Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

sela

Села: Груевски имаше причина да ме убие, но каква причина имаше Заев да ми забие нож в грб

Не сме седнале со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да направиме договор за коалицирање. Нема да се криеме ако треба да правиме коалиција. Немаме предрасуда за никого за ниеден политички субјект, рече лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села во гостување на ТВ24.– Алијансата за Албанците ќе прави коалиции со оние партии кои го прифаќаат концептот и идеите. Нашиот идентитет како партија не го градам врз коалиција со македонска политика партија. Нашите ставови никогаш не зависеле од тоа кој е македонскиот партнер од другата страна. Сегашната позиција на ДУИ беше и во времето на Груевски, тие се партнери во Владата веќе 18 години, но тука се само како статуи, без идеја и програма, таква нема. Нивната цел е само да се тука за да земаат удел од власта. Нашиот кредибилитет се гради врз она што им го ветивме на граѓаните. За 27 април сакам да сум во студио со Заев, тој треба да даде некои одговори, зошто сведочи во судот, дека Трајко Вељановски, Миле Јанакиески не биле виновни. За настаните од 27 април осуден е човек што ми ја спаси главата, не треба таква правда да има. Му должам на тој човек. Груевски имаше причина да ме убие затоа што знаеше што ќе му се случи, но каква причина имаше Заев да ми забива нож во грб, „политички“ – вели Села.

Македонија | пред 5 години

arikoma

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ (KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со меѓународната експанзија на компанијата. Согласно купопродажниот договор, Групацијата АРИКОМА ја купува „Сеавус“, компанија за развој на софтвер и консалтинг. Со оваа аквизиција, Групацијата АРИКОМА продира во другите пазари во Европа и ја зајакнува својата позиција во САД. Во исто време, ја зацврстува својата меѓународна позиција во ИТ-индустријата, со консолидирани приходи од 300 милиони евра, добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) од над 23 милиони евра, и повеќе од 2.800 вработени, објави А1ОН.Групацијата АРИКОМА (платформа за консолидација на ИТ-услуги на Групацијата KKCG) продолжува да ја исполнува својата амбиција да стане најголем европски давател на ИТ-услуги што, според Томанек, ќе опфати група специјализирани компании кои заедно ќе нудат интегриран опсег на услуги за дигитална трансформација.Една од главните цели на Групацијата АРИКОМА е посилно етаблирање на странските пазари, истовремено поддржувајќи го подинамичниот развој на сопствените SW-решенија и услуги.Текстот во целост на: А1ОН.

Македонија | пред 5 години

prostitucija

Во Скопје сексуални услуги и преку ден

Десетина сексуални работнички кои својата таканаречена „тезга“ ја држат во реонот околу зградата на Македонската радио и телевизија, ноќната работа ја премостиле, па сега работат само преку ден. Причина за ваква новонастаната состојба, како што тврдат дел од жените е малиот број на клиенти во вечерните часови од кога во земјава се рашири коронавирусот, објави slobodenpecat.mk.Велат дека мал број на клиенти имало и во текот на летниот период, а иста состојба било се до пред десетина дена кога се договориле да „работат“ само преку ден. Некои од нив велат дека и поради коронавирусот побезбедно се чувствуваат кога работат преку ден, а навечер пак, имале проблеми и со полицијата која го „ловела“ нив, но и муштериите.Текстот во целост на: slobodenpecat.mk.

Скопје | пред 5 години

korona-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 804 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 804 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 80 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 54 болни, а во Куманово 110 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 123, во ковид центарот во Гостивар 52, а во Струга 30 болни. Во болницата во Струмица лежи 62 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 20, Кавадарци 40, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1256 и има колку 180 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Постои координација и комуникација на државно ниво за прием и третман на пациентите соодветно на нивната состојба

Приемот и трансфер на пациенти е координиран и регулиран помеѓу здравствени институции и помеѓу градови, а матичните лекари како и клиничарите играат важна улога од почетокот на пандемијата, ова беа дел од темите за кои министерот за здравство д-р Венко Филипче говореше во емисијата Клик плус, која синоќа се емитуваше на тв 21.Филипче посочи дека постои системска комуникација за трансфер на пациенти не само во ковид центрите во Скопје, туку на територија на цела држава, целиот систем е координиран за да не се случи пациент со часови да чека во возило на Итна Помош пред да биде хоспитализиран.-Ние имаме систем на комуникација и на координација за прием и трансфер на пациенти не само во рамките на една институција туку и од една во друга помеѓу институциите во град Скопје и од сите болници кон скопските клиники. Не може да се случи без координација и без претходна најава во групите коишто ги имаме да се прати пациент без притоа да биде обезбедено место и тој да седи во кола за Итна Помош и да чека. Ние мислевме на сите работи. Во Клиничкиот центар се ставија шатори во кои има греење, на неколку позиции се ставени и пред ГОБ „8 Септември“. Кога има огромен наплив на пациенти, нормално е да има такви ситуации-гужви и сите се тука под притисок и преоптеретени. Не се гужвите заради тоа што некој не работи, гужвите се поради тоа што луѓето се преработени и едноставно некогаш не можат да постигнат. Затоа апелирам, да има и трпение, и разбирање кон здравствените работници. Дел од здравствените работници ова го прават од месец март и не се запрени, и нема ни да запрат - рече Филипче.Во целиот систем голема улога играат и матичните лекари, кои како што рече министерот ,,лавовски се борат“ во изминатиот период, а од почетокот на пандемијата преземаа голем товар во третман на ковид пациентите.-Матичните лекари преземаа еден огромен дел од теретот, од работата и исто како и клиничарите лавовски се борат сите овие изминати месеци и овде има понекогаш чекање, но историски гледано така било секогаш. Но, коректно и професионално во делот на поддршка на пациентите - кажа Филипче.Тој потенцираше дека начинот на лекување на пацинети зависи од клиничката слика на пациентот и терапијата не може да биде една за сите пациенти, бидејќи лек за оваа болест е постои.-Типот на лекување е апсолутно идентичен во сите центри. За оваа болест нема специфична терапија се прави комбинација на лекови нема еден специфичен лек се уште траат испитувања. Над 30 испитувања на лекот Фавипиравир, дополнителни испитувања за другите лекови, ова е болест која се уште се лекува со комбинација на лекови врз основа на симптомите што ги дава пациентот, како и зошто се манифестираат. Досега од друга болест ние не сме виделе случај да направите венепункција и крвта да не може да истече низ иглата заради тоа што е толку згрутчена односно згусната. Тоа во светот на медицината досега не било сретнато. - кажа ФилипчеПоследните анализи покажуваат дека притисокот кон болниците се намалува, но се уште сме многу внимателни, изјави Филипе, потенцирајќи дека сме далеку од тоа да може да се каже дека ситуцијата стивнува, бидејќи вирусот многу пати досега покажал дека е непредвидлив.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведен малолетник, расчистени пет кривични дела

Вчера полициски службеници во Полициска станица Карпош лишиле од слобода 16-годишник, поради постоење на основано сомнение дека извршил повеќе кривични дела - разбојништво, тешка кражба, кражба на подрачјето на Скопје…Со лицето е извршен разговор, при што се расчистени вкупно 5 кривични дела, и тоа разбојништво извршено на 27.11.2020 на ул.„Бахар Моис“, тешка кражба извршена на 09.07.2020 во приватна болница во Скопје, две кражби на предмети извршени на 21.10.2020 и на 07.09.2020 и одземање на моторно возило, извршено на ден 15.08.2020.Лицето е задржано во Полициска станица Карпош за документирање на настаните, по што против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Скопје | пред 5 години

bolnica-1

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 30 пациенти, а вкупно се лекуваат 452 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 30 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 452 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 13 приеми и тројца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, четворица болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, тројца пациенти на Клиниката за нефрологија и исто толку во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грлоВо ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти, а седум болни биле примени на Инфективната клиника.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 38 пациенти со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, а на Клиниката за очни болести 17 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 27 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 107 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 150 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 28 пациенти, од кои 7 деца и 21 возрасен.Вкупно 452 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

filipce-1

Филипче: Здравствениот систем се подготвува за вакцинација за ковид-19

Во синоќешното госување во емисијата Клик Плус на ТВ 21, Министерот за здравство д-р. Венко Филипче, меѓу другото, се осврна и на вакцините за ковид-19, тогаш кога истите ќе бидат достапни, напоменувајќи дека веќе се работи на групите на граѓани за кои ќе има препорака да ја примат оваа вакцина.„Вакцинацијата со оваа вакцина ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да ја спроведе здравствениот систем, за што веројатно ќе ни треба помош и од други сектори - да се примат вакцините, соодветно да се чуваат, да се транспортираат, дистрибуираат до местото каде што ќе се аплицираат на лицата кои претходно ќе бидат селектирани како ризични групи што треба да ја примат вакцината, и ние веќе на ова поле сериозно работиме. Ние ги ангажиравме сите економски оператори коишто и сега ги чуваат и ги дистрибуираат вакцините. Тие изразија максимална подготвеност и согласност да го поддржат овој систем. Искомуницирани се сите вакцинални пунктови и една американска фондација. Добивме помош со фрижидери со температура до – 70 за вакцината „Фајзер“ единствена којашто е на таа температура, но ние мора да обезбедиме услови и за таа вакцина. Така што сметам дека во делот на прием, во делот на чување на вакцините, дистрибуција до местата каде што ќе бидат аплицирани веќе планот е спремен, но многу веројатно е дека во текот на следната недела ќе организираме и една вежба на терен како тоа ќе изгледа.“- изјави министерот.Филипче рече дека најверојатно вакцинирањето ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои во овој момент не работат со ковид пациенти, а за што ќе биде организирана и обука. Тоа е планот, бидејќи најверојатно и следната година, тогаш кога ја очекуваме вакцината некаде во првите месеци, се уште ќе има пациенти заболени од ковид и лекарите и сестрите кои и сега работат и тогаш ќе работат со овие пациенти.Филипче појасни дека треба да добиеме 400.000 вакцини, но дали ќе дојдат сите одеднаш се чека на одговор, а тоа зависи од механизмот на Ковакс.„Ние испративме допис и чекаме одговор. Не сум сигурен дека и тие точно знаат заради тоа што првите количини, тоа е суштината на Ковакс механизмот ќе бидат дистрибуирани во сите земји во регионот коишто аплицирале за тој месец. Очекуваме да биде во март месец но не можеме да бидеме сигурни. Кој ќе биде вакциниран е многу важно прашање и препораки се да тоа најнапред бидат дравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни сите критични групи согласно мислењето на експертите. “ – рече Филипче.

Македонија | пред 5 години

stefanovikj

д-р Стевановиќ: Ова е крајно непредвидлив вирус, пациенти губиме за секунда и по 8 недели лекување

Директорката на Клиниката за инфективни болести, д-р. Милена Стевановиќ, во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 синоќа истакна дека здравствените работници за прв пат се соочуваат со крајно непредвидлив вирус, од кој битката со него ја губат и пациенти кои ги лекуваат и цели 8 недели.-Се соочуваме со исклучително тешки пациенти при самиот прием, кога е тешко да се помогне и да се спаси пациентот. Но исто така има и пациенти кои се навреме примени, лекувани 8 недели на третман, и кога мислите сте ја завршиле работата, и кога сте мислеле дека е стабилно, се е во ред, во следните неколку часа ситуацијата се влошува и го губиме за секунда.Во однос на високиот број смртни случаи, д-р. Стевановиќ истакна дека е очекувано бројот на да биде поголем со оглед , бидејќи и бројката на новодијагностицирани и бројот на хоспитализирани пациенти е поголем. 

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Кај ковид пациенти крвта може да е толку згручтена што не може да тече низ игла

Еден факт кој досега не познат за ниту една болест е тоа што кај ковид пациенти крвта може толку да е згручтена што не може да тече низ игла, изјави синоќа во емисијата Клик Плус на ТВ 21 министерот Венко Филипче.„Од друга болест не сме виделе случај крвта да не може да тече низ иглата заради тоа што е толку згрутчена. Тоа во медицината досега е невидено“, рече Филипче.

Македонија | пред 5 години

lugje-plostad-skopje

8 декември, неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека 8 декември, вторник, „Св. Климент Охридски”, е неработен ден за сите граѓани на Македонија.Свети Климент Охридски (роден во околу 840 година – починал на 27 јули 916 година во Охрид) — еден од првите средновековни словенски светци, научник, писател и просветител на Словените.Свети Климент Охридски бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј кои заедно се поврзуваат со создавање на глаголското и кириличното писмо, особено нивното распространување помеѓу христијанизираните Словени. Тој бил основач на Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој излегле 3.500 подготвени ученици, и од страна на некои словенски народи се смета за покровител на образованието и јазикот. Тој се смета за прв Епископ Словенски со титула Епископ Велички.Денеска Свети Климент Охридски се почитува како заштитник на Македонија, градот Охрид и Македонската православна црква.

Македонија | пред 5 години

vilijam-bar1

Американскиот секретар за правда: Секретаријатот за правда не најде докази за широко распростране изборна измама што ќе го промени резултатот

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што ќе го промени резултатот од претседателските избори во САД што се одржаа на почетокот на минатиот месец.Бар го изјави ова по тврдењата на Доналд Трамп за изборна кражба и одбивање да го признае поразот на изборите, на кои победи демократот Џо Бајден, пренесува „Гласот на Америка“.Во интервју за „Асошиејтед Прес“, Бар вели дека американските обвинители и агенти на Федералното биро за истраги (ФБИ) разгледале одредени поплаки и информации што ги добиле, но дека не нашле докази што би го промениле резултатот на изборите. 

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Сашко Николов: Продуктивност, ефективност, ред и дисциплина на сите нивоа на општинските институции во Штип

Кандидатот за градоначалник на Штип Сашко Николов денеска во своето обраќање истакна дека приоритет како нов татко на својот роден град ќе му биде да го направи Штип европски, модерен, отворен град, со еднаквост за сите, родова рамноправност, топол дом за секој жител и пријател на овој град.Прва работа со која ќе го започнам својот мандат ќе бидат продуктивноста, ефективноста, динамичноста, редот и дисциплината, да ги примениме на сите нивоа на општинските институции и јавните претпријатија, да се стремиме да бидеме уште подобри, да го ловиме патот кон ЕУ, истакна Николов.Во врска со плановите како градоначалник, за образованието во Штип, Николов рече дека тим на стручни лица активно работи во изработка на програма за сите недостатоци и комплексни ситуации во Штип.Ќе го реновираме кровот и ќе поставиме термоизолациска фасада во ОУ Гоце Делчев, покривот на средното училиште Славчо Стојменски, во план е реновирање на дворната површина во училиштето Димитар Влахов со поставување на спортски реквизити, во училиштето Тошо Арсов се планира санација на санитарниот чвор, најави Николов.Нашите деца заслужуваат да добијат најдобри услови, нагласи Николов, додавајќи дека во СРЦ Сутлак ќе има затворен базен на услуга на сите училишта, како и нови игралишта и реконструкција на спортски сали.Николов истакна дека се обезбедени средства за санација на историските обележја музеите и содржините околу Исарот, а најави и заштита на нематеријалното богатство како штипскиот адет четресет и дека на Штипјани во 2021 година, доколку здравствените услови дозволат, ќе им го даде Макфест со вратен гламур, грандиозност и елитност.Сашко Николов ги повика своите сограѓани, пријатели на 13 декември да го искажат своето демократско право на глас.Да избереме легитимен кандидат, со почитување на мерките за заштита, како на 15 јули да бидеме општествено одговорни на 13 декември, и во време на пандемија, со која добро се носиме да овозможиме Штип да добие градоначалник кој го носи градот во сигурни раце, порача кандидатот за градоначалник на Штип Сашко Николов.

Македонија | пред 5 години

granati-bitola

Парична награда од 30.000 денари за пиротехничарите што ги отстранија гранатите кај стадионот во Битола

По предлог на претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев, Владата денеска донесе одлука со еднократна парична награда во висина од 30.000 денари да бидат наградени 7 пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување.Наградата е за нивниот ангажман во пронаоѓањето, отстранувањето и уништувањето на над 7.000 парчиња, или 52 тони гранати, кои беа пронајдени на 27 октомври во близина на Градскиот стадион во Битола.

Македонија | пред 5 години

skijacki-centar

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол, со пропишани превентивни мерки во услови на пандемија на Ковид-19.Oдлуката е донесена имајќи предвид дека скијачките центри не располагаат со затворени гондоли на жичниците, информираат од Владата.Владата ги прифати и препораките на Комисијата во однос на протоколот за безбедносни мерки против Ковид-19 за ски-центрите во земјата, за измени во однос на обезбедувањето редарска служба пред билетарниците и ски-лифтовите, задолжително обезбедување физичко растојание од 1,5 до 2 метра и пред билетарниците (како пред жичниците и ски-лифтовите), ограничување на работата на угостителските објекти на терените само на отворен простор и со шалтерска продажба со прибор за еднократна употреба.

Македонија | пред 5 години

enver-2

Георгиески: Сочувство до семејството на Малиќи, загубивме значаен локален функционер, вреден стопанственик

Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам искрено сочувство за смртта на заменик-градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи.Загубивме значаен локален функционер, вреден стопанственик и влијателен член на бизнис секторот.Нека почива во мир, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

skopje-5

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година.Владата на денешната седница го усвои предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и го утврди текстот на предлог-одлуката за одобрување продолжување на рокот за постоење кризна состојба на територијата на земјата, наведува владината прес-служба.Со оваа предлог-одлука му се предлага на Собранието да одобри продолжување на рокот за постоење кризна состојба до 30 јуни 2021 година.

Македонија | пред 5 години

montazna-bolnica-1

Пациент се заканувал кон вработена во ковид-центар

Пациент се заканувал кон вработена во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“.Од полицијата информираат дека настанот се случил синоќа, а пациентот употребил остар предмет упатувајќи закани кон вработената А. М. (31) од Скопје.Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

skopje-smog

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје: Скопје се гуши! Загаденоста 5 пати над дозволеното

Скопје се гуши! Загаденоста на воздухот е енормна, а концентрацијата на канцерогените ПМ10 честички во воздухот е и до 5 пати над дозволеното. Скопјани не дишат воздух, туку смог и смрт, се вели во соопштението на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.Во продолежение на истото се додава:Воздухот е презагаден, поминува уште една година, а Шилегов не одвои ниту денар за намалување на загадувањето, но затоа има половина милион евра за украсување и диносауруси во скопската зоолошка.Шилегов вети дека ќе го реши проблемот со загадувањето, а еве го преспа цел мандат и проблемот се уште не е решен.Од година во година загадувањето е се поголемо, нема нови зелени површини, нема инвестиции во енергетски ефикасни фасади, нема нов јавен транспорт или трамвај како што ветуваше Шилегов.Да го потсетиме Шилегов дека ова е последна зима како е градоначалник на Скопје, и дека треба да се потруди барем малку да влијае на намалување на загадувањето, за скопјани да дишат нормално, се вели во соопштението на Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Скопје | пред 5 години

protest1

Утре блокади во Скопје и протести во 15 градови: Оставка на Заев, слобода на народот!

Продолжуваме заедно со народот во битка за одбрана на честа и достоинството на македоската држава и македонскиот народ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Нема да дозволиме понижување и распродажба на државните и национални интереси, и токму затоа сите заедно сплотени, во масовен број ќе испратиме порака дека Зоран Заев и СДСМ мора да заминат час побрзо бидејќи на Македонија и донесоа само порази и неуспеси.ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните утре (02.12.2020) во 15:00 часот да се прикличат на блокадите пред Владата на Република Македонија и Министерството за надворешни работи, а протести ќе се оддржат и во 15 градови ширум државата, со почеток од 18:00 часот.Време е граѓаните на Куманово, Македонска Каменица, Пробиштип, Делчево, Пехчево, Берово, Виница, Радовиш, Валандово, Дојран, Велес, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид да се обединат против злото наречено Зоран Заев и СДСМ.Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

korona-6

Влада: Гробот во кој е закопан умрен од Ковид-19 нема да смее да се отвори една година

На денешната седница Владата го прифати заклучокот на Комисијата за заразни болести, дека овластените оператори за погребални услуги се должни да го применуваат соодветниот наменски Протокол за превенција од инфекција и контрола за безбедно управување со мртво тело во контекст на КОВИД-19, во кој не е правно нормирано дека постапувањето со тело на умрено лице кое починало од заразната болест КОВИД-19, се врши во затворен и залемен метален сандак.Воедно, со овој заклучок Владата наведува дека подготовка, завиткување, транспорт и закопување на мртво тело кое починало од заразната болест КОВИД-19 не е утврдено дека се врши во затворен и залемен метален сандак ниту во Правилникот за условите и начинот за закопување, ископување и пренос на умрено лице.Согласно протоколот и правилникот, ексхумацијата на починатите е дозволено, но не порано од една година.

Македонија | пред 5 години

vladimir-kocoski

Почина струшкиот хирург Владимир Кочоски од последица на Ковид 19

Доцна попладнево на Инфектвната клиника во Скопје почина 60 годишниот хирург од Струга Владимир Кочоски. Докторот две недели се лекувал од КОВИД 19 но и по негативниот тест , ден пред неговото пуштање дома, му се влошила состојбата поради нарушените витални органи од корона вирусот.Тој беше и кандидат за градоначалник на Струга во изминатите градоналачнички избори. Покрај големата смртност на пациенти од Струга денес градот загуби и врвен доктор и хирург, кој е прва жртва на корона вирусот од здравствениот персонал.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Починати 29 лица и нови 1069 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3012 тестирања, а регистрирани се 1069 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-489, Куманово-60, Дебар-3, Штип-42, Прилеп-81, Тетово-36, Струга-36, Велес-36, Битола-37, Охрид-41, Кавадарци-37, Гостивар-42, Гевгелија-9, Струмица-30, Крива Паланка-13, Радовиш-4, Крушево-2, Кочани-10, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Берово-3, Валандово-3, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-10, Ресен-3, Неготино-18.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1242 оздравени пациенти од: Скопје-326, Куманово-111, Штип-36, Прилеп-69, Тетово-67, Струга-50, Велес-51, Битола-78, Охрид-55, Кавадарци-27, Гостивар-98, Гевгелија-15, Струмица-65, Радовиш-4, Крушево-3, Кочани-33, Пробиштип-5, Демир Хисар-13, Македонски Брод-3, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-7, Виница-14, Кратово-3, Свети Николе-10, Кичево-68, Ресен-12 и Неготино-14.Починати се 29 лица, седум пациенти од Скопје (82, 67, 78 83, 70, 66 и 56г), тројца од Куманово (63, 78 и 62г), четири од Прилеп (73, 65, 76 и 59г), еден пациент од Тетово (62г), двајца од Битола (66 и 85г), еден од Кавадарци (76г), четири пациенти од Гостивар (69, 69, 70 и 58г), тројца од Гевгелија (73, 75 и 71г), двајца од Струмица (63 и 77г), еден пациент од Радовиш (67г) и еден од Неготино (60г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 62945, бројката на оздравени пациенти е 40188, на починати е 1792, а бројот на активни случаи изнесува 20965. Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 27464, активни 10151• Куманово 3806, активни 896• Дебар 465, активни 100• Штип 2717, активни 535• Прилеп 3091, активни 1008• Тетово 3859, активни 910• Струга 1483, активни 440• Велес 2028, активни 678• Битола 2112, активни 882• Охрид 1638, активни 604• Кавадарци 1292, активни 491• Гостивар 2599, активни 922• Гевгелија 754, активни 232 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1741, активни 564• Крива Паланка 444, активни 136• Радовиш 442, активни 121• Крушево 132, активни 70• Кочани 1249, активни 237• Пробиштип 365, активни 87• Демир Хисар 202, активни 77• Македонски Брод 173, активни 48• Пехчево 100, активни 20• Берово 367, активни 88• Валандово 221, активни 66• Виница 378, активни 148• Делчево 462, активни 202 (135 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 154, активни 50• Свети Николе 848, активни 230• Кичево 1287, активни 472• Ресен 464, активни 184• Неготино 608, активни 316 (79 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 3012 теста се преку: ИЈЗ-703, ЦЈЗ Скопје-78, Авицена-263, Биотек-304, МАНУ -219, Жан Митрев (Филип Втори)-256, Систина со PCR метода -212, лабораторија Лаор –36, Судска медицина-7, ЦЈЗ Битола-1, Инфективна клиника-2, ГАК-9, Синлаб-59, Ремедика-38, лабораторија болница Козле-16, ЈЗУ (рапид тест) -802, УК Пулмологија со алергологија –7, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 335.298 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

01122020_PVRSM_Samit_1

Заев: Владата нема да штеди и ќе вложува во зајакнување на технолошкиот и човечкиот потенцијал во земјата

Премиерот Заев на денешната панел сесија на отворањето на Самитот на „Македонија 2025“ подвлече дека Владата, како и останатите земји во светот, е насочена кон екологијата, енергетиката, заштедата на енергијата, дигитализацијата и по надминувањето на КОВИД кризата е подготвена за брз рестарт и унапредување на реформите кои се однесуваат на администрацијата, кои, како што нагласи Премиерот, се започнати и се однесуваат кон зголемување на ефектите на јавната администрација.Премиерот Заев во однос на прашањето за подобрувањето на деловниот амбиент во државата посебно нагласи дека основната цел на Владата е да не штеди и да вложува во зајакнување на технолошкиот и човечкиот потенцијал на нашата земја, при тоа нагласувајќи дека евтината работна сила не треба да биде основна карактеристика за вложување туку да се искористи можноста дека нашата држава се уште е привлечна за инвестиции во поглед на ниските даноци и пониските цени на ресурсите.„Државата е подготвена да не штеди пари, да не штеди ресурси и било какви потенцијали за да вложи во јакнење на тој технолошки и човечки потенцијал во државата, рековме нашата предност е човекот, ние имаме генерално добро образование кое што мораме да го преадаптираме на модерните трендови на потребите на пазарот на трудот“, рече Премиерот.„Главната цел ни е да ја зголемиме конкурентноста на компаниите, микро компаниите, да ги направиме бизнисите конкурентни. Тоа зависи и од продуктот на трудот. Граѓаните, бизнисмените, работниците сите заедно успеаја да и пркосат на кризата и да ги зачуваат местата. Таргетиравме 200.000 работни места, по анализите сочувавме 80.000 работни места кои би биле изгубени ако не развивме вакви економски пакети, како што развива и целиот свет и тоа ги дава резултатите. Многу е значајно што помогнавме на ранливите категории на граѓани и на посиромашните за да се преброди оваа криза“, рече премиерот Заев информирајќи за четирите пакети за поддршка на компаниите и граѓаните за време на здравствено-економската криза.Тој подвлече дека, Владата е посветена во однос на економијата, да ги максимизира сите домашни ресурси и човечки потенцијали како интелектуалци, професори, практичари во бизнисите, кои можат да помогнат на државата во однос на засилување на економскиот раст и развој на Северна Македонија.

Македонија | пред 5 години

mickoski

Мицкоски: Тешко на Македонија ако решението се „тандемот лепливи прсти Заев и Бучковски“

Бучковски предлагаше заедничко чествување на Илинден со источниот сосед, a Заев во скорeшното интервју ги направи ослободители. Денес, човекот чија кариера заврши со политички договор за судскиот предмет Тенковски делови, Заев го враќа на нова врата која преговара за историјата, јазикот, македонското малцинство, хероите, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски во објавата додава:Луѓето со "лепливи прсти", едниот познат по Бачило, продажба на ЕВН, Маџар Телеком, пасоши, другиот познат по Глобал, поткуп- евро за Вицето, Рекет 1 и 2, плантажи со марихуана се тандемот кој треба да го решава проблемот со Бугарија. Овие двајца луѓе се познати само по продавање, и тоа за жал по евтино продавање.Тешко на Македонија ако решението се "тандемот лепливи прсти" Заев и Бучковски. Ова е предвестие на катастрофата која не смееме да дозволиме да се случи. Затоа кога овие двајца се прашањето, одговорот е народот.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања