Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

filipce

Филипче: Штип добива амбулантно возило, следува целосно реновирање на дел од штипскиот здравствен дом

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска ги посети Центарот за јавно здравје и Здравствениот дом во Штип, каде оствари средба со менаџерскиот тим на установите и вработените во овие јавно-здравствени установи.На средбата, тие разговараа за состојбата и справувањето од ковид-19 вирусот, како и за тековните активности кои се одвиваат во овие установи.Во изјава за медиумите, министерот Филипче потенцираше дека во Здравствениот дом во Штип следува целосно рановирање на ходниците и тоалетите, а реконструкцијата треба да почне за две недели. Тој, исто така најави дека овој здравствен дом ќе добие возило за Итната медицинска помош и посебна специјална опрема за возилата.Преку проектот на Светска банка, од следната година ќе бидат реновирани сите вакцинални пунктови во државата.Министерот Филипче информираше дека има сосем доволна количина на тестови за коронавирус и близу 100 тестирања се прават на дневно ниво. Системот на координација функционира добро и пунктовите за тестирање работат во две смени.Во однос на Службата за итна медицинска помош во Штип, капацитетите значајно се зголемија. Повеќе од 20тина доктори и медицински сестри беа примени на работа.

Македонија | пред 5 години

05122020_PVRSM_Zaev_intervju_Kanal77-1

Заев: Секогаш ќе правиме пријателски чекори кон соседите, но никогаш на сметка на нашите идентитет и достоинство

Секогаш ќе бидеме страна која прави пријателски чекори кои отвораат перспективи за меѓусебните односи со соседите, вклучувајќи ја и Бугарија, но никогаш за сметка на тоа нема да ги доведеме нашите идентитет и достоинство за кои никогаш нема да се преговара, а тоа е нашиот идентитет како Македонци кои говорат македонски јазик, истакна премиерот Заев во интервју за радиото Канал 77.„Јас ги разбирам граѓаните и нивните реакции, ама лидерите се тука за да решаваат тешки прашања. Јас правам пријателски чекори кои отвораат перспективи, во нашиот случај европските перспективи и иднина“, нагласи премиерот Заев.Претседателот на Владата Заев рече дека со Република Бугарија се постојано отворени каналите за комуникацијата и интензивно се разговара за прашањата што се актуелизираа и што се поставуваат како пречка за согласноста за усвојување на преговарачката рамка за Република Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во ЕУ.„Разговараме за говорот на омраза, разговараме за патоказот за имплементацијата на Договорот меѓу двете земји. Треба да постигнеме повеќе на планот на економската соработка, да поттикнеме многу повеќе од она што до сега е постигнато, а не е малку. Имаме инвестиции од наши компании во Бугарија. Од Бугарија имаме 13 инвестиции, меѓу кои и најновите кои покажаа интерес за инвестиции во енергетиката“, рече премиерот Заев.

Македонија | пред 5 години

2020-12-05_10-15-57

(ФОТО) Претрес во Чифлик и Ржаничино, пронајдено оружје

Денеска Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација и заедничка акција со полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога, а врз основа на претходно издадена наредба за претрес од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во дом и други простории во с.Ржаничино и с.Чифлик, скопско, кај С.Л.(57) и кај М.Л.(67), и двајцата од с.Чифлик.При претресот кај М.Л. се пронајдени ловна пушка „штаер“ кал.7,9 мм и 75 куршуми калибар 7,9 мм., додека кај С.Л. се пронајдени 30 куршуми кал. 7,65x39 мм., една празна рамка за автоматска пушка и 6 патрони ловна муниција.Лицата се лишени од слобода, а по комплетно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-LTH-Learnica-15

Битиќи во посета на компании во Охрид – Се грижиме и ги поддржуваме компаниите, тие се клучни за економскиот развој

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, за време на посетата на Охрид, изврши обиколка на компаниите АСП-ПАК, ЛТХ леарница и Костал, со коишто Владата има потпишано договори за државна помош. За време на посетите на сите три компании, вицепремиерот се сретна и со менаџментот на компаниите со кои разговараше за нивното тековно работење, мерките на Владата за справување со кризата и другите мерки за поттикнување на нови инвестиции, како и за предизвиците со кои се соочуваат.Еднодневните активности во Охрид Вицепремиерот ги заврши со посета на компанијата Костал, германска инвестиција, која работи во просториите на некогашно ЕМО, а која има изградено и нова производствена хала, што значи дека нивните инвестициски намери се навистина сериозни. Сите три компании кои беа посетени се позитивен пример и успешни компании со сериозен инвестициски циклус од околу 80 милиони евра, за наредните неколку години, а имаат значителен импакт на локалниот економски развој на Охрид и на регионалниот развој.„Овие три компании, но и некои други кои денес не ги посетивме, се навистина значајни за Охрид и регионот. Создаваат солидно платени работни места, можност за младите да останат во татковината и тука да ја планираат својата иднина, но и имаат голем импакт за раздвижување на локалната економија, користејќи прозводи и услуги од други локални компании“, посочи вицепремиерот Битиќи.Битиќи во својата завршна изјава по посетата на Охрид, потенцираше дека Владата во наредниот период ќе продолжи да спроведува политики и мерки со кои ќе се стимулира стопанството, за нови работни места, за подобар живот на граѓаните.„Компаниите се оние кои ја создаваат економијата, тие се базата на економскиот развој. Ние како Влада ќе продолжиме со поддршка на компаниите која би можел да кажам дека ќе се движи паралелно во пет насоки. Продолжуваме да работиме на привлекување на реномирани странски компании кои произведуваат производи со повисока додадена вредност и одржување на добра комуникација и грижа за странските компании кои веќе работат во земјата. Ќе продолжи и поддршката на домашните компании за технолошки развој, дигитализација, внесување на иновации и поголема конкурентност на меѓународните пазари. Правиме напори за поврзување на домашните и странските компании, односно се повеќе домашни компании да бидат дел од вредносните ланци на големите меѓународни компани. Овозможуваме поддршка за креирање квалитетни и подобро платени работни места за нашите граѓани и ќе ги стимулираме компаниите, независно дали се домашни или странски да инвестираат во центри за истражување и развој, што е всушност и основата за поголема продуктивност, повисоки приходи и иновации“, заврши вицепремиерот Битиќи.Директорот на Костал, Виктор Мизо соопшти дека компанијата продолжува со реализацијата на плановите и покрај глобалната здравствена и економска криза, при што најави креирање на нови 250 работни места во наредната година, како и воспоставување на нови, најсофистицирани линии за најсовремените производи на Костал на глобално ниво.„Работиме за BMW, Mercedes, Volkswagen, Porsche, Audi, Tesla и Rolls Royce, а од наредната година ќе почнеме да работиме и за Jaguar и Land Rover, што значи дека 80% од нашите клиенти, се премиум производители на автомобили. До крајот на оваа година ќе биде реализирано околу 74-76% од планираното. Поддршката која Владата ја даде, што беше важно не само за Костал, туку и за други компании кои работат во земјата, беше првиот бран на изедначување на царинските тарифи со оние од ЕУ и веќе го гледаме првичниот импакт во месец ноември, кога нашата конкурентност беше значително зголемена“, изјави директорот на компанијата Костал, Виктор Мизо.Компаниите кои беа посетени од Вицепремиерот Битиќи (АСП-ПАК, ЛТХ Леарница и Костал) се извозно ориентирани компании, конкурентни на меѓународните пазари, а во нив во моментов работат над 1500 лица од Охрид и регионот.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Нови паркови, детски игралишта и паркинзи – се одржаа буџетските форуми на Општина Центар за 2020. година

Општина Центар ги одржа двете сесии на буџетските форуми за 2020-та година. На буџетските форуми жителите на Центар имаа можност да предлагаат идеи, проекти и предлози за подобрување на животот во општината.Почнувајќи од 24-ти ноември заклучно со 2-ри декември, граѓаните можеа да одговараат на тематските анкетни прашалници поставени на општинската веб страна, но и да земат учество во буџетските форуми кои се одржаа на 3-ти, односно 4-ти декември.Поделени на 7 теми од интерес, согласно општинските програми за работа: инфраструктура, урбанизам, животна средина, локален економски развој, образование, социјална заштита и култура, ова е седма година по ред во која се одржуваат општинските буџетски форуми. Оваа година, поради прогласената пандемија на КОВИД 19, буџетските форуми се одржуваа онлајн, односно преку платформата ZOOM.Од анкетните прашалници Општина Центар доби 97 одговори, а како приоритетни се издвоија изведбата на нови паркови и детски игралишта, заштитата на животната средина и реконструкција на улиците.Граѓаните на градоначалникот Саша Богдановиќ и општинските служби на буџетските форуми, им ги презентираа секојдневните проблеми со кои се соочуваат - состојбата на паркинзите во Општина Центар, оштетувања на одредени сервисни улици под општинска надлежност, наставно-воспитниот кадар во основните училишта и детските градинки и аерозагадувањето.Одговорите од тематските анкетни прашалници и заклучоците добиени од граѓанските буџетски форуми на Општина Центар ќе се приоретизириаат, систематизираат и ќе се достават до надлежните општински сектори, а подоцна дел од нив ќе се вметнат во општинските програми за работа за наредната 2021-ва година. Оние прашања, идеи и проблеми кои жителите ги издвоија како значајни, а не се во надлежност на општината, ќе бидат доставени до надлежните институции.

Скопје | пред 5 години

kukicki-3

(ФОТО) Во Охрид нови типизирани куќарки за улична продажба на јавни локации во централното градско подрачје

Со цел да се обезбедат посовремени услови за улична продажба на јавни локации во централното градско подрачје и да се подобри урбаната слика во градот, Општина Охрид преку ЈП „Градски пазар“ набави 10 типизирани куќарки(урбана опрема).Куќарките имаат автентичен изглед, изработени се од соодветен дрвен материјал и располагаат со сите потребни сегменти за продажба. Куќарките ќе се поставуваат на јавни локации во градот согласно потребите и Програмата за поставување на урбана опрема. Според планираното, во иднина Општина Охрид ќе дозволува продажба на отворено само во вакви куќарки и нема да биде дозволена продажба на отворено на монтажни тезги од секаков вид.Куќарките ќе бидат поставени за прв пат на градскиот плоштад во Охрид за потребите на Новогодишниот базар. Поради економската криза која ја предизвика светската пандемија и со цел да им се излезе во пресрет на локалните трговци, Општина Охрид донесе одлука во текот на Новогодишниот базар, куќарките да бидат изнајмени промотивно и без закуп. Во текот на наредните денови ќе биде објавен наменски јавен повик за изнајмување на куќарките.

Македонија | пред 5 години

zemjotres

Околу полноќ регистриран земјотрес во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа 4 минути по полноќ, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Скопското епицентрално подрачје.Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда од 1.9 степени.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот бил почувствуван од граѓаните во Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Скопје | пред 5 години

nikolov-1

Николов: Изградба на 100 типски куќи за социјално ранливите, во 21 век секој заслужува топол дом

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип д-р Сашко Николов во вечерашното онлајн обраќање пред граѓаните истакна дека меѓу приоритетите во неговата програма е грижата за социјално ранливите категории граѓани.Во 21 век секој заслужува топол дом, рече Николов и најави изградба на 100 типски куќи во населбата Света недела.Тој нагласи дека продолжува грижата за самохраните родители, нивните децата да одат во градинка без надомест, поддршката за слепите лица, за пензионерите, инвестирањето во центрите за лица со попреченост, а ќе ја зголемиме бројката на волонтери кои ќе им помагаат на луѓето во изолација, на болните и изнемоштените.Да направиме нашите сограѓани да се чувствуваат сигурно во Штип и дека можат да се потпрат на општината, дека не се сами, дека се во сигурни раце, рече Николов.Тој најави дека веднаш откако ќе стане градоначалник ќе побара од Советот на општината да формира фонд каде штипските фирми ќе вложуваат средства, со кои ќе се обезбеди на повеќе пунктови во општината да има ставено маски, што секој граѓанин ќе може да ги земе.СДСМ како демократска и одговорна партија, организира избори со највисоки мерки за заштита на кои граѓаните на 13 декември можат да го искористат своето демократско право на глас и да изберат демократски легитимен градоначалник, нагласи Николов.По 13 декември Штип што ќе го продолжи патот на модернизација, европеизација, Штип ќе остане во сигурни раце на градоначалникот д-р Сашко Николов, порача кандидатот на СДСМ за градоначалник на Штип.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Георгиески: Охрид има неколку успешни бизнис приказни, кои се вистински пример за развој на локалната економија

Охрид има неколку успешни бизнис приказни, кои се вистински пример за развој на локалната економија.Заедно со вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи и директорот Царинската управа, Ѓоко Танасоски денеска ја посетивме компанијата "АСП-ПАК" која постојано инвестира во развој и унапредување на производствениот процес, континуирано отвора нови работни места и освојува нови пазари.Како локална самоуправа, во доменот на своите ингеренции, секогаш стоиме на располагање за поддршка на локалните бизниси кои го зајакнуваат економскиот потенцијал на Охрид, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Поведена постапка за гевгеличанецот кој украде марихуана од МВР, но еве и за кои други дела се товари

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Гевгелија, а за сторени едно продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 , едно кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 и седум кривични дела – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Во временскиот период од 3.11.2020 година до 29.11.2020 година, осомничениот во три наврати со умисла извршил временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно извршување на истото дело на начин што со намера за себе да прибави противправна имотна корист, искористувајќи слични прилики во ноќните часови, кога нема раздвиженост на луѓе, со провалување влегувал во затворени простории и одземал туѓи подвижни предмети со намера протривправно да ги присвои. На 3.11.2020 година, во 08:48 часот, влегол во просторијата на оштетеното правно лице – казино во Гевгелија, и пред вработената на дрзок начин од регистарската каса-фиоката, одзел туѓи подвижни предмети – пари во апоени од по 1.000 денари, а во вкупна вредност од 100.000,оо денари и веднаш се дал во бегство.На 20.11.2020 година од дворот на семејната куќа на оштетениот со намера противправно да го присвои одзел расно женско куче белгиски овчар во вредност од 25.000 денари.На 29.11.2020 година, во периодот од 03.30 часот, до 04.30 часот, со провалување, со употреба на тврд предмет, најпрво се обидел да ја отвори влезната врата од објектот сопственост на МВР, ОВР Гевгелија, но кога не успеал, насилно го отворил едното крило од прозорецот, по што влегол во внатрешноста на просториите на Отсек за крим-техника и од холот од просториите, одзел туѓи подвижни предмети кои биле оставени во посебни вреќи – наркотична дрога подготвена за натамошно вештачење.Осомничениот во временскиот период од 29.11.2020 година до 03.12.2020 година во домот во кој престојувал во Гевгелија неовластено заради продажба држел наркотична дрога марихуана и тоа 24 суви растенија спакувани во црна најлонска вреќа со натпис крим-техника и хартиени вреќи со натпис крим техника и 25 врвни делови од растенија која претходно противправно ја одзел од ОВР Гевгелија и ја продал на НН лице.Осомничениот ја загрозил сигурноста на службени лица – полициски службеници со сериозна закана дека ќе нападне врз нивниот живот и тело на начин што на 3.11.2020 година околу 20.00 часот влегол во просториите на ПС Гевгелија и почнал да упатува закани по животот на оштетен униформиран полициски службеник. Делото го повторил и на 4.11.2020 година во 9.00 часот, кога повторно влегол во ПС ОН Гевгелија и се заканувал на оштетените службени лица. Со закани се обратил кон службени лица и на 3.12.2020 година во периодот од 13.00 часот до 14.30 часот додека оштетените полициски службеници вршеле претрес во домот на осомничениот, упатувајќи им сериозни закани дека ќе посегне по нивниот живот.Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе ги уништи трагите од кривичните дела , ќе влијае врз соучесниците во кривичното дело како и дека ќе го повтори кривичното дело а согласно член 165 од ЗКП, јавниот обвинител до судија на претходна постапка во Основниот суд Гевгелија достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице. Основниот суд Гевгелија го прифати предлогот на обвинителството и на осомничениот со Решение му е определен притвор во траење од 30 дена.​

пред 5 години

Нема фотографија

Притвор заради убиство во обид - со нож повеќе пати ја нападнал неговата сопруга во пределот на главата

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 43 – годишно лице, привремен жител на село Пепелиште, Неготино, поради основано сомнение дека го сторил кривичното дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.Осомничениот на 4 декември 2020 година, околу 5.00 часот, во настаната расправија и вршење на семејно насилство, со намера да ја лиши од живот, со нож повеќе пати ја нападнал неговата сопруга во пределот на главата. Со тие дејствија на оштетената и нанел повреди во вид на посекотини во пределот на лицето и десната подлактица. Во обидот за убиство го спречил таткото на сопругата, по што осомничениот се дал во бегство.Поради постоење на околности кои укажуваа дека притворот е неопходен за непречено водење на кривичната постапка, постоење на околности кои укажуваа на опасност од бегство и страв дека осомничениот ќе влијае на сведоци или пак ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд достави предлог на осомниченото лице да му биде определена мерката притвор. Судијата на претходна постапка од Основниот суд Кавадарци го прифати предлогот на обвинителството и со Решение на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Македонија | пред 5 години

Komisija

Историската комисија заглави кај Цар Самуил, спорна придавката „македонски“

Мешовитата македонско-бугарска историска комисија на 11. средба не постигна напредок во преговорите. Историчарите се обиделе да ги надминат разликите за изучувањето на ликот и делото на средновековниот цар Самуил во учебниците по историја во основното образование.Настанал проблем и во врска со потпишувањето на записниците од претходните две средби затоа што за македонските историчари не било прифатливо што ја нема придавката македонски,Бугарскиот професор Ангел Димитров оцени дека македонската страна нема желба за конструктивно решение и рече дека ова, за жал, е пропадната средба.– Констатирам, за жал, дека денеска е направен нула напредок, ниту минијатурен чекор. За некои прашања кои имавме заеднички сигнали, со кои првпат се соочуваме. Се јави технички проблем, при што нашите колеги откажаа да ги потпишат записниците, настојуваа насекаде да стои македонски. Блокирајќи го потпишувањето на записниците за претходните две средби, без документ, кои дискусии се водени, работите изгледаат несигурни, со најава за немање желба да се работи сериозно. Многу, многу сме далеку од завршување на работата за учебниците за седмо одделение, за средниот век. Денес, зборувавме за четвртата забелешка за цар Самуил, која заврши безуспешно, без никакво отстапување за една заедничка историска личност. Зборувате за бугарски цар, непотребно е да напоменувам дека еден од неговите наследници – Иван Владислав – има споменик. Ова е историски факт, но немањето желба да се оди напред е дискутабилно и не оди во прилог. Ова 11. средба покажува дека се движиме како желки, не се покажува желба за договор – рече Димитров.Драги Ѓоргиев, шефот на македонската делегација, оцени дека бил постигнат мал напредок и побара повеќе трпение за нивната работа.– Средбата помина во академска атмосфера со плодна многуслојна дисусија, која ќе кажам дека не донесе никакви резултати. Добар дел беше посветен на записниците. Постојат два записника, кои не се потпишани, главен проблем е употребата на придавката македонски. Постои различно толкување, која, според бугарските колеги, е лимитирана целосно и како се толкува договорот од нивна страна. Бугарските колеги почнаа да го практикуваат тоа, без наша консултација, без да биде известено нашето МНР, кое со консултација ќе придонесеше да се надмине. Останува проблемот со придавката македонски. Се надевам дека ќе се најде решение. Сè почна со учебниците за седмо одделение, претставувањето на Самоиуловата држава во учебниците по историја, не постигнавме согласност. Проблемот е што се избегнува внесување мултиперспективност и желбата да се наметне само едно видување, ова не успеавме да го надминеме со бугарските колеги – рече Ѓоргиев.Тој додаде дека биле ставени на маса неколку предлози, но се покажало дека двете страни имаат спротивставени ставови во однос на ова прашање. Вели дека за ликот и делото на Гоце Делчев немало време за дискусија и дека тоа ќе биде предмет на разгледување на следната средба. 

Македонија | пред 5 години

w_56083030

30 починати и нови 1100 случаи со Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2824 тестирања, а регистрирани се 1100 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-439, Куманово-56, Дебар-5, Штип-42, Прилеп-52, Тетово-58, Струга-29, Велес-27, Битола-73, Охрид-32, Кавадарци-51, Гостивар-68, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-15, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-23, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Македонски Брод-4, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-2, Делчево-3, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-16, Ресен-10, Неготино-22.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 585 оздравени пациенти од: Скопје-168, Куманово-37, Штип-37, Прилеп-47, Тетово-10, Струга-20, Велес-32, Битола-42, Охрид-41, Кавадарци-15, Гевгелија-8, Струмица-19, Крива Паланка-4, Радовиш-4, Кочани-13, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Пехчево-2, Берово-4, Виница-10, Делчево-5, Кратово-3, Свети Николе-14, Кичево-21, Ресен-6 и Неготино-11.Починати се 30 лица, дванаесет пациенти од Скопје (85, 68, 65, 59, 52, 73, 59, 78, 85, 68, 49 и 68г), еден од Куманово (73г), тројца од Прилеп (73, 63 и 73г), еден од Тетово (62г), двајца од Струга (57 и 64г), двајца од Битола (62 и 67г), двајца од Гостивар (64 и 64г), еден пациент од Струмица (74г), еден од Радовиш (65г), еден од Крушево (80г), еден од Пробиштип (76г), еден од Берово (58г), еден од Ресен (66г) и еден пациент од Неготино (66г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 66330, бројката на оздравени пациенти е 42241, на починати е 1877, а бројот на активни случаи изнесува 22212. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 28806, активни 10735• Куманово 3949, активни 904• Дебар 492, активни 127• Штип 2826, активни 528• Прилеп 3283, активни 1033• Тетово 4021, активни 1021• Струга 1588, активни 473• Велес 2144, активни 720• Битола 2329, активни 971• Охрид 1750, активни 585• Кавадарци 1409, активни 559• Гостивар 2776, активни 1062• Гевгелија 804, активни 260 (60 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 140 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1818, активни 581• Крива Паланка 476, активни 150• Радовиш 461, активни 118• Крушево 143, активни 77• Кочани 1308, активни 256• Пробиштип 381, активни 92• Демир Хисар 208, активни 77• Македонски Брод 181, активни 48• Пехчево 105, активни 18• Берово 396, активни 98• Валандово 228, активни 67• Виница 385, активни 134• Делчево 498, активни 227 (149 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 165, активни 42• Свети Николе 883, активни 229• Кичево 1347, активни 470• Ресен 502, активни 203• Неготино 668, активни 347 (93 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2824 теста се преку: ИЈЗ-743, ЦЈЗ Скопје-64, Авицена-245, Биотек-272, МАНУ -209, Жан Митрев (Филип Втори)-160, Систина со PCR метода -134, лабораторија Лаор –39, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-57, Инфективна клиника-4, ГАК-14, Синлаб-49, Ремедика-30, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ (рапид тест) -775, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 344.085 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

korona-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 843 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 843 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 123, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 17 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1286 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

mickoski

Мицкоски до Заев: Од комисијата има признание дека се преговара за идентитетот, лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше, лажеш и сега

Од изјавите на историчарите од комисиите дознаваме дека бугарската страна се противи за терминот Македонски кој што го означува нашиот идентитет, додека Зоран Заев упорно не убедува дека не преговара за идентитетот и историјата, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Тој во објавата додава:Бугарската страна кажува дека за придавката Македонски се разговара на повисоко ниво што во превод би значело дека Заев тргува.Та нели се беше во главата на вморвците?Поддршка за нашите историчари да опстојат на вистината. Лажеше додека се колнеше во најмилото и продаваше, лаже и денес.Заев е проблемот, а народот е одговорот!

Македонија | пред 5 години

pandov

Пандов: Заев и Бучковски би продале се за лични интереси, да ги сопреме!

Александар Пандов од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот протест под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ пред Министерството за правда рече дека ние живееме во земја каде како Македонци треба да се објаснуваме со соседите дека сме Македонци, дека нашите предци говореле македонски, дека имаме сопствена автентична историја.„Ние сме едиствена земја во која оваа багра на Заев, заедно со Димитров, сега зајакнати со Бучковски ни се преговарачи со Бугарија. Може да замислете каков би бил исходот. На сите им се јасни ставовите на Заев, Димитров, Бучковски. Тоа се луѓе кои за лични причини би продале се. Тоа се луѓе чии ставови се многу поблиски до ставовте на Каракачанов, Захариева, Борисов“, рече Пандов.Тој посочи дека токму поради овие причини народот е пред е на улиците, тука пред Министерство за правда, пред МНР, пред Влада, и додаде „ќе не има и во 20 градови.„Ве повикувам до паѓањето на оваа хунта, до паѓањето на Заев да не се повлекуваме од улиците. И на Заев му е јасно дека крајот му се ближи“, кажа Пандов.Пандов со апел да не се дозволи еден ден кога ќе се разбудиме да ја нема Македонија, а ние да не бидеме Македонци.

Македонија | пред 5 години

gradezni-raboti

Викендов поради градежни работи сообраќајот на бул. „Борис Трајковски” ќе се одвива по стеснет коловоз

Во текот на престојниот викенд (на 5 и 6 декември) ќе се врши прекоп на булеварот „Борис Трајковски”, од Шпаркасе Банка до маркетот Стокомак ( во близина на Веро) во Кисела Вода, поради што сообраќајот ќе се одвива по стеснет коловоз.Градежните работи се околу изградба на секундарен вреловод А3.040.040.060 од Ш040 на вод А3.040.040 до новопроектирана шахта 020“ за потребите на Дистрибуција на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ.Од градежната компанија апелираат на внимателно возење и трпение.

Скопје | пред 5 години

lisici

Угостителски објект во Трубарево работел по дозволеното време, приведена сопственичката

На 03.12.2020 во 22.20 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека угостителски објект во село Трубарево работи после 21.00 часот. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека објектот работи и во него има гости.Во полициска станица бил извршен разговор со сопственичката С.С.(46) од Скопје и по целосно документирање на случајот, во координација со Државниот пазарен инспекторат против неа ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Македонија | пред 5 години

UaYct-

Уапсен гевгеличанецот кој од полициска станица украл марихуана

34-годишниот Г.Ј. од Гевгелија вчера бил уапсен за кражба од 29 ноември, кога со употреба на сила влегол во полициската станица во Гевгелија и украл марихуана, соопшти Министерството за внатрешни работи.„Пријавениот, на 29.11.2020 во периодот од 03.30 до 04.00 часот, со употреба на сила влегол во просториите на Отсекот за крим-техника при ОВР Гевгелија и одзел 24 суви растенија Канабис сатива и спакуван материјал за вештачење во вреќа во која имало пластични шишиња од течно ѓубриво, две пластични туби, нож и 25 врвови од 25 растенија Канабис сатива“, се вели во соопштението од МВР.Против него е поднесена кривична пријава за кривичните дела Тешка кражба, Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и Загрозување на сигурноста.Од МВР додаваат дека при претресот во домот на пријавениот во Гевгелија, при што биле пронајдени одземените предмети, тој се однесувал агресивно и им се заканувал на полициските службеници. Бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гевгелија, велат од МВР.

Македонија | пред 5 години

sovet-Ohrid

Заврши педесет и втората седница на советот на Општина Охрид

На почетокот на денешната седница предлагачот од дневен ред ја повлече 61. точка, односно Предлог-одлуката за обезбедување финансиски средства за функционирање на служби за заштита и спасување на подрачјето на општина Охрид во состав на Црвен Крст Охрид. Дополнително, предлагачот дневниот ред го надополни со уште шест точки и тоа Нацрт програма за млади и невладини организации за 2021 година, Предлог одлука за аплицирање и кофинансирање на кофинансирање на регионален проект предлог, „Проект за поддршка на регионалниот економски развој: туризам, култура и други економски дејности“, Предлог одлука за измена и дополнување на програмата за комунални услуги Ј8 финансирани преку средства од домашни и меѓународни институции, Предлог одлука за проширување на буџетот за 2020 година, Предлог одлука за прифаќање донација на хуманитарни пакети наменети за социјално ранливи семејства донирани од КАМ ДОО, Предлог одлука за доделување на посебно признание на НУ „Охридско лето“ за достигнувања во областа на културата во изминативе 60 години, кои подоцна беа усвоени.На денешната седница советниците ги усвоија предлог одлуките за константирање престанок на мандат на член во Советот на општина Охрид, за дополнување на статутот на општина Охрид.Советниците ги усвоија прелог одлуките за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за работа на Советот на општина Охрид за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2020 за периодот од 01.07. до 30.09.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2020-2022 година за периодот од 01.07. до 30.09. 2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за заштита на животната средина и природата за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за енергетска ефикасност за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за други комунални услуги за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програматa за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување јавна чистота за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за јавно осветлување за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2019 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2020 – 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2020 – 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на програмата за изградба на сообраќајна сигнализација за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2020 – 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програма за активностите на Општина Охрид во областа на образованието за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програма за детска заштита за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на активностите од Програмата за социјална заштита за 2020 година за периодот од 01.07. до 30.09.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за спорт и рекреација за 2020 година за периодот од 01.07.2020 до 30.09.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за културни манифестации и творештво за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за млади и невладини организации за 2020 година за периодот од 01.07. до 30.09.2020 година, за усвојување на Извештајот за остварување на буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Советот на општина Охрид ги усвои предлог одлуките за усвојување на извештаите од работењето на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година, на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2020 година, на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид за периодот од 01.01. до 30.09. 2020 година, на ЈП „ Охридски комуналец “ – Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2020 година, на Извештајот за работењето на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2020 година, на ЈП „ВОДОВОД“-Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2020година.На денешната седница беа усвоени нацрт програмите за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2021 година, за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид за 2021 година, за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Охрид за 2021 – 2023 година, за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2021 година, за заштита на животната средина и природата за 2021 година, за спорт и рекреација за 2021 година, за активностите на Општина Охрид во областа на образованието за 2021, за детска заштита за 2021 година, за социјална заштита за 2021 година, за одбележување празници и манифестации во 2021 година, за активностите на општина Охрид во областа на култура за 2021 година, за работа на Советот на Општина Охрид за 2021 година, за унапредување на родовата рамноправност на локално ниво за 2021 година, за енергетска ефикасност за 2021 година, за одржување јавна чистота за 2021 година, за подигање и одржување на паркови и зеленило за 2021 година, за јавно осветлување за 2021 година, за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2021 година, за други комунални услуги за 2021 година, за изградба на системи за водоснабдување за периодот од 2021- 2023 година, за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2021 година, за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води за 2021 – 2023 година, за изградба на сообраќајна сигнализација за 2021 година, за уредување градежно земјиште за 2021 -2023 година.Советнците од советот на општина Охрид ги усвоија и предлог одлуките за утврдување фискална стратегија и развојни програми на Општина Охрид за 2021 година, за усвојување на Нацрт буџетот на Општина Охрид за 2021 година, за давање на трајно користење движни ствари-опрема-унифицирани продажни пултови, за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид, за донесување на Деловник за работа на парципативно тело од областа на урбанизмот, за усвојување на техничка исправка за ГП 3 на Кп 8951/1 во КО Охрид 2, во ДУП за УЗ 9, УБ 9.2 општина Охрид, за усвојување на техничка исправка за ГП 2.24 од ДУП за УЗ 2, УБ 2.3-опфат 4, општина Охрид, плански период 2010-2015 донесен со Одлука на Советот на општина Охрид бр. 07-6092/37 од 30.06.2014 година.

Македонија | пред 5 години

Sv-Kliment-Ohridski-scaled-900x676

Избрани најдобрите поетски творби во чест на Св. Климент Охридски - патронот на Охрид

По завршувањето на распишаниот Конкурс за најдобра поетска творба што го распишува општина Охрид по повод Св. Климент Охридски – Патронот на Охрид за стимулирање на творештвото на учениците од прво одделение до четврта година од средните училишта, Жири- комисијата во состав: Славе Ѓорѓо Димоски (претседател), Светлана Голабоска (член) и Ирена Бачиќ (член) донесе одлука за избор на најдобрите творби.Oд вкупно 18 пристигнати поетски творби посветени на животот и делото на Св. Климент Охридски одлучено е:Наградата во I категорија (за ученици од одделенска настава –од  прво до четврто одделение) да ѝ се додели на песната: „За Климент“ под шифра „Букви“.Придужни награди: „Учителот“ од Охрид, шифра „Охриѓанче“ и „Охриде“, шифра „Светлина“.Наградата во II категорија (за ученици од предметна настава – од шесто до деветто одделение) да ѝ се додели на песната „Охридска вечност“, под шифра „Лик“.Придружни награди: „Охрид раскажува за св. Климент“, под шифра „Зрак 10“ и „Климентово дело“, шифра „Учител“.Наградата во третата категорија за ученици во средно образование од прва до четврта година Жири-комисијата одлучи да не ја додели. Затоа предложи наградата предвидена за нив да се подели како придужна награда на првонаградените во претходните категории.Се повикуваат добитниците на наградите да дојдат во Одделението за култура во општина Охрид, најдоцна до 07.12. 2020 гoдина (понеделник) до 12 часот и со себе да го понесат четвртиот примерок од творбата со која конкурирале.

Македонија | пред 5 години

04-12-20_DSF1269-

Филипче: Ковид вакцината ќе биде бесплатна за граѓаните, ги интезивираме подготовките за процесот на вакцинација

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска во изјава за медиумите истакна дека почнати се интензивни подготовки за процесот на вакцинација од ковид-19, со цел да се припреми здравствениот систем за ефикасен начин на вакцинација.„Во делот на набавката на вакцините, веќе се обезбедени 833 илјади вакцини за 400 илјади граѓани преку КОВАКС механизмот. Тоа е маханизам на Светската здравствена организација, Глобалната алијанса за имунизација во коишто учествуваат сите соседни земји, освен земјите членки на Европската Унија кои имаа можност за директни договори со некои компании. Во рамките на овој систем ќе ги добиваме вакцините согласно планот за дистрибуција којшто КОВАКС ќе го одреди и многу скоро очекуваме конкретна информација од нив“, потенцираше Филипче.Покрај овој механизам, министерот Филипче изјави дека веќе се доставени барања за директни договори за вакцини до две светски компании Астра Зенека и Фајзер. По иницијалните нивни одговори се чека и дефинитивната потврда дека дополнителна количина ќе може да се набави директно од компаниите.„И третиот механизам е практично механизмот којшто го понудија дел од земјите членки на ЕУ. Имено, од нивните билатерални договори со дел од компаниите беа договорени 400 милиони дози за граѓаните на земјите членки на Еврпоска унија, од коишто 100 милиони беа наменети за земјите во Европа коишто не се членки на унијата. Иницијална понуда добивме од Полска, понатаму преку премиерот Мицотакис до нашиот премиер Заев и за тоа веќе аплициравме за 800 илјади дополнителни дози, значи од тие 100 милиони дози коишто ќе бидат на располагање. Што се однесува до процесот на вакцинација и логистичка организација, денеска донесовме неколку одлуки, првата е дека вакцинацијата ќе се врши во постоечките наши капацитети, а тоа се вакциналните пунктови и болниците. Ќе се спроведе еден брз процес на тренинг за вакцинирање, согласно спецификите на вакцините за Ковид 19. Сите здравствени работници ќе бидат соодветно обучени“, посочи Филипче и додаде дека за сите овие вакцини коишто се сега на располагање здравствените работници веќе имале искуство од други вакцини коишто се со сличен тип.Вакцинацијата на здравствени работници ќе се врши во рамките на јавно-здравствените установи кадешто тие работат. Вакцинацијата ќе биде бесплатна за граѓаните.„Во однос на логистиката и транспортот веќе имавме состаноци со повеќе економски оператори коишто веќе работат на ова поле, увоз, складирање и дистрибуција на други вакцини. Сите укажаа дека се апсолутно согласни да бидат дел од овој систем и дека ќе ги понудат своите услуги за што ќе спремиме посебни договори. Добивме потврда од една Американска фондација за потребните фрижидери на минус 70 степени и тие ќе стигнат на почетокот на јануари, ќе бидат дел на овој еден систем на чување и дистрибуција на вакцините во државата. На тој начин, во соработка со овие оператори практично само ќе ја надополниме со оваа една вакцина, а системот ќе функционира како што функционира и сега во делот на складирање и дистрибуција на вакцините“, рече Филипче.Во однос на приоритетните групи, тој информираше дека беше донесена одлука - како приоритет ќе се вакцинираат сите здравствени работници кои работат во ковид центрите или се директно изложени или работат со заболени или суспектни. Понатаму, делот на здравствени работници коишто работат со земањето на брисеви, граѓаните над 65 години и пациентите со хронични болести во делот на хронично белодробни и кардиоваскуларни болести според шифрите на дијагноза преку системот Мој Термин, како и вработените во критичната инфраструктура и транспорт.„Епидемијата е сеуште многу силна. Има навистина многу голем број на заразени. Пред нас престои еден период на традиционални семејни собири и слави. Апелирам и замолувам сите да се воздржиме од такви прослави и собири, сигурен сум дека следната година новогодишните и сите други празници практично ќе се слават како што тоа било порано. Но, оваа година сите да ги почитуваме мерките, да не се групираме заради тоа што тоа е најефикасниот начин на спречување на патот на заразата“, апелираше Филипче.На прашањето во однос на тоа кои категории граѓани треба да се вакцинираат, претседателката на Комитетот за имунизација д-р Александра Грозданова потенцираше дека правилото за примање вакцина, како за сите други вакцини така и за ковид вакцината, е да истата се прими во општа добра здравствена состојба.„Пациенти коишто прележале ковид, во зависност од состојбата во којашто се наоѓаат и временскиот период, секако доколку сакаат можат да ја примат вакцината, но имајќи во предвид дека ќе имаме приоритетна листа ќе треба на некаков начин да се приоритизираат токму со тие категории. Како што спомна министерот, здравствените работници директно изложени на работа во ковид центрите, тие коишто ги третираат или работат со пациенти, микробиолошките лаборатории и тие коишто ги тестираат и потоа секако хронично болните. Од хронично болните ќе се прави приоритизација во зависност од нивната здравствена состојба, најчесто се тоа кардиоваскуларните заболувања, респираторни, малигни заболувања и секако еден параметар ќе биде возраста кај пациентите, поприоритетна ќе биде повозрасната група пациенти. Во моментот со оваа категорија вакцини не се опфатени децата. Врз основа на резултатите од клиничките испитувања, после 21 ден од втората доза би можело да се очекува покачување на титерот на заштитните антитела. Кога вистински ќе дојде, ќе видиме индивидуално меѓутоа повторно ќе кажам како и за секоја вакцина после примање на втората доза најмалку во тој период од еден месец би се очекувал заштитниот ефект на вакцината“, истакна Грозданова.

Македонија | пред 5 години

skopje-zagaden-vozduh-magla-2

Холандската амбасада демантира дека Холандија го поддржува ветото

Холандската амбасада попладнево ја демантира и ја оценува како лажна вест информацијата дека Холандија го поддржала бугарското вето за Северна Македонија.Претходно, бугарскиот весник „24 часа“, повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел, јави дека Данска и Холандија се двете земји кои се приклучиле кон ветото. Весникот потсети дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски, претходно напишал на „Фејсбук“ дека Бугарија има поддршка од уште најмалку две членки на Европската Унија.

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: Странски амбасади демантираат, од хистеријата на Мицкоски и Милошоски прегоре системот за лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ

Нема ден, а да не биде демантирана некоја лажна вест излезена од системот за лаги на ВМРО-ДПМНЕ кој очигледно деновиве прегоре од хистеријата на Христијан Мицкоски и неговиот послушник Антонио Милошоски. Последните деманти се доказ како лажните вести и хистеријата што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ги шират на штета на државата и државните позиции, на крајот им се удираат од глава, се вели во соопштението од СДСМ.Тие во истото додаваат:Пропаднаа во вода лагите на ВМРО-ДПМНЕ и Милошоски дека наводно повеќе земји членки на ЕУ се против интеграцијата на Северна Македонија.Уште еднаш се потврди дека се што излегува од белиот дворец под стечај е невистина и измислица. Лага на штета на националните и државни интереси, на штета на интересите на граѓаните.После толку многу потврдени лаги, после толку многу деманти, во ВМРО-ДПМНЕ никако да научат дека вистината секогаш излегува на виделина.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Ограбен магацин за марихуана

На 04.12.2020 околу 03.00 часот, во Полициска станица Валандово е пријавена кражба на марихуана од склад за марихуана на фирма во с.Јосифово. СВР Струмица презема интензивни мерки и активности за целосно расчистување на пријавеиот настан.Според извори на Skopje1.mk марихуаната е одземена со користење на насилни методи, при што лицата кои со маски фантомки и најверојатно наоружани провалиле во објектот го врзале лицето кое вршело обезбедување на складиштето за марихуана.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања