговор. Како и нејзините претходници, бездруго и таа си рекла :„Кој е овој, да му одговарам! Не сум го видела на ниеден партиски собир!“6) На лично ниво, не чувствувам никаква чест да одам на свечен прием кај министерка која во најчувствителната област на образование на нашите деца, програмата за образование по ткн.„Сестрано сексуално образование“ ја доверува на хомосексуално-лезбејски здруженија, чиј промотор е и самата министерка.Тоа е како да им довериш на проститутките да ги учат децата на морални вредности. Со заложба токму на оваа министерка, не само што се озаконија и истополови бракови, контроверзни родови идеологии, туку се работи на тоа, кај децата да се внесат искривени морални вредности за половите машко и женско, за бракот и семејството.Токму оваа министерка турка закони и образование во насока на уривање на јавниот општествен морал – нешто, што допрва ќе го почувствуваме. Има уште, но и ова нека биде доволно. И јас нешто да бојкотирам!П.С. Инаку, професионална чест ми е што дури 4 од нас 6 научници во ова рангирање, сме хемичари од ПМФ – Институт за хемија, Скопје, а двајцата најмлади беа и мои студенти. Честитки, колеги, држете се!

Македонија | пред 5 години

radar-policija

278 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 278 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 30 санкции, 16 мерки за нерегистрирани возила, 12 санкции за користење на мобилен телефон. Изречени се 5 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 80 мерки за непрописно паркирани возила, 48 возила се подигнати од „пајак“ службата и 18 санкции за неносење заштитна маска.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

covid-19-vakcina

Филипче:Грција од правта пратка на Ковид вакцини, дел ќе одвои и за нас

Министерството за здравство преговара по три механзими да набави по 800 000 вакцини против Ковид 19, а веќе во петокот Грција потврдила дека дел од првата пратка на вакцини што ќе стигнат во Атина ќе и даде на нашата земја, рече министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во дневникот на Сител телевизија.-Во петокот добивме потврда од Грција, имав разговор со грчкиот минисер за здравство, којшто после разговорот со премиерот Мицотакис потврди дека од нивната прва количина, којашто ќе стигне во Атина за нивното население, една количина ќе одвојат и за нас. Практично ги користиме сите инструменти вклучувајќи го и Ковакс механизмот којшто ни беше прв на располагање и секако преку овие директни договори на останатите земји членки на ЕУ да обезбедиме одредена количина вакцини и за нас - рече Филипче.Минатата недела го плативме авасот за вакцината против Ковид 19, со што обезбедивме банкарска гаранција дека ќе ја исплатиме целата сума за набавка на 833.000 вакцини, за околу 400 000 граѓани. Освен оваа набака преку Ковакс механизмот, остварен е и директоен контакт со Фајзер и Астра Зенека. Третиот механизам е преку Европската Унија, таа нарача 200 милиони вакцини за земјите членки и уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од унијата. Ние аплицираме за 800.000 дози и од овие 100 милиони дози.Вакцината ќе биде бесплатна за сите граѓани.

Македонија | пред 5 години

14122020_PVRSM_ZPVRSM_MF_Sostanok_1

Заев: Економскиот и инвестициски план на ЕУ- нов стимул за економски раст со фокус на инфраструктура, дигитализација, енергетско и транспортно поврзување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, претседаваше со Националниот инвестициски комитет на кој заедно со ЕУ амбасадорот Дејвид Гир, во воведните обраќања ја истакнаа важноста од имплементација на проектите предвидени во Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан, усвоен од Европската комисија, како и единствената листа на инфраструктурни проекти.На состанокот се направи ревизија на единствената листа на проекти за да се утврди кои од нив соодветствуваат со Економскиот и инвестицискиот план на ЕУ, кој ќе мобилизира финансирање до 9 милијарди евра за Западен Балкан во рамките на новиот инструмент за претпристапна помош наречен ИПА III.Премиерот Заев, на средбата подвлече дека Економскиот и инвестицискиот план е од големо значење, а дополнително како земја стекнавме огромно искуство со користење на средства преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.„Средствата ќе бидат насочени за инвестиции во областите на транспорт, енергија, зелена и дигитална транзиција како и развој на човечки ресурси за да се обезбеди одржлив раст и работни места, поттикнувајќи го економскиот развој и закрепнување на регионот. Досега се реализирани преку 23 проекти во вредност од околу 2,1 милијарди евра грантови и заеми во Република Северна Македонија. Верувам дека Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, ќе даде силно и позитивно влијание врз економското закрепнување на регионот, поддршка на зелена и дигитална транзиција и поттикнување на регионална интеграција кон Европската Унија. Националните институции, присутни на состанокот, ќе работат со голема посветеност, во согласност со нивните надлежности со цел да се искористат расположливите средства. Посветени сме на доброто управување што е основа за одржлив економски раст. Нашиот фокус е насочен кон поттикнување на економијата и инвестициите со спроведување на основните реформи во согласност со европските вредности“, рече Заев.Свои излагања имаа и Никола Димитров, вицепремиер за евроинтеграции и Фатмир Бесими, министер за финансии. Вицепремиерот Димитров посочи на идните планови на Владата во поглед на имплементација на проектите во приоритетните 5 области: транспорт, животна средина, енергетика, социјална и дигитална трансформација, токму во периодот на транзиција од ИПА II кон ИПА III, кога се разгледува и агендата за капитални инвестиции во согласност со новините во ИПА III и Економскиот инвестициски план.„Се одлучивме за покредибилна, подинамична и попредвидлива инвестициска агенда со зајакнато политичко управување, со цел да создадеме отпорна економија на предизвици како пандемијата, економија која ќе има сила да се избори со ненадејните удари, но и одржлива, социјално праведна и неутрална во однос на климатските промени“, истакна Димитров, додавајќи дека „овие предизвици ќе ги надминеме со зајакнати напори во спроведувањето на структурните реформи, надминување на структурните слабости и зајакнување на конвергентноста во овие тешки времиња.Министерот Бесими, посочи дека имаме добра можност да имплементираме значителен дел од нашиот план за јавни инвестиции преку Економскиот и инвестицискиот план за Западен Балкан, кој има за цел да стимулира долгорочно закрепнување.„За да ги искористиме придобивките од овој план, поддржан од ИПА III, и за да се обезбеди одржлив економски раст - треба да ги спроведеме реформите од економскиот и финансискиот дијалог со ЕУ под програмите за економски реформи (ERP), препорачани во годишниот пакет за проширување. Покрај тоа, дијалогот за ERP треба да обезбеди важни насоки за инвестициски одлуки според Економскиот и инвестициски план и внимателно планирање и приоритизирање на ресурсите“, рече Бесими.Презентација на своите секторски приоритетни проекти имаа министрите за транспорт и врски, економија, животна средина и просторно планирање, земјоделство, шумарство и водостопанство, информатичко општество и администрација, труд и социјална политика, образование и наука, здравство и правда. Онлајн присутни на состанокот беа и претставници на Владата, амбасадорите на ЕУ, високи претставници од меѓународните финансиски институции, билатералните партнери и донаторската заедница со постојана мисија во Северна Македонија.Националниот инвестициски комитет е советодавно тело во кое на транспарентен начин се рангирани стратешки проекти, пред сè во делот на инфраструктура, енергетско и транспортно поврзување на земјите од Западен Балкан и ЕУ, заштита на животната средина, социјалната и дигиталната инфраструктура, како клучен фактор за раст и отворањето на нови работни места во регионот.

Македонија | пред 5 години

grubi

Груби за инцидентот во кој му е искршен автомобилот: „Не ги знам причините за нападот“

Службеното возило со кое се превезувал првиот вицепремиер во Владата, Артан Груби било демолирано додека било паркирано на собранискиот паркинг. Од МВР велат дека тоа го направила 38-годишна жена. Груби за „А1он“ вели дека никој не бил повреден, а причините не ги знае. Неофицијално, жената го кршела предното стакло на автомобилот со камен. Полицијата, веднаш откако се случил настанот ја привел жената.„Точно е. Возилото е искршено од страна на В.Ј. пред главниот влез на Собранието додека јас бев на пленарна седница за Законот за распределување на административците од К5 програмата. Ниту јас, ниту некој од мојата придружба не е повреден. Не ги знам причините за нападот и очекувам МВР да го разјасни случајот“, вели Груби за „А1он“.

Македонија | пред 5 години

pesacki

Скопјанец апелира: На пешачки кај Олимписки се обидуваат намерно да излетаат пред кола

ВНИМАВАЈТЕ!Два дена по ред на пешачкиот премин кај Олимписки се обидуваат да ми излетаат пред кола намерно. Ги запамтив вчера денес потполно истите, исто облечени. Штом преминат еднаш улица ако иде ново возило се враќаат назад пак.Чекаат возилото да се доближи и истрчуваат, се вели во Фејсбук објава.

Скопје | пред 5 години

filipce

Филипче: Размислувавме на сите аспекти при димензионирање на мерките - периодот на празници не е предизвик само за нас, туку и за целиот свет

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител, истакна дека на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести се усвоија нови препораки коишто ќе бидат предложени до Владата и на утрешната владина седница ќе бидат дискутирани.Филипче потенцираше дека претстојниот период на празници не е предизвик само за нас, туку и за целиот свет и дека при димензионирање на мерките се земени во предвид сите аспекти.„Размислувавме апсолутно на сите аспекти. Морам да кажам дека ние и сега имаме на сила одредени превентивни мерки коишто очигледно дадоа резултат. Денешните анализи покажуваат дека Р0 факторот е веќе под 1, односно 0.95. Но се уште ситуацијата е критична, сметаме дека овие мерки можеби нема да бидат доволни во периодот којшто е пред нас, заради тоа што доаѓаат празници за кои, согласно навиките на луѓето може да има собири и во таа смисла можеби и поголема концентрација на луѓе во угостителските објекти. Сметаме дека тоа е сериозен ризик и затоа го ограничуваме нивното работење до 18:00 часот. “ – изјави Филипче.Во однос на тоа како би се забраниле домашни собири, Филипче потсети дека кога се носеа измените на Законот за заштита на населението од заразни болести беше укажано дека интегритетот на домот е загарантиран и тоа е противуставно. Поради тоа усвоени се препораки да нема домашни собири, да нема собири во викенд населбите, а такви сценарија е случуваа кога имаше долги карантини.„Препорачуваме да нема ниту организирани прослави во општините, на плоштадите, во работните организации, нешто што знаеме дека вообичаено се случува. Апелираме да нема прослави и собири согласно мерките кои се на сила за забрана за групирање, на пример како иницијатива на верските заедници, имаме и верски празници пред нас. Еден сериозен дел од тоа каков ефект ќе имаат овие мерки, секако зависи од одговорноста на граѓаните. И тоа е така насекаде на светот“, рече министерот Филипче и укажа дека иако досегашните мерки даваат резултат, ситуацијата е далеку од тоа дека треба да се опуштиме и апелираше граѓаните доследно да се придржуваат до сите мерки за заштита и превенција од понатамошно ширење на коронавирусот.

Македонија | пред 5 години

poliklinika-bolnica

Дете на хоспитализиран во ковид центар во Скопје: Татко ми е со посебни потреби и не знае да каже дали му се јаде, го боли и слично - а не можеме да добиеме инфо за него

Би сакала да остане јавно запишано дека се обидувам на сите можни начини да добијам информација за мојот татко кој е моментално во ковид центарот на неврологија. Тој е човек со посебни потреби, не знае да каже дали го боли, дали му се јаде, дали не му е добро. Притоа има скршен колкк, го оперираа во градска болница пред 2 недели каде најверојатно го заразија и со ковид и ни го предадоа со изглед на мртовец со 20 килограми помалку затоа што не знаеме дали го хранеле, се вели во објава на социјалната мрежа Фејсбук.Во продолжение на истата се додава:Комплетно како фамилија сме изигнорирани од персоналот на неврологија и бараме стотици начини и контакти да дознаеме барем една реченица за неговата состојба. Не само што сметам дека е ова дрско, безобразно и нехумано однесување да го држат мојот родител зад затворени врати, а ние притоа да немаме ниту една валидна официјална информација, туку вакво нешто немало ни во војна а не во 21 век со сета технологија. Треба да почнам со приватни тужби и едно 20 луѓе да си останат без пензија ама не верувам дека и тогаш ќе се оправиме.

Македонија | пред 5 години

filipce-1

Филипче: Минатата година имаше силна антиваксерска кампања, но сега е јасно какви се последиците од болест за која нема вакцина

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија Сител, потенцираше дека изминатиот период интензивно се работеше на координација и подготовка на здравствениот систем за вакцинацијата против Ковид-19. На средбите, економските оператори кои и сега складираат и дистрибуираат други вакцини од имунолошкиот календар на Министерството за здравство покажале волја и подготвеност да бидат дел од системот на прием, чување и дистрибуција на вакцините против Ковид-19 до нашите здравствени домови.Тој истакна дека во месец јануари 2021 година ќе пристигнат фрижидерите на -70 степени за вакцината од компанијата Фајзер.Филипче информираше дека преку три механизми бараме по 800 илјади дози вакцини, а целта е да се вакцинира 60% до 70% од населението, повторно нагласувајќи дека први за вакцинација ќе бидат здравствените работници, посебно оние кои работат со ковид пациентите, понатаму повозрасните граѓани над 65 години, пациентите со хронични болести, осоебно оние со хронични болести на белите дробови, срцето.Вакцината ќе биде бесплатна за граѓаните и на доброволна основа, но со цел да се подигне свеста за потребата од вакцинација, Филипче најави дека се подготвува кампања, воедно и дека ќе бидат преземени сите мерки, вклучително и повикување на одговорност за оние кои ќе шират лажни вести во врска со неефикасноста на вакцината или нејзината поврзаност со некои болести.„Видовме и бевме сведоци на силна антиваксерската кампања минатата година за време на епидемијата со морбили. И тогаш имавме сериозен проблем. Но сега, повеќе од било кога е јасно какви се ефектите и последиците од болест за која немаме вакцина.“, посочи Филипче.

Македонија | пред 5 години

grubi

Нападнат Артан Груби - жена му ја искршила шофершајбната на автомобилот

Револтирана жена го искршила ветробранското стакло на службениот автомобил кој го користи вицепремиерот Артан Груби, јавува порталот Лидер.мк.-Денеска околу 12,00 часот пред Собрание на РСМ од страна на В. Ј. (38) год. било скршено предното ветробранско стакло од ПМВ Пасат сопственост на Влада на РСМ. Од страна на полициски службеници лицето е приведено во ПС Центар. Се работи на расчистување на случајот, информираат од МВР за порталот.

Македонија | пред 5 години

1-1

МВР: Употребата и продажбата на пиротехнички средства е казнива, апелираме до граѓаните да не користат петарди

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека и годинава спроведува превентивна кампања, со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.Така, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.

Македонија | пред 5 години

noz-ubistvo-napad

Поведена постапка заради разбојништво

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 21 – годишен жител на Битола, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот на 11.12.2020 година, околу 23:50 часот влегол во продавница лоцирана на улицата „Партизанска“ наспроти Клиничката болница во Битола со намера противправно да присвои туѓ имот. Тој маскиран со црна безбол капа, ракавици и заштитна маска во црна боја, се приближил до касата, од џебот извадил опасно орудие – нож, започнал да замавнува со него и се заканил дека ќе нападне врз животот на вработената, по што ја отворил касата и одзел од оштетеното правно лице парични средства во износ од 79.200,00 денари.Поради постоење на околности кои укажуваа дека притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, постоење на околности кои укажуваа на опасност од бегство и страв дека осомничениот ќе влијае на сведоци или пак ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Битола до надлежниот суд достави предлог на осомниченото лице да му биде определена мерката притвор. Судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања