Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Магла на Попова Шапка, видливоста намалена до 30 метри

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози. Поради појава на магла, видливоста на Попова Шапка е намалена до 30 метри, информира АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Каква година, такви декорации, социјалните мрежи вријат од „уникатни“ новогодишни елки

Овој период граѓаните ја покажуваат својата креативност во новогодишно декорирање на своите домови, канцеларии... А градовите на сообраќајниците, плоштадите. Кој со повеќе, кој со помалку средства од буџетот но целта е амбиентот да се направи поубав, попривлечен, поведар, пооптимистички за годината која следува.Но, се чини дека не се сите креативни, туку напротив деновиве на социјалните мрежи видовме и многу комични фотографии.Од она што граѓаните го постираат на ФБ и останатите социјални мрежи, би рекле дека може да одбираме најкомична. За вечерва убедливо на првото место е елката во Струга, која за среќа можеби подолго ја местеа, отколку што стоеше. Не го ни виде новиот ден, по серијата негативни коментари.Ова беше елката во Струга.Не дочекавме да видиме дали надлежните и ќе ја наќитат, а веќе е тргната.фото: VOX StrugaНо, не е само Струга со вакви уникатни декорации.Битола декорираше со ЗДРАВЈЕ...По оваа декорација со став се јавија од Општина Битола. Во дописот од општината меѓу другото се вели:Доброто здравје е најважно за сите нас. Тоа е нашата најголема желба и за деновите кои преостануваат од годината која изминува, но и ЗДРАВЈЕ за деновите кои се пред нас во годините кои доаѓаат.Денешната техничка грешка на терен, не е решението кое е одобрено од Општина Битола и истото не е визуелниот избор на општината, туку лично гледање на дел од вработените задолжени за новогодишното украсување. Токму поради тоа, извршена е навремена и брза корекција на направениот пропуст.Сепак, во овие мигови кога истовремено, дел од граѓаните се борат со коронавирусот, а дел се обидуваат нормално да фукционираат и да работат, создавајќи пријатна атмосфера за сите нас, единствената наша, заедничка, најголема желба е ЗДРАВЈЕ во секое семејство.Креативни беа и велешани.Но, кога подобро ќе размислиме, каква година, такви декорации. Само што побрзо да ја испратиме 2020, која ретко кој ќе ја памети по нешто убаво.Но, да останеме со верба дека Новата ќе биде многу поубава и поперспективна.

Македонија | пред 5 години

izbori-02

ДИК: Денеска гласаа затвореници, болни и изнемоштени во Штип и Пласница

Државната изборна комисија соопшти дека во текот на денешниот ден за Предвремените избори за Градоначалник на општина Штип и Пласница, своето право на глас го остварија лицата кои се на издржување казна затвор или се во притвор, како и болните и немоќните лица од наведените општини.„ На гласачките места во казнено поправните установи на територијата на РСМ своето гласачко право денеска можеа да го остварат 67 гласачи кои се од општина Штип, од кои 60 гласачи го оствариле ова право и 1 гласач од општина Пласница, кој исто така го остварил своето право на глас.Во текот на денешниот ден избирачките одбори го спроведоа гласањето на лица кои се болни или немоќни, или во куќен притвор, а до општинските изборни комисии доставиле известувања со соодветна документација.Во своите домови гласачкото право можеа да го остварат 142 гласачи кои се пријавиле како болни или немоќни, и тоа 66 гласачи во општина Штип од кои сите 66 гласачи го оствариле своето право на глас, и 76 гласачи во општина Пласница од кои 70 гласачи го оствариле своето право на глас.Денеска се спроведува гласање во еден центар за вонсеменја грижа каде што се сместени 2 гласачи кои се од општина Штип од кои 1 гласач го оствари своето право на глас“ се вели во извештајот од ДИК.

Македонија | пред 5 години

bolni-stari-siromasni

СДК: Болни и изнемоштени сопружници ораат со магаре и берат шипинки за да преживеат

Во невидена беда и сиромаштија живее семејството Димковиќ од планинското село Алгуња, во маалото Татариновац, кое се наоѓа во Општина Старо Нагоричане на самата македонско-српска граница. Сопружниците Радован (63) и Борјанка (67), имаат сериозни здравствени проблеми, а немаат пензија ни социјална помош. Минималните средства за егзистенција ги обезбедуваат со примитивен начин на обработка на земјата и берење шумски плодови во планината, објави СДК.МК.Радован не може да добие пензија затоа што нема работен стаж, а право на социјална заштита и социјална пензија не можат да стекнат затоа што имаат земјиште на свое име.Како последица на сиромаштијата и болеста, времето во нивниот живот како да застанало во минатиот век. Во куќата немаат кујна ниту купатило. Куќата е стара и трошна, кровот протекува, плафонот на собата во која живеат е пукнати секој момент може да падне. Мебелот е оскуден и стар, додека шпоретот на дрва повеќе чади одошто грее.Текстот во целост на:  СДК.МК.

Македонија | пред 5 години

korona

Починати 19 и нови 982 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2805 тестирања, а регистрирани се 982 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-456, Куманово-24, Дебар-2, Штип-23, Прилеп-69, Тетово-36, Струга-38, Велес-26, Битола-45, Охрид-42, Кавадарци-43, Гостивар-34, Гевгелија-14, Струмица-28, Крива Паланка-2, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-15, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Валандово-7, Виница-6, Делчево-15, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-16, Ресен-7, Неготино-9.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 556 оздравени пациенти од: Скопје-176, Куманово-23, Штип-31, Прилеп-32, Тетово-48, Струга-1, Велес-26, Битола-30, Кавадарци-21, Гостивар-63, Гевгелија-12, Струмица-9, Крива Паланка-8, Радовиш-5, Кочани-9, Пробиштип-7, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-1, Виница-2, Кратово-2, Свети Николе-11, Кичево-14, Ресен-7 и Неготино-11.Починати се 19 лица, четири пациенти од Скопје (82, 53, 74 и 84г), еден од Куманово (87г), еден од Струга (78г), еден од Велес (53г), еден од Битола (86г), двајца пациенти од Охрид (76 и 80г), еден од Кавадарци (65г), двајца од Гостивар (75 и 56г), четири пациенти од Крива Паланка (66, 40, 72 и 67г), еден од ПЕ Делчево-Македонска Каменица (81г) и еден пациент од Кратово (65г). Од нив двајца се починати вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73025, бројката на оздравени пациенти е 48726, на починати е 2096, а бројот на активни случаи изнесува 22203. Од вчера се евидентитра еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 31554, активни 11425• Куманово 4231, активни 661• Дебар 547, активни 153• Штип 3045, активни 485• Прилеп 3643, активни 964• Тетово 4367, активни 998• Струга 1763, активни 458• Велес 2418, активни 692• Битола 2630, активни 911• Охрид 2016, активни 620• Кавадарци 1659, активни 626• Гостивар 3054, активни 845• Гевгелија 926, активни 282 (66 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 156 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1994, активни 579• Крива Паланка 519, активни 125• Радовиш 512, активни 132• Крушево 152, активни 74• Кочани 1416, активни 261• Пробиштип 402, активни 66• Демир Хисар 218, активни 55• Македонски Брод 196, активни 37• Пехчево 119, активни 23• Берово 441, активни 95• Валандово 253, активни 60• Виница 417, активни 125• Делчево 598, активни 287 (169 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 172, активни 27• Свети Николе 968, активни 205• Кичево 1437, активни 381• Ресен 556, активни 187• Неготино 802, активни 364 (122 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2805 теста се преку: ИЈЗ-558, ЦЈЗ Скопје-71, Авицена-311, Биотек-257, МАНУ -213, Жан Митрев (Филип Втори)-135, Систина со PCR метода -163, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-79, Инфективна клиника-9, ГАК-0, Синлаб-61, Ремедика-17, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ (рапид тест) -862, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 363.021 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

korona-4

Оние кои по втор пат го прележуваат вирусот, поминувале многу потешко

35 луѓе од земјава по вторпат се заразиле од Ковид 19. Во оваа статистика влегуват луѓе кои три месеци или подолго од првиот позитивен тест повторно развиле симптоми па се тестирале и повторно биле позитивни. Според надлежните тоа е доволен период за еден пациент да биде излечен, па да се потврди дека повторно се заразил. Сите случаи кои се евидентирани во земјава првиот пат поминале или без симптоми или со полесни, додека вториот со потешка клиничка слика, објави Телма. Инаку најчесто неодговорено е прашањето дали е можно вирусот подолго време да опстојува во организмот па поради тоа да се создаваат овие случаи. Сепак инфектолозите со кои разговараше Телма велат дека тоа не е возможно. Објаснуваат дека како и со другите вирусни заболувања така и со ова имунитетот не е траен па поради ова може да се заразат и по втор пат. Сепак признаваат дека вирусот се уште не е доистражен за да се направи јасна слика за тоа во кои случаи може да се дојде до второ заразување.Текстот во целост на:Телма. 

Македонија | пред 5 години

Vidoe

Георгиески: Загубивме вреден и голем човек, кој преку својата посветена работа и долгогодишно творештво остави значајни дела и силен печат во историјата на Охрид

Охрид се простува од истакнатиот писател и хроничар на градот, Видое Видически.Загубивме вреден и голем човек, кој преку својата посветена работа и долгогодишно творештво остави значајни дела и силен печат во историјата на Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение на својата објава градоначалникот додава:Во мое лично име и во името на Општина Охрид го упатувам моето искрено сочувство до семејството и неговите пријатели. Нека почива во мир и нека му е вечна слава.

Македонија | пред 5 години

ahmeti-buckovski

Ахмети- Бучковски: Договор со Бугарија е можен без ниту една последица врз јазикот и културата

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, денеска оствари со поранешниот премиер Владо Бучковски, кој сега е избран од Владата на Северна Македонија, за контекстот со соседна Бугарија, соопшти ДУИ.– Ахмети и Бучковски, дискутира за имплементација на Договорот за добрососедство меѓу Скопје и Софија, актуелните ставови меѓу странките и најдобрите начини за да се надмине создадениот спор. Ахмети даде целосна поддршка за интензивен дијалог и изрази убедување дека решението може брзо да се постигне и тоа без никакви последици врз јазикот, идентитетот и културата кои не се дел од контекстот и диалогот, информираат од ДУИ.Од таму уште додават дека европскиот дух на постигнување договор треба да преовладува и во неговото прецизно спроведување без одлагање и како дел од рамката за преговори во областа на меѓусоседските односи, но и уставните одредби за територијална и друга не-закана за нашите соседи.

Македонија | пред 5 години

sjo

Јавното обвинителство ќе им понуди вонсудска спогодба на вработените во СЈО

Владата на денешната седница усвои информацијата за извршување на одлуката на Уставниот суд во однос на спроведувањето на поништувањето на поединечните акти и дејствија преземени врз основа на Уредбата со законска сила за јавнообвинителските службеници, истражителите и другите вработени во Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на неовластено следење на комуникациите (СЈО) за време на вонредната состојба.„Владата донесе заклучок да му препорача на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија во рок од 30 дена од усвојувањето на оваа информација и обезбедувањето на финансиските средства, на јавнообвинителските службеници и другите лица вработени во СЈО, да им понуди склучување на вонсудска спогодба со која јавнообвинителските службеници и другите лица вработени ќе се согласат дека со исплатите на плата и други надоместоци за месеците декември 2019, јануари, февруари и март 2020 година исплатени по присилен пат преку Управата за јавни приходи ги оствариле правата од работен однос за исплата на плати и други надоместоци за наведените месеци, а Јавното обвинителство на Република Северна Македонија се согласува од неговата трезорска сметка, потпрограма 21, расходна ставка 464 – разни трансфери, да се изврши исплата на платата и други надоместоци според пресметката на Управата за јавни приходи во постапката за присилно извршување за месеците април, мај и заклучно со 30 јуни 2020 година“, соопшти владината Прес-служба.Како што се наведува во соопштението, со склучувањето на вонсудската спогодба јавнообвинителскиот службеник и лицето вработено во СЈО се откажува од камати или какви било други надоместоци и трошоци во каква било постапка и се обврзуваат да ги повлечат тужбите по основ на плати, камати и други надоместоци.„Владата го задолжи Министерството за финансии на буџетската сметка на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија да додели средства од 13.350.000,00 денари, заради исполнување на обврските по вонсудските спогодби за плати и други надоместоци, а му препорачува на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доколку во определениот рок не склучат вонсудските спогодби, за тоа да го известат Државниот правобранител на Република Северна Македонија заради преземање на соодветни правни средства, информирајќи го за висината на исплатените плати и на средствата уплатени по фондовите по основ на придонеси и даноци“, се додава во соопштението од владината седница.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Почина затвореник од КПУ Идризово позитивен на Ковид-19

Во болнички услови вчера почина 72-годишен затвореник од Казнено-поправниот дом „Идризово“, информираат од Управата за извршување на санкции (УИС).– Починатиот затвореник се пожалил на потешкотии во дишењето, по што веднаш со специјално возило бил однесен во болница. Тој претходно не се пожалил на какви и да е други симтоми, но се работи за лице кое имало тешка форма на дијбетес, поради што му била ампутирана ногата. При приемот во болница, 72-годишникот бил тестиран за Ковид 19, а тестот бил позитивен. За жал поради компликации тој починал, а телото е предадено на обдукција, соопштија од УИС.Воедно, од таму изразуват жалење и истакнуват дека и затворите, како и речиси сите други установи се соочуваат со последиците и предизвиците од пандемијата на коронавирусот.– Сакаме да истакнеме дека затворените и притворените лица редовно се тестираат и доколку е потребно се изолираат поради вирусот. Во затворите се почитуваат сите здравствени протоколи, излезите и посетите се забранети, а редовно се прави дезинфекција на просториите, посочуват од УИС.Од таму уште информираат дека затворот Идризово постојано има медицински персонал кој ја контролира здравствена состојба на сите лица во установата.

Македонија | пред 5 години

12122020_PVRSM_sredba_vladinakoalicija-1

Заев на средба со сите партии од владината коалиција - силна поддршка за продолжување на реформите и Програмата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска оствари средба со претседателите и претставници на сите партии кои се дел од најголемата мултиетничка владина коалиција.Премиерот Заев упати благодарност за придонесот кој коалициските партнери го даваат во Владата и во Собранието, во интерес на граѓаните и иднината на државата, но и во процесот на креирање политики за помош на граѓаните и стопанството, особено во периодот со Ковид пандемијата.„Завршувањето на стоте дена од мандатот и крајот на годината е убава прилика да се состанеме, да разговараме за сето она што го постигнавме како владина коалиција и парламентарно мнозинство, но и да разговараме за идните чекори врз основа на довербата дадена од граѓаните. Да зборуваме и за плановите за наредната година“, истакна премиерот Заев на средбата.На средбата, коалициските партии во Владата разговараа за сите економски планови и проекти, реализација на мерките за заживување на економијата. Се зборуваше и за проектите кои следуваат за реализација во наредната 2021 година.Заеднички беше оценето дека Владата останува посветена на реформите во интерес на сите граѓани и реализирање на зацртаните цели во Програмата.Силна поддршка владините партнери дадоа и за продолжување на напорите за изнаоѓање решенија во однос на ветото од Република Бугарија и беше заклучено дека земјава треба да продолжи по европскиот пат, затоа што нашата иднина е европска иднина.Премиерот Заев изрази благодарност за поддршката од сите етнички заедници за ова прашање, како и за поддршката од коалициските партнери како репрезенти на мнозинството граѓани од сите етнички заедници.„Остануваме посветени на барањето решение со соседна Бугарија. Решение кое гарантира почеток на преговори со ЕУ, а никако не задира во македонскиот идентитет, ниту идентитетот на било кој народ или етничка заедница. Тука сметаме и на силната поддршка на нашите сојузници во ЕУ, особено Германија, како и САД кои се посветени нашата држава да продолжи по европскиот пат и почнување на преговорите со Унијата.Во оваа прилика уште еднаш сакам да потенцирам, бидејќи ова е една широка, мултиетничка коалиција, мене како премиер но пред сé како човек, многу ми значи поддршката од сите, од вашата поддршка но и поддршката буквално сите етнички заедници, претставени од партиите во оваа наша коалиција“, подвлече премиерот Заев.Осврнувајќи се на состојбата со коронавирусот, сериозноста на ситуацијата со есенскиот бран, коалициските партнери ги потврдија и ги реафирмираа заложбите на Владата за брзо и ефикасно дејствување во санирање на економските и здравствените последици.Премиерот Заев ги сумираше активностите во овој период и најави дел од следните чекори на владата за заштита на здравјето на граѓаните и помош за економијата.„Го реализиравме заемот кај Светска банка кој обезбеди средства за изградба на 16 модуларни болници ковид-центри во 16 градови. Донесовме ребаланс на Буџетот за 2020 година со што обезбедивме средства за реализација на четвртиот пакет економски мерки во вредност од 470 милиони евра, пари кои завршуваат назад во економијата, назад кај граѓаните“, рече премиерот Заев.Министерот за здравство Венко Филипче информираше за вакцината и потпишувањето на нашата земја во Ковакс групниот механизам, преку Светска здравствена организација за рамномерна распределба на вакцините во сите земји.„Обезбедивме 833 илјади дози за 400 илјади граѓани кои два пати ќе се вакцинираат во текот на месец март. Сите вакцини кои се дел од Ковакс системот се со докажани добри ефекти и соодветна количина на анти-тела“, подвлече министерот Филипче.Сите коалициските партнери ја поддржаа определбата на Владата за продолжување на реформите и постигнување на европските стандарди дома, кои обезбедуваат унапредување на судскиот систем, раст и развој на економијата и повисок животен стандард.Тоа е потврдено и со Буџетот предвиден за 2021 година кој обезбедува економско закрепнување, реализација на капиталните инвестиции, справување со коронавирусот, како и засилена динамика на спроведување на потребните реформи во секој сегмент во општеството во интерес на сите граѓани.

Македонија | пред 5 години

120190420_222432

ВМРО ДПМНЕ: Тешка корупција на СДСМ во изборен ден, поткупуваат граѓани на изборите кои сами ги организираат и сами учествуваат

Власта ги компромитира корона-изборите кои што сама го организира и на кои што учествува сама, без опозиција.На изборен ден СДСМ одлучува и дели буџетски пари како наводна помош со четвртиот сет мерки, а всушност за купување на гласови и со тоа на излезностм, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од ВМРО ДПМНЕ додаваат:Очигледно СДСМ не може да победи дури на избори на кои што сама учествува сама и сама ги организира, со неколку свои сателити па среде економска криза преку поткуп да уценува граѓани да излезат на избори.Ако на СДСМ им беа важни граѓаните немаше да остават 50.000 да ги загубат работните места, трошоците и сиромаштијата да растат, фирми да пропаѓаат и животи да се губат.Поткупот нема да ги спаси илјадниците загрозени животи заради корона-изборите кои премиерот во заминување реши да ги организира среде пандемија само заради бзизнис цели.Заев и СДСМ покажаа дека не им се важни животите на граѓаните, туку функциите и бизнис зделките.Државата е на колена, економијата уништена, животи загрозени. Време е за оставки!

Македонија | пред 5 години

vlada

Владата донесе одлука за прераспределба на буџетски средства за ефикасно спроведување на тековни програми

Владата на Република Северна Македонија на денешната 29-та седница ја донесе Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите.Целта на оваа прераспределба, со која се алоцираат нешто повеќе од 1,3 милијарди денари, односно околу 20 милиони евра, е да се обезбедат дополнителни средства за зајакнување на фондот за набавка на вакцини против КОВИД-19, за исплата на еднократен паричен надомест за медицински лица и помошен персонал ангажирани во лекувањето на пациенти заболени од КОВИД-19, за поддршка на развојот преку гарантирање на кредити за обртни средства и на кредити за основни средства одобрени од страна на банки и штедилници - Гарантен фонд, за Развојната банка на Северна Македонија, за подмирување на обврски на јавните здравствени установи, исплата на државна помош по основ на склучени договори, склучување на вонсудски спогодби со поранешните вработени од СЈО за подмирување на обврските за плати и надоместоци, за постигнување и одржување на поголем степен на програмски и техничко-технолошки развој на јавниот радиодифузен сервис, како и обезбедување на средства за подмирување на тековните приоритетни обврски на одредени буџетски корисници.На оваа седница Владата ја донесе и Одлуката за зголемување на почетниот капитал на Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје.Целта на предложената докапитализација на Развојната банка е зголемување на поддршката за приватниот сектор преку поддршка на извозот, особено во услови на отежнато работење и намалена ликвидност предизвикана од пандемијата на КОВИД-19, како и олеснување на пристапот до суровини за преработка.Со оваа одлука ќе се обезбеди реализацијата на мерката за издавање на царински гаранции во вкупен износ од 3 милиони евра која беше утврдена со четвртиот пакет на економска поддршка на компаниите од приватниот сектор за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19.

пред 5 години

protest-8

Стружани излегоа на протест поради проблемот со водоснабдувањето

Честите прекини во водоснабдувањето, немањето притисок, заматената вода за пиење и рестрикциите, се причини поради кои стружани денеска протестираа пред јавното претпријатие „Водовод и канализација“.  Стружани велат  трагедија е во 21 век во време на пандемија да нема ниту капка вода за обавување барем на елементарните човекови потреби. Сушата е само изговор за неспособноста на надлежните и општината да го решат проблемот со водоснабдувањето во Струга кој се провлекува цела деценија, велат тие.„Поблемот со водата се провлекува години наназад, не е само сега. Летните месеци постојано имаме проблеми со водата, а последните две години и во ноември и декември се случува да нема вода. Откако го најавивме протестот, имаме вода во текот на денот, но во 22 часот ја исклучуваат, без претходна најава. Претходно пред да го најавиме протестот, немавме вода во текот на целиот ден. Не дека  е време на пандемија  туку и без пандемијата се знае дека водата е основно човеково право. Овој проблем се провлекува со години и некој треба да го реши. Не е наша работа да се грижиме за вода, кога плаќаме сметки редовно“, велат револтираните граѓани.ЈП „Водовод и канализација“ пред неколку дена на својата фејсбук страница упати апел до стружани да не се злоупотребува користењето на водата за пиење за технички и други цели за побрзо решавање на проблемот со недостиг на вода во градскиот водовод.Од претпријатието посочуваат дека причина за немањето вода е сушата и лошата хидролошка состојба и поради тоа најавија рестрикции од 22 до 5 часот. 

Македонија | пред 5 години

otpad

Расфрлан медицински отпад на хируршките клиники во „Мајка Тереза“, инспекторатот најави казни

Државниот инспектор за животна средина по дојава на службата за општи и заеднички работи на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во петокот изршил увид на локацијата на која одделно се складира медицински опасен отпад и неопасен отпад што се создава во хируршките клиники. Од ДИЖС наведуваат дека било утврдено несоодветно третирање на медицинскиот отпад во картонска амбалажа што е спротивно на Законот.„Медицинскиот отпад, ставен во картонски кутии, спротивно на законот, беше складиран во депо за картонска амбалажа. Опасниот медицински отпад мора да биде селектиран, спакуван во жолти кутии или вреќи и потоа да се складира во посебен контејнер и да се транспортира со посебно возило до Дрисла. При подигањето на картонската амбалажа од страна на компанија што собира медицински отпад, кутиите со медицински отпад беа фрлени на земја и растурени“, велат од ДИЖС.Инспекторот ги задолжи службите да го исчистат местото и да го отстранат медицинскиот отпад на прописен начин. Имајќи предвид дека на оваа локација медицински отпад фрлаат сите хируршки клиники, Државниот инспекторат до нив ќе достави опомена.Истовремено, примерок од медицинскиот отпад ќе се достави до судска медицина за вештачење и откривање на клиниката од која потекнува отпадот, а ДИЖС најави дека ќе следи и казна.извор: Makfax

Македонија | пред 5 години

zaev-ahmeti

Заев на средба со Ахмети по првите 100 дена од мандатот: Имаме стабилна Влада на граѓаните

Премиерот Зоран Заев на Фејсбук објави дека се сретнал со коалицискиот партнер во Владата, лидерот на ДУИ Али Ахмети, со кој направиле пресек на сработеното и остварените резултати по 100 дена од мандатот на Владата. Средбата, како што напиша Заев, се одржала во пресрет на денешниот состанок на широката владина коалиција.– После 100 дена од мандатот на Владата правиме пресек на сработеното и остварените резултати на централната власт и на парламентарното мнозинство. Имаме Влада на граѓаните, стабилна, бидејќи се потпира на здрави вредности, на грижа за другиот, на разбирање и поддршка во тешки моменти. Имаме Влада која е сериозно посветена на правната држава, на економијата и на справувањето со пандемијата, напиша Заев на својот профил на Фејсбук.Тој истакнува дека во пресрет на денешниот состанок на широката владина коалиција му искажал благодарност на Ахмети за поддршката во процесот на преговори со Бугарија.-Во очи на денешниот состанок на широката владина коалиција, ми беше чест да му посакам добредојде во Владата на претседателот на ДУИ, Али Ахмети и да му искажам голема благодарност во мое лично име и во име на македонскиот народ за поддршката која ја дава во процесот на преговори меѓу Северна Македонија и Бугарија, наведува Заев.

Македонија | пред 5 години

Soobrakajci-policija

Автобус удри во малолетен велосипедист во Скопје

Автобус „мерцедес“ удри во малолетен велосипедист. Според информациите на МВР, детето со тешки повреди било пренесено во болница.Несреќата се случила вчера околу 17,40 часот во Скопје на булевар Србија кога автобус „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки управуван од И.С.(26) од Скопје удрил во малолетен велосипедист од Скопје.По незгодата, детето било пренесено во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.

Скопје | пред 5 години

evra

ВМРО ДПМНЕ: Според кој критериум е дадено половина милион евра само на Општина Арачиново за справување со Ковид-19 кризата?

Одлуката на Владата на Заев за доделување на половина милион евра на општина Арачиново е крајно скандалозна и нетранспарентна. Објаснувањето дека се работи за еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради ковид-19 кризата е уште посомнителна. Во Република Македонија има многу посериозни жаришта од епидемијата со далеку поголеми потреби од финансиска помош, а Владата на Заев се решила да ја помага само општина Арачиново, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Во продолжение на истото од ВМРО ДПМНЕ додаваат:Кој е критериумот според кој токму општина Арачиново е одбрана за еднократна помош од половина милион евра?Патем општината Арачиново ја треселе скандали со нетранспарентно трошење на народни пари, па логично се поставува прашањето дали има конкретен план за трошење на овие половина милион евра или се дадени заради ќеф на Заев?Зошто Владата не определила ваква помош за општина Вевчани, општина Теарце, општина Тетово, општина Сарај, општина Шуто Оризари или општините Кисела Вода, Центар, Бутел и слични кои имаат огромен број активни случаи, туку тоа го прави баш со општина Арачиново?За потсетување, со овие половина милион евра може да се набават илјадници ковид тестови, или десетици амбулантни возила, па дури и неколку монтажни болници кои се насушно потребни за справување со ковид епидемијата, наместо без јасна цел и јасни критериуми да се дадат на една општина, која за среќа, според извештаите на здравствените власти не е критична точка.Дали ова е некаков вид матна компензација или концесија на Заев која сега на ваков начин ја исплаќа?Јавноста мора да знае каде Заев ги троши народните пари. Буџетот не служи за поткусурување на неговите политички и бизнис интереси,  се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

w_56211861

Гласањето за изборите во Штип и Пласница без проблеми

Четириест отсто од вкупниот број гласачи на Избирачкото место 22 91 А во Затвор Штип го оствариле своето право на глас до 11 часот. Заменик претседателот на Избирчакиот одбор 22 91 А, Влатко Конев вели дека на ова избирачко место правото на глас на изборите за градоначалник на Штип и Пласница можат да го остварат вкупно 40 гласачи.Тој истакна дека немаат никакви и проблеми во делот на легитимирањето на гласачите на ова избирачко место, ниту пак забелешки дека некој не се наоѓа на избирачкиот список. Претседателката на Општинска изборна комисија, Сенка Андреева вели дека низ казнено-поправните институции во земјава на изборите за градоначалник правото на глас можат да го остварат 66 осуденици од Штип.Гласачките места во казнено-поправните установи во земјава ќе бидат отворени до 19 часот, а во нив гласаат осудените лица од општините Штип и Пласница.

Македонија | пред 5 години

bolnica-1

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 821 пациент, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 821 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 82 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 55 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни о на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 64, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 64 пациент, во Кочани 17 во Кичево 10, Кавадарци 56, во Гевгелија 18 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1301 и има околу 190 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

lekar-1

Од ковид-19 почина 41-годишен доктор

Битката со ковид-19 ја загуби уште едно медицинско лице. Станува збор за 41 годишниот доктор Дашмири од село Боговиње.Веста ја пренесњ весникот „Лајм“, објавувајќи ја ја пораката за сочувство од селото Боговиње до фамилијата.

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Единствена Македонија: Власта да не се плаши од народот и да го покаже антимакедонскиот документ што Бучковски го предаде на Борисов

Поминаа три дена од средбите на Владо Бучковски со државниот врв на Бугарија а од страна на владата во Скопје целосен молк што содржи документот што Бучковски го предаде на бугарските раководители. Засега едно е јасно. На јавната средба со Борисов се виде дека одродениот криминалец Бучковски кој на три пати го пљачкаше буџетот, без око да му трепне му вети на Борисов дека се откажува од Македонците во Пиринска Македонија. Но, засега останува нејано што уште има во документот од Скопје до Софија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Во продолжение на истото од  Единствена Македонија додаваат:Земајќи предвид дека владата во Скопје распродава се што е македонско во односите со Бугарија а претходно и со Грција, основано се претпоставува дека Бучковски предаде документ со кој продолжува обезличувањето на Македонците.Единствена Македонија ја повикува власта во Скопје да не се плаши од народот и да го покаже антимакедонскиот документ што Бучковски го предаде на Борисов.Власта во Скопје упорно одбива единство за прашања од витално национално значење наспроти бугарското единство на сите позициски и опозициски партии по прашањето за Македонија. Оттука, нема друо, освен со промената на власта во Скопје да дојде до целосно поништување на договорот со кој македонската нација, јазик, историја, Македонците во Пиринска Македонија се подаруваат на Бугарија.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Од денеска се гради и проширува булеварот Никола Карев до Момин Поток

Екипите на Град Скопје денеска ја почнаа втората фаза од изградбата и реконструкцијата на булеварот Никола Карев, на потегот од крстосницата кај касарната „Илинден“ до Момин поток. Градежни работи ќе се изведуваат на траса долга околу 1 километар, а покрај реконструкцијата на постојниот коловоз предвидено е и негово проширување на 4 сообраќајни ленти со ширина од 3,5 метри, разделно зеленило и мешани пешачко-велосипедски патеки од двете страни.На почетокот на градежните работи за реализација на овој капитален проект присуствуваа градоначалникот Шилегов и градоначалниците Саша Богдановиќ, Стефан Богоев и Висар Ганиу.- Град Скопје почнува со втората фаза од изградбата и реконструкцијата на булеварот Никола Карев. Оваа пролет завршивме со првата фаза од реконструкцијата на булеварот Никола Карев, на потегот од клучката кај Бит Пазар до крстосницата кај касарната „Илинден“ во вкупна должина од 1.440 метри, а денеска почнуваме со градежни активности за изградба на булевар во должина од околу 1 километар. Се работи за исклучително фреквентна сообраќајница која е најмногу искористена од жителите на Карпош, Центар, Чаир, Шуто Оризари, Бутел и Гази Баба, но како транзитна сообраќајница ја користат и оние кои само минуваат низ овој дел на градот. Во текот на градежната офанзива за оваа година во рекордно кратки рокови реконструирани беа дваесетина главни градски сообраќајници во сите десет скопски општини. Реконструираните улици се побезбедни за сите учесници во сообраќајот, го продолжуваат рокот за амортизација на возилата и ги нема дупките по улиците што порано беа карактеристични за нашиот град. Новата инфраструктура, каква што не сме ја имале досега е мој императив, но и императив на другите градоначалници. Чекор по чекор влегуваме во една сериозна обнова на Скопје – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.На булеварот Никола Карев, во оваа втора фаза од реконструкцијата, дополнително се предвидува изведба на нова атмосферска канализација, изведба на потпорен ѕид во должина од 690 метри и ново лед осветлување од двете страни. Реконструкцијата на оваа улица ќе се искористи и за замена на дел од старата и поставување на нова подземна инфраструктура онаму каде што е потребно од страна на различни субјекти, за да се избегне прекопување на новиот асфалт по завршувањето на реконструкцијата.Вредноста на договорот за оваа фаза изнесува околу 160 милиони денари со вклучен ДДВ, а градежните работи се очекува да завршат во рок од 6 месеци.Градоначалникот Шилегов денеска упати апел до граѓаните да покажат разбирање додека траат градежните работи на оваа делница и да ги следат информациите за привремен режим на сообраќај што ги објавува Градот Скопје. Тој додаде дека покрај реконструкциите на постојните улици се работи и на изнаоѓање модерни и одржливи сообраќајни решенија кои ќе ги зголемат ефикасноста на градскиот сообраќај и одржливоста на урбаната мобилност во градот.

пред 5 години

DSC_0072

Значително намалување на сообраќајните незгоди во државата и на територија на СВР Охрид

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (11.12.2020) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Дебар и Охрид, при што санкционирани се 115 возачи, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Охрид.„Изречени се 59 санкции во Охрид, а 66 во Дебар. Евидентно е дека имаме подобрување на дисциплината на возачите на целата територија на државата, како резултат на овие засилени контроли, што пак се рефлектира и на значително намалениот број на сообраќајни незгоди и жртви. Споредено ноември 2020 година со ноември 2019 имаме за 21 отсто намален број на сообраќајни незгоди, за 36 отсто намален број на загинати лица, за 75 отсто намален број на загинати пешаци, а за 47 отсто е намален бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди. И на територијата на СВР Охрид е евидентно намалувањето на сообраќајни незгоди, осбено оние со тешки телесни повреди, кои се намалени за 43 отсто.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Македонија | пред 5 години

bolnica-1

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 37 пациенти, а вкупно се лекуваат 480 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 37 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 480 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, два пациенти на Институтот за ТБЦ, четворица на Клиниката за дерматовенерологија и тројца на Очната клиника.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало девет нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 13 болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 45 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 19 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 25 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 109 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент и тоа 9 деца и 22 возрасни.Вкупно 480 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања