Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

kumanovo-central-square-187257

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила мерки за заштита поради загадениот воздух

Во Тетово, Куманово и Кавадарци стапуваат на сила препораките и мерките во случај на неколкудневен надминат праг на ПМ10 честички во воздухот, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.Од таму посочуваат дека според податоците од Државниот мониторинг систем за квалитетот на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од УХМР, прагот на ПМ10 честички ја надминал вредноста од 175 mg/m3 во текот на два последователни дена во Тетово, Куманово и Кавадарци.Согласно тоа, во овие три градови одлучено е да стапат на сила следните препораки и мерки:• Се препорачува на сите правни субјекти (работодавци) да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар;• На сите правни субјекти (работодавци) им се препорачува да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот.• Не се препорачува организирање на спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.• Се препорачува да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.Владата на Република Северна Македонија треба:• Да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила.• Да обезбеди ограничување на работите на градежните објектиМинистерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа:• Да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници.• Да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.Министерството за здравство:• Да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.Државниот инспекторат за животна средина:• Да започне со вршење на зачестена контрола на Инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.Министерството за животна средина и просторно планирање ќе подготви и достави:• Препорака до Инсталациите коишто поседуваат А – ИСКЗ дозвола, за намалување на капацитетот на производство (до 50 %) со што од оваа мерка ќе бидат исклучени инсталациите кои што произведуваат топлинска или електрична енергија.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 52 пациенти, а вкупно се лекуваат 437 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 437 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 24 приеми и тоа пет пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, двајца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, исто толку и на Клиниката за гастроентерохепатологија и на Клиниката за очни болести, тројца болни на Клиниката за Нефрологија и седум во ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 13 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника имало нови 11 приеми во тек на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 68 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 14 пациенти, на Клиниката за неврологија 31 болен, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 42 пациенти со симтоми на корона вирусот. На Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 22 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, на Клиниката за очни болести 12 пациенти, а на Клиниката за уво нос и грло 12 болни.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 пациенти, на Клиниката за инфективни болести лежат 152 болни додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 23 пациенти, од кои 10 деца и 13 возрасни.Вкупно 437 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 70 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

ploca-2

Георгиески со осуда за оштетувањето на споменикот во чест на загинатите бугарски туристи

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати јавна осуда поради оштетувањето на споменикот поставен во спомен на бугарските туристи кои ги загубија своите животи во потонувањето на бродот „Илинден“ во Охридското Езеро.„Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам јавна осуда до несовесните граѓани кои во текот на претходните денови извршиле оштетување на споменикот ‘Солза на Роза’, кој беше поставен годинава по повод одбележувањето на единаесет годишнината од несреќата на бродот ‘Илинден’ во која загинаа 15 бугарски туристи“, се наведува во објавата на градоначалникот на социјалните мрежи.Тој воедно апелира до граѓаните да се воздржат од вандалско однесување и да покажат повисока свест за чување на јавните површини, споменици и објекти.Бродот „Илинден“ потона на 200 метри од брегот, на 5 септември во 2009 година. На бродот имаше над 50 лица од Бугарија, кои патувале кон манастирот „Свети Наум“.Вечерва и македонското Министерството за надворешни работи го осуди инцидентот.„Министерството најостро го осудува вандалскиот акт на скрнавење на споменикот во Охрид. Надлежните служби се информирани и во најскоро време ќе го отклонат ова злодело на неодговорни и злонамерни поединци, за да можеме достоинствено да ја паметиме ова трагедија. Вратите на историскиот Охрид остануваат ширум отворени за сите туристи, а посебно се секогаш добредојдени нашите пријатели од соседна Бугарија“, се наведува во соопштението на македонското МНР.

Македонија | пред 5 години

dragan-1

Д-р Спасески -Охридски ќе биде погребан денеска, од „Мирен сон“ порачуваат сочувство да се изразува по телефон или на социјалните мрежи

Погребот на Д-р Драган Спасески -Охридски ќе се изврши денес на градските гробишта во Охрид.Голем број од Вас ќе сакаат да му оддадат последна почит на покојниот па затоа Ви се обраќаме јавно дека погребот ќе се изврши согласно протоколите за Covid во кругот на потесното семејство. Семејството и операторот "МИРЕН СОН " Ве замолуваат вашето сочувство да го изразувате по телефон или на социјалните мрежи, стои во објавата од погребалното претпријатие „Мирен сон“.д-р Драган Спасески Охридски ја изгуби битката со корона Вирусот. Спасески беше доктор специјалист по ортопедија, уметник чии дела повеќе од 30 години ги воодушевуваат љубителите на уметноста во земјава и странство, поет, кој истовремено се занимава со дизајн, компјутерска уметничка графика, уредување на ентериери, обожван од охриѓани, ценет во секоја област.Драган Спасески Охридски е роден 1960 година и по професија беше доктор-специјалист ортопедски хирург.Спасески Охридски важеше за голем презентер на македонската уметност надвор од границите на земјава.Спасески зад себе остави сопруга и син.

Македонија | пред 5 години

nefi-useini-660x330-1

Нефи Усеини не е повеќе советник во општина Охрид

Нефи Усеини поднесол оставка од позицијата советник во општина Охрид.На седницата закажана за 4 Декември веќе е поставена како прва точка на дневен ред, Предлог- одлука за константирање престанок на мандат на член во Советот на општина Охрид.Причините за оставката на Усеини засега не се познати. Дали станува збор за политички или бизнис интереси останува да видиме.Зад името на Усеини, кој стана советник во 2017 како носител на листата на албанските парти, се голем број скандали. Периодов е актуелен поради судското рочиште за нападот врз Спирко Топаловски, а кое никако да започне откако и третото рочиште беше одложено, бидејќи токму Усеини бил позитивен на Ковид-19.

Македонија | пред 5 години

ploca-2

(ФОТО) Обновена плочата од споменикот подигнат во спомен на бугарските туристи

Во текот на ноќта ЈП Градски гробишта  кое беше задолжено за поставување на споменикот за бугарските туристи кои загинаа при потонувањето на бродот „Илинден“ , веднаш ја санира штетата на споменикот.Уште сношти поставена е нова.Како што јавува бугарската новинска агенција БГНЕС во последните три дена многу медиуми водат антибугарска пропаганда по интервјуто на премиерот Зоран Заев.Министерството за надворешни работи најостро го осуди вандалскиот акт на скрнавење на споменикот во Охрид за жртвите на трагичната несреќа со бродот “Илинден” во која настрадаа 15 бугарски туристи на 5 септември 2009 година.

Македонија | пред 5 години

kosta-3

Георгиески: Јас останав без голем пријател и колега,а Охрид без голем човек кој ќе влезе во колективната меморија на древниот Охрид

Почина Драган Спасески-Охридски. Останавме без врвен доктор, вреден охридски интелектуалец, ликовен уметник, писател и обичен човек со ретки естетски вредности и филозофски размисли.Јас останав без голем пријател и колега, со кого делевме многу добри и важни нешта и успешно се справувавме со сите предизвици, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Тој во објавата додава:За жал, останавме без еден голем човек кој ќе влезе во колективната меморија на древниот Охрид. Неговото дело ќе биде гордост за неговото семејство, сограѓаните и интелектуалните кругови, не само во нашата држава, туку и во целиот свет.Почивај во мир и нека ти е вечна слава.Со најискрена почит

Македонија | пред 5 години

spomenik

Искршен споменикот во Охрид од бродската несреќа, МНР со осуда на ваквиот чин

Споменикот на брегот на Охридското езеро кој беше подигнат во спомен на бугарските туристи кои загинаа при потонувањето на бродот „Илинден“ е срушен, јавува БГНЕС.Како што јавува бугарската новинска агенција во последните три дена многу медиуми водат антибугарска пропаганда по интервјуто на премиерот Зоран Заев.Министерството за надворешни работи најостро го осудува вандалскиот акт на скрнавење на споменикот во Охрид за жртвите на трагичната несреќа со бродот “Илинден” во која настрадаа 15 бугарски туристи на 5 септември 2009 година.

Македонија | пред 5 години

korona-2

28 починати и нови 1093 случаи на Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3084 тестирања, а регистрирани се 1093 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-431, Куманово-57, Дебар-14, Штип-41, Прилеп-60, Тетово-41, Струга-29, Велес-55, Битола-37, Охрид-37, Кавадарци-44, Гостивар-94, Гевгелија-14, Струмица-18, Крива Паланка-7, Радовиш-11, Крушево-8, Кочани-13, Пробиштип-2, Македонски Брод -2, Валандово-3, Виница-3, Делчево-7, Кратово-1, Свети Николе-20, Кичево-15, Ресен-10, Неготино-19.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 819 оздравени пациенти од: Скопје-256, Куманово-57, Дебар-6, Штип-26, Прилеп-49, Тетово-50, Струга-13, Велес-42, Битола-42, Охрид-27, Кавадарци-33, Гостивар-52, Гевгелија-6, Струмица-29, Крива Паланка-5, Радовиш-9, Крушево-2, Кочани-25, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Берово-9, Валандово-6, Виница-11, Делчево-6, Кратово-8, Свети Николе-17, Кичево-13, Ресен-2, Неготино-13.Починати се 28 лица, девет пациенти од Скопје (54, 71, 80, 62, 86, 82, 70, 82 и 62г), четири од Куманово (76, 78, 69 и 85г), еден пациент од Дебар (82г), еден од Штип (61г), пет пациенти од Тетово (83, 72, 74, 62 и 64г), еден од Струга (57г), еден од Велес (70г), еден од Охрид (39г), двајца од Гостивар (69 и 53г),еден д Струмица (55г), еден од Кратово (74г) и еден пациент од Ресен (69г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 59701, бројката на оздравени пациенти е 36825, на починати е 1658, а бројот на активни случаи изнесува 21218. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 26140, активни 10211• Куманово 3656, активни 938• Дебар 454, активни 92• Штип 2594, активни 551• Прилеп 2903, активни 1060• Тетово 3742, активни 963• Струга 1391, активни 427• Велес 1896, активни 718• Битола 1932, активни 834• Охрид 1543, активни 615• Кавадарци 1187, активни 469• Гостивар 2413, активни 896• Гевгелија 708, активни 229 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 128 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1654, активни 588• Крива Паланка 416, активни 120• Радовиш 417, активни 114• Крушево 126, активни 76• Кочани 1215, активни 291• Пробиштип 347, активни 82• Демир Хисар 196, активни 91• Македонски Брод 163, активни 45• Пехчево 96, активни 26• Берово 347, активни 89• Валандово 204, активни 71• Виница 365, активни 163• Делчево 432, активни 188 (118 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 151, активни 59• Свети Николе 807, активни 224• Кичево 1218, активни 501• Ресен 452, активни 194• Неготино 536, активни 293 (59 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 3084 теста се преку: ИЈЗ-940, ЦЈЗ Скопје-76, Авицена-246, Биотек-325, МАНУ -225, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Систина со PCR метода -194, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-7, ЦЈЗ Битола-33, Инфективна клиника-5, ГАК-11, Синлаб-40, Ремедика-21, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -759, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 325.959 тестирања на Ковид -19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 628• Гази Баба – 1517• Аеродром -1471• Карпош – 1194• Центар – 1144• Кисела Вода – 1268• Ѓорче Петров – 895• Бутел - 588• Шуто Оризари – 209• Студеничани – 53• Сарај – 166• Арачиново -33• Илинден – 259• Сопиште – 60• Чучер Сандево – 102• Петровец –138• Зелениково -82• Странец – 197• Нераспределен- 207

Македонија | пред 5 години

Dragan

Охрид тагува, изгуби голем човек - почина познатиот доктор и уметник Драган Спасески ОхридскиПочина познатиот доктор и уметник Драган Спасески Охридски

Почина познатиот доктор и уметник Драган Спасески Охридски. Спасески беше доктор специјалист по ортопедија, уметник чии дела повеќе од 30 години ги воодушевуваат љубителите на уметноста во земјава и странство, поет, кој истовремено се занимава со дизајн, компјутерска уметничка графика, уредување на ентериери, обожван од охриѓани, ценет во секоја област.Драган Спасески Охридски е роден 1960 година и по професија беше доктор-специјалист ортопедски хирург.Како уметник ги имаше реализирано мултимедијални проекти:„Апокалиптичен нарцис“ (1989 год.), „Сѐ трепери (1996 год), „Блиску до сонцето и љубовта мракот помалку боли“ (1999 год), „Вибрација, креација, совршена релација“ (2001), „Охридски ангели“ (2003), „Погледни во себе“ (2004), „Трите точки“ (2008), „Охридски бисери на мудроста“ (2010), „Битолска трилогија“ (2011), „Човек е трепет …и ангелот трепет е …а ти Боже мој…“ (2017 год.), Скоро сите мултимедијални проекти се составени од изложби на ликовни дела и промоција на книги – поезија со истоимениот наслов како мултимедијалниот проект, а некои се проследени и со архитектонски ентериерни креации.Спасески Охридски важеше за голем презентер на македонската уметност надвор од границите на земјава.Спасески зад себе остави сопруга и син.

Македонија | пред 5 години

Outlook-fx45mqox

Левица: Време е да се стави крај на неспособните и корумпирани инспекциски служби!

,Увидот заврши! Не се знае кој врши градежни работи на езерското крајбрежје во Далјан” – Ова е одговорот што го добија охриѓани после увидот извршен од страна на овластен градежен инспектр од Општина Охрид и државен инспектор за животна средина, се вели во соопштението од Левица.Тие во истото додаваат:Неоткривањето кој ги врши градежните работи на езерското крајбрежје во Далјан е одлика на неспособното ,,работење” на подмитливите инспекции.Сведоци сме на безброј вакви сценарија каде инспекциските служби се тотално неспособни. После неуспешниот увид, на локација каде повеке од очигледно е дека со денови се работи на терен, дали истите тие неспособни инспекциски служби помислиле дека единствено нешто што можат да го направат е да дадат оставка.Зошто се платени одговорните лица кои се задолжени да се грижат за Охридското езеро? Нивната неодговорност, неистрајност и неуспех во спроведувањето на инспекциски увид, зборува за нивната корумпираност.На Охрид му се потребни нови некорумпирани способни лица, се вели во соопштението од Левица.

Македонија | пред 5 години

siljanoska

Силјановска Давкова: Заев ја урниса македонската историја преку својата политика кажувам, заборавам, негирам

Вечерва во емисијата „Што не е јасно“ гостуваше Гордана Силјановска Давкова пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“. При своето гостување посочи дека Заев со своеото интеврју ја урниса македонската историја, но исто така ги поткопа и националните интереси.„Легитимитетот на Заев не произлегува од неговиот ренесансен ум, ниту од неговата партија. Туку произлегува од пратениците“, нагласи Силјановска Давкова.Силјановска Давкова посочи дека наместо Заев да ги имитира бугарските политичари и да побара лидерска средба, да информира што се бараат Бугарите, тој молчи.„Премиерот замислете небаре е крал или цар, изјавува дека не сака да влезе во кавга со лидерот на најголемата опозициска партија. Оти тоа ќе му наштети на неговите клучни разговори и преговори со Бугарија“, појасни Силјановска Давкова.Силјановска Давкова додаде дека Заев единствено нанесе големи непоправливи штети врз Република Македонија.„Бугарите нема да отстапат од гаранциите од премиерот. Сега почетните позиции наши не се нашите, туку се она што го кажа премиерот Заев. Нема во меѓународните односи дека можеби згрешил, можеби не ги употребил вистинските зборови, нема. Тоа е нешто што е потврдено и гарантирано за жал“, рече Силјановска Давкова.Силјановска Давкова посочи што ќе се случува во СДСМ зависи од членовите, но партијата се наоѓа во тешка состојба поради Заев. Заев треба да ги слушне ставовите на членовите, ако не ги сослуша погубно е за партијата.„Како може едне премиер, како може еден претседател на партија пред да се консултира со луѓе кои се историчари, кои биле со државнички квалитети да излезе и така ноншалатно за нешто што е наш живот и минато и иднина едноставно да се пазари“, запраша Силјановска Давкова.„Јас очекував барем претседателот да побара да се обрати пред пратениците бидејќи има такво право. Доста, веќе еднаш во годината само честитки пред Нова година и фрази. Претседателите се тука за да покажат дека се на правото место кога е прашањето вакво какво што е“, нагласи Силјановска Давкова.Силјановска Давкова додаде дека претседателот на државата кога е најтешко на државата го нема.„Мојата теза е дека треба да се излезе со еден документ, воопшто тој не треба да биде навредлив и дека вистинскиот пат е кој? Расправа во Комисијата за надворешни работи на која што ќе дојдат од сите политички партии. И ставање селекција на приоритетите, на акцентите за сите да бидат творци на еден заеднички документ кој што ќе го носи со себе премиерот и ќе рече дека како што велат бугарските политичари ова е нешто што не обврзува за Меморандумот бидејќи народните пратеници го усвоија овој документ“, нагласи Силјановска Давкова.Силјановска Давкова посочи дека Собранието личи на воз без возен ред. Македонското собрание е единствено кое што нема календар, пратениците не знаат кога ќе се одржуваат седниците, кога ќе имаат средби со граѓаните. Агендата на Собранието ја диктира Владата, поради тоа во Македонија нема демократија.

Македонија | пред 5 години

nefi-useini-660x330-1

Одложено судењето против браќата Усеини од Охрид, Нефи Усеини е во изолација

Не се одржа ниту третото по ред рочиште од судскиот процес што пред Основниот суд во Охрид се води против браќата Нефи и Ибраим Усеини. Причина за неодржувањето на дешениот распит е што поради Ковид-19 на првообвинетиот Нефи Усеини му е изречена мерка домашна изолација, објави МИА.Инаку, првото рочиште од процесот беше одложено за 26 октомври, поради влошената здравствена состојба на Ибраим, брат на советникот во Општина Охрид од редовите на ДУИ – Нефи Усеини. Тогаш пред Судскиот совет од предметот што го водеше судијата Милчо Клишески не се појави ниту Спиро Топалоски оштетениот и главен сведок во судењето, со образложение дека неговата сопруга вработена во детска градинка не можела да отсуствува од работно место така што немало кој да се грижи за децата.Второто рочиште не се одржа поради тоа што второобвинетиот Ибраим Усеини беше на оперативно лекување во странство и стоматолошка интервенција на оштетениот Спиро Топалоски.Покрај денешното, предметот што сега го води судијката Билјана Белеска имаше закажано уште едно рочиште на 3 декември што, исто така е одложено, со појаснување дека процесот треба да продолжи во јануари 2021 година.Обвинителството покрена постапка против браќата Усеини за настан што се случи на 18 август годинава кога пред хотел во Охрид Спиро Топалоски физички бил нападнат од браќата Усеини, при што според првичната изјава на оштетениот бил изваден и пиштол, а кон него и неговиот малолетен син биле упатувани закани. Судскиот процес против нив се води поради сомневање дека се сторители на кривично дело „насилство“, иако против нив првично беше покрената пријава и за „неовластено држење на оружје или распрскувачки матeријали“. Оштетениот Топалоски го смена исказот даден во предистрага, посочувајќи дека се работи за недоразбирање односно погрешно протолкувана изјава. За одбраната исказот на Топалоски даден пред Јавен обвинител беше посочена како единствен валиден доказ во постапката.извор: МИА

Македонија | пред 5 години

mickoski

Мицкоски:Не отстапуваме ни чекор од она што е наше! Скопје протестира и сака слобода која е скапо платена

Чувствувате срам поради изјавите на Заев?Сакате да промените нешто затоа што знаете дека повеќе не оди вака и не сакате да бидете соучесник во газењето по коските и жртвата на Илинденците, Партизаните, хероите?Сега е времето кога треба да се протестира, за утре да не биде предоцна, напиша на својот ФБ профил претседатседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски во својата објава додава:Македонија се обединува против Заев, против заедничкиот противник, против негаторите на македонската историја, идентитет и јазик. Сѐ повеќе луѓе се охрабруваат да застанат во редот на одбраната на она што е свето и за кое се бореле и гинеле генерации, а кое сега се распродава.Сѐ повеќе граѓани на Република Македонија, кои имаат разлики по многу точки, се обединети во едно - бидејќи знаат дека нема назад од тука. И не отстапуваме ни чекор од она што е наше.Скопје ја сака слободата која е скапо платена и Скопје протестира. Повикувам на сенароден протест утре, со почеток во 12:30 часот кој ќе заврши пред Владата на Македонија. Поради заразата со корона, протестот ќе биде со автомобили и во 12:30 часот ќе се тргне кон Владата од две локации, СЦ "Борис Трајковски" во Општина Карпош и СЦ "Јане Сандански" во Општина Аеродром.За доброто на Македонија, порачуваме заеднички: Оставка на Заев, слобода на народот!

Македонија | пред 5 години

1783741-670x377

Ахмети: Заев ја жртвува политичката кариера во служба на интеграцијата на земјата

Претседателот на Демокрaтската унија за интеграција Али Ахмети коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев за бугарскиот медиум БГНЕС истакна дека кај него има добра волја за да се реши бугарското прашање, што е многу важно за иднината на нашата земја за отворањето на преговорите за интеграција во Европската унија. Тој смета дека премиерот Заев лично се жртвувал ризикувајќи ја политичката кариера со искажувањето толку директно на нештата со едиствена причина, како што рече, што подобро да биде за нашата земја, нашата држава и граѓаните на Северна Македонија.– Во оваа ситуација, ние секако ќе се солидаризираме со нашите македонски сограѓани и никогаш не сме спореле за ништо, било за јазикот или историјата, затоа што нашите судбини биле исти, окупаторите ни беа исти и жртвувањата ни биле заеднички, заеднички да бидеме слободни во овие простори. Ние сакаме решение што е можно побрзо, да не бидеме под влијание на емоциите, да не влегуваме во фолклоризмот, но да бидеме рационални и разумни за да го решиме ова прашање што е можно побрзо. Се надевам дека бугарската страна, која беше придонесувач и потврдувач на нашите универзални вредности за членството на нашата земја во НАТО и почетокот на преговорите за ЕУ исто така ќе покаже висока рационалност за надминување на овие постојни разлики и што е можно побрзо да се започне или да се одржи заеднички меѓувладин состанок за почеток на преговори за членство во ЕУ. Се надевам во европските вредности што ги има Бугарија и овие тешкотии ќе бидат надминати во наредните денови, рече Ахмети на свечената академија по повод Денот на албанското знаме. 

Македонија | пред 5 години

27112020_ZPVRSM_Nikolovski_DZSI-1

Николовски: Инспекторите имаат целосна поддршка од Владата, само заеднички ќе ја надминеме здравствената криза

Денеска заменикот на Претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, одржа работна средба со дел од инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ). Од страна на ДЗСИ, беа презентирани податоците за спроведените надзори во изминатиот месец во надлежност на овој инспекторат, откако се стапени на сила измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Вицепремиерот Николовски посочи дека овој инспекторат има значаен придонес во спречувањето на ширењето на вирусот КОВИД-19, преку надзорите што ги спроведува во рамки на своите надлежности.„Инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на секоја уредба, одлука, протокол и мерка, што ги преземаме за спречување на ширење на коронавирусот. Повеќе од било кога е важно да ги почитуваме мерките и протоколите, да носиме маска, да одржуваме растојание и да нема групирања. Само така, заеднички, ќе ја надминеме оваа здравствена криза, која притиска и врз економијата. На тој начин, ќе им помогнеме и на инспекторите, на здравствените лица, полицијата, армијата и сите други чинители што се вклучени во битката со овој вирус“, изјави вицепремиерот Николовски.Притоа, Николовски посочи дека Информацијата за кадровската екипираност во инспекторатите, е веќе влезена во владина процедура и онаму каде што има потреба, за следната година ќе се овозможи да има нови вработувања, со цел да се обезбеди непречено функционирање.Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова, изјави дека инспекторите изминатите девет месеци се секојдневно на терен со вршење на вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи, училишта, детски градинки, козметички салони, старечки домови...„Изминатиот месец откако стапија на сила измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, нашиот инспекторат издаде околу 40.000 решенија на лица позитивни на вирусот КОВИД-19 и на лица контакти со позитивни. Само во последните четири дена доставени се 7.500 решенија за изолација. Ако ја споредиме оваа бројка со бројката од минатите месеци, ќе ни ја покаже сериозноста на целата ситуација. Инспекторите ќе останат на терен, будно ќе мониторираат било какво отстапување од протоколите и од законските норми кои се пропишани. Борбата е заедничка, почитувајќи ги протоколите прво се заштитуваме себе си, но и овозможуваме на здравствениот систем да истрае“, изјави Сотирова-Бухова.Државниот санитарен и здравствен инспекторат ги спроведува надзорите во здравствените установи, градинките, училиштата, старечките домови, од аспект на почитување на здравствените протоколи, управување со медицински отпад, санитарно-хигиенски услови во сите установи што ги контролира ДЗСИ, заштитна опрема во установите и друго.

Македонија | пред 5 години

5-20201127_134243-

Четврта седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, од прогласувањето кризна состојба

Денеска, во Центарот за управување со кризи, се одржа четврта седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК преку видеоконференциска интернет врска. Штабот е оперативно стручно тело што раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.Со седницата на Главниот штаб раководеше, в.д., директорот на Центарот, Стојанче Ангелов, од својот кабинет, а на видеоконференцијата учествуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи. Институциите во Системот за управување со кризи, СУК, беа задолжени на дневна основа да доставуваат податоци според оперативни можности за комуникација за нивното ангажирање за спроведување на Акцискиот план, а секој петок да доставуваат писмено сублимирано неделно брифирање. Секако, во контекст на теренското дејствуање, се координиршаше оправданата потреба од лични заштитни средства, дезифенкциони средства и други работи поврзани со теренското оперативно дејствување на припадниците на МВР и Армијата, коишто надвоешно ги обезбедуваат болnичките установи каде што се третираат „ковид“ пациенти.Видеоконференциската седница е во насока и со цел за поголемо и посеофатно дејствување во правец превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“, заштита на здравјето и животот на населението преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационалнио и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси. Секако, со Акцискиот план, беа утврдени и активностите на институциите за наредниот период.До сега, се утврдија силите и средствата со коишто Армијата дава поддршка на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство, согласно Акцискиот план и Законот за управување со кризи со флуиден ангажман во поглед на бројот, средства и капацитети согласно потребите и условите околу болnичките установи каде што се третираат „ковид“ пациенти. Денеска Армиските припадници се веќе на терен, согласно вчера потпишаната Одлука на претседателот Пендаровски, а и информирањето на јавноста од страна на министерката за одбрана, Шеќеринска.Активностите и координацијата од ЦУК е во контекст на потребата за учество на дел од Армијата, согласно Стратегискиот одбранбен преглед, а што се остварува на предлог на Управувачкиот комитет по работата на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, што, пак, е континуитет на процената на Групата за процена. Притоа, на седниците на Главниот штаб за управуање со кризи при ЦУК, конкретно се изврши определување на видот и број на силите и капацитетите на армиските единици, намена и задачи за коишто се бараат, а и времетраење на конкретни активности и ангажмани на армиската единица.Инаку, обемниот и содржаен, Акциски план што го изготви Центарот за управување со кризи, е во директна насока за превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“ и има и преглед за расположивите човечки и материјално технички ресурси и план за координирано дејствување. Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а работи и за зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор.

Македонија | пред 5 години

kosta-2

Мобилни тимови ќе пружаат здравствени услуги во Охрид

Градоначалникот  Константин Георгиески  присуствуваше  на промоција на  прекуграничниот проектот „ Cross 4 all” што Општина Охрид го имплементира во соработка со  Заводот за превенција на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ , солунскиот универзитет „Аристотел“,  Факултетот за  информатички  и комуникациски технологии „Св. Климент Охридски“ од Битола и Општина Неаполис од Грција.За значењето  на проектот кој е финансиран преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република  Грција 2014- 2020 , градоначалникот Константин Георгиески, изјави:– Во време кога целиот Свет се соочува со здравствената криза од КОВИД 19 која предизвика проблеми во сите општествени сегменти,   може да се каже дека  промоцијата на проектот  ”Cross 4 all”  е особено значајна  ако се земе во предвид дека најсуштински дел од проектот е   Пилот Програмата за воведување на Мултидисциплинарни тимови на здравствени експерти, обучени соодветно и опремени со иновативни мобилни комплети.  Тие тимови  ќе  испорачаат многубројни здравствени  услуги од областа на превенција, дијагностика, претходна оценка, упатства, услуги на рецепт и слично  во домовите на лица со попреченост  или намалена мобилност, а посебен акцент ќе биде ставен на домашните посети,медицински и психолошки прегледи на пациенти позитивни на Ковид-19. Овие мобилни тимови во голема мера би ја олесниле работата на здравствените институции и медицинскиот персонал во услови кога тие се преоптоварени  со работа,  а нивните капацитети максимално исполнети. Овие тимови периодов  ќе  бидат нивна дополнителна помош. Мобилните тимови започнуваат со работа на терен во вторник. Станува збор за четири тимови, по два  формирани  од општина Охрид и два од   Заводот за превенција на кардиоваскуларни заболувања  „Св. Стефан“.  Во секој тим има доктор, медицинска сестра, психолог и социјален работник .За мобилните тимови  за кои набавивме комплетна опрема за лекарски прегледи на располагање ќе биде и  возилото кое општината го набави преку овој проект. Општина Охрид, наредниов период ќе продолжи да поддржува и други вакви проекти  во кои се вмрежуваат релевантни здравствени институции во насока на олеснување на функционирањето на преоптоварениот  здравствен систем со цел полесно и побрзо да се надмине кризата предизвикана од КОВИД 19  – рече Георгиески.Покрај градоначалникот Георгиески на настанот присуствуваа претставници од Заводот за превенција на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ од  Охрид ,Црвен Крст и претставници од ТЛЕР при Општина Охрид.Времетраењето на имплементација на проектот  „Cross 4 all “е 24 месеци.Вкупен буџет на проектот е 1.130.290,00  Евра  а, за Општина Охрид буџетот изнесува 142.810,00 Евра.

Македонија | пред 5 години

korona-test

Филипче: Донација од 13500 тестови од Норвешка, 10000 од нив за министерството за здравство

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска присуствуваше на примопредавањето на донација од 10.000 брзи тестови. Оваа помош произлегува од потпишаниот Протокол за донација меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и норвешкото одбранбено аташе, ппк. Егил Далтвејт.Од прогласувањето на кризната состојба, Министерството за одбрана се вклучи во помош за справување со ковид кризата, рече министерот Филипе. Веќе од понеделник, Воено медицинскиот центар со тим од 12 лекари и 20 медицински сестри ќе се вклучат во работа на ковид одделенија во Скопје.-Тоа е голема помош и поддршка имајќи предвид дека сега сите специјалисти од областа на интерната медицина, сите инфектолози од почеток на кризата се посветени на третман на пациентите со Ковид 19. Оваа донација од брзите тестови е многу значајна, бидејќи го олеснија пристапот на пациентите кон тестирање, но го олеснија и процесот на движење на пациентите во болничките установи. Со брз тест за 15 минути се знае дали е пациентот позитивен или не и по која „патека“ ќе треба да се лекува во болничките установи.Филипче упати благодарност до Кралството Норвешка и нивното Министерство за одбрана за оваа многу значајна помош и поддршка за нашата земја.

Македонија | пред 5 години

korona-4

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 833 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 833 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти позитивни и суспектен на КОВИД-19.Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекува 61 пациент, а во Куманово 120 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 114, во ковид центарот во Гостивар 57, а во Струга 29 болни.Во болницата во Струмица лежат 79 пацинети, во Кочани 17, во Кичево 20, Кавадарци 44, а во Гевгелија 16 лица позитивни на корона вирусот.Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1296и има колку 160 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

2020-11-27_14-01-29

(ФОТО) Запленети 36 килограми марихуана, приведени две лица

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал- Единица за недозволена трговија со дрога при Бирото за јавна безбедност до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против А.И. (59) и З.М. (52), двајцата од Куманово, за сторено кривично дело - „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија. А.И. и З.М. од Косово набавиле марихуана заради понатамошен транспорт до Р.Турција, со цел стекнување на противправна имотна корист.На 04.11.2020 тие отпатувале во Косово за да ја преземат марихуаната, по што се вратиле во Северна Македонија, а товарното возило во кое била марихуаната по насоки на А.И. било паркирано на договорена локација во Скопје. На 09.11.2020 З.М. по инструкции на А.И. тргнал за Турција при што на автопат Скопје-Велес изгубил контрола над возилото и излетал од патот. Од страна на полициски службеници од ЕНТД извршен е преглед на товарното моторно возило при што во истото пронајдена е марихуана. Пронајдената марихуана е предадена за вештачење и утврдено е дека е со вкупна нето тежина од 36 кг. Лицата се лишени од слобода и изнесени пред судија на претходна постапка, пришто одредена име мерка притвор во траење од 30 дена.

Македонија | пред 5 години

D41-ZjHXoAAWYe3

Груевски: Заев уште еднаш ја покажа својата патолошка омрза кон мене нечесно давајки лажна и би рекол гнасна изјава со држење политички говор во судот

Денес Зоран Заев уште еднаш ја покажа својата патолошка омрза кон мене нечесно давајки лажна и би рекол гнасна изјава со држење политички говор во судот дека јас сум бил организатор на настаните од 27 април 2017 година.Тој денес уште еднаш јавно покажа дека е промотор на овој длабок и интензивен политички прогон врз мене каков што одамна не се случил во македонската историја, напиша на својот ФБ профил поранешниот премиер Никола Груевски.Груевски во објавата додава:Токму тој, понекогаш во соработка со други негови соработници, лично го осмислува и го нарачува прогонот против мене, често и кон мои блиски соработници со цел да ги притисне и уцени да бидат сведоци во неговиот нечовечки нагон да ми направи најголеми можни штети, понижувања, апсења, судења, пресуди, затвори и секаков друг вид малтретирања.Има повеќе причини за тоа, а едно од тие сигурно е што јас сум антипод на неговите политики на промена на уставното име, идентитет и историја на македонскиот народ, но и антипод на неговите безидејни економски политики и редица други политики и резултати.Добро е што јавноста знае колку тежи зборот и колку е искрен со јавноста и со сите околу него, бидејќи постојано и безмалку континуирано јавноста, граѓаните се сведок на неговите лаги и лажни ветувања.Од она што го дознавам во последните месеци на многу негови блиски и не многу блиски им говори дека во овој мандат ќе направел најголеми можни напори и активности да ме затворел, употребувајќи секакви можни и најбрутални методи. И во тоа е постојан и посветен. Од лажни и паушални сведочења како денешното, изнуда на изјави и сведоци, следења, заплашувања, уцени, притворања и други дивјачки методи кон моите блиски и соработници, па до креирање на нови судски случаи, диктирање на пресуди на судиите на сите нивоа а потоа и нивно наградување за послушноста, давање задачи на обвинителите и инструкции на контролираните од него медиуми.Зоран Заев знае дека јас не сум организатор на насилно влегување во парламентот и физички пресметки во него.Знае и свесен е дека нема никаков доказ за тоа, затоа што тоа е невистина.Тој знае дека ниту обвинетите на чие судење беше денес повикан како сведок, на кои исто така по негова нарачка им судат, не нарачале насилство од било каков вид, независно дали е насилен влез во собранието или употреба на физичка сила кон пратеници, ниту организирале тероризам. Тие се обвинети како и многу други, со цел да бидат исплашени, да паднат со духот, да бидат уценети и скршени и да прифатат да бидат негови соработници во гнасното сценарио за неправеден прогон кон мене, кое откако не му помина се обидува да го поправи впечатокот за неговите валкани игри во нивните очи.Тие се невини. Тие не се ниту организатори, ниту изманипулирани ниту можеле да организираат терористички акт кој не се случил. Како што и оние кои се во затвор а кои се осудени со лажна и невистинита квалификација за тероризам.Со судските процеси кон многу мои соработници, Заев очајно бара сојузници, бара луѓе кои или се исто како него измамници или се малодушни и уценети па очекува да прифатат да му бидат слуги во овој политички прогон кон мене. Тој очајно работи на тоа на секаков начин, некаде со добро и со убедување, понуда или ветена награда, некаде со лошо, со закани, заплашувања, притисоци, уцени и апсења. Праќа луѓе, пораки, понуди, ги притиска обвинителите и судиите и едноставно и очигледно мојот прогон му е во врвот на неговите приоритети и непрекинато е силно посветен и мотивиран на тоа.Заев исто така е свесен дека ниту некому сум рекол да организира или да влезе во собранието и изврши насилство, ниту сум помислил такво нешто. Тој знае и дека доколку тоа сум го имал направено невозможно е тоа да се скрие. Тој денес не кажа некакви факти или сериозни докази за тоа како и на кој начин тоа сум го направил, туку паушално и со политички говор по којзнае кој пат ме обвини за нешто за што немам никаква вина. Оваа патолошка омрза на овој човек кон мене, како и на дел од неговите соработници, како и посветеноста да ми направи колку што е можно поголемо зло е соодветна за лекарска анализа и медицинско проучување.Сега особено кога е на почетокот на нов мандат, “влезен е во филм” дека ќе е вечно со ваква моќ како сега, дека е семоќен, дека може се што ќе науми да направи и секого што ќе посака да уапси, уништи, извалка или елиминира и дека толку многу ќе ми наштети што никогаш нема да можам да се извлечам од тоа. Таквите нечесни намери нема да му успеат а кога еден ден ќе го свати тоа, ќе се кае, но нема да може да го избрише своето валкано минато и нечовечки однос.Проблемите кои актуелно ги има заради силната и оправдано негативната реакција на макеоднскиот народ кон него по однос на неговите политички ставови поврзани со барањата на дел од соседите, го прават понервозен, по гневен, по раздразнет и по зол и очигледно тоа секогаш го потсеќа на мене и моите политики во истиот дел, па посегнува по нови активности и атаци против мене. 

Македонија | пред 5 години

opstina-Ohrid

Конкурс за прибирање на барања за користење на средства од буџетот на општина Охрид

Општина Охрид согласно Одлуката за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП ,,Билјанини извори”- Охрид бр. 07-785/20 донесена од страна на Советот на Општина Охрид, на седницата одржана на ден 29.10.2014 година и Одлуката за дополнување на Oдлуката за утврдување на цени за користење на спортските објекти бр.07-4189/41 од 30.12.2014 година,  објавува конкурс за прибирање на барања за користење средства од Буџетот на Општина Охрид преку субвенционирање на трошоци за користење на спортски терени на ЈП ,,Билјанини извори”- Охрид.Субвенционирањето на трошоците за користење на спортските терени на ЈП„Билјанини Извори“ – Охрид се однесува за периодот од 01.01.2021 заклучно со 31.12.2021 година.КОНКУРС ЗА ПРИБИРАЊЕ НА БАРАЊА ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД ПРЕКУ СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ТРОШОЦИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ НА ЈП ,,БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ” – ОХРИД (word doc.)    

Македонија | пред 5 години

cinar

(ФОТО) Започнаа активности за санација и ревитализација на Охридскиот чинар

Денеска започнаа предвидените работни активности за санација и ревитализација на единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) лоцирано во Охридската чаршија на плоштадот „Чинар“.Активностите се дел од овогодинешната Програма за заштита на животната средина и природата и се финансирани од буџетот на Општина Охрид. Санацијата и ревитализацијата на стеблото се очекува да заврши за околу десетина дена и истата ќе се одвива под надзор на стручни лица од Шумарскиот факултет од Скопје.Единечното дрво – Чинар (Platanus orientalis) кое е од големо природно, културно и историско значење за Охрид извесен период се наоѓаше во многу лоша состојба и беше неопходно е да се преземат соодветни мерки за санација и ревитализација, со цел да се обнови и да му се продолжи животниот век.Минатата година од страна на Министертвото за животна средина и просторно планирање беше донесено Решение за прогласување на „Чинар-Охрид“ за природна реткост. 

Македонија | пред 5 години

sostanok-ezero

Меѓудржавен состанок за нацрт планот за управување со сливот на Охридското Езеро

Денеска се одржа он-лајн состанок на членовите на Меѓудржавниот комитет за управување со сливот на Охридското Езеро и претставниците на GEF (Global Environment Facility) DRIN Project.Со состанокот претседаваше градоначалникот Константин Георгиески, кој е актуелен претседател на Меѓудржавниот комитет за управување со сливот на Охридското Езеро. Главни теми на состанокот беа Нацрт-планот за управување со сливот на Охридското Езеро и проектните активности од проектот „Овозможување на прекугранична соработка и интегрирано управување со водните ресурси во проширениот слив на реката Дрим“ кој е имплементиран од UNDP и Global Water Partnership со поддршка на GWP-Mediterranean (GWP-MED) и во соработка со UNECE.Во рамки на состанокот беа посочени приоритетните мерки и беа потврдени стратешките определби на Меѓудржавниот комитет за управување со сливот на Охридското Езеро, во насока на исполнување на препораките на УНЕСКО за зачувување на светското природно наследство во регионот на двете страни од езерото.  Меѓудржавниот комитет за управување со сливот на Охридското Езеро е формиран согласно со Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија и во него членуваат претставници на централните и локалните власти на двете земји како и претставници на невладиниот сектор.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања