Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

mirjana-najcevska

Најчевска: Треба да ги замрзнеме односите со Бугарија, се додека ....

Професорката Мирјана Најчевска преку објава на ФБ вели дека треба да ги замрзнување на односите со нашата источна соседка:„Треба да ги замрзнеме односите со Бугарија , пишува професорката во објавата и додава:-расчистат со своето комунистичко минато-расчистат со своето фашистичко минато-расчистат со Санстефанските аспирации-престанат да употребуваат говор на омраза-почнат да ги почитуваат меѓународните конвенции кои ги ратификувале“, пишува професорката.

Македонија | пред 5 години

covid-19-vakcina

Филипче: За ризичните групи вакцинацијата е приоритет и високо препорачана

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска имаше состанок со директорите на Зравствените домови (ЗД) од цела држава, каде се дискутираше за вакцинацијата против Ковид 19. Организирањето и спроведувањето на процесот на вакцинација против Ковид 19 е од особена важност и вклучува повеќе чинители во државата, посочи Филипче.-За вакцинација на граѓаните ќе се користат постоечките вакцинални пунктови во здравствените домови низ државата, болници и други здравствени капацитети, бидејќи таа инфраструктура е добро поставена и функционира. Секој здравствен дом, ќе треба да достави извештај по направен увид во човечки капацитети со кои располага како и задолжителна проверка на техничките капацитети и нивната функционалност. Исто така секој ЗД ќе мора да назначи одговорно лице за координација и организација на Ковид 19 вакцинацијата - рече Филипче.Здравствените домови, ќе добијат о прашалник каде ќе треба детално да го наведат бројот на кадарот за вакцинација, нивната обученост бројот на вакцинални пунктови, во колку смени работат во работни денови и викенди, како и колку од персоналот учествувал во обуки за одржување на „студен синџир“, истакна професор д-р Александра Грозданова претседател на Комитетот за имунизација.Во стручна видео презентација професор Грозданова пред директорите на ЗД образложи повеќе клучни сегменти за процесот на вакцинација, чување и дистрибуција на вакцината, начинот на апликација на вакцината, процесот на вакцинирање, како ќе се закажува вакцинација преку системот Мој термин. Секој ЗД ќе изготвува записник од извршено примопредавање на вакцината, а преку системот Мој термин ќе се следи процесот на вакцинација.-Се поставува посебен модул на Ковид 19 вакцина, идентичен како оној кој сега се користи за други вакцини. За нашите колеги во вакциналните пунктови ќе биде стандардна постапка за давање вакцина, сепак бидејќи е нова вакцина ќе се организиара едукативен тренинг - рече проф. д-р Грозданова.На директорите на здравствените домови им беше посочено дека почетокот на вакцинацијата нема да значи веднаш намалување на ризикот од Ковид 19, ниту пак веднаш ќе се почувствува намалување на притисокот врз здравствените домови. Ризичните групи, со голем ризик за Ковид 19 ќе бидат приоритетно вакцинарани и за нив вакцинацијата е високо препорачана но не задолжителна. Вакцинацијата за Ковид 19 ќе биде бесплатна за сите граѓани, а лична одлука на секој граѓанин е дали ќе се вакцинара.

Македонија | пред 5 години

brza-pomos-bolnica

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 26 пациенти, а вкупно се лекуваат 443 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 26 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 443 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, двајца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, четворица болни се хоспитализирани на Клиниката за дерматовенерологија, еден пациент на ОРЛ, тројца на Клиниката за нефрологија и двајца на Клиниката за очни болести.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти, а шест на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 10 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, на Клиниката за очни болести 16 пациенти, а на ОРЛ 26 болни.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, од кои 7 деца и 21 возрасен.Вкупно 443 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

ohrid

(ФОТО) Георгиески: Инвестициите во сообраќајната инфраструктура се нашиот приоритет

Инвестициите во сообраќајната инфраструктура се нашиот приоритет.Во завршна фаза се градежните активности од проектот за реконструкција на улицата „Марко Цепенков“ во населбата „Видобишта“. Деновиве беше поставен завршниот асфалтен слој на коловозот, а претходно се изведуваа работни активности за поставување на нови рабници и поплочување на пешачката патека од едната страна на улицата.Во текот на наредниот период планирано е поставување на соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација.

Македонија | пред 5 години

dzip-22

Три лица повредени во несреќата кај Сити мол во Скопје

На 05.12.2020 во 12.00 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.„Партизански одреди“ со ул.„Љубљанска“ и ул.„Московска“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 48 годишен Охриѓанец и патничко возило „сеат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 40 годишен  Скопјанец.Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобиле две лица кои биле во Охридскиот автомобил и биле пренесени во Копмлекс клиники „Мајка Тереза“, додека со телесни повреди се здобил  возачот од Скопје и истиот е пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Скопје | пред 5 години

2020-12-05_10-15-46

Поведена истрага против двајца за пронајдено оружје и муниција во Чифлик

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став1 од Кривичниот законик.На 5 декември бил извршен претрес во домовите на двајцата осомничени во селото Чифлик, при што кај првиот осомничен било пронајдено огнено оружје – пушка Mannlicher STEYR M-95 со калибар 7,9 мм како и 75 куршуми од тој калибар. Кај вториот осомничен, пак, била пронајдена рамка за автоматска пушка со калибар 7,62Х39 мм.За двајцата осомничени на возраст од 57 и 67 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлози за определување мерка притвор. Ваквиот предлог беше поднесен бидејќи постојат околности кои упатуваат на опасност осомничените да се дадат во бегство или да го повторат делото.​

Македонија | пред 5 години

06122020_PVRSM_MTV_Uvid_3

Заев: Експресниот пат Штип–Радовиш во вредност преку 42 милиони евра се гради со брза динамика

Претседателот на Владата, Зоран Заев заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски направи увид во работата на градежните активности на експресниот пат Штип - Радовиш, кои се одвиваат со брза динамика и се очекува финализирање и пред истекот на крајниот рок предвиден со проектот.Премиерот Заев упати пофални зборови за заложбите и максималната посветеност и во услови на пандемија на градежните работници кои секојдневно се на терен и ги реализираат проектите.„Се применуваат сите европски правила за подигнување на нивото на безбедност во сообраќајот и изградба на експресен пат по најсовремени стандарди.Изградбата на експресниот пат Штип - Радовиш со должина од 40,41 километар и вредност од преку 42 милиони евра се реализира во две фази.Изградбата на првата делница, од Штип до Бучим е во завршна фаза, поголемиот дел е веќе асфалтиран, осветлувањето е поставено и во моментов се монтираат еластичните огради. На втората делница, од Три Чешми до Радовиш, во тек се подготовки за поставување на коловозната конструкција. Се очекува првата делница од експресниот пат за три - четири месеци да биде пуштена во употреба“, истакна премиерот Заев и додаде дека оваа патна мрежа се надоврзува на автопатот Миладиновци – Штип и граѓаните на југоисточниот дел на земјата за многу пократко време ќе патуваат и пристигнуваат до Скопје.Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека експресниот пат Штип - Радовиш е од огромно значење и за економскиот развој на регионот каде работат околу 12 илјади мали и средни компании, но и пример за посветено работење на развој на инфраструктурата во државата.„Изградбата на експресниот пат Штип -Радовиш е еден од најкрупните капитални проекти во овој регион. Велам дека е еден од многуте проекти, бидејќи оваа Влада само во овој регион инвестираше околу 265 милиони евра за изградба и рехабилитација на патната мрежа“, рече министерот Бочварски и констатираше дека во градежниот сектор нема отпуштање на работници за што најголемо влијание за тоа имаат токму капиталните проекти во изградба на инфраструктурата.

Македонија | пред 5 години

lisici

Угостителски објект затворен, сопственикот приведен - работел по дозволеното време

На 05.12.2020 во 21.50 часот во угостителски објект лоциран во атар на с.Неготино, гостиварско, сопственост на С.Т.(20) од с.Неготино, при акциска контрола извршена од полициски службеници од Полициското одделение Галате, било констатирано дека во објектот се постапува спротивно на здравствените прописи за време на епидемија и во истиот се врши угостителска дејност после 21.00 часот.При извршената проверка во една од помошните простории биле пронајдени седум женски лица, од кои две странски државјанки од Р.Албанија: А.С.(28) и Е.А.(22). Во објектот биле затекнати и К.В.(19) и З.З.(22), исто така од Р.Албанија. Во 22.15 часот поради злоупотреба на туристички престој, албанските државјанки биле приведени во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка. Во 23.20 часот сопственикот на објектот С.Т. бил лишен од слобода, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.Тој е предаден во Полициската станица Гостивар за понатамошна постапка, а од страна на Државниот пазарен инспекторат објектот бил затворен. Од увидна екипа бил извршен увид во внатрешноста на објектот, како и во подземната просторија во која биле скриени странските државјанки. За случајот е известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар.

Македонија | пред 5 години

make-bugarska-komisija

ВМРО НП: Неможеме да сфатиме зошто на овој состав историчари предводени од почитуваниот професор Ангел Димитров им пречи придавката „македонски“

ВМРО-Народна партија со внимание ја следи работата на заедничката Комисијата за историски прашања и жали што не се изнаоѓа решение кое ќе ги задоволи двете страни и затопли односите помеѓу двете држави. Во таа насока ВМРО-Народна партија смета дека последниот проблем кој изникна од заедничката Комисија за историски прашања, а тоа е употребата на придавката „македонски“ навистина ја прави ситуацијата помалку ирационална па дури и трагикомична, се вели во соопштението од ВМРО НП.Тие во истото додаваат:Неможеме да сфатиме зошто на овој состав историчари предводени од почитуваниот професор Ангел Димитров им пречи придавката „македонски“ кога во целата бугарска историографија во последните 150 години придавката „македонски“ е максимално присутна и ја има скоро во секоја бугарска историска книга која се занимава со македонското прашање не навлегувајќи во тоа што тие подразбираат под зборот „македонски“.Дека ситуацијата оди во ирационален правец само ќе потсетиме дека има и такви институции кои во бугарската историографија инсистира на зборот „македонски“, а македонската пак историографија воопшто и не сака да слушне на тие места за зборот „македонски“ па еве неколку примери: Македонски врховен комитет, Македонска патриотска организација, Македонски братства, Македонски научен институт, Македонски преглед (весник), Македонско ополчение, Македонска единаесетта дивизија, Македонски културен дом.Ова се само неколку од многуте примери кои го потврдуваат моментот дека дискусијата веќе добива и комичен карактер ако ги иземеме секојдневните негативни емоции кои растат од ден на ден помеѓу граѓаните на Македонија и Бугарија.Се надеваме дека историчарите во иднина нема да создаваат нови пробелми таму каде што ги нема, а дека ќе ги решат на прифатлив начин таму кај што реално постојат.

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica3

Пратениците си обезбедуваат 4 милиони евра за партиите

Законот за финансирање политички партии вчера помина на Комисијата за политички систем. Поддршка даде и опозицијата, а со него партиите си овозможуваат да им се вратат назад парите кои им беа скратени со уредба со законска сила пролетва оваа година поради пандемијата. Односно со измените на законското решение практично пратениците гласаат за враќање на околу 4 милиони евра кон нивните матични партии, објави faktor.mk.Оваа година, поради ковид-кризата, наместо 0,15 проценти од буџетот, политичките партии добија само 0,04 отсто, или наместо 320 милиони денари, со Уредбата со законска сила им беа исплатени само 71.480.556 денари (1,16 милиони евра) пред парламентарните избори.Текстот во целост на: faktor.mk

Македонија | пред 5 години

radar-policija

136 санкционирани возачи во Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден подолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на Центар изречени се вкупно 136 мерки, меѓу кои 20 за возење без возачка дозвола, 11 санкции за нерегистрирани возила, 13 за непридржување на законските ограничувања за возач-почетник, 11 санкции за некористење сигурносен појас, 7 мерки за користење мобилен телефон.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Времето денеска облачно со врнежи од дожд и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во југоисточните делови со повремени врнежи од дожд.  Ќе дува умерен, на места засилен југоисточен ветер. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде и ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени, јави УХМР.Во Скопје максималната ќе достигне до 14 степени.Во следните денови ќе преовладува умерено до значително облачно време со повремени врнежи од дожд.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Изборите на 13 декември ќе бидат целосно безбедни по здравјето, со Сашко Николов Штип останува во сигурни раце

Претседателот на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче вечерва од Штип, во онлајн обраќањето до граѓаните истакна дека нема ниту еден подобар начин човек покаже и докаже дека се вложил себе, од спасување човечки животи.- Резултатот на доктор Сашко Николов е илјадници спасени животи, и тоа на врвен начин со ниво на експертиза што се спроведува во европски и светски центри, тоа е најдобриот начин да излезе меѓу граѓаните и да го побара гласот, бидејќи неговиот влог дал резултат, нагласи Филипче.Филипче најави инвестиции во Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом во Штип, кои координирано и синхронизирано работат во пандемијата да им се излезе во пресрет на граѓаните на Штип и на целиот источен регион, кои се состојат од реновирање во инфраструктурата, во итната помош, и набавка на уште едно возило за итната помош во Штип, кое ќе пристигне идната недела.- Се вработија многу луѓе, млади лекари преку проектот на платен стаж, што претставува загарантиран влез на секој млад доктор во здравствениот систем, со цел младите лекари иднината да ја бараат тука, а не да заминуваат во странство, истакна Филипче.Во врска со однесувањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Филипче рече дека е апсолутно нерационално и апсурдно, организираат протести на кои не ги почитуваат мерките за заштита, а не одат на избори, наводно поради пандемијата.- Што да се каже за луѓе на кои во потсвеста им стои името на премиерот Зоран Заев, ги оптеретува, со тоа се будат и заспиваат и свесни се дека прават нешто што не треба. Ако опозицијата не го кочеше заемот од Светска банка, сега наместо една модуларна болница, кај Инфективната клиника, ќе имавме 16 опремени модуларни болници, сега ќе бевме спремни, пациентите со ковид ќе беа сместени надвор од болниците, за сегашните болници да останат за другите пациенти, рече Филипче, нагласувајќи дека во брза динамика ќе се реализира нивно поставување.Во своето обраќање, Филипче ги повика граѓаните на Штип на 13 декември да излезат на избори кои ќе бидат целосно безбедни по јавното здравје и својот глас да го дадат за Сашко Николов.

Македонија | пред 5 години

crven-ksst

Мобилните тимови на локалната самоуправа и ЦК од Охрид околу девет месеци секојдневно укажуваат помош и поддршка на ранливите категории на граѓани

По повод Меѓународниот ден на волонтерите кој се одбележува денеска сакам уште еднаш да упатам јавна благодарност и признание за сите членови на Мобилните тимови на локалната самоуправа и Црвениот крст од Охрид кои околу девет месеци секојдневно укажуваат помош и поддршка на ранливите категории на граѓани од нашата општина, напиша на својот ФБ профил градоначлникот на Охрид, Константин Георгиески.Во продолжение на својата објава градоналникот додава:Нивната неуморна работа и нивните несебични напори за ублажување на последиците од кризата предизвикана од пандемијата на КОВИД-19 се вистински пример за хуманост и човечност и имаат непроценливо значење за заедницата.Деновиве овие мобилни тимови спроведоа уште една голема хуманитарна акција при која што беа доставени вкупно 100 пакети со прехранбени производи до социјално ранливи семејства од Охрид и околината.Прехранбените пакети беа обезбедени преку донација од позната трговска компанија.

Македонија | пред 5 години

korona-test

Починати 24 лица и нови 984 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2995 тестирања, а регистрирани се 984 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-398, Куманово-47, Дебар-11, Штип-46, Прилеп-59, Тетово-44, Струга-15, Велес-32, Битола-46, Охрид-28, Кавадарци-29, Гостивар-46, Гевгелија-22, Струмица-24, Крива Паланка-3, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-11, Пробиштип-4, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-15, Валандово-2, Виница-1, Делчево-26, Кратово-4, Свети Николе-8, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-15.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 631 оздравени пациенти од: Скопје-264, Куманово-45, Штип-34, Прилеп-45, Велес-38, Битола-51, Кавадарци-18, Гевгелија-4, Струмица-26, Крива Паланка-3, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-4, Демир Хисар-5, Македонски Брод-8, Валандово-3, Виница-3, Свети Николе-17, Кичево-30, Ресен-7 и Неготино-12.Починати се 24 лица, дванаесет пациенти од Скопје (75, 64, 60, 71, 69, 79, 36, 35, 70, 61, 74, 80г), двајца од Куманово (62 и 77г), еден пациент од Струга (73г), еден од Велес (76г), тројца од Битола (60, 81 и 55г), еден од Охрид (63г), еден од Струмица (56г), еден од Крива Паланка (53г), еден од Кочани (42г) и еден пациент од Кичево (65г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 67311, бројката на оздравени пациенти е 42872, на починати е 1901, а бројот на активни случаи изнесува 22538. Од вчера се евидентираат три контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 29198, активни 10852• Куманово 3992, активни 900• Дебар 503, активни 137• Штип 2871, активни 539• Прилеп 3339, активни 1044• Тетово 4070, активни 1071• Струга 1603, активни 487• Велес 2178, активни 715• Битола 2373, активни 961• Охрид 1781, активни 615• Кавадарци 1438, активни 570• Гостивар 2820, активни 1105• Гевгелија 827, активни 279 (63 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 142 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1842, активни 578• Крива Паланка 479, активни 149• Радовиш 465, активни 119• Крушево 143, активни 75• Кочани 1317, активни 255• Пробиштип 387, активни 94• Демир Хисар 208, активни 72• Македонски Брод 183, активни 42• Пехчево 107, активни 20• Берово 412, активни 114• Валандово 230, активни 66• Виница 386, активни 132• Делчево 532, активни 261 (154 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 169, активни 46• Свети Николе 891, активни 220• Кичево 1366, активни 458• Ресен 514, активни 208• Неготино 687, активни 354 (102 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2995 теста се преку: ИЈЗ-781, ЦЈЗ Скопје-95, Авицена-320, Биотек-245, МАНУ -179, Жан Митрев (Филип Втори)-146, Систина со PCR метода -168, лабораторија Лаор –52, Судска медицина-55, ЦЈЗ Битола-54, Инфективна клиника-5, ГАК-0, Синлаб-65, Ремедика-29, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -779, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 347.080 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Мицкоски, доста плачеш и доста лажеш, народот не те сака, на твоите лаги не ти веруваат ниту во твојата партија

Со сите лаги што ги изнесе денеска на таканаречениот протест, Христијан Мицкоски само ја потврди студијата на ЕУ дека тој и неговите профили на социјалните мрежи е извор на дезинформации и лажни вести. Мицкоски, доста ги малтретираш твои приврзаници со кои си организираш таканаречени протести кои служат единствено да си ја спасиш фотелјата во белиот дворец, се вели во реакцијата од СДСМ на обраќањето на Христијан Мицкоски.Во продолжение на истата од СДСМ додаваат:Мицкоски, доста лажеш и глумиш загриженост, факт е дека за идентитетот македонски, за македонскиот јазик ниту се преговара ниту ќе се преговара.Мицкоски, доста плачеш, граѓаните на 15 јули ти го покажаа патот на изборите, во опозиција каде уште долго ќе останеш.Граѓаните одбраа државата да продолжи напред кон развој и интеграција, Мицкоски останува сам, изолиран во сопствениот очај, во сопствената хистерија.

Македонија | пред 5 години

protets-125-1

Мицкоски до Заев: Преговараш продажба на идентитет, ќе одговараш за велепредавство

Тука не има и од ВМРО-ДПМНЕ, не има и партиски определени, и партиски не определени. Не има и Македонци, Албанци, Турци, Бошњаци, Срби, Власи, но едно нешто не поврзува, а тоа е љубовта кон нашата татковина Македонија. Затоа да се заблагодариме на сите тие кои што денеска се овде со нас, како што кажа и професорката Котлар, можеби се разликуваме по некои работи, но по едно сме исти, а тоа е љубовта кон татковината, љубовта кон сопствениот народ, традицијата, историјата, обичаите. Затоа долго да ни живее Македонија, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест.Во продолжение обраќањето на Мицкоски во целост:Ќе поминам веднаш на главното, Зоран Заев преговара за идентитетот. Тој преговара за идентитетот и око не му трепнува ја лаже целата македонска јавност.Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот Македонски кој што дирекно го означува нашиот идентитет, додека Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата. Бугарската страна кажува дека за придавката Македонски се разговара на повисоко ниво што во превод би значело дека Зоран Заев тргува.Како се случи за неполни 12 сати, од позицијата атмосферата е добра има напредок во разговорите до тоа главен наслов во медиумите да биде фијаско. Тоа е затоа што лаже.Та нели се беше во главата на нас вмровците? Заев лажеше кога се колнеше во најмилото, a се пазареше за идентитетот, историјата, за Македонија.Денес повторно лаже кога вели дека не преговара за идентитетот, јазикот, историјата, а историските комисии го демантираат и го тврдат токму спротивното. Лаже и кога вели дека има напредок. Безочно лаже и око не му трепнува!4 години овој човек не лаже, 4 години дебата и проблеми за јазикот, историјата, малцинствата наши во соседните држави, идентитетот. Погледнете како полека она што не било проблем станува проблем, како се разјадува и она последно здраво ткиво на нашата нација, полека но сигурно дебатираме за откажување од нашето наследство од се она што нас не дефинира како посебна нација, народ и држава. Македонија ја губиме на делови помеѓу две изјави на Заев кој со раката на срце, со насмевка и наведнување на главата вели дека тој бил Македонец, и го штител идентитетот. Веќе на сите им е јасно дека овој човек кога говори тогаш тој сосема спротивно испорачува.Поминаа 10 дена, тој не се повлече во своите скандалозни изјави ниту милиметар, напротив денеска го слушаме како вели дека не се каел воопшто за тоа што го говорел на тоа интервју за еден медиум од кај нашиот источен сосед.Стратегијата на Заев е во играта на зборови, манипулација во која поразите ќе ги прикажува како штитење на идентитет. Па ќе слушнеме дека споделена и заедничка историја било едно исто, дека јазикот ни бил од АСНОМ па наваму, односно дрво без корен, па да бидеме задоволни и среќни дека ако некој бугарски политичар скришум тивко потшепне Македонци, тоа било голема дипломатска победа...дај бе човеку не си играј со нашата интелигенција.Морам да кажам две клучни работи. Прво Заев вели дека во преговорите заштитени биле македонскиот идентитет и јазик. И како да не знаеме кога тој го вели тоа, токму за тоа преговара и токму тоа го продава. И треба да бидете свесни, секој еден од вас кога Зоран Заев вели дека постои македонскиот јазик и дека тој бил Македонец кој говорел македонски јазик всушност мисли дека македонскиот народ, македонската нација постојат од 44татат па наваму и дека македонскиот јазик е дрво без корен и дека истиот постои од 44татата па наваму. А тоа е токму позицијата на нашиот источен сосед, да не се лаже некој кога ги слуша изјавите на Зоран Заев во крик на немоќ, кога вели дека тој бил Македонец кој што говори македонски јазик, зборува за неговите баба и дедо кои што биле родени пред 44тата дека биле Македонци, или нивните баба и дедо кои што биле родени таму некаде во 19, 18 век. Тој токму ги потврдува позициите на нашиот источен сосед и се согласува. Таа е таа игра на зборови на Зоран Заев кога ќе каже дека тој бил Македонец кој што зборува македонски, но заборава да каже дека мисли на 44тата па наваму.Втората клучна работа се се` почестите нивни фабрикувања дека немало народ по улиците, дека овие протести кои што ги организира опозицијата во кои што предводи ВМРО-ДПМНЕ немало народ па тоа му давало легитимитет да ги води политики. А заборава дека е кризна состојба, дека поради неговата неспособност и неспособноста на надлежните во Министерството за здравство имаме пандемија, дека дневно губиме по 30 до 40 животи, дека дневно броиме по илјадници заразени поради неспособноста на тие кои што требаше да се грижат за нашето здравје.Но, јас сакам да му порачам, народ има, и само ако се дрзнеш да чепнеш по нашиот македонски идентитет, по нашата култура, обичаи и традиција ќе видиш што е народ. Ќе ти се случи народ, но овој пат нема бегање од тој истиот народ.Драги пријатели,Кога тој ќе не обвини за лажен патриотизам и хистерија е како квинслинг да ве обвинува за предавство. И во истиот ден кога го кажа тоа обзнани дека ќе се менувале учебниците по историја, дека имало договор за 5 историски личности и дека работата била пред договор за 11 записници. Па еве јавно го прашувам пред вас, за што се договори, за што зборува и преговара, што продаде овој пат, колкава ли е цената на ова предавство? Колку тендерчиња со провизии ќе завршат во оној ресторан во југоисточна Македонија? Што е цената на ова предавство?Затоа ли одбегнуваше единство дома, за да може полесно да се испорачува и тргува во соседна Софија.На Заев му е полесно да распродава во Софија отколку да постигне единство дома и да ги брани национални интереси. Тоа е така затоа што кај Заев се може да се истргува за пари, ако не може за малку тогаш може за многу пари. И зад оваа негова попусливост се крие финансиски интерес.Еве денеска стојам овде пред вас, нека одговори некој од Централниот регистар кому е префрлен капиталот од рудникот Иловица, дали е бугарски инвеститор новиот купувач на акциите во рудникот Иловица? Еве јавно го повикувам надлежниот во Централниот регистар да даде одговор на ова прашање.Но треба секој да знае дека ова негово попуштање значи разградување од тулите ставани со крв на чии темели почива денешната наша македонска држава. Тоа значи газење по коските на Кузман Јосифовски Питу кој загинал недалеку од тука во борба со фашистичкиот окупатор. Или Раде Јовчевски Корчагин кој е застрелан зад грб. Ама Корчагин умирајќи со пркост и кауза победил зошто станал бесмртен, а ти, ти Зоран Заев живи не продаваш и тоа е болката што овој народ е тука собран, но и оној надвор кој што денеска не е со нас, туку не следи во домовите.И тоа ни дава енергија да издржиме. И затоа ќе победиме. Сега е моментот кога не треба да има изговори. Сега е потребно народот да биде гласен и да се каже стоп на неспособноста, предавствата и одземање на иднината.А тоа ви го велам затоа што Зоран Заев е подготвен да прифати се, а единствената кочница е македонскиот народ и граѓаните на Македонија.Ова е моментот кога на Заев треба да му се случи народ.ВМРО-ДПМНЕ го носи тој бајрак на слободата и е во првите линии, но штитот мора да сме сите ние, целиот народ. Ако не сме единствени и подготвени да се спротивставиме тогаш Заев ќе продолжи да продава и тогаш сите ние, но и целиот народ да нема изговори ниту правдања да ни кажаве дека Заев можеше тоа да го направи. Еве кажувам треба да се случи народ за да Заев престане да продава.Тоа е единствениот начин како да го победиме овој човек кој што денеска се наоѓа во оваа зграда, или да бидам попрецизен дава интервју недалеку од оваа зграда и му се смее цела Македонија и го слуша како на отворена сцена се пазари со нашиот источен сосед.Сосема на крај би сакал да кажам ти поенти. Кога зборувавме дека овој договор ваков каков што е, не е решение, туку е проблем, и само политички аналфабета може на егзибиционистички начин, авантуристички да стави во договор, историски случки да бидат критериум за Македонија, Македонците, граѓаните на Македонија, еден ден да бидат дел од Европското семејство. Тогаш не обвинуваа дека тие ги решавале проблемите со нашите соседи, дека нуделе решенија а ние сме биле проблемот. Еве денеска гледаме дека сме биле во право, дека тоа што за Зоран Заев е договор, за народот е предавство и кочница кон патот кон обединета Европа и место заслужено на Македонија во рамките на Европската унија.Кога во март месец предупредувавме дека тој меморандум речиси акламативно изгласан во Бугарскиот парламент ќе биде дел од преговарачката рамка и критериум, тогаш не убедуваа дека тоа не е точно, дека тоа било само во главите на вмровците. Видовме дека за жал и тоа е точно.Кога во октомври и ноември предупредував дека од министерот Османи се бара нов договор и анекс на договор што ќе го вклучува овој меморандум изгласан во Бугарскиот парламент и Зоран Заев и Бујар Османи и останатите ме обвинија дека ширам лажни вести. Излезе дека всушност тие биле тие кои што ги ширеле лажните вести.Денеска кога зборуваме на национално предавство мислиме на македонскиот идентитет. Зборувавме пред два дена дека преговара за македонскиот идентитет, тој не убедуваше дека тоа не било точно и дека тоа биле лажни вести. Вчера слушнавме од историчарите дека токму придавката македонски е каменот на сопнување, па ќе ни речат, сите хорски ќе не прашуваат на чело со Зоран Заев и тие малкумина околу него што ќе сме направеле ние да сме биле на нивно место.Замислете каква дрскост. Луѓето кои што не доведоа до амбис, кој што тргуваа и ги уништија сите преговарачки позиции создавани со децении. Луѓето кои што ја чепнаа Македонската вековна борба за сопствена држава во срцето на Балканот, нас ќе не прашуваат што ќе сме направеле?Еве ќе ви одговорам што ќе направиме, најпрвин ќе ве победиме на фер, не такви украдени талибантски избори, а потоа покрај криминалот ќе одговарате и за велепредавство пред овој народ, јас ви го гарантирам тоа, и за велепредавство и за овој народ, ете тоа ќе го направиме. А на маса ќе седнат учени луѓе, луѓе кои што знаат што се историски факти и ќе се изборат за подобри преговарачки позиции, достоинствен договор и Македонија во рамките на Европската унија.Втората порака е до политичарите во нашиот источен сосед. Залудно преговарате со овие домат-дипломати, залудно преговарате, договарате, заедно мислите дека тоа што со нив мислите дека ќе го ставите на хартија ќе биде обврзувачко за нас. Еве ќе ве потсетам на тоа што го зборувам веќе со недели. Не постои такви парче хартија кое што ќе го почитува идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, владата на национално единство. Никогаш нема да прифатиме таков ултиматиум.Последната моја порака е до нашите пријатели, нашите сојузници во Брисел, во Париз, во Берлин, во Виена, во земјите членки на ЕУ минус една. Знам често пати сме зборувале и тоа го зборував пред една недела токму овде.Знам дека вие го сакате овој народ, имате посебна емоција во вашите срца и за овој народ и за македонската држава и знам дека се ќе сторите за отпочнат тие долги очекувани преговори а ние ќе ви покажеме и докажеме дека знаеме и умееме по најкратката патека на најбрз начин да бидеме дел од тоа обединето европско семејство. Вас не ви треба домат дипломати кои што го распродаваат тоа кое што со крв го платиле нашите дедовци.Тоа го прават почитувани колеги од Брисел од Париз од Берлин од Виена за да можат дома да крадат. За да можат тука да го пљачкосуваат својот народ, таму коленичат и се веднат и распродаваат за да можат дома да крадат.Затоа кога ќе дојде денот не сакам да слушнам овој не смее овој смее сите ќе одговараат. Од прв до последен која за криминал кој за велепредавство, а кој и за двете работи.Ви благодарам да ни е жива и здрава Македонија, да сте ми живи и здрави ви благодарам.

Македонија | пред 5 години

korona-2

На инфективните одделенија во земјава се лекува 881 пациент, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекува вкупно 881 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 81 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 126, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 39 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 71 пациент, во Кочани 24, во Кичево 20, Кавадарци 46, во Гевгелија 17 лица, а во Дебар 9 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1326 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

deca-3

(ВИДЕО) Деца со молба: „Сакам само лаптоп за да учам“, Димитриевски - компјутери обезбедивме

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски објави дека со лични средства од вработени од општината набавивме два лап топ компјутери кои викендов ќе се инсталираат со потребен софтвер и во понеделник ќе бидат врачени на семејството чии деца сведоаче дека немаат средства како да ја следат онлајн наставата во документарен филм кој го објави Види вака. Средношколецот Мите Драгишевски и неговата сестра катерина Драгишевска побараа наивно само да користат лаптоп па дури и да ги вратат кога ќе немаат потреба од нив.„Со лични средства од вработени од општината набавивме два лап топ компјутери кои викендов ќе се инсталираат со потребен софтвер и во понеделник ќе бидат врачени на семејството, воедно ќе се обидеме да им обезбедиме и интернет мрежа во зависност од техничката можност на оператерите.- Дополнително Општина Куманово отвори постапка за набавка на таблети во износ од 2.500.000 (средства пренаменети од новогодишно украсување на градот) и оваа опрема штом ќе биде набавена ќе се дистрибуира до основните и средните училишта во Куманово а е наменета за учениците од социјално загрозените семејства“, напиша градоначалникот Димитриевски на ФБ. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Се поставува модуларната болница во Гевгелија, забрзано се работи на проектот во сите општини

Министерството за здравство информира дека денеска во Гевгелија започна поставувањето на модуларната болница, а во текот на следната недела монтажа на објектите ќе започне во Струмица, Куманово, Струга и Кичево. Во сите општини забрзано се работи на активностите за реализација на проектот. Интензивно се работи на подготовки на терен, се расчистуваат локациите, локалните јавни претпријатија обезбедуваат приклучоци, стручните служби на единиците на локална самоуправа даваат максимална поддршка за што поскора реализација на проектот од Светската банка.Генерално, активностите во сите општини течат согласно утврдениот план и динамика. Општината Битола и јавните претпријатија го уредуваат просторот и го подготвуваат теренот за поставување на три модуларни болници со капацитет од 100 болнички кревети и три тријажни центри. Во моментов, во Битола се бетонираат бетонските подлоги за поставување на модуларните болници.Во Штип теренот е подготвен за бетонирање на подлогата, инсталациите се донесени до точките за приклучни места.Денеска во Струга завршува бетонирањето на бетонската подлога, а сите инсталации се спроведени. Со забрзана динамика се работи на теренот во Гостивар, Кичево, Прилеп и Кавадарци. Во Кочани теренот е спремен и ќе започне бетонирање на подлогата.Во Дебар и Тетово во тек се припремните работи.Општина Охрид започна со расчистување на теренот и забрзано работи на обезбедување на пристапни патеки и спроведување на инсталации.Јавните претпријатија и општина Велес работат на расчистување на теренот и поставување на инсталации, имајќи во предвид дека локацијата е специфично поставена на терен во пад.Во Ресен се работи на планирање на локацијата.На сите 16 локации се работи истовремено.Министерството за здравство упатува благодарност до градоначалниците на 16 -те општини и до нивните јавни претпријатија за максималниот ангажман, кои се ставија целосно во функција на здравствениот систем.Крајните рокови за пуштање во употреба на сите модуларни ковид центри истекуваат за три месеци. Но, како ќе завршува монтажата, така ќе пристига и потребната опрема и инвентар за целосно опремување, што ќе значи и сукцесивно пуштање во употреба.Секој регионален ковид центар ќе има приемен и тријажен оддел, целосно опремена лабараторија, целосно опремени болнички соби и сите други помошни простории за персонал и пациенти.

Македонија | пред 5 години

Kalina-Korcagin

Внуката на Корчагин до Заев: Ме навреди мене и моето семејство, дали името на мојот дедо ќе го замениш со името на неговиот убиец за твои лични интереси?

Живеев живот вон очите на јавноста и сакав така и да остане. Мислев дека моето семејство дало доволно крв за Македонија. Но, јас, како што верувам и секој од нас, секој чесен Македонец, не би можел да премолчи кога нечии политички игри му чепкаат во семејството, истакна на денешниот протетест Калина Корчагин - Внуката на Корчагин.Таа пред присутните додаде:Зоран Заев го навреди моето семејство. Зоран Заев ги навреди моите дедо и татко. Зоран Заев ме навреди мене. Го навреди и моето дете. Што јас да му раскажам? Како да ја пренесам личната, семејната историја? Како да го избришам семејното херојство, но и преживеаниот терор на мојот народ? Зар треба да го кријам мојот дедо од сопственото дете?Потекнувам од семејство кое било директно вклучено во организирањето и борбата за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор, како и за нејзино осамостојување.Раде Јовчевски- Корчагин е мој дедо, еден од основачите на двата скопски партизански одреди, кои биле формирани со цел да ја ослободат Македонија од окупаторот. Зарем Македонците тогаш не можеле да разликуваат „администрација“ од окупација, па формирале партизански одреди за да се борат против оние кои пријателски убивале и вршеле злодела низ Македонија?! Поради неговите дела и борба за ослободувањето на Македонија од Бугарскиот фашистички окупатор, два пати бил осудуван со смртна пресуда во негово отсуство.Бил ладнокрвно убиен од Анто Георгиев- Антов, бугарски агент, по наредба на бугарската полиција.Се прашувам, дали за ваква „администрација“ Заев сега сака да ни наметне да мислиме дека ни помогнала во ослободување од окупаторот.Отворено го прашувам Зоран Заев: Дали според неговото сфаќање на историјата (во која, инаку, не се разбирал, како што самиот рече), симнувањето на историските обележја и промена на 20-те табли на кои пишувало „бугарски фашистички окупатор“ значи почеток на менување до укинување на целата вистина? Значи ли дека неговата безрезервна љубов кон бугарската држава е вовед во второто убиство на Корчагин?Дали, во интерес на „добрососедството“, гимназијата „Раде Јовчевски- Корчагин“ ќе биде преименувана во „ Анто Георгиев- Антов “, убиецот на мојот дедо?Македонија!Македонски народ!Македонски јазик!Македонска историја!Македонски фолклор!Македонска култура!Македонска држава и република!Дали болат овие зборови? Дали некому му параат уши кога ги слуша?Како Македонка и мајка, се прашувам во каква Македонија ќе го оставам ова дете да расте? Како ќе му објаснам на ова дете дека еднаш беше една Македонија која имаше историја и луѓе кои ги дадоа животите за неа, ама беше предадена од еден, на кој ништо не му беше свето и кој поради свои лични интереси даде се.Народе, излези, спротивстави се! Не дозволувај да ти го одземат идентитетот, зошто без него, ќе бидеш никој!За на крај, нашиот „заеднички“ Гоце кој му се обраќа на еден бугарски генерал еднаш рекол: „Ние, знаете кои сме ние: селаните, македонското население, народот. Ние не можеме да правиме политика, ниту да дозволиме други да прават политика со Македонија. Нашата борба, тоа за нас е живот или смрт.Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме, и кога. Кога да се прави востание ќе реши народот. Нема да дозволиме да ни командувате од тука.Но, знајте, ние не бараме покровители, а уште помалку господари“.Да живее Македонија!

Македонија | пред 5 години

05122020_PVRSM_Zaev_intervju_Kanal77-1

Заев: Отворена е вратата за решавање на прашањата што се најдоа на патот на европските интеграции на Северна Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија во интервју за радио Канал 77 го оцени како конструктивен настапот на министерот за одбрана на Република Бугарија Красимир Каракачанов за време на интервјуто на овој медиум и го поздрави речникот на пријателство во неговите одговори.Премиерот Заев истакна дека од разговорот е видливо дека министерот Каракачанов нема проблем да го прифати фактот за постоењето за македонскиот јазик и за македонскиот народ.„Ние остануваме подготвени во духот на пријателство да ги градиме меѓусебните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија и да ја градиме нашата заедничка иднина. Искрено се надевам дек уште постојат шанси да се прифати преговарачката рамка и да се одржи првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите на нашата земја со ЕУ. Тимовите на двете министерства за надворешни работи интензивно разговараат и сметам дека патоказот за кој се дебатира е одлична основа за да остане вратата отворена за решавање на прашањата што се најдоа на патот на европските интеграции на Северна Македонија“, рече Заев во интервјуто за Канал 77.

Македонија | пред 5 години

ohrid-asfaltiranje-1

(ФОТО) Поставен првиот асфалтен слој на улицата „Абас Емин“

Како резултат на истрајната и максимално посветена работа на сложениот инфраструктурен проект за реконструкција на улицата „Абас Емин“, на мое големо задоволство, денеска беше поставен првиот асфалтен слој на дел од коловозот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Тој во објавата додава:Согласно предвидената динамика, претходно, во рамки на првата фаза од проектот за реконструкција, на овој потег беше поставена нова атмосферска, фекална и водоводна линија со ископ во длабочина од 3,5 метри и ширина од 2 метри и беше извршено преприклучување на корисниците. Исто така беа реализирани активности за соодветно тампонирање и поставување на рабници.Паралелно со асфалтирањето на коловозот тековно се изведуваат градежните активности за поставување на атмосферската, фекалната и водоводната мрежа на останатиот дел од улицата. Според планираното, доколку дозволат временските услови, во текот на овој месец ќе биде поставен асфалт на коловозот, на потегот до пресекот со улицата „Охридска Бригада“.Со подеднаква посветеност како и до сега, продолжуваме да работиме за успешна реализација на целокупниот проект.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: Лек за ковид-19 сѐ уште нема, граѓаните да не купуваат лекови на црно кои не се докажани дека помагаат

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, на поставено новинарско прашање за препродавање и купување на лекови на црно од интернет од страна на граѓани, истакна дека ниту еден граѓанин не треба да посегне да бара лекови кои не се докажани дека помагаат во лекувањето на овој вирус.„Насекаде во светот има многу клинички студии кои испитуваат, ние знаеме дека специфичен и посебен лек за оваа болест нема. Се прави комбинација на постојни терапии за други болести или согласно симптомите коишто ги дава оваа болест. Мора да знаеме дека има навистина широка лепеза на симптоми со коишто оваа болест може да се манифестира. Во таа смисла апелирам да секој еден пациент во консултација со матичниот лекар или за време на болничкото лекување, апсолутно само под контрола на лекар да прими соодветна терапија“, потенцираше Филипче.

Македонија | пред 5 години

dzip-22

(ФОТО) Тешка сообраќајка кај Сити мол - се преврти форд со охридски таблички

Тешка сообраќајка на булеварот „Партизански одреди“ пред Сити мол. Во несреќата се преврти  комбе форд со охридски ознаки.Поради несреќата Сообраќајот е блокиран, а увидна екипа на МВР е на теренот.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања