Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

velosipedi

Обвинение за неколку кражби на велосипеди во Скопје

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице кое се товари за продолжено кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.Во периодот од 23.10 до 21.11 обвинетиот со умисла извршил повеќе временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно остварување на истото кривично дело, искористувајќи исти прилики.Имено, во четири одвоени кривично-правни настани, на различни локации во Скопје, обвинетиот влегувал во влезови од згради од каде крадел велосипеди. Притоа со употреба на физичка сила ги кинел сајлите со кои биле врзани велосипедите и противправно ги присвојувал.Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, поради опасност од бегство.​

Скопје | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 49 пациенти, а вкупно се лекуваат 461 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 49 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 461 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа на ТБЦ имало девет приеми, еден во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, тројца пациенти на Клиниката за нефрологија и исто толку во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло. На Клиниката за очни болести имало два приеми.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 15 нови приеми на пациенти, а 14 болни биле примени на Инфективната клиника.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 39 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 34 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 43 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, а на Клиниката за очни болести 14 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 27 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 151 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти, од кои 7 деца и 28 возрасен.Вкупно 461 пациент потврден и сомнителен за КОВИД- 19 се лекува на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

municija-1

На плажа близу струшки хотел откриени сандаци со муниција

Во средата околу пладнето при изведување ископ со багер на плажа, во близина на хотел во Струга, пронајдени се сандаци со куршуми различен калибар а според првичните сознанија муницијата потекнува од периодот на Втората светска војна.По извршен увид од овластен пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување и полициски екипи, констатирано е дека станува збор за стара и оштетена муниција, која е безбедно е подигната од стручните екипи. 

Македонија | пред 5 години

lica-so-poprecenost

Филипче: Лицата со попреченост се гласот кој треба да биде водич на институциите, да им каже каде е проблемот и на кој начин да се реши

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово учествуваше на Тркалезна маса „Трансформација на општеството: Заедница за сите“, организирана по повод 3 Декември, Меѓународниот ден на лицата со попреченост.Тој изрази задоволство што му е дадена можноста да партиципира на состанокот и да сподели информации во однос на тоа што е направено во изминатите три години заедно со институциите и граѓанските организации.На тркалезната маса, Филипче потенцираше дека сите оние коишто имаат мака и се соочуваат со пречки во општеството се тие коишто треба да бидат слушнати, заради тоа што нивниот глас треба да биде водич и на институциите, да им каже каде точно се лоцирани проблемите и на кој начин треба да се реши.„Ковид кризата поремети и успори многу планови. Но и за време на оваа криза водевме сметка за лицата со попреченост во делот на препораката на превентивните мерки. Во многу ситуации тие се изземени, имајќи предвид карактеристиките и спецификите на нивното движење, на нивното функционирање. Во делот на обезбедување на пристап, на неколку места поставивме физички пристап на амбуланти, болници. Ова го направивме во соработка со граѓански организации во Здравствениот дом, болницата во Охрид, во повеќе амбуланти. Ќе ја споменам амбулантата во Сопиште која што никако не можеше да се пристапи освен со соодветна рампа. Навистина посветивме внимание. Сите нови ковид центри кои сега се во фаза на изготвување, на инсталирање со помош на проектот на Светска банка се испланирани така да имаат пристап со количка од страна на лица со попреченост“, изјави Филипче.Филипче истакна дека во изминатиот период интензивно се работеше и со Фондот за здравствено осигурување.„Се направи измена во правилникот, се зголеми пристапот кон ортопедски помагала, се воведоа лесни и ултра лесни колички. За првпат се воведе рефундација за надстандардното ортопедско помагало. За првпат после огромен број на години значајно се зголеми стандардот на ортопедските помагала во делот на лицата со физичка попреченост. И наместо досегашните хидраулични сега миоелектронски помагала може да имаат пациентите кои имаат еднострана или двострана ампутација на долните или горните екстремитети“, рече Филипче.Исто така, направена е инвестиција и во лековите. Најмалите деца кои имаат физичка попреченост како резултат на болеста, сега го примаат лекот Спинраза, кој за првпат се воведе минатата година.Морам да го споменам делот во инвестиција на лековите. Тоа е лекот Спинраза за најмалите деца кои имаат физичка попреченост како резултат на болеста.„Едно мало бебе веќе се спаси, му го спасивме животот благодарение на оваа инвестиција на лекови. И тоа веќе самостојно може да функционира. Инвестиравме многу во соработка со граѓанските организации во делот на обезбедување на сензорни соби, посебно за децата со попреченост во интелектуалниот развој. Таква сензорна соба веќе постои во рамките на Центарот за слух, говор и глас, во Општата болница во Охрид, давајќи услуга којашто дотогаш не беше воопшто достапна на огромен број на деца кои живеат во тие региони“, посочи Филипче.Во делот на Меѓународната класификација на функционалности, се работеше на еден систем подолг период. Во разговор со многу здравствени соработници, експерти кои со години работат во ова поле, поделени во повеќе институции, се договори и се организира начинот на којшто треба да функционира овој систем.„Здравствените соработници, логопеди веќе се префрлени на своите нови работни места во рамките на Здравствениот дом Скопје. Тука на еден централизиран начин откаде што ќе има покриеност на територијата на целата држава, согласно новиот систем на проценка на функционалности овој систем ќе биде ставен многу скоро во функција. Во припрема е Измена на Законот за здравствено осигурување кадешто се првпат овие услуги ќе бидат третирани и плаќани како здравствени услуги. Јас верувам дека овој начин на соработка со граѓанските организации во оваа сфера ќе продолжи и понатаму. Ние сме тука како институции на располагање да излеземе во пресрет. Искрено се надевам дека и следниот 3 декември ќе имаме што ново да споделиме се во интерес на оваа категорија на граѓани“, информираше Филипче.

пред 5 години

lisici

Приведен сопственик на угостителски објект од тетовско

На 02.12.2020 околу 22.00 часот, во тетовска Мала Речица, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 39-годишниот З.А. од истото село, сопственик на угостителски објект. При заедничка контрола на објектот од полициски службеници и инспектори од Државниот пазарен инспекторат, било констатирано дека објектот работи надвор од дозволеното работно време, а во него биле затекнати 6 гости.З.А. е задржан во Полициската станица Тетово и против него ќе следува поднесок по член 206 од Кривичниот законик за сторено кривично дело „непостапување според здрaвствени прописи за време на епидемија“.

Македонија | пред 5 години

mrezi

Охриѓанец незаконски ловел риба во Лагадин

Жител на охридското село Трпејца е приведен поради незаконски риболов.Според информациите на МВР, вчера на брегот кај плажата „Акапулко“ бил приведен 38 годишен жител од охридското село Трпејца, кој незаконски ловел риба во Охридското Езеро.При преглед на пловниот чамец, пронајдени се 143 парчиња риба белвица, осум рибарски мрежи и друг риболовен алат, кои се предадени на Хидробиолошкиот завод.По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Македонија | пред 5 години

panovski

Пановски за ТВ 24: Се надевам дека до јуни сите ќе стекнеме природен имунитет

Универзитетски професор по микробилогија проф. д-р Никола Пановски во емисијата  Студио 10 на ТВ24 истакна дека 33.000 дози од вакцината против Ковид не се многу, ама ќе помогнат во февруари, таму каде се најпотребни.„Здравствените работници ќе мора да издржат до февруари. Најверојатно вакцинирањето од грип е безпотребно годинава. Спречено е ширењето на заразата, нема одење по слави, по спортски натпревари, концерти. Сите се крстиме во тој клеточен имунитет, но не сите 60.000 имаат имунитет, но речиси половина од нив не биле болни. Не значи дека ако некој бил позитивен дека не треба да се вакцинира. За антителата не е сигурно. По мене, сите што се ризични групи треба да се вакцинираат, а оние кои имаат антитела, нема потреба да брзаат. Се надевам дека до јуни сите ќе имаме стекнат природен имунитет, а во септември мислам дека 80% ќе живееме нормално“ вели микробиологот проф. д-р Никола Пановски во Студио 10 на ТВ24.

Македонија | пред 5 години

aerodrom-skopje-2

По поднесено обвинение, државјанин на Албанија осуден за употреба на фалсификувана лична карта

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против албански државјанин за кривично дело – Фалсификување исправа согласно член 378 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 16 ноември, на Меѓународниот аеродром Скопје, при излез од државава, употребил како вистинска лажна италијанска лична карта. Од личната карта била отстранета оригиналната фотографија и на нејзино место била залепена фотографија на обвинетиот. Иако знаел дека јавната исправа е преправена, обвинетиот ја приложил како вистинска на барање на овластено службено лице при редовна контрола.Веднаш по поднесеното обвинение, во Основниот кривичен суд Скопје се одржа рочиште на кое обвинетиот беше огласен за виновен и му беше изречена условна казна затвор од две години која нема да се изврши доколку обвинетиот не стори ново кривично дело во следните пет години, како и казна – протерување од земјава во траење од пет години.​

Македонија | пред 5 години

pajak-11

За една недела подигнати 265 непрописно паркирани возила од Јавните површини

Во текот на изминатата недела (26.11 – 02.12.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 265 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 25 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 240 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 351 возило, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 25 возила се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Скопје | пред 5 години

antikorupciska-1

Антикорупциска ќе проверува како ќерката на Караџовски се вработила во ИЈЗ

Навредливите зборови упатени кон новинарите од страна на ќерката на Жарко Караџовски вчера преку социјалната мрежа Фејсбук, им паднаа в очи и на антикорупциската комисија. Антикорупциска ќе истражува како и кога во ИЈЗ била вработена ќерката на Жарко Караџовски. Комисијата ќе проверува и дали има судир на интереси што таа е задолжена да ја објавува дневната ковид статистика кога нејзиниот татко претседава со комисијата за заштита од заразни болести. Ако има прекршувања на законот ќе има и постапката, посочуваат од антикорупциска. Постапката за вработување на Караџовска денес ја проверувал и вице премиерот за борба против корупција и криминал. Од неговиот кабинет информираат дека работата ја добила во 2014 година, а во тој период тврдат дека нејзниниот татко не одлучувал за вработувања.За потсетување  Караџоска на својот профил меѓу другото напиша:Читам наслови уште од синоќа од типот: Зошто вчеравечер доцнеше статистиката за ковид-19? Да ви се одговори, драги безобразни новинари: Бидејќи системот е оптоварен, вработените остануваат ноќе до касно да бројат рачно и да внесуваат податоци, за потоа истите податоци да се испратат до релевантни структури за проверка и споделување, напиша на Фејсбук,  Елена Караџовска, ќерката на епидемиологот Жарко Караџовски.Навредливите статуси кај Караџовска денеска ги нема на  нејзиниот профил.   

Македонија | пред 5 години

darko-kaevski

Каевски: Од деструктивното однесување на опозицијата првенствено страдаат граѓаните, но нема да го спречат напредокот

Пратеникот на СДСМ Дарко Каевски во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, посветена на работата парламентот и блокадата на опозицијата на донесување на измените на Деловникот, со кои би се овозможило онлајн работа на пратениците што се во изолација, потенцираше дека од деструктивното однесување на опозицијата првенствено страдаат граѓаните.Велат во ВМРО-ДПМНЕ дека власта немала коректен однос кон нив и затоа блокирале. Па, што се виновни граѓаните ако опозицијата не е задоволна од власта, па ги блокирате законите. Со ова однесување на граѓаните им предизвикуваат проблеми.“- рече Каевски.Сакате криза, сакате буџетот да не се донесе, сакате граѓаните да не добијат пари во кризата, ги блокирате законите. Од нас се чекаат одлуки да им го олесниме животот на пензионерите, на децата без родители, на самохраните родители, уметниците, социјалните случаи, рече Дарко Каевски.Нужно е опозицијата да даде предлог, тоа е нужно, рече Каевски, додавајќи дека сите амандмани што ги видовме од опозицијата се само доказ дека си игра со чувствата на граѓаните, со оние на кои парите им се неопходни.Во врска со барањата на опозицијата за расправа во собранието за отворените прашања со Бугарија, Каевски истакна дека за македонскиот идентитет и јазик не се преговара, ако се стави ова прашање во пленум ќе се отворат прашања, што се затворени со договорот.ВМРО сака да ја искомплицира улогата и позицијата на нашата држава и ја нарушуваат позицијата што ја добивме со Договорот што го потпишавме со Бугарија, зашто да дебатираме за нешто што е веќе потврдено, рече Каевски.Тој изрази жалење што опозицијата не помага, туку одмага, и ја повика да каже алтернатива ако има, наместо со ситно политиканство да ја отежнува состојбата.

Македонија | пред 5 години

maksim

Димитриевски: Парафразирањето на Бучковски дека Македонците и Бугарите се еден народ во две држави е велепредавство

Парафразирањето на Бучковски дека Македонците и Бугарите се еден народ во две држави (ставот на соседот) и повикот до нашите историчари да излезат од рамките на историографијата на поранешната држава (НОБ, АВНОЈ и АСНОМ) се чин на велепредавство, напиша на својот ФБ профил  градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.Димитриевски во својата објава додава:Обидот на мала врата да се пласираат теориите дека за Бугарската страна е прифатливо дека Македонскиот народ постои од 1944 година е само потврдување на тезите дека ние сме вештачка творевина.Ваквите изјави се спротивни на Македонските национални интереси и позиции, воедно спротивни и на Уставот и неговата Преамбула која се повикува на актите на Крушевското востание, АСНОМ и Референдумот од 91ва.Во историјата на Македонија ваквите тези ги користеа изолирани поединци претставени од врховистичката пропаганда предводена од Ванчо Михајлов.Денеска во 21ви век тоа го слушаме од Бучковски, поранешен Премиер исклучен од редовите на СДСМ, човек кој во партијата се обиде идеологијата да ја замени со клиентелизам, лојалност и интриги.Како долгогодишен и активен социјалдемократ јавно се оградувам од ваквите изјави кои ги сметам за лични и погрешни и во ниту еден момент не можат да добијат суштинска подршка од мене а верувам ниту од членството а најмалку од јавноста, напиша Димитриевски на ФБ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Македонија и Албанија потпишаа спогодба за заедничко управување со риболовот на Охридското и Преспанското Езеро

Министерите за земјоделство на Македонија и Албанија денеска во Струга потпишаа Спогодба за заедничко одржливо управување со риболовот на Охридското и Преспанското Езеро и наше понатамошно унапредување на напорите за интеграција во ЕУ.Оваа Спогодба беше подготвена за институционализирање на заедничката заложба на двете крајбрежни земји.„ Како што е веќе добро познато, Охридското и Преспанското Езеро се едни од најбогатите со рибна фауна, па тоа наметнува и повеќе предизвици за надлежните органи. Нашата цел е да се создаде усогласена институционална поставеност и пристап за соработка за овие езера. Би сакал да истакнам дека оваа Спогодба обезбедува основа за создавање на ново билатерално тело – Заеднички Комитет за риболов на Охридското и Преспанското Езеро. Овој Комитет ќе ја развие прекуграничната соработка во областа на риболовот и ќе изготви препораки за насочување на двете Страни кон усогласување на нивните регулативи за риболов и управување со риболовот“ изјави министерот Хоџа.Поддршката за оваа активност е обезбедена од регионалниот проект на Германската интернационална соработка (ГИЗ) „Зачувување и одржливо користење на биодиверзитетот на Преспанското, Охридското и неговиот консултантски партнер Институтот за слатководно рибарство Потсдам-Сакров (IfB).„ Фауната нема ни пасош ни граница. Од денеска се надевам дека фауната ќе се третира како една целина. Оваа година ние го порибивме езерото со 1,6 милиони единки од пастрмка, тие не се дел само од нашето езеро, туку се на целото Охридско Езеро и затоа сакаме да имаме една визија и една цел и да придонесеме во иднина да имаме повеќе риби во целото езеро“ изјави министерот Чучи.Неодамна, министерот Хоџа ја посети Република Албанија при што беше потпишан Договор за фитосанитарна соработка со што се постигна, Фитосанитарните Сертификати помеѓу нашите држави да бидат билатерално признати за слободна трговска размена на земјоделските производи. Со тоа се создаде потполно бесплатен коридор за циркулација на земјоделски производи за двете држави. Ова претставува понатамошен чекор кон стратешката иницијатива на Балканскиот Шенген за развој на нашиот регион.

Македонија | пред 5 години

policija-3

27-годишен скопјанец пронајден мртов на Бит-пазар

Вчера, во 5.25 часот, било пријавено дека на подрачјето на Бит-пазар бил пронајден починат М. Ш. (27) од Скопје. Од страна на лекар од итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено за обдукција, соопшти полицијата.

Скопје | пред 5 години

korona5

Денеска починати се 33 лица и нови 946 случаи на Ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-426, Куманово-36, Дебар-2, Штип-22, Прилеп-56, Тетово-46, Струга-24, Велес-30, Битола-61, Охрид-31, Кавадарци-24, Гостивар-46, Гевгелија-12, Струмица-15, Крива Паланка-5, Радовиш-2, Крушево-4, Кочани-3, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Пехчево-2, Берово-24, Валандово-2, Виница-1, Делчево-11, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-13, Ресен-15, Неготино-20.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 789 оздравени пациенти од: Скопје-295, Куманово-46, Штип-46, Прилеп-56, Тетово-38, Струга-15, Велес-26, Битола-28, Охрид-60, Кавадарци-12, Гостивар-31, Гевгелија-10, Струмица-22, Крива Паланка-10, Радовиш-7, Крушево-1, Кочани-13, Пробиштип-1, Демир Хисар-4, Пехчево-1, Берово-5, Валандово-4, Виница-3, Кратово-7, Свети Николе-11, Кичево-19, Ресен-9 и Неготино-9.Починати се 33 лица, девет пациенти од Скопје (62, 62, 63, 67, 79, 66, 74, 81 и 68г), еден од Куманово (70г), еден од Штип (89г), шест пациенти од Прилеп (43, 78, 70, 82, 60 и 85г), еден од Тетово (72г), четири од Струга (60, 71, 65 и 79г), еден од Велес (71г), еден од Битола (55г), еден од Гостивар (76г), еден од Гевгелија (53г), еден од Струмица (73г), еден од Крива Паланка (62г), еден од Пробиштип (70г), двајца од Берово (88 и 63г), еден од Кратово (71г) и еден пациент од Кичево (67г). Од нив едно лице е починато вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 63890, бројката на оздравени пациенти е 40977, на починати е 1825, а бројот на активни случаи изнесува 21088. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 27890, активни 10273• Куманово 3841, активни 884• Дебар 467, активни 102• Штип 2739, активни 510• Прилеп 3147, активни 1002• Тетово 3905, активни 917• Струга 1507, активни 445• Велес 2058, активни 681• Битола 2173, активни 914• Охрид 1669, активни 575• Кавадарци 1316, активни 503• Гостивар 2645, активни 936• Гевгелија 766, активни 233 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 135 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1756, активни 556• Крива Паланка 449, активни 130• Радовиш 444, активни 116• Крушево 136, активни 73• Кочани 1252, активни 227• Пробиштип 368, активни 88• Демир Хисар 203, активни 74• Македонски Брод 175, активни 50• Пехчево 102, активни 21• Берово 391, активни 105• Валандово 223, активни 64• Виница 379, активни 146• Делчево 473, активни 213 (141 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 156, активни 44• Свети Николе 853, активни 224• Кичево 1300, активни 465• Ресен 479, активни 190• Неготино 628, активни 327 (89 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2564 теста се преку: ИЈЗ-395, ЦЈЗ Скопје-54, Авицена-368, Биотек-204, МАНУ -245, Жан Митрев (Филип Втори)-171, Систина со PCR метода -187, лабораторија Лаор –58, Судска медицина-12, ЦЈЗ Битола-40, Инфективна клиника-2, ГАК-3, Синлаб-67, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-21, ЈЗУ (рапид тест) -718, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 337.862 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

dsc01

Мицкоски: Тоа што осудениот Бучковски кој го ослободи Врховен на Заев преговара со Бугарија е вовед во ново апокалиптично сценарио

Продолжуваме со изразување на револтот против погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.  Пред да дојдам на поентата би сакал накратко да се потсетиме на некои факти за кои што ВМРО-ДПМНЕ во минатото предупредуваше. Ќе започнам од самото потпишување на Договорот за добрососедство со нашиот источен сосед кога предупредувавме дека само политички аматер може во договорот да вклучи разрешување на историски спорови и тие да бидат понатаму критериуми за напредокот на државата во рамките на интегрирањето кон Европската Унија, истакна на денешниот протест во куманово Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски пред насобраните граѓани додаде:Но, за жал тогаш бевме од Зоран Заев брутално и грубо одбиени, тој на еден актобатски начин го потпиша овој Договор за добрососедство и гледаме дека тие историски спорови не само што не се решение, туку претставуваат и проблем. Сме биле во право, но за жал тоа што сме биле во право не ја намалува штетата која што ја нанесе на македонскиот народ, на македонската нација, на македонската држава егзибиционизмот на Зоран Заев.Во март месец предупредувавме дека меморандумот кој што беше донесен во Бугарскиот парламент ќе биде составен дел од преговарачката рамка. Но, за жал и тогаш од страна на владејачкото мнозинство и од страна на Зоран Заев бевме убедувани дека тоа не е вистина, дека тоа се лажни вести итн.Ќе продолжам, оваа година јас лично предупредив дека на состанокот помеѓу министрите за надворешни работи на Македонија и соседна Бугарија, од нашиот министер е побаран нов договор, или Анекс кон договорот или некој документ кој што ќе има нова правосилна рамка и ново правосилно значење. Исто така бев брутално навредуван од страна на Зоран Заев и од Бујар Османи и на Никола Димитров дека тоа се лажни вести, дека тоа не е вистина итн. Но, излезе дека сето тоа било точно и дека сме биле во право.Овој пат сакам исто така да ја предупредам македонската јавност, македонскиот народ, македонската нација, граѓаните во Македонија дека новоименувањето на Владо Бучковски за посредник во спорот со нашиот источен сосед, човекот кој што имаше осудителна пресуда а потоа преку Врховниот суд во владеењето на Зоран Заев, а знаете како тие трас-трас одлуки се носеле во Врховниот суд беше ослободен, човекот кој што беше осуден за проневера за тенковски делови, за бугарските тенкови денеска треба да го решава историскиот спор со соседна Бугарија, претставува вовед во едно ново апокалиптично сценарио, вовед во едно ново предавство кое што ќе треба да биде извршено и врз македонскиот надор, македонската нација и македонската држава, асимилација на македонскиот народ, на маса се македонската историја, македонскиот јазик, традиција обичаи и откажување од македонското национално малцинство кај нашиот источен сосед.Од прилика за сето ова денеска преговара Владо Бучковски по налог на Зоран Заев и тој човек не знам дали ќе успее во овие седум дена во период кој што следи секако ќе се обиде да земе дел од срамот кој што ќе биде нанесен врз македонскиот народ.Го предупредувам македонскиот народ, граѓаните на Македонија на будно следење на тоа што се спрема, што се подготвува, на тоа што се преговара а ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија која што ќе ја предводи и дната влада, која што ќе биде влада на национално единство нема ниту една реченица од евентуално парче харија кое што ќе го потпише двоецот Заев и Бучковски да го почитува.Нема ниту едн реченица, ниту еден збор кое што планираат двоецот Заев и Бучковски да го потпишат, а кое што ќе биде на штета на македонскиот идентитет, на македонскиот јазик и на македонската традиција, обичаји да ги почитува, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

244

Приведен возач на камион со 2,44 алкохол

Вечерва околу 17:45 часот полициски службеници од мобилната сообраќајна единица на МВР на патот Прилеп-Кавадарци го приведоа Е.В.Б (49) од Русија, кој управувал товарно моторно возило "волво" со руски регистерски таблички под дејство на алкохол. Приведениот по брза постапка ќе биде изведен пред надлежен судија.

Македонија | пред 5 години

sela

Села: Ќе поднесам барање за промена на Уставот

Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села  во гостување на  ТВ24, најави дека ќе побара промена на Уставот.Села информираше дека деновиве до Собранието ќе поднесе барање со кое од Уставот ќе се избрише формулацијата јазикот кој го говорат над 20 проценти од граѓаните и наместо тоа ќе се стави албанскиот јазик.

Македонија | пред 5 години

dom-1

(ФОТО) Ќе се згрозите од тоа како изгледа домот “Ранка Милановиќ” каде до минатата година се згрижуваа деца

Денес со инспекторите од Општина Гази Баба бевме во посета на домот Ранка Милановиќ. Нема да коментирам понатаму. Овие слики ќе служат како доказ дека 30 години некои работи се ставаат „Под тепих“. Криминал, малолетничка деликвенција и проституција, трговија со наркотици. Зошто овие луѓе се оставени на „цедило“, а служат само за гласање, стои во објавата на општина Гази Баба.  Инаку децата кои престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“,  се префрлени во нов дом . Во новите простории ќе живеат деца до 18 години кои претходно престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“, а имаат интензивна потреба од поддршка и рехабилитација. Истиот беше отворен минатата година. 

Скопје | пред 5 години

skopje-11

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала.Епицентарот на земјотресот се наоѓа во скопското епицентрално подрачје.Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција претходно објави дека земјотресот бил со јачина од 3,4 степени, по што ја промени информацијата во 3,9 степени.

Скопје | пред 5 години

zemjotres-fudbal

(ВИДЕО) Земјотресот во Скопје забележан и во преносот на фудбалски натпревар

Земјотрес со јачина од 3,9 степени го потресе Скопје денеска. Земјотресот беше во 15:10 минути, а истиот  беше почуствуван и во преносот во живо од фудбалскиот натпревар помеѓу Работнички и Пелистер.На видеото, може да се види дека земјотресот добро ја стресе камерата за време на преносот.

Скопје | пред 5 години

davkova

(ФОТО) Силјановска Давкова: Денес излеговме да ја одбраниме Македонија од вирус кој ги напаѓа националните интереси, а се вика Зоран Заев

Денес од пред Влада на протестот „Оставка на Заев, слобода на народот“ на граѓаните се обрати Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. Таа се заблагодари на граѓаните што излегоа на протест и во време на КОВИД-19. Граѓаните денес излегоа на протест бидејќи сега во моментов се заканува смртоносен вирус на Република Македонија. Вирус кој се заканува дека ќе го загрози идентитетот, јазикот и историјата на Република Македонија. Тој вирус се нарекува Зоран Заев.„Ви благодарам за храброста, знам дека се грижите за здравјето како и самата јас. А, денес сме овде бидејќи во прашање е здравјето на Македонија. Покрај почитувањето на мерките за заштита од КОВИД-19, не штити и правото, правдата ама се чини и севишниот. Што сакам да кажам? Забележувате дека ако сакате да ве почитуваат мора да имате самопочит. Јас за тоа им благодарам на сите оние, не само оние кои се овде туку и на оние кои што се одважија гласно да ја изразат самопочитта кон себе, кон својот народ, кон своите граѓани, кон својата држава. И тоа не е случајно. Горда сум на Универзитетот на кој што многу генерации сум учела на право, правда и морал, исто така што се огласи. Универзитетот „Кирил и Методиј“, Институтот за национална историја, МАНУ, Машински факултет, Европското движење чиј еден од основачите сум, и уште многу други институции но и интелектуалци, но и луѓе кои што се основачи на многу партии“, истакна Силјановска Давкова.Силјановска Давкова посочи дека Македонците не се без корен. Република Македонија има длабоки корени во минатото. Името Македонија се споменува и во Библијата. Оваа држава не може никој да ја уништи, нејзината историја е длабока што не може ниту еден договор да ја избрише. Македонците како и сите народи имаат право на своја историја, свој јазик и свој идентитет.„Не не сме ние без корен. Името Македонија ќе го најдете не само во Библијата, туку во многу, многу книги. Името ќе го најдете во многу, многу анализи, на многу карти“, рече Силјаноска Давкова.Силјановска Давкова додаде дека е срамота тоа што го говори владата и Заев. Ги покажа фотографиите каде што татко и добил ордени за храброст бидејќи бил еден од учесниците кои што го ослободиле градот Кичево.Македонците ја ослободиле Македонија од фашизмот, тука не помогнале Бугарите. Се срами што во 21 век се оспорува историја, јазик, идентитет. Но верува дека народот ќе ја одбрани Македонија од вирусот кој ја нападна државата. Македонскиот народ нема да дозволи веќе Зоран Заев да ја понижува и распродава државата.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Шилегов: Вчера загубивме голем човек , голем пријател

Во чест и сеќавање на Енвер Малиќи денеска со едноминутно молчење почна и се одржа онлајн комеморативна седница што беше пренесувана на фејсбук каналот на Град Скопје.На комеморацијата од починатиот заменик-градоначалник на Скопје се простија членовите од неговото семејство, пријателите и соработниците.- Со длабока тага и чувство на голема загуба вчера ја примив веста за смртта на мојот добар пријател Енвер Малиќи, заменик-градоначалник и успешен бизнисмен. Со неговото заминување изгубивме голем и искрен пријател, но и соработник кој несебично го делеше своето обемно искуство во повеќе области.Бидејќи беше човек со ведар дух, со него лесно се разговараше за сите теми, па така често разменувавме мислења за развојот на локалната самоуправа, за економијата, како и за политички теми поврзани со земјава и регионов. Тие што го познаваа Енвер, знаат дека тој од ништо не се плашеше и секогаш беше подготвен за нови предизвици. Енвер беше еден од највлијателните стопанственици во државата и затоа беше почитуван во бизнис заедницата како успешен бизнисмен, но како голем хуманист и филантроп. Нема зборови кои можат да ја ублажат болката на семејството коешто доживеа ненадоместлива загуба, но изгубивме и сите ние коишто го познававме Енвер. Тој беше човек со големо срце и со разбирање за проблемите и потребите на своите сограѓани. Нека ти е светол патот мој пријателе и почивај во мир – кажа Шилегов на комеморацијата.Во име на советниците на Советот на Град Скопје длабоко сочувство до семејството Малиќи изрази Бесник Ајети, од ДУИ.- Дозволете во мое име и во име на колегите да ви изразам длабоко сочувство по повод заминувањето од овој свет на најскромниот колега, бизнисмен и човек што некогаш сум го познавал, покојниот г. Енвер Малиќи. Несомнено, господин Енвер беше посебен по својата професија и пошироко. На овој почесен ден, духовно и во молитва сме заедно со семејството Малиќи. Нека е вечен споменот за него – рече Бесник Ајети.Денеска, во просториите на Град Скопје (пред влезот во Кабинетот на градоначалникот, барака број 4) е отворена книга на жалост за прерано починатиот заменик-градоначалник Енвер Малиќи.Сите граѓани коишто сакаат да се запишат во книгата на жалост ќе можат да го направат тоа од 11 до 16:30 часот, до петок.

Скопје | пред 5 години

maricic-2

Маричиќ: Изработката на методологијата за прочистување во судството влегува во завршна фаза

Министерот за правда Бојан Маричиќ, обраќајќи се на Национална конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија на тема „Реформски идеи за прочистување на правосудството низ призмата на постојните механизми“, најави дека изработката на методологијата по која ќе се прочистува судството и обвинителството е во завршна фаза и набрзо следува нејзино објавување.Според Маричиќ, со спроведувањето на суштинските реформи во правосудството изминатиот период, на чекор сме кон ефикасно и објективно прочистување на системот и враќање на довербата на јавноста во овој општествен сегмент која во моментов е на загрижувачко ниво.- Треба да се дефинираат конкретни критериуми кои ќе бидат земени предвид во работењето на овие важни органи, односно сите судови и обвинителства. Мислам дека веќе имаме доволни механизми и ставот на Министерството за правда е дека независноста и непристрасноста на судството треба да бидат постигнати преку постојните законски решенија, кажа Маричиќ.Министерот додаде и дека методологијата ќе биде доставена на размислување и одобрување до Советот за реформи во судството. Судскиот совет и Советот на јавни обвинители ќе бидат двете носечки институции кои ќе треба да ја спроведат филтрацијата, а Комисија за спречување на корупцијата ќе биде вклучена во делот на проверка на имотната состојба на судиите и обвинителите.

Македонија | пред 5 години

128344992_144949124035983_6757205387891049725_n

(ВИДЕО) „Со голотија и гаќички стигнав до Холивуд“ - Златко Јовановски за успехот во светската мода

Модниот дизајнер Златко Јовановски на јавноста ѝ стана познат уште пред неколку години, кога со своите креации се претстави на модната недела во Лондон. Одеднаш јавноста дозна за младиот моден дизајнер од Тетово, кој со круна на глава се движеше по модната писта заедно со своите манекенки, облечени во неговите несекојдневни модели. За него се зборуваше и откако американската пејачка Ава Макс облече негов фустан за насловната страница на списанието „Хер ворлд“. Креациите на Златко се појавија и во модните едиторијали на „Космополитан“ и „Гламур“, а за него пишуваше и „Вог“, најпознатиот моден магазин. „Да успееш на светската модна сцена, треба да си шлакнат и будала. Јас отсекогаш знаев дека сум роден за светска сцена“, искрен е Златко во интервјуто за „Репортер“.Во светот на модата го однесоа екстравагантните фустани што ги креира, а еден од нив носеше и популарната пејачка Ава Макс. „Кога ми кажаа дека стилистите побарале мој фустан за фотосесија, рекоа да не очекувам многу, бидејќи за сликањето имало уште 200 други фустани. Од нив избрале десет, меѓу кои и мојот, и на крај сребрената креација се најде на насловна на списанието. Уште ми е нереално тоа што се случи, скокав од среќа, буквално“, раскажа Златко.И покрај успехот што го постигна, 25-годишниот креатор откри дека никој од колегите не му честитал. „Не ме изненадува, зашто секогаш сум слушал критики на моја сметка“, вели и додаде дека го критикувале и за начинот на кој се облекува, ама и за креациите со многу голотија.„Професорката Лира Грабул кога ги виде скиците за една школска ревија, ми рече: 'Златко, како да креираш за проститутки, голотија и гаќички'. Ама со таквите дизајни стигнав до светската сцена. И знам дека сега се гордее со мене“, вели тој.Во разговорот ни раскажа и дека на почетокот не му било лесно да ги убеди родителите да му дадат пари за да отвори ателје наместо да запише факултет. Но, неговите креации станаа препознатливи, а она што Златко го опишува како „висок кич“ се најде на модната недела во Лондон, во Виена, а имаше и ревија во Кина. Необичните дизајни со многу пердуви, тантела и камења ѝ се допаднаа и на српската старлета Сораја, а Златко за неа креираше фустан со една гола града што таа го носеше во „Амиџи шоу“. За креацијата за која зборуваше цела Србија и шегите на негова сметка, колку се храбри македонските дами и мажи во изборот на гардеробата, но и зошто не ги прифатил советите на колега-дизајнер да го смени стилот и да се прилагоди на македонскиот менталитет, гледајте го видеото.

Магазин | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања