Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

HM-protest-28112020

ВМРО ДПМНЕ: Ако не каже Заев за што тајно преговара во Софија следи блокада на Владата и МНР

Го повикуваме премиерот во заминување Зоран Заев јавно да објави пред македонската јавност за што точно тајно се преговара во Софија овие денови, прашуваат преку соопштение од ВМРО ДПМНЕ.Тие во истото додаваат:Зоран Заев во интервју за бугарски медиум соопшти скандалозни тези ретуширајќи ја историјата, нашите придобивки од антифашистичката борба, удирајќи по темелите на современата Македонска држава. Дали искажаните позиции за кој не се извини сега се на маса за пазарење со Бугарија?Доколку Заев јавно не излезе до вечер за што точно преговара и од што точно се откажува ВМРО-ДПМНЕ во текот на утрешниот ден ќе организира блокади на Владата и Министерството за надворешни работи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Георгиески: Спасески Охридски беше човек од кого многу можеше да се научи, со него се консултирав за најкрупните мои животни одлуки

Охриѓани со тага и неверување ја примија веста за смртта на докторот и уметник Драган Стасески Охридски. Градоначалникот Константин Георгиески  истакна:Останавме без врвен доктор, вреден охридски интелектуалец, ликовен уметник, писател и обичен човек со ретки естетски вредности и филозофски размисли. Јас останав без голем пријател и колега, со кого делевме многу добри и важни нешта и успешно се справувавме со сите предизвици.  За жал, останавме без еден голем човек кој ќе влезе во колективната меморија на древниот Охрид. Неговото дело ќе биде гордост за неговото семејство, сограѓаните и интелектуалните кругови, не само во нашата држава, туку и во целиот свет.Видеото може да го погледнате на овој линк. 

Македонија | пред 5 години

znaminja-777x437

Брисел: Речиси воопшто нема надеж за преговори годинава поради бугарското вето

Повеќе високи дипломати од земји членки на ЕУ потврдуваат дека Македонија речиси сигурно ќе биде блокирана од Бугарија на следниот министерски совет на Унијата, на кој требаше конечно да биде усвоена преговарачката рамка. Амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел се состанаа денеска да ги разгледуваат заклучоците што треба да бидат усвоени на 8. декември од министрите за европски работи.Од заклучоците е отстранета опцијата за вклучување на датум за одржување на првите меѓувладини конференции со Албанија и Северна Македонија поради ветото на Софија за Скопје, датумите ќе бидат вклучени во самите преговарачки рамки кога тие ќе бидат усвоени, објаснуваат дипломатите од земјите членки на ЕУ.– Со оглед на ситуацијата можам да кажам дека нема многу надеж за меѓувладина конференција и отпочнување на преговорите со Северна Македонија оваа година поради ветото на Бугарија, вели дипломат од западна земја членка на ЕУ.Бугарија на денешниот амбасадорски состанок повторила дека нема да даде зелено светло за Северна Македонија на идниот министерски состанок на 8 декември.За Албанија ситуацијата е нејасна, велат од Советот, поради тоа што на земјата уште во претходните министерски заклучоци и беа наложени дополнителни услови. Сепак одреден број земји членки сметаат дека треба „посилна одлука за Албанија“, но неизвесно е дали Тирана сепак ќе добие почеток на преговорите оваа година, велат дипломатите.Земјите на ЕУ кои важат за поддржувачи на проширувањето, сепак сметаат дека крајните заклучоци треба да бидат поспецифични дури иако не се вклучи никаков датум.– Консултациите продолжуваат на оваа тема, велат од Советот на ЕУ.Амбасадорите треба повторно да се состанат в среда.

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica3

Блокирани измените за онлајн вклучување на пратеници, опозицијата поднела 3000 амандмани за Собранискиот Деловник

Опозицијата ги блокира измените на Собранискиот Деловник! ВМРО ДПМНЕ, Левица и Алијанса-Алтернатива поднесоа над три илјади амандмани. Се очекуваше Комисијата за деловничко-имунитетни прашања да го разгледа и поддржи предлогот на Талат Џафери за онлајн вклучување на пратениците заразени од ковид. Но пред тоа, ќе мора да се подготват и преведат сите амандмани поднесени до почетокот на комисијата.ВМРО ДПМНЕ бара дебатата за функционално Собрание да се одвива во рамките на дијалогот Жан Моне.Парламентарното мнозинство ја обвинува опозицијата за опструкција.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ЗНМ: Здравствените власти да не ја попречуваат работатата на новинарите

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите на Македонија (ССНМ) реагираат на попречувањето на работата на новинарските екипи, кое се случува во кругот на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.„Според повеќе пријави од колеги, што пристигнаа до канцелариите на ЗНМ, и новинарскиот Синдикат, за време на викендот и денеска на новинарите и снимателите од страна на обезбедувањето на болницата не им бил дозволен пристап и биле бркани, дури и на паркингот на болницата.Укажуваме до Министерството за здравство и менаџерите на ГОБ „8 Септември“ дека не смее да им го ограничат пристапот на новинарите да известуваат за теми поврзани со работата на болницата и пандемијата.Свесни за сензитивноста на темите за кои има особен јавен интерес, потребно е да се обезбедат услови, каде што новинарите ќе имаат можност непречено да известуваат. Потсетуваме дека слободата на изразување е уставно загарантирано право во Република Северна Македонија, кое не може ниеден поединец да го ограничи бидејќи со тоа ќе има прекршување на членот 16 од Уставот. Особено што станува збор за теми од исклучителен јавен интерес“, се наведува во соопштението.Оттаму додаваат дека новинарите и уредничките тимовим особено во вакви услови на криза, потребно е да известуваат во согласност со етичките принципи на новинарската професија, со штитење на приватноста на граѓаните кои може да бидат дел од снимениот материјал.„Потсетуваме дека според Етичкиот кодекс на новинарите, новинарот ќе ја почитува приватноста на личноста, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес, исто така новинарот е должен да ги почитува личната болка и жалоста. Доколку граѓаните имаат забелешки за работата на новинарите и медиумите, потсетуваме дека имаат можност да достават претставки до Советот на честа или до Советот за етика на медиумите во Македонија.Истовремено, бараме од Министерството да ја повлече одлуката за снимање пред тријажниот центар и околу болницата „8 Септември“, само со дозвола од директорот на болницата или Министерството, бидејќи со тоа директно им се оневозможува работата на новинарите и фоторепортерите што известуваат за состојбата со ковид-кризата и состојбата во болниците“, бараат од ЗНМ.

Македонија | пред 5 години

titanik

„Титаник“ сеуште во фаза на доказна постапка, денеска сведок истакна дека изгубил меморија откако се разболел од КОВИД 19

На денешното рочиште за случајот „Титаник”, кој и понатаму е во фаза на доказна постапка, односно презентација на сведоците од обвинителство, сведочеше поранешна членка на ВМРО-ДПМНЕ, од Штип, која призна дека донирала средства за партијата.Сведокот истакна дека во нејзино име се платени и средства и од други членови.Друг сведок од обвинителството,  наставик од Охрид, посочи дека во неколку наврати уплатил донација во име на партијата.– Еднаш имам платено 10, потоа 13, 30 и еднаш имам платено 15 или 18 илјади денари како донација. Првата донација колку што памтам беше во 2013 година, рече  сведокот.Пензионер од Гостивар, пред судскиот совет како сведок рече дека не знае како се финансираат политичките партии и дека никогаш не дал донации за било која партија. На прашање на обвинетиот Илија Димовски дали се сеќава дека неговиот денешен исказ е многу поразличен од тој што го дал пред јавен обвинител во текот на истрагата, сведокот рече:– Јас прележав ковид-19 и ја загубив меморијата. Јас не можам да се сетам што сум јадел вчера, а не пак за ова што ме прашувате, истакна сведокот.Судскиот предмет за незаконско финасирање на ВМРО-ДПМНЕ, го води судијата Осман Шабани, додека обвинението го застапува обвинителката Лиле Стефанова.Следното рочиште за предметот „Титаник“ е закажано за 7 декември. Иако станува збор за едно од првите обвиненија поднесени од поранешното СЈО, овој случај се уште е во фаза на доказна постапка.

Македонија | пред 5 години

arheologija

Откриено исклучително погребување на локалитетот Гимбабица во Преспа

Откриено е исклучително погребување во третата сезона од систематските археолошки истражувања на античкиот локалитет Гимбабица, кој е повторно актуелизиран по 65 години. Во 1953 година по стручен увид на археологот Васил Лахтов кај месноста Гимбабица во близина на селото Избишта биле откриени остатоци од неколку гробови кои датираат од 3 век.Како што соопшти Археолошкиот музеј, точно лоциран и хронолошки потврден, овој локалитет во 2018 година почна повторно да се истражува со првична цел да се открие нешто повеќе за начинот на живот на старите преспанчани, бидејќи оваа раноантичка некропола е позната и како вечно почивалиште на воини, дами и металурзи кои живееле пред повеќе од 2.300 години.Во втората кампања во 2019 година, како што се наведува, фокусот на истражувањето на археолозите беше насочен кон добивање на повеќе информации за ширењето и организацијата на некрополата, погребниот ритуал и одликите на материјалната култура. Со истражувањата се утврди дека оваа некропола е постара, некои гробови датираат од 4 век пред нашата ера.-Под раководство на м-р Перо Арџанлиев, потпомогнат од стручната екипа на археолози: Илија Бошковски и Вангел Иванов заврши третата сезона археолошки истражувања на локалитетот. Покрај вредните сознанија за карактерот на некрополата и погребните обичаи оваа година за истакнување е откривањето на исклучително погребување на машки покојник кој веројатно имал посебно место во општествениот живот во хеленистичкиот период во овој регион. Тоа го заклучивме од импресивната гробна архитектура во која бил погребан, како и од фактот дека во пределот на десната рака откривме два прстена, појава која е ретка не само за некрополата туку и пошироко за овој период, се вели во соопштението од Археолошкиот музеј.Од Археолошкиот музеј најавуваат дека античката приказна за Преспа ќе продолжи да се открива и во иднина со вредната истражувачка работа на археолозите бидејќи локалитетот и Преспанскиот регион тоа го заслужуваат. Проектот е финансиски поддржан од Министерство за култура.

Македонија | пред 5 години

institut

Институтот за национална историја со категорична осуда на сите форми на политичко оспорување на македонската историја

Институтот за национална историја реагира во врска со, како што велат од таму, актуелното политичко оспорување на македонската национална историја и идентитет.„Институтот не може да не реагира во услови кога политиките директно задираат во науката и особено кога со политички меморандуми цела една нација и историска наука се квалификуваат како фалсификаторство и се повикува на целосна ревизија на историјата на македонскиот народ и нација“, се наведува во соопштението.Од Институтот посочуваат дека евроинтеграциите на македонската нација не смее да се условуваат со ултимативно прифаќање на, како што се вели, влијанија и историски вистини од други национални историографии.„Историјата и нејзината интерпретација мора да бидат одредни исклучиво од научна етика и претендирање кон објективност и во тој контекст не смее да се доведува во врска со потребите на политиката, ниту на било каков начин да биде условено од политичките влијанија, што е во целосна спротивност со европските демократски принципи“, велат од Институтот за национална историја.Имајќи ја предвид природата на научната мисла, која е неопходно да биде слободна и независна, а не политички условена, Институтот го изразува својот категоричен став на осуда на сите форми на политичко оспорување на македонската историографија, на македонската национална историја и идентитетот.„Институтот нема да ја подреди својата научна дејност на било какви политички влијанија“, се наведува во соопштението во кое се додава дека Институтот претставува најстара научна установа во македонската држава, чијашто дејност е приоритетно фокусирана на научното проучување на историските процеси од минатото на македонскиот народ и нација, на етничките заедници, како и на релациите со соседните балкански народи и држави.

Македонија | пред 5 години

Benzinski-pumpi-9

Од полноќ повисоки цени на горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.Со денешната одлука малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1 денар, додека малопродажните цени на еуродизел (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денар за литат.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020 денари за килограм.Новата цена на еуросупер БС – 95 е 60,5 денари, на еуросуперБС -98 62,5 денари, на еуродизел БС (Д-Е V) 53 денари, на масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53 денари за литар, а на мазутот 28,501 денари за килограм. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Состојбата по болниците се стабилизира, во наредниот период МЗ очекува повеќе исписи од приеми на болни

Министерот д-р Венко Филипче утрово одржа состанок со директорите на ковид центрите од клиникте во комплексот Мајка Тереза на кој беше разгледана состојбата со бројот на хоспитализирани и слободни места по инфективните одделенија. По напрвените анализи, заклучено е дека изминатата недела е достигнато платото по бројот на хоспитализирани пациенти и веќе имам благ пад на бројот на хоспитализрани на дневно ниво.- Очекуваме во наредиот период да има повеќе испишани отколку примени пациенти. На инфективните оддели има се повеќе слободни места. Секако ја следиме состојбата од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат. – рече министерот Филипче.На сите инфективни оддели има слободни места со довод на гасови, а во наредните неколку дена ќе завршат градежните работи кои ќе овозможат да се отворат нови соби со довод на кислород.- Мерки кои Комисијата за заразни болести ги донесе дааавт резултат и бројаката на хоспитализации се стабилизра. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи – изјави Филипче.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Поднесено обвинение за убиство при вршење семејно насилство

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 во врска со член 12 став 2 од Кривичниот законик.Обвинетиот, во состојба на битно намалена пресметливост предизвикана од психичко нарушување и зависност од опијати, при вршење семејно насилство, лишил од живот жена со која живеел во вонбрачна заедница. На 03.08.2019 година, во куќа на улицата „Гарибалди“, настанала вербална расправија меѓу двајцата, при што обвинетиот со остар предмет и нанел на оштетената две убодни рани во пределот на вратот, а со тап предмет ја удирал по главата, нанесувајќи и повеќе тешки телесни повреди – скршеници и подливи. Како последица на нанесените повреди, оштетената починала.До Основниот кривичен суд Скопје јавниот обвинител поднесе предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, поради опасност од бегство и можност да влијае врз сведоците, а особено имајќи ја предвид висината на запретената санкција за кривичното дело кое му се става на товар.​

Македонија | пред 5 години

1-6

Маричиќ: Ќе продолжиме со подобрување на условите во штипскиот затвор

Министерот за правда Бојан Маричиќ при посета на Казнено поправниот дом - Штип, оствари средба со директорот на затворот Мики Тодоров со кој разговараше за состојбата во затворот со фокус на ресоцијализацијата на осудените лица и состојбата со коронавирусот.- Штипјани треба да се гордеат што токму овој затвор е прв во Југоисточна Европа, во кој осудениците може да поминат време со своите деца во детско катче, во нормални и здрави услови за децата. Ова катче е направено од младите Штипјани од локалното средно училиште и студентите од Ликовната академија во Штип, што претставува пример како локалната заедница се вклучува во рехабилитацијата на осудените лица, изјави министерот за правда Бојан Маричиќ.Министерот истакна дека затворот нуди можност осудениците додека ја издржуваат казната да посетуваат настава и стручно да се оспособат како идни готвачи и заварувачи.- На овој начин им се помага на осудените лица да стекнат вештини кои ќе им овозможат да најдат работа по издржувањето на казната и успешно да се ресоцијализираат, додаде Маричиќ.Директорот на затворот Штип, Мики Тодоров, го информираше министерот за правда во врска со состојбата со коронавирусот во установата: Во моментот се постапува според протоколите и во овој затвор нема осуденици кои се заразени со Ковид-19.Во текот на денот, министерот Маричиќ ќе оствари средба и со претседателите на судовите и обвинителствата во Штип, каде како што најави ќе дискутира за работата на судовите и задоволството на граѓаните од работата на правосудните органи во Штип.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Зголемен бројот на разводи во споредба со лани

Во период од три месеци добиени се 357 извештаи за разведени бракови што претставува зголемување од 8.5 проценти во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.Од друга страна, бројот на склучените бракови во ова тримесечје е намален за 12.9 проценти во споредба со истиот период минатата година и изнесува 3.768 бракови.Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 5.2 отсто и изнесува 5.141 живородени деца. Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2020 година бележи зголемување од 15.3 % во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5 419 лицa, а од нив 23 се умрени доенчиња.Природниот прираст е негативен, -278 лица, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица, се наведува во податоците на Државниот завод за статистика.

Македонија | пред 5 години

Embassy-of-North-Macedonia-in-Qatar-LULU-Mou-1

Македонски производи ќе се продаваат во Лулу хипермаркетите во Катар

Вчера, в.д. амбасадоркатата на Република Северна Македонија во Катар, г-а Елма Алторок потпиша меморандум за соработка со д-р Мохамед Алтхаф, директор на хипермаркетите Лулу (Lulu Hypermarket), најголемиот ланец на хипермаркети на Блискиот Исток и еден од најголемите во Азија, со кој ќе се промовира деловна соработка за увоз на земјоделски производи, месо, производи од месо, македонски ајвар и повеќе сорти сирење во Катар.Со овој меморандум, амбасадата ќе го олесни процесот на воспоставување на трговски врски помеѓу потенцијалните добавувачи од Северна Македонија и хипермаркетите Лулу во Катар, за редовен увоз на производи од нашата земја.Амбасадорката Алторок, во своето обраќање на церемонијата за потпишување на меморандумот, која се одржа во главното седиште на Лулу Хипермаркетите во Катар, посочи дека со овој меморандум се започнува со промовирање на македонската традиционална храна во оваа земја.„Иницијативата е дизајнирана за да промовира и изложи широк спектар на традиционални jaдења, производи од Северна Македонија, кои ќе ја приближат уникатната приказна за извонредната македонска кујна и храна. Ние веруваме дека ова е почеток на успешна приказна, која што ќе ни помогне да ги запознаеме граѓаните на Катар и да го промовираме квалитетот на македонска храна на локалниот пазар“, нагласи в.д. амбасадорката Алторок.Директорот на хипермаркетите Лулу, рече дека ова е првата можност за извоз на македонски производи во Катар, како и дека се среќни што на полиците во нивните хипермакети ќе се најдат производи од Северна Македонија.„Со потпишување на овој меморандум за соработка го започнуваме нашето заедничко патување. Истражуваме се повеќе и повеќе линии на производи. Заедно ќе го прошириме асортиманот на производи и мислам дека ова ќе биде огромен поттик и за Северна Македонија, и за хипермаркетите Лулу како и за Катар во однос на увоз на квалитетни производи “, рече тој.Првите производи што ќе бидат извезени од Северна Македонија во Катар се овошје и зеленчук, јагнешко месо и месни производи, традиционален македонски ајвар, сорти на сирење и здрави прехрамбени производи.Лулу хипермаркетите се дел од меѓународната групација Лулу (Lulu Group International), која поседува околу 195 објекти за малопродажба, вработува 57.000 лица, со годишен приход од околу 7,4 милијарди долари. Лулу хипермаркетите се најголем малопродажен ланец во земјите од Блискиот исток и еден од најголемите ланци во Азија, со што на македонските производители им се дава огромна можност да ги пласираат своите производи на странски пазар и на тој начин да го зголемат производството, да ја подобрат конкурентноста и да остварат поголеми приходи и профит.

Македонија | пред 5 години

korona-4

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 816 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 816 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.Во болницата во Штип се хоспитализирани 58 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 49 пациенти, во Велес се лекуваат 60 болни, а во Куманово 112 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 95 пациенти, во Прилеп 120, во ковид центарот во Гостивар 75, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежи 56 пациент, во Кочани 13, во Кичево 20, Кавадарци 36, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1296 и има колку 175 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

bekarovski

д-р Беќаровски: Се зголемува бројот на обиди за самоубиство - психички полабилни особи не можат да го издржат

Состојбата во моментов е алармантна, кај голем дел од персоналот се јавија знаци, околу 20% се зафатени од болеста. Од 16 лекари, 4 лекари се позитивни, слично е и со сестрите, кажа д-р Нино Беќаровски, од Клиниката за токсикологија во Студио 10 на ТВ24.„Тековните работи ни се зголемени, последниве неколку месеци суицидални обиди се зголемени, обидите за самоубиства со труење со киселина е зголемен за 30%. Психички полабилни особи овој притисок не можат да го издржат. Секој ден има напади на медицискиот персонал, протоколите создаваат дополнитена гужва, па добро е што пред сите центри ќе има војска и ќе се ублажи оваа состојба. Нови симптоми на Ковид 19 се појавуваат секој ден, кај голем дел од оние кои прележале во првиот бран се забележуваат знаци на затегање на срцевиот мускул и други проблеми. Треба да се очекуваа компликации од вирусов, тој ги зафаќа сите органи“ кажа д-р Беќаровски.

Македонија | пред 5 години

jasmina

Полицајката Јасмина вели мојот стаж во МВР заврши и открива зошто ...

Полициската службеничка Јасмина Ангелеска која во јавноста стана позната по инцидентот кој го имаше со функционерот на ДУИ Бекир Асани кога со пајак возило се обидуваше да го отстрани неговиот автомобил денеска на социјалните мрежи објави дека си заминува од полицијата.  Отказот следи поради како што вели серијата навреди кои и биле нанесени без при тоа да го спомне инцидентот во кој се удри во пајак возилото.„Бидејќи ова е прв и последен пат јавно да пишувам за мојата кариера во МВР, решив да ставам слика во униформа која многу ја сакав и ја носев 18 години.Ајде да ја решиме дилемата,мојот стаж во МВР заврши.Јас повеќе не се пронаоѓав таму.Ми нанесоа неправди ,зошто така се чуствуваа дека треба старешини во МВР(очигледно на некого не сум му се насмеала 🙂) а не зошто јас придонесов со моето работење“, објави полицајката Јасмина Ангелеска на својот ФБ профил.Таа во продолжение на својата објава додава:Тие старешини за мене ќе останат партиски послушници кои се на позициите пред се за личен интерес а и за пред луѓе,комшии,пријатели,да си ги излечат комплексите кои им се на високо ниво.Да не навлегувам околу Нив,ќе треба мн да се пишува,има Господ за Нив, нема да ги заборави,што кројат туѓи судбини само за покажување на моќ а не се свесни колку се немоќни,мизерни,неспособни,неписмени,неподобни.Со години покажуваат сила врз работниците и професионалците на штета на МВР а како што пишав хранејќи си го гладното ,мизерно его, а во МВР е хаос во секој поглед и во секој сектор од повисоките кругови.За жал, и тие некои што сакавме да работиме не ни дозволија,секоја наша постапка законска и секој успех беше дали ќе ми се одрази во кариерата или во најмала рака дали ќе ме пратат на дисциплинска каде повеќе од виш инспектор не седнал таму,зошто другите не грешат,"писмени се"?А и тие на таа дисциплинска се началници и старешини,судот на МВР.Кога ќе видиш, истиот те тужи, истиот ти суди.Тој систем повеќе неможам да го поднесам каде што дојде време на криминалците и лигушите-со исклучок на малкуте.Не е голема работа дека јас сум си заминала ,се ќе биде исто и без мене,се ќе функционира како и да не сум работела никогаш таму,ама друго ме плаши,самото незадоволство од сите вработени во министерството кои вложуваат ,постапуваат,работат и ги казнуваат или пред нив се случуваат неправди благодарение на политиката и системот во државата и незадоволството ,недовербата на граѓаните од полицијата.Дојде ред да си заминеш од онаму каде се ти е познато,каде се твоите намили,каде си стварал,каде си се родил за да одиш некаде само затоа што трудот и работата се гледа и цени.На сите колеги им посакувам успешна кариера и многу од нив ќе ми недостасуваат.Господ да е секогаш и секаде со вас и да ве штити ,па се гледаме во подобри времиња.Знам голем е текстот ама ова е во кратки црти,можам уште мн да пишувам

пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 38 пациенти, а вкупно се лекуваат 480 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 38 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 480 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 22 приеми и тоа три пациенти биле хоспитализиран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, еден во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, шестмина болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, двајца пациенти на Клиниката за нефрологија, седум во новиот центар на Клиниката за уво, нос и грло и тројца болни на Клиниката за очни болести. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 5 нови болни во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 16 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 44 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 14 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 19 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 153 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 35 пациенти, од кои 9 деца и 24 возрасен.Вкупно 480 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 40 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

sovet

Свикана педесет и втората седница на охридскиот совет

Педесет и втората седница на охридскиот совет ќе се одржи на 4 декември, петок со следниот дневен ред:Предлог- одлука за константирање престанок на мандат на член во Советот на општина Охрид.Предлог- статутарна  одлука  за дополнување на статутот на општина Охрид.Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата  за работа на Советот на општина Охрид за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на  Програмата  за поттикнување на развојот на туризмот на општина Охрид 2020 за периодот од 01.07. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поддршка на локалниот економски развој на општина Охрид за периодот од 01.07.  до  30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за  периодот од 01.07. до  30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид за 2020-2022 година за периодот од 01.07. до 30.09. 2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за заштита на животната средина и природата за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за енергетска ефикасност за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на  програмата за други комунални услуги  за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програматa за изградба и реконструкција на локални патишта и улици  за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување  јавна чистота   за периодот од 01.01. до  30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на  програмата за  јавно осветлување   за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на  програмата за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим на сообраќај за 2019 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на програмата за одржување и користење на паркови и зеленило  за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување 2020 – 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за изградба на системи за одведување и прочистување на отпадни води 2020 – 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на  програмата за изградба на сообраќајна сигнализација   за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на извештајот за реализација на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2020 – 2022 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програма за активностите на Општина Охрид во областа на образованието  за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програма за детска заштита  за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на активностите од Програмата за социјална заштита за 2020 година за периодот од 01.07. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за спорт и рекреација  за 2020 година за периодот од  01.07.2020 до 30.09.2020  година.Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за културни  манифестации и творештво за 2020 година за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на  Извештајот за реализација на Програмата за млади и невладини организации за 2020 година за  периодот од 01.07. до 30.09.2020 година.Предлог-Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на буџетот на општина Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2020 година.Предлог- одлука за усвојување на Извештајот од работењето и остварените резултати на ЈП „Градски гробишта“ – Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2020  година.Предлог- одлука  за усвојување на Извештајот oд работењето и остварените резултати на ЈП Градски Пазар Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2020 година.Предлог- одлука  за усвојување на Извештајот за работaта на ЈП „Билјанини извори“ – Охрид за периодот од 01.01. до 30.09. 2020 година.Предлог- одлука за усвојување на Извештајот за работењето и остварените резултати на ЈП „ Охридски комуналец “ – Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2020  година.Предлог- одлука за усвојување на Извештајот за работењето на ЈП„Нискоградба Охрид“ – Охрид за периодот од 01.07. до 30.09.2020  година.Предлог- одлука  за усвојување на  извештајот за работата  и финансискиот извештај на ЈП „ВОДОВОД“-Охрид за периодот од 01.01. до 30.09.2020година.Нацрт-програма за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2021 година.Нацрт-програма за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид за 2021 година.Нацрт- Развојна програма за изработка на урбанистички планови на територијата на Општина Охрид за 2021 – 2023 година.Нацрт- програма за финансиските потреби на територијалната противпожарна единица Охрид за 2021 година.Нацрт- програма за заштита на животната средина и природата за 2021 година.Нацрт-програма за спорт и рекреација за 2021 година.Нацрт -програма за активностите на Општина Охрид во областа на образованието за 2021.Нацрт – програма за детска заштита за 2021 година.Нацрт -програма за социјална заштита за 2021 година.Нацрт-програма за одбележување  празници и манифестации во 2021 година.Нацрт -програма за активностите на општина Охрид во областа  на култура  за 2021 година.Нацрт -програма за работа на Советот на Општина Охрид за 2021 година.Нацрт-програма за унапредување на  родовата рамноправност на локално ниво  за 2021 година.Нацрт -програма за енергетска ефикасност за 2021 година.Нацрт -програма за одржување  јавна чистота за 2021 година.Нацрт -програма за подигање и одржување  на паркови и зеленило за 2021 година.Нацрт – програма за јавно осветлување за 2021 година.Нацрт-програма за одржување и заштита на локални патишта, улици и регулирање режим  на сообраќај за 2021 година.Нацрт -програма  за други комунални услуги за 2021 година.Нацрт – развојна  програма  за  изградба  на системи за  водоснабдување за периодот од 2021- 2023 година.Нацрт-програма за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за  2021 година.Нацрт-развојна програма за изградба на системи за одведување и прочистување  на отпадни води за 2021 – 2023 година.Нацрт-програма за изградба на сообраќајна сигнализација за 2021 година.Нацрт-развојна програма за уредување  градежно земјиште за 2021 -2023 година.Предлог- одлука  за утврдување фискална стратегија и развојни програми на Општина Охрид за 2021 година.Предлог-одлука за усвојување на Нацрт буџетот на Општина Охрид за 2021 година.Предлог-одлука за давање на трајно користење движни ствари-опрема-унифицирани  продажни  пултови.Предлог – одлука за давање согласност на одлуката за дополнување на одлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти и паркинг простори со кои стопанисува ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид.Предлог-одлука за обезбедување финансиски средства за функционирање на служби за заштита и спасување на подрачјето на општина Охрид во состав на  Црвен Крст Охрид.Предлог-одлука за донесување на Деловник  за работа на парципативно тело од  областа на урбанизмот.Предлог- одлука за усвојување на техничка исправка за ГП 3 на Кп 8951/1 во КО Охрид 2, во ДУП за УЗ 9, УБ 9.2 општина Охрид.Предлог-Одлука за усвојување на техничка исправка за ГП 2.24 од  ДУП за УЗ 2, УБ 2.3-опфат 4, општина Охрид, плански период 2010-2015 донесен со Одлука на  Советот  на општина Охрид бр. 07-6092/37 од 30.06.2014 година.Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација во  11:00 часот.

Македонија | пред 5 години

sar-planina-2

Граѓански здруженија бараат закон кој ќе спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина

На 20 ноември истече рокот за прибирање коментари во врска со Нацрт-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк.Четириесет и четири граѓански здруженија и иницијативи бараат закон кој ќе спречи создавање хидроцентрали на Шар Планина, а од Министерството за животна средина согласно член 97 од Законот за заштита на природа, да ја стави Шар Планина во привремена заштита.Здруженијата потсетуваат дека на 20 ноември истече рокот за прибирање коментари во врска со Нацрт-законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк. Според нив, доколку се усвои онака како што е предложен, овој закон ќе овозможи изградба на нови мали хидроцентрали на Шара во услови кога негативното влијание од постоечките хидроцентрали врз природните вредности, но и животот на локалното население, силно се чувствува.-Доколку се реализираат зацртаните планови, во идниот национален парк ќе има најмалку 40 мали хидроцентрали! Имајќи предвид дека врз основа на овој закон ќе се изработи планот за управување со националниот парк, а кој се донесува за период од 10 години –Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк, наместо долготрајна заштита, може да обезбеди законска рамка за долготрајно уништување, посочуваат здруженијата во заедничкото соопштение.Со намера да се спречи усвојување на овој закон, овие граѓански здруженија и иницијативи испратија заеднички коментари до Министерството за животна средина. Тие бараат целосна ревизија на законот и негово усогласување со оваа определба, како и многу други стратегии, извештаи, кои исто така, како што појаснуваат во соопштение, предвидуваат крај на уништувањето на природата од страна на проектите за мали хидроцентрали.– Сметаме дека закон кој овозможува продолжување на уништувањето на подрачјето кое го заштитува е спротивен на духот и целите на Законот за заштита на природата, од кој произлегува и кој би требало да го спроведе во практика, велат од здруженијата.

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведено лице од тетовско, при претрес пронајдени дрога и оружје

На 29.11.2020 околу 18.00 часот во с.Челопек, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода М.М.(24) од ова село, бидејќи при претрес во неговиот дом и помошни простории биле пронајдени и одземени автоматска пушка со куршум калибар 7,62 милиметри, неколку празни рамки и чанта со марихана.Претходно, М.М. по меѓусебна расправија со неговиот сосед Н.Р.(47), со автоматска пушка испукал еден куршум во воздух.Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, при што на лице место била пронајдена една чаура кал.7,62мм. Тој бил приведен и задржан во Полициска станица Тетово. По целосното документирање на случајот на М.М. ќе му биде изготвен соодветен поднесок, со кој денеска ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Македонија | пред 5 години

ilija-dimovski

Илија Димовски: 52.051 нови невработени !!!

Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ, во денешната објава на ФБ се осврнува на порастот на невработените лица во земјава. Тој на ФБ напиша:52.051 нови невработени !!!Луѓето остануваат без работа, Владата е неспособна(мерките не даваат никаков резултат за граѓаните) на 01.01.2020 година бројот на невработени лица кои бараат работа во цела Република Македонија е 101.748 (бројки од АВРМ) на 31.10.2020 година бројот на невработени лица кои бараат работа во цела Република Македонија е 153.799 (бројки од АВРМ) 52.051 лица останале невработени за само 10 месеци 170 лице секој ден ја губат својата работа, 170 работни места секој ден помалку ваква динамика на губење работни места (и нови невработени лица) имаше само во време на транзицијата пакетите за економска помош од Владата не понудија реална помош за она што е најпотребно, работни места негирањето на катастрофалната состојба и лошото справување од страна на Владата ќе не однесат во уште полошо сценарио  Владата не е способна да се справи со овој галопирачки проблем, нема знаење секогаш кога СДСМ е на власт бројот на невработени расте видете (подолу на сликите) во табелите кој град колку нови невработени има – Велес 1.531 – Гостивар 4.213 – Скопје 12.005 – Битола 2.043 – Кочани 1.101 – Куманово 4.186 … … и изборниот – Штип 1.969

Македонија | пред 5 години

bolnica-1

Воено медицински персонал ќе се распореди во ковид центрите на Клинички

Медицински персонал од Воено медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри од денеска се вклучува во работа на интерните клиники каде има неколку ковид оддели.Оваа бројка на медицински персонал е голема поддршка земајќи предвид дека сите специјалисти од интерната медицина и инфектолози од почетокто на кризата се посветени на ковид пациенти. Медицинските екипи кои доаѓаат од Армијата на почетокот ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе вршат прием на пацинети во ковид одделенијата.По прогласување на кризната состојба, освен со медицински персонал, Армијата како невооружена сила е поддршка на полицијата во ковид центрите низ државата. Во петокот преку Министерството за одбрана, на Министерството за здравство, му предаде 10. 000 брзи тестови, донација од Кралството Норвешка, а на почетокот од месецот Армијата даде на користење и 5 амбулантни возила како поддршка при справување со последиците од пандемијата на Корона вирусот.

Македонија | пред 5 години

krvna-grupa

Луѓето со оваа крвна група се поотпорни на заразата од коронавирус

Луѓето со крвна група 0 имаат блага предност во однос на останатите пациенти, кога станува збор за новиот коронавирус, покажало данското истражување. За нив ризикот од зараза од вирусот е помал отколку кај луѓето со другите крвни групи.Најновото научно истражување покажало дека крвната група има улога во отпорноста на човекот од новиот коронавирус. Данските научници откриле дека луѓето со крвна група 0 имаат поголема отпорност на SARS-CoV-2, а тоа би можело да има одредена улога кога на ред ќе дојде распоредувањето на вакцината против Ковид-19.Истражувањето го спровеле дански научници од Универзитетот Архус во јужна Данска,а биле користени податоци од 470.000 Данци тестирани на новиот коронавирус.Откриено било дека луѓето со крвна група 0 потешко се заразуваат од Ковид, за разлика од луѓето со крвна група А, Б и АБ. Поточно, шансите за зараза се 13 отсто помали во споредба со останатите.„Тоа е возбудлив резултат кој што покажува дека нешто се случува помеѓу вирусот и нашите крвни групи. Треба тоа повеќе да се истражи“ – изјавил д-р Ларс од тамошната универзитетска болница.Причината за отпорноста на луѓето со 0 крвна група од коронавирусот засега е непозната, па научниците планираат да направат понатамошни истражувања за да го откријат тоа. Тоа откритие би можело многу да допринесе во борбата со Ковид-19.„Не знаеме да објасниме, но од примерите на другите заразни болести знаеме дека можеби постои поврзаност помеѓу крвната група и заразата“ – изјавил данскиотпрофесор Торбен Барингтон.Според неговите зборови, ова откритие би можело да одреди кој прв треба да ја добие вакцината против Ковид-19, кога истата ќе се произведе.

Магазин | пред 5 години

sahpaska-izjava

Шахпаска: Бројот на невработени го кренаа и нашинците кои се вратија од странство

Голем дел од нашите граѓани коишто престојуваа во странство, а кои заради пандемијата се вратија и останаа, почнаа да се пријавуваат во Агенцијата за вработување, за да имаат пристап до финансиска поддршка од државата, вели министерка за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска за Радио Слободна Европа.Нашите податоци говорат дека поради пандемијата со ковид 15.858 граѓани ги изгубиле своите работни места, од кои на 7.000 граѓани им прекина работниот однос, затоа што бил предмет на договор, односно работа на определено време, 2000 работници останале спогодбено во договор со работодавачот и многу мал е процентот на граѓаните кои останале без работа заради затворање на компании, заради ставање под стечај, тоа е бројка некаде околу 2500-3000 граѓани. 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања