Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

brza-pomos-bolnica

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 830 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 830 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 56 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 106, во ковид центарот во Гостивар 64, а во Струга 33 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 72 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 10, Кавадарци 56, во Гевгелија 11 лица, а во Дебар 10 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1340 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

posta

Јани Макрадули: Од 1 март граѓаните ќе може да плаќаат во Пошта

Новиот директор на „Пошта“ Јани Макрадули најави дека граѓаните ќе може да ги плаќаат своите сметки во пошта од март идната година. Негова главна цел, како што потенцира, е стабилизирање на компанијата и елиминирање на непотребните трошоци. Долгот кој е генериран по разни основи, а кој го наследи Макрадули е околу десет милиони евра Тој за долговите вели дека не се директно виновни оние кои менаџирале со „Пошти“, туку владите. Загубите се направени со мерки како простување на долговите на граѓаните, укинувањето на радиодифузната такса, одлуки кој не ги донел менаџментот. Макрадули е убеден дека компанијата може да работи подобро.„Ние бевме директно погодени од ковид пандемијата и ние по тој основ, како и намалениот обем на работа добивме помош од Владата. По пропаѓањето на ‘Еуростандард банка’, драстично се намали приливот. Во овој момент главната цел е финансиското стабилизирање, елиминирање на непотребни трошоци, наоѓање на нови коминтенти и клиенти, повеќе инвестиции во рамки на решенија кои можат да ја помогнат финансиската ситуација, пред се тоа е процесот на дигитализација и вложување во животната средина. Враќањето на репутацијата која порано ја имаше ‘Пошта’ е приоритет кој го работиме. Средствата кои ги даде Владата ќе бидат насочени за исплата на платите“, рече генералниот директор Макрадули.Платен промет во „Пошта“ ќе може да се врши најдоцна од 1 март, а договорот со „Халк банка“ ќе се потпише до крајот на месецов, соопшти Макрадули. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Некогашниот напуштен простор во Кисела вода е нов зелен парк

Напуштениот простор во Кисела Вода, лоциран меѓу улицата Лазар Димитров и железничката пруга, зад бараките во населбата 11 Октомври, денес е нов зелен парк, на површина од околу 16.000 квадратни метри. На овој простор деновиве се засадени околу 200 висококвалитетни дрвја кои веќе напролет ќе развијат убави крошни чии сенки ќе придонесат за намалување на температурата во жешките месеци и ќе го раззеленат овој јавен простор кој до неодамна беше дива депонија.Овој простор, кој е во непосредна близина на центарот на нашиот град, со децении беше запуштен и на него се создаваа поголем број депонии со шут и отпад. На почетокот на годинава, екипите на Град Скопје го расчистија просторот, го израмнија теренот и засадија нова трева, а есенва се подигнати нови квалитетни дрвореди.Град Скопје продолжува со уредување на местата кои претходно биле диви депонии, а кои сега прераснуваат во мали зелени оази со цел поздрава и поубава животна средина за сите граѓани.Град Скопје согласно со новите стандарди на квалитет продолжува со подигнување нови дрвореди од квалитетни дрвја со просечна висина од околу 5,5 метри коишто веднаш ќе се вклопат во екосистемот на нашиот град, толку потребно за прочистување на воздухот. Есенското раззеленување на Скопје продолжува на голем број локации во сите скопски општини.

Скопје | пред 5 години

2-1

Шумската полиција после 12 години доби чизми, а во тек е и набавката на нови летни и зимски униформи

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска одржа пресконференција во големата сала на МЗШВ, по повод набавката на нова лична заштитна опрема за потребите на Шумската полиција.Шумската полиција, која функционира во рамките на Министерството, како овластени службени лица со посебни законски овластувања, после 12 години доби нова лична заштитна опрема.Секторот Шумска полиција вработува 383 лица од кои 334 Овластени службени лица: командири, заменици командири и шумски полицајци и 49 административни службеници.„Сите Шумски полицајци, најпрвин ќе бидат задолжени со полувисоки чизми за чија набавка беше спроведена постапка за јавна набавка од страна на МЗШВ. Тендерската постапка е успешно завршена и еве денеска пред вас е изложен моделот кој ја помина нашата интерна контрола на квалитет, по што во следниве неколку дена ќе следи нивно дистрибуирање до сите Шумско полициски станици на ниво на Република Северна Македонија. Тоа е првиот чекор од набавката, а во процес на реализација е и набавката на нови летни и зимски униформи со кои шумските полицајци ќе бидат задолжени најдоцна во март следната година“ изјави министерот Хоџа.Набавката на опрема за лична заштита е во износ од над 10 милиони денари, при што за набавка на чизми се искористени 2.5 милиони денари, а остатокот од сумата е наменет за набавка на нови униформи.Министерот потенцираше дека МЗШВ со оваа набавка ја спроведува законската обврска која подразбира да се обезбедат сите услови за безбедност и здравје при работа на вработените. Шумската полиција своите работни задачи ги извршува на терен, а една од мерките за заштита од ризик на работно место е да имаат соодветна лична заштитна опрема односно обувки и униформи.Личната заштитна опрема треба да ги исполнува стандардите на Европската унија како и меѓународните прописи во однос на дизајнот и производството, а посебно во однос на безбедноста и здравјето нa вработените. Набавените чизми се токму такви согласно стандардите кои ги пропишува европската регулатива, а тоа ќе биде запазено и за униформите.На денешниот настан, министерот Хоџа првите чизми симболично ги подели на шумските полицајци кои беа присутни, а останатите ќе бидат дистрибуирани до Шумско полициските станици во следните неколку дена.Министерот Хоџа искажа задоволство од резултатите на работењето на Шумската Полиција, а тоа е факт кој го потврди и Светската царинска организација и Интерпол. Неодамна Република Северна Македонија учествуваше во меѓународната операција THUNDER 2020, организирана и координирана од Светската царинска организација и Интерпол, со главен фокус на борбата против криминалот со дивата флора и фауна и шумите. Во операцијата учествуваа и Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Операцијата е завршена со постигнати високи резултати. Шумската полиција и Министерството за внатрешни работи реализираа вкупно 118 заплени на огревни дрва, од кои 91 од страна на Шумската полиција, 2 од страна на Министерството за внатрешни работи и 25 заплени во соработка на двете институции. Беа запленети товарни и патнички моторни возила, трактори, приколки и запрежни коли како и рачни моторни пили и секири. Против вкупно 110 лица поведени се 21 кривична постапка и 89 прекршочни постапки поради напад на службени лица и незаконска сеча, транспорт или складирање на огревни дрва.Светската царинска организација и Интерпол оваа операција ја посочија како потврда за опасностите со кои секојдневно се соочуваат припадниците на Шумската полиција.Честопати, тие се изложени на висок ризик, некогаш дури и по однос на нивниот живот, бидејќи се соочуваат со организирани криминални групи.Шумската полиција најсовесно и одговорно ги извршува работните задачи и огромен е нивниот придонес во спречувањето на незаконската сеча на нашите шуми.На вчерашната седница Владата ја усвои Информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку Колективен договор на Овластените службени лица во Шумската Полиција. Со овој договор, после 22 години ќе се зголемат платите и правата на Шумската Полиција.Министерот Хоџа им се заблагодари на Шумските полицајци, им честиташе за нивната успешна работа, истовремено ги охрабри да продолжат храбро во борбата против криминалот со дивата сеча.Настанот беше организиран согласно протоколот за организирање на настани во услови на пандемија, утврден од страна на Владата на РСМ.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 39 пациенти, а вкупно се лекуваат 510 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 39 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 510 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, двајца болни се хоспитализирани на ОРЛ, тројца пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и по четири болни на очната клиника, на Институтот за ТБЦ и на Клиниката за дерматовенерологијаВо ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало седум нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 12 болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 24 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 22 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 30 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 26 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 162 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 9 деца и 25 возрасни.Вкупно 510 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии

Претседателот Стево Пендаровски, денеска го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување на Законот за финансирање на политичките партии.Претседателот Пендаровски очекува дека на ист начин на којшто на политичките партии им се враќаат запрените средства за финансирање, коишто законски им следуваат, ќе им се вратат и финансиските средства на сите институции коишто остваруваат витален јавен интерес.Средствата беа запрени во услови на вонредна состојба заради нивно користење за справување со економските и социјалните последици од здравствената криза.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Извршен претрес, пронајдена дрога

На 10.12.2020 во 20.40 часот од страна на полициски службеници од СВР Скопје на крстосницата село Петровец - село Долно Коњари од слобода се лишени М.Д.(33) и Д.М.М.(35), двајцата од Скопје, бидејќи при преглед кај нив е пронајдена марихуана. По преземени мерки и согласно наредба од Основен кривичен суд Скопје, во текот на ноќва (11.12.2020) извршен е претрес во домот на Д.М.М. при што е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 5 години

skopje-2

МВР следи кои објекти ќе издаваат за прослава за празниците, велат по препорака на комисијата ќе превземеме мерки

МВР ги следи издавањата на објекти за прослава на празниците и сериозно ќе превземеме мерки, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при своето гостување во ТВ21.– За празниците очекуваме некаков став од Комисијата за заразни болести, да видиме што ќе препорачаат во однос на проценката која ќе се направи проценка за ризик. Ние во МВР ги следиме посебно на издавање на објекти за прослава на празниците. И веќе имаме одредени сознанија, и сериозно ќе превземеме мерки, рече министерот Спасески. 

Македонија | пред 5 години

10122020_PVRSM_Telma-2

Заев: Денеска го плативме авансот за КОВИД вакцината и ја обезбедивме банкарската гаранција за да потврдиме дека ќе биде исплатена целата сума за набавка

„Денеска се плати авансот за КОВИД вакцината и на денешната седница на Владата ја утврдивме банкарската гаранција за да потврдиме дека ќе биде исплатена целата сума за набавка на вакцината против КОВИД-19“, соопшти премиерот Заев во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.„Во делот на набавка на вакцините би сакал прво да повторам дека веќе се обезбедени 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на Ковакс механизмот. Во рамки на овој систем ќе ги добиваме вакциниите согласно планот за дистрибуција кој ќе го одреди Ковакс за кој наскоро ќе добиеме информации од нив. Вакцините се очекуваат во првите месеци од 2021. Покрај овој механизам, започнавме преговори односно доставивме формални барања за обезбедување вакцини уште преку други два механизми. Првиот е во директни преговори и директна набавка од компаниите кои ги произведуваат вакцините. Пуштено е формално барање за понуда до две компании, „Фајзер“ и „Астра Зенека“ и се надеваме дека наскоро ќе имаме формална понуда од нив“, рече премиерот Заев.Тој истакна дека е обезбеден и трет механизам преку Европската унија и посебно од Грција за дополнителни 800.000 вакцини преку ЕУ од вкупно 200 милиони вакцини за земјите членки и уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата.Претседателот на Владата Заев информираше дека е во подготовка и логистичката организација на целата операција за вакцинирање против КОВИД-19 за што денеска се донесени неколку одлуки.„Вакцинацијата за граѓаните ќе се врши на постоечките здравствени капацитети, вакцинални пунктови и болници. Во тек на следната недела ќе започне процесот на на планирање и подготовка на тренингот за вакцинирање согласно спецификите на вакцините за Ковид 19. Сите здравствени работници кои ќе бидат задолжени за аплицирање на вакцината треба да бидат обучени со поддршка од СЗО“, рече премиерот Заев во интервјуто за ТВ Телма.

Македонија | пред 5 години

bremena-2

22-годишна трудница од Скопје почина како последица на Ковид-19

22-годишна бремена девојка од Скопје ја загуби битката со Ковид-19. Најмладата жртва на вирусот според неофицијални информации немала регистрирани коморбидитети, објави Сител.Била хоспитализирана на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје поради компликации во бременоста во тешка состојба со позитивен ковид тест. Три дена подоцна на 26ти ноември во критична состојба била префрлена во ГОБ „8ми Септември“. Целото време била поставена на респиратор. Здравствените власти велат дека биле преземени сите мерки на интензивно лекување, но сепак девојката вчера починала.Оваа 22-годишна скопјанка е шестата трудница почината од Ковид-19 во земјава.Текстот во целост на: Сител.

Македонија | пред 5 години

10122020_PVRSM_Telma-2

Заев: Со решавањето на споровите со Грција и Бугарија, ние го потврдивме македонскиот идентитет и ги афирмиравме придобивките од нив, низ легитимните институции на системот

„Како легитимни претставници на извршната власт, со доделен мандат од граѓаните на изборите, нам ни е дадена одговорноста да носиме храбри и тешки одлуки, а истовремено и да го чуваме достоинството и идентитетот. Ние со договорот од Преспа само го потврдивме и афирмиравме македонскиот народ и македонскиот јазик. Тоа го направивме и со Договорот со Бугарија, а го правиме и сега со решавањето на овој спор“, рече премиерот Заев во интервју за ТВ Телма.„Го потврдивме тоа и како членка на НАТО. Ќе бидеме со овој исти идентитет и членка на ЕУ. И сето тоа го направивме низ легитимниот систем на институциите, низ Парламентот, со потврда на Претседателот на државата. Со ратификувани договори. Затоа ја преземаме одговорноста да го решиме на истиот начин и ова прашање. Институционалниот систем е поставен соодветно за сè што се договара, сè што има правни импликации, сè што влијае на нашата национална посебност, стратегија, интереси на државата институциите мора да го верифицираат институциите и затоа овие прашања не е добро да им се препуштат на партиските амбиции и за политички профит“, нагласи премиерот Заев во интервјуто за ТВ Телма.

Македонија | пред 5 години

10122020_PVRSM_Telma-1

Заев: Ќе вложиме сè што треба со заштитен идентитет да го решиме спорот со Бугарија и да испишеме историја за да ја потврдиме сегашноста и да ја изградиме нашата европска иднина

„Ние денеска пишуваме историја, за да ја потврдиме сегашноста и да ги изградиме контурите на нашата европска иднина. Да им оставиме на нашите генерации повеќе отколку што имаме ние, затоа сакаме да ги оставиме вратите отворени за решение, затоа што ние сме градители што градат мостови и такви ќе останеме, без разлика на горчината со која се соочуваме“, нагласи претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев, во интервју за ТВ Телма, на прашањето што треба да се очекува како идни чекори после ветото на Бугарија.„Ние остануваме фокусирани да најдеме решение. Ја чувствувам горчината на народот, но мене ми припаѓа да ги решавам тешките прашања на нашиот пат до ЕУ. Да не заборавиме, за време на бугарското претседателство со ЕУ го вратија фокусот на тоа што го определува членот 2 од нашиот Договор за пријателство и соработка. Цел Самит беше посветен на нашите аспирации. Денеска го гледав видеото на Борисов. Тоа е Бојко Борисов. Тоа е неговата посветеност и во тоа јас гледам надеж дека час поскоро треба да го решиме спорот со Бугарија, без оспорување на нашите идентитетски определби“, рече премиерот Заев и додаде дека останува и посветеноста за соработка со земјите-членки на ЕУ од кои во наредниот период ќе побараме експертиза и помош за одделни области, за да ја донесеме Европа дома.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Георгиески: Честитки за историскиот успех на Охридскиот ракометен клуб во Супер лигата

Честитки за историскиот успех на Охридскиот ракометен клуб во Супер лигата.Продолжете со ❤️ за Охрид , напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

opstina

Општина Охрид на прво место по индексот на отвореност на општините

Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2020 година како дел Проектот на УСАИД за граѓанско учество.Целта на истражувањето, кое беше спроведено од страна на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис е проценка на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија.Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2020 година преку Индексот на отвореностИндексот на отвореност ги проценува перформансите на локалната власт во областа на добро владеење со тоа што се фокусира на четири принципи:пристапностефикасностинтегритет итранспарентност со еден заеднички домен присутен во сите четири принципи, а тоа се отворените податоци.Општина Охрид има висок процент на исполнителност во сите четири принципи на отвореност, а најдобри резултати има во делот на транспарентноста на организациски информации, јавни набавки, буџет и јавните консултации.На регионалната онлајн презентација извештајот за отвореност, посветена на Општина Охрид присуствуваше и градоначалникот Константин Георгиески кои истакна дека во текот на работењето Општина Охрид постојано се стреми да достигне високо ниво на транспарентност и максимално да го почитува принципот на отвореност со тоа што редовно се споделуваат сите информации кои се во интерес на јавноста и редовно се информираат граѓаните за сите детали од работењето. Тој потенцираше дека општината ќе ги прифати сите забелешки и заклучоци кои произлегуваат од ова истражување и ќе ги спроведе сите мерки за подобрување по одредени параметри на транспарентноста.Проценката на состојбата на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија за 2020 година преку Индексот на отвореност можете да го погледнете на овој линк  

Македонија | пред 5 години

Plostad_dec

Започна новогодишното украсување на Охрид

Деновиве започна новогодишното украсување на Охрид. Во услови  на здравствената и економска криза предизвикана од пандемијата со Ковид 19, а со цел да се заштедат финансиски средства, локалната власт одлучи украсувањето да се реализира со намален буџет во однос на изминативе години.  Ќе се користат постоечките реквизити кои се сопственост на општината, а китењето ќе биде во централното градско подрачје и главните „улични артерии“.Годинава   ѕвезденото небо ќе блесне само на плоштадот „Св. Климент Охридски“ и на улицата „Македонија“  спроти кејот каде ќе се постават и  декоративни мразулци.  Со мразулци годинава ќе биде накитена и чаршијата .Кружните токови  на булевар „Туристичка“  и  кај гимназијата  „Св. Климент Охридски“ ќе бидат разубавени со новогодишни фонтани.Според планираното  украсувањето на Охрид  треба да заврши кон средината  на месец декември.

Македонија | пред 5 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Грк пронајден мртов во стан во Гевгелија

Во полициската станица во Гевгелија во утринските часови на 9 декември било пријавено дека во апартман во градот бил пронајден починат 46-годишниот грчки државјанин со иницијали S.A.Починатиот имал привремен престој во Гевгелија, а од страна на доктор од итната медицинска помош констатирана била смрт, без траги на насилство.Увид на местото на настанот извршила екипа на гевгелиската полиција, а по наредба на Jавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Македонија | пред 5 години

zgradi

Владата одлучи - имотот што не се користи ќе се оданочува трипати повеќе

На денешната владина седница, беше разгледан и усвоен Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот со кој ќе биде обезбедено прогресивно оданочување, а ќе биде во сила од 1. јауари 2022 година.Исто така со Предлог-законот се предвидува позитивно влијание врз буџетот на Единиците на локалната самоуправа бидејќи со повеќе пропишаните стапки се зголемуваат и се утврдуваат состојби во кои данокот на имот за другиот недвижен имот опишан во поимникот, кој е во сопственост на државата или на општините, општините во Градот Скопје и на Градот Скопје како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи, подолго од шест месеци во текот на една година, да се зголеми за три пати во однос на стапките пропишана со законот.Со одредби од овој Закон се пропишува и дека државата, општините, општините во Градот Скопје и Градот Скопје, како и физичките и правни лица кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок од пропишаниот.

Македонија | пред 5 години

korona-4

Денеска починати се 28 лица и регистрирани нови 929 случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2758 тестирања, а регистрирани се 929 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-417, Куманово-40, Штип-20, Прилеп-47, Тетово-46, Струга-31, Велес-39, Битола-46, Охрид-33, Кавадарци-23, Гостивар-37, Гевгелија-11, Струмица-32, Крива Паланка-7, Радовиш-2, Крушево-1, Кочани-22, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-3, Виница-4, Делчево-10, Кратово-1, Свети Николе-10, Кичево-22, Ресен-5, Неготино-10.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1068 оздравени пациенти од: Скопје-255, Куманово-51, Дебар-3, Штип-40, Прилеп-81, Тетово-74, Струга-23, Велес-64, Битола-33, Охрид-31, Кавадарци-40, Гостивар-67, Гевгелија-22, Струмица-68, Крива Паланка-11, Радовиш-8, Кочани-27, Пробиштип-6, Демир Хисар-3, Македонски Брод-7, Берово-15, Валандово-6, Виница-9, Делчево-31, Кратово-10, Свети Николе-19, Кичево-42, Ресен-9 и Неготино-13.Починати се 28 лица, пет пациенти од Скопје (58, 75, 67, 78 и 22г), еден од Куманово (69г), еден од Дебар (66г), шест пациенти од Прилеп (70, 77, 53, 56, 69 и 82г), двајца од Струга (59 и 69г), еден од Велес (66г), тројца од Битола (76, 69 и 61г), еден од Кавадарци (57г), еден од Гостивар (83г), еден од Радовиш (80г), еден од Крушево (64г), еден од Кочани (65г), еден од Пробиштип (78г), двајца пациенти од Кратово (76 и 76г) и еден пациент од Кичево (80г). Од нив, двајца се починати вон, останатите се починато во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 70883, бројката на оздравени пациенти е 47364, на починати е 2051, а бројот на активни случаи изнесува 21468. Во вчерашната статистика е направена техничка грешка во бројот на оздравените лица во Крушево, која денес е коригирана и согласно тоа, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 30689, активни 11042• Куманово 4155, активни 645• Дебар 526, активни 136• Штип 2964, активни 457• Прилеп 3516, активни 920• Тетово 4274, активни 998• Струга 1699, активни 422• Велес 2338, активни 668• Битола 2514, активни 889• Охрид 1921, активни 560• Кавадарци 1559, активни 566• Гостивар 2982, активни 883• Гевгелија 874, активни 257 (65 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 151 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1939, активни 556• Крива Паланка 505, активни 132• Радовиш 493, активни 121• Крушево 149, активни 74• Кочани 1374, активни 244• Пробиштип 392, активни 71• Демир Хисар 214, активни 53• Македонски Брод 191, активни 35• Пехчево 114, активни 20• Берово 441, активни 109• Валандово 241, активни 53• Виница 409, активни 123• Делчево 578, активни 269 (163 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 168, активни 27• Свети Николе 945, активни 200• Кичево 1409, активни 382• Ресен 542, активни 196• Неготино 768, активни 360 (114 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2758 теста се преку: ИЈЗ-509, ЦЈЗ Скопје-82, Авицена-270, Биотек-213, МАНУ -168, Жан Митрев (Филип Втори)-213, Систина со PCR метода -177, лабораторија Лаор –44, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-48, Инфективна клиника-5, ГАК-13, Синлаб-71, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -893, УК Пулмологија со алергологија –2, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 357.102 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

kosta-2-1

Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2020

Општина Охрид има најдобри резултати и се наоѓа на првото место во рамки на мерењето на Индексот на отвореност на општините за 2020 година како дел Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Висок процент на исполнителност е евидентирана во сите четири принципи на отвореност: пристапност, ефикасностинтегритет и транспарентност, а најдобри резултати имаме во делот на транспарентноста на буџетот, јавните набавки, јавните консултации и организациските информации.И понатаму ќе продолжиме да одржуваме високо ниво на транспарентност и редовно да споделуваме информации кои се во интерес на јавноста, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: И покрај зголемента потрошувачка, антикоагуланта терапија Клексан и ксералте има доволно во земјава

Потрошувачката на антиокагулантна терпија во земјава е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но добавувачите прават напори да се обезбедат бараните количини и во моментов нема недостиг од ваква терпаија ниту во аптеките нтиу во болниците.- И покрај тоа што годинава се трошат тројно повеќе лекови од палетата на антикоагулантна терпија во која влегуваат лекови како клексанот и ксарелтото, во моментов нема недостиг од овој тип на терапија ниту во болниците ниту во аптеките. Зголемента потрошувачка се должи на тоа што овие лекови се вклучуваат како терапија кај болните со ковид 19 кај кои се јавува одредени проблеми со крвта, вели министерот д-р Венко Филипче.Добавувачите на овој тип на лекови во нивните планирани набавки за 2020 година имаат предвидено увоз на многу помали количини од овие лекови, но со зголемената потрошувачка се прават и дополнителни напори за набавки и до сега нема проблем во испораката.- Проблемот не е само кај нас туку во целиот свет. Зголемена е побарувачката на лековите од овој тип кај прозиводителите и се прават дополнителни резрвациите од сите земји. Кај нас во ниту еден момент немаше недостиг од овие лекови. Клиничка аптека ги има во континуитет и и достапни се на сите болници и ковид центри, а испораката оди редовно и во аптеките низ државата, вели Филипче.Во текот на наредната недла ќе се испорачаат и дополнителни колични на клексан во Клиничката аптека во Скопје, а доволни количини на лекот има и за аптеките и за останатите болници во земјава.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) Секторот за инспекциски работи на Општина Центар отстрани 5 трафики спроти поранешна Градска болница

Денес продолжува акцијата на Секторот за инспекциски работи на Општина Центар за отстранување на нелегално изградени објекти.Вкупно 5 времено поставени објекти – трафики, со градежна механизација денес ќе бидат отстранети и трошоците за нивното отстранување ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на објектите.Станува збор за 5 времени објекти (4 киосци и 1 трафика), лоцирани на улица „11 Октомври“, на автобуската станица кај Зелен пазар, кои не поседуваат решенија за поставување на времен објект.Откако инвеститорите, односно сопствениците на времено поставените објекти не постапиле по решенијата издадени од Секторот за инспекциски работи и сами не ги отстраниле објектите, општината денес пристапи кон административно присилно извршување, односно уривање и отстранување на објектите.Акцијата на Секторот за инспекциски работи за отстранување на нелегално поставените и изградени објекти ќе продолжи и во наредниот период, со која ќе бидат опфатени вкупно 18 објекти кои не поседуваат соодветна документација за истите.

Скопје | пред 5 години

sofijanova

Софијанова: Детската клиника ќе стане „Father friendly“ и „Pet friendly“ болница

Аспазија Софијанова Директор на Клиниката за детски болести, најви дека детската клиника ќе стане „Father friendly“ и „Pet friendly“ болница.-Јас сум европски ориентиран човек и верувам дека ќе ја срушиме стигмата да се дозволи престој на татковците со децата во Клиниката.Предност им се давала секогаш на мајките најмногу поради доењето и потребата на бебето и детето од мајката, но ќе се потрудиме да не ги дискриминираме и татковците. Има самохрани татковци до кои сакам да упатам посебна почит за вложувањето што го даваат за да ги израсната децата. Ќе се потрудам сега од оваа позиција која ја имам да ги променам работите. Со министерот Филипче ќе имаме креативни разговори, тоа што Вие го предложивте сега ќе го ставиме на агенда за делување, објасни Софијанова во Утрински Брифинг.

Македонија | пред 5 години

skopje-smog

„Меѓаши“ побара итни мерки за намалување на загадувањето кое директно влијае на здравјето на децата и нивниот живот

Првата детска амбасада во светот Меѓаши на Меѓународниот ден на човековите права-Правото на живот побара итни мерки за намалување на загадувањето кое директно влијае на здравјето на децата и нивниот живот.Оттаму предупредуваат дека загадувањето на воздухот во урбаните средини е континуирано над европските стандарди и претставува алармантен проблем. Во 2019 година Македонија имаше највисока годишна концентрација на ПМ 2.5 честички во Европа и 3 400 прерани смртни случаи како директна последица од загадувањето, додаваат од „Меѓаши“.„ Енормното аерозагадување во зимскиот период е проблем за 2/3 од децата во државата. Децата се особено ранливи на штетните ефекти од загадувањето на воздухот. Децата вдишуваат поголема количина на воздух а со тоа поголема количина и на штетни супстанции. Тие се подложни на негативните ефекти од загадувањето на воздухот, особено за време на феталниот развој и во најраните години. Респираторните заболувања со години се на првото место во структурата на поединечните групи на болести кај децата, а медицинскиот кадар постојано апелира за негативните ефекти од загадувањето врз здравјето на децата. Децата истакнуваат дека покрај на нивното физичко здравје, аерозагадувањето се одразува и на ментално здравје, им го ограничува секојдневното функционирање и ги принудува да останат во своите домови. Тие се исто така загрижени за негативниот ефект на загадениот воздух врз нивните блиски и другите луѓе во државата кои имаат здравствени проблеми, како и за дополнителните здравствени трошоци како резултат на проблемите предизвикани од аерозагадувањето“ се наведува во извештајот на организацијата.„ Како се чувствуваат децата кога воздухот е загаден и како тоа влијае на нивниот секојдневен живот?„Се чувствувам изнемоштено и омалаксано, ме боли стомакот.“„Имам некои здравствени проблеми и загадениот воздух уште повеќе ми го попречува дишењето.“„Порано немав проблем, но оваа зима имав проблем со дишењето. На моменти не можев да земам воздух и бев приморана да носам маска и цело време да одам на инхалација кај матичната докторка,чија амбуланта не е во близина на моето место на живеење. Со што моите родители тој период имаа многу повеќе дополнителни трошоци за мене и моето здравје.“„Се чувстувам лошо. Мојот родител има хроничен бронхитис, и многу лошо му влијае целата ситуација со воздухот и му наштетува на здравјето. Тоа исто така дополнително ме загрижува. Ми влијае и мене, постојано сум затнат и не можам да се издишам.“„Депресивно.“„Не се чувствувам среќно и понекогаш се вонемирувам.“„Се осекам напнато и влијае негативно на мене.“„Се чувствувам нездраво и немам желба за излегување на прошетки и слично.“„Се чуствувам како да живеам во ѕвоно поради тоа што ретко изглегувам надвор и морам да носам маска.“Во извештајот се предупредува дека покрај здравствените, аерозагадувањето има и сериозни економски последици. Така, анализите на Светска банка укажуваат дека аерозагадувањето ја чини државата од 500–900 милиони долари годишно.„Во изминатите години беа донесени повеќе национални и локални стратешки документи за подобрување на квалитетот на воздухот. Најголем дел од предвидените активности во нив се насочени кон минимални рестриктивни мерки во делот на сообраќај и кон субвенции за промена на начинот на загревање на домаќинствата. Најголем дел од овие мерки не се спроведени, а само мал дел се во фаза на изработка/подготовка.Македонија, како потписник на бројни меѓународни документи за заштита на човековите права, вклучително и Конвенцијата за заштита на правата на децата има обврска да ги почитува, заштитува и унапредува условите за реализација на човековите права на децата. Оваа обврска бара државата да преземе соодветни законски, административни, буџетски, судски и други мерки во правец на целосна реализација на правата на децата. Во таа насока, ја повикуваме државата да ги исполни обврските во однос на почитување на основното право, ПРАВОТО на ЖИВОТ воведувајќи ИТНИ мерки за намалувањето на загадувањето кое диретно влијае на здравјето на децата и нивниот живот. Децата имаат ПРАВО на ЖИВОТ! Бараме ИТНИ мерки за намалувањето на загадувањето на воздухот“ се заклучува во извештајот на „Меѓаши“.

Скопје | пред 5 години

vakcina

Зголемен бројот на термини за вакцинација против сезонски грип

Министерството за здравство информира дека од денеска се зголемува бројот на термини за вакцинација против сезонски грип. Со новите термини вакцинацијата започна денеска во 14 часот во Здравствен дом Скопје, односно се одвива во 6 поликлиники на територија на Скопје и тоа во поликлиниките: Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански. Имунизацијата е со упатување од матичен лекар преку Мој термин во период од 14 до 19 часот.Мој термин утрово отвори 1800 термини за Скопје за период од една недела, почнувајќи од денеска, петок, понеденик, вторник и среда, а попладнево ќе се пуштат уште дополнителни 1080 термини за деновите - сабота, четврток и петок. Во работните денови пунктовите за вакцинација работат до 19 часот, а во саботите од 8 до 14 часот.Вакцинација е бесплатна за следните дефинирани ризични групи: Стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, Бремени жени и децата на возраст од 6 месеци до 5 години.Дистрибуцијата по останатите градови е во тек и граѓаните дополнително ќе бидат информирани за отворените термини за вакцинацијаСпоред препораките од страна на епидемиолозите нема период во кој може да се задоцни со вакцинацијата. Добро е секој граѓанин да ја прими вакцината во било кој пердиод до започнување на пикот на сезоната на грип. Порано пикот на сезоната бил во декември и јануари, а сега со временските промени пикот го очекуваме при крајот на месец јануари и почеток на февруари. Во однос на ова, според епидемиолозите никогаш не е доцна граѓаните да се заштитат од сезонскиот грип и да ја примат потребната вакцина. Во период на пандемија со коронавирус, во која сите граѓани применуваат дополнителни заштитни мерки, најдобро е да се следат препораките за соодветна вакцинација, односно оние кои се веќе спроведени во пунктовите за вакцинација низ државата - организација на временската разлика наместо на 5, на 10 минути да се примаат граѓаните, со цел да се намали веројатноста на двојната зараза, како и другите дополнителни мерки за заштита на јавното здравје. Ова значи правилно, добро организирано, навремено спроведување на вакцинација против сезонскиот грип и воедно заштита на граѓанинот кој ја прима вакцината и од актуелниот коронавирус. Оваа сезона сеуште нема потврден случај за сезонски грип.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 870 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 870 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 78 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 61 болни, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни о на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 119, во ковид центарот во Гостивар 66, а во Струга 34 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 75 пациент, во Кочани 25 во Кичево 18, Кавадарци 54, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 7 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1313 и има околу 150 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања