Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Mickoski

Мицкоски: Нема да учествувам на лидерска средба организирана од Пендаровски, не ја гледам неговата улога тука

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес едно од новинарските прашања за лидерска средба нагласи дека нема да учествува на лидерска средба што ќе ја организира претседателот Пендаровски.„Јас уште пред неколку месеци кога, практично, беше навестено ова што се случува, побарав лидерска средба. Ќе ве потсетам дека пред повеќе од една година побарав дефинирање, на таа лидерска средба кај Стево Пендаровски, на нашите црвени линии со што ќе им се олеснеше на политичарите кои што преговараат, но и на историчарите кои што преговараат во многу нешта нивната позиција. Но, вие не можете да придонесете ако го гледате претседателот на владата, кој што дава интервју за медиум кај нашиот источен сосед, каде што се тргува и комплетно се урнисуваат сите преговарачки позиции на државата. Вие и да правите стратегија, после тоа интервју е невозможно таа стратегија да ја имплементирате. Зошто? Затоа што гледате дека во тие триесетина минути, овој човек, све што вие сте изградиле, урнал. И сега, ако ние сите треба да бидеме флип флоп политичари, денес за утре, луѓе кои што функционираат пазарџиски наместо стратешки, тогаш за жал нема соговорник кај нас. Но, доколку се одважеше и наместо цела недела, буквално да дехидрира на плукање врз мене и на плукање на опозицијата и да прифати подадена рака да организира лидерска средба, тогаш ние денеска ќе имавме, можеби поинаква ситуација. Она што може да го прави опозицијата, ние како ВМРО-ДПМНЕ го правиме, а тоа е, кај нашите сестрински партии во рамките на Европската народна партија да разговараме и да ги убедуваме за нашите позиции и за нашите, би рекол, црвени линии кога станува збор за преговорите и нашата амбиција да бидеме дел од Европската унија“, истакна Мицкоски.Мицкоски додаде дека не може да биде пазарџија, ниту пак да биде политичар кој што ги менува позициите од ден на ден, ниту пак да ги пере сите оние грешки кои што ги прави Зоран Заев, кога буквално ги урива сите позиции кои со децении се креирани.„Не ја гледам улогата на Стево Пендаровски во оваа лидерска средба. Стево Пендаровски не е лидер на политичка партија. Ако е потребна поддршката на политичките партии, ние политичките партии да разговараме за нешто, тогаш се знае, треба да седнат политичките партии и да разговараат. Се знае, еве кој е тој кој што треба да ја свика таа лидерска средба, ние неколку пати до сега ја побаравме таа лидерска средба. Ако цени дека треба да седнат политичарите да разговараат на таа лидерска средба, стојам на располагање“, рече Мицкоски.Мицкоски посочи дека на еден таков формат, кој би бил организиран од Стево Пендаровски, нема да учествува на таква средба, бидејќи не ја гледа улогата на Стево Пендаровски во една таква лидерска средба. Доколку седнат политичките партии и дојдена е иницијатива од страна на Владата, да ќе ја прифати и ќе учествува на таква.„Па да го видиме дневниот ред најпрвин кој ќе биде дневниот ред, прво да се случи таа лидерска средба, откако ќе се случи претпоставувам ќе има дневен ред таа лидерска средба и врз основа на тој дневен ред ќе излеземе со наша позиција да го дополниме тој дневен ред ако видиме дека тоа што е опфатено за таа лидерска средба ги содржи практично и барањата или не. Доколку не ги содржи ќе предложиме дополнување на тој дневен ред доколку и тоа дополнување се игнорира, нема да бидеме дел, не планираме кловнови да бидеме и да изиграваме циркуска атракција таму. Или ќе зборуваме за суштина или театри не ни требаат доста е. Доста е веќе, народот е уморен од тоа“, појасни Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

seksualni-rabotnici

Сексуалните работници бараат да бидат вклучени во владините економски мерки

Оваа година, ние сексуалните работници здружени во СТАР, прв колектив на сексуални работници на Балканот, и нашите поддржувачи ХОПС – Опции за здрав живот Скопје и Коалиција Маргини по 13-ти пат се приклучуваме кон глобалното одбележување на 17 Декември – Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. Овогодинешната кампања насловена „НИЕ” ја посветуваме на борбата против насилството и дискриминацијата со кои се соочува нашата заедница, особено во кризни ситуации како што е актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19, се вели во соопштението на СТАР, објави mk.tv21.tv. „НИЕ” е кампања преку која сексуалните работници сакаат да испратат пораки до јавноста и институциите за проблемите и потешкотиите со кои се соочуваат за време на пандемијата на коронавирусот.– Сакаме да потенцираме дека сме сериозно погодени од кризата предизвикана од Ковид-19, од здравствен, економски и социјален аспект. Кризата не втурна во сиромаштија и во сериозни ризици по нашето здравје, додека не добиваме никаква поддршка од институциите со цел да се намалат негативните последици од кризата по нашата благосостојба, пишува во соопштението.Сексуалните работници како особено ранлива попоулација во време на пандемијата на коронавирусот, бараат вклучување во владините социо-економски мерки за заштита, пристап до соодветни заштитни здравствени услуги со цел превенција на ширење на вирусот, подеднакво уживање на работничките права, полесен пристап до социјална помош, како и надминување на стигмата, неправдата и дискриминацијата која е присутна кон нашата заедница од повеќе аспекти.Клучни барања од институциите за заштита и поддршка на сексуалните работници се да бидат препознати како особено ранлива популација на КОВИД-19 и последиците од КОВИД-19, да се формулира пакет социо-економски мерки со цел таргетирана поддршка за оваа заедница, да се обезбеди непречено функционирање на услугите и програмите за ХИВ, намалување на штетите од употреба на дроги, превенција и поддршка на жртви на насилство за време на пандемијата, да им се овозможи континуиран пристап до квалитетни здравствени услуги, помеѓу кои и олеснет пристап до хормонска терапија на трансродовите лица, да бидат вклучени во процесите на креирање национални протоколи и политики како одговор за време на пандемијата, да се препознае сексуалната работа како работа и да се почитуваат нивните работнички права и да им се обезбеди здравствена и социјална заштита за време на кризата.Текстот во целост на: mk.tv21.tv. 

Македонија | пред 5 години

BITIKI0

Фатмир Битиќи позитивен на корона вирус

Вицепремиерoт за економски прашања Фатмир Битиќи е позитивен на корона вирус.Тој, на социјалната мрежа Фејсбук сам информираше за својата состојба и апелираше задолжително да се носи заштитна маска.Битиќи информира дека е во стабилна состојба и се надева дека ќе помине со лесно.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-test

Денеска починати 26 лица, а бројот на новопозитивни значително опаднат

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 741 тестирања, а регистрирани се 213 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-103, Куманово-16, Штип-9, Прилеп-9, Тетово-16, Струга-4, Велес-5, Битола-2, Охрид-1, Кавадарци-19, Гостивар-9, Струмица-3, Радовиш-2, Кочани-1, Пробиштип-3, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-2, Неготино-5.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 632 оздравени пациенти од: Скопје-169, Куманово-33, Штип-36, Прилеп-57, Тетово-21, Струга-20, Велес-33, Битола-43, Охрид-26, Кавадарци-27, Гостивар-34, Гевгелија-13, Струмица-9, Крива Паланка-5, Радовиш-9, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-4, Македонски Брод-4, Валандово-4, Виница-3, Кратово-2, Свети Николе-13, Кичево-25, Ресен-8 и Неготино-19.Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (80, 69, 89, 87, 77, 79 и 60г), тројца од Куманово (62, 72 и 80г), еден од Прилеп (70г), четири пациенти од Тетово (81, 50, 72 и 60г), еден од Струга (62г), тројца од Битола (80, 60 и 66г), еден пациент од Охрид (69г), еден од Гостивар (69г), еден од Струмица (80г), еден од Крушево (69г), еден од Виница (58г), еден од Делчево (78г) и еден пациент од Свети Николе (69г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73851, бројката на оздравени пациенти е 50046, на починати е 2147, а бројот на активни случаи изнесува 21658. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 31871, активни 11307• Куманово 4285, активни 639• Дебар 562, активни 165• Штип 3072, активни 437• Прилеп 3675, активни 893• Тетово 4411, активни 976• Струга 1785, активни 441• Велес 2451, активни 661• Битола 2654, активни 843• Охрид 2042, активни 591• Кавадарци 1717, активни 630• Гостивар 3087, активни 807• Гевгелија 945, активни 285 (66 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 158 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2007, активни 568• Крива Паланка 525, активни 122• Радовиш 523, активни 127• Крушево 150, активни 71• Кочани 1429, активни 251• Пробиштип 408, активни 67• Демир Хисар 219, активни 45• Македонски Брод 198, активни 32• Пехчево 120, активни 22• Берово 452, активни 105• Валандово 254, активни 55• Виница 418, активни 120• Делчево 605, активни 293 (172 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 172, активни 25• Свети Николе 980, активни 196• Кичево 1448, активни 349• Ресен 563, активни 178• Неготино 823, активни 357 (123 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 741 теста се преку: ИЈЗ-229, ЦЈЗ Скопје-32, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -88, Жан Митрев (Филип Втори)-111, Систина со PCR метода -204, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-7, ГАК-30, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -40, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 365.599 тестирања на Ковид -19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 732• Гази Баба – 1690• Аеродром -1556• Карпош – 1416• Центар – 1249• Кисела Вода – 1481• Ѓорче Петров – 1022• Бутел - 587• Шуто Оризари – 194• Студеничани – 59• Сарај – 175• Арачиново -22• Илинден – 311• Сопиште – 68• Чучер Сандево – 102• Петровец –116• Зелениково -105• Странец – 257• Нераспределен- 165

Македонија | пред 5 години

14122020_Hesenska-nagrada-za-mir

Премиерот Заев и поранешниот премиер Алексис Ципрас ја добија Хесенската награда за мир

Претседателот на Покраинскиот парламент на Хесен – СР Германија - Борис Рајн попладнево на специјална церемонија им ја додели Хесенската наградата за мир за 2020 на премиерот Зоран Заев и на поранешниот премиер Алексис Ципрас.Заради пандемијата со КОВИД-19, наградата за мир од Хесен на Фондацијата Алберт Освалд, оваа година се додели за прв пат во дигитална форма. Премиерот Зоран Заев својот дел од наградата во висина од 25.000 евра го донира во Солидарниот фонд (Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот КОВИД-19). Меѓу лауреати на оваа многу значајна награда е и Далај Лама.„Со Хесенската награда за мир, ние им оддаваме чест на две лица кои водеа кампања за мир и меѓународно разбирање и кои успеаја да решат конфликт што влече корени длабоко во историјата“, рече претседателот на Покраинскиот парламент, Борис Рајн.„Како тогашен грчки премиер и премиер на Македонија, двајцата постигнаа договор во повеќедеценискиот конфликт меѓу нивните земји Грција и Македонија околу името „Македонија“. Постигнаа вистински дипломатски подвиг што никој досега не го сторил. Без нив, спорот за името што трае од осамостојувањето на Македонија во 1991 година ќе продолжеше да тлее и спорот меѓу двете соседни земји ќе продолжеше да го дестабилизира целиот балкански регион. Скоро триесетгодишниот спор за името меѓу Република Македонија и Грција беше мирно решен на 12 февруари 2019 година со договор. Пронајден е компромис, во иднина името на новосоздадената држава во 1991 година да биде „Република Северна Македонија“. За прв пат започна период на добрососедски односи и се отвори патот за Северна Македонија како сојузник во НАТО и партнер во Европската Унија. И овој успех има влијание далеку надвор од регионот. Мировниот договор испраќа сигнал до светот. Не постои само правото на најсилниот. Дури и во денешниот свет сè уште постои патот на почит и компромис, патот на мирот и стабилноста. И со тоа, победниците не направија ништо помалку од тоа да го продолжат европскиот пат на одличен начин без да мора да се откажат од националниот идентитет“, потенцираше претседателот на Покраинскиот парламент.„Зоран Заев и Алексис Ципрас отстапија од моделот на инсистирање на максимални позиции и исклучување на договор како пораз или предавство. Притоа, тие ја загрозија нивната политичка кариера и мораа да преговараат за бројни компромиси и отстапки во рамките на нивните парламенти. Договорот е поврзан со надеж за добра соработка и партнерство меѓу Северна Македонија и Грција. Решавањето на споровите е пример за помирување на регионот и Европа како целина“, рече членот на одборот, професор др. Никол Дајтелхоф.Претходните добитници на Хесенската награда за мир:1994 Маријана Хајберг-Холст, Норвешка1995 Џон Хјум, Северна Ирска1996 Грегорио Роза Чавез, Салвадор1997 Ханс Кошник, Германија1998 Александар Лебед, Русија1999 Џорџ Ј. Мичел, САД2000 Марти Ахтисари, Финска2001 Макс фон дер Стоел, Холандија2003 Лахдар Брахими, Алжир2004 Ханс Бликс, Шведска2005 Неговата Светост 14-ти Далај Лама2006 Даниел Баренбоим, Израел2007 Кристијан Шварц-Шилинг, Германија2008 Сем Нан, САД2009 Деха Ибрахим Абди, Кенија2010 Исмаил Хатиб, Палестина2011 Садако Огата, Јапонија2012 Елизабет Декри Варнер, Швајцарија2013 Д-р Мухамед Ашафа и д-р Џејмс Вује, Нигерија2014 Рубем Сезар Фернандес, Бразил2015 Ела Михајловна Полјакова, Русија2016 Федерика Могерини, Италија2017 Карла дел Понте, Швајцарија2018 Проф. Шебнем Корур Финканчи, Турција2019 Д-р Абиј Ахмед, ЕтиопијаВо прилог интегралното обраќање на претседателот на Покраинскиот парламент на Хесен – СР Германија - Борис Рајн.

Македонија | пред 5 години

micko

Мицкоски: Или нека докажат кои се тие центри за кои сум работел или нека ми се извинат зошто лажеле

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција се осврна и на тоа што Владата не гледа вина кај себе за бугарската блокада како и за константните напади од Владата и нивните слуги за наводни обвинувања и работа за странски интереси.„Бидејќи три години сум континуирано нападнат од истата таа влада подбуцната со нивните слуги кои што во моментот се надвор од структурите на ВМРО-ДПМНЕ и лиферуваат разно разни погрешни информации за мене еве нека документираат и нека покажат кои се тие би рекол центри на влијание од надвор за кои што јас сум слугувал дека сум работел против државата и така натаму па не мора да ги спонзорираат во намерата како што тоа го правеа ова лето, еве јас утре дента ќе заминам од овде. Во спротивно треба да се извинат, треба да излезат и да се извинат и да речат конечно еве се извинуваме на Мицкоски пошто лажеме цело време како што ни е практично карактерна особина дека тој работел спротивно на државните интереси“ рече Мицкоски.Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на тоа дека доколку се користат со такви шпекулации, тој повикува да достават докази и да документираат случај, во спротивно треба да му се извинат.„Еден доказ нека покажат, затоа што говорејќи такви работи официјални лица на владата станува збор дека тие добиваат информации од центри кои што ги плаќаат граѓаните како што се Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и така натаму нека документираат еден случај и јас одма истиот ден сум подготвен да сносам одговорност во спротивно нека се извинат затоа што на тој начин ја девалвираат работата на сите оние професионалци и во Агенцијата за национална безбедност и во Агенцијата за разузнавање. Нека докажат, нека документираат дека е така во спротивно тие се тие кои што работат за интересите“ нагласи Мицкоски.Мицкоски потсети и дека четврта година по ред не добивме дата за прва меѓувладина конференција а Заев славеше датум неколку пати за денес тој да не чувствува никаква одговорност за блокадата.„Дали владата чувствува одговорност зошто ние еве трета, четврта година по ред не сме добиле би рекол дата за прва меѓувладина конференција па вие се сеќавате, имаше селфи во авионот, потоа во парламент овој истиот Зоран Заев како би рекол комедијата, ни велеше пукнете ама ние имаме дата за преговори така ли беше? Од тогаш имаме десетина прес конференции дека имаме дата за преговори, три години тонеме во оваа политичко наше мочуриште, три години не убедува дека ние всушност ние преговараме, само што не сме влегле. И за денеска после три години истиот тој човек ни каже дека не чувствува никаква одговорност во ова политичко наше мочуриште. И за денес после три години истиот тој човек ни каже дека не чувствува никаква одговорност“, кажа Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

14122020_Pres_100-dena-od-rabotenjeto-na-Vladata_3

Заев: Апелирам на европски вредности, меѓусебно разбирање и пријателство, а воздржаност од говор на омраза од двете страни

„Говорот на омраза за жал е подигнат од двете страни, и уште еднаш ја користам приликата да апелирам до сите. Ние сме прво кроток и добар народ и се сме пријатели. Прво до нашите граѓани дека должност ни е да градиме пријателства, и заради сегашните и заради идните генерации“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на новинарско прашање за пројавите на говорот на омраза на релација меѓу Северна Македонија и Бугарија поставено на настанот по повод реализираното во првите 100 дена на актуелната Влада.Премиерот Заев упати апел и до граѓаните на пријателска Бугарија да се воздржат од било какви провокации затоа што тоа никому не му носи добро. Воедно истакна дека пријателствата се благодат и дека низ призма на пријателството сите ќе не почитуваат повеќе и во регионот и во Европа.Претседателот на Владата истакна дека како одговорни политичари постојано работат на спречување и демотивирање на вакви процеси.„Не само заради тоа што чекаме од Бугарија да го тргне ветото . Туку и затоа што тоа не е добро за нашиот народ. Ние сакаме низ пријателство да развиваме инвентивност, идеи, нови инвестиции, и наши во Бугарија и бугарски овде, коишто ќе отвораат работни места, ќе ги покачуваат платите, коишто ќе овозможат средношколски турнири во фудбал, одбојка, ракомет, кошарка и во сите спортови, каде ќе се пренесува знаењето и меѓусебното разбирање и поддршка. Тоа е тоа што ни треба, тоа е европскиот пат. А ние знаеме дека друг пат не постои“, истакна премиерот Заев.Во однос на навредите упатени од страна бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов кон македонскиот дел од Мешовитата историска комисија, како и од страна на некои бугарски историчари кон македонскиот народ, премиерот Заев истакна дека на сите навреди јавно се реагира и секогаш ќе се продолжи да се реагира.„Ова е навреда и нормално дека ги повредува нашите чувства. Секако остануваме на апелот да се воздржуваме од провокации и навреди заради тоа што навистина тоа не нѐ носи никаде. Тоа не носи повторно во изолација едни со други, во непријателства и слично. 21 век сме, трета деценија. Борбата во светот е на друг план, на 4-та индустриска револуција, на технолошки развој и навистина како европски политичари, како политичари коишто градиме пријателство мораме да ги користиме зборовите на пријателство“, истакна претседателот на Владата.Воедно премиерот Заев нагласи дека и во Република Северна Македонија и во Република Бугарија мнозинството од граѓаните ги поддржуваат процесите кои градат пријателство и соработка, европските вредности кои носат просперитет за сите.

Македонија | пред 5 години

Otvoranje-bul.-Bosna-i-Hercegovina-1

Првиот дел од булеварот Босна и Херцеговина отворен за сообраќај

Екипите на Град Скопје ја завршија изградбата на првиот дел од новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина, кој изминативе месеци прерасна од улица со две ленти во современо булеварско решение со шест сообраќајни ленти и комплетна инфраструктура.- Ми претставува огромно задоволство, денеска, во присуство на амбасадорот на Република Босна и Херцеговина во нашата земја, во присуство на градоначалниците на општините Бутел и Чаир и на советници од Советот на Град Скопје и официјално да го пуштиме во употреба првиот дел од булеварот Босна и Херцеговина, инвестиција вредна околу 100 милиони денари. Се сеќавате дека овде имаше една стара улица која исто се викаше Босна и Херцеговина и која 50-тина години не беше реконструирана. Сега, сведочиме на најмодерно сообраќајно решение, со целосна инфраструктура, шест сообраќајни ленти, две велосипедски и две пешачки патеки, средишно зеленило и странично зеленило. Овој булевар всушност е дел од секундарниот северен прстен за којшто разговаравме во текот на кампањата во 2017 година и ова е неговата реализација. Булеварот се протега од улицата Македонско-косовска бригада до раскрсницата со улиците Александар Урдаревски и Ќемал Сејфула. Тој ги поврзува граѓаните на општините Шуто Оризари, Карпош, Чаир, Бутел и Железара со преостанатиот дел од градот и заедно со булеварот Христијан Тодоровски Карпош претставува брз излез на обиколницата. Во чест на Република Босна и Херцеговина денеска го отвораме овој булевар, за граѓаните да уживаат во овој квалитет што го внесуваме во Скопје – рече на денешната прес-конференција градоначалникот Петре Шилегов.Тој нагласи дека Градот Скопје и тоа како вложува во нова и современа инфраструктура, а во тек се градежните работи на булеварот Никола Карев. Шилегов упати апел до граѓаните додека се изведуваат реконструкциите на градските улици да се придржуваат кон сообраќајните режими што се воведуваат за да се овозможи побезбедно одвивање на сообраќајот.На отворањето за сообраќај на булеварот Босна и Херцеговина денеска присуствуваа и амбасадорот на Република Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ, градоначалниците на општините Чаир и Бутел, Висар Ганиу и Велимир Смилевски и советници од Советот на Град Скопје.

Скопје | пред 5 години

14122020_Pres_100-dena-od-rabotenjeto-na-Vladata_4

Заев: Нема застој во размената на идеи и предлози со Бугарија за надминување на прашањата што го запреа процесот за нашето членство во ЕУ

Во врска со преговорите со Бугарија и за содржината на нонпејперот и разговорите на специјалниот претставник на Северна Македонија Владо Бучковски во комуникацијата со Софија, премиерот Заев подвлече дека со бугарската страна постојано се разменуваат идеи за надминување на пречките.„Тоа се размена на идеи коишто постојано ги даваме, и ќе продолжиме да ги даваме се додека не ги надминеме проблемите и пречките коишто од страна на Бугарија се испречија на нашата европска интеграција. Тука е Акциониот план којшто е изработен заедно министерот за надворешни работи, со потпретседателот на Владата за европски прашања, и со Канцеларијата на претседателот на Владата како дополнителна мотивација за поефикасна и побрза имплементација на Договорот со Бугарија“, рече премиерот Заев.Тој повтори дека дел од одговорот за пријателство и добрососедство со Бугарија е меѓусебно, реципрочно немешање во внатрешните работи на двете земји, вклучително и малцинските права, бидејќи тоа е меѓународно уредено и кај нас и во Бугарија и сите земји кои се членки во НАТО и Европската Унија, ООН.Премиерот Заев јавно испрати порака дека ниту сме се мешале, ниту ќе се мешаме во работи кои се однесуваат на граѓани на туѓа држава.„И од тој аспект, потврдуваме дека скратеното име Северна Македонија е исто како Република Северна Македонија и однесува на актуелните политички и географските граници и меѓународно прифатеното име на земјата. Немаме територијални претензии. Тоа го докажавме и според стандардите на НАТО со понудата Бугарија да биде уште еден заштитник на македонското небо“, подвлече премиерот Заев.

Македонија | пред 5 години

3-2

Маричиќ презентираше дел од критериумите за прочистување на судството и обвинителството

На прес-конференцијата по повод одбележувањето на првите 100 дена од формирањето на Владата, Маричиќ најави дека методологијата за филтрација на судството и обвинителството е при крај и дека очекува Судскиот совет до крајот на оваа недела истата да ја разгледа и усвои.Потоа, на 28 декември методологијата ќе се најде на седница на Советот за реформи во правосудството, а врз основа на тоа по нејзиното донесување и крајно утврдување ќе биде и објавена за јавноста.- Она што можам сега да го кажам, а што е врзано со оваа методологија е дека мал дел од критериумите за филтрирање би биле утврдување дали има неоправдано одложување на рочишта од страна на судиите, непочитување или пречекорување на законските рочишта, застарување на гонење или извршување на санкциите во кривичните предмети, неправилна одлука или приговор за застареност од странките, потенцираше Маричиќ.

Македонија | пред 5 години

mileski

Милевски: Во наредните 10 дена спроведуваме широк процесна консултација за новата Програма за локален развој и децентрализација

Министерството за локална самоуправа почнува со подготовка на нова Програма за локален развој и децентрализација, документ со кој Владата ги определува целите и приоритетите за развој на локалната самоуправа и спроведувањето на процесот на децентрализација, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.- Документот ќе биде 6 годишен и ќе биде покриен со два тригодишни Акциски планови. Програмата ја подготвуваме со поддршка на УНДП. Програмата за локален развој и децентрализација е документ кој што секторски навлегува во политиките на скоро сите министерства и затоа е неопходно директно учество на сите, вклучувајќи и други надлежни институции, ЗЕЛС, локалните власти и граѓанскиот сектор. Од денеска во наредните 10 дена, секој ден ќе се одржуваат тематски консултативни он-лајн состаноци со сите засегнати страни, порача тој.Како што објасни Милевски целта на документот е да се одредат приоритетите и мерките кои ќе ја подобрат функционалноста на локалната самоуправа од сите аспекти.- Министерството за локална самоуправа во соработка со УНДП во изминатите две години има организирано десетина форуми на кои што имаа можност сите инволвирани страни да ги пренесат своите знаења и искуство. Во целиот процес влегуваме подготвени, со веќе скицирани приоритети кои што и во наредните денови ќе бидат дискутирани. Исто така ќе биде разгледана и правната рамка и евентуална потреба од нејзино менување, рече Милевски.Според Милевски, приоритет на Владата е децентрализацијата да продолжи во сите области каде што условите се зрели за пренесување на нови надлежности и соодветни финансиски средства.-Едно од клучните прашања е фискалната стабилност и одржливост на општините. Тука очекуваме најголем придонес од Министерството за финансии и од министерствата кои што финансираат надлежности преку блок дотации. Предлагаме воведување на систем за порамнување како поддршка на помалите и посиромашните општини и систем за перформанси, како награда за поуспешните. Исто така и преиспитување на блок дотациите, за да обезбедиме поправична распределба на средствата за сите општини. Наместо институционална да обезбедиме функционална децентрализација, рече тој.Вториот исто толку важен приоритет што го посочи Милевски е локалниот економски развој, како и подинамичен, зелен локален раст и развој.-Акцентот го ставаме и на услугите-административните, преку нивна дигитализација, комуналните, социјалните услуги кои што се споделена надлежност меѓу локалната и централната власт и секако потребата од подобрување на механизмите за транспарентност, отчетност и вклученост на граѓаните, рече Милевски.

Македонија | пред 5 години

haktan

Левица побара од Уставниот суд да ја укине функцијата на Артан Груби

Левица поднесе претставка до Уставен суд за оценување на уставноста и законитоста на подзаконски акт, односно Деловникот за работа на Владата, којшто владата на СДСМ и ДУИ го променија во месец Септември.  Имено, станува збор за ново-воведената функција – „прв заменик на претседателот на владата“, којашто всушност е неуставна категорија, поради тоа што истата е воведена со измени и дополнувања на ДЕЛОВНИК на Владата, истакна Реџеп Исмаил – Хактан, член на Президиумот на Левица.Исмаил – Хактан додаде:Потенцираме дека, уредувањето на Органите на државната власт е иманентно уставна материја и оттаму неможе да се воведуваат нови функции во извршната власт, ниту со закон, а не пак како во случајов со подзаконски акт!Со ваквите измени на Деловникот за работа на Владата, каде се предвидува нова ваква функција, Власта ги пречекорува уставните ограничувања на владата, како извршна власт и буквално со ваквото нејзино самоволие, таа врши еден вид централизација на целокупната власт во себе и покажува тенденција за доминација во сите сфери на општественото живеење, затоа што ова сериозно го нарушува принципот на тријалистичка поделба на власта, како темелна вредност на нашиот устав.Дури ни со Законот за Влада не е допуштено воведување нови државни функции, а не пак тоа да се прави со обичен Деловник, кој патем Владата сама си го носи. Ваквото самоволие на власта мора да биде спречено од страна на Судот, поради опасноста од тенденцијата – Владата да ја узурпира и законодавната власт, како во овој случај кадешто со деловник си уредува уставна материја.Очигледно дека ваквото самоволно измислување на дебело платени функции е производ на партиските пазарења помеѓу коалиционите партнери, со цел задоволување на афинитетите на своите партиски членови, а сето тоа на штета на сите нас.Врз основа на нашето искуство со Уставниот Суд како неагилен, односно со неговите служби како исклучитело нетранспарентни и ненавремени во информирањето, како подносители, БАРАМЕ да бидеме перманентно и навремено известувани за постапувањето во однос на оваа наша иницијатива, како и за исходот од истата, истакна Реџеп Исмаил – Хактан.

Македонија | пред 5 години

mickoski

Мицкоски: 100 дена Влада на постојани загуби, Владата нема алтернатива за слепата улица по ветото од Бугарија

Темата на денешната прес конференција е слепата улица и блокадата која нашата држава ја има од Источниот сосед.Но дозволете, денес гледам дека Владата на 107 ден всушност одбележува 100 дена од новата Влада. Поточно како што каснат во се, така задоцнија и со ова нивна би рекол шарена промоција.Но ќе ми дозволите, пред да се фокусирам на главната тема да кажам збор два за овие 100 дена иако главната прес конференција ја имавме пред неколку дена, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски додаде:Денес видовме прес конференција која треба да влезе во учебниците за тоа како изгледаат лажните вести. Или народски да се изјаснам „млатење празна слама“. Ова се најлошите 100 дена на било која влада досега, од која што може да се запаметат само загуби. 100 дена Влада на постојани загуби.За само 100 дена добивме вето на патот кон ЕУ. Влеговме во економска рецесија, пропадна банка, втор ТАТ, афера тешка 200 милиони евра, поскапе електричната енергија за домаќинствата, за жал 1.400 наши сограѓани во овие 100 дена го загубија својот живот од пандемијата поради акутната неспособност во здравството, и повеќе од 2.000 од денеска.Во Македонија се умира поради тоа што здравствениот систем е отруен од инфицирачка неспособност да се менаџира со него.Заслуга на Владата е на првото место за криминал во Европа. Зачудувачки и запрепастувачки криминал. И не мора јас да ви кажувам колку се лоши овие 100 дена. Секој од вас нека си го постави прашањето кој проект или мерка изградија и завршија Зоран Заев со која направи вие да живеете подобро. Одговорот е јасен, нема такви.Гледам дека им пречи што критикуваме во првите 100 дена. Велат немаме мирни 100 дена. Но треба да се знае дека ова не е нова Влада. Туку Заев ни одзема речиси четири години од нашите животи со најлошите 100 дена. А, од сите нас, од сите вас зависи колку ќе му дадеме можност да продолжиме да губиме.Таква голема загуба е и ветото од кај нашиот Источен сосед, паднаа во вода сите лаги на власта дека Зоран Заев ќе обезбедел европска, достоинствена иднина. Но она што е загрижувачки е што постои хазадерската игра на Зоран Заев со идентитетот, историјата, јазикот. Човекот игра и губи со нашите вредности и обележја. Внимавајте он игра со „all in“ со вас и вашите животи. Војува и губи со туѓи синови. Но не ни треба доказ дека ќе ги стави на маса идентитетските обележја туку едноставно е доволно човек да остане фокусиран 30-тина минути и да го проследи она интервју кое што го даде за медиум од кај нашиот Источен сосед.Но она што е загрижувачки е што продолжува со коцкањето. Го избра за специјален претставник својот еквивалент Владо Бучковски. Од медиумите дознавме дека на бугарската страна било понудено решение вклучено и содржано во еден „нон пејпар“ документ. Досега во јавноста таквиот документ не се објави и покрај тоа што треба да му веруваме на Зоран Заев и Бучковски дека дал гаранција дека немаме територијални претензии, нешто што државава го прави по трет и веќе станува понижувачки. Ние немаме информации што содржи понудата на Заев и неговиот „нон пејпар“.А, ценејќи според дарежливоста на Заев за коцкање со туѓите интереси можеме само да замислиме што се содржи овој документ.Втората работа што е исто така значајна, Зоран Заев призна дека бугарскиот премиер лобирал за решавање на македонско-грчкиот спор. И оттука не слушнавме никаква ама буквално никаква реакција од кај нашиот источен сосед дали ова е точно или дали ова претставува флагрантно мешање во внатрешните работи на туѓа држава.Значи за македонскиот премиер не е пречка што друг премиер се вклучува во внатрешните работи на други земји. Но, проблем е што опозицијата и сите релевантни фактори во земјата се држат настрана кога станува збор за спорот со Бугарија.Да потсетам Зоран Заев не смета дека е потребно дури на лидерска средба да објасни што и како преговарал, а на маса идентитетот директно. Самите историчари од Бугарија признаа дека се разговарало за придавката македонски.Трето, пред три дена соопштив дека Бојко Борисов директно ми призна дека Зоран Заев му ветувал дека многу работи само да дојде до премиерското место. Од страна на власта молк. Од страна на Зоран Заев молк. Затоа она што можеме да го забележиме изминативе неколку дена е аквизицијата на компанијата која што е инвеститор во рудникот „Иловица“, се сеќавате оној истиот рудник „Иловица“ на кој што Зоран Заев им ветуваше на жителите таму дека нема шанси да биде рестартиран или отворен.Имаме премиер со концeсии. Најважно е која е алтернативата која ја нудат откако државата ја внесоа во слепа улица. Но, внимавајте. Алтернатива со сочувани достоинство, чест, честитост, идентитет и гордост. Кој е нивниот план да ја развиваат Македонија или ќе се помират со тоа да останеме во чекалницата? Македонија заслужува европска иднина, а не години поминати во чекање.Изгубивме многу и продолжуваме да губиме.Заев и Димитров се тандемот кој ветуваа европска иднина. Распродадоа се што можеше да се распродаде овие 4 години од гордоста и она малку што остана сакаат и тргуваат со него, а всушност гледаме дека не доведоа до ќорсокак.За ова мора да се понесе одговорност.Имаме повеќе чекори кои ќе водат кон рушење на владата која е без легитимитет. Но, првиот ќе биде поднесување на интерпелација за Димитров во Собранието. Има да одговорат на прашањата кои целата јавност ги поставува. Доста е за загубите кои се колективни поради нивната неспособност, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

janko-bacev

Единствена Македонија: Вчера победија Штипјани, Николов со 24 отсто гласови е нелегитимен градоначалник

Штипјани можат да бидат горди на вчерашните локални избори бидејќи со големата неизлезност се фактички победник на изборите со што ја делегитимираа локалната власт на СДСМ во Штип.Сашко Николов победи со 11.668 гласови, но, тоа е само 24 отсто од вкупниот број запишани избирачи со право на глас. Штипјани и упатија силна порака на власта што мисли за безаконитето, криминалот, корупцијата, националното предавство кои владеат во земјата, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото се додава:Градоначалник со добиени 24 отсто од запишаните избирачи не може да се смета за легитимен градоначалник на Штипјани. Не случајно бил голем стравот на власта од повикот на опозицијата за неизлегување на изборите.За кава голема победа зборува синоќа Заев кога Штипјани во голем број го прифатија повикот на опозицијатата и не излегоа на гласање а Николов мораше во последните два саата од гласањето дури очајнички да купува гласови по Штип.

Македонија | пред 5 години

IMG_1728

Се вдоми првото куче од Лајка

Мими е првото куче од прифатилиштето на ЈП Лајка, кое си го најде својот дом. Вистински љубител на кучиња си го пронајде својот иден миленик и веќе ја запозна Мими со своето идно семејство.По згрижувањето во прифатилиштето на ЈП Лајка кучето Мими уредно ги помина сите третмани: крвно испитување, негативен тест на лишманија по акредитирана метода, негативен 4D тест, стерилизација, вакциниција од беснило и заразни болести.Благодарение на негователите и нивната неизмерна посветеност во прифатилиштето на ЈП Лајка, Мими се стекна со хигиенски навики и одличнo се сложува со другите кучиња.Оваа слатка убавица мала по раст е само една од изборот на кучиња спремни за вдомување во прифатилишето на ЈП Лајка, кои со нетрпение чекаат да го најдат својот иден вдомувач.

Скопје | пред 5 години

natasa

Димитриевска по сообраќајката кај „Млечен“ сеуште мака мачи со судовите, вели: Сите ТИЕ се штитат меѓу себе

Пак сум на операција на ногата, а денес добив одговор од Совет на ЈО дека ЈО Снежана Бундалевска Ѓорѓиевска постапувала правилно и по закон. Епа пријатели официјално кажувам немаме правна држава и сите ТИЕ се штитат меѓу себе, напиша на својот профил на Твитер Наташа Димиевска, сопругата на починатиот Гоце Димитриевски кој загина во сообраќајната несреќа несреќата кај Млечен. 

Македонија | пред 5 години

muzika-1

Со блех музика се славеше победата на СДСМ во Штип

Прославата во Штип заврши со гушкање и блех музика, повторно средства не се бираа за да се оствари целта, дали пред очите на јавноста или не, ним ништо не им менува.Денес алиби мерките продолжуваат да се заоструваат, како по обичај најголеми жртви угостителите, полигон за показна вежба и можност за добар ПР, се вели во објава на ФБ.Во продолжение на истата се додава:Тој што наумил пред новогодишно да оди во кафана, ќе оди, дали од 14ч до 18ч или од 17ч до 21ч е исто, само се прави полошо, со поголема концентрација на луѓе, во помала временска рамка. Мерките што веќе еднаш го скратија работно време на угостителите, не донесоа никакви резултати во однос на бројот на заразени, воедно до сега не е регистриран ниту еден кластер од угостителски објект.Што прави владата со ваквите потези?Носи мерки без никакви резултати, а знае добро дека за да има резултат единствена мерка е целосно затварање, но во тој случај ќе треба да исплати помош и субвенции, барем колку да се покријат придонеси и режиски трошоци, а ние сме речиси банкротирани и во рецесија, па оттука за такво нешто нема простор.Дали конечно комисијата или министерот ќе преземат одговорност, ако во јануари и февруари бројките растат, поради групирање во станови и викендици за празниците, каде немам никаква контрола, за разлика од угостителите што 90% ги почитуваа протоколите за работа?

Македонија | пред 5 години

14122020_Pres_100-dena-od-rabotenjeto-na-Vladata_3

Заев за 100 дена Влада: Најголемиот предизвик ни е пандемијата, немаме вина за блокадата на Бугарија

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа прес-конференција по повод 100 дена од работењето на Владата, на која премиерот Заев, заедно со првиот заменик-претседател и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, и со заменик-претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, со заменик-претседателот за координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, и со заменик-претседателот за европски прашања Никола Димитров, ги презентираа остварувањата од работењето на Владата во првите 100 дена.„На 31 август, во обраќањето во Собранието реков дека во владината програма е вградена нашата силна определба и политичка волја за континуитет во спроведувањето на заеднички прифатените стратешки приоритети на нашата земја:Успешно и ефикасно справување со светската пандемија со КОВИД-19;Нова енергија и решителност во создавање подинамичен економски раст и одржлив развој;Ефикасна правна држава и силни институции, модерно образование и внатрешна кохезија;Активно членство во НАТО и силна волја за успешен почеток и завршница на преговорите по поглавја за членство во Европската Унија.И еве не денес, 100 дена после изборот на Владата – гордо изговараме дека ние во овие 100 дена бевме тука со и за граѓаните, целосно посветени на грижа, на одговорност, на сигурност, истакна Заев.Според премиерот главниот предизвик што ги одбележа првите 100 дена од работата на оваа Влада, беше справувањето со светската пандемија со КОВИД-19.-Го реорганизиравме раководењето со државата со единствена цел – да ги ставиме сите ресурси во заштита на здравјето на сите наши граѓани. Обезбедивме целосна посветеност на сите сектори за успешно надминување на проблемите кои пандемијата ги носи со себе.Министерството за здравство аплицираше за набавка на вакцини за КОВИД-19 преку КОВАКС механизмот кој обезбедува глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација.Со цел да гарантираме полесен и побрз пристап за сите граѓани до тестови за КОВИД-19, постојано го зголемуваме бројот на тестирања. Набавивме брзи тестови за здравствените установи. Дополнително, го зголемивме бројот на болнички капацитети за лекување на пациенти со коронавирус.Пуштени се во употреба новите амбуланти на Клиниката за пулмологија и алергологија. Новиот крак од струмичката болница се пренамени како КОВИД центар. Опремен е и снабден со болнички кревети, со централен довод на кислород. Има капацитет од 100-тина кревети и ставен е во функција.Се отвори уште едно приемно одделение во Институтот за јавно здравје и се забрза процедурата за земање на тестови за КОВИД-19, истакна премиерот.Премиерот додаде дека обезбедиле поддршка за исплата на плати за последниот квартал од годината. Заедно со дополнувањето на овој пакет со нови 8 милиони евра ќе бидат поддржани близу 90.000 работни места на нашите сограѓани, на месечно ниво, односно над 250.000 плати за последниот квартал.-На 283.000 граѓани деновиве им се испорачуваат домашни платежни картички во вредност од по 6.000 денари во вкупна вредност од 27,6 милиони евра - за пензионерите, самохраните родители и другите ранливи категории граѓани.Новиот пакет обезбеди нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка на Северна Македонија, како и грантови за туристичкиот сектор, за компаниите од услужните дејности и за организирање настани како свадби и слични, за самостојните вршители на дејности, односно занаетчиите и за други категории дејности.Во првите 100 дена од работењето на оваа Влада, се потпишаа нови договори со 39 компании и 10 анекси на договори со вкупен инвестициски циклус од 56 милиони евра.Обработени и подготвени се за исплата барањата од 150 компании коишто претходните години имаат потпишано договори за поддршка на инвестиции во износ од околу 25 милиони евра.Во услови на здравствено-економска криза предизвикана од КОВИД-19, покрај справување на ефектите од пандемијата, Владата и економските ресори прават максимални заложби и ја следат состојбата – следиме во што најмногу се вложува во светот. И на тоа се базира и ќе се базира новата македонска економија, рече премиерот во своето обраќање.Во продолжение на истото тој додаде:-Енергетиката и енергетската ефикасност, заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии се иднината на развојот.Имаме одлука која ја реализираме - постепено преминуваме кон извори на чиста енергија преку примената на еколошките извори на енергија - водата, сонцето и ветерот, со цел постепено исфрлање од употреба на јагленот како извор на енергија.Ние мораме да фатиме чекор со трендовите за да имаме економски напредок. Донесовме одлука и за формирање тимови за преговори за терминалот на течен природен гас во Александропулос, Грција.Оваа иницијатива, заедно до интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, ќе обезбеди трајно и сигурно снабдување со гас за македонската гасоводна мрежа чија градба е во напредна фаза. Заедно со надградбата на постојниот нафтовод, креираме систем кој ја прави Северна Македонија дистрибутивен центар за висококвалитетни горива на Западен Балкан.Напредокот во примарната гасна инфраструктура го прави многу блиску гасот до индустријата и граѓаните. Во тек утврдување на условите за операторите кои покажаа интерес за секундарната мрежа за пренос и приклучок по ниски цени, достапни за граѓаните и стимулирачки за индустријата.Како резултат на стимулирање на политиките за чиста енергија, во овие 100 дена, е отворена и првата најсовремена фотонапонска централа на „ЕВН Македонија“ во Неготинско – Војшанци.Поставени се нови 62,5 мегавати фотоволтаици, коишто се во фаза на изградба, по пат на јавно-приватно партнерство, а успешно е завршена постапка за инсталација на 100 мегаватна фотонапонска електрана во Осломеј, каде државата очекува најмалку 10% за ресурсите кои ги нуди.На потегот Крива Паланка – Куманово имаме инвестиција потенцијално вредна 500 милиони евра за 400 мегавати ветерница. Се работи на три засебни проекти од вкупно 90 мегавати ветерници на странски инвеститори во Богданци, Демир Капија и Свети Николе. Истовремено се подготвува локација во Дебарца за 50 мегавати и дополнителни уште 100 мегавати по територијата на целата наша земја.Со поставената цел од 400 мегавати фотоволтаици и 200 мегавати ветерници во државата, правиме сериозен, многу сериозен исчекор да создадеме слика за нашата земја лидер во регионот во однос на чиста енергија, од обновливи извори.Во однос на поддршката на локалниот развој ја завршивме постапката со ТАВ за пренамена на 35 милиони евра, првично наменети за карго аеродром во штипско, кои сега се веќе определени да поддржат голем број проекти на општините, покрај дополнителните инвестиции на ТАВ на двата аеродроми во Скопје и Охрид.Овие 35 милиони евра се пренаменети за 99 проекти за 75 општини за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациони мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи, и за други проекти, рече Заев.Тој додаде дека ги дигитализирале услугите за аплицирање за стипендии и за нострификација на дипломите и свидетелствата. Со ова го олеснуваме пристапот до услугите и ја намалуваме можноста за корупција.-Она што е многу важно, во годинешниот Буџет за првпат Министерството за образование издвојува 54 милиони денари за ангажирање образовни асистенти. Овозможуваме секое дете да го развие својот потенцијал преку креирање инклузивни образовни политики и грижа за индивидуалните потреби на сите ученици.Инвестираме во науката затоа што Северна Македонија има голем број иновативни млади луѓе кои имаат многу да понудат. За прв пат е воведено грантово финансирање на научни проекти на високообразовните институции во соработка на МОН и ФИТР. Преку првиот јавен повик на факултетите и истражувачките центри им се доделени 34 иновациски ваучери во вкупен износ од 15 милиони денари. Со иновациските ваучери се покриваат до 80% од вкупните трошоци на научно-истражувачките услуги.Успешно е менаџиран процесот на отворање и на работење на детските градинки во услови на пандемијата КОВИД-19.Отворени се пет нови градинки и тоа во Општините Гостивар, Сарај, Илинден, Лозово и Брвеница со што е зголемен опфатот за 313 места. Во тек е изградбата на уште пет кои до крајот на годината ќе згрижат уште 300 деца.Во креирањето на своите политики, Владата не заборава на ниту една категорија граѓани.Започна изградба на три нови социјални згради во Демир Капија 16 станови, во Велес 29 станови и Гевгелија 52 станови, како и интензивно продолжување на изградба на 506 станови во Пробиштип, Виница, Свети Николе, Бутел и Неготино.Променет е условот за финансирање на капитални објекти. МОН со финансиски средства поддржува капитални проекти исклучиво само ако се пристапни или стануваат пристапни за лица со попреченост.Во изминатите 100 дена, конечно се изгласа Законот за спречување и заштита од дискриминација. Ја изработивме драфт верзијата на Предлог-законот за измена на Законот за работни односи за недела неработен ден и на Предлог – законот за измена на Законот за социјална заштита, за да ја намалиме на границата за лична асистенција за лицата со попреченост од 18 на шест години.Институциите мора да бидат во служба на сите граѓани, а дигитализацијата тој процес го прави многу поедноставен. Националниот портал за е-услуги е надграден со нови услуги: нострификација на дипломи, апликација за студентски и ученички стипендии, упис во училиште, упис во градинка, апликација за грант за реновирање на училишта и други.Северна Македонија има непроценливо културно наследство, а наша обврска како Влада е да го штитиме, промовираме и унапредуваме.Затоа за прв пат од 2002 година е обезбеден е рекорден буџет за заштитата на културното наследство за финансирање на културните добра од национално значење и за да се забрзаат постапките за нивна заштита и конзервација.Во црквата Св. Ѓорги во Курбиново, каде што е светски познатата фреска „Ангелот од Курбиново“ се започнати конзерваторско-реставраторски интервенции на архитектурата на црквата – активност која ќе продолжи и во текот на следната година.Владата ја поддржа и иницијативата за основање на центар за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Влахов“ во Љубојно, во регионот кој сега се препознава по Договорот од Преспа, со кој воспоставивме ново стратешко партнерство со Грција и ги обезбедивме нашите перспективи во евроатлантските и европските перспективи, истакна Заев и додаде:-Пред 100 дена, во Собранието најавив дека влегуваме во време на ред, правда и дисциплина и во време на прочистување на судството и неселективно владеење на правото.Во временската рамка на првите 100 дена на оваа Влада стигна и позитивниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија во кој се истакнува дека оваа извршна власт ја започна трансформацијата на земјата по европски терк и овозможува еднаков пристап до правдата, еднакви можности за сите и еднаквост пред законот.Правдата станува еднакво достапна за сите. Со одлуката на Уставниот суд со која стана јасно дека поништувањето на аболицијата на поранешниот претседател Иванов е уставно и законско, пропадна и последниот обид на обвинетите лица опфатени со амнестијата на Иванов да се ослободат од одговорност.Сега, предметите подигнати и водени од СЈО ќе влезат во процес на правна разрешница, низ независни, ефикасни, транспарентни и законски судски рочишта. Ќе потсетам дека само Мицкоски беше против измените на Законот за јавно обвинителство со кој се гарантираше иднината на предметите. Или што би рекол и самиот тој “тој беше единствениот кој застана на браникот на криминалот”.А, ние, за граѓаните обезбедивме уште едно олеснување за непречен пристап до правда со повеќекратното намалување на судските такси.Нотирани се остварените видливи резултати како во судството, така и во борбата против корупцијата. Воедно, оддадено е признание за добриот напредок на имплементацијата на Стратегијата за реформи во правосудството. Констатирана е и усогласеност на законската рамка за заштита на човековите права со европските стандарди во најголема мера.Со максимална почит за независноста на правосудството, Владата преку Министерството за правда го помага усвојувањето на методологијата по која ќе се изврши филтрацијата на судството и обвинителство. Тоа ќе се прави исклучиво преку телата на правосудната власт, преку која Судскиот совет и Советот на јавни обвинители ќе направи филтрација во своите редови, односно ќе ги одвои чесните од нечесните судии и обвинители.Нема да биде заштитен никој и во извршната власт доколку ги прекрши етичките норми и незаконски работи. Затоа ги разрешивме функционерите кои тоа се обидоа да го направат.Во исто време, сите законски и други услови за одржување на пописот се во завршна фаза. Законот за попис деновиве (а можеби и денес) ќе биде на конечно усвојување на пленарна седница во Собранието.Со тоа ги обезбедуваме сите услови за оваа статистичка операција од чии показатели ќе произлезат насоките за некои од најзначајните прашања за идниот стратешки развој на земјата. Граѓаните бараат попис, на државата и треба попис – ние тоа на пролет ќе го обезбедиме и овозможиме, рече премиерот.Премиерот истакна дека од оваа година Северна Македонија има уште едно одличје во сопственото брендирање олицетворено во мотото „Ние сме НАТО. Заедно сме посилни“. Како Македонци и со нашиот македонски јазик ќе бидеме и членка на ЕУ.-Со членството во НАТО нашата безбедност е гарантирана. Остварена е стратешка цел. Нашиот суверенитет и територијален интегритет се под заштита на најмоќната политичка и воена алијанса во историјата на човечката цивилизација.Во НАТО сме еднакви со најразвиените и најмоќните земји во светот. Активно придонесуваме за одржување на мирот во светот, и за подобрување на стабилноста пред се во нашиот регион што е клучен предуслов за одржлив економски развој.Завршена е процедурата за усогласување на Меморандум за соработка со НАТО на полето на сајбер одбраната и документот е подготвен за потпишување, што ќе овозможи координирана реакција на сојузниците во случај на сајбер напад.Како членка на НАТО, Владата донесе одлука за воспоставување на Центар за поддршка на локални компании чија примарна задача ќе биде поддршка на компаниите и олеснување на нивниот пристап на НАТО пазарот.Во рангирањето на Транспаренси Интернешнл за земјите од централна и источна Европа ние сме на високото второ место и се наоѓаме пред 4 земји членки на ЕУ и 6 земји членки на НАТО во однос на интегритетот на владите во секторот одбрана.Тука сакам да изразам и благодарност до НАТО и до ЕУ за покажаната солидарност за помошта што ја добивме за справување со КОВИД-19 , хуманитарна, низ медицински материјали и финансиска.Во однос на регионалната соработка ќе ја издвојам и успешната организација и реализација на завршниот лидерски самит на Западен Балкан во Софија во рамките на Берлинскиот процес, заедно со Република Бугарија.Лидерите од регионот потпишаа Декларацијата за заедничкиот регионален пазар за подлабоката регионална економска интеграција за чекор поблиску до единствениот пазар на ЕУ и Декларацијата за зелената агенда.Двете декларации во нивната имплементација ќе бидат поддржани со средствата од Економскиот и инвестициски План за Западен Балкан во висина од 9 милијарди евра за економска конвергенција со Европската Унија.Во исклучително важни моменти за солидарност меѓу земјите од регионот, во рамките на иницијативата за напредна соработка на земјите од Западен Балкан, со претседателот Вучиќ и премиерот Рама договоривме секоја од нашите држави да го покрие трошокот за лекувањето на граѓаните од Северна Македонија, Албанија и Србија доколку било кој од нив се најде во некоја од овие земји со утврдена дијагноза КОВИД-19 и му е потребно болничко лекување. При тоа слободно се патува во овие земји без ПЦР тест.На меѓународен план, пред десеттина дена ни беше оддадено уште едно признание. Северна Македонија ќе претседава со Организацијата за Безбедност и Сигурност во Европа, односно со ОБСЕ, во 2023 година.Ова одлука претставува и огромно признание за нашата Влада за улогата која ја имаше во изминативе 3 години во градење на мостови на соработка на регионално ниво, како и враќањето на меѓународна сцена после долги години на изолација, рече премиерот.Според него во изминатите 100 дена, едно од најважните прашања на кое секојдневно беше посветена оваа Влада, беше изнаоѓањето решенија за прашањата што ги постави Бугарија како пречка пред конечната согласност за првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ.-Оваа Влада, ниту нашата држава, ниту нашиот народ, немаме ни најмала вина за оваа ситуација.Ние застанавме цврсто на ставот дека македонскиот национален идентитет едноставно е невозможно да биде предмет на преговори и дека ние не можеме и никогаш нема да се откажеме од нашето право на самоопределување кое е гарантирано со Повелбата на ООН и со сите други меѓународни договори и конвенции кои ги има потпишано дури и Република Бугарија.Се надеваме дека штетата што е предизвикана од ова неоправдано вето за европската интеграција на регионот и за европските вредности ќе може да се надомести бргу.Владата на Северна Македонија нема да дозволи неодобрувањето на преговарачката рамка, да предизвика застој на внатрешните реформи. Напротив, ќе го засилиме темпото и ќе ја зголемиме предноста што ја имаме во регионот.Сега со уште повеќе верба, посветеност и единство, ќе се посветиме на градењето европски стандарди дома, а паралелно и целосно посветени на продолжување на разговорите со соседна Бугарија. Ние знаеме дека решенија се можни. Знаат и тие.Без разлика на исходот од преговорите, ние остануваме заедно во директно партнерство со огромното мнозинство европски земји и ќе го донесеме најдоброто од секоја нив во Северна Македонија. Европа ја носиме дома!Резимето од 100-те дена е прилика да ја изразам мојата и благодарноста на Владата до сите наши сограѓани од сите етнички заедници и до сите политички претставници на различните заедници во земјата, а особено до претставниците на коалициони партии, за досегашната поддршка за спроведување на заеднички утврдената Програма на Владата.Владата останува на утврдениот стратешки колосек. Испорачавме полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ! Ќе продолжиме со реформите со силен интензитет. Наша обврска е да ги спроведеме европските стандарди дома! За нас нема друг пат, нема друга алтернатива и нема откажување!Продолжуваме како и во првите 100 дена.Заедно со граѓаните!Со грижа и со одговорност, обезбедуваме сигурност“, истакна премиерот во своето обраќање.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Отстранета диво поставената тераса на гостилницата „Аманет“

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар и оваа недела продолжува со активностите за административно отстранување на нелегалните објекти.Денес, со градежна механизација на улицата „Павел Шатев“, бр. 2 во палатата Емануел Чучков, се отстрануваше нелегално поставена урбана опрема, односно челична конструкција обложена со стакло, со димензии 10 х 11 метри, која функционираше како тераса на гостилницата „Аманет“.Откако инвеститорот не постапи по законски издаденото решение, кое наложува во рок од три дена самостојно да ја отстрани дивоградбата, инспекциските служби на општината пристапија кон присилно административно извршување, а трошоците за извршувањето ќе паднат на товар на инвеститорот.Акцијата на Општина Центар за справување со дивоградбите ќе продолжи и во деновите кои следат, со што ќе бидат опфатени вкупно 18 нелегално поставени и изградени објекти на територија на општината.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Турски државјанин приведен на „Деве Баир“

На 14.12.2020 во 01,15 часот на Граничен премин „Деве Баир“ од полициски службеници е лишен од слобода М.Д.(35) од Р.Турција поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа“ -зелена карта. Лицето е предадено на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Крива Паланка за понатамошна постапка.

Македонија | пред 5 години

restoran_mokum

НУК незадоволна од препораките на Комисијата за заразни болести - ниту едно барање од комората не е прифатено

Ниту едно барање од Независната угостителска комора (НУК) не е прифатено на денешниот состанок на Комисијата за заразни болести на кој требаше да се дискутира и да се донесат одлуки и препораки за тоа како ќе работат угостителските објекти во наредниот период., истакна на денешната прес-конференција Здравко Јосифовски од Независна угостителска комора пред Министерството за здравство.– Она што се плашевме, тоа и навистина се случи. Ние денеска бевме само гости. На кратко ни беше напоменетао од министерот Венко Филипче дека угостителските објекти се планира да бидат затворени во 18 часот изјави Јосифовски.Јосифоски додаде дека на време и во писмена форма ги доставиле своите барања до Комисијата за заразни болести, а потоа им било овозможено на секое прашање да дадат кратки одговори.-Ниедно од нашите барања не само што не беше разгледано, дискутирано, дебатирано или овозможено понатамошна дискусија, сите барања претпоставувам дека беа отфрлени ад хок затоа што решението за денешното затворање, односно ограничување на угостителските објекти беше донесено пред време. Денеска беше едноставно само фарса пред јавноста и пред Комората, на некој начин да се укаже дека одлуките, што наумиле и ќе ги носат без разлика на реалноста и ефектите што тие ќе ги предизвикаат, рече Јосифовски.Според него тие мерките ќе  ги испочитуваат, ама не знаат кои угостители и дали ќе можат да работат со новите мерки. 

Македонија | пред 5 години

korona-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 826 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 826 пациент позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 63 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 52 болни, а во Куманово 108 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 106 во ковид центарот во Гостивар 58, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациент, во Кочани 15 во Кичево 10, Кавадарци 56, во Гевгелија 19 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1331 и има околу 170 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

bankomat-12

Претреси во Сарај, приведени разбојници што краделе од банкомати

На 13.12.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за општ и насилен криминал во координација со ОВР Кичево и ЕВР Ѓорче Петров, по претходно обезбедена судска наредба, на подрачјето на општина Сарај, во с. Долно Свиларе извршени се повеќе претреси, при што се пронајдени муниција и пшредмети поврзани со извршени кривични дела. Приведени се Р.Р. (33), Г.К. (36), М.Ф. (27) и Е.М. (32) поради основно сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ на банкомати на банка во Кичево, како и нелегално оседување оружје и распрскувачки материјали. Лицата со соодветна кривична пријава се предадени на ОЈО Кичево за натамошна постапка.

Македонија | пред 5 години

poliklinika-bolnica

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 28 пациенти, а вкупно се лекуваат 505 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 28 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 505 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа четири пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, четири во ковид центарот на Клниката за Неврологија, двајца пациенти на Институтот за ТБЦ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија, двајца на Очната клиника и еден на Клиниката за гастроентерохептологија. На ОРЛ се примени четири нови болни.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало шест нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени двајца болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 9 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, наКлиниката за очни болести 18 пациенти, а на ОРЛ 26 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 25 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 113 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти.Вкупно 505 пациенти потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

tasna

Приведен разбојник од Скопје

На 13.12.2020 во 14.00 часот на подрачје на Бит Пазар од полициски службеници од СВР Скопје бил лишен од слобода Р.Д.(22) од Скопје бидејќи кај него била пронајдена марихуана и разни предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело, а во врска со претходна пријава од Џ.Ф.(83) од Скопје дека околу 08,00 часот пријавениот со употреба на физичка сила и одзел ташна со лични документи и пари. Пронајдените предмети се одземени и вратени на оштетената, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања