Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Foto-1

Средба на претседателот Пендаровски со амбасадорите на земјите од Вишеградската група

Претседателот Стево Пендаровски денеска одржа средба со амбасадорите на земјите од Вишеградската група, акредитирани во Република Северна Македонија.На средбата присуствуваа амбасадорот на Република Полска, Војциех Тицињски, на Чешката Република, Мирослав Томан, на Словачката Република, Хенрик Маркуш и на Унгарија, Ласло Иштван Дукс.Изразувајќи задоволство од одржувањето на традиционалната годишна средба, претседателот Пендаровски ја нагласи важноста на континуираната и интензивна соработка меѓу Република Северна Македонија и земјите од Вишеградската група и очекувањето за нејзино продлабочување во претстојниот период.Во контекст на аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски се заблагодари за континуираната силна и гласна поддршка од страна на земјите од Вишеградската група во рамки на европските институции.На средбата беа разменети мислења и информации за актуелните случувања врзани со почетокот на пристапните преговори за членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски оцени дека одложувањето на одржувањето на првата меѓувладина конференција може да го наруши кредибилитетот на процесот на проширување и ќе има негативно влијание на регионалниот развој и стабилноста на Западниот Балкан.Претседателот нагласи дека нема план Б за европската иднина на земјата, посочувајќи дека интензивно се работи на планот А, а тоа е членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски рече дека ќе продолжат напорите за надминување на проблемот и го реафирмираше ставот дека за идентитетот и јазикот, како основно човеково право на самоопределување, нема да се преговара.На средбата беа разменети мислења за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19.

Македонија | пред 5 години

09122020_PVRSM_Zaev_obrakanje

Заев: Ветото на Бугарија е неодговорна грешка, остануваме посветени за решение убедени дека е можно без оспорување на македонскиот идентитет

На сите ни е јасно, дека до овој момент Европската Унија не постигна согласност за прифаќање на преговарачката рамка за нашата земја. Оваа неодговорна грешка е горчлива вест за целата наша нација. На овој ден, се слуша големото разочарување кај сите нас во една издишка. Бугарија стави вето, го прекрши Договорот за добрососедство и пријателство и со тоа застана на патот на нашата европска интеграција за која во повеќе наврати институциите на ЕУ и земјите-членки, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите, истакна во денешното обраќањето претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев по повод ветото од Бугарија за Северна Македонија за почеток на преговори со ЕУ.Во продолжение обраќањето на премиерот  Заев во целост:Тоа не е европски начин. За жал, Бугарија не собра сила да се однесува европски. Бугарија дозволи, да испорача гест кој не покажува ни пријателство, ни братство.Ставот на Бугарија е целосно ирационален и навредлив за Македонците и за целиот наш народ. Во 21 век, не е европски, ниту демократски, да му кажете на друг како да се чувствува, како да се самоопределува. Не е европски да му ја пишувате историјата на друг народ. Да му наметнувате идентитет на друг народ и да го убедувате дека треба да го прифати.За Северна Македонија, за македонскиот народ и за сите граѓани на нашата земја не се прифатливи овие услови.Затоа ние застанавме цврсто во одбрана на македонските национални интереси. Не дозволивме да се чепка во достоинството на македонскиот идентитет и во столбовите на идентитетот, а тоа се македонскиот народ и македонскиот јазик.Нема да дозволиме ниту антифашистичкиот идентитет на нашата земја да биде загрозен и да биде доведен во прашање! Темелите на нашата државност се во антифашизмот на АСНОМ, како што темелите на нашиот идентитет се во македонскиот народ и македонскиот јазик. Тоа се нашите столбови од минатото. Тоа се нашите столбови за иднината.Ние сме свои на своето. Чисти пред себе и пред светот. Знаеме кои сме и точно знаеме каде одиме. И точно знаеме за што смее, а за што не смее ниту да се преговара ниту да се разговара.Ние одбивме да преговараме за работи за кои не смее ни да се разговара! Преговори со ЕУ да, но не по цена на ревизија на македонскиот идентитет. Не под условите кои сега ги наметнува Бугарија.Ние велиме – ДА за Европа и велиме НЕ – за уцени врз македонскиот народ! И НЕ за уцени врз нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и сите други.Народе мој,Македонската држава е земја на пријателства и соживот. Како израз на историското паметење, стремежот за правда и неприкосновеноста на човековите права, сме знаеле и да простиме и да се извиниме во име на иднината. Но, никогаш не сме посегнале по туѓото. Ние сме градители. И тоа е во нашата идентитетска карта како наш автентичен белег. Така денеска не препознава светот: Ние градиме пријателства. Ние сме светол пример за добрососедство. Ние никогаш не сме предизвикувале проблеми и никогаш нема да бидеме проблемот. Ние сме носители на решенијата. Тоа е нашиот победнички став.Затоа сите се на нашата страна. Пријателите се со нас и заедно со пријателите ќе одиме напред.Им оддаваме признание и благодарност на сите останати земји-членки на Европската Унија. Посебно признание и благодарност упатуваме до Сојузна Република Германија која во исклучително тешки времиња, во врвот на нејзиното претседавање со Унијата ги стави Буџетот на ЕУ, борбата против КОВИД-19 и проширувањето, со цел да се одржи првата меѓувладина конференција со Северна Македонија како старт на преговорите за нашето членство во ЕУ.За жал, процесот на проширување како стратешка цел на ЕУ го запре Република Бугарија, од позиција на земја-членка.Станува збор за неодговорна и тешка геостратешка грешка. И добро е што нашите меѓународни пријатели и сојузници не ја премолчуваат оваа грешка.Не молчат нашите сојузници бидејќи добро знаат дека покажавме пријателство и добра волја со Бугарија. Со искрени намери разговаравме за начинот како некои делови од нашата заедничка и испреплетена историја можат да бидат толкувани од двете страни на границата. Таквата мулти-перспективност на историјата, која е неспорна, сепак не смее да задира во универзалното право на идентитетско, јазично, и културно самоопределување или самобитност.Нашата совест е чиста. Целиот изминат период се водевме од принципите на максимална заштита на националните интереси и да не смее да се чепка во правото на самоопределување на македонскиот народ. Да вложиме максимални напори за отворање на пристапните преговори со ЕУ во 2020 година, а притоа да ги унапредуваме добрососедските односи врз основа на взаемно разбирање и почитување.Затоа сметаме дека причините за неодобрување на преговарачката рамка прават штета на фундаменталните принципи и вредности на Европската Унија.И се надеваме дека штетата што е предизвикана од ова неоправдано вето за европската интеграција на регионот и за европските вредности ќе може да се надомести бргу.Почитувани мои сограѓани,За жал, поразот на европските вредности, опозицијата во нашата земја го воспева како своја победа.Актуелното и претходните раководства на ВМРО-ДПМНЕ речиси 15 години покажуваат одбивност и блокади кон нашата евроатлантска определба. Колку повеќе се ближеше остварувањето на нашето членство во НАТО, толку поинтензивно ширеа немири, лаги и говор на омраза.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ беа единствените кои навиваа Северна Македонија да не добие датум за почеток на преговори, единствените кои блокираа реформи и структурни закони важни за интеграцијата во ЕУ. Лидерот на ДПМНЕ го прогласи најпозитивниот Извештај на Европската комисија за лажна вест и не смогна сили ниту да честита, ниту да аплаудира во Собранието на денот кога станавме 30 земја-членка на НАТО.Еве денеска паднаа во вода сите лаги и клевети. Им се срушија лагите дека наводно се распродавал македонскиот идентитет. Тие што македонскиот народ го нарекоа хистеричен, сега тонат во сопствената хистерија.Тоа е сонот и желбата на лидерството на ДПМНЕ. A реалноста е дека македонскиот народ го надминува овој момент со крената глава наспроти срамните лаги коишто се опасност за стратешките интереси на земјата. Дури и Европа ги препозна и ги прозва нивните лаги.A, македонскиот народ е далеку повисоко од хистеријата и од срамните лаги на Христијан Мицкоски. Еве сме. Тука сме. Македонци кои зборуваат македонски јазик. Свои на своето. Отсекогаш, засекогаш. Станавме земја-членка на НАТО како Македонци кои зборуваат македонски јазик. Ќе станеме членка и на ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик.Почитувани граѓани,Ние нема да дозволиме да превладеат сили што имаат намера да ја втурнат земјата во омраза кон Европа, во неизвесности, конфликти и во омраза кон нашите соседи. Наша обврска е да ги заштитиме државата и граѓаните од повторно застранување од стратешкиот колосек. Без оглед на атмосферата која се обидува да ја наметне опозицијата, оваа Влада никогаш нема да преземе чекор со кој ќе ги загрози македонските национални интереси.Немаме намера да ја исправиме државата пред неизвесност. Еднаш поминавме низ тоа. Знаеме до каде не донесе национализмот. Нема да дозволиме ни нов, ни стар груевизам како оној после ветото од Букурешт во 2008 година.Ние немаме потреба од националистички занес или од удирање во гради, што служи само за домашна потреба. Тоа е атрактивно за домашна публика, но не е решение.Ние со нашите потези нема никому да помагаме ниту во Бугарија, да печали политички поени на македонското прашање.Национализмот и говорот на омраза не се патриотизам.Патриотизам е да ги постигнеш сите потребни воено-безбедносни стандарди и политички критериуми и да ја направиш земјата членка на НАТО.Во Брисел, во седиштето на најмоќната воено-безбедносна алијанса на светот гордо се вее македонското знаме и ја сведочи и нашата национална посебност. Признаена од сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ја и Бугарија.Патриотизам е цврстата аргументација дека граѓаните на нашата земја нема зошто да се грижат. Македонскиот народ и Северна Македонија се веќе во НАТО. Тоа е нашата победа постигната за да бидеме еднаков дел од евроатлантското семејство, рамо до рамо со најсилните. Нашата безбедност и сигурност никогаш нема да биде загрозена. Нашиот пат е трасиран кон НАПРЕД!И затоа бараме, ЕУ да ја исполни својата фундаментална обврска и да ги препознава и чува како непроценливо богатство историските и идентитетски различности на нациите на Европскиот континент. Македонскиот идентитет и јазик не смеат да бидат исклучок од овој принцип. Бараме на ист начин како што ние се грижиме, го развиваме и скапоцено го чуваме европскиот идентитет дома, така и ЕУ да го почитува, да се грижи и да го чува нашиот македонски идентитет, како скапоценост на својата различност.Почитувани граѓани,ние остануваме посветени на барањето решение со соседна Бугарија. Тоа ќе биде решение кое гарантира почеток на преговори со ЕУ, а никако не задира во македонскиот идентитет.Ние продолжуваме. Евроинтеграциите не се трка на кратки патеки, туку маратон со крајна цел – европеизирање на нашата земја. Мандатот добиен од граѓаните ја вклучува и таа цел и додека не ја постигнеме – нема да запреме.Нема да дозволиме ветото на Бугарија да предизвика застој на внатрешните реформи. Напротив, ќе го засилиме темпото и ќе ја зголемиме предноста што ја имаме во регионот.Владата на Република Северна Македонија останува на истиот стратешки колосек. Испорачавме полноправно членство во НАТО, ќе ја придвижиме земјата и кон ЕУ! Ќе продолжиме со реформите со силен интензитет. Наша обврска е да ги спроведеме европските стандарди дома! За нас нема друг пат, нема друга алтернатива. Нема откажување!Во годината пред нас најавувам крупни чекори во неколку клучни области.Борбата со пандемијата од КОВИД-19 ќе ја засилиме и ќе ја добиеме. Не чекор сме до КОВИД вакцината. Ја гасифицираме земјата, инвестираме во фотонапонски централи и во ветерници. Започнува прочистувањето на судството, а конечно следува и најважната статистичка операција – пописот. Се грижиме за секој граѓанин, распределуваме огромни економски пакети како помош за граѓаните погодени од КОВИД кризата. Уште посилно инвестираме во Коридорот 8 и во инфраструктурата низ целата земја. Ние градиме, за денес и за утре.Затоа,Јас денеска го повикувам секој македонски граѓанин, да учествуваме во реформите. Сега е потребен ангажман од секого.Овие се тие моменти, кога треба најочевидно да го покажеме нашето единство. Сега, најмногу треба да работиме сплотени заедно, за да си ја направиме земјата подобро место за живеење.Сега со уште повеќе верба, посветеност и единство, да се посветиме на градењето европски стандарди дома. Ќе работиме на поддршка од развиените европски демократии, билатерално, со секоја од нив во полето во кое е најсилна, ќе ги донесеме европските стандарди дома.Со неспорно утврден, заштитен и одбранет македонски идентитет, горди сме и знаеме дека ние сме Европа, а македонската иднина е европска.Да живее македонскиот народ,Да живее македонскиот јазик,Да живеат сите граѓани и сите јазици кои се зборуваат во Северна Македонија.Да живеат европските вредности.Ви благодарам.“

Македонија | пред 5 години

3-1

Маричиќ: Ќе воспоставиме ред во затворите и ќе ги подобриме условите

Министерот за правда Бојан Маричиќ оствари средба со висока делегација предводена од претседателот на Европскиот комитет за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување, Микола Гнатовски.На средбата се разговараше за состојбата со затворите и воспитно-поправните домови во земјава.Министерот Маричиќ на претседателот на Европскиот комитет за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување, му кажа дека и покрај тоа што на функцијата министер е само три месеци, има точен увид за што се случува во затворите, но и за условите во кои престојуваат некои од осудените лица и дека од неговото назначување за министер, ставањето ред во овие установи и подобрувањето на условите за престој на осудените и притворени лица е врвен приоритет.На високиот гостин му беа презентирани работите кои беа направени или започнати изминатиот период пред сè завршувањето на новиот Воспитно-поправен дом во Волковија, тетовско, каде малолетниците се сместени во објекти направени по највисоките европски стандарди.Дополнително Маричиќ на Гнатовски му го презентираше амбициозниот план за реконструкција на неколку затвори во Северна Македонија, вклучувајќи го Идризово и Истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари. Токму за овие два најчесто пристигнуваат забелешките за условите во нив, но и за непочитување на правилата, а токму затоа наредниот период паралелно со подобрувањето на условите ќе се работи и за ставање ред во сите затвори низ државата.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Мицкоски: Ова се најлошите 100 денa Влада во историјата, со Заев се бележат само загуби, мора оставка за да има иднина

Поминуваат 100 дена од старо новата влада. Овие 100 дена се продолжение на низата која трае 4 долги години на промашувања, криминал и силни неуспеси. Затоа велам дека не се 100 дена туку повеќе од 4 загубени години од кои последните 100 дена се вистинско фијаско. Може да се каже дека овие 100 дена од 4 годишниот мандат на владата се најлошите 100 дена на било која влада која досега ги имала во историјата на современа македонска држава.100 дена на загубена иднина, загубена економија, загубени животи, загубено достоинство, атакуван идентитет, загубена правда, криминал, загубена вистина и лаги, загубена штедни влогови, упропастена банка, загубени пари, илјадници загубени работни места, загуби за земјоделците, бизнисот, загубени инвестиции.100 дена Владата на постојани ЗАГУБИ, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение прес конференцијата на Мицкоски во целост:Ветуваа живот а после оној предизборен инжирениг во избори во кои што се служеа се, само не со предизборна програма уценуваа, се закануваа, поткупуваа, менуваа закони, буквално се, само не со политичка платформа, составија влада со ветување „Можеме повеќе, можеме подобро“, а за само 100 дена добивме вето на патот кон ЕУ, влеговме во економска рецесија, пропадна банка втор ТАТ афера тешка 200 милиони евра, поскапи електричната енергија, 1400 животи се загубија поради отсуство на стратегија и акутната неспособност во здравството.Во Македонија се умира поради тоа што здравствениот систем е отруен од инфицирачка неспособност да се менаџира со него.Македонија со Заев бележи загуби, загуби и само загуби.Зоран Заев им одзема на македонските граѓани 4 години од нивните животи, со најлошите 100 ден, од сите нас, од сите вас зависи колку ќе му дадеме прилика да губи.Не знаат во економијата, во здравството се хаотични, во надворешната политика наместо со принципи и мудрост, постојано се коцкаат со идентитетските прашања. И многу лажат, тоа за нив е веќе секојдневие.Само овие работи што ги набројав, нормална држава, многу поголема и поорганизирана од нашата не може да ги издржи, а не пак нашата Македонија.Имаат многу загуби, но само дел од нив во интерес на времето ќе бидат споменати на денешната прес конференција.Ќе започнеме од економијата. Имаме економија во рецесија.Загубите кои оваа влада ги донесе се:• Пад од речиси 6 % на економијата во трите први квартали од почетокот на годината заклучно со третиот квартал, месец септември.• Историски најголемо задолжување на државата, за само еден квартал повеќе од 1 милијарда евра. Буџетска дупка која што на крајот на годината ќе изнесува повеќе 750 милиони евра, раст на јавниот долг за 10 процентни поени до ниво од речиси 61%.• Имаме поголем пад на бруто инвестициите од воениот конфликт од 2001 година. Реален пад на бруто инвестициите во три квартали од 8,8% на годишна основа.• Нема капитални инвестиции. Нема ниту 60% искористеност од втор ребаланс за капитални инвестиции, а од првиот буџет реализација е отприлика 45-46%. Зборувам во првите 11 месеци, до крајот на годината може да се помести за некој процент.• Наместо привлекување имаме нето одлив на странски инвестиции и тука сме убедливо најниски во регионот и во Европа. Ги нема ниту оние 5 странски инвестиции кои што Зоран Заев ги ветуваше при нашето последно соочување и дебата на Македонската телевизија пред изборите.• Повеќе од 50 илјади наши сограѓани бараат работните места, бараат работа од јануари месец заклучно со октомври или во првите 10 месеци од годината. За отприлика 5% е намален бројот на работниците во индустријата.• Во овие 4 години на загуби, не задолжија за 2 милијарди евра, а нема ниту еден капитален проект. Електричната енергија поскапи, а анализите на невладината Фајнанс Тинк покажуваат дека половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден.Во здравството загубите се плаќаат со човечки животи.• внимавајте за 100 дена повеќе од 1400 наши сограѓани ги загубија животите поради КОВИД пандемијата и неспособното менаџирање со здравствениот систем. Недозволиво висока стапка на смртност. И точно е дека поради корона кризата секаде состојбата е лоша, но овде смртноста е извонредно висока, државава е 7ма во Светот по степенот на смртност на милион животи, а тоа е така поради неорганизираноста на здравствениот систем, неспособните Филипче и Заев.• Се јави голем недостиг за обучен медицински кадар. Во исто време пријавени се во заводот за вработување околу 3000 невработени здравствени работници.• Поради ненавремено обезбедена и несоодветна лична заштитна опрема резултираше е бројка од околу 1800-2000 заразени здравствени работници и десетина починати.• Социјалните мрежи станаа арена за барање на помош и донации со кои се спасуваат животи поради тоа што државното здравство е пред крах.• За Клинички Центар не треба да трошиме зборови, ни трага, ни глас од ветениот Клинички центар, а еве поминаа 4 години.• Груба и брутална лага е дека лекарите земаат 100.000 денари плата. Капитацијата на матичните лекари не е покачена иако тоа е она кое што тие го ветуваа. Тие не се помогнати ниту во Ковид пандемијата.• Дежурства на специјализантите не се платени, приватните специјализанти немаат ниту здравствено осигурување.Во земјоделието состојбата е драматична.• Цената на тутунот е на најниско ниво во последните петнаесетина години. Килограм тутун вреди колку кутија цигари, додека Владата на Заев дозволи увоз на тутунот. Последните денови гледаме дека оризопроизводителите се буквално во агонија поради историски најниската откупна цена за оризопроизводителите.• Во овие сто дена лозарите го фрлаа грозјето по нивите затоа што исто беа измамени од владата.• Во овие сто дена немаше ниту субвенции за житните и градинарски култури, без субвенции останаа и оние со лозов и овошен насад.• Акумулациите, езерата се целосно испразнети. Еколошка катастрофа буквално во секој поглед. Природните и вештачките езера се на биолошкиот минимум а власта од таквото празнење прави бизнис.Образованието е на колена. Експериментите во изминатите 100 дена го земаа својот данок.• Доцнеше стартот на учебната година. Еден месец нашите ученици не можеа да ја следат наставата. Зошто? Затоа што властите во образованието се правдаа дека го подготвувале софтверот со кој што ќе се следи образованието.• Наставниците не добија навремена професионална обука.• Денес над 10.000 ученици следат опциона настава, односно настава на телевизија и со печатени материјали и при тоа за нивниот напредок не е можна реална контрола на постигнувањата.• Се прекршуваат мерките за претпазливост и борба против КОВИД 19 пандемијата со тоа што не се пријавуваат и вешто се прикриваат заразени наставници и ученици.• Во овие 100 дена влада единствено нешто што остана во образовниот процес се оние би рекол грантови кои што ги делеше Лидија Димова за тренирање на магарињата.Во инфраструктурата и понатаму се рекордери во неработење.• Закочени им се буквално сите проекти кои ги наследија сите овие четири години иако имаа целосно финасирање обезбедено од истите. Едно сокаче не изградија.• Гасификацијата доцни, секои избори буквално последниве четири години па и повеќе години , кога станува збор за СДСМ се ветува гасификацијата, а од гасификацијата ни трага ни глас. Еве четири години се на власт, автопатот Кичево - Охрид е закочен. Првиот дел од автопатот за Блаце, два километри веќе четврта година не успеваат ни да го започнат со градежни активности, а да не зборуваме за завршување.• Се фалат со експресни патишта како оној Штип - Радовиш за кој целосно ги обезбеди средствата и проектите претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, а сеуште не е завршен.Во културата со недели и месеци доцнеа платите. Додека нема ниту еден значаен проект кој го започнаа, а не пак да финишираат. Оваа година не успеаа ниту да ја доделат наградата „Св. Климент Охридски“ кое е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата и уметноста.Скандалите не престанаа. Имаме Влада со најголем број на скандали. Земјава и понатаму во сите рангирања е на првото место во Европа по стапката на криминал и корупција. Како што кажав на почетокот од ненешната прес конференција се случи пропаѓање на Еростандард банка. Министерката за финансии неколку месеци пред пропаѓањето ги извлекла штедните влогови додека за жал оние штедни влогови на обичните граѓани пропаднаа. За тоа оправдување користеше мандатарот дека таа не била крпа, па затоа фино и удобно ја сместија во Одборот на директори на еден Телеком оператор.Сомневањата и укажувањата од страна на граѓаните, но и од страна на сведоци се дека 29 струмички фирми се директно поврзани со фамилијата Заеви и истите оствариле профит од 13 милиони евра од невраќање на кредити кои ги земале без покритие од Еуростандард банка. Додека Македонска пошта се дави во долгови, новиот директор ќе вработува 280 луѓе, а најавија и продажба на поштата.Владата на Заев избрка канадска компанија, за да може бугарска компанија преку Кајманските острови да го купи рудникот Иловица, што отвара сомнеж дека е дел од пакетот концесии на Заев пред Софија. Илјадници евра од Лидија Димова и агенцијата со која таа раководеше завршија во фризерница, обука на магариња и што ли уште не.Понатаму за народот, за граѓаните, за оние компании кои што не се на слободниот пазар имаме поскапа електична енергија, додека пак компании блиски до семејството Заеви добиваат тендери од универзалниот снабдувач на електрична енергија.Се случи и аферата „ДАКА“ во првите 100 дена. Се потврдија разговорите кои што беа стекнати на нелегален начин дека се точни, и во првите сто дена контроверзниот бизнисмен анти -НАТО и анти - ЕУ направи бизнис со земјиштето во Тетово и Шик Јелак вреден 200 милиони евра за нови 2000 стана. Сметките од кои е плаќано се од Панама, додека власта за сето тоа молчи. За сите неправди во судството и „трас трас“ одлуки тргнаа да прават нов уставен судија од Кацарска, а уставните судии во услови на најсилната сиромаштија сами си ги покачија платите додека власта повторно за сето ова молчи.Врвот на загубите, круната на загубите е ова последно ветото за ЕУ.Требаше да добиеме датум за преговори, но добивме вето. Вето кој не е само кочница за иднината, туку и израз на исклучителната неспособност на Владата, на Зоран Заев и неговата „домат“ меѓународна политика. После четири години лаги дека само што не сме почнале преговори денес е јасно дека имаме Влада која не може да испорача европска иднина. Ја лажеше јавноста дека ќе има европска иднина, се откажа од Македонија, и продолжи со скандалозното интервју на бугарскиот медиум да се откажува од идентитетот. Тоа и де факто не му успеа затоа што се случи народ. Овој пат народот и ние заедно со него, сите заедно, оние кои беа со нас на улиците, но и оние кои не поддржуваа во своите срца успеавме да ги откажеме од намерата да се откажат и да го распродадат македонскиот идентитет. Успеавме сите заедно, народот успеа да одбрани менување на менување на историјата, откажување од нашето право на антифашистичката борба, народот одбрани ретуширање на историјата и прикажување на фашистите за ослободители. Тоа е заслуга на народот. Но и доказ секогаш кога сме обединети и кога треба, народот се обединува и се исправа пред секој предизвик.Оваа добиена битка не значи дека засекогаш сме успеале, драги пријатели, почитувани сограѓани, ова е само првиот чекор, до крајната цел има уште многу време. Треба да се соочиме со реалноста и да кажеме дека се додека Заев е премиер идентитетот е под закана, исто како и иднината на земјата. Се додека Заев е премиер Македонија ќе губи. Европската иднина е далечна зошто има криминал, лаги и премиер со концесии. Не може да е иднина Владо Бучковски или Зоран Заев, едниот осуден за криминал, другиот амнестиран за криминал.Овие четири години на загуби се затоа што изворот на тие загуби е на чело на државата, а тоа е Зоран Заев. Државниот врв по удирањето во ѕид не кажува која е алтернативата за земјата, еве јас ќе ви ја кажам. Треба Зоран Заев да падне, за да Македонија стане. Колку побргу сфатиме дека не смееме да дозволиме овој човек со кој само државата губи да биде на чело на Владата толку побргу ќе ја остраниме заканата за иднината. Имаше четири години,четири години му подаривме од нашите животи, да не дозволиме уште четири да се коцка со нашите животи, а на крај за жал да загубиме се. Овој народ чека, чека и чека 30 години подобри времиња, а заглави со ужасот Заев. Затоа ние денеска му порачуваме. Доста беше. Доста беше загуби.По толку силни загуби, економија во рецесија, покачена цена на електична енергија, идентитет кој се тргува, пропадната банка, 1400 загубени животи поради корона и неспособно здравство за само 100 дена, вето за Европската унија. Владата го изгуби целиот кредибилитет,затоа мора Заев да си замине за да Македонија почне да оди напред. И најголемите скептици знаат дека вака повеќе не оди. Ги потрошија сите адути, сите ветувања, а работите не се подобри, државата за жал ја има се помалку. Подеднаква одговорност за се ова што се случува имаат парламентарните партии на власта. Не бидете соочесници на Владата која носи загуби. Одважете се и ставете се на страната на народот и продолжете да делувате и понатаму сомостојно.Затоа ја актуелизирам повторно потребата од лидерска средба на која ќе разговараме за актуелната политичка, здравствена, образовна, економска ситуација во нашата Македонија. Веднаш лидерска средба за да можеме понатаму заеднички да ја градиме нашата Македонија.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Oпштинските инспекциски служби отстраниja два нелегално изградени објекти во Општина Центар

Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, денес со механизација отстрани два нелегално изградени објекти на улицата „Водњанска“, односно една импровизирана градба и една дрвена барака.Откако инвеститорите на двата објекти не постапија по решениjaтa издадени од Секторот за инспекциски работи, кои налагаат самите тие во законски предвиден рок од три дена самостојно да ги отстранат градбите, општинските служби пристапија кон присилно административно извршување, односно отстранување на градбите.Ова е само почеток на акцијата на Општина Центар во борбата против нелегално изградените објекти на нејзина територија. Издадени се вкупно 18 решенија за отстранување на нелегално изградени објекти, за кои јавноста дополнително ќе биде известена.Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ повторно упатуваат апел до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти, да постапуваат по издадените решенија за отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопоственците на нелегално поставените објекти.

Скопје | пред 5 години

IMG_2001

Спасовски: Значително намалување на бројот на сообраќајни незгоди, зголемена е безбедноста на патиштата

Во ноември 2020 година имаме значително намалување на бројот на сообраќајни незгоди, особено на оние со потешки последици, рече министерот Оливер Спасовски при денешната посета на Мобилната единица за безбедност во сообраќајот, која е носител на засилените акциски контроли во сообраќајот што МВР ги спроведува од средината на септември.„ По моето враќање во МВР во септември отпочнавме со низа оперативни акции за да ја подобриме безбедноста на граѓаните, а една од акциите е насочена кон подобрување на безбедноста во сообраќајот и пред се намалување на бројот на сообраќајни незгоди со тешки последици. Анализите покажуваат дека како што течат овие засилени контроли, граѓаните се подисциплинирани во однос на почитување на сообраќајните правила и прописи, што резултира со намалување на бројот на сообраќајни незгоди особено оние со потешки последици. Бележиме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во октомври 2020 година, а со поголем процент и во месец ноември оваа година. Се разбира, на намалувањето на сообраќајните незгоди односно подигањето на сообраќајната култура влијаат многу фактори, но ние како министерство во овој период сме посветени да ја завршиме нашата задача и тоа како на превентивен, така и на репресивен план, а евидентно е дека резултатите се видливи и посветени сме и натаму да продолжиме со мерките со цел намалување на сообраќајните незгоди, особено оние со потешки последици“, рече министерот Спасовски.Во ноември 2019 година се случиле вкупно 714 сообраќајни незгоди, а во ноември 2020 година- 564, што претставува намалување за 21 отсто.Во сообраќајни незгоди во текот на месец ноември 2019 година животот го загубиле 11, а истиот месец 2020 година седум лица, што претставува намалување за 36 отсто.Во однос на пешаците како една од најранливите категории на учесници во сообраќајот, за истиот период бележиме намалување за 75% односно во ноември 2019 година загинале четворица пешаци, а во ноември 2020 година - еден.Бележиме намалување и на бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди односно во месец ноември 2019 година 70 сообраќајни незгоди, а во ноември 2020 година 37, што претставува намалување за 47%.Од започнување на засилените акциски контроли изречени се вкупно 43170 санкции од кои: 7404 за пречекорување на ограничувањето на брзина на движење, 615 за поминување на црвено светло, 7306 за управување без возачка дозвола, 5829 за нерегистрирани возила, 854 возила за јавен превоз на патници поради техничка неисправност.„Продолжуваме да работиме интензивно, а, се разбира, сакам и на вас медиумите да ви искажам голема благодарност за соработката и следењето на нашите акциски контроли, со што и вие имате директен придонес за подигањето на сообраќајната култура затоа што само со заеднички напори и континуирано работење можеме да дојдеме до зацртаната цел, побезбедни улици и патишта. Особено сакам да ја потенцирам професионалноста и посветеноста на полициските службеници кои ги спроведуваат овие акциски контроли, како и на тимот кој раководи со акцијата и од нив очекувам иста посветност и професионалност и во наредниот период“, рече Спасовски.

Македонија | пред 5 години

aerodrom-skopje-2

Турски државјанин обвинет за употреба на фалсификуван пасош

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против 65-годишен државјанин на Република Турција, кој се гони за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.На 27 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, осомничениот употребил како вистинска лажна турска службена патна исправа. Дека пасошот не е оригинален утврдиле овластени службени лица при контрола на аеродромот.​​

Македонија | пред 5 години

17112020_PVRSM_Zaev_Intervju-za-TV21_1

Заев: Мора да ја сузбиеме корупцијата, никој не смее да е над законот

Денеска е Меѓународен ден за борба против корупцијата, ден кој нѐ потсетува дека корупцијата и политичките злоупотреби се најголеми непријатели на граѓаните и на владеењето на правото. Корупцијата ги краде парите на граѓаните, ја руши правната држава, ги слабее институциите и ја загрозува демократијата, создавајќи недоверба меѓу граѓаните. Ова денеска го напиша премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил по повод Меѓународниот ден за борба против корупцијата – 9 Декември.Според премерот Заев, правдата, еднаквоста и слободата се првите жртви на политичките злоупотреби и корупцијата.– Токму затоа со примена на европските стандарди во справување со корупцијата Владата води битка преку зајакната и обврзувачка транспарентност, заштита на слободата на медиумите, институционална поддршка на силна и независна Државна комисија за спречување корупција и нула толеранција при откриени злоупотреби. Градиме систем кој одвраќа од злоупотреби и јасно ја лоцира одговорноста. Ги јакнеме институциите, ги намалуваме дискреционите права и моќта на политичарите и носителите на јавни овластувања, напиша премиерот.Граѓаните, како што се наведува, се чувствителни особено на злоупотреби од страна на носителите на јавни функции и токму затоа оваа Влада, како претставник на овие интереси на граѓаните, во својот состав има заменик-претседател, меѓу другото задолжен и за борба против корупцијата и криминалот.– Огромни се напорите на вицепремиерот Николовски и во зголемувањето на транспарентноста на институциите, и во обезбедувањето отчетност на локално ниво, и во посветеноста на правната држава, и во инсистирањето на етично работење на секој еден функционер и секој еден јавен службеник. Никој не смее да е над законот, секој треба да работи со интегритет! Секој ден внесуваме европски стандарди дома, за Северна Македонија да ја направиме земја во која граѓаните сакаат да живеат и која ќе ја препознаваат како земја во која владее правото. На тој пат мораме да ја сузбиеме корупцијата, секој од нас, со свој придонес, напиша премиерот Заев на фејсбук.

Македонија | пред 5 години

megasi

Презентиран Алтернативниот извештај на невладините организации за состојбата со правата на децата во Македонија

Во пресрет на Меѓународниот ден на човековите права 10ти декември, Првата детска амбасада во светот Меѓаши-Република Македонија го презентираше Алтернативниот извештај на невладините организации за состојбата со правата на децата во Македонија.Подготовката на извештајот ја раководеше Детската амбасада Меѓаши, а свој придонес дадоа повеќе од триесет организации и неформални граѓански групи, од кои најголемиот дел се членки на Македонската национална коалиција за правата на детето.Извештајот беше поднесен до Комитетот за правата на детето при ООН, како дел од периодичниот циклус на известување за спроведувањето на Конвенцијата за правата на детето во државата. Истиот овозможува детална анализа на широк спектар прашања поврзани со правата на децата од послените десет години, структурирани во осум теми: општи мерки на имплементација, генерални принципи, граѓански права и слободи, насилство врз децата, семејна средина и алтернативно згрижување, попреченост, општа здравствена состојба и добросостојба, образование, одмор и културни активности и посебни мерки на заштита.Во извештајот се укажува на бројни проблеми од овие области, вклучително:Општи мерки за импменетација- Недостатокот на стратешки документи за заштита и унапредување на правата на децата на национало и локално ниво, и координативно тело за следење на спроведувањето на Конвенцијата за правата на децата.- Слабо спроведување на законите и ограничени финансиски, човечки и технички ресурси како главни пречки за целосна реализација на детските права.Генерални принципи- Чести случаи на непостапување согласно најдобриот интерес на детето од страна на инситуциите, и особено центрите за социјална работа.- Постоење на дискриминација на децата по основ на возраста, полот и финансиската состојба на нивното семејство, сегрегација на учениците Роми, исклученост на децата од социјално загрозени семејства од образовниот процес за време на пандемијата од Ковид-19 и бројни пречки со кои децата со попреченост се соочуваат во пристапот до образовните, здравствените и другите институции. Пристапноста до училишните згради, внатрешните простории и соодветните дидактички средства не е обезбедена во задоволителна мера. Стручните тимови се некомплетни во голем дел од училиштата и градинките, а наставниците не располагаат со соодветни знаења и вештини за работа со ученици со попреченост.Граѓански права и слободи- Сè уште постојат деца кои не се регистрирани во матичната книга на родените, од кои повеќето се Роми, но нивниот точен број не се знае.- Државата нема преземено мерки за елиминирање на практиката на тајно посвојување, што не во согласност со Конвенцијата за правата на детето.- Средношколското организирање се уште не е законски регулирано. Децата не го уживаат целосно нивното право на мирно собирање, дел од средношколците учесници на протести во изминатиот период беа изложени на закани од страна на училишните раководства, како и на обиди за партиското етикетирање во пошироката јавност.- Нарушувањето на приватноста на децата во сајбер просторот е сè поактуелен проблем, особено злоупотребата на личните податоци на деца на социјалните мрежи.Насилство врз деца- Десет проценти од децата биле жртва на насилство, додека повеќе од 20% познаваат врсник кој бил жртва на насилство. Децата најчесто наведуваат примери на врсничко насилство во училиштата. Сè уште постои висока стапка на насилно дисциплинирање.- СОС телефонот за деца и млади на Меѓаши не е финансиски поддржан ниту од државата, ниту од телекомуникациските оператори, што е и основна пречка за обезбедување бесплатна 24-часовна линија за помош и шестцифрен број согласно европските практики и препораките на Комитетот од 2010 година.Семејна средина и алтернативно згрижување- Повредата на правото на детето да остварува лични и непосредни контакти со родителот со кого не живее е проблематика на која се однесуваат најголем број од претставките до Народниот правобранител во изминатите години, и најчестата причина за јавувањата на СОС-телефонот за деца и млади на Меѓаши.- Не е воспоставен ефективен систем за обезбедување надомест на средства за издржување на детето од страна родителот на кој не му е доделено детето на чување по развод.Општа здравствена состојба и добросостојба- Постои сериозна загриженост за нискиот човечки капацитет во здравствениот сектор, особено намалениот број на педијатри и несоодветната обезбеденост со лекари во дејноста за здравствена заштита на училишни деца и младина. Децата наведуваат бројни случаи кога нивни врсници не добиле соодветна лекарска помош, особено од почетокот на пандемијата од Ковид-19.- Грижата за менталното здравје на децата не претставува јавноздравствен приоритет, и е под нивото на грижата за физичкото здравје. Значително се намалени сервисите за ментално здравје за деца и млади и нивниот квалитет, а нема ниту соодветен план за нивен развој.- Загадувањето на воздухот во урбаните средини е континуирано над европските стандарди и претставува алармантен проблем. Енормното аерозагадување во зимскиот период е проблем за 2/3 од децата, кои истакнуваат дека истото се одразува на нивното физичко и ментално здравје, им го ограничува секојдневното функционирање и ги принудува да останат во своите домови.- Секое трето дете во државата живее во сиромаштија. Паричната вредност на социјалните надоместоци е премногу ниска, додека постоечките услуги за социјална грижа и поддршка се недоволно развиени и не обезбедуваат адекватен животен стандард за децата.Образование- Покрај трендот на зголемување на опфатот на деца со предучилишно образование, истиот е на незадоволително ниво.- Пристапот до образование е особено предизвик за децата Роми, а надвор од образовниот систем остануваат и учениците кои ги немаат примено потребните вакцини, за што не е најдено адекватно решение.- Пандемијата од Ковид-19, значајно го отежни образовниот процес, не сите ученици беа во можност да следат онлајн настава (поради немањето технички уреди и интернет) и да добијат исто ниво на поддршка во домот.- Изминатите образовни реформи вообичаено се одвиваа без консултација на главните чинители (наставниот кадар, децата и родителите), поради што истите не ги постигнaa во целост предвидените цели. Компетенциите на учениците во читање, математика и природни науки се под меѓународниот просек.Специјални мерки на заштита- Нема прецизна евиденција за број на деца на улица/улични деца, од кои најголем дел се Роми. Работата на улица е најзастапената форма на злоупотреба на детски труд и истата ретко се санкционира. Отсуствува системски одговор од државата за соодветна заштита и поддршка на оваа група деца и нивните семејства.- Државата не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминација на трговијата со луѓе. Постојат повеќе негативни практики во постојниот систем.- Во системот на правда за децата остануваат бројни предизвици, како неисполнувањето на законската обрска за формирање совети за превенција на детско престапништво во најдолем дел од општините, неприменувањето на формите на ресторативна правда од страна на судовите и јавните обвинителства, необезбеденоста на ДСПДП со соодветни услови за работа. Мерките на превенција, институционален и вонинституционален третман остануваат под меѓународните стандарди.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче на состанок со директорите од Интерно - потрошувачката на терапии е зголемена но нема недостиг од лекови

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска се сретна со директорите на интерните клиники и разговараа за третманот на болните, моменталната состојба со капацитетите на ковид центрите и ротациите со персонал. На состанокот се разгледуваше состојбата за достапност на болничка терапија за ковид пацинетите кои се хоспитализирани. И покрај зголемената побарувачка на одреден број на лекови, доставата на терапиите оди тековно и нема застој. За некои лекови кои се користат во болниците, потрошувачката е тројно зголемена во однос на истиот период лани, но потребните колични се испорачуваат и нема недостиг од лекови.Во моментов има доволно слободни места на интерните клиники, а Министерството за здравство, ја следи состојбата со бројот и приемот на пациенти и доколку се јави потреба ќе се отворат дополнителни капацитети за згрижување ковид пациенти. Во однос на кадарот ќе бидат испратени дополнителен борј лекари во сите ковид центри на интерните клиники.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Невладината „Маргини“ и Мрежата за заштита од дискриминација поднесоја тужба против учебник од високо образование

Тужба за утврдување на дискриминација во учебникот „Основи на персонологија 2“ од проф. д-р Благоја Јанаков, што се користи во наставната програма на Филозофскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје поднесе невладината Коалиција Маргини заедно со Мрежата за заштита од дискриминација.„Обвинување на жените за зголемениот број на разводи, осуда на прекинувањето на бременост и квалификување на истополовите партнерства како забеганост, се само дел од вознемирувачка содржина што бараме да биде отстранета и заменета со научно заснована содржина што е во чекор со современата научна мисла. Институциите имаат обврска да обезбедат образование насочено кон целосен развој на личноста и кон зајакнување и почитување на човековите слободи и права, поради што мора да биде ослободено од сите форми на дискриминација“, се вели во соопштението.Според „Маргини“, по неколку обиди да го привлечат вниманието на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Филозофскиот Факултет и на авторите на спорните учебници кои се дел од наставната програма на оваа единица, и да побараат повлекување на спорните содржини, наишле на отпор и игнорирање на нивните барања. Дополнително, споменатиот автор на учебникот е веќе професор во пензија, но неговите спорни учебници сѐ уште се користат во наставата на овој факултет.Коалицијата Маргини, заедно со партнерските организации од Мрежата за заштита од дискриминација, подолго од една декада работи на елиминирање на дискриминирачките содржини во учебниците кои содржат невистни, научно незасновани ставови преку кои се одржуваат родовите предрасуди и стереотипи и се вознемируваат луѓето со различна сексуална ориентација и родов идентитет. Идентификуваваме повеќе од 20 учебника во сите нивоа на образование што содржат дискриминирачка содржина, најчесто врз основа на род, сексуална ориентација, родов идентиет и здравствен статус, а по наша иницијатва дел од овие учебници беа отстранети. Сепак, останува фактот дека образовните програми и материјали сé уште се полни со содржини што создаваат и одржуваат понижувачка и непријателска средина за жените, сексуалните и родовите малцинства.На потребата од измена на наставните материјали уште во 2011 година укажа и Европската комисија во Извештајот за напредокот на државата, но досега малку е направено за елиминирање на дискриминацијата во образованието.Поради ова, Коалицијата Маргини и Мрежата за заштита од дискриминација ја инфомира јавноста дека, покрај судската постапка, започнуваат со серија активности за подигнување на свеста на стручната и општата јавност за потребата од реформи во образованието со кои ќе се обезбеди квалитет во знаењата, напредок во науката и создавање нови генерации на вистински професионалци кои во својата професија ќе се водат од фактите, а не од предрасудите.

Македонија | пред 5 години

IMG-72e40d10565cf6c3859134616dbc0bbe-V

(ФОТО) Запленети 53 килограми марихуана, приведен дилер

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, по претходно добиени оперативни сознанија, на 08.12.2020 во 13 часот во близина на с. Старо Лагово го лишија од слобода Ф.Д. (46) од с.Калишта, кој управувал патничко возило „ауди“.На даден знак од полициски службеник да застане, Ф.Д. не застанал туку продолжил со движење и потоа исфрлил две торби со марихуана со вкупна тежина од околу 53 килограми. По преземени мерки, возилото е запрено, а возачот приведен. По документирање на случајот, против Ф.Д. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 5 години

27-28-sednica-na-sovet-2019-2

Заеднички инспекциски надзор меѓу градот и општините пред советниците на Град Скопје

На денешната 59-та седница Советот на Град Скопје ќе одлучува за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Градот Скопје и општините за заедничко вршење на надлежности од областа на инспекцискиот надзор. На почетокот на седницата, исто така, ќе се верификува мандат на член на Советот на Град Скопје кој доаѓа на местото на прерано починатиот советник и заменик – градоначалник Енвер Малиќи.Меѓуопштинската соработка ќе се врши преку здружување на човечките ресурси и нивно ефективно и рационално ангажирање и искористување, при што инспекцискиот надзор ќе го врши Градот, а општините ќе ги стават на располагање на градот сите инспектори и комунални редари вклучително и материјални средства. При остварувањето на меѓуопштинската соработка во надлежностите од инспекцискиот надзор, Градот ќе ги координира активностите на сите инспектори и комунални редари и ќе ги овозможи сите потребни услови за непречена реализација во остварувањето на инспекцискиот надзор.Советниците денеска ќе го разгледуваат и предлогот за прогласување на заштитениот локалитет „Кањон Матка“ за споменик на природата. Советот на Град Скопје му предлага на Министерството за животна средина и просторно планирање да спроведе постапка за ревалоризација и прогласување на заштитениот локалитет на подрачјето на Град Скопје „Кањон Матка“ за споменик на природата, согласно Студија за ревалоризација на природните вредности на заштитеното подрачје споменик на природата „Кањон Матка“, изготвена 2010 година и извршената ревизија на Студија за ревалоризација на локалитетот Матка, во чии рамки е извршено зонирање на просторот од 2020 година.На седницата ќе се усвојува и Извештајот за извршување на буџетот на Град Скопје за периодот од 01.01 до 30.09.2020 година. Во вкупниот буџет на Град Скопје, во третиот квартал, односно заклучно со 30.09.2020 година остварувањето на вкупните приходи и други приливи, и извршувањето на вкупните расходи и други одливи, е како што следи:- Остварени вкупни приходи и други приливи: 3.219.536.211 денари, со процентуално остварување од 41,3% во однос на планот за тековната година;- Извршени вкупни расходи и други одливи: 3.676.618.020 денари, со процентуалноизвршување од 47,2% во однос на планот за тековната година.На седницата ќе се најде и предлог – одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Град Скопје и Општина Кисела Вода за финансиско учество за опремување на Домот на култура Кисела Вода - Кино - Скопје со аудио-визуелна опрема. Вкупната проценета вредност за набавка на аудио-визуелната опрема изнесува 2.000.000 (два милиона) денари, со пресметан ДДВ. Средствата се обезбедени од Буџетот на Град Скопје за 2020 година.На денешната седница ќе се расправа и за предлог – програмата за повластено користење на јавниот градски превоз, од страна на лица со посебни потреби, во 2021 година. Лицата со посебни потреби кои имаат право на повластено користење на јавниот градски превоз на подрачјето на градот Скопје, согласно со условите и постапката предвидени со оваа Програма се лица со оштетен вид; лица со оштетен слух; лица со телесно оштетување; лица со умерена и тешка интелектуална попреченост; лица со комбинирани пречки во развојот и лица со аутистичен спектар на однесување; лица со лесна интелектуална попреченост до 26 години; бубрежно болни лица под третман на хемодијализа и стари и изнемоштени лица згрижени во Домот за стари лица „Мајка Тереза”.На седницата ќе се најдат и точките за давање согласност на извештаите за остварените резултати во работењето на дел од градските претпријатија, предлог-одлука за давање согласност за донација на опрема и други точки.

Скопје | пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Во Тетово поведена постапка против лице кое прегази пешак, па побегна

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против едно лице осомничено за кривични дела – Загрозување на безбедноста во сообраќајот од член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 и Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода согласно член 301 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Осомничениот, на 6 декември, на регионалниот пат Тетово-Јажинце, не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. На критичниот ден тој управувал со автомобил Форд ескорт со тетовски регистарски ознаки и по регионалниот пат од Тетово кон село Пршовце возел со брзина неприспособена кон состојбата и условите на патот. Возејќи со поголема брзина низ населено место и по воден коловоз, не успеал навреме да запре, па со предниот десен дел од автомобилот удрил во пешак кој поминувал преку патот. По несреќата осомничениот не застанал за да му укаже помош на повредениот, туку веднаш избегал од местото. Оштетениот од здобиените тешки телесни повреди починал на местото на несреќата.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, поради опасност тој да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од осум дена.​

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 32 пациенти, а вкупно се лекуваат 486 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 32 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, пет болни се хоспитализирани на ОРЛ, осум пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и двајца на очната клиника.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени осум пациенти.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 12 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 32 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 15 пациенти, а на ОРЛ 26 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 20 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 111 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациент, од кои 10 деца и 22 возрасни.Вкупно 486 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

viber_image_2020-12-03_14-31-36

За седум дена санкционирани се 131непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје за седум дена санкционираа 131 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.Во периодот од 30.11. до 06.12.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 101 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 30 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Скопје | пред 5 години

vakcina

Филипче: Од денеска поголем број термини за вакцина против сезонски грип, количини за вакцинација има сосем доволно

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, во вчерашното гостување во емисијата „Магазин“ на телевизија Сител истакна дека вакцините против сезонски грип не се истрошени и најави дека од денеска ќе има поголем број термини за вакцинација.„Тоа што го видовме во овој изминат период е еден огромен интерес како што никогаш немало минатите години. Ние имавме многу помалку вакцини и никогаш освен во првата недела што е вообичаено немаше ваков интерес. Во смисла на правење распоред, се направи распоред да има една одредена временска дистанца меѓу времето на апликација на вакцините на граѓаните со цел да не се прават гужви во амбулантите. Понатаму, еден дополнителен проблем којшто излезе на виделина сега од изминатите недели е практично системот на закажување, но токму поради големиот интерес. Електронскиот систем не можеше да ограничи еден наспроти друг матичен лекар да зафати помалку термини, на сето ова работеше системот Мој Термин. И тоа што ќе се случува од денеска е да има поголем број термини и поголема достапност за матичните лекари согласно досегашното искуство. Од денес практично на некој начин да се ограничат матичните лекари да не може секој еден да зафати поголем број термини, во однос на другите матични лекари од таа регија и повеќе термини за вакцини“, потенцираше Филипче.Тој изјави дека количините за вакцинација се сосем доволни.„Вакцините не се потрошени, продолжува системот на вакцинација. Можевме ние да направиме и друг систем нагло да се пуштат сите вакцини и да пробаме да се извакцинира поголем број граѓани, во пократок временски период, меѓутоа сметам дека тоа ќе беше голем хаос во амбулантите - огромни гужви коишто на некој начин се и ризик, оттука да се направат мини кластери“, рече Филипче.Министерството за здравство за оваа сезона на грип набави 40.000 дози на четиритипни вакцини против грип, наменети за бесплатна вакцинација на ризични групи. Во споредба со минатата сезона, за која се набавија 28.000 дози на вакцини, оваа година за околу 40% се зголемија количините. Бесплатна вакцинација против сезонски грип се врши на 6 пункта на Здравствен дом Скопје, како и во здравствените домови во Велес, Неготино, Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод, Ростуше, Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип, Валандово, Куманово,Кратово, Крива Паланка, Берво, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево, и Кочани. Вакцинација се вршти во општите болници во Гевгелија, Дебар и Кавадарци. Во оваа сезона на вакцинација против сезонски грип, првпат е овозможено бесплатната вакцинација на здравствените работници да се спроведува во нивните матични установи, наместо да одат како и досега во центрите за јавно здравје.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Денеска облачно со на места пороен дожд

Времето денеска ќе биде облачно со пообилни и на места поројни врнежи од дожд (над 20 л/м2), а на повисоките планини од снег. Од вечерните часови понекаде во планинските региони ќе има услови за појава на замрзнат дожд. Ќе дува и умерен до засилен југоисточен ветер најизразен долж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе достигне од 7 до 15 степени. 

Македонија | пред 5 години

bolnica-2

Општина Охрид ги започна градежните активности каде што ќе биде поставена Модуларната болница

Општина Охрид ги започна градежните активности за подготовка на просторот во болничкиот комплекс каде што ќе биде поставена Модуларната болница за третман и лекување на пациентите со КОВИД 19. Согласно задолженијата на кризниот штаб на Општина Охрид, општинските надлежни служби во најбрз можен рок спроведоа тендерска постапка и беше избрана фирмата "МН-АС Констракшн" од Струга, за реализирање на градежните активности.На просторот каде што ќе бидат поставени монтажните објекти ќе биде извршен земјен ископ, тампонирање и бетонирање на подлогата. Исто така, ќе биде извршено поставување на водоводна и канализациона мрежа и ќе се спроведат приклучоци за електрично напојување, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на охрид, Константин Георгиески.Георгиески во објавата додава:Во текот на денешниот ден екипите на општинските јавни претпријатија спроведоа активности за чистење и подготовка на просторот.Модуларната болница ќе има капацитет од 40 легла и ќе биде опремена со целокупна медицинска опрема. Дополнителните објекти значително ќе го зголемат капацитетот на Инфективното одделение во општата болница и ќе го олеснат справувањето со здравствената криза во Охридскиот регион.

Македонија | пред 5 години

PRSM-Pendarovski-Chestitka-Ramazan-bajram-23.05.2020

Пендаровски: Јас би сакал да бидам прв што ќе ја прими вакцината кај нас, не да се заштитам туку за да ја кренеме свеста

Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното интервју на телевизија Сител рече  дека сакал тој прв да ја прими вакцината против Ковид-19.-Јас би сакал да бидам прв што ќе ја прими вакцината кај нас. Не затоа што сакам прв да се заштитам, бидејќи кај мене се влегува со строги протоколи, туку само за да ја кренеме свеста. Бидејќи видов процент дека мал дел од граѓаните се спремни да ја примат вакцината. 

Македонија | пред 5 години

korona-test

Починати 28 лица и нови 1120 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2993 тестирања, а регистрирани се 1120 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-507, Куманово-60, Штип-30, Прилеп-52, Тетово-37, Струга-35, Велес-31, Битола-36, Охрид-49, Кавадарци-33, Гостивар-56, Гевгелија-8, Струмица-43, Крива Паланка-6, Радовиш-10, Крушево-3, Кочани-16, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Пехчево-6, Берово-15, Валандово-5, Виница-7, Делчево-25, Кратово-2, Свети Николе-4, Кичево-16, Ресен-8, Неготино-16.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 916 оздравени пациенти од: Скопје-263, Куманово-52, Дебар-4, Штип-42, Прилеп-61, Тетово-35, Струга-29, Велес-41, Битола-79, Охрид-36, Кавадарци-24, Гостивар-62, Гевгелија-15, Струмица-24, Крива Паланка-12, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-12, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Пехчево-3, Берово-10, Валандово-3, Виница-10, Кратово-2, Свети Николе-14, Кичево-39, Ресен-2 и Неготино-26.Починати се 28 лица, седум пациенти од Скопје (74, 63, 83, 69, 79, 82 и 72г), еден од Куманово (71г), еден од Штип (81г), пет пациенти од Прилеп (66, 80, 61, 76 и 55г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 75г), еден од Битола (45г), еден од Охрид (77г), еден од Кавадарци (71г), двајца од Гостивар (51 и 49г), еден од Гевгелија (72г), двајца од Струмица (56 и 80г), еден од Делчево (65г), еден од Ресен (53г) и еден пациент од ПЕ Неготино-Демир Капија (68г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 69452, бројката на оздравени пациенти е 45621, на починати е 1977, а бројот на активни случаи изнесува 21854. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 30085, активни 10969• Куманово 4097, активни 657• Дебар 504, активни 119• Штип 2926, активни 494• Прилеп 3435, активни 974• Тетово 4182, активни 1007• Струга 1669, активни 453• Велес 2268, активни 701• Битола 2462, активни 906• Охрид 1870, активни 567• Кавадарци 1510, активни 577• Гостивар 2920, активни 929• Гевгелија 848, активни 258 (65 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 148 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1895, активни 595• Крива Паланка 493, активни 135• Радовиш 484, активни 127• Крушево 148, активни 78• Кочани 1349, активни 254• Пробиштип 390, активни 83• Демир Хисар 212, активни 58• Македонски Брод 186, активни 40• Пехчево 114, активни 20• Берово 439, активни 122• Валандово 236, активни 54• Виница 404, активни 134• Делчево 562, активни 284 (162 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 172, активни 47• Свети Николе 920, активни 204• Кичево 1387, активни 431• Ресен 536, активни 212• Неготино 747, активни 365 (110 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2993 теста се преку: ИЈЗ-523, ЦЈЗ Скопје-87, Авицена-295, Биотек-318, МАНУ -240, Жан Митрев (Филип Втори)-258, Систина со PCR метода -80, лабораторија Лаор –80, Судска медицина-23, ЦЈЗ Битола-70, Инфективна клиника-6, ГАК-0, Синлаб-48, Ремедика-38, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -907, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 352.735 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

5

(ФОТО и ВИДЕО) Приведени лица, се расчистува случајот со украдената марихуана од Јосифово

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот и денешниот ден (7 и 8 12.2020) по добиени оперативни сознанија, а во координација со јавното обвинителство, презема мерки и активности за расчистување на кривичното дело разбојништво извршено ноќта 3/4 12.2020 во склад на правно лице лоциран во с.Јосифово, општина Валандово, при што се одземени близу два тони марихуана, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.„По добиената пријава, преземени се мерки и активности за расчистување на случајот и по добиени сознанија извршени се низа претреси во Арачиново, Горно Мојанци, Скопје, како и други локации, при што е пронајден дел од дрогата, како и други предмети поврзани со кривичното дело, а приведени се и дел од осомничените. За случајот до сега се осомничени шест лица и за нив се обезбедени докази. Истрагата продолжува и се проширува. Во координација со обвинителството од Гевгелија, преземаме дополнителни мерки и активности за целосно расчистување на случајот“, рече Ангеловски.

Македонија | пред 5 години

Sv_Kliment_Ohridski_patron

(ФОТО) Охрид се поклони пред заштитникот Св. Климент Охридски

Во рамки на чествувањата посветени на Св. Климент- Патрон на Охрид, делегација на општината предводена од градоначалникот Константин Георгиески положи свежо цвеќе пред спомен обележјето на Светителот и заштитникот на Охрид на  градскиот плоштад што го носи неговото име. Цвеќе положија и останати претставници од политичкиот и јавниот живот од градов меѓу кои и од   охридската гимназија и  битолскиот универзитет „Св. Климент Охридски“.По традиција,градоначалникот Георгиески им  врачи парични награди и  примероци од книгите „Антологија за Прличев“и „Дојди во Охрид“ на учениците од охридските училишта кои учествуваа на Конкурсот за најдобра поетска творба што претходно го распиша општината по повод празникот.  Првата  награда   во прва категорија за ученици од одделенска настава   ја освои  Климент Укоески за  песната  „За Климент“. Придружната награда ја доби   Максим Георгиески   за песната „Учителот“ и Кирил Шапкароски   за   „Охриде“.Првата награда во  втора категорија   за ученици од предметна настава  ја доби   Надица Новеска автор на песната  „Охридска вечност“. Придружната награда беше доделена на  Надица Тасеска  за   „Охрид раскажува за Св. Климент“ и  Симона Димитриевска  за песната „Климентово дело“.Годинава наградата во третата категорија за ученици во средно образование од прва до четврта година не беше доделена откако тоа претходно  го одлучи   стручната Жири-комисија. Затоа  наградата се подели како придужна  на првонаградените во претходните категории.  

Македонија | пред 5 години

korona-vakcina

Филипче: Фајзер одговори на дописот на МЗ, отпочнуваме преговори за набавка на вакцина директно од нив

Министерот за здравство д-р Венко Филипче информира дека компанијата Фајзер, која произведува вакцина за Ковид 19, одговори на дописот на Министерството за здравство дека може да отпочнат директни преговори за набавка на вакцина од компанијата производител. Во гостување во емисијата Магазин на телевизија Сител, Филипче рече дека нашата земја освен набавка на вакцини преку Ковакс механизмот, стапи и во директна комуникација со Фајзер и Астра Зенека за набавка на дополнителна доза вакцини за вакцинација и ревакцинација на граѓаните.- Оваа недела очекуваме одговор и од Астра Зенека што ќе значи дека преку овој механизам со директна комуникација со комапаниите производители ќе преговараме за да обезбедиме дополнителна количина на вакцини. Третиот механизам, е преку земјите членки од ЕУ, заради тоа што во нивните договори освен за нивните граѓани, имаат една количина која е наменета за останатите земји кои не се членки на ЕУ - рече Филипче.Што се однесува пак до Ковакс ситемот тој овозможува еднаков пристап до вакцините, на сите земји кои аплицирале во тој систем, што значи дека во исто врме првите количини вакцини ќе бидат еднакво дистрибуирани во соодветен процент според населението до сите земји кои аплицирале.Министерот го објасни и процесот на вакцинација, кој рече дека ќе е многу комплексен но затоа се пристапило доста сериозно,анализирани се сите аспекти на вакцинацијата, а веќе течат активности за успешен процес на имунизација. Формирано е специјално координативно тело кое ги анализира сите аспекти на вакцинацијата - прием,чување, дистрибуција и практичната апликација на граѓаните.Министерот го објасни системот на имунизација во сите сегменти.-Во делот на чувањето ќе се користат магацините на економските оператори каде и сега се чуваат вакцините, единствено нешто што ќе биде додаток се фрижидерите на -70 степени за еден тип од вакцините. Фрижидерите ги добиваме како донација од американска фондација со која што имаме долгогодишна соработка и тие фрижидери ќе бидат тука веќе од јануари. Практично ќе бидат поделени кај сите економски оператори. Оттука тргнува процесот на дистрибуција кој е еднаков каков што е и сега за сите други вакцини, до сите ЈЗУ-а кои имаат пунктови за вакцинација, тоа ќе бидат Здравствените домови, ЦЈЗ и болници. Лекарите здравствениот персонал, медицинските сестри сите вработени кои што треба да се вакцинираат ќе се вакцинираат на местата каде што работат. Вакцинацијата ќе ја спроведат веќе искусни лекари и медицински сестри за кои ќе бидат направени дополнителни обуки -изјави Филипче.

Македонија | пред 5 години

gatacka

Гатачка измамила кумановка за 500 евра

Кумановска била измамена за сума од околу 30.000 денари, од страна на штипјанка.„Според пријавеното, кумановката во октомври на социјалната мрежа „Фејсбук“ прочитала објава „жена што помага на луѓе“ и стапила во контакт со неа. Исто така, според пријавеното, 24-годишната жена во повеќе наврати по брза пошта ѝ праќала пари и златен накит на штипјанката, но по некое време С.Н. не била достапна, по што пријавителката заклучила дека била измамена“, велат од МВР.Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања