Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Press-Conference-Kovid-3-Credit-Line-12

Битиќи, ЕУ амбасадорот Гир и директорот Наумов ја промовираа новата линија бескаматни кредити Ковид 3 – 31 милион евра се ставаат на располагање на микро и малите компании, трговски претријатија и зан...

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес на заедничка прес-конференција со ЕУ амбасадорот Дејвид Гир и директорот на Развојната банка на Северна Македонија Кире Наумов, изврши промоција на новата, трета по ред бескаматна кредитна линија Ковид 3, која од денес станува достапна за микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии, а со која на располагање се ставаат 31 милион евра.„Би сакал да се заблагодарам на Европската Унија, која преку механизмот EU4Resiliance од ИПА програмата обезбеди 30 милиони евра за реализација на оваа мерка, додека 1 милион евра е државна поддршка од наменските програми во Буџетот за справување со корона вирусотод страна на Владата“, соопшти вицепремиерот Битиќи.Битиќи посочи дека на јавниот повик, објавен од Развојната банка на Северна Македонија, може да аплицираат сите микро и мали трговски друштва, трговци поединци и занаетчии чие работење е погодено од корона вирусот, а може да се измери преку падот на приходите.„Во оваа трета кредитна линија, на барање на Занаетчиските комори, првпат е проширен таргетот на кредитната линија и им е дадена шанса и на занаетчиите кои имаат пад на своите приходи најмалку 20%, да можат да понесат кредитно барање за кредит со 0% камата. Со овој исчекор во рамки на можностите само се потврдува искрената заложба на Владата и сите чинители во економските ресори да испорачаат реална поддршка на оние што најмногу им треба – на најмалите. Оваa мерка е континуитет на претходните две кредитни линии Ковид 1 и Ковид 2, со кои беа обезбедени бескаматни кредити во вредност од 13,5 милиони евра, за 1.376 компании, за зачувување на близу 18.000 работни места во овие компании. Дополнително ја зајакнуваме поддршката и овозможуваме два и пол пати повеќе средства за компаниите, за обртни средства, за финансирање на тековните потреби, за реализирање проекти поврзани со зелена економија, воведување нови начини на продажба, дигитализација, нови услуги, поголема ликвидност и полесно справување соекономските состојби. Очекуваме третата линија да поддржи 2.000 микро и мали субјекти“, нагласи вицепремиерот Битиќи во своето воведно излагање при промоција на новата бескаматна кредитна линија на Развојната банка.Шефот на делегацијата на ЕУ во Скопје, Амбасадорот Дејвид Гир подвлече дека бескаматната кредитна линија е дел од голем финансиски пакет обезбеден од страна на Европската Унија во вредност од 40 милиони евра.„Целта на овој пакет е да даде поддршка на малите бизниси како и да промовира вработување и да стимулира иновации. Од овие 40 милиони евра, 30 милиони евра заедно со 1 милион евра од националните фондови ќе добијат форма на бескаматна кредитна линија којашто ќе биде управувана од страна на Развојната банка на Северна Македонија, наменета за микро и мали македонски претпријатија, коишто ќе им помогнат во справување со последиците од пандемијата. Останатите 10 милиони евра ќе бидат управувани од Агенцијата за вработување, се со цел да им се помогне на луѓето кои се без работа, а сакаат да основаат почетен бизнис, како и да им овозможи на микро, на малите и средните претпријатија да креираат нови можности за работа. Во исто време овој пакет „EU4resilience“- „ЕУ за отпорност“ ќе охрабри инвестиции во зелената и дигитална транзиција, прашања коишто го заземаат врвот на агендата на Европската Унија, истовремено промовирајќи можности за жените како и за младите лица“, нагласи амбасадорот на ЕУ Гир.Директорот на развојната банка на Република Северна Македонија, Кире Наумов ги презентираше сите детали на јавниот повик при што посочи дека кредитите ќе бидат без камата, со 3 години рок на отплата и вклучен грејс период до 6 месеци, а ќе може да се користат за набавка на основни и обртни средства заради непречено финансирање на тековните активности и потребата од обртен капитал на субјектите.„Минимален износ на кредит за кој ќе може да се поднесе барање е 3.000 евра, а максималниот износ изнесува 5.000 евра за трговец поединец и занаетчија; и 15.000 евра за микро и мали трговски друштва. Објавата на Јавниот повик ја правиме денес, а почетокот за доставување кредитни барања за Ковид 3 е на 16 декември од 00 часот и 01 минута на полноќ. Кредитни барања ќе може да се доставуваат сè до 30 декември до 23 часот и 59 минути, односно повикот трае вкупно 15 дена. Пристигнатите кредитни барања ќе се обработуваат по завршување на јавниот повик, хронолошки, по принципот ,,прв дојден, прв услужен”, појасни директорот Наумов.Аплицирањето ќе биде исклучиво електронски на е-маил адресата kreditiranjecovid3@mbdp.com.mk.Новина во оваа кредитна линија е грант компонентата од 30% која корисниците на кредит од Ковид 3 ќе можат да ја добијат. Грант компонентата се однесува на четири категории субјекти, и тоа:- Прва категорија субјекти се оние кои се управувани од жена, или пак имаат во сопственичката структура жена или жени со учество од најмалку 50%;- Втора категорија субјекти се оние кои се управувани од млади лица до 29 години согласно европската дефиниција за млади, или пак имаат млади во сопственичката структура од најмалку 50%;- Трета категорија субјекти се извознички компании, кај кои учеството на приходите од странство во вкупните приходи е најмалку 50%;- И четврта категорија е најширока, а се однесува на субјекти кои реализираат активности, односно проекти во областа на зелена економија, модернизација и дигитализација на деловните процеси преку набавка на опрема или воведување нов начин на продажба, како и иновација од аспект на воведување на нови производи и нови услуги;Правото на грант ќе можат да го остварат кредитокорисниците на Ковид-3 по отплата на 50% од износот на кредитот, со поднесување на барање за грант до Развојната банка.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Македонија влегува во рецесија!

Македонската економија официјално е во рецеција. Бруто домашниот производ во два последователни квартали забележува пад. Во третото тримесечје падот е минус 3,3 отсто, а во второто – 14,9 отсто пад на БДП. Според Државниот завод за статистика најголемо намалување има во извозот и тоа за 6,8 отсто и во финалната потрошувачка за 1,4 отсто. За Владата, падот на БДП е очекуван и нема да ги надмине нивните проекции, објави alsat.mk. Народната банка во последната проекција предвиде пад на македонската економија за 4,9 отсто. Најголем пад ќе има кај бруто инвестициите, личната потрошувачка, извозот како и дознаките од странство. НБРМ и препорача на Владата мудро да ги троши буџетските пари.Текстот во целост на:  alsat.mk. 

Македонија | пред 5 години

krazbi

Скопјанец обвинет за пет тешки кражби

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за сторено едно кривично дело – Тешка кражба согласно член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик, како и четири кривични дела – Тешка кражба според член 236 став 5 во врска со став 1 точка 1 од Кривичниот зкаоник.Обвинетиот 37-годишник, на 11 октомври, од угостителски објект во населба Илинден, одзел четири пластични гајби во вкупна вредност од 1.600 денари. На 22 ноември, пак, од викенд куќа на стариот пат за село Брњарци, со провалување одзел телевизор Сони вреден 18.000 денари. На 23 ноември, од две викенд куќи во населбата Дрма, истото лице одзело повеќе предмети во вкупна вредност од 12.500 денари. На 24 ноември, обвинетиот ја прескокнал жичената ограда од овоштарник во Петровец и одзел предмети вредни 6.000 денари.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​​

Скопје | пред 5 години

ustaven

Уставните судии сами си изгласаа додатоци на платите, па Владата им го зголеми буџетот

Ставката за плати и надоместоци за Уставен суд од 25.580.000 за 2020 година скокна во предлог-буџетот за идната година на 26.580.000 денари, откако уставните судии со измена на Деловникот за работа си изгласаа додатоци на платите за висок ризик во работата и за доверливост, објави СДК.МК.Владата одвоила и 16.000 евра за Уставниот суд, да купи службен автомобил, ставка која што ја немаше во годинашниот буџет.Уставните судии на 22 октомври сами си изгласаа додатоци во висина до 35 отсто од месечната плата, за да бидат исти како судиите и обвинителите, кога направија и преседан. Додатоците си ги вметнале во Деловникот за работа на Уставниот суд, место Парламентот да им ги изгласа со закон.Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска рече дека не може со Деловникот за работа на Уставниот суд судиите да си го зголемат надоместокот на плата, но Комисијата допрва ќе заседава за оваа интерна одлука на осумтемина уставни судии од 22 октомври.Текстот во целост на: СДК.МК. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Вдомете куче од Лајка

Град  Скопје  и ЈП Лајка ги информираат и воедно ги повикуваат граѓаните да се обратат во прифатилиштето нa ЈП Лајка и да вдомат куче.Шест  кучиња се подготвени за вдомување и го очекуваат својот сопственик. Овие шест миленици на фотографиите се меѓу првите бездомни кучиња кои по пријава на граѓани беа заловени и го поминаа хуманиот третман во прифатилиштето нa ЈП Лајка. Тимот на негователи им посветува љубов и внимание и се грижи за нивните секојдневни потреби. Во моментов активно се работи на нивна социјализација и се бара нивен дом. Доколку не бидат вдомени, тие ќе бидат вратени на скопските улици.Секој граѓанин кој ќе сака да вдоми куче, пред сè, ќе треба да пополни прашалник за вдомување, по што ќе разговара со стручно лице вработено во прифатилиштето за да се процени дали и колку вдомувачот е соодветен и би бил одговорен сопственик. Доколку се покаже дека вдомувачот е соодветен, истиот ќе оствари контакт со кучето кое сака да го вдоми минимум два пати, да го посети прифатилиштето и да помине време со истото. Назначени вработени од прифатилиштето на ЈП „Лајка“ ќе имаат обврска да го посетат вдомувачот, со цел да се утврди дали истиот го чува соодветно и во согласност со Законот за благосостојба на животните.Доколку заинтерсираните граѓани сакаат да вдомат миленик, како и за сите дополнителни информации треба да се обратат во ЈП Лајка: E-mail: vdomi@lajka.com.mk

Скопје | пред 5 години

jasmina

А1ОН: Снимките од инцидентот со „пајакот“ и полицајката остануваат во фиока, институциите не ги даваат

Јавноста нема да ги види снимките од надзорните камери на раскрсниците кај Бит-Пазар, на кои е регистриран инцидентот со полицајката Јасмина Ангелеска, која пред две години беше повредена додека со пајак-возилото му го креваше непрописно паркираниот автомобил на функционерот во ДУИ, Бекир Асани. Прво МВР, потоа Обвинителството, на крај и Јавното претпријатие „Улици и патишта“ како институции кои ги имаа снимките, ги одбија барањата на „А1он“ за нивно доставување со различни образложенија.Последен негативен одговор испрати и контролорот на надзорните камери во Скопје, претпријатието „Улици и патишта“. Оттаму сметаат дека снимките не се информација од јавен карактер и можат да се достават само со наредба од обвинител, иако тие не се класифицирани и досега биле јавно објавувани на социјални мрежи.Полицајката Ангелеска по две години од инцидентот на социјалните мрежи објави дека дала отказ од работа, а Министерството за внатрешни работи тврди дека таа е на одмор. Таа старешините ги нарече партиски послушници, додавајќи дека: „Секоја наша постапка законска и секој успех беше дали ќе ми се одрази во кариерата или во најмала рака дали ќе ме пратат на дисциплинска“.Министерството за внатрешни работи и одговори на полицајката дека таа никогаш не пријавила мобинг на работно место. Текстот во целост на:  „А1он

Македонија | пред 5 години

dete-siluvanje

Поднесено обвинение за родосквернавење - се нафрлил и извршил обљуба врз неговата ќерка

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 62-годишен скопјанец, кој се товари за кривично дело – Родосквернавење од член 194 став 1 во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 9 ноември во неговиот дом, во состојба на битно намалена пресметливост како резултат на психичка болест – токсикомански алкохолизам, се нафрлил и извршил обљуба врз неговата ќерка. Оштетената постојано се противела и го туркала, но не успеала да се оттргне од обвинетиот кој бил во алхололизирана состојба.Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, поради опасност од бегство, можност обвинетиот да влијае врз сведокот/оштетената и можност тој да го повтори делото.​​

Македонија | пред 5 години

Osmani-Greqia-1

Османи се сретна со Јанакакис, вонренден и ополномоштен амбасадор на Република Грција

Министерот за надворешни работи Бујар Османи го прими вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Грција во Северна Македонија Димитрис Јанакакис во проштална средба.Министерот Османи го поздрави севкупниот ангажман на амбасадорот Јанакакис за време на неговиот мандат во Северна Македонија, во кој беа реализирани историски моменти во билатералните односи, како што беа подготовките но и самото потпишување и спроведување на Преспанскиот договор. Покрај можноста за создавање на нова фаза во билатералните односи и преземање на серија активности за нивнот продлабочување, беше овозможено нашата држава да ги оствари најзначајните надворешно политички приоритети, полноправното членство во НАТО и одлуката на Европскиот совет во март за започнување на пристапните преговори со Европската унија.„ Со нашиот заемен ангажман покажавме дека успешното разрешување на долгогодишното отворено билатерално прашање стана модел за други држави во регионот, придонесе за интензивирање на регионалната соработка и со тоа за европската перспектива на регионот“ истакна министерот Османи и додаде: „Грција продолжува да биде гласен лобист за ЕУ-напредокот на Северна Македонија и останатите држави од регионот“.Министерот Османи му се заблагодари на амбасадорот Јанакакис за помошта во реализацијата на сите активности кои во изминатиот период придонесоа за интензивирање на соработката меѓу двете држави, во повеќе области од заемен интерес и со заедничка координација и работење.

Македонија | пред 5 години

policija-skopje-koronaviris-1

Едно лице загина на лице место откако во него удрил автомобил на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце

Четириесет и тригодишен жител на село Дебреше вчера попладне загина на лице место откако во него удрил автомобил на регионалниот пат Тетово-с.Јажинце, по што го напуштил местото.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено на обдукција. Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

uploads_thumbs_resize_800x420_360322

Приведен крадец од Скопје, украденото вратено на сопственикот

На 04.12.2020 во СВР Скопје бил приведен во полициска станица В.А.(38) од Скопје, поради сомнение дека истиот ден извршил кривично дело „тешка кражба“ од патничко возило на ул.„Христо Татарчев“.По преземени мерки и активности и извршен разговор, В.А. го појаснил стореното кривично дело и кај него се пронајдени украдените предмети, по што се вратени на сопственикот.По комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ од патничко возило, предвидено и казниво по член 236 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 5 години

Digitalno-_12.2020

Милевски: Општинските организации на ЛДП подготвуваат програма за локалните избори ибараат отворени листи за советници

Детектирање на локалните проблеми, создавање на иновативни решенија, креирање на програма за локалните избори и отворени листи за советници за 2021 година, беа главните теми на он-лајн конференцијата на ЛДП, насловена како „Дигитално либерално-демократско општинско вмрежување“.На настанот земаа учество членови на општинските организации на ЛДП од Битола, Скопје, Гевгелија, Велес, Ресен, Струмица и Куманово на кој свои обраќања имаа претседателот на партијата Горан Милевски, како и потпретседателките Моника Зајкова, Јулиана Николова, потпретседателите Игор Вељановски и Зоран Шапуриќ.- Горд сум на нашите членови кои земаа активно учество на дигиталното општинско вмрежување, преку кое подготвуваме програма една година пред одржување на локалните избори. Ние, бараме отворени листи, граѓаните сами да одлучат кои ќе бидат нивните претставници во советите на општините. Еден таков пример е Босна и Херцеговина каде изборот на советници се врши на таков начин. Дефинитивно, советниците треба да се одбираат од граѓаните а со тоа советите ќе добијат на квалитет, демократски ќе се дискутира и одлучува а со тоа советниците ќе имаат поголема одговорност кон нивните избирачи. Апелирам на локалните избори да ги отвориме листите за избор на советници за да имаме силни општини за силна Македонија, истакна претседателот на ЛДП, Горан Милевски.Настанот беше во организација на Либералниот институт Скопје, кој активно работи на дигитални обуки и конференции со членовите на ЛДП.- Организацијата и спроведување на дигитални обуки и конференции е од големо значење како нас за Институт затоа што со тоа ги зајакнуваме капацитетите на Либерално-демократската партија. Овој дигитален настан е само најава за конференциите кој следат со останатите градови кои ќе бидат вмрежани он-лајн согласно протоколите за Ковид-19, додаде директорката на Либералниот институт Скопје, Санда Крекиќ.Од Институтот најавуваат дека ќе има уште три последователни конференции и за останатите градови низ државава.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Вечер ќе светне новогодишната елка на плоштадот „Македонија“

Новогодишната елка што е поставена на плоштадот „Македонија“ ќе светне вечер во 19 часот, како предвесник на новогодишното празнување во Скопје.Поради пандемијата од корона вирусот, оваа година светнувањето на новогодишната елка во центарот на градот ќе биде симболично. Градот Скопје апелира до граѓаните кои ќе бидат затекнати на плоштадот, да ги почитуваат препорачаните мерки за заштита, да носат маски и да го одржуваат пропишаното растојание.На плоштадот „Македонија“ вечер ќе присуствува и градоначалникот Петре Шилегов.

Скопје | пред 5 години

korona-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 872 пациент, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 872 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти.На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 114 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 130, во ковид центарот во Гостивар 62, а во Струга 43 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, во Гевгелија 15 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот.Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1348 и има околу 180 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

izgoren-avtomobil

Целосно опожарени две возила во Порта Влае

Во Порта Влае утринава беа забележани две опожарени возила, пренесува Фактор. Од фотографиите до кој ексклузивно дојде Фактор, станува збор за сериозни оштетувања кај автомобилите, односно тие се целосно уништени.Засега нема информации кој е сторителот на еден ваков криминален чин во главниот град, ниту пак кој биле неговите мотиви. Фактор пренесува дека во моментов очекува повеќе информации од Министерството за внатрешни работи.

Скопје | пред 5 години

maksim-dimitrievski-03-696x465

Димитриевски: Владата направи голем лапсус со изборот на Владо Бучковски

Македонија направи грешка со изборот на Владо Бучковски за специјален претставник во спорот со Бугарија, смета кумановскиот градоначалникот и член на Централниот одбор на СДСМ, Максим Димитриевски.Во гостување на телевизија „Сител“, Димитриевски посочи дека при изборот на Бучковски не биле земени предвид неговите порано јавно искажани ставови.Владата направи голем лапсус со изборот на Владо Бучковски затоа што требало да се види неговото интервју за ТВ „Европа“ кај почитуваниот новинар Ѓорѓи Коритаров. Таму многу јасно и недвосмислено зборува за некои моменти кои не се дел од општоприфатливата историја која почива на факти коишто се втемелени кај нас и мислам дека тој нема да даде придонес во развојот на наметнатите проблеми – изјави Димитриевски.Димитриевски вели дека нема простор за преговори за идентитетот, како ни за Гоце Делчев кој се родил, живеел и се борел за Македонија. 

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа е хоспитализиран 41 пациент, а вкупно се лекуваат 476 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје е хоспитализран 41 нов пациент поради компликации од корона вирусот.Вкупно 476 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 18 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, четворица во ковид центарот на Клниката за Неврологија, еден болен е хоспитализиран на ОРЛ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија и девет пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти, а 12 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 51 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 16 пациенти, а на ОРЛ 27 болни.На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат девет пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент, од кои 8 деца и 23 возрасни.Вкупно 476 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

130190347_390417905559087_5881940955233931644_n

(ФОТО) Во чест на Св Климент Охридски во охридскиот историски архив поставени црковни извадоци рачно пишувани во 1984 година од страна на Јадранка Продониќ

Во пресрет на денот на „Свети Климент Охридски“ – патронот на нашиот град, подрачното одделение на Архивот во Охрид постави во својот хол црковни извадоци кои се рачно пишувани во 1984 година од страна на Јадранка Продониќ во чест на овој голем празник како и поставка за значението на „Свети Климент Охридски“.Воедно, на сите припадници на православната вероисповед, упатуваме честитки по повод големиот христијански празник 8 декември – Свети Климент Охридски, велат од Охридскиот  Историоски Архив.„Свети Климент Охридски“ -основоположникот на македонската црковна и народна духовност, со унапредување на словенската просвета, го продолжува делото и мисијата на неговите учители Светите браќа „Кирил и Методиј“. Да ги следиме универзалните вредности на „Свети Климент“ со почит, разбирање и помагање.Раководителот на архивот доц.Д-р Никола Митровиќ Бабе, вели дека при секој празник, Архивот со свои документи ќе го збогатува празнувањето.

Македонија | пред 5 години

radar-policija

217 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 217 мерки, меѓу кои 23 за возење без возачка дозвола, 16 за нерегистрирани возила, 7 за технички неисправни возила за јавен превоз, 16 мерки за користење на мобилен телефон при управување на возило, 11 за некористење сигурносен појас. Изречени се и 11 мерки за минување на затворен семафор (црвено светло), 46 за непрописно паркирање, 14 возила се подигнати со „пајак“, 14 санкции за неносење на заштитна маска.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот. 

Скопје | пред 5 години

kozuf1

Пронајдени двајцата гевгеличани кои се изгубија на Кожуф

Двајцата повозрасни гевгеличани кои залтутале додека планинареле на Кожуф се пронајдени.Спасувачка акција за нивно пронаоѓање започна попладнево откако синот на едно од лицата се јавил во полицијата и потврдил дека неговиот татко утринава со уште еден пријател заминале на планинска прошетка на Кожув.Во акцијата за пронаѓање на лицата  беа се ангажирани припадници на полицијата, шумската полиција но и ловџии кои најдобро го познаваат теренот. 

Македонија | пред 5 години

sv-joakim-osogovski

Кој ги менува имињата на фреските во Св.Јоаким Осоговски?

Ликовите останаа исти, но се променија имињата на светците во манастирот Јоаким Осоговски. Фреските на Цар Урош, Цар Лазар, Крал Милутин и Стефан Дечански биле прекрстени во Цар Владимир Киејевски, Јован Милостив, Цар Константин Велики и Свети Никифор. Промената на имињата на фреските ги забележале од културно-информативниот центар на Србите во Македонија кога минатиот месец организирале екскурзија во манастирот. Веднаш реагирале до Министерството за култура, Владата и претседателот за фреските да се вратат во првобитната состојба, објави Сител.Од  Сител не добиле одговор од Министерството за култура. Министерката Стефоска не одговорила на нивните  повиците, ниту на пораките.Фреските се поправени, но останува мистерија кој и зошто ги сменил имињата на светците во манастирот.Митрополитот Кумановско-осоговски, Григориј во изјава за Религија.мк потврдува дека е направен фалсификат и оти Епархијата ова го забележала уште пред да реагира српската заедница. Но и тој не знае кој ги направил промените и кои се мотивите. Текстот во целост на: Сител.

Македонија | пред 5 години

crkva

Штипјанец ограбувал цркви во Дебарца и Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.Б.(50) од Штип во врска со 10 кражби во цркви.Според информациите од полицијата, тој кривичните дела ги сторил во периодот од 30 мај до 27 ноември.Штипјанецот се товари за кражби во седум цркви на подрачјето на општина Дебарца и три на подрачјето на Охрид, во кои влегувал користејќи подесен алат и физичка сила и одземал пари, велат од МВР.

Македонија | пред 5 години

policija-policisko-vozilo

Загина пешак по удар од камион кај Гостивар

Едно лице загина во сообраќајна несреќа, денеска, околу пладне на магистралниот пат Гостивар-Кичево.Несреќата се случи на потегот помеѓу Здуњска крстосница и наплатна рампа Гостивар, кога товарно возило-миксер, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(52) од Гостивар удри во пешакот А.М.(31) од селото Долна Бањица, гостиварско.Пешакот починал на место на незгодата, јави полицијата.Лекар констатирал смрт, а во тек е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Гостивар.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Прегазено дете на улица во Скопје

Малолетен пешак бил прегазен од автомобил на улицата Благоја Стефковски во Скопје.„Патничко возило, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.А.(38) од Табановце, кумановско, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски“, информираат од МВР во дневниот билтен.Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 5 години

filipce-6

Филипче: Успешно извршивме операција врз 34-годишна пациентка со протрузија на дискус во лумбалниот р’бет

Министерот за здравство, Венко Филипче влезе  во операциона сала. Денес, како што објави на својот официјален Фејсбук профил, Филипче изврши операција на 35 годишна пациентка.„Утрово успешно извршивме операција врз 34 годишна пациентка. Таа имаше протрузија на дискус во лумбалниот р'бет, што и предизвикувал проблем со одењето. Пациентката се чуствува одлично после операцијата, и посакувам брзо заздравување, напиша Филипче.

Македонија | пред 5 години

pod-most

(ВИДЕО ТВ 21) Адем и Бејруше во зима и за време на пандемија живеат под мост во Скопје

Адем , засолниште најде под мост во Скопје…Изгради импровизирана соба и веќе еден месец живее во неа заедно со својата парализирана сопруга. Освен што мора да работи за да може да се прехранат, тој се грижи и за сопругата која без негова помош не може воопшто да се движи, објави ТВ 21.

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања