Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

montazna-bolnica-1

Филипче: Системот Мој Термин, освен во некои клиники каде што е редуциран, насекаде работи нормално

Системот Мој Термин, освен во некои клиники каде што е редуциран, насекаде работи нормално. Нема одложување на хроничните интервенции, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.„Во однос на матичните лекари, нешто за што во последниот период имаше многу прашања во однос на начин на третман на пациентите. Функционира истиот систем којшто функционира со години наназад, а тоа е дека прва инстанца на којашто се јавуваат е матичниот лекар којшто прави проценка на здравствената состојба. Индицира одредени анализи и врз основа на состојбата препишува терапија. До овој момент нема терапија специфична за ковид-19 вирусот никаде во светот. Нема ниту еден лек којшто е потврден да биде специфичен којшто е за оваа болест,“ кажа министерот.Тој кажа дека денеска почнува постапката за набавка на брзи тестови, а во меѓувреме 20 илјади тестови стигнале како донација, 13 илјади се веќе поделени и се користат во повеќе здравствени установи во нашата земја. 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Претреси во Кондово и Скопје, приведени крадци

Полициски службеници од ЕВР -ОКР Ѓорче Петров, по претходно добиена судска наредба во врска со извршена тешка кражба, на 26.12.2020 извршија претреси кај Е.Б. (22) Скопје и С.С. (21) од с.Кондово и ги лишија од слобода. Претходно, на 19.11.2020 во полициска станица бил повикан А.А. (24) од с. Љубин. По преземените мерки и активности, расчистена е тешка кражба извршена на 19.11.2020 во маркет во Ѓорче Петров, од каде биле одземени пари. Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Скопје | пред 5 години

korona-6

ВМРО ДПМНЕ: Државата изби на прво место во светот по смртноста што го прави Филипче најнеспособен министер во светот, оставка веднаш

Венко Филипче наместо министер е дилентат.Венко Филипче лаже дека е поминат пикот исто како што лажеше дека ќе има само 2000 заразени, а само досега има 60 000 заразени и бројката се зголемува. Македонија изби на прво место во светот по смртноста. Венко нека го види дијаграмот и нека одговори дали тоа не е точно. Филипче најнеспособен министер во светот, оставка веднаш, се вели во Соопштението од ВМРО ДПМНЕ кое е  реакција на прес конференцијата на Венко Филипче.Во продолжение на истото од ВМРО ДПМНЕ додаваат:Денеска во Македонија имаме десетици починати секој ден, и секој ден е нов пик, а од почетокот на пандемијата до денес починати се вкупно 1630 луѓе. Тоа се наши блиски, браќа, сестри, родители или деца.Филипче лошо се справува со кризата и е неспособен да го организира системот. Пациенти примаат инфузија во двор, лежат и примаат терапија до мртви, а стотици чекаат пред клиниките и со саати за да бидат тестирани.За тестирање се чека и по неколку дена, а откако ќе се тестираат граѓаните чекаат исто толку долго за да добијат резултат. Откако ќе добијат резултат, нивната состојба често е и влошена, а болнички кревети нема и болниците низ државата се преполни.Неспособноста на Филипче се огледа и во немањето на вакцини за сезонски грип во текот на целата есен.Филипче нема концепт, а медицинскиот кадар е оставен сам да се справува. Здравството е буквално обезглавено.Филипче наместо да шири демагогијаи да го брани Заев за националните катастрофи да се фати за работа во клиника, и да си даде оставка веднаш, само така ќе бидат спасени што повеќе животи.

Македонија | пред 5 години

ZoranZaevFES

Европски претставници: Заев испиша историја, ја донесе Северна Македонија поблиску до ЕУ, онаму каде што припаѓа

По повод наградата за човекови права за 2020 година што фондацијата „Фридрих Еберт“ му ја додели на претседателот на СДСМ Зоран Заев, со видео честитки се приклучија бројни високи претставници на ЕУ и политичари.Во своето обраќање, претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајн истакна дека Зоран Заев ја доближил Република Северна Македонија поблиску кон ЕУ, таму каде што и припаѓа.„Големите лидери се оние кои очите ги насочуваат кон иднината, а не кон минатото и со тоа го менуваат курсот на историјата. Зоран, ти напиша историја, ја донесе Северна Македонија поблиску до онаму каде што припаѓа – внатре во Европската Унија“ порача фон дер Лајн.Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград- Приштина и други прашања за Западен Балкан, Мирослав Лајчак порача дека преку одговорно и државничко однесување, Заев успеал да најде решенија, онаму каде што сите гледале конфронтации.„Кога мислам на Зоран Заев се потсетувам на изјавата на Нелсон Мандела која гласи: Секогаш изгледа невозможно, се додека на се случи. Зоран од невозможното направи реалност. Со храбро и одговорно лидерство, со добри намери, ставајќи ја својата држава пред себе и својата политичка кариера, наоѓајќи конструктивни решенија, онаму каде што другите гледаа само конфронтации“ посочи Лајчак.Поранешниот премиер на Грција, а денес пратеник во грчкиот Парламент порача дека достигнувањата на Заев ја сменија судбината на целиот Западен Балкан.„Зоран Заев покажа храброст и прогресивно лидерство, што ја смени судбината на неговата земја, судбината на Западен Балкан, истакна Алексис Ципрас.

Македонија | пред 5 години

Nikoloski27112020

Николоски: Заев наместо да се извини и повлече од изјавата во однос на јазикот, идентитетот и историјата, тој навлегува подлабоко и ги руши позициите на Македонија

Срамот на Зоран Заев да не дозволиме да стане колективен срам.Два дена по скандалозното интервју, наместо Зоран Заев да се извини, и да повлeче од изјавите претставуваат удар темелите на македонската држава и самобитноста на македонскиот народ тој уште подлабоко навлегува во небулози, навреди кон својот народ, историски мисинтерпретации и драматично ги руши позициите на сопствената држава и народ, истакна Александар Николоски, Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Николоски додаде дека Заев е изолиран во намерата да го избрише македонскиот национален идентитет, да се откаже од историјата, а со тоа да нанесе штети на државата кои ќе имаат далекусежни последици кои што значат македонската држава да нема право да се темели на илинденското и антифашистичко наследство, тоа е она што го прави Зоран Заев овие денови.Ако Заев ги прогласи окупаторите за ослободители, тогаш македонските антифашисти кои се вистинските ослободители, Заев ги става на другата страна, а добро знаеме дека антифашистичката борба се темелеше на илинденската борба, добро знаеме дека антифашистичката борба е продолжување на сонот на илинденците и со ова што Зоран Заев ја укинува и македонската државност, како и традицијата на народноослобителните борби од илинденскиот период и антифашистичкиот период, спротивно и на Уставот на Република Македонија.Зошто го прави Зоран Заев ова? За фотелја, за власт и бизнис интереси,за своите фирми во Македонија, но и за своите фирми во Бугарија. Ова го прави за голо останување на власт и уште малку финансиска корист и интерес за него и неговите блиски, тоа тажната вистина, истакна Николоски.Тој додаде:Несогледливи се последиците од неговите ставови во понатамошните разговори.Ова што го прави е целосно рушење на позициите на Република Македонија на трајна основа, ова што го прави значи целосно рушење на било каква преговарачка позиција на Република Македонија во иднина.И затоа ден поскоро, час поскоро да си поднесе оставка и да си замине.Зоран Заев треба да си даде оставка и да замине. ВМРО-ДПМНЕ по завршуивањето на 100-те од доаѓањето на Владата ќе покрене прашање за доверба на Владата во Собранието на Република Македонија. И очекуваме Владат да не ја добие довербата, односно најмалку 61 пратеник да изгласаат недоверба на Владата на Зоран Заев.Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат против овој национален срам и национално понижување. Само со оставка на Зоран Заев и изгласување недоверба на Владата која тој ја води ќе има шанса да се подобрат македонските преговарачки позиции а исто така и да се врати македонското национално достоинство.ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани во одбрана на националните интереси. Денеска ќе бидеме низ Македонија. Во 18:00 часот под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ ги повикуваме сите граѓани да се соберат во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола.Заедно, сплотени, обединети без разлика на партиска или политичка припадност да ја одбраниме Република Македонија, да ја одбраниме самобитноста на македонскиот народ, на македонскиот јазик, на македонската историја и македонското наследство.Ве повикувам сите да излезете и да не подржите, истакна Николоски.

Македонија | пред 5 години

filipce-1-1

Филипче: До овој момент нема специфична терапија за Ковид-19 никаде во светот, пациентите се лекуваат според клиничката слика

Министерот за здравство, Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дека доктори во последните денови алармираат за тоа дека можеби се води погрешна стратегија во лекувањето, истакна дека не треба да се препорачуваат лековите кои не се докажани дека помагаат при лекувањето.– До овој момент нема специфична терапија за Ковид-19 никаде во светот. Нема ниту еден лек кој е потврден да биде специфичен за оваа болест. За лекот „Фавипиравир“ се водат близу 30 студии во светот. Лекот „ремдесивирот“ е неспецифичен за оваа болест, но има одредени докази дека влијае на скратување на периодот на хоспитализација, не на преживување. Во смисла на тоа целокупната терапија се препишува и за тоа матичните лекари имаат насоки согласно состојбата, клиничката слика, прегледите, а доколку се укаже или се индицира потреба пациентите се упатуваат во болниците, рече Филипче.Тој упати апел до граѓаните дека мора да разберат дека во оваа состојба вирусот ќе опстане и е практично широко распространет.„За секој еден од нас е ризик. Мерките мора да се почитуваат. Очигледно е дека даваат резултати. Го немаме веќе оној нагол пораст на број на пациенти, ниту огромниот притисок како што беше пред неколку недели кон болниците. Се уште постои, но не со таков интензитет. Позитивни се вестите кои доаѓаат во однос на вакцините. Веќе има вакцини кои се во завршните фази. Очекуваме преку КОВАКС системот, тој систем кој ќе профункционира тогаш кога ќе почнат да ги даваат вакцините и кон алијансата ГАВЕ, СЗО, УНИЦЕФ.  Во координација сме во однос на системот на чување и дистрибуирање. Сепак, тоа е една одлична вест што следната година верувам дека ќе ја смени целокупната слика за пандемијата во светот. Во таа насока, ќе може да очекуваме и стабилизација“, потенцираше Филипче. 

Македонија | пред 5 години

zaev-sud

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиевски, Ристовски и Вељановски

Премиерот Зоран Заев денеска сведочеше за случувањата во Собранието на 27-ми април 2017-та година, при што порача дека главен организатор е поранешниот премиер Никола Груевски.Одговарајќи како сведок, денес Заев во Судот истакна дека главниот организатор – Никола Груевски, ги изманипулирал Миле Јанакиески, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите обвинети.„Верувам дека сите посакуваат ова да не се повтори и верувам дека една од гаранциите за тоа се ваквите судски постапки. Како човек, жртва на тој настан, сметам дека бев прв таргет на група која за цел имаше да одзема животи. Не мислам дека главни осмислувачи и организатори се Миле Јанакиевски, Спиро Ристовски, Трајко Вељановски и другите тука“, рече Заев во Судот, пренесува „мкд.мк“.Според премиерот, овие луѓе биле изманипулирани од главниот организатор на настаните, поранешниот премиер и прв човек на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој моментално е во бегство во Унгарија.„Мислам дека се изманипулирани од Никола Груевски. Ова го кажувам, затоа што бев секој ден во Собранието и знам што се случувало и не верувам дека е коректно вакво тешко дело“, истакна Заев.Запрашан дали тогашниот спикер на Собранието, Трајко Вељановски повикал пратеник да се откаже од правото на збор, Заев истакна дека не се сеќава за тоа, а истиот одговор го даде и на прашањето дали тој лично потпишал барање за продолжување на конститутивната седница.Инаку, случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, додека застапник на обвинението е Вилма Русковска. На денешното рочиште покрај премиерот Заев, треба да сведочи и пратеникот Адрим Гаши.Обвинетите во овој предмет се товарат за сторено кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата“.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Утре продолжува акцијата за чистење на Аеродром

По успешно изведената акција за чистење на Лисиче минатата сабота, утре комуналните служби на Општина Аеродром продолжуваат со чистење на потегот по должината на булевар „Јане Сандански“.Со целата расположлива механизација на општината и со вклучување на новите машини за чистење, ќе се отстранува комуналниот отпад од јавните површини, што опфаќа метење, стругање и собирање лисја и гранки од плочниците, патеките, паркинзите и парковите, како и расчистување на депониите.Да придонесеме сите за почист и поубав Аеродром, велат од општината.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Градоначалникот Богдановиќ и министерката Шахпаска во посета на сензорната соба во општинската градинка „Кочо Рацин“

Активностите за подобрување на условите за престој на децата во општинските градинки продолжуваат и во овој период.Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, со почитување на сите препораки од надлежните институции, го посетија матичниот објект на градинката „Кочо Рацин“, каде привршува изведбата на сензорната соба за престој на деца со интелектуална попреченост и потешкотии на развојот.„Благодарение на грантот добиен од Швајцарската агенција за развој и соработка и UNDP, го реализираме проектот ‘Зајакнување на капацитетите за социјална инклузија на детските градинки на Општина Центар’. Денес, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, го посетивме матичниот објект на градинката „Кочо Рацин“, каде во полн ек се одвива изведбата на сензорната соба. Овој проект беше дел од предлог-проектите произлезени од општинските граѓански форуми кои Општина Центар, Швајцарската агенција за развој и соработка и UNDP ги реализираа во 2020-га година и беше изгласан како приоритетен“, изјави при посетата градоначалникот Богдановиќ.Со проектот се опремуваат три сензорни соби, во секоја детска градинка во општината по една соба.Овие три сензорни соби се опремени по сите меѓународни стандарди за работа со деца со интелектуална попреченост и потешкотии во развојот. Се работи за современ концепт кој вклучува низа активности потребни за развојот на оваа категорија на деца.„За нас предучилишниот и раниот детски развој претставуваат приоритет број еден. Инклузивното предучилишно образование, треба да им помага на нашите најмлади граѓани понатаму да се развиваат и влезат во процесот на образование. Сензорната соба претставува инструмент, алатка во рацете на стручните работници и вработени во градинките, кои преку претходна обука можат да одговорат на потребите на децата, кои преку сензорната соба ќе ги развиваат своите сензорни способности“, изјави министерката Шахпаска.Во рамки на проектот реализирани се и обуки на стручниот и воспитниот кадар во градинките за работа со овие дечиња во сензорните соби, од страна на лиценцирани едукатори.Вкупниот буџет на проектот е 1.540.000 денари, од кои 1.400.000 денари се наменети за опрема на трите сензорни соби и 140.000 денари за обука на стручниот и воспитен кадар.

Скопје | пред 5 години

korona-4

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 42 пациенти, а вкупно се лекуваат 463 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 463 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 21 прием и тоа петмина пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, четворица во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, тројца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, еден на Клиниката за гастроентерохепатологија, еден на Клиниката за очни болести, еден пациент на Клиниката за нефрологија и шестмина во новиот центар на Клиниката за уво, нос и грло. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 10 нови болни во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 30 оздравени пациенти.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 46 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, а на Клиниката за очни болести 12 пациенти. Од вчера е отворен и ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло со капацитет 40 кревети од кои 6 се со пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 102 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 154 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти, од кои 11 деца и 21 возрасен.Вкупно 463 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 60 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

korona-2

39 годишен свештеник од Битола ја изгуби битката со КОВИД 19

Свештеник од преспанско-пелагониската епархија, е најмладиот пациент меѓу починатите за кои вчера извести Министерството за здравство. Имал 39 години и бил позитивен на коронавирус, објави ТВ 21. 

Македонија | пред 5 години

zaev-4

Нешков: Интервјуто со Зоран Заев предизвика земјотрес од девет степени во Скопје!

Љубчо Нешков, сопственикот на агенцијата БГНЕС за интервјуто на македонскиот премиер Зоран, што предизвика остри реакции во Скопје, па дури и барања за оставка од македонскиот премиер, вели:"Не невреме, туку земјотрес со јачина од 9 степени предизвика ова интервју во Република Северна Македонија. Такво обединување на длабоката држава, за кое и самиот Заев потврди дека постои, не постои од 1945 година“.Нешков истакна дека Зоран Заев се дистанцирал од кампањата против Бугарија, повика да се стави крај на омразата и повторно побара да се стави крај на т.н. “не е сега време” политика, според која сè беше одложено во врска со спорните прашања меѓу Софија и Скопје.Заев повика на решение за решавање на сите спорни прашања што постојат меѓу двете земји, а очигледно тоа ја иритираше таа длабока држава, вели тој.Според новинарот, Зоран Заев веројатно нема да поднесе оставка затоа што тоа го побарале „политичари со тотално уништен авторитет“, како што се Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов.

Македонија | пред 5 години

filipce-1-1

Филипче: Пикот го достигнавме минатата недела

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција ги презентираше најновите податоци за состојбата со коронавирусот и посочи дека евидентиран е порастот на смртни случаи предизвикани од коронавирус, како кај нас така и на глобално ниво.Министерот истакна дека епидемијата го достигна пикот минатата недела. Според него, од тогаш бројките се намалуваат и се стабилизираат. Имено на 17 ноември е забележан најголем процент на заболени од тестирани 41,2 отсто кога има и најмногу новозаразени 1.407 и од тогаш бројките паѓаат.– Расте бројот на оздравени. Евидентираме високи бројки на оздравени а бројот на оздравени е зголемен за 45 проценти минатата недела во однос на претходната – рече Филипче и додаде дека со тоа, здравствениот систем не е под толкав притисок.– Во внатрешноста близу 1.000 легла има на располагање во трите регионални центри Битола, Тетово, Штип. Во Скопје интензивно работевме на проширување на интерните клиники и обезбедивме околу 200 кревети, истакна Филипче.Мобилизиран е целокупниот кадар од сите одделнија, а за тимовите одговорини се пулмолози и анестезиолози. Помагаат и младите лекари кои се лиценцирани, а им заврши праксата. ххЗа матичните лекари, во однос на начин и третман на пациентите, Филипче вели дека матичниот е прв кој прави проценка, индицира одредени анализи и препишува терапија. Нема специфична терапија никаде во светот. Фарипиравирот е лек за кој се водат триесет студии во светот, а ремдесивирот влијае на скратување на времето поминато во болница, не на смртноста, додава Филипче.– Ако има потреба пациентите се упатуваат во болница. Се уште има слободни кревети. Има заштитна опрема близу 1,5 милиони парчиња. Денеска ја почнуваме набавката на брзи тестови за што пари се обезбедија со ребалансот на буџетот – рече Филипче, и додаде дека досега се обезбедени 33.000 брзи тестови.Појасни дека координација меѓу директорите во Скопје и со останатите директори низ републиката оди добро. Признава дека се случува да дојде пациент ненајавен, да има нервоза, но тоа се надминува.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Запленета марихуана и пиштол

На 26.11.2020 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога во рамките на засилените мерки и активности за сузбивање на недозволената трговија со дрога, врз основа на претходна издадена судска наредба, изврши претрес кај М.Г. (29) во викенд куќа во село Моране, скопско. При извршениот претрес е пронајден еден килограм марихуана и еден пиштол. Лицето претходно е лишено од слобода. По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Основното јавно обвинителство .

Скопје | пред 5 години

IO-na-LDP_26-11-2020

ЛДП бара средба на коалиционите партнери за да се разговара за ЕУ перспективите, особено во контекст на ветото од Бугарија

На вечерашната седница, Извршниот Одбор на ЛДП, ја разгледа актуелната состојба во земјава по блокадата од страна на бугарската Влада, за одобрување на преговарачката рамка за пристап на Република С. Македонија во ЕУ.Извршниот одбор на ЛДП изрази големо задоволство за недвосмислената јавна поддршка од страна на евролибералите, како и на сестринската партија ДПС од Бугарија, кои врз основа на споделените европски либерални вредности, се залагаат за решавање на отворените историски прашања, надвор од преговорите за членство во ЕУ.За ЛДП членството на Република С. Македонија во ЕУ останува врвен национален приоритет, врз основа на критериумите од Копенхаген, притоа почитувајќи ја реалноста за македонскиот идентитет и национална посебност, втемелени во двата Илиндени од 1903 и 1944, како и референдумот за независност од 1991 година.Во тој контекст, ИО на ЛДП ги усвои следните заклучоци:1. ЛДП бара средба на коалиционите партнери за да се разговара за ЕУ перспективите, особено во контекст на ветото од Бугарија и интервјуто на премиерот за БГНЕС;2. ЛДП се залага за решавање на сите отворени прашања преку отворен дијалог, врз основа на взаемно почитување, споделени вредности и презентација на потврдени факти;3. ЛДП инсистира на доследно почитување на ратификуваните меѓународни договори кои ги обврзуваат договорните страни, потсетувајќи дека сите постојни договори го потврдуваат несомненото постоење на македонскиот народ, македонскиот јазик и македонската култура;4. ЛДП го осудува говорот на омраза, особено на неприфатливиот говор кој го негира самоидентификувањето на секоја личност и на секој колективитет, вклучително и понижувањето на македонскиот народ и македонската нација;5. ЛДП ги поттикнува историчарите во поставените меѓудржавни комисии, но и генерално во регионот, на интензивна соработка во утврдувањето на неоспорните историски факти и за нивно преточување во заеднички историски наративи, следејќи го франко-германското искуство кои ќе водат кон приближување на народите, наместо да предизвикуваат чувства на пониженост и подреденост;6. ЛДП ќе продолжи да се залага со сите политички и законски средства за зацврстување на македонскиот културен, јазичен, национален и историски идентитет во земјата и во странство, истовремено грижејќи се за промоција на сите културни, јазични и етнички различности во нашата земја;7. ЛДП нема да ги коментира изјавите на дел од бугарските политичари до завршувањето на изборите, бидејќи нема намера да им помага во градењето на нивниот рејтинг заснован на шовинистичка и националистичка реторика.ЛДП ги повикува партнерите во ЕУ да ги изолираат овие националистички политики, а пријателите и државјаните на Бугарија на следните избори со својот глас масовно да ги поразат овие политичари.

Македонија | пред 5 години

evra-falsifikat

Претреси во Делчево, откриена група што фалсификувала пари

На 25.11.2020 од страна на А.К. од Пехчево околу 19.30 часот е пријавено кривично дело „фалсификување на пари“ од чл.268 од КЗ. Имено А.К. , продавачка во продавница пријавила дека во продавницата влегло машко лице и побарало една кутија цигари, но бидејќи немал денари, платил со банкнота од 50 евра. Подоцна А.К. се посомневала дека банкнотата е фалсификат и случајот го пријавила во полициска станица. Од страна на ОВР Берово, по овластување на ОЈО Кочани, е извршен увид во продавницата и извршени се оперативни проверки, од кои е дојдено до сознание дека можен сторител е малолетник (17) од Делчево, а биле инволвирани и други лица. На 26.11.2020 полициски службеници од ОВР Делчево извршиле претрес на три локации во Делчево и извршен е разговор со четири лица. Претрес е извршен кај С.М. (19) и во домови на двајца малолетници (17) и (16) од Делчево. Од извршените претреси одземени се лаптоп, три мобилни телефони и испечатани разни банкноти. Потоа во полициска станица извршен е разговор со уште еден малолетник (16) од Делчево. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 5 години

mickoski

Мицкоски го објави меѓународниот договор за примирје каде Бугарија стои дека е фашистички окупатор и треба да плаќа воени репарации, гарантор е САД

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своеото гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 го објави меѓународниот договор за примирје каде Бугарија стои како фашистички окупатор.„Заев вчера кажа за бугарски медиум дека Бугарите не биле окупатори и не биле соработници на фашистите, туку биле ослободители и административци и ги ослободиле Крива Паланка, Куманово итн. А, ова пред мене што го гледате е договор за мир кој што е постигнат во 1947 година и е заведен во Обединтетите Нации, кој што сојузниците го имаат потпишано со Бугарија. Од името на сојузниците тој документ е преведен на неколку јазици, меѓу кој и на бугарски јазик. Уште на самиот почеток во документот вели сојузниците СССР, Обединетото Кралство, САД итн. потпишаа договор со Бугарија т.е. другата страна каде што Бугарија во превод е претставена како сојузник на Хитлерова Германија“, истакна Мицкоски.Мицкоски додаде дека во документот во членот 4 пишува дека Бугари во согласност со истиот мировен договор се има обврзано да преземе мерки со кои што ќе ги распушти и ќе ги реши сите организации од фашистички тип на бугарската територија. Без разлика дали се политички, воени, паравоени.„Во членот 21 од договорот Бугарија е обврзана да плаќа репарација затоа што окупирала територии од поранешна Југославија. Се подразбира на денешна Македонија. И конечно на крај овој договор кој што има 30-тина страни е потпишан од сите кои што учествуваат во неговото креирање. Кои се тие? Еве, од името на СССР, од име на Обединетото Кралство, од името на САД, Австралија итн.“, рече Мицкоски.Мицкоски посочи дека тоа се факти, за тоа веќе не треба да се говори и преговара.

Македонија | пред 5 години

kacarska

Собранието ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд

Собранието на Република Северна Македонија попладнево на продолжение  на 20. седница со 61 глас „за“ ја избра Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд.Претресот за предлогот Кацарска да биде избрана за судија на Уставениот суд беше претходно завршен.

Македонија | пред 5 години

Predlog-Budzet-2021

Граѓаните можат да се вклучат во креирањето на буџетот на Охрид за 2021 година

Со цел да се креираат соодветни проекти кои ќе се финансираат од општинскиот буџет за 2021 година, Општина Охрид веќе десетина дена преку соодветна дигитална алатка поставена на општинската веб страница „Вклучи се-Граѓански буџет“ прибира идеи и предлози за решавање на приоритетни потреби и проблеми на граѓаните.Оваа дигитална алатка годинава се имплементира за прв пат и истата овозможува граѓаните, невладиниот сектор, деловниот сектор и другите чинители во локалната заедница на едноставен начин, преку елекектронски пат да се вклучат во давање на предлози при креирање на програмите и општинскиот буџет за наредната 2021 година.ВКЛУЧИ СЕ – ГРАЃАНСКИ БУЏЕТ 2021Потребно е да се пополни дигитален прашалник при што се селектира урбана и месна заедница, се впишуваат контакт информации, се избира област и се впишува краток опис на предлог идејата.Во оваа насока во текот на претходниот период, Општина Охрид организираше средби со граѓаните од урбаните и месните заедници, а во текот на наредниот период ќе биде организирана Јавна расправа за Предлог програмите и Предлог буџетот за 2021 година.

Македонија | пред 5 години

protest-8

ВМРО-ДПМНЕ за утре најави протести во седум града

ВМРО-ДПМНЕ најави дека утре ќе протестира во Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Прилеп, Охрид и Битола.„Време е граѓаните на Република Македонија да се обединат и да се стави крај на лудоста на Зоран Заев, човекот кој што сака да ги продаде националните интереси. Заев јавно да се извини за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Од партијата велат дека само со оставка на Зоран Заев, македонските граѓани ќе живеат подобро.Протестите под мотото „Оставка на Заев, слобода на народот“ ќе почнат во 18 часот.

Македонија | пред 5 години

korona-2

30 починати и нови 1160 нови случаи на Ковид 19 во земјава денеска

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-472, Куманово-58, Дебар-2, Штип-43, Прилеп-78, Тетово-61, Струга-29, Велес-32, Битола-87, Охрид-47, Кавадарци-32, Гостивар-22, Гевгелија-1, Струмица-39, Крива Паланка-6, Радовиш-2, Крушево-2, Кочани-15, Пробиштип-10, Демир Хисар-10, Македонски Брод -10, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-5, Виница-2, Делчево-12, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-26, Ресен-17, Неготино-11.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1094 оздравени пациенти од: Скопје-560, Куманово-55, Дебар-5, Штип-32, Прилеп-59, Тетово-51, Струга-22, Велес-35, Битола-47, Охрид-38, Кавадарци-31, Гостивар-26, Гевгелија-5, Струмица-17, Крива Паланка-11, Радовиш-13, Крушево-3, Кочани-18, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-3, Валандово-3, Виница-6, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-8 ,Кичево-16, Ресен-4, Неготино-18.Починати се 30 лица, девет пациенти од Скопје (46, 54, 59, 67, 82, 67, 55, 64 и 61г), двајца од Куманово (62 и 69г), еден пациент од Штип (72г), еден од Велес (78г), шест пациенти од Битола (60, 77, 38, 66, 72 и 39г), тројца од Гостивар (56, 66 и 63г), еден пациент од Гевгелија (65г), еден од Струмица (77г), еден од Кочани (65г), двајца од Делчево (66 и 68г), еден од Кратово (65г), еден од Кичево (61г) и еден пациент од Неготино (84г). Пациентите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 58608, бројката на оздравени пациенти е 36064, на починати е 1630, а бројот на активни случаи изнесува 20914. Од вчера се евидентираат три контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 25706, активни 10039• Куманово 3599, активни 940• Дебар 440, активни 84• Штип 2553, активни 536• Прилеп 2844, активни 1040• Тетово 3701, активни 977• Струга 1362, активни 412• Велес 1841, активни 704• Битола 1897, активни 839• Охрид 1506, активни 605• Кавадарци 1144, активни 436• Гостивар 2319, активни 856• Гевгелија 694, активни 224 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 126 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1636, активни 600• Крива Паланка 409, активни 116• Радовиш 406, активни 111• Крушево 118, активни 69• Кочани 1202, активни 303• Пробиштип 345, активни 82• Демир Хисар 195, активни 93• Македонски Брод 161, активни 43• Пехчево 96, активни 26• Берово 347, активни 97• Валандово 201, активни 73• Виница 362, активни 171• Делчево 425, активни 187 (117 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 150, активни 63• Свети Николе 787, активни 221• Кичево 1203, активни 500• Ресен 442, активни 187• Неготино 517, активни 280 (57 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2864 теста се преку: ИЈЗ-722, ЦЈЗ Скопје-85, Авицена-386, Биотек-280, МАНУ -255, Жан Митрев (Филип Втори)-180, Систина со PCR метода -187, лабораторија Лаор –49, Судска медицина-14, ЦЈЗ Битола-142, Инфективна клиника-5, ГАК-11, Синлаб-59, Ремедика-23, лабораторија болница Козле-18, ЈЗУ (рапид тест) -448, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 322.875 тестирања на Ковид -19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 632• Гази Баба – 1488• Аеродром -1460• Карпош – 1166• Центар – 1142• Кисела Вода – 1235• Ѓорче Петров – 877• Бутел - 573• Шуто Оризари – 211• Студеничани – 50• Сарај – 159• Арачиново -33• Илинден – 247• Сопиште – 63• Чучер Сандево – 98• Петровец –131• Зелениково -85• Странец – 181• Нераспределен- 208

Македонија | пред 5 години

zeni-sdsm

СДСМ: Издиша хистеријата на антиевропското ДПМНЕ, граѓаните му покажаа на Мицкоски дека сакаат иднина

Целосно издиша хистеријата заснована на лаги и невистини што ја ширеше антиевропското ДПМНЕ. Едвај 200 членови го поддржаа губитникот Мицкоски. Граѓаните покажаа дека сакаат иднина, сакаат развој и напредок, сакаат членство во НАТО и ЕУ, се вели во Соопштението од СДСМ кое е  реакција на обраќање на Христијан Мицкоски.Во продолжение на истото од СДСМ додаваат:Не му помогна ниту поддршката од неговата вазалска партија Левица, a јавноста вечерва сведочеше на контрадикторно однесување, на навреди и клевети, на повици за насилство.Граѓаните добро го знаат игнорантскиот, срамниот однос на ДПМНЕ кон НОБ, АСНОМ и македонските партизани.ДПМНЕ е партијата која целата своја идеологија ја изгради на погазување на НОБ, на борците, партизаните, на бришење и менување на имиња на улици, булевари и установи именувани по македонски партизани, партија која за време на режимот, ги исфрли на улица живите борци и ги остави без простории, партија која создаде Музеј на жртвите на комунизмот.Само во Скопје, беа избиршани и преименувани, улицата Стив Наумов, „Мост на револуцијата“, „29 ноември“ и многу други, па дури и пораката на Тито за солидарност од Железничката станица.Ете тоа е ДПМНЕ.Мицкоски и неговите приврзаници можат да блокираат колку сакаат, граѓаните знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата.Затоа јавноста не го поддржува и Мицкоски доживува дебакли на секој протест, затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција, се вели во соопштението од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

mickoski

(ФОТО) Мицкоски порача: Оставка на Заев, слобода на народот

Сакам да го започнам ова мое обраќање со реченицата:Оставка на Заев, слобода на народот!Оставка на Заев, слобода на народот!!!Има работи коишто се свети, има работи коишто не се предмет на пазарење за секој со нормален ум и разум. Затоа постојат државите, тоа не прави посебни и тоа е дел од нашиот идентитет. Премногу молчевме! Премногу бевме со наведната глава, но сега е времето кога треба да ја кренеме главата и да кажеме ДОСТА Е! Време е Македонците повторно да се борат и да се изборат за својте правдини, истакна на денешниот протест претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мицкоски во продолжение на своето обраќање додаде:Драги пријатели, драги сограѓани во нашата Република Македонија, ова што Зоран Заев и го прави на Македонија е срамно. Срамно е измамништвото негово. Нема човек од Македонија кој не почувствува срам кога го гледаше онака понизно, како со треперлив глас се додворува на бугарската политичка елита. Зошто?? За таа пуста фотелја. И додека тоа го правеше се откажуваше од жртвата на Илинденците, од жртвата на партизаните кои биле наследници на Илинденците. Газеше по коските на Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Кузман Јосифовски Питу, Христијан Тодоровски Карпош, Орце Николов, Борка Талески, Раде Јовчевски Корчагин, Вера Јоциќ... а со тоа и на саможртвата на Гоце, на Даме, Питу и сите други илинденски првенци, луѓето кои ја започнаа својата борба која што ние природно денеска ја водиме и ден денес се бориме за нашата Македонија.И сега почитувани, пријатели, драги браќа и сестри овде присутни, сакам внимателно да ме слушнете, овде нема политика, ниту оваа ниту онаа партија, ова е Македонија. . Овој протест е на народот. Овде нема калкуланство, ова е протест на сите против лудоста на еден човек. Ве молам сите да го гледате како протест кој е надпартиски во кој мора сите да се обединиме. Ќе победиме ако сме обединети. Секогаш сме биле обединети и тогаш сме победувале, затоа ни е потребно обединување рамо до рамо еден до друг.Така и никако поинаку мора да биде и овој пат. Во овие тешки услови на криза обврзани сме да реагираме и да оставиме трага. Ќе победиме ако народ излезе и каже НЕ ПОВЕЌЕ. Ќе победиме ако сите кажеме премногу е. Како поединци не можеме ништо, но сите заедно обединети и сплотени можеме СЕ.Сакам да се обратам до членовите на СДСМ, симпатизерите на оваа партија. Се повикувате на антифашистичката борба, и како сите во оваа земја го имате полното право на тоа. Но мора сега да бидете погласни и да се спротивставите зошто Зоран Заев не е Македонија. Бранејќи ја вашата партија од Заев секој од вас ја брани Македонија. Имаме разлики но имаме поголема заедничка цел, да го сочуваме нашиот образ и нашиот идентитет.Ќе се обратам и до десничарите, оние кои поради различни причини имаат забелешки кон ВМРО-ДПМНЕ. Имаме опција сега да ни се придружите и да бидеме заедно и заеднички да победиме или да молчите вечно. Зошто нема оправдувања сега кога станува збор за Македонија.Сакам да се обратам до чесниот и неопределен македонски народ и до нашите сограѓани албанци, турци, роми, власи, срби, бошњаци и сите останати кои знам дека разбираат дека на македонците им е згазено достоинството и ни треба поддршка. Знам дека сите вие сте напатени со милион проблеми, со лажни ветувања, се чувствувате измамени. Сега е време да се разбудиме зошто сега е моментот да промениме нешто, затоа што подоцна ќе биде предоцна. Нема да можеме да градиме држава, ако ја загубиме. Нема да можеме да создаваме иднина ако не се спротивставиме на сегашноста.Но, можеме да постигнеме се само ако бидеме заедно.Ние сме за пријателство со соседите. Ние сме за соработка. Но, не пријателство на свиткана кичма. Пријателството подразбира да си подадеме рака, да се погледнеме меѓусебе и да си помагаме. Ниту бугарите немаат фајде од тоа ако не понижат. А особено боли кога, како што вчера уште еднаш посведочи цела Македонија, кога понижувањето доаѓа од својот род.Барам Заев под итно јавно да се извини за своите ставови изнесени на бугарскиот медиум, за навредите врз македонските граѓани и нашите предци и херои. Тоа не е став на Македонија. Нема право да го урива наследството и придобивките оставени и наследени од нашите претходници и предци. Совршено е јасно дека Заев не може да испорача ништо добро за својата држава и мора да си оди. Затоа, бараме итна и неотповиклива-оставка од Заев! Оставка веднаш!Оставка на Заев, слобода на народот!Во народот е силата и заедно ќе продолжиме. Ги повикуваме сите да излезат на улиците, а утре со целосно почитување на мерките препорачани поради корона кризата ќе организираме блокади во слободарско Куманово, Тетово, Кавадарци, Прилеп, Битола и Охрид.И нема назад. Заедно до крај. Македонија е жива. Ги издржала фашистите. Ќе го победиме и ова зло кое не снајде, сите заедно и старо и младо, браќа и сестри. Сите ние сме Македонија, и сите заедно ќе победиме!Да е вечна, вековита, и да живее нашата Македонија, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

konstitutivna-sednica3

Мисовски и Зендели избрани за потпретседатели на Собранието

Пратениците во Собранието попладнево избраа двајца потпретседатели на парламентот, Горан Мисовски од НСДП и Фадил Зендели од Беса.Пратеникот Кастриот Реџепи од Беса, кој дел од владејачката коалиција, рече дека станува збор за двајца пратеници со богато политичко искуство кои во целост можат да ја извршуваат оваа значајна функција.Мисовски беше потпретседател на парламентот и во претходниот собраниски состав, и беше единствен од тројцата потпретседатели кој го заменуваше Џафери во водење на пленарните седници.

Македонија | пред 5 години

kongres-sdsm

СДСМ: Македонските граѓани избраа иднина, Црвенковски е историја

Секој има право на свое мислење и став, дури и кога доаѓа после години молк. Обраќањето на поранешниот претседател, Бранко Црвенковски, после долги години молк и немање став за важни државни или национални прашања, нека го толкуваат граѓаните, велат од СДСМ, по јавното обраќање на поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, до раководството и членовите на партијата во кое повикува да се оградат од изјавите на Зоран Зоран во врска со Бугарија, кои, според него, ќе предизвикаат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава.Од партијата велат дека СДСМ и македонските граѓани избрале иднина и избрале да чекорат напред многу одамна, а Црвенковски е историја.„Секој има право на свое мислење и став, дури и кога доаѓа после години молк. Но граѓаните и СДСМ, одамна и на време избраа европска иднина. Избраа да носат храбри и патриотски одлуки, кои конечно и практично ја движат македонската држава и целиот наш македонски народ кон исполнување на стратешките цели НАТО и ЕУ. Денеска резултатите на политиките на СДСМ и на Владата предводена од СДСМ се видливи на дело, а не само на зборови. Искажаните ставови на претседателот на партијата и премиер, Зоран Заев, се ставови на СДСМ“, се наведува во соопштението.Овие ставови, велат од СДСМ, се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата на граѓаните на последните избори.„Став на партијата, на Владата, на претседателот Заев, но и државна позиција е дека македонската иднина е во Европската Унија, дека Македонците со својот македонски јазик чекорат напред кон Европа, кон просперитет и кон пријателство со сите соседи“, пишува во соопштението.Од СДСМ велат обраќањето на поранешниот претседател, Бранко Црвенковски, после долги години молк и немање став за важни државни или национални прашања, нека го толкуваат граѓаните.„Дали е тоа принципиелен однос кон својата партија и кон членството на СДСМ, ќе ценат членовите на СДСМ и граѓаните“, велат од партијата.Во исто време, се додава во соопштението, СДСМ и натаму ги почитува и ќе ги почитува сите важни политички одлуки кои партијата ги донела во времето кога беше раководена од Црвенковски, а со кои државата беше насочувана кон прогрес и кон демократски и европски вредности.„СДСМ нема да навлегува во личните мотиви на Црвенковски, искажани во клучни моменти кога на цела држава и е потребен разум за остварување на стратешките цели поставени од независноста, меѓу кои и членство во ЕУ. Знаат граѓаните што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет во најтешките преговори во историјата на земјата. Знаат граѓаните кој носи одлуки без разлика на политичката кариера, исклучиво водејќи се од интересот на целиот наш народ и татковината“, велат од СДСМ.Стаутот на СДСМ, додаваат од партијата, утврдува точни демократски процедури по кои низ органите на партијата се спроведуваат внатрепартиските консултации, дискусии и носењето на одлуки.„Моќта на СДСМ произлегува од секој член на СДСМ и од високата свест за одговорност и државништво на секој член на СДСМ. СДСМ и македонските граѓани избраа иднина и избраа да чекорат напред, многу одамна, а Црвенковски е историја. СДСМ била, е и ќе остане државотворна партија и својата државотворност секогаш ја зајакнувала во вакви исклучително важни моменти“, пишува во соопштението.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања