Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

parking

Во Карпош 1 и Карпош 2 ќе се воведе зонско паркирање

Во скопските населби Карпош 1 и Карпош 2 ќе се воведе зонско паркирање, откако мнозинството жители на јавната анкета се изјасниле позитивно по ова прашање. Од Општина Карпош велат дека и во рамките на онлајн анкетата за креирање на буџетот за наредната година, граѓаните како проблем го посочуваат недостигот на паркинг места, објави СДК.МК.„Локалната самоуправа во текот на 2020 спроведе анкети во Карпош 1 и Карпош 2, како населби кои се најзасегнати од ова прашање. Доминираат одговори за воведување на зонско паркирање, по што во тек се координативни активности со ЈП ‘Градски паркинг‘ за спроведување на регулација на паркингот“, се вели во соопштението од Општина Карпош.

Скопје | пред 5 години

poliklinika-bolnica

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 813 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 813 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 62 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 58 болни, а во Куманово 113 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 118, во ковид центарот во Гостивар 59, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 64 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 15 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1282 и има колку 190 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

IMG_2177

Кирацовски: Димитров треба да поднесе оставка доколку земјава не добие датум за преговори со ЕУ во декември

Александар Кирацовски, поранешен генерален секретар на СДСМ и пратеник, во интервју за Фокус вели дека вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров треба да поднесе оставка доколку земјава не добие датум за преговори со ЕУ во декември.–Зборувам за херојска и достоинствена оставка која ќе испрати силна порака дека неоправданото одолговлекување на нашата ЕУ интеграција, вон наша моќ и вина станува неприфатлива и не чини многу. Првиот аргумент кон тој потег лежи во депласираноста на неговата актуелна функција, а вториот аргумент е поврзан со наивноста да се потпише и ратификува договор со Бугарија кој нема цврсти меѓународни гаранции дека историјата останува на историчарите, а нашиот почеток на ЕУ преговорите е безусловен и независен од исходот на Комисијата за историски и образовни прашања – вели Кирацовски.

Македонија | пред 5 години

lopta-fudbal

Нападнат фудбалски судија на стадионот на „Башкими“

Вчера во 16.00 часот во СВР Куманово, Х.Б.(25) од Скопје пријавил дека околу 13.00 часот на фудбалски стадион „Башкими“, на полувреме од фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „Башкими“ од Куманово и ФК „Њустарс“ од Скопје, каде што бил делегиран за главен судија, бил физички нападнат од повеќе лица. Според пријавеното, по завршување на првото полувреме, кога тој и судиите помошници влегле во просториите на соблекувалната, до него се доближило едно повозрасно лице и му се заканувало, по што физички го нападнало, а во нападот се приклучиле и други лица. По добиена пријава на местото на настанот дошле полициски службеници и Х.Б. и другите судии излегле од стадионот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

Македонија | пред 5 години

protest-7

Утре протест во 11 градови: Оставка на Заев, слобода на народот!

Продолжуваме, заедно со народот против продажбата на татковината. Народот се буди и нема назад. Срамот на Зоран Заев не е заеднички. Да не дозволиме Зоран Заев да ја менува историјата, туку да пратиме порака тој да замине во историјата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Тие додаваат:ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните утре (30.11.2020) во 18:00 часот на протест во 11 градови. Време е граѓаните на Крива Паланка, Кратово, Свети Николе, Неготино, Струмица, Гевгелија, Струга, Крушево, Кичево, Македонски Брод и Гостивар да се обединат против злото наречено Зоран Заев.Протест сега, за да не биде предоцна! Оставка на Заев, слобода на народот!

Македонија | пред 5 години

2020-11-29_13-32-23

(ФОТО) Спречен шверц на кафе од Албанија

На 28.11.2020 во 18.20 часот, при преземање службени дејствија во близина на државната граница со Република Албанија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато забележале три лица, кои откако ги забележале полициските службеници се дале во бегство на територија на Албанија. По извршениот преглед на теренот биле пронајдени осум вреќи со необработено кафе со вкупна тежина од 480 килограми. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

Radmila-Sekerinska

Шекеринска: Глас за Николов е глас за продолжување на успешните политики, за модерен Штип

Навистина ми е задоволство што денеска сум тука во центрот на истокот во Штип да дадам целосна поддршка, но и да ги повикам сите грѓани на Штип да ја искористат шансата на 13 декември да го дадат Штип во сигурните раце на нашиот почитуван професор, доктор и хирург којшто секогаш работел во полза на Штип и помагал на огромен број, не само на штипјани, туку и граѓани на државата од целиот Исток, истакна  Радмила Шекеринска, заменик претседателка на СДСМ.Шеќеринска додаде дека гласот за Николов на 13 декември значи глас за поддршка на грижа кон Штип и кон потребите на штипјани. Тоа е глас за реконструирани училишта за нови градинки, за подобра инфраструктура за продолжување на оној инвестициски замав којшто започна уште со претходниот градоначалник, а сега министер за транспорт и врски, Бочварски. Како Влада и како партија покажавме дека се грижиме и инвестираме во истокот. Затоа Штип ја доби шансата да има свој кадар којшто ќе го ракводи со министерство, многу важно за сите општини.„Но, сега е моментот кога Штип треба да обезбеди континуитет во инвестициите во градот, инвестициите во луѓето и таква гаранција е токму Сашко Николов, кој што покажа дека знае што работи, знае како тоа да го сработи и знае да им помогне на огромен број луѓе. Не случајно велиме Штип да го дадеме да биде во сигурни раце. Во исто време гласот за нашиот кандидат е глас и за поголемо младинско учество во политиките на водење на градот, но и за поголема шанса за рамноправност на жените во Штип.Токму овде темите кој што се однесуваат и на родовата еднквост се важни и од тука доаѓаат и многу јаки жени кој што зборувале и се бореле за ваквата политика. СДСМ секогаш беше партија која што одеше еден чекор пред останатите, и кога прв пат избра жена претседателка и јас ја добив таа чест кога бев единствената заменик претседателка на големите партии како жена“, истакна Шеќеринска и додаде:Кога ја воведовме првата женска квота во партиските структури и сега кога ја направивме оваа голема промена Форумот на жени на СДСМ практично да биде дефиниран во статутот и за прв пат да воведеме еднаквост помеѓу мажите и жените во сите партиски органи. Тоа жените во цела Македонија го знаат, но тоа го знаат и жените во Штип, и гласот за нашиот колега е и глас за таква политика.Да добиваме еднакви шанси и мажите и жените, да се инвестира во сите нас и да се решаваат проблемите. Ги повикувам сите граѓани на 13 декември да не ја испуштаат оваа шанса, и на човекот кој што веќе толку даде на Штип да му дадат шанса, да ја остават општината и да ја дадат во навистина сигурни раце, истакна Шекеринска.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 44 пациенти, а вкупно се лекуваат 469 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 44 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 469 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, шестмина болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, еден на Клиниката за гастроентерохепатологија, тројца пациенти на Клиниката за нефрологија и седум во новиот центар на Клиниката за уво, нос и грло. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 16 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 7 нови болни во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 20 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 42 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 23 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, а на Клиниката за очни болести 12 пациенти. Во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло има 16 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 107 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 9 деца и 25 возрасен.Вкупно 469 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 60 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

Kosta-Kostadinov

Костадинов: Со кои структури во Бугарија интензивно соработува Мицкоски?

Прес конференција на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник. Тој го повика Мицкоски јавно да одговори на повеќе прашања: Во име на државните и национални интереси на нашиот народ, јавно го повикуваме Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори:Со кои структури во Република Бугарија интензивно соработува во овој период?Вчера, во обраќањето пред неговите малубројни поддржувачи, на она срамно дефиле пред Владата, Христијан Мицкоски рече дека има, цитирам, „информации дека овој викенд во Софија се распарчува Македонија“.Христијан Мицкоски има должност да излезе пред граѓаните и да каже кој му ја дал оваа информација?Дали лично му се јавија на Мицкоски или преку посредници?Ако знаел дека се спрема нешто опасно по државата зошто не пријавил во надлежни институции?Еве го викендот. Ниту се распарчивме ниту имало официјални претставници во Софија.Клучното пршање е за кого одработува Христијан Мицкоски?За чии странски интереси, за кои центри?Во време кога се наоаѓаме во многу важен период за македонската иднина, за членството во ЕУ но и иднината на државата Мицкоски работи против сопствената држава.Масовно и оркестрирано се шират невистини, се пласираат лажни вести, се поттикнуваат конфликти, нетолеранција и поделби меѓу граѓаните.Слично како и потпишувањето со Преспанскиот договор. И тогаш се ширеа лаги дека толку со македонскиот идентитет за да се покаже сосема спротивното, дека е потврден и признаен.За македонскиот идентитет не се разговара, и не може да се разговара ниту ќе разговара.Мицкоски, на твоја огромна жал.Ние сме Македонци!Зборуваме македонски јазик кој НЕМА бугарски корени!Македонската иднина е во и со Европа! ИМакедонците не се хистерични како што ти ги навредуваш!Излези и кажи за кои структури одработуваш против сопствената држава и сопствениот народ?

Македонија | пред 5 години

crkva

Приведен крадец што крадел во цркви во охридско

Поради постоење основи на сомнение за сторени повеќе кражби и тешки кражби во цркви на подрачјето на Охрид и Дебарца, на 27.11.2020 година, во селото Ботун, приведен е Т.Б.(50) од Штип. Против него, СВР Охрид ќе поднесе кривична пријава. Т.Б. е осомничен за извршена тешка кражба во црквата „Св.Илија“ во с.Велгошти, охридско и во црквата „Св.Никола“ во с.Белчишта, општина Дебарца, од каде одзел пари, а биле пријавени во полициска станица претходниот ден.

Македонија | пред 5 години

pandov

Пандов: Заев ја претвори Македонија во тезга продава идентитет, јазик и историја, да се обединиме и да му кажеме доста е, време е за оставка

Она што сакам да ви го кажам на почетокот е што предавничката политика на Зоран Заев и на Никола Димитров донесе до тоа да имаме денеска тезга во Македонија. Цела Македонија е направена тезга на која што македонската историја, македонскиот јазик, македонскиот идентитет чинат по едно евро., истакна Александар Пандов, претседател на Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ.Пандов додава:Од тука го повикуваме македонскиот народ и сте останати македонски граѓани да бидат будни затоа што во наредните денови очекуваме дека Зоран Заев е подготвен да потпишува како неговиот министер сега за надворешни работи Османи, го нарекува некој патоказ.Тоа ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа и од тука ги повикуваме македонските граѓани да бидеме сплотени и обединети. Само на тој начин можеме да се спротивставиме на оваа штетна и зла политика која што за жал се плашиме дека може да не доведе да го изгубиме не само македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот идентитет туку да ја изгубиме македонската историја.Од тука повикуваме оставка на Заев и слобода на народот, истакна Пандов.

Македонија | пред 5 години

slava

Филипче - Бидете максимално одговорни во претстојниот период на слави и прослави

Министерството за здравство апелира до граѓаните во периодот на слави кој престои максимално да бидат одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита.Министерот за здравство д-р Венко Филипче вчера за време на посетата во Прилеп, предупреди дека домашните прослави и групирања беа главна причина за време на првиот бран да се влоши епидемиолошката состојба и апелираше да не дозволиме повторно тоа да се случи. Граѓаните треба да бидат максимално одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита кои беа донесени на почетокот од месец ноември.Со измените на Законот за здравствена заштита се забранува собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден.Задолжително носење на заштитна маска на отворено и во затворени простории, како и одржување на лична хигиена, задолжително често темелно миење на раце со сапун и вода или средства за дезинфекција, одржување на физичка дистанца од два метри секогаш кога тоа е возможно. Одговорноста за заштита на сопственото здравје, здравјето на најблиските и јавното здравје е обврска на секој граѓанин.

Македонија | пред 5 години

riker-zaev

Рикер до Заев: Ве охрабруваме и вас и земјите од ЕУ да барате решение за билатералните прашања надвор од интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ

Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер, во писмо до премиерот Заев истакнува дека Соединетите Американски Држави остануваат посветени во поддршката на Северна Македонија за нејзините интеграции кон Европската Унија и изразува разочарување што земјите членки на ЕУ не постигнаа согласност да ја одобрат преговарачката рамка за почеток на преговорите за членство на ЕУ за нашата земја.„Вашата земја покажа дека е доверлив сојузник во НАТО и голем пријател на САД. Пристапувањето на вашата земја во ЕУ останува наш врвен заеднички интерес и ние ќе продолжиме да го застапуваме настојувањето и поддршката заедно со нашите европски партнери за одржување на меѓувладината конференција со Република Северна Македонија за време на германското претседателство со ЕУ“, пишува амбасадорот Филип Рикер во писмото до премиерот Заев и додава дека САД ги следат и разбираат предизвиците и сложените прашања низ кои поминува процесот и истакнува дека Северна Македонија и досега покажала дека не отстапува кога е неопходно да се завршат успешно потребните процеси за да се обезбеди одржлив мир, сигурност за просперитет за своите и за граѓаните на соседните земји.Помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер пишува дека Северна Македонија тоа го докажа со постигнувањето на историскиот договор од Преспа и со Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија во 2017 година со кој беа поставени темелите за посилни односи меѓу двете земји.„Ве охрабруваме и вас, и земјите членки на ЕУ, да продолжите да барате решение за билатералните прашања надвор од процесот за интеграција на вашата земја во ЕУ и да остварувате прогрес во овие аспирации со отворање и затворање на поглавјата во преговорите. Високо ги оценуваме вашите напори да ги водите разговорите во духот на добра волја и да одржувате посветеност во обезбедувањето европската иднина на Северна Македонија која земјата покажа дека ја заслужува“, пишува амбасадорот Рикер.Во писмото до премиерот Заев се нагласува дека САД продолжува со поддршката на овие настојувања и се изразува надеж дека овие процеси ќе резултираат со одржување на континуитетот на Северна Македонија на патот кон ЕУ.„Остануваме ваши партнери оптимисти дека меѓувладината конференција со Република Северна Македонија за време на германското претседателство со ЕУ ќе се одржи наскоро“, се вели во писмото на помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент Филип Рикер, до претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев.

Македонија | пред 5 години

ezero-sut

(ВИДЕО) Купишта земја и градежен шут од ископ фрлени во Охридското Езеро!

На социјалните мрежи се појави видео од револтиран граѓани кој неможејќи да издржи поради уништувањеро на Охридското Езеро, покажува што се случува во моментов кај Извидничкиот центар. Тој коментира:„Во Охридско Езеро пред Извиднички центар има земја и градежен шут од ископ и изградба на Старечки дом“.На коментарот од видеото се слуша: Кај е Унеско за вакви будали.За жал револтираниот граѓанин е потполно во право. Има ли некој претстава со ваквоте потези кое природсно богатство го уништува! Време е некој претстот да си го стави на глава!Инаку институциите сеуште не знаат кој го направил насипот, а граѓаните јавно искажуваат сомнежи дека тие не сакаат да знаат бидејќи не се институции! 

Македонија | пред 5 години

vnuka-korcagin

(ВИДЕО Алфа) Внуката на Корчагин: Дедо ми беше убиен два пати – еднаш од бугарските фашисти, еднаш од македонската власт

Раде Јовчевски Корчагин е убиен два пати. Еднаш од фашистите Бугари, а денес за жал од македонските власти – вака ја започнува приказната внуката на Раде Јовчевски Корчагин – Калина. Со трепет во гласот, неможејќи да ги потисне спомените кои навираат, зборуваше за, никогаш доволно прежалениот, народен херој. Со неколку куршуми и извик „еве ти ја слободата“, ладнокрвно бил убиен од бугарските фашисти, објави Алфа. Имал само 23 години кога го убиле, а неговото тело го оставиле да лежи безживотно со саати, недозволувајќи да се тргне, со цел да се заплаши што повеќе народ – вели Калина Јовчевска.Текстот во целост на:  Алфа. 

Македонија | пред 5 години

hidrobioloski

(ВИДЕО) Сушата погубна за рибите во базените на „Хидробиолошки институт“

Снемува вода во базените на „Хидробиолошки институт“.Со пумпи и црева од блискиот поток се испумпува вода во базените за одгледување пастрмки на „Хидробиолошкиот институт“ во Охрид.Сушата очигледно го стори своето па вода се пумпа само во еден базен и тоа во два канали од базенот додека третиот канал стои празен бидејќи нема вода.Заради немањето доволно вода која мора да протекува низ базените за да има доволно кислород во водата, угинале дел од рибите кои се чуваат во оваа научна установа.Инаку ова не е првпат да угине риба во базените каде треба да се размножуваат ендемските видови. Во новогодишната ноќ на преминот од 2011 во 2012 година во овој иснтитут се случи помор на пастрмките кога заради сушата снема вода во базените.

Македонија | пред 5 години

3goreski-960x1280

Др- Ѓорески: Да не дозволиме по КОВИД 19, да ни се случи пандемија од канцер

Во првиот дел од пандемијата, од март наваму за кратко време ГОБ „8 Септември“ стана главен ковид центар во државата и многу од одделите беа затворени и наменети само за третман на болни со ковид 19 вирусот. Хирургијата беше комплетно пренаменета за болни со ковид 19, речиси блокирана. Интервентниот радиолог доктор Александар Ѓорески за 24 инфо вели дека од секојдневие кое го работеле од нивната област биле приморани интервенциите да ги одложуваат.Така малку по малку се она што секојдневно работевме од нашата област како што се периферните ендоваскуларни интервенции, каротидните интервенции, третмани на миоми на матката замреа, односно како неургентни процедури овие пациенти бевме приморани и сеуште сме делумно приморани да ги одложуваме.24 инфо: Каква е ситуацијата со пациентите со малигни заболувања кои имаат потреба од третман во вашата болница на одделот за интервентна радиологија?На одделот за интервентна радиологија во нашата болница се изведуваат голем број на минимално инвазивни дијагностички и тераписки процедури кај онколошки пациенти и за најголем дел од нив ние сме единствен центар во држaвата( ваквите интервенции ги нема ни во приватните болници) !!! Почнувајки од поедноставните: секакви видови на биопсии, дренажи, преку поставување на централни венски катетри и портови за хемотерапија се до најсофистицираните методи како интраартериска апликација на хемотерапевтици во тумори пред се на црниот дроб, потоа радиофреквентна и микробранова аблација на различни видови на тумори на црн дроб, бели дробови, лимфни јазли и уште ред други интервентни постапки.Мора да бидеме реални и да кажеме дека пациентите со карциноми се една исклучително вулнерабилна категорија на луѓе кај кои навремените прегледи, консултации, интервенции, операции како и апликација на хемо и зрачна терапија апсолутно несмеат да доцнат воопшто бидејќи може да настане прогресија на заболувањето и потоа да нема назад.Уште од самиот почеток на пандемијата јас и тимот за интервентна радиологија и онкологија во 8ми Септември зазедовме став дека ќе се трудиме максимално да ги згрижиме сите пациенти со малигни болести кои имаат потреба од некоја инвазивна дијагностичка или терапевтска процедура и мислам дека досега успеваме во тоа. Морам да го изразам своето задоволство и јавно да кажам дека ми е чест што работам со тим од лекари, медицински сестри и технолози кои безрезервно се ставија во служба на здравјето посебно на малигните болни во изминаиот тежок период. Одговорно тврдам дека кај сите пацеинти кај кој имало потреба од медицинска постапка од областа на интервентната онкологија истата е извршена на време, односно без да се дозволи прогресија на болеста.Текстот во велост на: 24 инфо

Македонија | пред 5 години

radar-policija

281 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 281 мерка, меѓу кои 33 за возење без возачка дозвола, 16 за технички неисправни и нерегистрирани возила и 9 санкции за управување под дејство на алкохол. Изречени се 52 мерки за непрописно паркирање и подигнати се 33 возила со специјално возило пајак. За неносење на заштитна маска изречени се 33 санкции.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

vreme

Денеска претежно облачно време, со повремен дожд од пладневните часови

Денеска преку денот ќе биде претежно облачно, на истокот со сончеви периоди. Претежно од пладневните часови ќе има повремен дожд кој се прошири од западните кон централните делови. На планините ќе има врнежи од снег. Преку ноќта снег ќе провејува на повисоките места во северните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно, попладне со појава на повремен дожд. Од вечерните часови ќе започне да дува северен ветер кој преку ноќта ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне 8 степени.Во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник наутро повремен снег ќе има на планините, а понекаде на повисоките места во северните делови повремено ќе провејува снег. Под влијание на продор на студена воздушна маса од ноќта и во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали. Во деновите потоа ќе преовладува студено време, од среда ќе биде облачно со повремени локални врнежи, кои на планините ќе бидат од снег, а ќе дува поинтензивен јужен ветер.

Македонија | пред 5 години

skopje-1

Вечерва Скопје потона во смог и магла, мерки против аерозагадувањето има во Тетово, Куманово и Кавадарци

Вечерва повеќе општини во Скопје се гушат во смог и магла. Мерните станици регистрираат високи вредности на загадување во Лисиче, Карпош и Гази Баба.Присуството на штетните ПМ 10 честички исто така се на високо ниво. Поради тоа Владата донесе одлука за стапување на сила на неколку мерки во Тетово, Куманово и Кавадарци, но не и во Скопје иако ситуацијата е алармантна и во главниот град.Покрај Скопје веќе неколку дена со виолетова боја која покажува  висока загадувачка супстанца со највисока концентрација се и Тетово, Куманово, Кавадарци.Од Владата велат дека според податоците на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздухот, прагот на алармирање за ПМ 10 честички, со надмината вредност од 175 мг/м3, е надминат во изминатите два последователни дена во овие три града, поради тоа само за нив важат мерките.Должности на МЖСПП и МЗДа препорачаат на сите работодавачи  да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар.Да се реорганизира работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11:00 до 17:00 часот.Се препорачува да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено во овие три градовиДа се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.  

Македонија | пред 5 години

zaev-4

Заев му одговори на Каракачанов: Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, доста беше омраза!

Јас сум Македонец 🇲🇰 кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет, му одговори премиерот Зоран  Заев на Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов.Заев во својата објава додаде:Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас.Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи.Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки.Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза.Доста беше омраза!

Македонија | пред 5 години

korona-3

Починати 41 лице и нови 1022 случаи на Ковид 19 во земјава денеска

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3127 тестирања, а регистрирани се 1022 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-463, Куманово-30, Дебар-6, Штип-28, Прилеп-68, Тетово-29, Струга-21, Велес-47, Битола-48, Охрид-28, Кавадарци-26, Гостивар-66, Гевгелија-4, Струмица-26, Крива Паланка-7, Радовиш-4, Крушево-2, Кочани-12, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод -5, Пехчево-1, Валандово-2, Виница-2, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-14, Кичево-36, Ресен-6, Неготино-27.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 680 оздравени пациенти од: Скопје-274, Куманово-34, Дебар-3, Штип-29, Прилеп-51, Тетово-43, Велес-37, Битола-28, Охрид-11, Кавадарци-15, Гостивар-19, Гевгелија-6, Струмица-19, Крива Паланка-7, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-15, Пробиштип-5, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Берово-5, Валандово-6, Виница-7, Делчево-4, Кратово-3, Свети Николе-10, Кичево-20, Ресен-2 и Неготино-10.Починати се 41 лице, се седумнаесет пациенти од Скопје (82, 80, 69, 55, 55, 60, 69, 81, 64, 84, 78, 55, 80, 31, 98, 80 и 49г), двајца од Прилеп (56 и 71г), двајца од Велес (76 и 58г), тројца пациенти од Битола (75, 60 и 77г ), четири од Охрид (60, 74, 72 и 66г), еден пациент од Кавадарци (67г), четири од Гостивар (72, 91, 56 и 54г), тројца од Струмица (78, 63 и 70г), еден од Радовиш (67г), еден од Кочани (68г), еден од Пробиштип (85г), еден од Валандово (75г) и еден пациент од Кичево (66г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 60723, бројката на оздравени пациенти е 37505, на починати е 1699, а бројот на активни случаи изнесува 21519. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 26602, активни 10382• Куманово 3686, активни 933• Дебар 460, активни 95• Штип 2622, активни 550• Прилеп 2969, активни 1073• Тетово 3770, активни 949• Струга 1412, активни 448• Велес 1943, активни 726• Битола 1980, активни 851• Охрид 1571, активни 628• Кавадарци 1213, активни 479• Гостивар 2479, активни 939• Гевгелија 712, активни 227 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 129 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1680, активни 592• Крива Паланка 423, активни 120• Радовиш 421, активни 114• Крушево 130, активни 76• Кочани 1227, активни 287• Пробиштип 354, активни 83• Демир Хисар 197, активни 87• Македонски Брод 168, активни 49• Пехчево 97, активни 23• Берово 347, активни 84• Валандово 206, активни 66• Виница 367, активни 158• Делчево 439, активни 191 (123 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 152, активни 57• Свети Николе 821, активни 228• Кичево 1254, активни 516• Ресен 458, активни 198• Неготино 563, активни 310 (67 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 3127 теста се преку: ИЈЗ-751, ЦЈЗ Скопје-62, Авицена-284, Биотек-296, МАНУ -206, Жан Митрев (Филип Втори)-226, Систина со PCR метода -247, лабораторија Лаор –51, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-8, ГАК-0, Синлаб-63, Ремедика-41, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -791, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 329.086 тестирања на Ковид -19.

Македонија | пред 5 години

Zoran-Zaev-1

Заев упати телеграма со сочувство за смртта на првоборецот Раде Гогов

Премиерот Зоран Заев упати телеграма со сочувство до семејството на првоборецот и носител на партизанска споменица 1941 Раде Гогов.„Во овие моменти на семејна тага дозволете ми од мое име, и од име на Владата на Република Северна Македонија, да Ви изразам искрено сочувство за смртта на првоборецот и носител на партизанска споменица 1941 Раде Гогов. Првоборецот на НОВ Раде Гогов, кој како млад 18 годишен партизан го обезбедуваше првото заседание на АСНОМ, останува во нашите срца и сеќавања како борец кој остави своја неизбришлива трага во македонската историја, како првоборец за нејзиното ослободување, самобитност, државност и независност. Неговата посветеност кон стратешките цели на државата и кон борбата за поубаво, слободно и напредно општество, го прават неговиот животен пат судбински испреплетен со патот на нашата татковина.Како борец на НОБ, ќе остане запаметен по храброста и неговите преданија за македонската борба за слобода“, се вели во телеграмата.

Македонија | пред 5 години

kongres-sdsm

СДСМ: Дрскост и лицемерие е Мицкоски да го цитира Славко Јаневски, кога неговта ВМРО-ДПМНЕ срамно го лустрираше

Откако ги навреди граѓаните и кажа дека Македонците се хистеричен народ, Мицкоски сега се обидува да им препише и амнезија. Мицкоски денеска бесрамно и дрско го цитираше великанот Славко Јаневски, чија лустрација, партијата на Мицкоски во 2013 година ја нарача и поддржа, се вели во соопштението од СДСМ.Тие во истото додаваат:Процесот на лустрација кој ВМРО ДПМНЕ го злоупотребуваше за пресметка со неистомисленици и обезвреднување на еден историски период, го зафати и Славко Јаневски, авторот на првиот роман напишан на стандарден македонски јазик.За лустраторите кои работеа по нарачка на менторот на Мицкоски, Никола Груевски, не беа важни ликот и делото на починатиот Јаневски за да го прогласат за полициски информатор на тајни југословенски служи, без да го има основното човеково право да се одбрани.Каква е таа дрскост на Мицкоски да ги изговара стиховите на Јаневски еден од основоположниците на современата македонска книжевност, откако со неговото ВМРО-ДПМНЕ му нанесоа толку голема неправда и болка на неговото семејство.Мицкоски е осамен во неговата хистерија, во сопствениот очај, дефинитивно е без срам и перде и должи извинување и на македонскиот народот и на семејството на Славко Јаневски.Мицкоски, ти не си го познаваш народот, затоа народот те казни и сега во опозцијата.

Македонија | пред 5 години

bolnica-ohrid

Донација на Вентили за кислород од ЛК„Десарети“-Охрид за Општата Болница во Охрид

Во согласност со мотото на клубот за донирање на средства и опрема кадешто е најпотребно, во текот на вчерашниот ден-петок, 27.11.2020 г., делегација на ЛК „Десарети“-Охрид, ја предаде опремата за Општата Болница во Охрид, што се состоеше до 4 вентили за кислород, наменети за борба со КОВИД 19.Со помош на неколку фирми, обезбедена е вредната донација. За само два дена беа набавени и доставени 4 вентили за кислородни боци со сите пропратни елементи. Ваквата опрема е повеќе од потребна во овие лоши времиња за целото човештво.Од клубот информираат дека сакаат оваа акција да му ја посветат на Големиот Човек, хуманист, лекар, уметник, и еден од основачите на лајонизмот во Охрид, но и пошироко, а тоа е Драган Спасески-Охридски, кој прерано си отиде во вечноста.Апел до сите институции, организации, деловни субјекти и поедници да се насочиме во овие тешки моменти, кој колку може и на начин каков што може да се помогне во борбата со КОВИД 19.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања