Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

protetst-13

(Видео) Мицкоски: Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци

„Ова се моменти кога се одлучува за иднината на нашите деца и внуци и затоа навистина овој пат треба да реагираме одлучно. Во минатото често пати повторувавме дека не треба да се потпишуваат договори на егзебиционистички начин, договори чија содржина наместо да биде решение ќе претставува проблем. Тоа го зборувавме и кога се потпишуваше Договорот за пријателство и добрососедство со соседна Бугарија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на протестите кои се одржаа денеска пред платото на Владата, како и пред зградата на МНР.„Морам да напоменам дека ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и другите влади преговарале за постигнување на еден таков договор, но никој буквално ни една влада не се осмелила да потпишат таков договор со таква содржина, бидејќи доколку вие во договор го ставите проблемот со кој се оспорува потеклото, коренот на вашиот јазик, договор во кој се оспоруваат историските факти, и бидат фактички критериум за понатамошно ваше полноправно членство во ЕУ не е договор. И тоа никогаш нема да претставува договор кој ќе ја донесе Македонија во рамките на обединета Европа и дел од европското семејство, туку напротив претставува алатка на тие што се внатре континуирано да вршат уцена и терор врз македонскиот народ, врз македонската нација и врз македонската држава.За жал, тоа не успеа да го види Зоран Заев и само политички аматер може да потпише еден таков договор во кој историјата ќе биде критериум за напредок на државата во процесот на полноправно членство во рамки на ЕУ. Жалам што денеска ние не зборуваме за вештачка интелигенција, подобар и поконкурентен здравствен систем, среќни земјоделци, млади коишто овде, во Македонија, ќе ја градат својата иднина и луѓе кои ќе сакаат тука да останат. Ние денеска зборуваме за исполнување на елементарното човеково право, а тоа е правото на самоопределување“, рече тој.Според Мицкоски, гласот од страна на меѓународната заедница е таков дека работи што не треба да се преговараат треба да останата надвор од процесот за интеграција на Македонија во ЕУ, како што се идентитетот, обичаите, историјата, јазикот, итн.„За жал, овие понизни и сервилни политики на Владата предводена од Зоран Заев нè доведоа во една ваква ситуација, буквално помеѓу асимилација и интеграција. Затоа час поскоро оставка и затоа ги повикувам скопјани и утре со почеток во 15 часот заклучно со 16:30 да ни се приклучат овде пред платото на Владата, но и пред Министерството за надворешни работи повторно да го изразиме нашиот револт против овие политики коишто на таинствен начин ги води Владата на Зоран Заев. Оние преговори за кои Зоран Заев велеше дека се водат на ниво на работни групи, а, пак, оние гласноговорници на СДСМ поитаа да го демантираат Зоран Заев и да кажат дека нема такви преговори.Народот заслужува да ја знае вистината, ВМРО-ДПМНЕ заслужува да ја знае вистината. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија којашто денеска во рамките на Парламентот во комисијата за надворешни работи иницираше расправа за заеднички став, за заедничка позиција и консензус во преговорите коишто се дел од овој договор за добрососедство со нашиот источен сосед. Но, за жал, од парламентарното мнозинство тој предлог беше одбиен и, за жал, уште еднаш го покажаа своето лицемерие во полн блесок“, додаде тој.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите треба да продолжат непречено со својата работа

Инцидентите со спречувањето на новинарите во кругот на „8-ми Септември“ се истражуваат, а одлука за забрана на работата на новинарски екипи во кругот на јавни здравствени институции не постои.Денеска на барање на Министерот за здравство Венко Филипче, се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) и Советот за етика во медиуми на Македонија (СЕММ), а по повод вчерашната реакција на ЗНМ и ССНМ во врска со попречувањето на работата на новинарите во кругот на ГОБ „8-ми Септември“ во Скопје.На состанокот министерот Филипче укажа дека не постои одлука од страна на Министерството за здравство да се попречува работата на новинарите, снимателите и фоторепортерите во ниедна здравствена јавна установа во Република Северна Македонија.Во оваа насока Министерот додаде: „инцидентот кој се случил во изминатите денови во „8-ми Септември“ на кој не им беше дозволено на група на новинари да известуваат од пред влезот и паркингот на оваа болница е изолиран и за истиот се преземаат мерки да се расчисти и да се преземе одговорност од страна на лицата кои директно ја попречиле работата на новинарските екипи“.Претставниците на новинарските организации ја поздравија одлуката на министерот Филипче да се преземат идни активности за решавање на овој случај и додадоа дека само преку заедничка и координирана активност помеѓу министерството и професионалните новинари ќе имаме гаранции за точни и навремени информации во врска со пандемијата во земјата.На денешната средба помеѓу министерот и новинарските организации се надмина претходното недоразбирање, во однос на тоа дали постои формална одлука со која може да се ограничи јавниот простор на кој работат новинарите пред јавните здравствени објекти.Министерот истакна дека новинарите можат и треба непречено да снимаат на сите јавни простори пред болничките установи во насока на професионално известување во однос на пандемијата.Претставниците на ЗНМ, ССНМ и СЕММ пак уште еднаш истакнаа дека новинарите во своите известувања треба да се држат до етичките стандарди, почитувајќи ја приватноста на пациентите или нивните блиски, во склад со јавниот интерес.Освен ова, присутните се сложија дека e потребно и во иднина да продолжи комуникацијата со цел да се превенираат слични ситуации кои можат негативно да се одразат на работата на новинарите, но и на здравствените установи и медицинскиот кадар.

Македонија | пред 5 години

paricnik

Паричник украден од починат пациент во Ковид центар во Скопје

Вчера во Полициската станица Центар Г.К. (48) од Скопје пријавил дека во временскиот период од 21.11 до 29.11.2020 година во Комплекс клиника „Мајка Тереза“ (Ковид Центар) каде бил хоспитализиран неговиот татко Д.К. (72) кој починал во центарот од страна на непознат сторител одземен му е паричникот во кој имало пари и лични документи и предмети, велат од полицијата.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

3

Средба на министерот Спасовски со Претставникот на УНИЦЕФ во земјава Патриција Ди Џовани

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и државната секретарка Магдалена Несторовска имаа средба со Претставникот на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија г-ѓа Патриција Ди Џовани. На средбата се разгледуваше досегашната и идната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава.Министерот Спасовски истакна дека покрај размената на информации и гледишта во делот на досегашната соработка заедно со своите најблиски соработници ќе се заложат кон нејзино унапредување во иднина и во таа насока беа разгледани неколку предлози меѓу кои и усогласувањето на законодавството со ЕУ и меѓународните стандарди, соработката во однос на делот на заштитата од насилство преку интернет, сместувањето на децата странци, меѓуресорската соработка, како и работата на меѓусекторските тимови, особено во контекст на заложбите на Владата за постепено ставање на крај на насилството врз децата и нивна заштита.Министерот Спасовски исто така изрази и задоволство од досегашната успешна взаемна соработка.Од двете страни, беше изразена отвореност за соработка преку различни форми, а особено преку проектот поддржан и од Европската унија за заштита на децата и реформите во правосудниот систем, во кој покрај МВР се инволвирани и повеќе други национални институции, вклучување на МВР во системот Мој термин на Министерството за здравство при случаи на насилство врз децата, дигитализација на работата на МВР. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и Претставникот на UNICEF во Република Северна Македонија г-ѓа Патриција Ди Џовани остануваат отворени за соработка, во полза на заедничката цел - заштитата на најмалите.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Нов сообраќаен режим околу ТЦ Буњаковец и подигнати пешачки платоа во близина на основите училишта и градинките во Општина Центар

Од денес Општина Центар започнува со имплементирање на новите сообраќајни решенија на повеќе локации во општината.Во тек е изведбата на три издигнати пешачки платоа за смирување на сообраќајот кој се одвива во зона на детските градинки и општинските основни училишта.Трите издигнати пешачки платоа се изведуваат на улиците „Никола Тримпаре“, „Апостол Гусларот“ и улицата „9 Мај“, во непосредна близина на општинското основно училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, матичниот објект на градинката „13 Ноември“ и клонот Наум Наумовски Борче на градинката „Кочо Рацин“.Покрај овие 3, дополнително ќе бидат изведени уште 6 пешачки платоа, со што ќе се зголеми безбедноста на пешаците и на децата кои престојуваат во градинките и посетуваат настава во основните училишта.Покрај изведбата на 9-те платоа, Општина Центар на локациите ќе постави нова вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација.Овие зафати се изведуваат со целосна сообраќајна проектна документација, одобрена од СВР Скопје и Град Скопје, како надлежни институции за оваа проблематика.Изведбата на пешачките платоа ќе биде готова до крајот на оваа година, а поради градежните зафати ќе се изврши и времена измена на сообраќајот. Апелираме до граѓаните за трпение и разбирање во период додека траат градежните работи, со цел ефикасност на изведбата и поскоро пуштање во употреба на издигнатите пешачки платоа.Покрај ова, Општина Центар сака да го најави и новото сообраќајно решение за делот околу трговскиот центар „Буњаковец“. Поради оштетувањата на знаците, после 10 години, во реонот на ТЦ „Буњаковец“ ќе се постави нова хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација.Со поставувањето на новиот сообраќаен режим, ќе се олесни движењето на сите учесници во сообраќајот во овој дел од Центар, ќе се подобри ориентацијата и ќе се зголеми безбедноста на пешаците, велосипедистите и корисниците на алтернативните видови на сообраќај.

Скопје | пред 5 години

protest-5

(ФОТО) Николоски: Денес оставка, за да се спречи Зоран Заев да продава се што е македонско

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николски на денешното обраќање пред граѓаните собрани пред Владата рече дека мора да се стави крај на распродажбата на се што е македонско од страна на Зоран Заев.„Еве веќе недела дена, Македонците, граѓаните на Македонија, од сите краеви на Македонија го креваат гласот против најголемото национално предавство кое и се случува на Македонија“, рече Николоски во обраќањето.Потпретседателот Николоски посочи дека присуството и блокадата пред Владата се уште еден сигнал за оние кои седат во Владата, а се предводени од Зоран Заев.„Ова овде, оваа бокада е уште еден сигнал за оние кои седат позади, тука на чело со Зоран Заев, дека денес, сега, ова е моментот во кој треба да поднесат оставка и да престанат да ја понижуваат Македонија и македонкиот народ“, кажа Николоски.Николски во обраќањето порача:„Денес оставка, за да не е доцна.Денес оставка, за да престанат националните понижувања.Денес оставка, за да престанат да тргуваат со македонската историја, македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската култура.Денес оставка, затоа што за пусти пари распроадваат работи кои не се проадваат, за пари за бизниси, за да им работат фирмите во Струмица, ама и фирмите во Бугарија, да им работат фирмите во Струмица, ама и фирмите во Петрич.“  

Македонија | пред 5 години

Milososki-25112020

Антонио Милошоски остана без нотарската лиценца

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски остана без нотарската лиценца, откако Министерството за правда, поради неговата пратеничка функција му ја одзема дозволата за работата, односно е разрешен од нотарската служба, објави А1 ОН.Милошоски решението за нотар го добил уште во 2016 година, но по неговиот избор за пратеник во Собранието на предвремените парламентарни избори истата година во декември, до Министерството за правда веднаш поднел барање за ставање во мирување на службата додека ја извршува функцијата пратеник.Тогашното раководство на Министерството за правда експресно го прифатила ваквото барање и Милошоски, по што само неколку денови откако ја добил лиценцата за нотар истата ја стави во мирување. 

Македонија | пред 5 години

korona-3

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 846 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 846 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 77 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 63 болни, а во Куманово 117 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 128, во ковид центарот во Гостивар 73, а во Струга 34 болни. Во болницата во Струмица 66 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 21, Кавадарци 36, а во Гевгелија 13 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1335 и има 140 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

01122020_MTV_Bocvarski_preskonferencija-1

Бочварски: За следната година инвестираме 4 милијарди денари во железницата, гасификација, водоводи и канализации, локални патишта и други капитални проекти

Буџетот за 2021 година на Министерството за транспорт и врски е развоен буџет во кој најголем дел од проектираните средства или 83 проценти се расходи наменети за капитални проекти. Со Буџетот планираме да обезбедиме високо ниво на реализација на капиталните инвестиции во делот на гасификацијата, железничката и комуналната инфраструктура како и станбената изградба, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на денешната прес-конференција на која го презентираше предлог Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2021 година.Предлог Буџетот на Министерството е позициониран на ниво на 5 милијарди и 306 милиони денари, од кои 4 милијарди и 404 милиони денари се наменети за капитални проекти.„Република Северна Македонија се наоѓа во фаза во која се неопходни крупни инвестиции во инфраструктурата како предуслов за закрепнување и брз развој на државата. Од тие причини за 2021 година проектиравме Буџет кој реално ќе овозможи навремена реализација на сите капиталните инвестиции како и обезбедување на потребите на голем број на граѓани. Клучен капитален проект на кој ќе посветиме големо внимание е изградба на железницата на Коридор 8 за што проектиравме 1 милијарда и 800 милиони денари. Силен фокус ќе дадеме на доизградба на магистралните гасоводи како важен сегмент за одржување на економската стабилност на домашното стопанство, за што планиравме 749 милиони денари. За поквалитетен живот на граѓаните обезбедивме 937 милиони денари за изградба и реконструкција на канализации и водоводи во општините. За следната година веќе обезбедивме 615 милиони денари за изградба и санација на локални улици и патишта во општините, многу значаен проект за подобрување на урбаното живеење. Она на што сум посебно горд како Министер и претходно како Градоначалник е што започнуваме со изградба на браната Отиња во Штип. За таа цел проектиравме 150 милиони денари за следната година”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.Презентирајќи ги капиталните проекти, тој додаде дека за следната година предвидени се и 134 милиони денари за изградба на социјални станови, како и 114 милиони денари за проект за олеснување на трговијата за Западен Балкан.Следната година во соработка со Град Скопје се отпочнува проект за брз автобуски превоз на градот каде Град Скопје е носител и имплементатор на проектот, а Министерството за транспорт и врски е овластен претставник за земјата за повлекување на средства од ЕБОР. За таа цел за 2021 година за оваа намена предвидени се 33 милиони денари.Исто така со Буџетот планирани се и 69 милиони денари за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии.„За да ги забрзаме сите овие капиталните проекти, не само од ресорот Транспорт, туку и преку другите министерства, на централно ниво ќе се формира единица за надгледување и реализација на капиталните проекти се со цел да испорачаме високо ниво на нивна реализација. Така на пример ќе бидеме обврзани во првото тромесечје да реализираме најмалку 15 % од планираните средства, второто тромесечје до 40 %, односно 65 % до третото тромесечје, согласно законот за извршување на Буџет за 2021 година. Така да очекуваме силна посветеност во реализација на сите планирани проекти”, истакна министерот Бочварски.Тој додаде дека во соработка со ЈП за државни патишта продолжува инвестицискиот циклус во патната мрежа низ државата преку изградба на автопати и експресни патишта како и реконструкција на регионалната патна мрежа.

пред 5 години

kostadinov

Костадинов: Се што излегува од устата на Мицкоски е лага, за јазик и за идентитет не се разговара

Се што излегува на устата на Христијан Мицкоски е апсолутна, ноторна лага, како последните обвинувања дека викендот наводно Македонија се раскрчмувала, за на крај да излезе дека немало никакви официјални разговори во Софија, истакна портпаролот на СДСМ Коста Костадинов, за емисијата студио 10, на ТВ24.- Навистина сметам дека опозицијата треба да биде коректив на власта, но во исто време верувам дека се наоѓаат во еден идеолошки вакум од кој им е тешко да излезат. Замислете партијата која 11 година се обидуваше да ни инсталира антички идентитет сега зборува за загрозен идентитет, потенцираше Костадинов.Тој нагласи дека идентитетот ни е потврден благодарение на одговорните, државнички и успешни политики на власта предводена од СДСМ.- Да не заборавиме влеговме во НАТО како членка, како Македонци, кои зборуваат македонски јазик, кој што нема бугарски корени, истото се случува сега при нашиот процес на интеграција во ЕУ и решавање на ова прашање со Бугарија. Треба да дадеме шанса на преговорите. Нашите црвени линии се тие, ние ги спомнуваме многу јасно и гласно, дека сме Mакедонци, кои зборуваме македонски јазик, кој нема корени од бугарскиот јазик, потенцираше Костадинов.Тој повтори дека непобитен факт е дека Македонците својата сувереност ја оствариле преку АВНОЈ-ска Југославија, а својот вековен идеал за своја држава во АСНОМ-ска Македонија.- Нашата слобода се базира на антифашизмот, сакам да упатам силна порака, не смееме да ставаме етнички предзнак на фашизмот, во тоа искрено верувам. Нашиот стремеж, цел е интеграцијата на ЕУ, сојуз во кој е и Бугарија и Германија. За таа цел треба да бидеме искрени пред себе и пред граѓаните. Да не ги залажуваме, да не ги подгреваме страстите, да не шириме хистерија како што тоа го прави Христијан Мицкоски во еден особено важен период за државата и граѓаните, истакна Костадинов.Костадинов посочи дека ширењето на лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и се зајакнува во овој процес, а ниту јазикот, ниту идентитетот се на преговарачка маса, ниту некогаш биле.- За тоа не обвинуваа и за Преспанскиот договор, се потврди дека не е така, не обвинуваат и сега и тоа ќе се потврди дека не е така, се што прави Мицкоски е да си ја заштити фотелјата во белата палата со блокирана сметка. Европската формула е да си простиме но да не заборавиме, навистина верувам дека можеме Европа да ја донесеме кај нас и да станеме членка на ЕУ, порача Костадинов.Во врска со почетокот на преговорите со ЕУ, Костадинов нагласи дека наше е да направиме се во рамки на нашите можности да конечно го оствариме овој идеал и нашите граѓани да бидат дел од европското семејство и да влеземе во ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик признаени oд цел свет, исто како што тоа го направивме при нашето приклучување во НАТО.

Македонија | пред 5 години

sida

МЗ: Со Програмата за заштита на населението од ХИВ се постигнати значајни резултати

Денеска се одбележува Светскиот ден за борба против ХИВ/СИДА. Според Светската здравствена организација, од доцните 90’ години, светот бележи прогрес, но ХИВ инфекцијата и натаму останува голем глобален здравствен проблем. И како и многу други глобални здравствени проблеми, дополнителен предизвик претставува пандемијата со Ковид-19.Во нашата земја, во текот на 2020 година, до 30 ноември регистрирани се вкупно 29 нови лица со потврдена ХИВ-инфекција, а новодијагностицираните припаѓаат на различни возрасни групи од 20 до 69 години. Сите новодијагностицирани се од машки пол, додека според начинот на пренос, кај 25 лица инфекцијата се случила во рамките на популацијата на мажи кои имаат сексуални односи со мажи, а 4 лица се изјасниле како хетеросексуалци.Половина од новодијагностицираните ХИВ-тестот го направиле во сервисите коишто нудат бесплатно и анонимно ХИВ-тестирање и советување – во невладините организации и во рамките на институциите. Останатите половина биле дијагностицирани во други здравствени установи или дошле од странство.До овој момент на Клиниката за инфективни болести вкупно 306 пациенти се вклучени во системот на здравствена заштита во врска со ХИВ, а 99% (n=303) од нив примаат антиретровирусна терапија, што е исклучително висок процент. Само 3 лица сè уште не почнале да примаат терапија, поради тоа што во тек е спроведувањето на неопходни претходни анализи, средување на документи поврзани со здравственото осигурување, или по личен избор на пациентот.Во овој момент кај 91% од пациентите вирусот е супримиран, односно имаат т.н. недетектабилно ниво на вирус во крвта. Се очекува ова да се постигне кај сите пациенти коишто почнале со терапија. Тогаш имунитетот на пациентите може да ја врши својата функција и да се регенерира, а исто така, исклучена е и можноста за пренос на вирусот.Во текот на 2020 година починаа вкупно 6 пациенти, при што 4 лица биле доцна дијагностицирани, а 2 лица одбиле да се лекуваат.На сите пациенти им се нуди стручна психосоцијална поддршка во врска со започнувањето на антиретровирусната терапија со цел да се осигура правилно и редовно земање на лекови и да се избегнат евентуални несакани ефекти. Пациентите имаат постојана достапност на тимот кој дава медицинска и психосоцијална поддршка. Во услови на КОВИД-19 се остварува и зачестена телефонска комуникација со пациентите, особено со оние кои неодамна се вклучиле во лекувањето.Во однос на спроведувањето на Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција за 2020 година оваа година, поради пандемијата со КОВИД-19, целата програма се спроведува во вонредна состојба којашто директно влијае на обемот на работата што ја спроведуваат организациите, но сепак се постигнати значајни резултати. Платформата на граѓански организации ангажирани во имплементацијата на ХИВ програмата на почетокот на пандемијата подготви протокол за работа во време на вонредната состојба, кој е во согласност со насоките на Министерството за здравство, запазувајќи ги сите потребни заштитни мерки при нудење на услугите, како и насоки за лична заштита на пациентите и нивните семејства и блиски.И покрај пандемијата со Ковид-19, реализацијата на програмата бележи резултати. Во периодот од 1 јануари до 30 ноември 2020 година со основен пакет на услуги за превенција опфатени се 8.353 лица од клучните популации засегнати од ХИВ, и тоа: вкупно 3.656 лица што инјектираат дрога (остварување од 81% на поставената цел од 4.500 лица), од кои 313 се нови лица; вкупно 1.596 сексуални работници (остварување од 86% од поставената цел), од кои 144 се нови корисници на услугите и вкупно 3.101 мажи кои имаат секс со мажи (остварување од 62% од поставената цел), од кои 641 нови корисници на услугите.Дополнително на основниот пакет во рамките на Програмата дадени се медицински услуги и информации, социјални услуги и психолошки услуги, советување и тестирање за сексуално преносливи инфекции.Со програмата за бесплатно и анонимно ХИВ-тестирање со брзи скрининг тестови преку граѓанските организации опфатени биле вкупно 1773 припадници на клучните засегнати популации, лица кои инјектираат дрога, сексуални работници и мажи кои имаат сексуално односи со мажи.Притоа биле детектирани 11 реактивни резултати на тестовите и овие лица биле поврзани со Клиниката за инфективни болести за потврда на дијагнозата.Меѓу сите клучни засегнати популации, дистрибуирани се вкупно 219.508 кондоми и 54.480 информативни и едукативни материјали.

Македонија | пред 5 години

enver-2

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Град Скопје: Сочувство за прераната загуба на почитуваниот Eнвер Малиќи

Изразувамe искрено жалење и сочувство за прераната загуба на почитуваниот Eнвер Малиќи, татко, сопруг, колега, советник, заменик градоначалник на Скопје, стопанственик и конзул.Во овие тешки моменти на голема болка и тага, се надеваме дека ќе најдете сила за утеха во значајноста на споменот и делото што зад себе го остави Енвер Малиќи, се вели во сочувството од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ иКоалицијата во Град Скопје.Тие во истото додаваат:Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во градот Скопје изразува искрено и длабоко сочувство до Вас, до неговото најблиско семејство, до колегите, до пријателите, соработниците во Градот Скопје, до сопартијците и граѓаните на Скопје.Заминувањето од овој свет на заменик градоначалникот Енвер Малиќи е тажна и болна загуба за граѓаните на градот Скопје, за сите што некогаш споделиле само миг или споделиле цел живот со него.Почивај во мир почитуван!

Скопје | пред 5 години

brza-pomos

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 56 пациенти, а вкупно се лекуваат 489 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 56 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 489 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 34 приеми и тоа седум пациенти биле хоспитализиран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, двајца пациенти на Клиниката за нефрологија, 11 во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло и девет болни на Клиниката за очни болести.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти, а исто толку и Инфективната клиника.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 47 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 23 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 25 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 26 пациенти, од кои 7 деца и 19 возрасни.Вкупно 489 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

128168028_675194573367737_9035764362627117300_n

Николовски: Инспекторите ја имаат поддршката од Владата, само заеднички ќе ја надминеме здравствената криза

Денеска заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, одржа работна средба со дел од инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ). Од страна на ДЗСИ, беа презентирани податоците за спроведените надзори во изминатиот месец во надлежност на овој инспекторат, откако се стапени на сила измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Вицепремиерот Николовски посочи дека овој инспекторат има значаен придонес во спречувањето на ширењето на вирусот КОВИД 19, преку надзорите што ги спроведува во рамки на своите надлежности.„Инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на секоја уредба, одлука, протокол и мерка, што ги преземаме за спречување на ширење на коронавирусот. Повеќе од било кога е важно да ги почитуваме мерките и протоколите, да носиме маска, да одржуваме растојание и да нема групирања. Само така, заеднички, ќе ја надминеме оваа здравствена криза, која притиска и врз економијата. На тој начин, ќе им помогнеме и на инспекторите, на здравствените лица, полицијата, армијата и сите друѓи чинители што се вклучени во битката со овој вирус“, изјави вицепремиерот Николовски.При тоа, Николовски посочи дека Информацијата за кадровската екипираност во инспекторатите, е веќе влезена во владина процедура, ионаму кадешто има потреба, за следната година ќе се овозможи да има нови вработувања, со цел да се обезбеди непречено функционирање.Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова Бухова, изјави дека инспекторите изминатите девет месеци се секојдневно на терен со вршење на вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи, училишта, детски градинки, козметички салони, старачки домови..„Изминатиот месец откако стапија на сила измените и дополнувањата на Законот за заштита на наслението од заразни болести, нашиот инспекторат иаздаде околу 40.000 решенија на лица позитивни на вирусот КОВИД 19 и на лица контакти со позитивни. Само во последните четери дена доставени се 7.500 решенија за изолација. Ако ја споредиме оваа бројка со бројката од минатите месеци, ќе ни ја покаже сериозноста на целата ситуација. Инспекторите ќе останат на терен, будно ќе мониторираат било какво отстапување од протоколите и од законските норми кои се пропишани. Борбата е заедничка, почитувајќи ги протоколите прво се заштитуваме себе си, но и овозможуваме на здравствениот систем да истрае“, изјави Сотирова Бухова.Државниот санитарен и здравствен инспекторат ги спроведува надзорите во здравствените установи, градинките, училиштата, старачките домови, од аспект на почитување на здравствените протоколи, управување со медицински отпад, санитарно-хигиенски услови во сите установи што ги конторолира ДЗСИ, заштитна опрема во установите и друго.

Македонија | пред 5 години

krazba

Приведен 17-годишник, расчистени 12 кривични дела

На 30.11.2020 од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип по судска наредба и решение од Основен суд Штип, приведен е 17- годишник, поради сомнение дека е сторител на 12 кривични дела извршени на подрачјето на Штип, од кои едно „разбојништво“, една „тешка кражба на дрзок начин“, осум кривични дела „тешка кражба“ и две кривични дела „кражба“.Полициски службеници, со претставник од Центарот за социјална работа, извршиле спровод на малолетниот сторител во Воспитно поправниот дом Тетово. Се работи на расветлување и на други кривични дела за кои се сомничи 17-годишниот малолетник.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Волонтерите од Воено-медицинскиот центар и студентите од шеста година се вклучија во работата на ковид-центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воениот медицински центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во Скопје, од денес почнаа да волонтираат во ковид центрите во Скопје. Првата група на лекари и медицински сестри веќе е вклучена во сменската работа и во дежурствата.Утрово министерот Венко Филипче на состанокот на интерните клиники со преставниците од ВМЦ и студентите ја поздрави нивната одлука и желбата да помогнат во работата на ковид центрите.- Помошта која ни ја пружате за нас е многу значајна во период кога имаме голем број хоспитализирани пациенти со ковид 19. Од друга страна за вас ова е искуство какво што можеби нема да имате прилика да го видите во вашата кариера како лекари. Ваква организација немало до сега ниту кај нас, ниту во светот. Болеста е нова и непредвидлива. Клиничката манифестација е различна за секој пациент. Се соочуваме со нешто ново во медицината и за сите нас ова е во исто време и медицински проблем, но и предизвик – рече министерот Филипче на состанокот.Студентите од шеста година ќе бидат распределени во центрите каде работат под менторство на лекари специјалисти и ќе стекнат драгоцено искуство во делот на клиничката пракса.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Извршен претрес, приведени двајца дилери

На 30.11.2020 oд страна на службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје се лишени од слобода Ф.Г.(34) и Н.Ж.(45), двајцата од Скопје, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.Претходно, по добиена наредба од судија на претходна постапка, извршен е претрес кај Ф.Г., кој бил затекнат во напуштен објект на ул.„Босна и Херцеговина“, заедно со Н.Ж., при што кај нив биле пронајдени марихиуана и две ваги, која ја подготвувале во помали пакувања за улична продажба.Ф.Г. и Н.Ж. биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде изготвен соодветен поднесок, поради основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, казниво по член 215 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 5 години

srbija-1

Дали сите болни од ковид-19 добиваат еднаков третман или системот и во Србија и во Македонија ги крши правата на некои пациенти?

Дали сите болни од ковид-19 добиваат еднаков третман или системот и во Србија и во Македонија ги крши правата на некои пациенти?Многу болни од ковид-19 доцна се јавуваат на лекар, е едно од најчестите објаснувања на лекарите и Министерството за здравство на прашањето – зошто има толку смртни случаи. Поради тоа решивме и самите да го изодиме патот што го поминуваат болните, зашто, пак, пациентите тврдат дека системот е спор, објави 360stepeni.mk.Прв чекор – побаравме тест преку матичниот доктор.„Се јавувам да прашам за тестирање за ковид-19. Имав контакт со заболено лице пред околу една недела. Имам кашлица, омалаксаност, главоболка…“му објаснувам на матичниот лекар.Во телефонскиот разговор направен на 24 ноември со мојот матичен доктор добив одговор дека нема термини за ПЦР тест за ковид-19 преку моето здравствено осигурување. Ако инсистирам на тест „на државно“, советот беше да се јавам во понеделник, на 30 ноември, за повторно да се проверат термините.„Можам да ви го посочам приватниот, тој што се плаќа во Центарот за јавно здравје“, вели матичниот лекар.Бидејќи никој со температура и симптоми не би чекал повеќе од една недела само за тест, веднаш се обидов да закажам термин во Центарот за јавно здравје, каде тестот би го платила од џеб. Ама и за таму се чека една недела.-Прв слободен термин за приватно тестирање имате вторник, цената е 2 800 денари.-Следниот вторник?– Давелат од Центарот за јавно здравје.Единствената преостаната опција беа приватните болници и лаборатории, каде тестот чини до 4 000 денари. Веднаш најдов термин, а резултатите стигаат најдоцна за 24 часа.-Било кое време можам да закажам?-Па, да кажете во колку, ќе закажеме има слободно.-Ви благодарам.Без направен тест и без преглед, добив уверување од матичниот доктор дека може да ми препише антибиотик – сумамед, а дополнителните тестирања, како за Д-димери, морам да си ги платам сама.Текстот во целост на: 360stepeni.mkфото: 360stepeni.mk

Македонија | пред 5 години

enver

Заменикот градоначалник на Град Скопје почина од КОВИД 19

Енвер Малиќи, заменикот градоначалник на Град Скопје, починал денеска во болницата „Систина“, откако беше хоспитализиран поради низа здравствени проблеми, а беше заразен и од коронавирусот.Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје, го назначи Енвер Малиќи за негов заменик пред три гоидни, во 2017 година.Малиќи на последмите локални избори беше избран како советник на град Скопје од листата на ДУИ. Тој беше управител на компанијата „Гемак трејд“ и сопственик на хотелот „Парк спа“ на кејот на Вардар во Скопје.

Скопје | пред 5 години

sida

Здружението на луѓето со ХИВ со пораки по повод Светскиот ден на СИДА

Пандемијата на КОВИД-19 изнесе на виделина многу предизвици со кои се соочуваат здравствените системи ширум светот во справувањето со нови вирусни или други инфекции. Особено дојдоа до израз недоволните капацитети во областа на јавното здравје и потребата од поголеми инвестиции во здравството воопшто.Од друга страна, неколкудецениското искуство на светот од справувањето со епидемијата на ХИВ, нуди незаменливи лекции што треба да се искористат и во одговорот кон новиот коронавирус.Имено, справувањето со една епидемија треба да се потпира на добра информираност, стратешки податоци, почитување на човековите права, вклученост на повеќе сектори, а не само здравствениот, и треба да се занимава со социјалните и структурните нееднаквости што определени групи граѓани ги прават поранливи наеден конкретен вирус.КОВИД-19 е едно непријатно потсетување дека разни патогени организми се постојана можна закана за човештвото.Здравствениот систем мора да биде подготвени флексибилен да одговори брзо и ефикасно на сите здравствени предизвици во услови на една таква активна закана.Но, на КОВИД-19 треба да се гледа и какона можност да се преосмислатсистемите за здравје, кои ќе даваат вистински резултати, засновани врз почитување на човековите права и еднаков третман на сите, ќе бидат ефикасни, како и соодветно финансирани.Укажуваме дека интензивниот фокус на пандемијата на КОВИД-19, не смее да ги намали напорите да се справиме со епидемијата на ХИВ, којасè уште е активен проблем на јавното здравје во Македонијаи на луѓето засегнати од овој вирус.Во согласност со насоките на Светската здравствена организација, земјите мора да осигурат непрекината достапност на основните услуги за превенција и лекување на ХИВ-инфекцијата во рамките на ургентниот одговор кон КОВИД-19, за што се неопходни соодветни ресурси и механизми.]Загрижени смепоради фактот дека оваа година е значително намалена стапката на новооткриени случаи на ХИВ и досега изнесува помалку од половина од бројот на откриени случаи минатата година. Тоа може да се објасни со кризната состојба, но не смее да се занемари. За да останеме на патеката кон ставање крај на ХИВ-инфекцијата како проблем на јавното здравје, неопходно е значително да го зголемиме бројот на луѓе со ХИВ што го откриле својот позитивен статус и почнале со терапија.Очекуваме буџетот за антиретровирусна терапијада се планира врз основа на потребите и да се сообразува со зголемениот број пациенти што имаат потреба од терапија секоја наредна година. Потсетуваме дека вкупниот број пациенти на терапија во последниве 3 годинисе зголемил за повеќе од половина во однос на состојбата одкрајот на 2017 година. За ова прашање апелираме да се изнајде итно решение за 2021 година.Потсетуваме дека човештвото не е осудено вечно да живее со ХИВ. Денес знаеме дека на епидемијата на ХИВ може да и се стави крај до 2030 година, а знаеме и како. Неопходна е континуирана политичка волја и континуирани инвестиции кои се потпираат врз докази и анализа на состојбите.Изразуваме почит кон сите здравствени работници и соработници вклучени во одговорот кон КОВИД-19. Особена благодарност им искажуваме на вработените на Клиниката за инфективни болести за натчовечките напори што ги прават за да спасат животи, а во исто време да ја одржат и редовната грижа за пациентите со ХИВ. Што правиме ние во контекстот на КОВИД-19?Во текот на целиот период на настанатата криза, ЗАЕДНО ПОСИЛНИ, како здружение на луѓето што живеат со ХИВ, ги нуди своите редовни услуги за поддршка во рамките на Програмата за ХИВ, во соработка со Министерството за здравство. Континуирано ги нудиме и услугите за бесплатно и анонимно ХИВ-тестирање со брзи тестови.Се вклучивме во националниот одговор кон КОВИД-19 на неколку начини, а особено преку организирање на доставувањето на терапијата за ХИВ до пациентите надвор од Скопје, со што придонесуваме да се намали изложувањето на пациентите на непотребни ризици. Со тоа истовремено помагаме и да се намали притисокот врз Клиниката за инфективни болести во текот на актуелната криза.Нудиме проверени и релевантни информации за корисниците на нашите услуги во врска со мерките за заштита од КОВИД-19, како и помош во прехранбени и хигиенски производи за лица со ХИВ во неповолна социјална положба.Светскиот ден на СИДА, 1 декември, 2020 година, го одбележуваме со неколку креативни активности осмислени од самите луѓе што живеат со ХИВ и нашите активисти – повеќе информации може да најдат на нашиот вебсајт и во продолжение:Кратоквидео-спотсо јавни и влијателни личности, кои ги пренесуваат најважните пораки за ХИВЕдукативна стрип-приказназа искуството на правење ХИВ-тест, добивање позитивен резултат и соочувањето со новата околност.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Починати 32 лица и повеќе оздравени од новопозитивни со КОВИД 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-95, Куманово-10, Штип-12, Прилеп-27, Тетово-11, Струга-1, Велес-30, Битола-34, Охрид-1, Кавадарци-7, Гостивар-41, Гевгелија-7, Струмица-7, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-6.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени пациенти од: Скопје-235, Штип-42, Прилеп-72, Тетово-26, Струга-1, Велес-54, Кавадарци-21, Гевгелија-10, Крива Паланка-6, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-25, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-9, Виница-2, Делчево-10, Кратово-2, Свети Николе-7 и Неготино-14.Починати се 32 лица, дванаесет пациенти од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82г), двајца од Прилеп (70 и 55г), тројца од Тетово (64, 79 и 67г), двајца од Струга (67 и 74г), еден пациент од Велес (51г), двајца од Охрид (70 и 74г), еден од Кавадарци (77г), еден од Гостивар (61г), двајца од Струмица (63 и 66г), двајца од Радовиш (62 и 70г), еден пациент од Кочани (64г), еден од Делчево (78г), еден од Кичево (64г) и еден пациент од Неготино (55г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61878, бројката на оздравени пациенти е 38946, на починати е 1763, а бројот на активни случаи изнесува 21169. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 26976, активни 9996• Куманово 3748, активни 952• Дебар 462, активни 97• Штип 2674, активни 528• Прилеп 3010, активни 1000• Тетово 3823, активни 942• Струга 1447, активни 454• Велес 1992, активни 693• Битола 2075, активни 925• Охрид 1597, активни 618• Кавадарци 1254, активни 481• Гостивар 2557, активни 982• Гевгелија 744, активни 240 (58 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 132 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1711, активни 601• Крива Паланка 431, активни 123• Радовиш 438, активни 122• Крушево 130, активни 71• Кочани 1241, активни 262• Пробиштип 363, активни 90• Демир Хисар 200, активни 88• Македонски Брод 168, активни 46• Пехчево 100, активни 22• Берово 364, активни 88• Валандово 218, активни 70• Виница 376, активни 160• Делчево 456, активни 196 (129 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 153, активни 52• Свети Николе 842, активни 234• Кичево 1277, активни 530• Ресен 461, активни 193• Неготино 590, активни 313 (70 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1181 теста се преку: ИЈЗ-605, ЦЈЗ Скопје-20, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -123, Жан Митрев (Филип Втори)-140, Систина со PCR метода -232, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-4, ГАК-22, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -35, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 332. 286 тестирања на Ковид -19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 625• Гази Баба – 1502• Аеродром -1436• Карпош – 1169• Центар – 1089• Кисела Вода – 1237• Ѓорче Петров – 867• Бутел - 585• Шуто Оризари – 195• Студеничани – 53• Сарај – 169• Арачиново -31• Илинден – 265• Сопиште – 57• Чучер Сандево – 100• Петровец –138• Зелениково -84• Странец – 219• Нераспределен- 175

Македонија | пред 5 години

poliklinika-bolnica

МЗ: Се надеваме дека ЗНМ и ССНМ го разбираат притисокот под кој работат медицинските лица

Министерството за здравство соопшти дека жали за недоразбирањето кое настанало во врска со издадена забрана за снимање од страна на медиумите.„ Министерството за здравство жали за недоразбирањето кое настана откако вчера до медиумите беше испратено известување во кое појаснивме дека ниту Министерството ниту која било друга Здравствена установа има издадено наредба или донесено одлука, или сл. за забрана за снимање.Се надеваме дека ЗНМ и ССНМ го разбираат притисокот под кој работат медицинските лица и сите останати служби во болниците, но Министерството за здравство отсекогаш се залагало и останува транспарентно во комуникација со новинарите и медиумите. Медиумите се еден од нашите најсилни и најсериозни партнери од почетокот на оваа криза. Министерството за здравство утре поканува претставници на ЗНМ и ССНМ на состанок за да споделат со нас детали во однос на тешкотиите со кои се соочуваат во комуникација со одредени ЈЗУ-а“ се вели во соопштението.

Македонија | пред 5 години

protest

Мицкоски: Само политички анафалбет преговара за јазикот, идентитетот и историјата на својот народ, сега мораме тоа да го спречиме, утре блокади пред влада и МНР

Дозволете ми најпрвин да се заблагодарам на поддршката која што ни ја давате изминативе денови. Истата таа не мотивира да истраеме во нашата борба против погрешните политики на владата предводена од Зоран Заев.Ова се историски моменти. Ова се моменти кога се одлучува и за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава. Ова се моменти кога се потврдува тезата дека договори потпишани набрзина, не само што не се решение туку напротив самите по себе претставуваат проблем за иднината на Македонија во рамките на ЕУ. Тоа за жал не успеа да го види Зоран Заев и денеска наместо решение истото тоа претставува проблем, истакна во денешното видео обраќање Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Мицкоски додаде:Само политички аматер може да потпише договор во кој што критериум за напредокот на Македонија и нејзината интеграција во рамките на ЕУ ќе бидат лингвистичките проблеми и проблемите со историјата. Само политички аматер може во една таква подредена состојба да ја донесе сопствената држава, сопствениот народ и сопствената нација. Затоа ве повикувам масовно без разлика на политичката припадност, без разлика на верската и етничката припадност утре, во текот на утрешниот ден почнувајќи од 12:30 завршувајќи во 14 часот да се приклучиме на протестите кои што се натпартиски, обединувачки и гласно да зборуваме. Гласно да зборуваме против овие погрешни политики на Владата на СДСМ предводена од Зоран Заев.Ја користам оваа прилика, истовремено, да се извинам на моите сограѓани скопјани за можеби сообраќајниот метеж кој што ќе се случува во текот на утрешниот ден. Ве молам имајте разбирање за сето ова кое што денеска го правиме затоа што ако денеска не успееме се плашам дека некои идни генерации ќе имаат можност грешката која што денеска ќе ја направи Зоран Заев и СДСМ ќе имаат можност да ја поправат.А до политичарите, сакам една порака да упатам. Немојте да се дрзнете да го чепкате македонскиот идентитет, македонскиот јазик, посебност, македонската историја, традиција, обичаи. Немојте да се дрзнете и да помислите и да се откажете од македонското малцинство кај нашиот источен сосед затоа што таа хартија која што вие ќе ја потпишете е безвредна.Следната Влада која што ќе биде Влада на единство, истото тоа парче хартија нема намера да го почитува.Затоа почитувани сограѓани утрешниот ден е денот кога треба да сме масовни и гласно да зборуваме.Ве повикувам, уште еднаш, сосема на крај да ни се придружите заедно да победиме во спасот на македонската иднина и иднината на македонскиот народ, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

pogrebalno-pretprijatie

Сопственик на погребално претпријатие за ММС: Со амин од вработените исчезнуваат мртовци од гостиварската болницата и се закопуваат без протокол

Во Гостивар починатите со амин од надлежните скришно се изнесуваат од болничката капела, без притоа да се запазат протоколите за закопување на починати од ковид-19, но и да се напрват погребалните документи. Ова за ММС го тврди Лирим Кадриу, сопственик на погребно претпријатие од Гостивар, кој како што вели, се сомнева на договор меѓу медицинскиот персонал во болницата и семејствата кои ги преземаат своите починати.-Тела на починати исчезнуваат од болничката капела во гостиварската болница и тоа мислам за 500 до 1.000 денари. Членови на семејствата не сакаат да ја почитуваат строгата процедура, па на своја рака си ги преземаат починатите и ги погребуваат. Меѓу починатите има и лица кои ја загубиле битката со ковид- 19, вели Лирим Кадриу, сопственик на погребното претпријатие „Ахирет“ од Гостивар, кое меѓу останатите услуги органиира транспорт и погреб на лица починати од последици предизвикани на корона вирусот.Кадриу вели е сосема сигурен дека само минатата недела најмалку шест лица се изнесени на ваков начин, а тој чека по два часа пред болницата за да преземе тело на починат.Текстот во целост на:ММС 

Македонија | пред 5 години

protest-strumica

Дрвошанов со силна порака: Нема да дозволиме да се избришат нашите корени, застануваме на патот на предавството на Заев

Од срцето на Македонија испраќаме силна порака. Решивме да застанеме на патот на предавството, нема да дозволиме да го скршат македонскиот народ, да го избришат македонскиот јазик, да го избришат македонскиот идентитет, истакна на денешниот протест Жан Дрвошанов.Тој во продолжение додаде:Ни замеруваат за протестите и не обвинуваат дека ние сме виновни за пандемијата која е излезена од контрола на власта из ема за жал се поголем замав. Меѓутоа и покрај се, и покрај сите притисоци кои ги врз нас, врз граѓаните, се зголемува бројот на луѓето кои се охрабрени да излезат на протест и да кажат НЕ на бришењето на се што е македонско.Нема да го дозвоиме тоа, нема да дозволиме да се избришат нашите корени, затоа ги повикувам сите, сите граѓани да бидиме сплотени во овој момент, да бидиме единствени и да си ја зачуваме Македонија.Помина времето на страв, отвораме нова страница на отпор на македонскиот народ.Протест сега за да не биде предоцна.Оставка на Заев, слобода на народот, истакна Дрвошанов.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања