Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Средба Филипче, Коцарев - МАНУ е една од клучните институции во справување со ковид пандемијата

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска се сретна со академик Љупчо Коцарев претседател на МАНУ. На средбата се разговараше за работата на МАНУ на истражувања поврзани со пандемијата од Ковид 19, како и за работата на Истражувачкиот центар за генетско инженерство и биотехнологија во МАНУ, каде се обработуваат ковид тестовите.Лабораторијата во МАНУ дневно обработува од 200 до 250 брисеви, но бројката во некои денови достигнува и до 350 бриса од PCR тетсови. МАНУ ги покрива сите болници во државата, освен скопските клиники, ГОБ 8 Септември, и болниците во Кичево и Дебар.Министерот Филипче и академик Коцарев на средбата зборуваа и за зголемување на капацитетите на лабараторијата како и подобрување на условите за тестирање во иднина, а на средбата како иден план се постави вовоедувањето на проектот на национално ниво за воведување на персонализирана медицина како начин за лекување на онколошки болести и за други области од медицината.

Македонија | пред 5 години

10122020_PVRSM_Sredba_Grcki_ambasador_2

Средба на Заев со грчкиот амбасадор Јанакакис: Поддршка за пристапниот процес во ЕУ, политичката волја за решенија е европски начин на однесување

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се сретна со Димитрис Јанакакис, амбасадор на Република Грција, кој го завршува својот мандат во нашата држава.Премиерот Заев се заблагодари на амбасадорот Јанакакис за неговиот конструктивен придонес во Договорот од Преспа, како и за искрените заложби за унапредување на односите помеѓу двете држави и народите во нив.Заеднички е констатирано дека политичката волја за изнаоѓање решенија е европски начин на однесување и придобивките се обострани: бенефити во квалитетот на живот на граѓаните на двете држави како и стабилност и просперитет.На состанокот е изразена поддршка за пристапниот процес на Република Северна Македонија кон ЕУ.„Активно продолжуваме со реформските процеси дома и со политиките на дијалог, пријателство и добри односи со соседите, бидејки нашата иднина е европска. Благодариме за поддршката од Република Грција и во реализацијата на оваа стратешка цел за нашата држава“, рече премиерот Заев.На средбата е разговарано за унапредувањето на економската соработка, преку поголема соработка на стопанските комори, во делот на инфраструктурата, за меѓуграничните олеснувања на движењето на граѓаните. Констатирано е дека продолжува соработката на двете држави и во време на пандемијата и се гледаат големи можности за нејзино интензивирање, во сите области.

Македонија | пред 5 години

struga

Затворен угостителски објект во Струга поради непочитување на работното време

На 09.12.2020 во 21.20 часот полициски службеници од Полициска станица Струга во содејство со Државниот пазарен инспекторат, во угостителски објект во с.Калишта, сопственост на А.Р.(36) од с. Калишта, констатирале дека работи после дозволеното работно време, определено согласно мерките за справување со коронавирусот. Биле затекнати три лица во објектот, а било констатирано и дека нема соодветна документација за работа. Од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот е затворен во време од 30 дена, а ќе биде поднесен и соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 години

1

Маричиќ: Очекувам методологијата за прочистување на судството да биде усвоена на 28 декември

Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на онлајн конференцијата „Следна станица: Европа“ објави дека очекува на 28 декември Советот за реформи во судството да ја усвои методологијата по која следната година ќе се изврши филтрација во судството и обвинителството.-Рецидивите од минатото, попречувачите на правдата не може да бидат дел од правосудниот систем и да носат пресуди во името на граѓаните и не може да ги штитат и унапредуваат нивните права. Потребна е временска рамка, односно рокови во кои ќе се изврши ова прочистување и ќе се одвојат чесните од нечесните судии и обвинители. Очекувам дека на 28 декември, Советот за реформи во правосудството ќе ја усвои методологијата по која ќе се изврши филтрацијата на судството и обвинителство, потенцираше Маричиќ.Министерот кажа и дека многу меѓународни извештаи конкретно посочиле на одредени состојба во правосудството, за кои е потребно да се види дали има намерно заташкување на предмети, намерно застарување на предмети, дали се постапило неправедно и дали некој бил заштитен.Министерот на конференцијата информираше дека оваа и минатата година, според податоците на Судскиот совет биле разрешени вкупно осум судии, а постапка е поведена против вкупно 83 судии.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

„Лајка“ го згрижи кучето Бела од Ново Лисиче, за кое имаше закани по неговиот живот

После секојдневните пријави и закани по животот за кучето Бела, од жител на населбата Ново Лисиче, таа е заловена од тимот на ЈП Лајка.Во моментов Бела е згрижена и се адаптира на новата средина. Важно е дека е на безбедно и ги помина сите потребни прегледи.Многубројни граѓани кои се грижеле за Бела повеќе од 8 години посочуваат дека таа не е опасна по животот на луѓето, ниту пак има агресивна природа, туку е исклучително питома.За кратко време, со својот племенит карактер Бела ги освои срцата на вработените во прифатилиштето кои направија неколку фотографии од неа и кои ќе се потрудат да и најдат соодветен дом.--

Скопје | пред 5 години

10-12-Kostadinov

Костадинов: Мицкоски да излезе и да се извини на македонскиот народ за лагите и хистеријата, македонскиот идентитет е сочуван и потврден

Срушени се сите клевети на ВМРО-ДПМНЕ дека се распродавал македонскиот идентитет, потопени се сите лаги на Христијан Мицкоски дека се распрачувала нашата татковина. Македонскиот идентитет не е распродаден туку е сочуван, а нашата држава не е распарчена како што хистерично лажеше Мицкоски. Додека ние работевме за граѓаните и ги браневме државните позиции, европската иднина и македонскиот национален идентитет, Мицкоски смислено и оркестрирано ширеше хистерични лажни вести и клевети поткопувајќи ја државната позиција, истакна Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.Костадинов додаде:Пред само неколку денови Мицкоски на собир за одбрана на својата фотелја лажеше дека во Софија ни се распарчувала државата.Клеветеше дека се распродава идентитетот, дека се тргува со антифашистичкиот темел на нашата држава, ширеше лажни вести, поттикнуваше говор на омраза.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа единствените кои гласно навиваа Северна Македонија да не добие датум за почеток на преговори. Единствените кои намерно и свесно блокираа реформи и закони важни за интеграцијата во ЕУ, но уште поважни за нашите граѓани.Нивните лаги дека освен Бугарија и други земји не ја поддржуваат нашата интеграција ја демантираа европски држави.Секогаш кога се работи за државните и национални интереси, Мицкоски го покажува своето антидржавно и антиевропско лице.Таков е и случајот со стратешката грешка и неодобрувањето на меѓувладината конференција за Република Северна Македонија од страна на Република Бугарија.Не издржа Христијан Мицкоски, па поита овој пораз на европските вредности, да го воспева како своја победа.Ништо ново од партијата која правеше се за да го блокира напредокот во интеграцијата, партијата чиј претседател не смогна сили ниту да го честита членството во НАТО.Се потврди дека се што излегува од устата на Мицкоски е ноторна лага и ова е уште еден негов пораз.Затоа Мицкоски, те повикуам да излезеш и да им се извиниш на граѓаните за сите твои лаги, клевети, хистерии со кои работеше против својата татковина, против својот народ.Излези и извини се на македонскиот народ! Излези и извини се на сите наши граѓани!Остануваш Мицкоски уште долго во опозиција, ние продолжуваме да работиме за граѓаните, за државата.Ние сме свои на своето. Македонци, кои зборуваат македонски јазик.Нашата македонска иднина е европска.Станавме земја членка на НАТО како Македонци, кои зборуваат македонски јазик, ќе станеме земја-членка на ЕУ како Македонци, кои зборуваат македонски јазик.

Македонија | пред 5 години

Jasna-Mandik

Мандиќ: Башановиќ ургираше кај Заев да не одам во протвор, Заев му рече „Ќе видам што можам да направам“

Јасна Мандиќ, обвинета во „Меѓународен сојуз“ на денешното судско рочиште на кое обвинителството читаше вибер-комуникација од нејзиниот телефон, за една од нив кажа дека не е нејзина, туку препратена комуникација од премиерот Зоран Заев и од поранешниот негов советник Зоран Башановиќ, кој наводно брка врски за неа да не оди во притвор.Обвинителката Милица Гаврилова немаше коментар.Во вибер-комуникацијата, Башановиќ му вика на Заев да види ако може Јасна да не оди во притвор, а Заев му вели: „Знаеш дека тоа зависи од обвинителството и од судот. Ќе видам што можам да направам”.Мандиќ доби куќен притвор, а обвинителката Вилма Русковска тогаш појасни дека ваквата мерка за Мандиќ е поради тоа дека има дете со здравствени проблеми.Обвинителката Вилма Русковска тогаш појасни дека ваквата мерка за Мандиќ е поради тоа дека има дете со здравствени проблеми.За случајот со невладината организација Меѓународниот сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ. 

Македонија | пред 5 години

poliklinika-bolnica

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 42 пациенти, а вкупно се лекуваат 499 Лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 499 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 22 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, четири болни се хоспитализирани на ОРЛ, тројца пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и исто толку на очната клиника. По четири нови болни биле примени на Институтот за ТБЦ и на Клиниката за неврологија.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 10 болни.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 14 пациенти, а на ОРЛ 27 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 161 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент, од кои 8 деца и 23 возрасни.Вкупно 499 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

IMG-cdb34fbd52a98814398bd34920fe1001-V

Еден осомничен за пренесување две торби со марихуана кај Прилеп

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од струшко Калишта за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на возраст од 46 години, на 8 декември на патниот правец Битола-Прилеп во неговото патничко моторно возило Ауди А3 неовластено заради продажба пренесувал наркотична дрога марихуана во количина од 53,066 килограми. Дрогата била спакувана во 2 патни торби, од кои во едната имало 30, а во другата 23 пакувања со наркотична дрога марихуана. Кога сообраќајната полиција му дала знак да застане, осомничениот не ја почитувал наредбата и со голема брзина се упатил кон Прилеп. Од полициски службеници бил пресретнат кај селото Тополчани и повторно му бил даден знак да застане, но тој не застанал туку продолжил да се движи со голема брзина. Кога со возилото стигнал во селото Штавица со голема брзина поминал низ центарот на селото и во местото викано Леништа го запрел возилото, излегол и во близина на патот ги исфрлил двете патни торби со наркотична дрога. Потоа влегол во возилото и повторно со голема брзина се упатил на патот кон Прилеп, па кога стигнал кај с.Старо Лагово бил сопрен и контролиран од страна на службени лица на ОВР Прилеп.Основното јавно обвинителство Прилеп до судијата на претходна постапка од Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор против осомничениот, ценејќи дека постои опасност тој да се даде во бегство, да ги прикрие трагите од кривичното дело или да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​​

Македонија | пред 5 години

10122020_PVRSM_Gostuvanje_3

Заев за Слободна ТВ: Остануваме посветени да најдеме решенија за отворените прашања со Бугарија

„Во 2019 година го повикав народот на избори да се изјасни дали останува на патот на ЕУ и народот со својот глас покажа кој е патот и дека тој нема алтернатива. Затоа ние немаме друг избор освен да ги побараме сите опции за да постигнеме решенија за отворените прашања со Бугарија за да отпочне процесот за преговори за членство со ЕУ“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев во интервју за Слободна ТВ.„Треба да чекориме напред, граѓаните очекуваат подобро утре. Јас реков, ние сме градители, градиме пријателство. Ние не правиме штета на регионот, ние сме мирољубив народ. Политиката на државата е навистина европска и прифативме дијалог за прашања за кои можеме да разговараме. Во делот на забрзување на спроведувањето на Договорот за пријателство и добрососедство, во делот на имплементација на досега постигнатите заеднички ставови Комисијата за историски и образовни прашања во делот на учебниците во Бугарија и во Северна Македонија. Направивме акциски план, одредени клаузули ги преточивме во меморандум, декларации. Но, има нешто за што не се преговара, како што се идентитетските прашања. Самоопределувањето му припаѓа секому. Тоа им припаѓа на сите како и на Македонците и на сите други европски народи“, рече премиерот Заев во интервјуто за Слободна ТВ и додаде дека Европа мора да остане на своите фундаментални европски вредности, а тоа е да ги негува сите идентитети на европскиот континент.

Македонија | пред 5 години

19092020_ZPVRSM_Bitikji_DFITR_Despotovski_pres-konferencija-2

Веле Самак, Игор Ивановски, Никола Поповски се дел од советодавниот тим на Битиќи

Веле Самак, Никола Поповски (поранешниот министер за финансии во Владата на СДСМ), Игор Ивановски, Ванчо Узунов, Дарко Лазаров (член на ВМРО-ДПМНЕ) се исто така во тимот што ќе го советува вицепремиерот Фатмир Битиќи во рамките на иницијативата „За татковината со љубов“, објави nezavisen.mk.Иако Битиќи најави дека станува збор за советодавно експертско и повеќепартиско тело, откритието дека меѓу нив се и вицепремиерот во владата на Никола Груевски, Владимир Пешевски, и министерот за финансии Кирил Миновски, предизвика изненадување во јавноста. Според информации на други медиуми во иницијативата се вклучени и професорите Марјан Петрески, Благица Петреска, Никица Мојсовска, Олимпија Христова-Заева и Горан Рафајловски.Текстот во целост на:nezavisen.mk.

Македонија | пред 5 години

skopje-3

(ФОТО) Шилегов: Убаво е да се потсетиме дека Новата Година симболизира испраќање на старата и дочекување на нови почетоци со нови позитивни желби

Центарот на Скопје светна во полн новогодишен сјај. Традиционално и оваа зима, иако во вонредни околности, на градскиот плоштад се постави новогодишното осветлување, заклучно со вклучувањето на големата новогодишна елка во самиот центар, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.Шилегов во објавата додава:Оваа година, дури и повеќе од останатите е убаво да се потсетиме дека Новата Година симболизира испраќање на старата и дочекување на нови почетоци со нови позитивни желби. А оваа прекрасна празнична атмосфера која секоја година е извор на неизмерно уживање и радост за најмладите би требало да послужи да нѐ потсети токму на тоа.   

Скопје | пред 5 години

lisici

Приведен сопственик на угостителски објект во тетовско, работел по дозволеното време

На 09.12.2020 околу 23.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода М.Ј.(50) од с.Пирок, тетовско бидејќи во угостителски објект во негова сопственост во с. Пирок, имало гости и работел по дозволеното време, односно не ги почитувал мерките за справување со ширењето на коронавирус. По целосното документирање на случајот на М.Ј. ќе му биде изготвен соодветен поднесок за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Македонскиот игран филм „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски најдобар и на Интернационалниот Филмски Фестивал во Париз

Екипата на филмот „Дедо и Внук“ на режисерот Илија Пиперкоски освои уште една вредна награда во категоријата „Најдобар филм“ на Интернационалниот Филмски Фестивал во Париз со што уште еднаш се потврди успешноста и квалитетот на македонската кинематографија.Ова е шестта награда за првиот долгометражен филм на Пиперкоски, кој претходно ја освои наградата за најдобра режија на The Buddha International Film Festival, а доби и две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4-th Dimension Independent Film Festival и уште една награда на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата играни филмови. Досега две награди за фотографија освои и Директорот на Фотографија, Патру Паунеску.Парискиот интернационален филмски фестивал (PIFF) е единствен месечен филмски фестивал, создаден како одговор на меѓународната побарувачка за уметнички филмови и можност за откривање на млади таленти. Секој месец се организираат проекции со најдобри филмови и настани за вмрежување во „срцето на Париз“. Сепак, поради COVID-19 кризата, ограничувањата за патувања и владините регулативи, организаторите на фестивалот беа принудени да ги откажат скоро сите настани и да го преместат целиот фестивал online.Франција е родно место на светската кинематографија и е одговорна за многу значајни придонеси во уметничката форма и самиот процес на снимање филм. Неколку важни кинематографски движења, вклучително и „Новиот бран“, започнаа во земјата. Забележано е дека има особено силна филмска индустрија, делумно поради заштитата што ја дава француската влада. Освен својата силна и иновативна филмска традиција, Франција исто така беше место за собирање уметници од цела Европа и светот. Поради оваа причина, француската кинематографија понекогаш е испреплетена со киното на странски нации. Режисери од нации како Полска (Роман Полански, Кшиштоф Кишловски и Анджеј Чужавски), Аргентина (Гаспар Ное и Едгардо Козарински), Русија (Александар Алексиеф, Анатол Литвак), Австрија (Михаел Ханеке) и Грузија (Гела Баблуани, Отар Јоселиани) се истакнати во редовите на француската кинематографија.Друг елемент што го поддржува овој факт е дека Париз има најголема густина на киносали во светот, мерена според бројот на киносали по жител, и дека во повеќето киносали „во центарот на Париз“, странски филмови што ќе бидат затскриени во „Art House - Уметнички куќи“, се прикажани заедно со „мејнстрим“ филмовите.Илија Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, успеа да раскаже прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат - проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук. Грешките од младоста често знаат да отворат големи дупки подоцна во животот на секој од нас, па гледачите во многу делови од филмот ги препознаа сопствените или проблемите од нивните најблиски и пријатели. Според Пиперкоски, уметноста не треба да се занимава со големи теми, туку со мали, навидум секојдневни приказни на обичниот човек. Големите приказни се во малите мигови....Покрај Салаетин Билал, во филмот играат и Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои се истакна и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски. Продуцент е Огнен Антов од „Дрим фактори“, во соработка со: „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“, и е финансиски помогнат од Агенцијата за филм. Директор на фотографија е романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, композитор Оливер Тевчев, а монтажата ја направи Данчо Стефков.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Пронајдена марихуана, приведени четири лица во Скопје

На 09.12.2020 во 22.10 часот на подрачје на општина Кисела Вода од полициски службеници од СВР Скопје од слобода се лишени четири лица: М.Т.(29), Б.Ј.(28), Ф.Л.(21) и В.М.(23) сите од Скопје бидејќи при контрола над патничкото моторно возило управувано од Б.Ј., е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 5 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Порака од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на човековите права

Одбележувајќи го Меѓународниот ден на човековите права се потсетуваме дека овие универзални придобивки се родија од најголемите кризи на човештвото. Напишана во свет кој се опоравуваше од ужасите на Втората светска војна, Универзалната декларација за човековите права беше првиот глобален документ којшто создаде морална обврска за почитување на вроденото достоинство и еднаквост на секој човек. Од тоа достоинство произлегува правото на живот, слобода, лична безбедност, еднаквост пред законот. Слободата на мисла, совест и религија, на изразување и собирање, социјалните, економските и културни права се дел од фундаменталните, неотуѓиви и меѓузависни човекови права и слободи кои се бедем против обидите за нарушување на интегритетот на личноста, истакна Претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод 10 Декември - Меѓународниот ден на човековите права.Претседателот додаде:Сепак, милиони луѓе, вклучително и наши граѓани не ги уживаат универзалните права поради низа структурни нееднаквости и системски неправди, поради говор на омраза, дискриминација, насилство и нетрпеливост кон различностите.Не смееме да бидеме рамнодушни и да игнорираме какво било непочитување на основните човекови права, што може да ескалира во која било форма на насилство. Секој од нас е должен да даде јасна поддршка на активистите и борците за човекови права.Годинава, Меѓународниот ден на човековите права го одбележуваме во време на пандемија на Ковид-19, којашто уште повеќе го нагласи значењето на доследното почитување на правата на сите луѓе, без разлика на родот, расата, попреченоста, религијата, политичкото убедување, сексуалната ориентација, националното или социјално потекло, социјалниот или друг статус.Со уште поголема посветеност да се залагаме за заштита на човечкото достоинство, со посебно внимание кон ранливите членови на нашето општество. Човековите права треба да се почитуваат секаде и секогаш, без исклучок.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Големи одрони на патот Маврово -Дебар, сообраќајот е во прекин

Поради големи одрони, сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар е во целосен прекин за сите видови на возила во двата правци, информира АМСМ.Од 15.11.2020 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2021 година.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Патниот правец Р2332 Охрид – Ресен, преку националниот парк Галичица, е затворен за сообраќај за сите видови на возила од 15.11.2020 до 01.04.2021.

Македонија | пред 5 години

maoja-ohrid

Самохрана мајка од Охрид со три малолетни деца бара помош- едвај се прехрануваат, а живеат и без струја

31 годишната Марија Шиникоска од Охрид самохрана мајка на три малолетни деца едвај врзува крај со крај.Во трошна куќа со влага ,руинирана ,прокисната и без струја веќе месец и половина прежувава охриѓанката.Таа со солзи во очите пред камерата на Сител вели дека од својата плата и детскиот додаток кој го добива неможе само да ги прехрани своите деца но и да ги плати сметките кои од ден во ден се натрупувале.Куќата во која моментално живеат е од нејзина пријателка која и ја дала да ја користи за да има кров над глава бидејќи неможе да плаќа кирија но условите се катастрофални без основни елементарни услови за живот.Децата често се разболувале поради влагата каде моментално живее.Текстот во целост на: Сител

Македонија | пред 5 години

zvedzi

На 21 декември „Божиќната ѕвезда“ ќе го осветли небото, феномен кој последен пат се случил во средниот век

Двете најголеми планети во нашиот Сончев систем се на пат да се „судрат“ во исклучително редок феномен, кој што не е виден од средниот век. Јупитер и Сатурн ќе се приближат толку на 21 декември што ќе изгледаат како двојна планета, а потоа небото ќе го осветлува Божиќната или Витлеемската ѕвезда.Овој неверојатен феномен ќе изгледа како една супер светлосна точка на Земјата.„Усогласувањето помеѓу овие две планети е прилично ретко, се случува еднаш на секои 20 години, но оваа врска е исклучително ретка поради тоа колку планетите ќе изгледаат блиску една до друга, изјави за Форбс, Патрик Хартиган, астроном од Универзитетот Рајс, додавајќи дека би морале да се вратите во зората на 4 март 1.226 година за да го видите усогласувањето помеѓу овие објекти видливи на ноќното небо.Ѕвездата која што ги донесе трите кралеви до ИсусМногумина теоретизираат дека легендарната ѕвезда во библиската приказна за тројцата мудреци кои дошле да го посетат Исус по раѓањето и дека тоа би можело да биде ретката конјукција на Јупитер, Сатурн и Венера.Оваа неверојатна појава во историјата, позната како „Божиќна ѕвезда“ или ‘‘Ѕвездата на Витлеем“ според Евангелието по Матеј (Матеј, 2, 1-12) е ѕвездата што ги донесе трите Свети кралеви во Витлеем, каде што се роди Исус.Овој феномен ќе може да го види цел светРетката појава, инаку позната како „Божиќна Sвезда“ не е видена веќе 800 години. Според Форбс, оваа појава нема да се случи дури во 2080-та година, а потоа по 2400-тата година. Целиот свет ќе има можност да види и да фотографира.Извор: ВЕЧЕР.ПРЕССфото: ThoughtCo

Магазин | пред 5 години

09122020_PVRSM_Zaev_borba_protiv_terorizam-2

Заев: Како членка на НАТО и на глобалната коалиција за борба против тероризмот, ги спроведуваме највисоките стандарди во борбата со насилниот екстремизам и тероризмот и во ресоцијализацијата на терори...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска се обрати на настанот на кој се презентираше Националниот план за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на повратници од странски војски и членови на нивните семејства.Обраќањето на премиерот Заев, испорачано во присуство на амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп, на заменик шефот на мисијата во Амбасадата на САД во нашата земја Џенифер Литлџон, на шефот на мисијата на ОБСЕ Клеменс Која, како и пред претставниците на Меѓународната организација за миграции (IOM), и на канцеларијата на Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, ви го пренесуваме во целост:Борбата против тероризмот, радикализацијата и насилниот екстремизам и заштитата на националната безбедност и безбедноста на сите граѓани на нашата земја се во врвот на приоритетите на Владата на Република Северна Македонија.Република Северна Македонија, како член на Глобалната коалиција за борба против ИСИС и со потпишаните меѓународни договори, декларации и конвенции, како Заедничкиот Акциски план на ЕУ за борба против тероризам на земјите од Западен Балкан, работи во партнерство со нашите меѓународни пријатели на заштита на националната и регионална безбедност, како и на унапредување на човековите права и слободи на сите нејзини граѓани, вклучувајќи ги и лицата кои станаа следбеници на радикални идеологии, одлучија да ја напуштат државата и заминаа да се борат на страната на Исламската држава на боиштата во Сирија и Ирак.Со формирањето на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам и усвојувањето на Националните стратегии за спречување на насилен екстремизам и за борба против тероризам, Република Северна Македонија отворено ја демонстрираше заложбата за применување на таканаречениот широк владин и општествен пристап во борбата со насилниот екстремизам и тероризмот, во справувањето овие безбедносни феномени, вклучително и со феноменот на странските борци.Владата на Северна Македонија феноменот на странски терористички борци – повратници го третира согласно меѓународните правни стандарди. Воспоставени практики и договори за законско, но во исто време и хумано постапување со оваа категорија на лица.Можам да кажам дека сме задоволни како нашите институции досега се справуваа со феноменот на странските борци бидејќи истите беа соодветно правно процесуирани низ кривично-правниот систем и се соочија со предвидените затворски казни согласно нашиот правен систем.Но, она што ќе биде предизвик во идниот период е да се процени дали начинот на кој што институциите ќе постапуваат со лицата кои отслужија казна затвор и членовите на нивните семејства и начинот на нивно прифаќање и интеграција назад во нивните локални заедници, ќе ги даде потребните ефекти во процесот на де-ангажирањето на радикализираните поединци, без притоа да биде доведена во прашање безбедноста и сигурноста на пошироката средина.Затоа Владата минатата година ја формираше интер-ресорската Работна група за реинтеграција на странски терористички борци. Работната група доби мандат да изработи прецизен план за постапување на институциите при обезбедувањето на соодветен здравствен, образовен, психо-социјален, социо-економски, безбедносен и правен третман кон оваа категорија наши граѓани, водејќи притоа сметка да не бидат стигматизирани од пошироката заедница.Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на нашите партнери и донатори од меѓународната заедница кои досега дадоа огромна поддршка на Владата и на Националниот комитет при имплементацијата на Националните стратегии за спречување на насилниот екстремизам и борбата со тероризмот. Се надевам на зајакната соработка и во полето на реинтеграција на странските терористички борци бидејќи тие би можеле да претставуваат безбедносна закана не само за Република Северна Македонија, туку и за поширокиот регион.Сакам да му оддадам признание на Националниот координатор и на членовите на интер-ресорска работна група, за изготвувањето на планот кој е високо оценет од страна на тим од меѓународни експерти и кој овозможува солидна основа за интер-агенциско постапување на секој индивидуален случај поединечно.Националниот план за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на повратници од странски војски и членови на нивните семејства е усвоен во јуни 2020 година. Со планот се ре-афирмираат заложбите за градење на безбедно општество за сите и е преземена обврска да инвестира во примената на таканаречениот мек пристап во справувањето со феноменот на странските терористички борци-повратници.Владата на Република Северна Македонија ќе продолжи со поддршката преку обезбедување на неопходните услови за натамошна имплементацијата на активностите од овој Национален план.Развивањето и примената на програми за реинтеграцијата, ресоцијализација и рехабилитација на странски терористички борци повратници, е предизвик и за далеку поразвиените западни општества, но се надевам дека нашиот модел за реинтеграција ќе ги даде посакуваните резултати кои после 2 или 3 години заеднички ќе ги поздравиме како позитивни, истакна премиерот.

Македонија | пред 5 години

apasiev2

Левица: Во сто дена Владата само ги надгради поразите од претходното владеење

Стотте дена Влада не донесоа ништо ново освен продолжување на старите политики кои ја девастираа државата на секое поле – економски, политички, здравствено и социјално. Не ни може да се очекува нешто ново, затоа што ова е старо-нова Влада, со истиот состав на корумпирани и клиенталистички настроени функционери, се вели во соопштението од Левица.Тие во истото додаваат:Овие сто дена од старо-новата Влада го одбележаа четвртото вето добиено во две години, кои поминаа и ќе останат запаметени по т.н. национални компромиси и понижувања на македонскиот народ во име на “розево” претставената евро-атлантска иднина. Токму на 100-те дена, Владата ги продолжи понижувачките преговори со официјална Бугарија, кои после сите шовинистички и негаторски изјави од страна на највисоки бугарски функционери, потребно е итно да бидат прекинати! Очигледно е дека единствено Зоран Заев е подготвен да ги спаси бизнисите на неговата фамилија кои ги има со Бугарија, и тоа додека паралелно го распродава, брише и ревидира антифашистичкото минато и вредностите на АСНОМ, како камен-темелници на македонската државност.Овие 100 дена Влада беа само надградба на погубните политики кои ги сведочевме изминатите три години, преку распродавање на националните и државните интереси со квислиншкиот Договор од Преспа – за овој мандат СДСМ да го најави со распродажба на целиот државен имот што нивните олигарси не успеаја да го украдат во транзицијата.Покрај официјалното ВЕТО од Софија и ЕУ која ги зацементира дипломатските неуспеси на оваа корумпирана и поданичка власт, повеќе поразителни факти и реалност го одбележаа владеењето на криминалната владејачка коалиција:Скандалот со активностите на првиот (неуставно назначен) вицепремиер Артан Груби во жолтата куќа на Косово;Катастрофалното менаџирање на корона-кризата која ја постави Македонија на врвот на земјите со најголема стапка на смртност; Злоупотреба на државните средства за помош во кризaта, каде крупни фирми блиски до власта добија најголем дел од колачот, додека илјадници работници останаа на улица;Еколошката катастрофа од невидени размери со пресушени езера и реки поради погрешните политики на раководството на ЕЛЕМ – кое продаваше струја во летниот период за сега да увезува струја по повисока цена од продаденатa;Потрошени се огромни средства за земјоделски субвенции без никаков позитивен резултат во земјоделието. Напротив, се’ што направи оваа Влада во однос на овој витален сектор за Македонија е само дополнително пригушување на земјоделците. Последен резултат од ваквите политики се понижувачките цени за производителите на тутун каде Владата успеа да ја спушти откупната цена дури на нивото од 2004 година;Назначување на партиски егзекуторот каков што е Добрила Кацарска за уставен судија;Делегитимирање на Антикорупциската комисија како продолжена рака на СДС која го амнестира од одговорност Директорот на АР – Еролд Муслиу;Поништување на одлуката за рудникот Иловица со што повторно институциите се ставија во служба на капиталот, наместо во служба на националниот и јавен интерес;И конечно, после огромниот пораст на јавниот долг и задолжувањето како главен „економски“ адут на власта, стигна и официјалната потврда за рецесијата на македонската економија;Покрај сето ова, тука се и промашената учебна година, стотиците скандалозни огласи за вработувања користени за партиски пазарења и поткусурувања, најави за декриминализација на марихуаната како изговор за осигурување на монополот и профитот од бизнисот во канабис индустријата кој фамилијата Заеви го поседува. Со секој нов ден оваа Влада само го надградува и надополнува своето портфолио на скандали, корупција, дипломатски бламажи, кражби и понижувања. Затоа итно, оваа Власт, заедно со партиите кои ја предводат, мора да биде фрлена на буништето на историјата, се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 5 години

Soobrakajci-policija

Полицаец купил кола од странство и ја возел со одјавени таблички за да не плати давачки

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР во содејство со полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода полицискиот службеник М.С. поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривични дела „фалсификување исправа“ по член 378, „употреба на исправа со невистинита содржина“ по член 380 и „давање лажен исказ“ по член 367 од Кривичниот законик.Имено, откако набавил возило од странство без да ги подмири давачките за увоз на возилото, прикачил регистерски таблички кои претходно ги одјавил со дадена писмена изјава дека му се украдени и таквото возило подолго време го управувал во сообраќај нерегистрирано. По документирање на случајот до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава против полицискиот службеник и тој е суспендиран и поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.

Македонија | пред 5 години

korona

Црн биланс, денеска дури 46 починати и нови 504 лица позитивни на КОВИД 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1470 тестирања, а регистрирани се 504 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-174, Куманово-15, Дебар-21, Штип-18, Прилеп-36, Тетово-47, Струга-1, Велес-31, Битола-8, Охрид-19, Кавадарци-26, Гостивар-27, Гевгелија-15, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-3, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-2, Валандово-2, Виница-1, Делчево-6, Свети Николе-15, Неготино-10.504Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 731 оздравени пациенти од: Скопје-252, Куманово-18, Штип-34, Прилеп-47, Тетово-22, Струга-34, Велес-35, Битола-33, Охрид-24, Кавадарци-18, Гостивар-39, Гевгелија-5, Струмица-12, Крива Паланка-4, Радовиш-6, Крушево-60, Кочани-5, Пробиштип-7, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Виница-7, Кратово-4, Свети Николе-10, Кичево-24, Ресен-13 и Неготино-13.Починати се 46 лица, деветнаесет пациенти од Скопје (85, 28, 66, 64, 73, 72, 84, 73, 67, 78, 75, 72, 73, 67, 84, 81, 72, 72 и 84г), еден од Дебар (74г), еден од Штип (81г) и еден од Прилеп (83г), пет пациенти од Тетово (78, 83, 82, 74 и 67г), двајца од Струга (61 и 61г), тројца од Велес (68, 68 и 59г), тројца од Охрид (71, 89 и 57г), еден пациент од Кавадарци (64г), еден од Гостивар (59г), тројца од Струмица (73, 75 и 83г), двајца од Кочани (82 и 70г), еден од Демир Хисар (71г), еден од Македонски Брод (64г) и двајца пациенти од Кичево (80 и 67г). Од нив седум пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 69954, бројката на оздравени пациенти е 46352, на починати е 2023, а бројот на активни случаи изнесува 21579. Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 30273, активни 10886• Куманово 4113, активни 655• Дебар 525, активни 139• Штип 2943, активни 476• Прилеп 3470, активни 961• Тетово 4226, активни 1024• Струга 1670, активни 418• Велес 2299, активни 694• Битола 2468, активни 879• Охрид 1888, активни 558• Кавадарци 1536, активни 584• Гостивар 2947, активни 916• Гевгелија 863, активни 268 (65 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 150 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1907, активни 592• Крива Паланка 498, активни 136• Радовиш 491, активни 128• Крушево 148, активни 18• Кочани 1352, активни 250• Пробиштип 391, активни 77• Демир Хисар 212, активни 54• Македонски Брод 189, активни 40• Пехчево 113, активни 19• Берово 436, активни 119• Валандово 238, активни 56• Виница 405, активни 128• Делчево 568, активни 290 (162 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 171, активни 42• Свети Николе 935, активни 209• Кичево 1385, активни 401• Ресен 536, активни 199• Неготино 758, активни 363 (114 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1470 теста се преку: ИЈЗ-571, ЦЈЗ Скопје-16, Авицена-206, Биотек-119, МАНУ -203, Жан Митрев (Филип Втори)-90, Систина со PCR метода -173, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-30, Синлаб-0, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -32, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 354.205 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

zname

Запалено државното знаме на железничката станица „Скопје Север“

На 08.12.2020 во 07.12 часот во СВР Скопје, Ѓ.З., вработен во Македонски Железници пријавил дека на железничката станица „Скопје Север“, едно лице го запалило државното знаме кое било на јарболот.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

buckovski

(ВИДЕО) По посетата на Бучковски на Софија, Бугарија останува на барањата

Специјалниот претставник на македонската влада за разговори со Бугарија, Владо Бучковски, вели дека Македонија е подготвена целосно да го имплементира Договорот за добрососедство, по денешната средба со бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, во Софија.Бучковски истакна дека државата е решена да го спроведе Договорот за пријателство и соработка, што премиерите на двете земји, Бојко Борисов и Зоран Заев, го потпишаа на 1 август 2017 година.„Изразувам мое лично задоволство што пријателска Бугарија го смета моето назначување за специјален претставник на македонската влада како дополнителен напор од наша страна да ја вратиме изгубената доверба. Се согласивме дека претстојниот период е подобро е да се фалиме со дела, а не со празни разговори. Убеден сум дека ја уверивме министерката Захариева и нејзиниот тим дека сме подготвени да го имплементираме договорот за пријателство и соработка. Бараме инструменти, ако тоа е патната карта, верувам дека тоа ќе може да биде алатка каде што ќе ги мериме достигнувањата во периодот што претстои. Признаваме дека е нарушена довербата.“, рече Бучковски.„Ниту јас, ниту г-ѓа Захариева не можеме да ја смениме историјата. Но, можеме да ги промениме работите во смисла на инфраструктура, заеднички капитални проекти, посилна соработка во науката и образованието, посилна соработка во културата и да работиме за приближување на двата народа“, рече Бучковски.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања