Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

radar-policija

38 лица возеле без возачка во Скопје, 16 под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на град Скопје изречени се вкупно 461 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 38 санкции, 16 мерки за нерегистрирани возила, 16 мерки за управување под дејство на алкохол, 25 санкции за користење на мобилен телефон, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 18 санкции за неносење заштитна маска.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Приведени лица поради непочитување на мерките за справување со коронавирус и поради пронајдена дрога

На 11.12.2020 во 22.35 часот во угостителски објект во с. Жеровјане,тетовско при спроведена акциска контрола од полициски службеници од СВР Тетово во содејство со Државен пазарен инспекторат биле затекнати околу 40 гости во објектот при што од слобода биле лишени сопственикот на објектот Х.А.(31) од с.Боговиње,тетовско, поради постоење основано сомнение дека сторил две кривични дела „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „Трговија со луѓе“, како и двајца гости во објектот И.Д.(30) од Тетово бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја и Е.З.(21) од с. Горно Седларце, тетовско, кај кого била пронајдена марихуана. Воедно во објектот биле затекнати и седум државјанки на Р.Србија, една државјанка на Р.Бугарија и две наши државјанки кои работеле во угостителскиот објект и истите се лишени од слобода. Објектот е затворен од Државениот пазарен инспекторат и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 5 години

Vidoe

Почина Видое Видически

Почина Видое Видически,  хроничар на град Охрид. Видически во далечната 1957 година  го основал и бил прв директор, новинар и спикер на локалната радиостаница  Радио Охрид.Видое Видически е роден е во Охрид 1931 г.Основно образование и гимназија завршил во својот роден град, Филолошки факултет во Скопје. Видически беше член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1959 г.По завршувањето на средното образование, работел како постојан дописник на Радио Скопје  од Охрид.По половина година прекинува со работењето за да започне со редовни студии во Скопје.Во 1955 г. како прв директор го основа Околискиот историски архив во Охрид.Две години подоцна го основа Радио Охрид.Во 1969 г. како директор на Домот на културата  му го менува името во Дом на култура „Григор Прличев “ и од тогаш во чест на големиот творец ја организира манифестацијата „ Прличеви беседи “ во Охрид.Видое Видически автор е на делата:СИНИ ПИТОМИ УТРИНИ , песни издадени 1959 г.БРЕГОВИТЕ СЕ НЕМИРНИ , драма изведена 1961 г. а печатена 1963 г.БАЛАДА ЗА ОРКАНАТА , драма печатена 1964 г. а изведена 1968 г.ГОЛЕМАТА ШУМА – прв дел , рома за деца и млади издаден 1970 г.МАЛИОТ ОДРЕД , тв серија од 10 епизоди снимена и емитувана 1977г. на ТВ Скопје .ГОЛЕМАТА ШУМА, прв и втор дел , роман за деца и млади издаден  1986 г, а 1994 г. го доживува петтото издание.ВЕЧЕРЕН ПЕЈЗАШ ОД ГРАДОТ, песни издадени 1988 г.ТАИНСТВЕНИ ВОДИ , роман за деца и млади издаден во 1990 г. а во 1994  доживува второ издание.ЗАРОБЕНИЦИ НА ВЕЧЕРНИТЕ ИГРИ , раскази издадени  1993 г.ВРЕМЕТО НА ЦРВЕНИТЕ РОЗИ , роман за деца и млади издаден 1994 г.ПРИКАЗНИ ЗА ДАМЈАНА , раскази за деца издадени 2003 г.КАЖУВАЊЕ НА ЗАДОЦНЕТИОТ ПРОРОК , песни  издадени 2003 г.ВИЕ  песни издадени 2009 г.Објавил повеќе песни и раскази во периодиката  и дневниот печат.Застапен е во зборници и антологии . Преведуван е на ; италијански, француски, руски,турски и романски јазик.Видически беше добитник на многу награди :Наградата на РТС  на Струшките вечери на поезијата во 1971 г.Награда на книгоиздателството „детска радост “ од Скопје за најдобра книга  меѓу двата САЕМА НА КНИГАТА  1994 г.Издавачката куќа „Дијалог “ од Скопје за збриката песни ВИЕ го награди Видически со награда за најдобра книга за 2009 во конкуренција на 12 наслови од сопствената продукција.СЕДМО НОЕМВРИСКА НАГРАДА  на град Охрид  1977 г.    

Македонија | пред 5 години

zaev213

ВМРО-ДПМНЕ: Фамилијата на Заев била заразена, а тој не бил во изолација

Слушаме дека цела фамилија на Зоран Заев била заразена, а не слушнавме ниту еднаш дека поради контакти со нив Заев бил во изолација или карантин, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата тоа отвора сомнеж дека тој не ги почитува протоколите и евентуално загрозувал нечие здравје или животи.„Ете затоа Македонија е жариште во Европа и светот, бидејќи власта не само што не помага, туку е и лош пример во справувањето со епидемијата. Само во последното деноноќие Македонија бележи нов црн биланс со 1.161 нови заразени и за жал 26 нови починати. Вкупниот број на заразени се искачи на 72.044 лица и 2077 вкупно починати. Со овие бројки Македонија е црн рекордер во Европа и регионот. Само овие 100 и кусур дена влада на Заев има речиси 1500 починати што е катастрофа. Заев, Филипче и Стојанче убедуваат дека се е под контрола, дека пикот поминал, дека нема потреба од нови мерки, а во реалноста секој ден илјадници заболуваат, а десетици умираат поради вирусот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Затоа, додаваат од таму, најдобра мерка за заштита на граѓаните ќе биде оставката на власта на чело со Заев.

Македонија | пред 5 години

granati-bitola

На Криволак ќе се уништуваат гранатите откопани во Битола

Од понеделник ќе биде уништена првата половина од артилериските гранати пронајдени кај градскиот стадион во Битола, додека втората половина и останатите мински експлозивни средства собрани во земјава во последните десетина месеци, ќе бидат уништени во месеците јануари и февруари. Поточно уништувањето ќе продолжи и на 18-ти, 22-ри и 25-ти декември, а потоа уште четири термини ќе биле одредени во координација со Дирекцијата за заштита и спасување, во текот на наредната година.Деновиве ќе се иврши транспорт на овие средства на воениот полигон Криволак ,каде ќе биде спроведена целокупната операција.  

Македонија | пред 5 години

radar-policija

187 санкционирани возачи во општина Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на општина Центар изречени се вкупно 187 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 18, седум санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, пет мерки за минување на затворен сигнал(црвено светло) и осум мерки за возење под дејство на алкохол...Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

48427483_277368696218792_3444909980115795968_n

Врнежи од слаб снег на планинскиот премин Ѓавато, магла на Стража

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на планинскиот премин Ѓавато, но без пречки во одвивањето на сообраќајот. Поради појава на магла, видливоста на планинскиот премин Стража е намалена на 50 – 70 метри, информира АМСМ.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Македонија | пред 5 години

makstil-960x528

„Макстил“: Работиме според А дозвола која го пропишува нивото на бучава

Изминатиот ден беше направен вонреден инспекциски надзор од страна на ДИЖС за утврдување на емисијата на гасови на мерните точки во Макстил АД. Во очекување на резултатите од лабораторијата на ДИЖС, би сакале да ја информираме јавноста дека според мерните инструменти на Макстил, нема забележани надминувања на дозволените вредности од А интегрираната еколошка дозвола (измерените вредности се многукратно помали од дозволените), се вели во соопштението од Макстил АД.Во продолжение на истото се додава:За време на посетата инспекторите информираа дека има поплаки од граѓаните за зголемена бучава по што беа презентирани мерењата на бучавата согласно А дозволата извршени од страна на надворешна акредитирана лабораторија и беше утврдено дека се во рамките на дозволеното.Покрај Макстил АД, во комплексот на поранешна Железарница работат преку 60 правни субјекти, од кои за жал, според кажувањето на ДИЖС, голем дел немаат ни основни еколошки елаборати.Приоритет ни е како компанија почитување на сите законски обврски и сигурни сме дека во секој момент производниот процес работи според А интегрираната еколошка дозвола.Ја поздравуваме професионалноста и ангажираноста на инспекциските служби и ги охрабруваме и понатаму да продолжат со редовни и вонредни контроли и проверки, како би се детектирале вистинските учесници кои придонесуваат во загадувањето на Скопје за истото да се спречи за доброто на сите.

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведени вработен во АНБ и полициски службеник за измама

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против две лица И.А. (30) и А.Р. (40) двајцата од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Измама“ по член 247 во врска со чл22 од Кривичниот законик.Првопријавениот, вработен во АНБ во договор со второпријавениот, како униформиран полициски службеник во СВР Скопје, со намера да се стекнат со противправна имотна корист оствариле средба со оштетениот М.А. и неговиот внук Р. А., на која изнеле невистинити податоци со што ги довеле во заблуда оштетените.Имено, пријавените со лажно прикажување на факти кои се однесуваат на нивниот идентитет и лажни инкриминирачки информации за правно лице, побарале парична награда во износ од 3.000 евра како би му помогнале да се избришат податоци.За да издејствуваат парични средства, пријавените во неколку наврати преку телефонски повици и пораки барале остварување на нова средба кој се случила на 08.12.2020, каде оштетениот им исплатил дел од побараната парична награда односно 600 евра. Двајцата осомничени се приведени и предадени на обвинителството со соодветна кривична пријава.

Македонија | пред 5 години

21032020_VRSM_21_sednica_na_Vlada1

Парите за карго аеродром во Штип ќе ги добијат општините за инфраструктурни проекти

Владата донесe одлука со која е одобрена предлог-листа на проекти од општини за финансирање од дополнителни средства кои се обезбедија со пренамената на финансиските средства од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип.Со оваа одлука се обезбедени 35 милиони евра за 99 проекти за 75 општини кои се одобрени за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациски мрежи, за реконструкција изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи, и за други проекти што ги предложија општините и што се прифатени со оваа одлука на Владата на Северна Македонија.На денешната седница е донесена и одлука за одобрување на средства од буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година во висина од 30.000.000 денари на Општина Арачиново, како еднократна неповратна финансиска поддршка, за справување со потешкотиите во тековното работење настанати поради корона-кризата.

Македонија | пред 5 години

ucenici

Средношколци протестираа пред МОН против полагањето државна матура во пандемија

Матурантите на протест за укинување на државната матура. Движењето Средношколски глас се спротиставува на полагањето матура поради тоа што учат онлајн и немале можност да добијат квалитетна настава. Матурантите денеска ја бојкотирале наставата за да го изразат својот револт кон надлежните кои немале слух за нивните барања. Тврдат дека пред две недели побарале средба со нив но не ја добиле, објави Сител.Од МОН не отстапуваат велат матура мора да има бидејќи не смее да се прави компромис со квалитетот на образование. Во соопштението тврдат дека оствариле средби и со движењето Средношколски глас и со Сојузот и им било објаснето дека ќе биде најден начин полагањето да биде безбедно.Текстот во целост на: Сител. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Левица: МНР ти остави на цедило македонските студенти во Русија

Македонската дипломатија реди успеси на секој план. Хаосот кој владее во дипломатската мрежа на нашата држава, постојано ги става под ризик нашите државјани во странство, кои се оставени сами на себе без никаква поддршка од страна на дипломатските служби платени од јавни пари, а чија основна функција е да се грижат за нашите надвор, се вели во Реакцијата од Левица во врска со македонските студенти кои се оставени на цедило во Русија, поради непродолжени пасоши.Во продолжение на истата од Левица додаваат:Последен пример за ваквото недозволиво и неодговорно однесување е примерот со македонските студенти во Русија. И покрај уверувањата дека ќе им бидат обезбедени можности за продолжување на пасошите уште во јуни годинава, тоа не е сторено. Како резултат на ова, сега 20тина наши студенти престојуваат во Русија без здравствено осигурување на сред пандемија и под ризик да ги изгубат стипендиите.При отсуство на агилност и поддршка од страна на МНР, повеќето од нив се приморани да се вратат и да ја изгубат школската година. Ова е само уште еден пример за неспособноста и незаинтересираноста на македонските институции да работат во служба на оние за кои постојат.

Македонија | пред 5 години

Kostadinovski

Почина архитектот Георги Константиновски

На 90-годишна возраст почина светски признаениот архитект Георги Константиновски. Информацијата ја потврди неговиот син Валентино Константиновски.„Со длабоко жалење Ве известувам дека на ден 08.12.2020 година, почина мојот татко, професор Георги Константиновски. Погребот беше извршен денес на гробиштата во Бардовци.Нека почива во мир…“, сподели Валентино со јавноста.Георги Константиновски ќе остане запаметен како еден од најпознатите архитекти што оставиле длабоки траги во македонското архитектонско творештво. Тој е проектант на некои од најзначајните објекти во Скопје и во другите градови во Македонија, а најпрепознатливи дела за Константиновски се Архивот на град Скопје од 1966 година и студентскиот дом „Гоце Делчев“ во населбата Тафталиџе, чија изградба започнала во 1969 година и кој се смета за значаен објект на македонската архитектура од храбрата постземјотресна обнова на Скопје.Константиновски дипломирал на Техничкиот факултет во Скопје во 1956 година, на Архитектонскиот отсек и е дел од првата генерација архитекти на Техничкиот факултет. Магистрирал на Универзитетот Јеил во САД, а кариерата како редовен професот му завршува во 1995 година.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Александра Јанева промовира деби-албум со хумана цел

Поп-пејачката Александра Јанева го промовира својот деби-албум „Срце отвори“. Албумот е компилација од 13 песни објавени во изминатите седум години од нејзината музичка кариера, почнувајќи со макфестовската „Врати ми го сонцето“.Продажбата на дисковите започнува од утре, сабота во четири градови, а сите средства ќе бидат наменети за ковид пациенти кои не можат да си овозможат болничко лекување.„Албумот е готов подолго време и иако никогаш не можеш да знаеш кога е вистинското време за нештата да се случат, јас сум пресреќна што токму сега, кога целото човештво се соочува со најголемите предизвици и најмногу ни треба сплотеност и емпатија, имам можност да го претставам овој симболичен проект пред публиката. Секој може да придонесе за општото добро со она што ќе го даде со отворено срце“На албумот се наоѓаат и песните „Еве ме пак“, „Најмило мое“, „Ќе се вратам некој ден“, „Еуфорија“, „Бам бам“ на кои пејачката работеше со голем број домашни автори како Ристо Самарџиев, Ѓорги Крстевски, Иван Јованов, Марко Маринковиќ, Огнен Неделковски, Владимир Дојчиновски, Иле Спасев, Панче Илиев и Столе Аврамов.

Магазин | пред 5 години

Нема фотографија

Поведена постапка за измама против две лица од Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против две лица за кривично дело – Измама, предвидено и казниво согласно член 247 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.Како соизвршители на кривичното дело, лицата на возраст од 30 и 40 години од Долно Свиларе, од кои едниот бил вработен во Агенцијата за национална безбедност, а другиот како униформиран полициски службеник во СВР Скопје, стапиле во контакт со едно лице на кое лажно му прикажале факти за својот идентитет. Со намера за себе да прибават противправна имотна корист, тие му се претставиле со лажни имиња и му прикажале лажни факти според кои против правно лице од Куманово се води постапка од одделението Интерпол при МВР Скопје. Притоа тие му презентирале електронско досие во кое имало докази за наводно незаконско работење, противправно посредување во средување на визи за косовски државјани, нелегално пренесување и продажба на ПЦР тестови за Ковид-19 и други незаконитости во работењето. Оштетениот го одржале во заблуда така што му прикажале лажни факти дека во Одделението за Интерпол во МВР Скопје наводно работат сопруга и братучед на еден од осомничените, па му побарале пари за предметот против правното лице да биде затворен. На договорена и остварена средба со оштетениот на 8 декември во Визбегово, оштетениот им исплатил 600 евра кои претходно биле криминалистичко-технички обработени и фотографирани. По лишување од слобода, парите биле пронајдени кај еден од осомничените.Имајќи предвид дека постои опасност од бегство и присуството на осомничените во текот на постапката не може да се обезбеди со ниту една друга мерка, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот и на двајцата осомничени им определи притвор во траење од 8 дена​.

Македонија | пред 5 години

korona-2

26 починати и нови 1161 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3114 тестирања, а регистрирани се 1161 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-410, Куманово-54, Дебар-19, Штип-54, Прилеп-59, Тетово-58, Струга-25, Велес-55, Битола-75, Охрид-51, Кавадарци-55, Гостивар-38, Гевгелија-38, Струмица-27, Крива Паланка-10, Радовиш-14, Крушево-1, Кочани-28, Пробиштип-7, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-5, Виница-2, Делчево-5, Кратово-3, Свети Николе-18, Кичево-12, Ресен-7, Неготино-24.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 806 оздравени пациенти од: Скопје-295, Куманово-34, Дебар-4, Штип-20, Прилеп-49, Тетово-45, Струга-25, Велес-29, Битола-62, Охрид-33, Кавадарци-18, Гостивар-41, Гевгелија-15, Струмица-22, Крива Паланка-8, Радовиш-3, Крушево-3, Кочани-14, Пробиштип-7, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-4, Виница-4, Кратово-1, Свети Николе-7, Кичево-14, Ресен-16 и Неготино-19.Починати се 26 лица, седум пациенти од Скопје (61, 66, 63, 67, 68, 64 и 30г), двајца од Куманово (53 и 63г), двајца од Штип (64 и 78г), двајца од Прилеп (85 и 85г), еден пациент од Струга (71г), еден од Битола (61г), четири пациенти од Гостивар (57, 83, 76 и 75г), еден од Струмица (80г), еден од Крива Паланка (73г), двајца од Кочани (66 и 67г), еден од Пробиштип (35г), пациент од Делчево (64г) и еден од Кичево (66г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 72044, бројката на оздравени пациенти е 48170, на починати е 2077, а бројот на активни случаи изнесува 21797. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 31101, активни 11152• Куманово 4207, активни 661• Дебар 545, активни 151• Штип 3018, активни 489• Прилеп 3574, активни 927• Тетово 4331, активни 1010• Струга 1724, активни 421• Велес 2392, активни 693• Битола 2589, активни 901• Охрид 1973, активни 579• Кавадарци 1614, активни 603• Гостивар 3020, активни 876• Гевгелија 912, активни 280 (65 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 156 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1966, активни 560• Крива Паланка 515, активни 133• Радовиш 507, активни 132• Крушево 150, активни 72• Кочани 1402, активни 256• Пробиштип 399, активни 70• Демир Хисар 217, активни 54• Македонски Брод 193, активни 35• Пехчево 115, активни 20• Берово 441, активни 100• Валандово 246, активни 54• Виница 411, активни 121• Делчево 583, активни 273 (164 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 171, активни 29• Свети Николе 964, активни 212• Кичево 1422, активни 380• Ресен 549, активни 187• Неготино 793, активни 366 (120 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 3114 теста се преку: ИЈЗ-937, ЦЈЗ Скопје-57, Авицена-268, Биотек-208, МАНУ -186, Жан Митрев (Филип Втори)-210, Систина со PCR метода -157, лабораторија Лаор –39, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-77, Инфективна клиника-5, ГАК-11, Синлаб-29, Ремедика-25, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -875, УК Пулмологија со алергологија –2, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 360.216 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

21032020_VRSM_21_sednica_na_Vlada1

Владата одобри 8 милиони евра повеќе во Пакетот 4 за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19 за дополнителни категории граѓани и компании

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 28-ма седница донесе одлука за нов пакет мерки за поддршка во справувањето со последиците од КОВИД-19 кризата.Владата им излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од кризата и на предлог на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, во соработка со претседателот на Владата и Генералниот секретаријат донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра.Со овој најнов КОВИД пакет се опфатени:• Естрадните уметници (околу 731), со финансиска помош во износ на 2 бруто минимални плати (21.776 денари);• 40 здруженија од Асоцијацијата на танцови здруженија со грантови од по 2.000 евра за секое здружение;• Приватните установи за деца - детски градинки со субвенции од 1.500 денари по згрижено дете, за период од 6 месеци, за вкупно 1.216 деца во 17 градинки, со што тие добиваат ист третман како јавните детски градинки во државата;• Финансиска помош за 12 дизајнерски ателјеата за организирање свадби кои се забранети во овој период со еднократен износ од 90.000 денари;• Грантови за едукативни центри за деца исто како и за игротеките, (по број на вработени, со по две бруто плати до 21.776 денари);• Грантови за центри за странски јазици исто како и за игротеките со по две бруто минимални плати од 21.776 денари;• Финансиска помош за ноќни клубови врз основа на прикажан вкупен бруто промет од 2019 година за вкупно 24 субјекти и во вкупна висина на средствата од 7.380.000 денари;• Субвенционирање на плати на вработени во 48 младински организации и организации за млади од 21.776 денари месечно, за 2 месеци и за хонорарно ангажираните лица во овие организации;• Финансиска помош на МЖ Транспорт во висина од 110.000.000 денари, и за ЈП Државни патишта пат во висина од 180.000.000 денари;• Финансиска поддршка од по 14.500 денари по вработен за два месеци за ефективни работни часови за 58 лиценцирани превозници со лиценци за 376 автобуски линии;• Со овој дополнителен пакет за поддршка за справување со последиците од КОВИД-19, финансиска помош за исплата на плати за ГТЦ АД Скопје во наредните два месеци за полесно пребродување на корона ризата за 260 вработени, од кои 219 се во редовен работен однос, и 41 со договор за привремено вработување во вкупна висина од 8.926.545,00 денари;• Финансиска поддршка од околу 36 милиони денари за исплата на 2 плати на 598 вработени во АД Водостопанство;• Скалеста исплата на финансиска помош на: самостојни уметници, филмски работници и уметници стручни соработници, од 14.500, 18.000 или 21.500 денари во зависност од примањата за период од 3 месеци, за вкупно 462 корисници за што се предвидени вкупно 24.948.000 денари за чија исплата ќе биде објавен повик од Министерството за култура;• Финансиска помош за вкупно 53 фирми кои вршат превоз во Скопје и во кои се вработени 100 лица претставени преку МАКЕКСПРЕС ПРЕВОЗ ДОО Скопје за исплата на еднократна финансиска помош од 14.500 денари по вработен, за два месеца, во вкупен износ од 2.900.000 денари; како и• Финансиска помош за вкупно 83 фирми во кои се вработени 181 лица претставени преку ДППУ Слобода превоз Скопје, за исплата на еднократна финансиска помош од 14.500 денари по вработен, за два месеца во вкупен 5.249.000 денари.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Општина Центар денес отстрани уште една трафика, две гаражи и непрописно поставени паркинг блокатори

Продолжуваат активностите на инспекцијата на Општина Центар – денес отстранети уште нелегално поставени објектиСекторот за инспекциски работи на Општина Центар и денес продолжува со активностите за отстранување на објектите кои не поседуваат соодветна документација.Денешната акција опфати еден времен објект – трафика, со димензии 2 х 1,5 метри, кој се наоѓаше на улица „11 Октомври“, во централното градско подрачје, во близина на Црвениот Крст.Покрај трафиката, инспекциските служби денес отстранија и два помошни објекти – гаражи во населбата Дебар Маало, кои исто така не поседуваат соодветни решенија за поставување.Откако инвеститорите, односно сопствениците, не постапиле по издадените решенија за отстранување на нелегалните градби во законскиот рок од 3 дена, општината со градежна механизација ги отстрани, а трошокот за отстранувањето ќе падне на товар на инвеститорите.За дополнително ослободување на јавните површини во Капиштец отстранети се и 11 паркинг блокатори поставени без соодветна документација на улицата „Васил Ѓоргов.

Скопје | пред 5 години

insulin

ФБ статус: Ова што се случува во нашава земја е страшно!

ФБ статус:Како што напишав погоре СТРАШНО, лудило!Понеделник (07.12.2020)Станувам сабајле рано, дојде денот кога треба да го подигнам инсулинот, последните залихи се скоро при крај па си викам ајде да не ризикуваме. Се спремам, му се јавувам на татко ми да искочи од работа и тргнуваме до амбуланта.Се е во ред, културни сестри и доктори. Се качуваме по скалите и остануваме да чекаме на скалите. 20тина луѓе пред мене и тоа е во ред сите се загрижени за својот опстанок. НАШАТА ДРЖАВА НЕ НЕ СНАБДИЛА СО ИНСУЛИН!!!ПОВТОРУВАМ НЕ НЕ СНАБДИЛА!!!Чекајќи 40 минути стигнувам на ред, загрижувачкиот израз на лицата се гледаше, па викам ајде да прашам кога веќе стигнав на ред Здраво , здраво фини и културни. Oдговор на твоето прашање немам, можеби во петок, можеби следната недела. МОЛК.-Но, како немате одговор? Јас ке издржам до петок но оние што воопшто немаат? Што ако нема ни во петок?Милион прашања но без одговор. Сестрата ни крива ни долкна, по лицето и се гледаше колку само се сочувствуваше со нашата состојба.Вторник (08.12.2020)Загрижен седиш и пробуваш да најдеш решение ама РЕШЕНИЕ НЕМА сите го делиме истиот проблем.Среда (09.12.2020)Се покриваш со последните залихи, си кратиш од оброкот за да имаш инсулин барем за до утре. ЗНАЧИ СИ КРАТИШ ОД ОБРОКОТ!!!!!!!Четврток(10.12.2020)Доручек, ручек во ред, а вечера НЕМА!!!! Здравје во петок. Сепак позитивни, спротивното ни пречи.Петок(11.12.2020)СЕКАКО, НИ ПРВ НИ ПОСЛЕДЕН ПАТ! ОДГОВОРОТ БЕШЕ НАРЕДНАТА НЕДЕЛА.БУКВАЛНО СМЕ ОСТАВЕНИ НА ЦЕДИЛО.ВО ПРЕВОД АКО МОЖЕШ ДА СЕ СНАЈДЕШ СНАЈДИ СЕ АКО НЕ-УМРИ.МИЛИОНИ ДЕЛИТЕ МЕЃУ СЕБЕ, ЗНАЧИ ЗБОРУВАМ ЗА МИЛИОНИ. МИЛИОНИ ЛУЃЕ ВРАБОТЕНИ ЗА ДА СЕ СПРАВУВААТ СО ВАКВИ СОСТОЈБИ, МИЛИОНИ ЛУЃЕ ВРАБОТЕНИ ВО ВАКВИ ДРЖАВНИ ФУНКЦИИ, МИЛИОНИ ВО АДМИНИСТРАЦИЈА И БЕЗ ТРОШКА СРАМ И СОВЕСТ ИЗЛЕГУВАТЕ ПРЕД МЕДИУМИ И ВЕЛИТЕ ДЕКА СЕ Е ВО РЕД?????!!!!!!НИШТО НЕ Е ВО РЕД! И МИЛИОНИ ГОДИНИ НАНАПРЕД ПАК НЕМА ДА БИДЕ ВО РЕД!ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ НЕ Е НИТУ БИЗНИС, НИТУ ПОЛИТИКА!

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Четири години од смртта на Есма: Пропаѓа ограбената куќа која треба да биде музеј

И по четири години од смртта на кралицата на ромската музика, Есма Реџепова-Теодосиевска, нејзината куќа во близина на скопското Кале пропаѓа. По неколкуте грабежи, во неа релиси и да нема останато ништо од личните работи на Есма и Стево. Есма со тестамент куќата ја остави на државата Македонија, со желба таа да биде музеј или спомен-место каде што луѓето ќе се сеќаваат на неа и нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски. За имотот, четврта година се води и спор во судовите. На годишнината од нејзината смрт, нејзиниот посвоен син Симеон Атанасов за „А1он“ вели дека Есма никогаш не помислила дека нејзината куќа ќе биде во ваква состојба. Од Министерството за култура велат дека не можат да преземат ништо поради судските спорови.„Како што знае цела македонска јавност, мојата мајка Есма остави два тестамента, коишто таканаречените Реџепови ги оспоруваат иако немаат вложено ниту една цигла да се изгради таа куќа, бидејќи целосно е направена од лични средства на Есма и Стево Теодосиевски, како и средства од сите нас, децата, кои одевме во училиште и работевме од мали нозе без никаков хонорар. Во тестаментите јасно се нагласува последната желба на Есма, а впрочем, тоа беше и желба на мојот професор Стево Теодосиевски, куќата да биде музеј за кој ќе се грижи државата, поточно Министерството за култура, кои се тестаментални наследници. За жал и голем срам, оваа власт не покажа грам почит кон делото на единствените уметници кои цел свој имот и долгогодишен труд го оставија на државата. Четири години сме заглавени во судски лавиринт и на никого не му е грижа. Додека трае целиот процес, внуците на Есма однесоа сè што беше вредно, сè што сме работеле толку години го фрлија во вода. Пријавено е во полиција, никој не реагира, едноставно немаат гајле. Исто така, морам да кажам дека истите тие Реџепови го оспоруваат и тестаментот за авторски права во кој јасно стои дека јас сум единствен наследник на сите авторски права. Имавме и средби со надлежните, но сè уште ништо не се презема. Последната средба беше со господинот Алаѓозовски, кој ни вети дека ќе го информира премиерот за целиот процес, но немаме никакви информации. Не знам до кога ќе бидеме во оваа голгота, апелирам до надлежните да бидат пред сè луѓе и да ги испочитуваат последните желби на Есма и Стево“, вели Атанасов, еден од синовите на Есма.Текстот во целост на: „А1он“

Македонија | пред 5 години

2-1-1

Постигнат договор за прекин на протестите на тутунарите, откупот продолжува, во петок повторно состанок во Прилеп

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, денеска одржа работен состанок со Сојузот на тутунарски здруженија, Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари и претставници на откупните компании.Постигнат е заеднички договор за прекин на протестите. Сите откупни пунктови да продолжат со откупот и сите останати да се отворат согласно законскиот рок 15. декември.„За разлика од другите години оваа година многу е мал процентот на откуп, само 1,6 % споредено со истиот овој период лани кога биле откупени 40% и тоа е загрижувачка слика. Но веќе имаме позитивни сигнали, задоволни излегоа и претставниците на одборот на тутнопроизводителите кои протестираа. Прекинувањето на протестите е позитивен сигнал и можам да кажам дека имаме првичен договор“ изјави министерот Хоџа.Министерот побара од директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, инспекторите да бидат присутни со засилени контроли, да го следат откупот и законски да постапуваат за сите евидентирани нерегуларности.Тутунопроизводителите да продолжат да го носат тутунот, а сите кои ќе бидат незадоволни од проценетата класа на тутун, слободно да се повикаат на второстепена комисија.Министерот повика на трпение и доверба помеѓу сите учесници во процесот. За следниот петок закажан е заеднички состанок во Прилеп за да се направи проценка дали е постигнато подобрување во откупниот процес на тутун од годинешната реколта.

Македонија | пред 5 години

27-april

ЗНМ: Новинари од 27 април по втор пат жртви, овој пат од судот

Оваа недела Основниот граѓански суд во Скопје донесе пресуди со кои се одбиваат тужбените барање на новинарката Наташа Стојановска и Душица Мрѓа, кои бараа повреда на нивните права и штета од државата за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Северна Македонија. ЗНМ најавува дека за пресудата, која е на штета на новинарите и на слободата на изразување, ќе ги извести сите релевантни меѓународни организации.„Оваа пресуда е пропуштена можност да се заштита правата на новинарите и преставува уште еден доказ дека постојат двојни стандарди за судот кога се во прашање политичари и новинари. Потсетуваме дека во случајот со групата политичари Основното јавно обвинителство по службена должност покрена постапки и кривичниот суд осуди со затворски казни група на граѓани а во случајот на новинарите самите беа оставени да покренуваат приватни тужби“, велат до ЗНМ.Според ЗНМ, „образложението на судот во пресудите е дека новинарките не доставиле докази од кои што може да се утврди дека на 27 април 2017 година се случиле јавни демонстрации пред Собранието, иако во тужбата уредно се доставени видео записи од случувањата пред Собранието, а критичниот ден стотици објави беа и се присутни на медиумите. Фактот што судот не признава повреда на правото на слободата на изразување и бара од новинарите да докажат општо познати факти, дека имало упад во Собранието од страна на лица кои јавно демонстрирале на 27 април 2017 година е тенденциозен и преставува преседан во контекст на овој случај“.„Исто така, небулозно е тврдењето на судот дека новинарите немале право да бараат надомест на нематеријална штета за претрпени душевни болки и наведува дека двете немале телесни повреди. Скандалозен е фактот што судот не признава дека душевната болка, страв и траума кој биле доживеани од страна на присутните новинари е проблематично и притоа се имплицира дека немале телесни повреди тужителите.Потсетуваме дека судската власт има обврска да ги штити правата на новинарите бидејќи со тоа го штити и правото на граѓаните да бидат информирани“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 5 години

w_56211861

На предвремените избори за градоначалник во Штип денеска гласаа сите 12 избирачи со Ковид-19 или во изолација

Изборите за градоначалници во Штип и Пласница почнаа денеска. Државната изборна комисија (ДИК) информираше дека денеска своето право на глас го остварија лицата позитивни на Ковид-19 и лицата во самоизолација.На изборите за гласање беа пријавени само 12 лица од Штип.Од 12 пријавени за гласање во општина Штип, до 14 часот сите го остварија своето право на глас, соопштија од ДИК.Во недела е изборниот ден, кога во 7 часот ќе се отворат гласачките места, а во 19 часот ќе се затворат. Според Државната изборна комисија, во изводите од Избирачкиот список за гласање во Општина Штип  запишани се 39.605 гласача.Во посебниот избирачки список што се однесува на лица кои се на привремен престој или работа во странство се запишани 2.103 лица, во посебниот избирачки список кои се во затвор или во притвор запишани се 67 граѓани и лица згрижени во домови за вонсемејна заштита се двајца гласачи.

Македонија | пред 5 години

maricic

Маричиќ: Потребна е дигитализација на сите нивоа во судството

Министерот за правда Бојан Маричиќ учествувајќи на регионалната конференција „Онлајн судење за време на пандемија: Законодавство, пречки и предизвици“, истакна дека светската пандемија на Ковид-19 дополнително ја зголемила потребата од дигитализација на судството.Маричиќ во својот говор се осврна на тоа како воведувањето информатичка технологија на сите нивоа ќе влијае врз текот на судските процеси, но и на самата поврзаност меѓу судовите.- Ние сме свесни дека е многу важно следниот период да биде воведена информатичка поврзаност на хоризонтално и вертикално ниво. Исто така, увидовме дека е потребна целосна дигитализација на случаите, доставата и интероперабилноста меѓу судовите, со цел се зголеми ефикасноста на истите, односно од една страна да се забрзаат судските процеси, а од друга да се намали потребната од физичко присуство, потенцираше Маричиќ.Според министерот државите и без пандемијата изминатите години преземаа чекори кон дигитализација на судството, а пандемијата беше своевиден катализатор, односно ги забрза овие процеси. Тој се осврна и на првото онлајн судење кое се направи во судот во Кавадарци.-Среќен сум што денес тука со нас е и судијата Лазар Нанев од Кавадарци, бидејќи токму во Основниот суд во Кавадарци се одржа првото онлајн судење, кое го сметаме како добар пример кој ќе биде дополнително охрабрување за користење современи дигитални технологии во судството, кажа Маричиќ.

Македонија | пред 5 години

DSC_0614

Трудницата која почина од ковид-19 носела мртов плод и одбивала да биде хоспитализирана

22-годишната пациентка која вчера почина од компликации предизвикани од Ковид 19 имала дијабет и хипотироза веќе била примена со мртов плод, вели директорката на ГАК Викторија Јовановска.-Таа е дојдена на Клиниката на 23 ноември по третпат. Предходно доаѓала, но одбивала да биде хоспитализирана во делот на ковид позитивните пациенти, односно суспекните случаи иако имала негативен тест. Но, нашата лабараторија покажува дека таа била ковид позитивна бидејќи ги имала симптомите. На 23 била примена со мртов плод и лош лабараторски наод. Веднаш била префрлена во шок соба и била породена со царски рез .Таа била во 37 недела од бременоста, објасни Јовановска. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања