Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Benzinski-pumpi-9

Од денеска поевтини цени на бензините

Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61 денар за литар, ЕУРОСУПЕР БС-95 сега се продава за 59,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) по 53 денари за литар.Со одлуката на РКЕ за 0,133 денари за килограм се намали и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега изнесува 28,368 денари.Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за околу 1,042 отсто и кај дизелот за околу 1,524 отсто, како и за 1,108 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Македонија | пред 5 години

korona-vakcina

ВМРО-НП: Владата треба да дозволи увоз на сите одобрени вакцини од страна на СЗО, а граѓаните да одберат која ќе ја примат

Во поглед на дискусијата за вакцините против Ковид-19 кои треба да бидат примени во Македонија, ВМРО-Народна партија смета дека Владата на Северна Македонија треба да дозволи увоз на сите одобрени вакцини од страна на Светската здравствена организација, а граѓаните да бидат тие кои ќе одберат каква вакцина сакаат да примат, се вели во соопштението од ВМРО НП.Во продолжение на истото се додава:Со увозот на сите регистрирани вакцини ќе се скрати времето на чекање, можноста за закрчување на здравствените институции еднаствно и полесно регулирање на целиот процес на вакцинирање.ВМРО-Народна партија смета дека здравјето не е прашање на политика и затоа треба да се постапи според интересот на граѓаните и врз основа на тоа што може да даде најдобра здравствена заштита.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Новинарските здруженија: Пратеникот Апасиев да не шири омраза и нетрпеливост кон новинарите

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) остро ги осудија навредите, омаловажувањата, етикетирањата и заканите со тужби од претседателот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев насочени кон новинарките Габриела Димковиќ-Мишевска и Мери Јордановска од А1он.Како што појаснуваат од ССНМ, откако Димковиќ побарала од Апасиев коментар за потребите за текст поврзан со финансирањето на политичките партии добила непримерни одговори, целосно несоодветни и неприфатливи за јавна личност, која би требало да ги претставува и да ги застапува интересите на сите граѓани во законодавниот дом.„Понатаму, Апасиев во два наврати на својот Фејсбук профил со омаловажувачки и навредувачки тон се обраќа како кон новинарките, така и кон Здружението на новинари на Македонија, а се заканува и со тужби. Потсетуваме дека релевантните организации како Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари на кои ССНМ е член, заканите со тужби и тужбите кон новинари од поодамна ги означуваат како притисок врз слободата на изразување и на медиумите. Овие негови написи содржат елементи на говор на омраза и истовремено отвораат простор и поттик за дополнителна омраза кон новинарите и медиумските работници, што пак, многу често може да заврши и со насилство кон нашите колеги“, велат од синдикатот.Од ЗНМ пак најавија дека ќе побараат преземање дополнителни мерки од МВР.„Потсетуваме дека според Кривичниот закон тој што во јавноста промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група е кривично дело и ќе се казни со затвор од една до десет години. ЗНМ за овој инцидент ќе поднесе пријава до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и ќе бара да се преземат дополнителни мерки од страна на МВР за овој случај.Ова не е прв пат пратеникот Апасиев јавно да се пресметува со новинари и медиуми за кои не му се допаѓа како известуваат. За потсетување, минатиот месец, ЗНМ поднесе претставка за прекршување на етичкиот кодекс на пратеници до Собранието на РСМ поради јавното омаловажување на пратеникот Апасиев кон новинарот Боби Христов од ТВ Телма“, велат од ЗНМ.Избраните и именуваните функционери кои добиваат плата од парите на граѓаните мора да внимаваат како комуницираат со јавноста, односно со медиумите, без оглед на тоа дали им се допаѓа или не уредувачката политика на медиумите, укажуваат здруженијата.

Македонија | пред 5 години

maricic-2-1

Маричиќ: Пописот не треба повторно да се политизира

Министерот за правда Бојан Маричиќ, во емисијата 360 степени, на телевизија Алсат, изјави дека е потребно да се престане со политизација на пописот планиран за следната 2021 година. Според министерот, искуството од пропаднатиот попис е доволна поука дека на него треба да се гледа како на статистичка операција суштински потребна за државата, а не како на политичко прашање.“ВМРО ДПМНЕ како опозиција се обидува од самиот почеток да го политизира, а токму затоа не успеа пописот од 2011 година. Која е целта на евентуален бојкот на кој и повикала опозицијата? Да има помалку Македонци на пописот?“, потенцираше Маричиќ.Според министерот, нема силни аргументи зошто повторно би се одложил пописот и додаде дека и покрај пандемијата државата докажала дека има капацитет да организира сложени операции со масовно учество на граѓаните.- Покажавме дека можеме да ги спроведеме парламентарните избори, Владата покажаа дека може да организира вакви масовни операции. Важно ќе биде попишувачите да бидат здрави, да бидат заштитени, а до тогаш ќе видиме до каде ќе биде и вакцината, изјави министерот Маричиќ.

Македонија | пред 5 години

korona5

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 50 пациенти, а вкупно се лекуваат 478 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 50 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 478 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, двајца болни се хоспитализирани на ОРЛ, двајца на Клиниката за дерматовенерологија, осум пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и еден на очната клиника.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти од кои еден пациент е веднаш ставен на респиратор. , На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден имало 18 приеми.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 37 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 50 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 16 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 17 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 109 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент, од кои 9 деца и 22 возрасни.Вкупно 478 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

Sv-Kliment-Ohridski-patron-8

(ЖИВО) Свечено доделување на наградата и повелбата Св. Климент Охридски - Патрон на Охрид

На пригодна свеченост што поради актуелната здравствена ситуација ќе се одржи со ограничено присуство, денеска напладне, ќе бидат доделени наградата и повелбите Св. Климент Охридски – Патрон на градот. Настанот ќе биде емитуван во живо на официјалниот профил на градоначалникот на Општина Охрид Константин Георгиески на Фејсбук, а ќе може да се проследи и тука. 

Македонија | пред 5 години

evroparlament-1

Европратеници бараат да не се испушти денешната шанса за зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија

Пратеници од сите политички партии во Европскиот Парламент бараат да не се испушти денешната шанса за зелено светло за одржување на првата меѓувладина конференција со Македонија до крајот на оваа година.Во изјава потпишана од дваесет европратеници се повикува Бугарија да ја одобри преговарачката рамка на ЕУ за Македонија и да се овозможи прогрес и за Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел.-Предупредувајќи дека блокирањето на пристапните преговори со Македонија и Албанија го загрозува кредибилитетот на Европската Унија на западниот Балкан, тие ги повикуваат Бугарија и Македонија да изнајдат компромис за билатералните прашања за да се избегне натамошно одлагање на процесот, стои во писмото.Писмото е потпишано од известувачот за Македонија во Европарламентот, бугарскиот пратеник Илхан Ќучук, како и од други пратеници добро познати на македонската јавност – Тања Фајон, Дејвид Макалистер, Рајнхард Бутикофер и други.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

zaev1

Заев: Македонците и македонскиот јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми за неговата автентичност

Посебноста на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо е прифатена во Европската унија, која беспрекорно ја почитува јазичната разноликост и во која преку македонскиот јазик е прифатена и посебноста на македонскиот идентитет како составен дел и од европскиот идентитет во заедница од 50 милиони луѓе.Ова е дел од пораката на премиерот Зоран Заев во чест на денешниот празник Св. Климент Охридски.„Записите велат дека низ Свети Климентовата Охридска школа минале околу 3.500 ученици. Тоа е импозантен број за тогашните времиња, а секако, импозантен е и денес. Тоа сведочи и за исклучителните организациски, но и обединувачки способности на светиот учител од Охрид во духот на христијанското заедништво. Луѓето имале желба за духовна храна и поткрепа, за наука, за вистина. Како и денес. Денес, Македонците и македонскиот јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми за неговата автентичност, и секое оспорување е спротивно на овие факти“, се вели во пораката која премиерот ја објави на социјалните мережи.Заев воедно порачува дека почитувањето на јазичната разновидност е темелна вредност на Унијата, додавајќи дека предизвиците со кои се соочуваме ќе се надминат трпеливо и мудро.„Почитувањето на јазичната разновидност е темелна вредност на ЕУ. Повелбата за основните права на ЕУ забранува дискриминација врз основа на јазикот и ја обврзува Унијата да ја почитува јазичната разновидност. Предизвици имало и ќе има. Како што успеал Свети Климент Охридски во мисијата на неговото време, повикани сме и ние да ги чуваме обележјата на нашиот недвосмислен македонски идентитет и да ги надминуваме предизвиците трпеливо и мудро, како што ни доликува како народ и како држава“.

Македонија | пред 5 години

IMG-30923675c74124f3cd11cf2dcf770de6-V

„Да бидеме хумани“: Секое дете заслужува насмевка на лицето во магичните празнични денови

По првата успешна донаторска акција, проектот „Да бидеме хумани“ продолжува со хуманост, овој пат за создавање детски насмевки и среќа за секое дете бидејќи секое дете во светот е исто, и секое дете заслужува насмевка на лицето во магичните празнични денови.-Драги наши следбеници, по нашата успешна прва донаторска акција, на наше огромно задоволство го претставуваме второто продолжение на проектот „Да бидеме хумани”. Оваа година со малку поинаков концепт. Да бидеме хумани и донираме да се забавуваме, креираме и посветиме внимание на нашите деца дома, ќе ги наградиме сите дечиња-учесници во хуманитарниот проект, ќе промовираме и поддржиме 100 локални бизниси кои се пријавија како спонзори на овој настан, вели раководителката на проектот Елена Стојчевска.Здружението "Љубезност" е исто така дел од проектот и ќе се погрижат донациите да стигнат до вистинско место, а планирани се низа активности и работилници за прибирање на средства наменети за најмладите.- За почеток отвораме работилница на тема "Нова година - топол дом". Вклучете се во работилницата со вашите дечиња, ученици од градинки, училишта, едукативни центри, креирајте и забавувајте се, така што за учество во работилницата донира 100 денари за секое дете. Парите од инста работилницата ќе бидат донирани за купување на новогодишни пакетчиња на деца кои не можат да си го дозволат тоа. За благодарност на вашата љубезност ние ќе ги наградиме сите изработки со производи од нашите спонзори, додава останатата раководителка на проектот Симона Силјановска Василевска.Во рамките на проектот можете да донирате на телефонските броеви на Телеком, 070 143 100 и на А1 без префикс 143 100 или директно на банкарската сметка на ЗГ Љубезност-Скопје, Е-донации на Комерцијална Банка, 300-0000042978-15 со назнака за Донација за новогодишни пакетчиња за социјално загрозени дечиња, без учество во работилниците исто така можете да донирате новогодишни пакетчиња кои со поддршка од здружението „Љубезност“ ќе бидат соодветно подигнати и распределени на социјално ранливи категории.

Македонија | пред 5 години

mickoski-2

Мицкоски со честитка: Св. Климент е дел од нашиот идентитет и значаен темел на нашето постоење

Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам големиот празник Св. Климент Охридски. Радувај се Македонијо што го имаш Св. Климент, еден од најистакнатите ученици и следбеници на светите браќа Кирил и Методиј, просветител кој описменил и образувал илјадници луѓе, не само на територија на Македонија, туку и пошироко, се вели во честитката по повод празникот Св. Климент Охридски од проф. д-р Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение на истата Мицкоски додава:Со право го славиме Св. Климент чие духовното, книжевно и црковно наследство е значаен белег за нашиот народ и држава.Св. Климент не се штедел себе, и целиот свој живот го поминал помагајќи на другите, така денес е еден од најзначајните темели и на нашата света Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија.Св. Климент е еден од неколкуте наши знаменити личности кои оставиле светски белег и е вграден дел од нашиот идентитет како народ и земја, истиот оној кој денешната власт како неразбрани трговци го тргуваат, преговараат, се откажуваат. Тие кои се одрекуваат од нашите великани, и го понижуваат нашиот народ се понижуваат себе си, го валкаат нашето цивилизациско право да се повикуваме на нашите темели и она што сме како народ и земја.Деновите како денешниот се тука да не потсетат дека сме опстојале со векови и ќе опстоиме, допринесувајќи за светскиот развој и добробитта на народите ширум светот.Свети Климент Охридски беше продолжување на низата која носеше светлина и писменост, ние да бидеме тие кои ќе обезбедат почит на таа низа, но и сигурност и иднина на нашиот народ,Нека е честит и вековит денешниот празник, и Бог нека е со нас. За многу години!

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Со 7 возила ќе се чисти снегот во Општина Центар

Зимската служба на Општина Центар е подготвена за справување со снежните врнежи.Склучен е договор со компанијата „Анизор“ и вкупно 7 специјални возила за отстранување на снег се ставени на располагање на општината во наредниот период.Со 2 возила со плуг и соларка, 4 специјални возила за отстранување снег (до 3, 6, 8 и 12 тони сол) и еден тн. хорхет, машина за чистење тротоари, Општина Центар спремна ќе ги дочека првите врнежи на снег.Општината е во секојдневна комуникација со граѓаните од населбите на нејзина територија и во координација со градските служби, е подготвена веднаш да делува во случај на евентуални снежни наноси.

Скопје | пред 5 години

Foto_PRSM-Pendarovski

Пендаровски: Мудроста на Св. Климент да ни бидат водилка и патоказ низ премрежињата

Претседателот Стево Пендаровски, по повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, упати честитка до Господин Господин Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима.-Св. Климент Охридски верно продолжувајќи го делото на своите учители, Светите Кирил и Методиј, ги постави темелите на духовноста и просветителството на нашите простори. И после 11 века од неговото упокојување, неговото дело го издржа судот на времето, не престанувајќи да биде инспирација и мотивација не само за македонските граѓани, туку пошироко на Балканот и во Европа.Свети Климент Охридски не остави само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение, солидарност. Токму овие доблести ни се неопходни во време, кога како и целото човештво се бориме со пандемијата на Ковид 19 и разорните последици што таа ги носи. За жал токму сега, како народ и држава сме ставени пред дополнителни тешкотии и предизвици, при што ни се негира минатото, обременува сегашноста и загрозува иднината . Посакувам делата и мудроста на Св. Климент да ни бидат водилка и патоказ низ премрежињата, а неговата верба и љубов поткрепа во искушенијата кои само сложни и обединети можеме ги надминеме, се вели во честитката од претседателот Пендаровски.Шефот на државата по повод големиот празник Св. Климент Охридски на г.г. Стефан и на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници им упати најсрдечни честитки, посакувајќи им денот посветен на патронот на МПЦ-ОА да го поминат во добро здравје, хармонија и радост.

Македонија | пред 5 години

Sv-Kliment-Ohridski-scaled-900x676

Денешниот ден посветен на Светиот Климент архиепископ Охридски

Ученик на Светите Методиј и Кирил. По смртта на свети Методиј, Климент под притисок на Германците, од Моравија тргна на југ. Со Горазд, Наум, Сава и Ангелариј – заедно наречени Петочисленици – го помина Дунав, поседе како гостин при царот Борис Михаил и потоа дојде во охридскиот крај. Прво основа манастир во Белица, каде му беше и првото епископско седиште. Подоцна се пресели во Охрид и оттаму разви голема архипастирска и просветителска дејност за целата поблиска и подалечна околина.Во Охрид, свети Климент му подигна црква на свети Пантелејмон. Имаше голем број ученици кои ги препишуваа книгите со словенски букви за словенскиот народ. При таа дејност особено му помагаше свети Наум. Вршеше чуда и за време на земниот живот, а неговите мошти до денешен ден пројавуваат исцелителна сила. По големиот труд и верната служба на Бога, се упокои мирно во Охрид, во 916 година.Неговите чудотворни мошти долги години почиваа во некогашниот храм на Пресвета Богородица, кој подоцна се нарече и свети Климент, а во 2002 година беа пренесени во обновената црква на Плаошник каде што почиваат денес.

Македонија | пред 5 години

130131402_376708596923652_1007025992163535419_n

Македонија и Израел 25 години со дипломатски односи

Оваа година Израел и Македонија одбележуваат 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.За таа цел и со заложба на нерезидентниот амбасадор на Државата Израел за Северна Македонија, Неговата Екселенција Дан Ориан снимено и заедничко видео кое е преработка на израелска песна која победи на Евровизија, сега преработена на Хебрејски и Македонски јазик.„Денес славиме 25 години дипломатски односи меѓу Израел и Северна Македонија. Двајцата министри за надворешни работи денес имаа срдечен телефонски разговор. Двајцата шефови на парламентарните здруженија за пријателство го одржаа првиот состанок на ЗУМ и оваа вечер на емитувани се израелски филмови на ТВ Телма и МТВ2. Што може да биде подобро да се заврши таков ден од одлична песна како „Алелуја“ на Коби Ошрат изведена во Кфар Саба и во Скопје со толку многу партнери и пријатели.“ - напиша на ФБ амбасадорот Оријан.Резултатите кои ги имаме во соработката со Израел минатите 25 години се одлични и се мотив за уште подобри резултати наредните 25 години.

Македонија | пред 5 години

129975998_833756837447566_3862363784361471951_n

Полициска акција во Арачиново - се бара марихуаната од Јосифово

Полицијата вечерва спроведува голема полициска акција во скопското село Арачиново. Неофицијално акцијата е превземна во рамки на истрагата за расветлување на големиот грабеж во кој од склад на производител беше уркадено големо количество на Канабис во Јосифово.Во скопско Арачиново вечерва се спроведува полициска акција која се уште е во тек, потврди за МИА, портпаролот на МВР Тони Ангеловски. Повеќе детали за полициската акција портпаролот на МВР  најави за утре.News1.mk од свои извори дознава дека акцијата е органзирана како дел од истрагата за откривање на лицата кои со примена на сила извршија филмски грабеж на магацини со канабис кај селото Јосифово, блиску до Валандово и Гевгелија.Фото и видео ТВ 21

Македонија | пред 5 години

Kosta1

Георгиески: Имав можност да ја следам виртуелна Zoom-дебата на култниот магазин „TIME“ во пресрет на откривањето на „TIME person of the Year“ за 2020 година

На мое големо задоволство имав можност да ја проследам денешната виртуелна Zoom-дебата на култниот магазин „TIME“ во пресрет на откривањето на „TIME person of the Year“ за 2020 година.Настанот беше составен од две панел дискусии и секоја беше модерирана од Бен Голдбергер, извршен уредник на „TIME“ и директор на „TIME person of the Year“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгески.Во продолжение на објавата градоначалникот додава:Говорници беа д-р Селин Гаундер; експерт за инфективни болести и член на Ковид-19 работната група на Претседателот Бајден, д-р Леана Вен, лекар и застапник за јавно здравје; Џесика Бирд, партнерка на Three point strategies; Емануел Ачо поранешен играч на NFL и Хозе Андрес, основач и сопственик на ThinkFoodGroup.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО и ВИДЕО) Светна новогодишната елка во Скопје

Со вeчерашното светнување на елката на плоштадот „Македонија“ симболично се означи почетокот на новогодишните празнувања во Скопје. Поради пандемијата од коронавирусот, оваа година светнувањето на новогодишната елка во центарот на градот беше симболично, а на настанот присуствуваше градоначалникот Шилегов.- Традиционално, Град Скопје ја осветли новогодишната елка, во вонредни околности, во време какво што живееме, без посебен настан. Драго ми е дека имаме многу присутни наши сограѓани и дечиња, што ја оправдува одлуката на градот да влеземе во една новогодишна атмосфера, онолку колку што можеме имајќи ја предвид пандемијата. Јас сум среќен што плоштадот и оваа година ќе означува нови почетоци и желби за еден понормален и поздрав живот, каков што имавме пред да не зафати светската пандемија. Ги замолувам граѓаните коишто ќе бидат присутни на плоштадот, да се придржуваат кон правилата за однесување согласно протоколите, да уживаме во атмосефата којашто ја имаме, меѓутоа во исто време да мислиме и на сопственото здравје и на здравјето на нашите најмили, изјави градоначалникот Шилегов.Градот Скопје апелира до граѓаните кои ќе бидат затекнати на плоштадот, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита, да носат маски и да го одржуваат пропишаното растојание. .

Скопје | пред 5 години

WhatsApp-Image-2020-12-07-at-20.09.10

Калеска Ванчева на трибина на Форум на жени: Отворено му се спротивставуваме на насилството врз жените и девојчињата

Претседателката на Форумот на жени на СДСМ Снежана Калеска Ванчева на отворањето на онлајн трибината под мотото „Молкот НЕ е решение“, што се одржува во рамките на 16 дена активизам за борба против насилството врз жените и девојчињата, истакна дека насилството продолжува да биде пречка за постигнување на еднаквост, развој, мир и исполнување на човековите права на жените.Годинава Република Северна Македонија го обележува овој ден со навестување на промени, кои треба да ги донесе новиот закон против насилство врз жените и семејното насилство, кој овозможува сеопфатен пристап, интегриран мултидисциплинарен одговор, во справување со насилството врз жените и семејното насилство, рече Калеска-ВанчеваТаа истакна дека овој закон, кој е продолжение на заложбите на оваа влада, за справување со насилството врз жените, започнати со ратификација на Истанбулската конвенција во декември 2017 година, се наоѓа во собраниска процедура и парламентарното мнозинство ги вложува сите напори да биде донесен час поскоро, веројатно до крајот на годината.Мора отворено да говориме за насилството и отворено да се спротивставиме, порача Снежана Калеска Ванчева на отворањето на онлајн трибината под мотото „Молкот НЕ е решение“, во организација на форумот на жени на СДСМ.

Македонија | пред 5 години

protets-9-nikoloski

Николоски: Народот спречи Заев сè да потпише, се уплаши од народот од македонските градови и села

Добровечер на сите кои што сте вечерва тука, благодарам што еве веќе 20тина дена сме по македонските улици, по македонски градови и села да кажеме НЕ на националното предавство, да кажеме НЕ на обезличувањето на македонскиот народ. И бидете горди еден прв мал чекор е направен. Зоран Заев и неговата предавничка екипа беа спремни уште минатата недела да ја распарчат Македонија. Беа спремни уште минатата недела да капитулираат и да потпишат нешто што Македонец не би ни помислил, истакна на денешниот опозициски протест Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение обраќањето на Николовски во целост:Заради вас, заради сите кои излегувате на улиците, на македонските градови и села, таков потпис гледате дека нема, се уплашија од народот, се уплашија од македонскиот народ. Благодарам и да продолжиме да сме обединети, да сме цврсти и заеднички да ја избиеме оваа битка.Затоа што ова е само почетокот, ќе се обидат пак за една недела, за две недели, за еден месец или како што Заев вели, после изборите во Бугарија кои што се во месец март ќе се обидат пак и затоа треба да сме цврсти, обединети и сплотени, да не има секаде, да го шириме овој дух и оваа енергија. Да ја чуе секој еден кој што сака да не слушне. Да допреме до секого. Да го извадиме македонското од сите наши граѓани, заеднички да си ја одбраниме државата.Затоа што како што рекол славниот водач на Илинденското востание, човекот радо виден по европските дворови, човекот кој што на ВМРО му помогна да има интернационална признатост и познатост Борис Сарафов во едно свое познато интервју „Ние не сме ни Грци, ни Бугари, ни Срби, ами просто Македонци“ и затоа треба тој аманет од Борис Сарафов 120 години подоцна заеднички да го одбраниме.Македонија за жал утре со Зоран Заев и со најнеспособната Влада во историјата на Македонија, а најпредавничката сте сите свесни ќе го добие кој знае по кој ред „датумот“ за почеток на преговори, односно за жал Македонија и утре нема да добие датум за почеток на преговори со Зоран Заев.Ако имаат малку доблест, и ако имаат малку достоинство утре треба да поднесат оставка сите од прв до последен, цела влада ан чело со Зоран Заев затоа што 4 години го лажат македонскиот народ.И да сме на јасно, точно е дека има голема вина во ова што се случува во непринципиелните барања на нашиот источен сосед Бугарија, ама точни се и уште две работи. Првата е кога сте спремен да ја платите секоја цена, ја плаќате највисоката цена. Видоа нашите соседи дека Зоран Заев е спремен да ја плати секоја цена и решија да добија нешто што нивните претходници политичари не би го ни сонувале, решија да добијат нешто што е повеќе од 150 годишна битка на овие простори. И тука апсолутно одговорноста е кај Зоран Заев, Никола Димитров, Радмила Шекеринска и останатата екипа со нив.И втората работа Македонија не почна и не почнува преговори со Европската унија затоа што во Македонија цветат криминалот и корупцијата. Да се вратиме неколку години наназад, во 2017 година Европската унија побара реформи со цел во јуни 2018 година да се почнат преговори за членство, познатиот фамозен План 3,6,9 според проценките на Зоран Заев и неговата екипа значи сами се оценуваа го реализираа ни пола, односно само 42 проценти. Дојде јуни 2018 година, Европската Унија рече ви даваме уште година дена и ви поставуваме три услови, реформа на јавната администрација, реформа на безбедносните служби и битка со организираниот криминал и корупција. Дојде јуни 2019 година, Р нема од реформа на јавната администрација, безбедносните служби заради активното учество на ВМРО-ДПМНЕ исклучително добри закони се донесоа во Собрание, ама имплементацијата е катастрофа, а по однос на борба со криминал и корупција, во таа година им се случи најголемата корупциска афера во Македонија ташната Луј Витон со милион евра, односно познатата афера Рекет.И тогаш, Европската унија рече ви даваме уште неколку месеци до октомври да ги поправите работите. Во октомври повторно истата слика, почна да излегуваат нови детали од Рекет, се виде дека Зоран Заев е Капо ди тути капи на таа организирана шема, дека не е рекетиран еден бизнисмен туку рекетирани се повеќе бизнисмени, изрекетирани се над 20 милиони евра, за ова сме со Заев на суд и ќе се видиме со докази и во октомври месец Европската Унија повторно рече не.И дури потоа настапи заедничката позиција на бугарското народно собрание. Така што да не ја лажат јавноста, вината е исклучително кај нив затоа што не беа спремни да прават реформи, затоа што не беа спремни да се изборат со криминалот и корупцијата.Затоа што тие се срцето, тие се врвот на криминалот и корупцијата во Македонија и затоа оставка веднаш за да не е предоцна. Оставка заради овој ваш глас, продолжуваме по македонските улици, по македонските градови и села, продолжуваме заедно по плоштадите, се додека не поднесат оставка.Оставка е единствено решение за оваа криза која што ја зафати Македонија.Да сте здрави и живи.Да ни живее Македонија и заеднички да издржиме во оваа битка, истакна Николовски.

Македонија | пред 5 години

Velika-Stojkova-Serafimovska

(ФОТО) Стојкова Серафимовска: Секој род има и изроди, за колку Заев и Димитров ја продаваат Македонија и која е нивната награда?

Граѓаните и вечерва излегоа на протест. Бараат оставка од премиерот Зоран Заев поради, како што велат, продажбата на се што е македонско. Предводник на протестот е опозициската ВМРО-ДПНЕ, која најави протести додека Заев не го прифати повикот од граѓаните.ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме, тогаш Заев ќе продолжи да продава. Треба да се случи народ за Заев да престане да продава. Тоа е единствениот начин како можеме да го победиме овој човек кој се пазари со нашиот источен сосед. Или Заев, или Македонија. Оставка“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.Јас сум фолклорист, етномузиколог. Мојата цел во животот е да ги истражувам македонските народни умотворби и песни.  Македонскиот фолклор е еден од најубавите и најбогатите во светот. Разновиден и создаван со векови, нашиот фолклор е волшебен како ѕуница, ткаен со генерации наназад во која од секоја боја и звук одекнува македонската душа.  Богат ни е фолклорот, како што ни е богат и јазикот и историјата, како што ни е плодна оваа грутка земја каде никнуваат цвеќиња во сите бои, каде Бог се распослал со сите убавини па ни дал природа, планини, езера, шуми и полиња, се под едно силно сонце кое сите подеднакво не грее, а ние гордо го славиме како наш најголем симбол нацртан на македонското знаме, истакна Велика Стојкова Серафимовска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест.Во продолжение говорот во целост од Велика Стојкова Серафимовска:Создавал народот македонски, создавал со векови наназад песни, приказни, гатанки и поговорки, богати се македонските обичаи и обреди во кои тлеат верувањата од дамнешни ини времиња, но во кои се запишани и сите страдања и премрежја на оваа земја и народите кои живеат во неа. Богата ни е културата и културното наследство, бидејќи каде и да копнеш нешто ќе излезе, ќе изникне од црницата некоја коска или камен, некоја теракота, некоја икона, манастир, црква, џамија или жртвеник стар колку мајката земја.Знаете, мене оваа приказна ми наликува на онаа од филмот „чија е таа песна“, грчка ли е, турска ли е, бугарска ли е... Или е онаа најубавата, најпеаната, најтажната, најљубовната, печалбарската, партизанската, илинденската, МАКЕДОНСКАТА ПЕСНА!Создавал народот традиција и во неа ги запишал сите оние работи кои историјата ги премолчела, бидејќи друг ни ја пишувал. Таа традиција, фолклорот е нашата непишана архива во која Македонците ја пренесувале македонската колективна меморија. А во неа се запишани сите херои и војводи, во неа се песните за Гоце Делчев и Македонија, за Самуил, за Карев, Сандански, за Питу Гули, за Сирма војвода, за Румена војвода, за Лазар Поп Трајков, Методија Патчев, за Кузман, за Арсо војводата, за Дејан војводата, за Марко Лерински, за Чакаларов, за Стив и Ченто, и уште многу други херои кои животот го дале за СЛОБОДНА МАКЕДОНИЈА!Присвојувале соседите, уште присвојуваат и песни и приказни си поткраднуваат, но не се плашевме од тоа, бидејќи богата ни е земјата и традицијата, мек ни е духот, гостопримливи сме ние, благи по збор и песна.Но.... Но сега друг ни посегна по нашето, од дома ни посегнаа да не раздаваат и продаваат, божем парастос за Македонија ќе прават се накотија кодошите, расипниците, предавниците, шпиуните, се накотија оние кои овој пат не посегаат само по куќата, по душата ни посегнаа.Имам едно прашање најмногу за Заев и Димитров:Кажете ми и на мене и на народот на Македонија има ли ама само една песна во која се спомнува Гоце и Бугарија?! Има л песна за Сандански и Бугарија?! НЕМА! И нема ниту да има!Кажете ми една песна за Пирин и Бугарија?! Или за Шар планина, Кожуф, Воден, Лерин, Кукуш, Могила, Битола, Охрид... Не, нема да најдете,  бидејќи тие се единствено МАКЕДОНСКИ!Кажете ми вие, во оваа зграда во која сте решиле да ја закопате Македонија, кажете ми и ти Зоран Заев и ти Никола Димитров, чии се овие песни, чии се овие јунаци, чија е Копачката, чиј е Охридскиот бисер, чиј е македонскиот кавал, чија е македонската гајда? Сте прошетале ли вие од Кокино до Плаошник, од Водоча до Лешок, од Кожуф до Шара, од Пирин до Славеј планина?! Не сте прошетале бидејќи страв ви е да се прошетате во македонските села и кај македонскиот народ, бидејќи народот нема да ве пречека како јунаци, туку како предавници.Бидејќи запишал нашиот гениј Марко Цепенков, запишале и браќата Миладновци пред него, запишале вака: „секој род има изроди“!Во истражувањата стои дека предавството како мотив во нашите револуционерни песни е еден од најпрепознатливите белези на македонската фолклорна традиција.Е така и вас ќе ве запишат во народната архива, ќе ви создадат песна, како онаа за предавникот на Диме Чакре, прилепски војвода, мошне интересна по содржина и по описите на одделни нејзини епизоди преку кои се потврдува упорноста на македонските кодоши по секоја цена да ја извршат својата предавничка мисија.Има многу песни во зборникот „Македонски народни песни“ на Коста Црнушанов се посветени на револуционери кои загинале поради предавство! Песната „Заробувањето на Алексо Турунџе“ го опишува предавството на легендарниот војвода извршено од кодошот Митре Гинков.Познати се и песните за предавството на Георги Сугарев, но и предавството на Лазар Поптрајков предаден од Коте, кој му ја пресекол главата и му ја однел на грчкиот владика Каравангелис во Костур за „пендесет лири“ награда. Колку е вашата награда господа, за колку ја продадовте?Зла коб постојано била надвисната над македонската национална борба за слобода. Неединството што се манифестирало уште во времето на Кресненското и Разловечкото востание продолжило да трае со уште поголем интензитет. Туѓите пропаганди најмногу придонесувале за меѓусебните идеолошки судири со трагични последици. Мотивот предавство во нашиот фолклор е потврда за македонската  трагедија на братоубиствени пресметки.Но, запомнете, народните пејачи што ги создавале револуционерните песни со мотивот предавство, предавниците секогаш ги осудувале со клетви и проклетства, откривајќи им на поколенијата дека во „секој род има изроди“.Тешки се и мрачни овие времиња, навираат зборовите и звуците на Тешкото, тешки ни се чекорите, но стамени и силни, сигурни и одлучни бидејќи знаеме кои сме и што сме.Овој пат пуштаме вик, пуштаме глас и пееме силно како никогаш до сега да не слушнат сите во целиот свет, да го слушнат ритамот на нашето срце кое во еден глас чука за МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА, МАКЕДОНИЈА СЛОБОДНА! 

Македонија | пред 5 години

korona-njemacka

Многу повеќе оздравени, од ново позитивни, но бројот на починати сеуште голем

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 947 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-126, Куманово-27, Штип-19, Прилеп-9, Тетово-33, Велес-26, Битола-7, Охрид-2, Кавадарци-25, Гостивар-22, Гевгелија-12, Струмица-7, Крива Паланка-4, Радовиш-5, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-1, Кратово-1, Свети Николе-5, Кичево-3, Ресен-3, Неготино-23.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1059 оздравени пациенти од: Скопје-152, Куманово-154, Дебар-5, Штип-28, Прилеп-52, Тетово-130, Струга-37, Велес-20, Битола-30, Охрид-64, Кавадарци-40, Гостивар-205, Гевгелија-22, Струмица-3, Крива Паланка-9, Кочани-13, Пробиштип-5, Демир Хисар-10, Македонски Брод-2, Пехчево-4, Берово-8, Валандово-14, Виница-2, Делчево-4, Свети Николе-15, Ресен-10 и Неготино-21.Починати се 25 лица, дванаесет пациенти од Скопје (74, 79, 75, 66, 75, 80, 82, 67, 75, 70, 71 и 61г), еден од Куманово (67г), тројца од Прилеп (73, 85 и 81г), еден од Струга (81г), двајца од Битола (47 и 74г), двајца од Гостивар (45 и 84г), еден пациент од Гевгелија (75г), еден од Берово (85г), еден од Делчево (87г) и еден пациент од Неготино (65г). Од нив, двајца се починати вон, останатисе се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 68332, бројката на оздравени пациенти е 44705, на починати е 1949, а бројот на активни случаи изнесува 21678. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 29575, активни 10729• Куманово 4037, активни 650• Дебар 504, активни 123• Штип 2896, активни 507• Прилеп 3383, активни 988• Тетово 4144, активни 1004• Струга 1636, активни 450• Велес 2237, активни 713• Битола 2426, активни 950• Охрид 1823, активни 557• Кавадарци 1477, активни 569• Гостивар 2864, активни 937• Гевгелија 840, активни 266 (63 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 144 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1852, активни 578• Крива Паланка 487, активни 141• Радовиш 474, активни 125• Крушево 145, активни 76• Кочани 1333, активни 250• Пробиштип 388, активни 86• Демир Хисар 211, активни 59• Македонски Брод 185, активни 39• Пехчево 108, активни 17• Берово 424, активни 117• Валандово 231, активни 52• Виница 397, активни 137• Делчево 537, активни 260 (154 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 170, активни 47• Свети Николе 916, активни 214• Кичево 1373, активни 454• Ресен 528, активни 207• Неготино 731, активни 376 (106 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 947 теста се преку: ИЈЗ-422, ЦЈЗ Скопје-37, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -112, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -181, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-3, ГАК-26, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -42, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 349.742 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

ohridski-region

Влада: Новите детални-урбанистички планови за Охридскиот регион да бидат усогласени со Планот за управување со светското природно и културно наследство

На денешната седница Владата ја разгледа и усвои информацијата за спроведување на Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, и донесе соодветни заклучоци и задолженија за Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за заштита на животната средина и за просторно планирање за непречено имплементирање на одредбите од Планот.Владата ѝ укажува на Управата за заштита на културното наследство и на Националната установа-Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид, до донесувањето на новите детални-урбанистички планови за Охридскиот регион кои ќе бидат усогласени со Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029), условите за изградба на објекти задолжително да содржат заштитно-конзерваторски мерки, кои ги утврдува Управата за заштита на културното наследство, а ги изработува НУ-Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.Владата им укажува на општините Охрид, Струга и Дебрца, при издавање на одобренија за изградба на објекти да ги соопштат и условите согласно Планот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион (2020-2029) за задолжително исполнување на заштитно-конзерваторски услови, кои ги издава Управата за заштита на културното наследство, а ги изработува НУ-Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.

Македонија | пред 5 години

posta.jpg

Владата даде согласност на договорот на „Пошта на Северна Македонија“ со Халкбанк АД Скопје

На денешната седница е донесена Одлука за давање согласност за прифаќање на конечната понуда на Халкбанк АД Скопје за склучување на Договор за соработка со АД „Пошта на Северна Македонија“ и го одобри Договорот за утврдување на висината на надоместоците за вршење на услуги во АД „Пошта на Северна Македонија“ - Скопје во име и за сметка на Халкбанк АД Скопје.Со оваа одлука Владата на Република Северна Македонија во својство на Собрание на акционери на Акционерското друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ во државна сопственост – Скопје, ја прифати како најповолна понудата на Халкбанк АД Скопје согласно двата усвоени критериуми за евалуација на понудата, и тоа во однос на рокот за почеток на имплементација на договорот од 2 месеци, како и во однос на процент на поделба на остварениот заеднички приход во висина од 71% за „Пошта на Северна Македонија“ со 29% за Халкбанк АД Скопје.На оваа седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за финансиската состојба на АД „Пошта на Северна Македонија“ Скопје во услови на пандемија со КОВИД-19 и стопирање на финансиските услуги поради стечај на Еуростандард банка АД Скопје, и донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година и ја донесе Одлуката за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година исклучиво за намената за која што се доделени, односно заради исплата на плати на вработените.

Македонија | пред 5 години

korona-vakcina

Владата ги одобри измените во Програмата за имунизација за набавка на 833.000.000 вакцини за КОВИД-19

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 26-та седница, ги усвои измените и дополнувањата на Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Северна Македонија за 2020 година со што се потврдува намерата на Министерството за здравство да учеството во COVAX Facility за набавка на 833.000 дози на вакцини за КОВИД-19.Програмата ќе се реализира во рамките на одобрените средства во висина од 487.900.000,00 денари, од кои 69.722.000,00 денари се предвидени за авансно плаќање на вакцините против КОВИД-19.

Македонија | пред 5 години

znaminja-777x437

Дипломатски извори во ЕУ за МИА: Немаат веќе надеж дека Бугарија ќе ја тргне блокадата врз Македонија за почеток на пристапните преговори

Европската унија го тргна прашањето за проширување од дневниот ред во пресрет на утрешниот состанок на министрите за надворешни работи и лидерскиот самит закажан за крајот на неделава.Дипломатски извори во ЕУ за МИА брифираа дека немаат веќе надеж дека Бугарија ќе ја тргне блокадата врз Северна Македонија за почеток на пристапните преговори.Евроамбасадорот во С Македонија, Дејвид Гир, денеска рече дека тоа што треба сега да се направи е да се усвои преговарачката рамка за земјава и да се најде датум за побрзо одржување на меѓувладината конференција меѓу земјава и Европската Унија.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања