Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

skopje-nova-godina-7-28871

Нови рестриктивни мерки: Рестораните ќе работат до 18 часот, стапуваат на сила и други забрани

Комисијата за заразни болести ќе препорача до Владата нов пакет на рестриктивни мерки за период од 18 декември до 21 јануари, со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од ковид 19 во престојниот период на празници.- Препораките за рестриктивни мерки се насочени во неколку сегменти и тоа во делот на реорганизација на работното време на угостителите, препораки за јавни собири, препораки до верските заедници, до работните организации и препорако кои се однесуваат на работата на рестораните во хотелските објекти – изјави министерот д-р Венко Филипче.Препораката до Владата ќе биде угостителиските објекти да се затвораат во 18 часот, наместо до 21 часот како што беше досега.Останува на сила забраната за собири на јавни места и се апелира до единиците за локална самоуправа да го засилат надзорот за почитување и спроведување на оваа мерка. Во рестојниот период Комисијата за заразни болести препорачува забрана за групирање по плоштади за дочек и прослава на Новата година како и секаков вид на собири во периодот на празниците.Комисијата ќе достави и препорака за групирање во станови за престојните празници, а ќе им препорача и хотелите да ги затворат своите ресторани по 21 часот.Во однос на верските празници, Комисијата за заразни болести укажува на тоа дека на сила е забраната за собири надвор на отворено на повеќе од четири лица, додека внатре во објектите на сила е препораката максималниот број на лица да е не повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите лица да се со маски.Предлог на Комисијата е да се забранат секакви прослави во рамките на работните организации.- Апелираме и препорачуваме да нема домашни собири за престојните празници и да не се излегува од дома по 18 часот доколку за тоа нема потреба- вели министерот Филипче.Препораките ќе бидаат доставени до Владата во текот на денешниот ден со препорака да стапат на сила од 18 декемви и да важат до 21 јаунари.На денешната седница на Комисијата за заразни болести беа присутни и преставници на Независната угостителска комора кои го изразија несогласувањето со новиот пакет мерки што се однесува на реорганизација на работното време на угоститетелските објекти и доставија до Комисијата нивни предлози.

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведени криминалци од Арачиново и Средно Коњари

На 11.12.2020 околу 09.00 часот во с.Трубарево од полициски службеници од СВР Скопје пронајден и приведен е А.Ш.(31) од с.Средно Коњари, баран по судска наредба од Основен суд Скопје-1 за издржување на казна затвор.На 11.12.2020 во 20.40 часот во с.Арачиново,скопско полициски службеници од СВР Скопје го привеле А.Ш.(28), кој се барал по наредба од Основен кривичен суд Скопје.

Македонија | пред 5 години

jaoski

Јаоски: Ќе бидам градоначалник за сите, ќе работам 24 часа во Општина Пласница

Кандидатот на ДУИ за градоначалник на Пласница, Алија Јаоски, пред партиското седиште рече дека ќе работи 24 часа и ќе биде градоначалник за сите.„Да им се заблагодарам на гласачите кои најдоа можност и начин, излегоа масовно, гласаа и го дадоа гласот на вистински човек. Функцијата градоначалник ќе ја извршувам чесно. Ќе продолжам онаму каде застана претходниот градоначалник со проектите, да ги дореализирам, за овие десет месеци. Ќе бидам градоначалник за сите, ќе работам 24 часа во Општина Пласница. Во оваа општина е доста направено, а јас тоа ќе го продолжам. Приоритетот ќе биде инфраструктурата и вработувањето на граѓаните, што е можно и неможно, да ги задржиме тука за да не одат во европските држави“, рече Јаоски. 

Македонија | пред 5 години

pres-zaev

Заев честитајќи му на Николов: Срцето на македонскиот исток останува во сигурни раце

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес конференција истакна дека денешните избори во Штип биле безбедни по здравјето, а гласачите им испратиле порака и на бојкотирачите на изборите, ВМРО-ДПМНЕ.Заев честитајќи му ја победата на Николов истакна дека срцето на македонскиот исток останува во сигурни раце.„Победи Штип и желбата да продолжи развојот и напредокот на градот. Довербата многу значи и ќе ја оправдаме. Граѓаните на Штип денеска испратија порака и до бојкотирачот, блокирачот кој повторно избега од својот народ. Граѓаните го казнија неодговорното однесување на раководството на ВМРО-ДПМНЕ кон Штип и центарот на македонскиот исток. Кажаа да за напредокот на Штип, да – за грижа одговорност и стабилност, не за блокадите, за бојкотот, за лаги стравови и хистерии. Не дозволува овој наш народ блокади, кочења и уништувања“, рече Заев.

Македонија | пред 5 години

jordanov

Јорданов: Докторе Николов се случи она што јас ве предупредував, ги намачкавте рацете со криминалот на Заев

Денес цел Штип беше сведок на мафијашки избори организирани од Зоран Заев, и двоецот Бочварски и Сашко Николов, истакна пратеникот од ВМРО ДПМНЕ,  Иван Јорданов.Јорданов додаде:Заев среде корона:-Организираше на сила избори само за да се спасат власт во Штип;-Вадеа луѓе болни со корона без никакви протоколи;-Се истурааа со пари за глас повеќе, а цената за глас достигнуваше нешто над 200 евра;-Се правеа притисоци, закани и уцени само за да ja зачуваат градоначалничка фотелја;-Цела држава ја кренаа на нозе за само еден градоначалник. И издвојуваа пирова победа, која денес штипјани скапо ја плаќаат со своето здравје.На парламентарните избори пред само една година гласаа 24 илјади граѓани, на претходните локални избори гласаа 29 илјади граѓани, денес таа бројка е нешто над 14 илјади гласови. Јасна порака од штипјани, дека денес Сашко победи, но Штип и Македонија изгубија.Заев и СДСМ не се способни да прганизираат фер и демократски избори.Докторе Николов се случи она што јас ве предупредував, ги намачкавте рацете со криминалот на Заев. Нашиот народ вели нема лезет, а нема зошто денес вашата партија правеше тортура низ Штип, за 8 месеци ќе има повторно избори тогаш ќе го видите вистинскиот одговор од штипјани, истакна Јорданов.

Македонија | пред 5 години

nikolov

Николов: СДСМ ќе го води Штип и наредните десет месеци, наредните четири години и уште четири години

Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Сашко Николов  на прес конференцијата истакна дека во Штип извојуваа победа затоа што како што рече: Јаки сме затоа што сме заедно. Еден за сите, сите за еден. Браво.-Денес покажавме дека во Штип владее демократија, покажавме дека секој што сака да ја блокира, опструира, деструктуира оваа наша преубава општина, местото не му е тука. Ама, ние ќе им дадеме повторно шанса на сите што се обидоа да бојкотираат, да си седнат дома, да си размислат и да дојдат да ја направиме оваа општина како што треба. Штип е град на сите штипјани, така и ќе остане. Кој од која политичка партија е, нас не не интересира. Важно е дека СДСМ ќе го води Штип и наредните десет месеци, наредните четири години и уште четири години. За понатаму ќе оставиме здравјето и Господ, истакна Николов.Тој рече дека цензусот на гласањето за градоначалник на Штип е обезбеден без телефонски да се бараат гласачите и да се притискаат да излезат на гласање.„И покрај сите опструкции кои ги направија, покажавме дека Штип е демократски, политички и историски град и на еден достоинствен начин го постигнавме цензусот и повеќе од цензусот. Само да покажеме дека ниту една опструкција, од ниту една опозиција не може да помине. Луѓето се слободни, можат да зборуваат што сакаат, да кажат што сакаат, кога сакаат и никој да не биде казнет, уценуван. На ниту еден гласач никој не му се јавил, не бил притиснат да излезе да гласа. Тоа е големото задоволство. Најважното нешто сте сите вие кои на џентламенски начин покажавме како можеме да им ја објасниме програмата, без да ги малтретираме луѓето на трибини, масивни собири“, додаде Николов. 

Македонија | пред 5 години

ahmeti1

Ахмети прогласи победа во Пласница

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прогласи победа на кандидатот на неговата партија за градоначалник на предвремените локални избори во општина Пласница.„Честитки за победата на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Пласница, Али Јахоски, на предвремените локални избори во оваа општина. Оваа победа е потврда за волјата на граѓаните за поддршка на нашите политики за сите граѓани“, напиша Ахмети на својот Фејсбук профил.Избирачкиот штаб на ДУИ во Пласница објави дека нивниот кандидат Алија Јахоски освоил над 85% од гласовите.Алија Јахоски е сопственик на приватна фирма, инаку, брат на досегашниот градоначалник Исмаил Јахоски, кој стана пратеник во Собранието. 

Македонија | пред 5 години

nikolov

СДСМ почна да слави во Штип, неофицијално Николов е новиот градоначалник

Сашко Николов од СДСМ, неофицијално, е новоизбраниот градоначалник на Штип, на предвремените локални избори. Тој добил најголем дел од гласовите на жителите, а во трката учествуваше со уште четири кандидати. .Во партиското седиште на СДСМ во Штип веќе се собираат членовите и поддржувачите на кандидатот Николов, за да му ја честитаат победата. Заедно со кандидатот, присутни се и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.Сашко Николов по професија е кардиолог и работи во Клиничката болница во Штип, каде е основач на Одделот за интервентна кардиологија.

Македонија | пред 5 години

glasanje-makedonija

ВМРО ДПМНЕ: Заев го загрози здравјето на штипјани вадејќи на гласање болни од корона само да ја сочува фотелјата

Заев денес го покажа целото свое политичко лудило. Сред епидемија во Штип дури и заразените од ковид беа носени на избирачките места заради пуста фотелја, власт и функција, со што директно се загрозува животот на стотици лица вклучени во изборниот процес, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од ВМРО ДПМНЕ додаваат:Ова не е само кршење на закон, туку болест за власт. Не се бираа средства, со притисоци, поткуп, закани и уцени беа терани луѓе да гласаат среде зараза за мандат од неколку месеци.Најлошо е што политичкото лудило на Заев создава нов кластер „избори во Штип“, чија цена се здравјето и животите на штипјани.Подеднакво одговорен за ова е и кандидатот Николов, кој после сето ова граѓаните нема да го памтат како доктор, туку како политичар зараза. Се борел за фотеља газејќи преку докторската етика, животите на штипјани со притисоци, поткуп и закани.Од денес секој починат и заразен во Штип, оди на душа на Заев, Николов и СДСМ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Групна тепачка во затворот во Скопје

На 11.12.2020 околу 17.00 часот во СВР Скопје, С.И., вработен во Казнено поправна установа„Затвор Скопје“ пријавил дека околу 14,30 часот во Казнено поправна установа„Затвор Скопје“, осуденикот З.П.(36) бил физички нападнат од четири лица.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

pistol_001

Вооружени разбојници ограбиле обложувачница, едниот од нив пукал со пиштол и го нападнал вработениот

Двајца вооружени разбојници ограбиле обложувачница во Гази Баба, а едниот од нив пукал со пиштол и го нападнал вработениот.Според информациите на МВР, вчера околу околу 20,10 часот во полиција било пријавено дека во спортска обложувачница на подрачје на Гази Баба, две лица со закана украле пари, а едното од нив двапати испукало од пиштол, а потоа физички го нападнал вработениот С.З.(51) од Скопје.Од МВР велат дека зе преземаат мерки за расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

korona-2

25 починати и нови 613 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1837 тестирања, а регистрирани се 613 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-204, Куманово-35, Дебар-15, Штип-20, Прилеп-27, Тетово-29, Струга-19, Велес-24, Битола-23, Охрид-27, Кавадарци-38, Гостивар-24, Гевгелија-19, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Кочани-11, Пробиштип-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-12, Валандово-2, Виница-1, Делчево-4, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-7, Неготино-15.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 688 оздравени пациенти од: Скопје-251, Куманово-38, Дебар-3, Штип-39, Прилеп-45, Тетово-41, Струга-18, Велес-29, Битола-43, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-32, Гевгелија-2, Струмица-13, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Кочани-12, Пробиштип-1, Демир Хисар-7, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-2, Свети Николе-6, Кичево-18, Ресен-7 и Неготино-9.Починати се 25 лица, осум пациенти од Скопје (63, 80, 72, 72, 53, 81, 60 и 71г), двајца од Куманово (86 и 87г), еден од Прилеп (77г), двајца од Велес (68 и 61г), тројца пациенти од Битола (54, 67 и 57г), еден од Кавадарци (68г), тројца од Гостивар (60, 75 и 59г), еден од Гевгелија (71г), еден од Струмица (47г), еден од Радовиш (53г), еден од Свети Николе (75г) и еден пациент од Ресен (84г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73638, бројката на оздравени пациенти е 49414, на починати е 2121, а бројот на активни случаи изнесува 22103. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 31757, активни 11369• Куманово 4268, активни 658• Дебар 562, активни 165• Штип 3065, активни 466• Прилеп 3669, активни 944• Тетово 4394, активни 984• Струга 1781, активни 458• Велес 2446, активни 689• Битола 2654, активни 889• Охрид 2044, активни 620• Кавадарци 1697, активни 637• Гостивар 3078, активни 834• Гевгелија 945, активни 298 (66 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 158 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 2005, активни 576• Крива Паланка 526, активни 128• Радовиш 520, активни 133• Крушево 151, активни 73• Кочани 1427, активни 260• Пробиштип 405, активни 68• Демир Хисар 218, активни 48• Македонски Брод 198, активни 36• Пехчево 120, активни 23• Берово 453, активни 105• Валандово 254, активни 59• Виница 418, активни 124• Делчево 602, активни 291 (170 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 172, активни 27• Свети Николе 980, активни 210• Кичево 1448, активни 374• Ресен 563, активни 186• Неготино 818, активни 371 (123 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1837 теста се преку: ИЈЗ-759, ЦЈЗ Скопје-32, Авицена-229, Биотек-158, МАНУ -158, Жан Митрев (Филип Втори)-96, Систина со PCR метода -181, лабораторија Лаор –47, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-96, Инфективна клиника-1, ГАК-0, Синлаб-9, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -71, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 364.858 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

nikola-damcevski-1

Од Ковид почина осудениот гинеколог Дамчевски на кого лиценцата за работа му беше одземена

Македонскиот гинеколог Николче Дамчевски починал од Ковид-19. Дамчевски беше македонскиот гинекологот осуден на две години затвор , а во јавноста стана познат  откако беше осуден затоа што доведуваше жени во заблуда лажејќи ги дека се бремени. Лекарската комора му ја одзема лиценцата на седум години. Дамчевски починал во Софија каде избега откако беше осуден.По објавата на информациите во македонските медиуми, во Софија му беше прекинат работниот однос.

Македонија | пред 5 години

korona5

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 813 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 813 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 41 пациент, во Велес се лекуваат 55 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни о на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациент, во Кочани 12 во Кичево 10, Кавадарци 55, во Гевгелија 21 лице, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1304 и има околу 200 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

glasanje-makedonija

Две лица позитивни на ковид-19, наместо во изолација излегле да гласаат во Штип

Две лица, на возраст од 72 и 67 години, иако биле позитивни на ковид-19 и биле на списокот за изолација излегле на гласачко место детската градинка „Вера Циривири Трена“ во Штип, а случајот во СВР Штип го пријавил член на Избирачкиот одбор. Како што објави МИА, и двајцата биле на списокот за изолација од вчера. За случајот е известен и јавен обвинител по чија насока по комплетирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.Претседателката на Општинската изборна комисија, Сенка Андреева вели дека процесот на гласање на гласачкото место не е прикинат и при најмал сомнеж дека е загрозен процесот на гласање се праќа екипа од Центарот за јавно здравје да направи дезинфекција.Инаку, до 13 часот излезноста во Штип била 16,61 отсто, односно гласале 6.938 граѓани на 77 избирачки места.На гласањето во Пласница до 13 часот одѕивот е 22,35 отсто, односно гласале 1.107 избирачи.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

DSC_0066

(ВИДЕО) Значително намалување на сообраќајните незгоди во државата, за 36 отсто намален бројот на жртви

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (12.12.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Струга и Охрид, при што санкционирани се 179 (84+95) возачи, а денеска во Кичево за повеќе од два часа имаме 50 санкционирани возачи, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Кичево. „Евидентно е дека имаме подобрување на дисциплината на возачите на целата територија на државата, како резултат на овие засилени контроли, што пак се рефлектира и на значително намалениот број на сообраќајни незгоди и жртви.Споредено ноември 2020 година со ноември 2019 имаме за 21 отсто намален број на сообраќајни незгоди, за 36 отсто намален број на загинати лица, за 75 отсто намален број на загинати пешаци, а за 47 отсто е намален бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди. И на територијата на СВР Охрид е евидентно намалувањето на сообраќајни незгоди, осбено оние со тешки телесни повреди, кои се намалени за 43 отсто. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче:Подготвена е инфраструктурата за чување и дистрибуција на вакцината против Ковид 19

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска посети дел од економските оператори кај кои ќе се чува вакцината за Ковид 19. Станува збор за дистрибутери кои веќе работат на оваа поле односно вклучени се во постојаниот систем на вакцинација, во делот што се однесува на складирање и дистрибуција на други вакцини. Министерот со дел од стручните тимови на дистрибутерите направи обиколка на ладните соби, и фрижидерите во кои веќе се чуваат вакцини од имунолошкиот календар на Министерството за здравство и со нив разговараше како и на кој начин ќе се чува и дистрибуира вакцината за Ковид 19, кога ќе пристигне во нашата земја.Операторите во своите постоечки капацитети имаат комори и ладни соби од 0 до 8 степени целзиусови, како и фрижидери до -20 степени целзиусови, како и возила со ладилници како би го запазиле „ладниот синџир“ при дистрбуција на вакцините. Дополнително Министерството за здравство операторите ќе ги снабди со фрижидери до - 70 степени целзиусови кои во земјава ќе пристигнат кон средината на јануари.Филипче се заблагодари на економските оператори за согласноста да бидат дел од овој систем, а за понудените услуги Министерството за здравство со нив ќе потпише договори.Вакцинацијата ќе се врши во веќе постоечките вакцинални пунктовите односно во здравствените установи низ државата. Сите вакцини за Ковид 19 се безбедни и ќе бидат бесплати за граѓаните.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Процесот на признавање странски дипломи и образовни квалификации ќе се спроведува и електронски

МОН подготви акциски план кој предвидува промена на начинот и поедноставување на постапките преку кои граѓаните можат да се обратат за да добијат одредена услуга со цел остварување на одредено право.По конкурсите за стипендии, се дигитализира и постапката за признавање на образовни квалификации од основно, средно и високо образование стекнати во странство. За таа цел, изготвени се електронски услуги преку кои ќе може да се поднесува барање за нострификација и еквиваленција на образовни квалификации стекнати надвор од Република Северна Македонија, заедно со сите неопходни документи согласно постоечките правните прописи, а воедно и ќе се врши електронско плаќање. Изработениот позадински софтвер овозможува електронско водење и решавање на предметите од страна на комисиите во Министерството за образование и наука.Кон електронските услуги може да се пристапи преку Националниот портал за е-услуги www.uslugi.gov.mk, со едноставно пребарување.Процесот на дигитализација на оваа услуга е реализиран со поддршка од Центарот за управување со промени и Британската амбасада во Скопје, како партнери на МОН и воопшто на Владата на РСМ во насока на унапредување на стандардите во сите општествени сегменти, вклучително и во унапредувањето на услугите кои институциите на системот ги нудат на граѓаните. Интеграцијата на услугите на порталот uslugi.gov.mk беше извршена во соработка со Министерството за информатичко општество и администрација.

Македонија | пред 5 години

fiskalna-strategija

Министерство за финансии: Удвојување на економскиот раст, и намалување на невработеноста до 12,4% во следните 5 години

Министерството за финансии објави ревидирана фискална стратегија, според која, на среден рок се проектира просечната стапка на економски раст да достигне 5%, невработеноста да се намали на 12,4%, додека стапката на вработеност да се искачи на 52,1%. Исто така, нето-платата во следните пет години се очекува да расте до просечна стапка од 4%. Извозот, по надминување на ковид-кризата, од следната година се очекува да расте со двоцифрени стапки. Фискалнатас стратегија, како што наведува министерството, за првпат дава проекција за 5 наместо 3 години, во насока на подолгорочно планирање.„ Во фискалната стратегија се наведува дека од следната година, економскиот раст во земјата се очекува да премине во позитивната зона, во услови на закрепнување на инвестициите, потрошувачката и надворешната побарувачка, при што за 2021 е проектиран раст од 4,1% согласно основното сценарио, кое претпоставува слабеење на здравствената криза и етапно подобрување на епидемиолошката слика, повисока искористеност на производствените и услужните капацитети, поволни ефекти од економските мерки, како и зголемена доверба кај потрошувачите и инвеститорите.Во стратегијата се наведува дека редизајнирањето на буџетската политика и политиките насочени кон економско заздравување и забрзан раст (SmartER Growth) се цврста основа за забрзување на економскиот раст во наредниот период, враќање на економијата на преткризната патека на раст во втората половина на 2022 година и обезбедување на побрза динамика на економски раст потоа. Така, согласно основното среднорочно сценарио, просечниот годишен раст во периодот 2022-2025 година се проектира на 5,3%, односно економскиот раст во 2025 година се очекува да достигне 5,9%.Согласно Фискалната стратегија се очекува извозната активност, со исцрпување на неповолните економски ефекти од пандемијата и повисока искористеност на производствените капацитети на домашните компании, како и поради ниската споредбена основа, да забележи раст од 14% во 2021 година. Кон ова се очекува да придонесе и проектираниот раст на надворешната побарувачка во услови на позитивни изгледи за економската активност во ЕУ и останатите трговски партнери на земјата. На среден рок, во услови на очекувано стабилизирање на растот на надворешната побарувачка и зголемување на извозниот потенцијал во земјата преку прилив на СДИ, извозот се очекува да има солиден придонес врз економскиот раст, односно е предвидено да забележи просечен годишен раст од 9,1% на реална основа во периодот 2022-2025 година.Реалниот раст на бруто-инвестициите, во стратегијата, е проектиран на 7,7% во 2021 година, а во периодот 2022-2025 година бруто-инвестициите се очекува да забележат просечен годишен раст од 8,5%, при што значајно влијание врз инвестициите е предвидено да имаат планираните инвестиции на јавниот сектор, зголемената поддршка за развој на приватниот сектор и зајакнување на конкурентноста, враќањето на довербата на деловните субјекти и поинтензивниот прилив на СДИ, поттикнат и од членството на земјата во НАТО.Од следната година се очекува раст и кај приватната и кај јавната потрошувачка и тоа за приватната потрошувачка е предвидено да забележи реален раст од 3,5% во 2021 година,а во периодот 2022-2025 година, проектиран е просечен годишен раст од 4%. Растот на јавната потрошувачка е проектиран на 4,3% во 2021 година, а во периодот 2022-2025 година просечен раст од 1,5% – што се должи на напорите за намалување на несуштинските расходи и нивно рационализирање и спроведување на процес на фискална консолидација.Според проекциите, во периодот 2021-2025 година се очекува просечен раст на бројот на вработени од 2,2%. Растот на побарувачката во овој период се очекува да се одрази и врз понудата на работна сила, која е проектирано годишно да се зголеми за 1,2% во просек. Ваквите движења на пазарот на трудот ќе придонесат просечната стапка на невработеност во 2025 година да се намали на 12,4%, додека просечната стапка на вработеност да се зголеми на 52,1%.Во Стратегијата, како клучни елементи на среднорочната фискална политика се наведуваат редизајнирањето на буџетската политика и фискалната консолидација, кои се во насока на поддршка на макроекономската стабилност, забрзување на економскиот раст, а со тоа и зајакнување на потенцијалот за раст на домашната економија. Редизајнирањето на буџетската политика е во тесна врска со стратегијата за економско заздравување и забрзан раст, која е составена од четири столба: економско заздравување од Ковид-19, забрзан, инклузивен и одржлив економски раст, зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор и развој на човечките ресурси и еднакви можности.Предвидено е и етапно менување на структурата на буџетските расходи во насока на зголемување на уделот на капиталните инвестиции.

Македонија | пред 5 години

restoran_mokum

По најавата за нови рестрикции, угостителите бараат средба со Комисијата за заразни болести

Независната угостителска комора – НУК достави официјално барање до Комисијата за заразни болести за учество на утрешниот работен состанок по повод најавата за целосен локдаун или нови рестриктивни мерки наменети за работењето на угостителските објекти.„ Со цел да ги избегнеме погрешните изјави за медиумите на членовите на Комисијата за заразни болести дека новите донесените одлуки за препораки на рестриктивни мерки за работа на угостителските објекти се донесени повторно во координација со угостителите и коморите, доставивме барање за учество во понеделничкиот состанок на кој комисијата ќе ја разгледува потребата од нови рестриктивни мерки за начините на работењето на угостителската индустрија.По повод вчерашните информации од каде медиумите посочуваат дека дел од членовите на оваа Комисијата за заразни болести се залагаат за целосен LOCKDOWN на сите угостителски објекти за периодот од 31 декември до 8 јануари како Независна угостителска комора утринава доставивме барање за учество во понеделничкиот работен состанок на претставници на нашата комора и претставници на останатите комори за туризам и угостителство на кои се планира да се донесат овие препораки за нови рестриктивни мерки за угостителите и угостителската индустрија“ велат од НУК.Тие бараат со нивното учество на состанокот да им се овозможи да ги слушнат грижите и оправдувањата на членовите на Комисијата за заразни болести, поради кои сакаат да ги усвои најавени рестриктивни мерки и истовремено да им дозволи и овозможи пред истите да ги достават до Владата и да ги објават, да им овозможи да укажат за нивните недоследности, нелогичности, очекувани негативни ефекти и општествени последици не само за сите угостители и целокупната угостителска индустрија туку и за сите граѓани на нашата држава.„ Со нашето отворено барање побаравме наместо по којзнае кој пат повторно да се троши бесполезно време во парцијални и моментални ад хок одлуки за препораки за мерки со кои само ќе се усложни постојната состојба во угостителството без никаков здравствен ефект, Комисијата да ги засучи ракавите и да помогнат на угостителите и угостителската индустрија со тоа што времето да го потрошат во изработка на стратешка програма и стратегија со предлог мерки, решенија и т.н. протоколи наменети за целокупната угостителска индустрија за начините на работењето во наредната 2021 година“ порачуваат угосдтителите.

Македонија | пред 5 години

bolnica-1

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 38 пациенти, а вкупно се лекуваат 491 Лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 38 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 491 лице сомнително и потврдено за КОВИД -19 се лекува на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 23 приеми и тоа петмина пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, пет во ковид центарот на Клниката за Неврологија, тројца пациенти на Институтот за ТБЦ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија, двајца на Очната клиника и еден на Клиниката за гастроентерохептологија. На ОРЛ се примени четири нови болни.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало седун нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени осум болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 48 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 23 пациенти, на Клиниката за очни болести 18 пациенти, а на ОРЛ 26 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 152 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациент и тоа 9 деца и 23 возрасни.Вкупно 492 пациент потврден и сомнителн за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

aerodrom-skopje-2

Со фалсификувани документи во Косово и се обидел да ја напушти државата од аеродромот во Скопје

На 12.12.2020 во 11,45 часот на Граничен премин “Меѓународен аеродром“ Скопје од полициски службеници бил приведен Л.К.(20) од Р.Косово бидејќи по извршената проверка било констатирано дека, словенечката патна исправа и лична карта кои пријавениот ги приложил се фалсификувани, а при извршениот преглед во неговиот багаж била пронајдена и фалсификувана словенечка возачка дозвола на негово име, за кои пријавениот изјавил дека ги набавил од лице во Косовска Митровица,Р.Косово. Лицето е предадено на полициски службеници од Одделениети за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија – Скопје и за настанот бил известен јавен обвинител за понатамошна постапка.

Македонија | пред 5 години

w_56211861

ДИК: До 9 часот во Штип гласале 2,94 отсто, а во Пласница 7,37 отсто

На денешните предвремени избори за градоначалник на Општина Штип до 9:00 часот гласале 1227 гласачи, односно 2,94 отсто, а на изборите за прв човек на Општина Пласница – 365 избирачи, односно 7,37 проценти, соопшти претпладнево Државната изборна комисија (ДИК).ДИК потестува дека право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.„ Сите избирачки места во општина Штип и општина Пласница се навремено отворени, и гласањето се одвива без никакви проблеми. Гласањето е започнато во 7:00 часот и ќе трае до 19:00 часот“ , се додава во соопштението на ДИК. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Вaкцинацијата ќе биде безбедна, граѓаните да не подлегнуваат на дезинформации

Министерот за здравство д-р Венко Филипче во видео обраќање им порача на граѓните дека вакцините за коронавирусот се безбедени, се развиваат на веќе проверени платформи и истите се единствен начин да ја победиме пандемијата. Тој информираше дека Владата ќе обезбеди доволен број на вакцини за да се вакцинира 60% до 70% од населението колку што е потребно за да се стекне колективен имунитет."Вакцините се развиени по безбедносни протоколи и процедури кои што компаниите за производство на вакцини години наназад ги користат. Благодарение на вакцините во светот се искоренети многу болести како паротитот, полиото и морбилите" истакна Филипче.Тој вели дека се шират голем број на дезинформации и лажни вести на кои граѓаните не треба да подлегнуваат, а вакцинацијата ќе биде целосно безбедна.

Македонија | пред 5 години

radar-policija

177 сакционирани возачи во Општина Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (12.12) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на Општина Центар изречени се вкупно 177 мерки од кои 21 за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани возила, 5 за минување на затворен сигнал – црвено светло, 10 за зборување на мобилен телефон.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања