Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

UaYct-

Притвор за осомничен за недозволена трговија со марихуана

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 40-годишен скопјанец за кого постои основано сомневање дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.На 2 декември, при личен преглед на осомничениот, овластени полициски службеници кај него пронашле 147,6 грама наркотична дрога – марихуана. Дрогата му била одземена, а осомничениот бил приведен.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, проценувајќи дека осомниченото лице би можело да се даде во бегство или да го повтори делото. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Скопје | пред 5 години

posta.jpg

Пошта тоне со долгови, новиот директор Макрадули ќе вработува 280 нови лица

Македонска пошта е меѓу најголемите работодавци во земјава, а од друга страна континуирано тоне во милионски долгови.„Пошта“ веќе неколку години наназад е на удар на јавноста дека е претворена во институција за згрижување на партиски кадри. Дополнително, последниот ревизорски извештај обелоденува дека, иако во оваа компанија што е во раце на државата, се трупале загуби а сепак менаџментот си обезбедувал бонуси. Според податоци на последниот ревизорскиот извештај компанијата има загуба од околу 10 милиони евра, објави  republika.mk. Во ек кога „Пошта“ тоне длабоко во долгови новиот директор Јани Макрадули решил да вработува 280 луѓе. Со јавниот оглас ќе се вработат партиски војници на 280 работни места на неопределено време.Текстот во целост на: republika.mk. 

Македонија | пред 5 години

make-bugarska-komisija

Македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период

Македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања и денеска ќе расправа за средновековниот и раноосманлискиот период, по состанокот одржан во текот на вчерашниот ден.Тема на онлајн состанокот е и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев.Премиерот Зоран Заев вчера оцени дека работата на Комисијата се одвива во пријателска атмосфера и изрази уверување дека набрзо ќе има и решенија. Тој повтори дека на средбите не се преговара за македонскиот идентитет и за македонскиот јазик. 

Македонија | пред 5 години

radar-policija

246 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 246 мерки, меѓу кои 25 за возење без возачка дозвола, 12 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 15 мерки за некористење на сигурносен појас, 11 за претовар, 7 мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 6 прекршоци што ги чинат пешаците, 68 мерки за непрописно паркирање и 47 возила се подигнати со „пајак“.За неносење на заштитна маска изречени се 44 санкции.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

taravari-1

Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар, позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на Општина Гостивар Арбен Таравари соопшти дека е инфициран со корона вирусот.– Штотуку го добив резултатот од тестот и се покажа дека сум заразен со вирусот Ковид-19. Мојата информација има за цел да помогне во епидемиолошката истрага и на влијанието да ја подигне свеста што е можно повеќе за спроведувањето на мерките. Сите сме во оваа игра, никој не може да се заштити сам … со тоа што не ги спроведуваме анти-ковид мерките, своеволно се претвараме во оружје еден против друг. Јас ке бидам под силен надзор од страна на лекарите, и благовремено ќе ве информирам за сè. Чувајте се, наведе Таравари на неговиот фејсбук-профил.

Македонија | пред 5 години

nikoloski

Николоски: За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ има стратегија за борбата со КОВИД, но Талат Џафери ја кочи седницата за избор на експертска комисија

Вечерва во вонредната емисија на "Инфомакс" потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски истакна дека во последниве денови постои еден мисменаџмент и една стихија и нема стратегија за справување со ковид кризата. Медицинскиот персонал, сестрите, докторите., навистина се борат но, власта предводена од СДСМ нема вистинска стратегија.-ВМРО-ДПМНЕ има стратегија. И ние предложивме закон кој што се чува во фиока во Собранието на Република Македонија. И намерно од Талат Џафери не се продложува седницата. Со тој закон ние предлагаме да се формира една експертска комисија која ќе биде составена од најдобрите експерти во државата. Нема да бидат предложени од политички партии, туку од оние кои најдобро ја познаваат оваа проблематика. Немаме имиња затоа што тоа е и целта на ВМРО-ДПМНЕ тие членови да бидат надпартиски. За да не ги контролираат партиите. Тоа е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ смета дека не треба да има политика таму каде што се работи за здравјето на луѓето. Тоа ниту е моја работа ниту на Зоран Заев, кога ќе има или нема да има карантин или други мерки. Тоа е работа на експертите. Во целата оваа ковид криза, на тие таканаречени експерти, Заев е тој што им диригира политички одлуки кои што соодвествуваат на неговите политички барања. Познато е дека Заев не воведува полициски час само за да се спроведат предвремените избори во Штип. Кој што самиот ги предизвика и на кои самиот учествува, посочи Николоски.Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека нема да оди на избори по секоја цена и нема да го става здравјето на граѓаните на коцка. Ние не сме Зоран Заев, порача Николоски.-Не сме сите исти. На едната страна се Радмила Шекеринска, Зоран Заев, Никола Димитров, Љупчо Георгиевски - гробарите на македонија во изминатиот период, на другата страна сме ние кои немаме црни дамки позади себе и кои што сакаме да направиме нешто за државата, дециден е Николоски.

Македонија | пред 5 години

erol

MKD.MK: Еролд Муслиу - Бугарија не е безбедносно прашање

Улогата на исламските верски заедници повеќе ја гледам од аспект на превенција и спротивставување на радикализацијата, која треба да се реализира во соработка со други државни институции и граѓанскиот сектор, вели во интервјуто за МКД.мк, Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за разузнавање.Во еден од ретките свои јавни настапи Муслиу открива дека во бегалските кампови во Сирија престојуваат неколку жени и деца по потекло од Македонија, кои живеат во катастрофално нехумани услови, во кои се заканува опасност ситуацијата да излезе од контрола, па да се соочиме со масовно бегство и со тоа да се создаде ситуација во тој бран да се најдат и терористички елементи. Со директорот на Агенцијата за разузнавање разговараме и за коронавирусот, спорот со Бугарија и други теми.Помина една година од појавата на коронавирусот во светски рамки, со кој од крајот на февруари се бори и нашата земја. Што прават на тоа поле безбедносно-разузнавачките служби, конкретно Агенцијата за разузнавање?-Пандемијата несомнено го промени целокупниот начин на нашето живеење и таквата промена ќе остане да се чувствува и по нејзиното надминување. Сите институции мораа да се приспособат на новата реалност и од аспект на внатрешното функционирање и од аспект на исполнувањето на својата мисија.Пристапот на Агенцијата кон пандемијата е како кон глобален феномен, уште повеќе што таа се рефлектира и предизвикува промени во севкупните политички, економски и меѓународните односи, но и кон манифестирањето на асиметричните и хибридните закани. Во вакви услови, идентификувана е адаптација на новата реалност и од страна на терористичките организации и транснационалните организирани криминални структури. Се адаптираа и креаторите на хибридните стратегии со спроведување медиумско-пропагандни активности и дипломатски алатки за влијание врз јавното мислење. Во овој правец, одредени држави преку креирање лажна перцепција во јавноста предизвикуваа позитивни емоции за држави што не се членки на НАТО, наспроти „инертните и несолидарни“ ЕУ и НАТО.Ваквите промени подразбираат нов пристап во работата на безбедносно – разузнавачките служби, покрај ограничувачките околности за нормално функционирање. Агенцијата за разузнавање се адаптира на новата реалност и го задржа нивото на оперативност и редовно информирање на корисниците на информации, вклучително и Министерството за здравство. Во вакви услови, Агенцијата оствари динамична соработка со партнерските разузнавачки служби, разменувајќи искуства и информации за справување со пандемијата, корисни за здравствениот сектор во нашата држава.Колку актуелната ситуација во земјава, особено односите со Бугарија, влијае врз безбедносната оценка за Македонија? Имате ли информации за засилена разузнавачка активност од странските земји во Македонија?-Односите со Бугарија не се безбедносно прашање. Бугарија е наш сојузник во рамките на НАТО и оттука имаме одлични односи со бугарските цивилни безбедносно-разузнавачки агенции. Ние како Агенција ги делиме истите стратешки определби и интереси со бугарските агенции и заеднички се справуваме со асиметричните и хибридните закани. Во тие рамки, АР ја следи разузнавачката активност и делување на земјите што развиваат хибридни стратегии, а во чии рамки пропагандното делување со креирање лажни вести, приспособени на географските, етничките и религиските посебности може да доведе до конфузија и несигурност кај населението и политичките актери во државите. Во вакви ситуации, многу е опасно доколку политичарите и медиумите несвесно влезат во матрицата на хибридно-пропагандното дејствување на креаторите на хибридните стратегии и да предизвикаат дополнителна поларизација и поделби, придружена со тензии во општеството, особено за внатрешнополитички цели и во периоди на предизборие.Текстот во целост на: МКД.мк

Македонија | пред 5 години

press_edna-godina_mandat_3

Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, позитивна на Ковид-19

Битолската градоначалничка, Наташа Петровска, на социјалните мрежи ја сподели веста дека е позитивна на коронавирусот.„Почитувани, резултатите од денешниот направен тест покажаа дека сум позитивна на Ковид-19.Следните денови во согласност со препораките останувам во изолација.Бидете во добро здравје!“, напиша Петровска во објавата на „Фејсбук“.

Македонија | пред 5 години

bocvarski-Ohrid

Министерот Бочварски во работна посета на Општина Охрид

Градоначалникот Константин Георгиески оствари работна средба со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, кој денеска беше во прва работна посета на Општина Охрид.На средбата беше разговарано за тековните инфраструктурни проекти кои општината ги реализира со поддршка на Министерството за транспорт и врски, како и за идните планови за заедничка соработка.-Сакам да се заблагодарам на Министерството за транспорт и врски за поддршката која ја имам јас како градоначалник и општината. Во Охрид, во изминативе три години со поддршка на Министерството за транспорт и врски се реализираа неколку крупни инфраструктурни проекти. Како прво би ја споменал реконструкцијата на булеварот „Туристичка“, потоа реконструкцијата на улицата „Абас Емин“ каде што министерството е задолжено за поставување на новата атмосферска и фекална канализација, како и поставување на нова водоводна линија, а општината е задолжена за инвестициите во делот на горниот строј на улицата. Заеднички го реализираме и проектот за влезот во Охрид, односно реконструкцијата на улицата „15-ти Корупус“. Разговаравме и за проектот за реконструкција на улицата „Македонски Просветители“ кој ќе биде финансиран од програмата на Светска Банка, како и за други проекти кои ги работиме и ќе ги работиме заедно во иднина, изјави градоначалникот Георгиески по работната средба.Тој истакна дека со министерот Бочварски разговарале и за носењето на урбанистичките планови кои се во надлежност на министерството, како и за идните активности на локалната и централната власт во делот на уредување на крајбрежјето на Охридското Езеро, почитување на одредбите од Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот регион, применувањето на законските прописи и исполнувањето на препораките од УНЕСКО.

Македонија | пред 5 години

Sv.KlimentOhridski_2019

Познати добитниците на наградата и повелбаите „Патрон на градот - Св. Климент Охридски“

Добитник на највисокото општинско признание, наградата „Патрон на градот- Св. Климент Охридски“ за 2020 година е академик Вера Битракова- Грозданова, неуморен истражувач, универзитетски професор и еминентен научник од областа на археологијата и историјата на уметноста.Академик Вера Битракова- Грозданова е родена на 19 јули 1939 година во Охрид. Во родниот град го завршува основното и гимназиското образование, дипломира, магистрира и докторира на Филозофскиот факултет во Загреб на тема „Ранохристијанските споменици во Охридскиот регион“. Од 1975 година до пензионирањето е професор на Филозофскиот факултет на Институтот за историја на уметноста и археологија на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а за редовен член на МАНУ е избрана во 2009 година.Во текот на работниот век учествувала во многу археолошки истражувања, особено во Охрид, има објавено околу 150 научни и стручни трудови и учествувала на бројни студиски престои во  Франција, Германија, Грција, Бугарија, Албанија и други земји, а била учесник на бројни меѓународни научни собири. Академик Вера Битракова- Грозданова е носител на повеќе научни и општествени признанија меѓу кои се наградата „Гоце Делчев“, престижната европска награда Herder-Preise и наградата „Климент Охридски“ .Добитници на повелбaта „Патрон на градот „Св. Климент Охридски“ се:-ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид- како главен носител  на борбата со пандемијата на Ковид 19, посветеноста, стручноста и пожртвуваноста на сите вработени во оваа здраствена установа.-Д-р Мимоза Влаши Хиса- специјалист по гинекологија и акушерство, раководител  на Одделот  за гинекологија, акушерство и неонатолошка опсервација во ЈЗУ „Општа болница“ – Охрид- заради нејзиниот ентузијазам, издржливост, посветеност кон пациентите  и соработка со колегите.-Проф. д-р Рубин Земон, социо – културален антрополог- долгогодишен активист во невладиниот сектор  за промоција на мултикултурализмот и толеранција, на богатото културно наследство на Охрид, заштитата на културното и природно наследство, еминентен научник во општествените науки и универзитетски професор. 

Македонија | пред 5 години

kosta-bocvarski-2-1

Бочварски од Охрид најави решавање на дивоградбите на крајбрежјето на Охридското Езеро

Министерството за транспорт и врски следната година ќе ја преземе обврската да го реши крајбрежјето на Охридското езеро преку етапна урбанизација. Се што е во зона на езерото надвор од Генералниот урбанистички план нема да влезе во рамките на новиот Урбанистичкиот план. Со овој чекор ќе решиме голем проблем на општина Охрид, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Охрид.”Имаме заклучок од Владата, во 2021 година министерството за транспорт и врски да предвиди средства за изработка на Урбанистички план за крајбрежјето на Охридското езеро, но само за општина Охрид. Согласно ГУП-от на општиниата, етапно ќе го решаваме проблемот со дивоградбите во крајбрежниот појас на езерото и се што е во зоната на езерото и надов од ГУП-от нема да влезе во тој Урбанистички план. Државата нема да ги преземе плажите, ние само етапно ќе урбанизираме, а тоа значи дека сите нелегални објекти надвор од плановите ќе бидат отстранети, притоа да и дадеме можност на општината во иднина да работи согласно нејзините приоритети”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.Министерот Бочварски на средбата со градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиевски, разговараа за урбанизацијата на градот, за препораките на УНЕСКО како и за капиталните проекти што се реализираат во општината како на локално ниво така и со поддршка на централната власт.Министерот потенцираше дека преку министерството во Охрид се работи на изградба на канализациона и водоводна мрежа, како и рехабилитација на транзитната улица. Преку министерството за транспорт и врски до крај на годината ќе се распиште и јавен повик за рехабилитација на улицата “Македонски Просветители” во вредност од 537 илјади евра.Градоначалникот Константин Георгиевски ја истакна значајноста на поддршката што ја овозможува Владата и ресорните министерства за решавање на горливите проблеми на општина Охрид, како преку инвестиции во капитални проекти така и во делот на урбанизмот и градежништвото.На новинарско прашање за дивоградбите во Струга, министерот Бочварски потенцираше дека законите еднакво важат за сите и во рамките на законските прописи секој градоначалник треба да постапува соодветно. Тој најави средби со градоначалниците и решавање на проблемите со дивоградбитеВо рамки на посетата на општина Охрид, министерот Бочварски ја посети и Капетанија на пристаништата и оствари средба со Капетанот Горан Устијаноски, на која се разговараше за тековните проекти за подобрување на езерскиот сообраќај.

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев: Да профитираме од извоз на сушен цвет од канабис, а дома да ја легализираме марихуаната

Ако успее парламентот до крајот на годината да го донесе законот за измени и дополнување на Законот за опојнит дроги и даде можност во делот на медицинскиот канабис да се извезува, покрај естрахирано масло и сушен цвет, зборуваме за извоз, процената за 2021 е 250 милиони евра од производство за медицински употреби, исклучително за извоз, рече премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите.Како што рече тој, покрај извозот на сушен цвет, државата може да ја легализира марихуаната за развој на туризмот и угостителството и така во буџетот да се слеваат уште стотици милиони евра.„Отворена е можност да дебатираме сите во држвата, не брзаме никаде, цела 2021 година е пред нас, очекувам нашиот народ да оформи став за ова прашање исто како и сите институции, парламентот, Владата, опозицијата, сите заедно да разговараме дали мислиме дека ставањето во употреба на канабисот за рекреативни цели, за нешто што вчера видовме дека и Светската здравствена организација го пушти во светот, што покажува дека сме неколку чекори понапред, дури и од СЗО. Во тој поглед може да го искористиме како акцелератор за развој на оние дејности што не ни се доволно развиени, а тоа се, пред сè, туризмот, угостителството и услужните дејности во државата“, изјави Заев.Тој објасни дека во моментот има 50 лиценци од државата издадени за производство на канабис.„Секој што аплицира може да добие лиценца, огромен дел од тие проекти е веќе реализиран и имаат свое сопствено производство за закон што е донесен за време на претходната власт во 2014 година или 2015 и по тој закон се движиме“, дополни премиерот.

Македонија | пред 5 години

Slika-1-2

Андоновски:Бучковски, Заев и Османи преговараат за работи за кои не се преговара, оставка веднаш!

Стефан Андоновски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест пред Министерство за надворешни работи по мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ кажа дека никогаш не ни помислував дека некогаш ќе се протестира за еднаш изграден идентитет кој е пренесуван со деценииДали постои друга земја за Македонецот освен Македонија? Дали постои друг народ понесреќен, потажен, пообесправен од македонскиот народ. Никогаш не помислував дека ќе треба да протестираме за еднаш даден и изграден идентитет пренесуван со децении, со генерации. За некои работи не се преговара, за јазикот не се преговара, за идентитетот не се преговара, за македонските јунаци не се преговара, за промена на учебници не се преговара.Гоце Делчев е апостолот на македонското револуционерно дело, никогаш не се борел за големо бугарските интереси за освојување на Македонија и ширење на Бугарија, тој се борел за ослободување на Македониј. Тој е апостолот на македонското движење и најголемиот Македонец и од него не смееме да отстапиме, истакна Андоновски.Тој во своето обраќање посочи дека Владо Бучковски, Зоран Заев, Бујар ОСмани сакаат да преговараат за работи за кои не се преговара.Владата на Зоран Заев влезе во едно неофашистичка игра и во таа игра сака да избрише се што сме да не прогласи за дрво без корен. Владо Бучковски, Зоран Заев и Бујар Османи сакаат да преговараат за работиме за кои не смеат да се преговара и затоа доста е. Време е за оставка, оставка за срамот, за лагите кои ни ги носеа дека имаме датум за преговори со ЕУ, оставка зошто рекоа дека нема да има декларација или дополнителен договор со Бугарија, а го донесоа, оставка затоа што преговараа македонскиот јазик да биде со фуснота. Основа затоа што донесоа национален срам на македонскиот народ, а не донесоа ЕУ, потенцира Андоновски.Андоновски порача дека мора сите граѓани заеднички да се изборат против ова зло.Да порачам дека мораме да останеме на барикадите, да не ни биде криво еден ден што додека ни го менувале јазикот, идентитетот, нацијата, додека ни ја предале државата сме седеле дома и тоа нашите и идните генерации никогаш нема да ни го простат и да останеме сите заедно можеме да си избориме против ова. Само така можеме да победиме против мафијата, да победиме за Македонија, додаде Андоновски.

Македонија | пред 5 години

korona-test

Во поликлиниката во Шуто Оризари нов пункт за брзи тестови за корон

Во поликлиниката во Шуто Оризари од следната недела ќе почне со работа пункт каде ќе се врши тестирање за коронавирус со брзи антигенски тестови. Матичните лекари ќе може да закажуваат термини веќе од понеделник, а тестирањето ќе почне во среда и ќе се одвива секој ден од понеделник до петок во прва смена. На пунктот ќе се изработуваат по 30 теста дневно, а тестирањето ќе го врши лаборант, кој помина соодветна обука за земање брисеви за брзи тестови. Во Скопје досега имаше 6 пункта за брзи тетсови и тоа во поликлиникте во Ѓорче Петров, Чаир, Ченто, Бит Пазар, Јане Сандански и Млин Балкан. На овие пунктови дневно се прават по 360 тестирања.Брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот Ковид-19, не повеќе од пет дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали тој ќе се тестира со ПЦР тест или со антигенски – брз тест. Брзите тестови се бесплатни за граѓаните.

Скопје | пред 5 години

zaev-4

Заев: Владата е подготвена да ги објави записниците за петте историски личности

Комисијата за историски прашања од 14 записници имаше решено три, денеска имаат аспирација да ги решат останатите 11 записници. Работата оди во една пријателска атмосфера и за мене е сигнал дека сите се трудат да прават напредок, изјави денска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање за работата на зедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања.Секое усвојување на записник, нагласи Заев, е напредок.– Нашата Влада од досега усвоените записници е подготвена на некоја од следните седници да ги објави записниците за петте историски личности, односно трите историски периоди за да испратиме порака, дека веднаш после тоа започнуваме со импелемнатција на учебниците за 2021-22 година и од бугарска и од македонска страна, за сето она што е поврзано со Цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум Охридски, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на фотонапонска централа во Неготино.Тој изрази уверување дека многу брзо ќе има и други решенија, затоа што, преку тие решенија, како што рече, го градиме заедничкото пријателство на двете земји.Сега е потребен, нагласи Заев, вистински европски чекор на пријателство, кое што ќе даде задолжение и кај нас и кај нив, за уште повеќе да работиме на градење на тоа пријателство што сакаме да го видиме и во Република Северна Македонија и во Република Бугарија.

Македонија | пред 5 години

korona-4

Починати 22 лица и нови 1342 случаи на Ковид 19 во земјава денеска

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3399 тестирања, а регистрирани се 1342 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-479, Куманово-52, Дебар-20, Штип-45, Прилеп-84, Тетово-58, Струга-52, Велес-59, Битола-83, Охрид-49, Кавадарци-42, Гостивар-63, Гевгелија-33, Струмица-29, Крива Паланка-12, Радовиш-12, Крушево-5, Кочани-33, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-4, Валандово-4, Виница-4, Делчево-22, Кратово-7, Свети Николе-13, Кичево-31, Ресен-13, Неготино-18.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 679 оздравени пациенти од: Скопје-266, Куманово-49, Штип-30, Прилеп-51, Тетово-1, Струга-30, Велес-13, Битола-56, Охрид-29, Кавадарци-22, Гостивар-2, Гевгелија-3, Струмица-16, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-3, Македонски Брод-3, Пехчево-4, Берово-6, Валандово-2, Виница-8, Делчево-6, Кратово-8, Свети Николе-11, Кичево-21, Ресен-3 и Неготино-8.Починати се 22 лица, седум пациенти од Скопје (70, 61, 73, 81, 62, 65 и 69г), еден од Куманово (79г), двајца од Штип (81 и 78г), четири пациенти од Прилеп (84, 68, 69 и 79г), еден од Струга (77г), двајца од Велес (72 и 73г), еден од Охрид (87г), еден од Гостивар (71г), еден од Струмица (67г), еден од Крушево (71г) и еден пациент од Берово (86г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 65231, бројката на оздравени пациенти е 41656, на починати е 1847, а бројот на активни случаи изнесува 21728. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 28368, активни 10477• Куманово 3893, активни 886• Дебар 487, активни 122• Штип 2784, активни 523• Прилеп 3231, активни 1031• Тетово 3963, активни 974• Струга 1559, активни 466• Велес 2117, активни 725• Битола 2256, активни 942• Охрид 1718, активни 594• Кавадарци 1358, активни 523• Гостивар 2708, активни 996• Гевгелија 799, активни 263 (60 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 140 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1785, активни 568• Крива Паланка 461, активни 139• Радовиш 456, активни 118• Крушево 141, активни 76• Кочани 1285, активни 246• Пробиштип 378, активни 95• Демир Хисар 205, активни 76• Македонски Брод 177, активни 49• Пехчево 104, активни 19• Берово 395, активни 102• Валандово 227, активни 66• Виница 383, активни 142• Делчево 495, активни 229 (146 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 163, активни 43• Свети Николе 866, активни 226• Кичево 1331, активни 475• Ресен 492, активни 200• Неготино 646, активни 337 (91 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 3399 теста се преку: ИЈЗ-1220, ЦЈЗ Скопје-64, Авицена-303, Биотек-248, МАНУ -221, Жан Митрев (Филип Втори)-182, Систина со PCR метода -180, лабораторија Лаор –55, Судска медицина-18, ЦЈЗ Битола-61, Инфективна клиника-9, ГАК-11, Синлаб-74, Ремедика-19, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -715, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 341.261 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

bage

Почина поранешниот министер за култура Благоја Стефановски – Баге

Благоја Стефановски – Баге, една од најпознатите личности на македонската култура, почина денеска на 67 години. Стефановски беше болен, а потоа и позитивен на Ковид-19. Како директор на Битолскиот народен театар од 1975 до 1980 година тој ги постави основите за забрзан уметнички развој на оваа театарска куќа, која потоа со своите изведби се прослави не само на македонската туку и на југословенската уметничка сцена.Тој беше и претседател на филмскиот фестивал „Браќа Манаки“, на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“, а беше и на чело на „Охридско лето“.Благоја Стефановски стана дел и од македонската политика. Од 1994 до 1998 година беше пратеник во македонското Собрание, а од 2002 до 2006 година и министер за култура.

Македонија | пред 5 години

pres-VmRO

Митевски: Марин во време на пандемија ќе потроши 3.200.000 денари за набавка на опрема за озвучување и хепенинзи

Во време на пандемија, национална катастрофа, максимално загадување, наместо да се посвети на реалните проблеми, Златко Марин не губи време за криминални тендери.  Наместо за помош на семејствата за набавка на ИТ опрема за потребите на учениците или преземање на конкретни мерки против загадувањето, градоначалникот троши наши пари на непотребни работи, истакна Дејан Митевски, претседател на ОК Аеродром на ВМРО-ДПМНЕ.Митевски додаде:Тендер власта предводена од СДСМ и Марин во време на пандемија ќе потроши 3.200.000 денари за набавка на опрема за озвучување и хепенинзи. Чекаше повеќе од 8 месеци по спроведена постапка за јавна набавка да потпише договор со фирма која е чест добитник на тендери во општина Аеродром, чија понуда доставена во март 2020 година е истечена, а дополнително, со договорот заради техничка соработка се ангажира и компанија која престанала да постои во мај 2020 година.Како да му беше малку, па распиша и тендер за новогодишно осветлување за потребите на општина Аеродром, кој се уште не знаеме колку ќе не чини. Немаше друга побитна работа во општината да се сработи, дојдено беше до новогодишни прослави и осветлувања.По примерот на Шилегов, можеби ќе се обиде и да го оправда и овој тендер, дека е во интерес на граѓаните, но освен за негов личен, Марин не знае за друг интерес.На криминалите на власта им нема крај.Почнувајќи од централна, преку градска и општинска власт, знаејќи дека им изминува времето и за многу скоро ќе одговараат за сите криминали, тендери, распродажби и понижувања, се обидуваат да зграбат што е можно повеќе.Па така, приоритет им се тендерите и зградите, а не потребите на граѓаните.Ова мора да се промени многу брзо, а одговорност да сноси секој кој постапил спротивно на законот, истакна Дејан Митевски.

Скопје | пред 5 години

covid-19-vakcina

Утре средба на Филипче со координативното тело за вакцината за Ковид 19

Министерот за здравство д-р Венко Филипче утре ќе има работен состанок со Координативното тело за вакцини за Ковид-19 преку КОВАКС механизмот кој обезбедува глобален и рамномерен пристап до безбедни и ефективни вакцини, потврдени и регулирани од Светската здравствена организација.На состанокот ќе се разгледува стратегијата за имунизација со вакцина за Ковид 19 како и за приемот и дистрибуцијата на вакцините, категориите на граѓани кои ќе бидат први вакцинирани, како и текот на постапката на вакцинација. На состанокот ќе се разгледаат и искуствата на европските земји во делот на подготовките за вакцинација, по што јавноста ќе биде информирана за оперативниот план за вакцинација за Ковид 19.

Македонија | пред 5 години

03122020_Inspekciski-sovet_pres_1

За седум дена инспекциските служби извршија 4.080 контроли, затворени се два угостителски објекта за непочитување на здравствените протоколи

Во периодот од 23 ноември до 29 ноември од страна на седумте инспекциски служби се извршени вкупно 4.080 контроли, по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони во рамки на надлежностите на инспекторатите.Во посочениот период, Државниот пазарен инспекторат изврши 2.635 контроли и 462 надзори поврзани со материјалните закони и здравствените протоколи за работа на угостителските објекти. Притоа, поднесени се 18 прекршочни пријави, 31 прекршочен платен налог и 54 решенија. Од овие 54 решенија, две решенија се донесени согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и се однесуваат на 2 угостителски објекти од Гостивар кои не го почитувале протоколот во делот на ограничен број на гости на маса, поради што изречена им е забрана за работа и соодветна глоба за правното лице и за одговорното лице во правното лице.Во истиот период, Државниот здравствен и санитарен инспекторат изврши 80 надзори, а издадени се 12.218 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на КОВИД-19 и лица кои биле во контакт со заболени, а дополнително издадени се и 9 решенија за констатирани неправилности.Државниот инспекторат за транспорт во изминатите седум дена изврши 43 надзори, при што изречени се 8 прекршочни пријави, 7 решенија и 1 платен налог за прекршувања на материјалните закони.Од извршените надзори по основ на Законот за заштита на населението од заразни болести, не се констатирани прекршувања на законот и на протоколите за превоз на патници.Агенцијата за лекови и медицински помагала во истиот период изврши 28 надзори во аптеки по основ почитување на мерките и издавањето на антибиотици, при што изречено е едно решение согласно Законот за лекови и медицински средства.Државниот инспекторат за труд спроведе 501 надзор во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на протоколите во насока на заштита на здравјето на вработените. При овие надзори, од страна на трудовите инспектори изречени се 26 решенија согласно материјалните закони, а дополнително изречени се и 6 платни налози заради неносење на заштитна маска за лице во работниот простор во Ресен и Битола.Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 23 до 29 ноември, спроведе 331 надзори. Притоа издадени се 5 решенија, еден платен налог и извршени се 22 едукации поради констатирани неправилности кои се однесуваат на неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање и чување на производи и неправилно означување на производите.Инспекторатот за животна средина и природа во истиот период изврши 53 инспекциски надзори, од кои 10 надзори во правни субјекти кои поседуваат А-Интегрирани еколошки дозволи, 38 во правни субјекти кои поседуваат Елаборати за животна средина и 4 инспекциски надзори на нестандардни комунални депонии. Притоа, издадени се 16 решенија со корективни мерки за правни субјекти кои поседуваат А-Интегрирани еколошки дозволи и за правни субјекти кои поседуваат Елаборати за заштита на животната средина. Во текот на викендот овој инспекторат во Тетово, Куманово и Кавадарци, во коишто градови беше надминат прагот на алармирање, изврши 17 вонредни надзори.

Македонија | пред 5 години

policija-123

Кривична пријава против скопјанец за „давање лажен исказ“

СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против А.П.(56) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „давање лажен исказ“, предвидено и казниво по член 367 ст.3 од Кривичниот законик.Имено, пријавениот во текот на 2019 година, со намера да ја прикрие вистинската причина за вадење на нова возачка дозвола, до МВР на Република Северна Македонија, Сектор за надзорни работи, во управна постапка, поднел Барање за издавање на дупликат возачка дозвола и во прилог на Барањето приложил и Писмена изјава, во која пријавениот В.П. лично дал/навел лажен исказ дека македонската возачка дозвола му е украдена, иако знаел дека за време на неговиот престој во Р.Полска, неговата возачка дозвола му била одземена од страна на надлежните органи во Р.Полска.Врз основа на таквото невистиното Барање, од страна на Секторот за управно-надзорни работи при МВР му била издадена нова дупликат национална возачка дозвола на негово име, со што постои основано сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело „давање лажен исказ“.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Предизвиците со кои се соочува здравството во ек на ковид пандемија тема на средбата Филипче, Бомгартнер

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче денеска оствари средба со Н.Е Сирил Бoмгартнер, амбасадор на Република Франција.На средбата се разговараше за предизвиците од корона вирусот, со кои здравствените системи се соочуваат насекаде во светот, беа разменети мислења за товарот што македонскиот здравствен систем го носи во борба со Ковид 19, кога дури и на здравствените системи во развиените земји им е тешко да се справат со вирусот.Се дискутираше и за понатамошна поддршка и соработка во здравствениот сектор во насока на зголемување на квалитетот на здравствени услуги на пацинтите.Министерот за здравство се заблагодари за помошта која Франција и ја даде на нашата земја за време на кризата, односно донацијата во опрема за лична заштита на медицинскиот персонал од Ковид 19.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

100.000 денари награда од Град Скопје за младиот боксер Ардијан Аземи

Младиот Ардијан Аземи, освојувач на бронзен медал на Европското првенство во бокс за младинци, кое пред две недели се одржа во Будва, денеска гостуваше кај градоначалникот Петре Шилегов. На средбата присуствуваше и претседателот на Боксерската федерација, Примислав Димовски и претставници на Боксерскиот клуб „Шкупи“ од Скопје.По предлог на градоначалникот Шилегов, за постигнатиот успех на боксерот Ардијан Аземи, Град Скопје ќе му додели награда во износ од 100.000 денари.Врз основа на Програмата за активностите во областа на спортот и младите во град Скопје, Градот Скопје редовно финансиски и логистички ги поддржува спортските клубови регистрирани на подрачјето на град Скопје, како што во овој случај е финансиската и логистичка поддршка на Боксерскиот клуб „Шкупи“ од Скопје, неколку години наназад. Во последниве 6 години постојан член на „Шкупи“ е наградениот 17-годишен боксер Ардијан Аземи, кој со младинската боксерска репрезентација на Република Северна Македонија го постигна најголемиот успех на македонскиот младински бокс, и за првпат по 25 години во младинските категории освои еден од највисоките пласмани на едно европско натпреварување.Градот Скопје финансиски го поддржа и боксерскиот клуб „Шкупи“ така што во 2020 година преку Програмата за Спорт им додели 50.000 денари, а во 2019 година 40.000 денари за активностите на клубот.

Скопје | пред 5 години

koli

Граѓаните да внимаваат при продажба на автомобили

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека се зачестени кривичните дела измами при купопродажба на патнички моторни возила на територијата на Република Северна Македонија.При вршење на измамите, од страна на измамници се склучуваат нотарски договори без да бидат дадени пари на продавачот на возилото, притоа искористувајќи повеќе невистинити искази за одолговлекување на плаќањето.Потоа, измамниците одбегнуваат секаков контакт со оштетените, стекнувајќи се со противправна имотна корист. МВР презема засилени мерки за расчистување на пријавените измами, но апелираме до граѓаните да бидат внимателни да не склучуваат договори без да им бидат исплатени парите.

Македонија | пред 5 години

korona-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 857 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 857 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 81 пациент позитивeн и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 67 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 60 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 128, во ковид центарот во Гостивар 73, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица лежи 63 пациенти, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 42, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1318 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања