Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

001

(ФОТО) Разбиена група нарко дилери, запленета дрога во Скопје

Денеска полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Дебар и СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога разби група нарко дилери и заплени марихуана.Околу 11.45 часот на бул. Борис Трајковски во Скопје запрено е возило „џип“ со скопски регистерски таблички, управувано од В.М. (34) од Скопје, а како сопатник бил М.Г. (29) од Скопје и при извршениот преглед се пронајдени 3,5 килограми марихуана. Од преземените дополнителни мерки и активности утврдено е дека организатор на нелегалната продажба е А.М. (27) од Дебар, кој заедно со Ф. П. (29) од Скопје договарале купопродажба на дрогата на паркинг на бул Кочо Рацин.Во 12 часот во близина на транспортниот центар во Скопје приведен е А.М. и при извршен преглед кај него пронајдени се 70.500 денари и 1800 евра кои ги добил за продажбата на дрогата. Во 12.10 часот на паркинг на бул Кочо Рацин приведен е Ф.П.. Во истрагата се обезбедени докази за инволвираност во кривичното дело и за уште две лица: Р.А. (35) и П.Ѓ. (32). По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Македонија | пред 5 години

gjorcev

Ѓорчев: Македонскиот народ се буди и јасно порачува до Заев дека е најлошиот и најкатастрофален премиер во македонската историја

Вечерва во Централниот дневник на телевизија Алфа свое гостување имаше Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. При своеото гостување посочи дека денес македонскиот народ испраќа порака до Зоран Заев дека нема право да го продава македонскиот идентитет, јазик и историја.„Пораката е од повеќе јасна, а тоа е дека Зоран Заев нема мандат да го прави сето ова што и го прави на Македонија. Дека Зоран Заев нема поддршка ниту од граѓаните на Македонија, ниту од Собранието на Република Македонија, ниту на крајот од краиштата од Централниот одбор на СДСМ“, истакна Ѓорчев.Ѓорчев додаде дека македонскиот народ и граѓаните на Македонија се силно одлучни да се спротивстават на срамните и катастрофални политики на Зоран Заев по сите основи.„Затоа Македонија се буди, Македонија е жива, и мора да упатиме порака и внатре во Македонија, но и кон светот дека ние сме свој на своето, дека сме силно убедени во нашиот македонски идентитет и дека сме приврзани кон оваа наша сакана татковина Македонија“, нагласи Ѓорчев.Ѓорчев посочи дека Зоран Заев како премиер на Република Македонија има обврска да го штити македонскиот идентитет, историјата и јазикот.„Ова што Зоран Заев го прави во континуитет ќе биде запишано во црните и темни страни на македонската историја“, нагласи Ѓорчев.Ѓорчев додаде дека потребна е под итно влада на национален спас бидејќи Македонија никогаш не била толку понижена како сега од страна на сегашната влада предводена од Зоран Заев.„Истовремено имаме најголема смртност на Балканот, секој ден умираат по 30-40 луѓе. Тука каде што зборуваме на 200-300 метри е Воена болница. Таму умираат по 20-30 луѓе дневно. Живееме и дишеме во моментов најзагаден воздух во светот. Не само во Скопје, тука е Куманово, Струмица, Тетово, насекаде. Македонија е најсиромашната држава во Европа. Ништо не се прави во Македонија, а имаме најкорумпирана власт“, потсети Ѓорчев.

Македонија | пред 5 години

Uchebnik-po-istorija

Што пишува во учебник по историја за 9. одделение: 130 илјади бугарски војници во 1944 г. се приклучија кон антифашистичката коалиција

По 9 септември 1944 година, Бугарија со 130 илјади војници се придружила кон антифашистичката коалиција и учествувала во антифашистичката борба на територијата на Југославија и Унгарија, до конечната капитулација на Германија. Ова е навод содржан во лекција од учебникот по предметот Историја за деветто одделение од кој учат основците во земјава, објави 360stepeni.mk. Учебникот од авторите д-р Ѓорги Павловски, проф. Димка Ристовска, д-р Владо Велковски, проф. Аријан Аљадеми и проф. Халид Сејди првпат е издаден во 2005 година, тогаш како учебник за осмо одделение. Лекција од учебникот по Историја за 9. одделениеТекстот во целост на: 360stepeni.mk. 

Македонија | пред 5 години

1-20201126_111456-

Отворање на Лабораторијата за кризен менаџмент од проектот од ЦУК

Центарот за управување со кризи, ЦУК, ги конкретизира и реализа едни од најсовремените мерки што се развиваат на полето на кризниот менаџмент во државата за импленментација и примена на веб-базирана комуникациска платфотма за кризен менаџмент.Денска, Стојанче Ангелов, в.д. директор на ЦУК, учествуваше и говореше, а потоа и одговораше на новинарски прашања, заедно со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на отворањето на Лабораторијата за кризен менаџмент лоцирана на Воена академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје, а целосно имплементиана од проектот од ЦУК.Конкретно, оваа Лабораторија е дел од НАТО проектот што се спроведува и реализира преку ЦУК во државата: „Следна генерација на Систем за командување и управување со инциденти“ (NICS) за дигитализација на Системот за управување со кризи. Кодиректор на проектот е д-р Урим Вејсели, раководител на Секторот за меќународна соработка во ЦУК.Наредната година во септември голема НАТО вежба (EADRCC) за справување со кризи ќе се одржи во Македонија со учество на околу 2.000 учесници на разни вежбовни точки. ЦУК е главен носител на сите активности во Македонија.

Македонија | пред 5 години

gjorge-ivanov

Ѓорѓе Иванов: Постојат прашања за кои не се преговара, црвени линии преку кои не се преминува

Со објава на социјалните мрежи се прозва и поранешниот претседател на РМ Ѓорѓе Иванов, притоа тој напиша:-Како претседател на Република Македонија во двата мандата во многу мои обраќања кон македонската јавност јасно и директно кажав а сега повторувам: “Кога сте подготвени едно прашање да го решите по секоја цена, тогаш цената е највисока. Цената на ваквото решавање на македонското прашање е правно и историско поништување на Македонскиот народ, бидејќи без македонски народ, македонски идентитет и македонски јазик, нема ниту македонско прашање. Со други зборови, прашањето за идентитетот ќе се реши со негово поништување. Со тоа, Република Македонија и македонскиот народ се втурнати во правна, политичка, историска бездна. Пандорината кутија е отворена. Сега, речиси секој си зема за право да го негира она што е наше стекнато право. И тоа, на повеќе нивоа и во повеќе наврати.Постојат прашања за кои не се преговара, стекнати права за кои не се разговара, црвени линии преку кои не се преминува.”Невиден преседан е заради политички контекст политичарите да даваат историско толкување на фактите.Антифашистичкиот карактер на Македонската борба во Втората светска војна и придонесот за ослободувањето од нацизмот и фашизмот во Европа никогаш не биле спорни. Никој нема право, слобода и повиканост да менува нешто, да испревртува факти, да ја преиначува вистината. Не е само неприкладно, туку е срамно и жално, и за Македонија и за Македонците.Вчера Македонскиот Народ го виде правото лице на Заев. Овој самопрогласен “искусен политичар” вчера докажа дека сме сведоци на национално предавство. Длабоко сум убеден дека македонската нација (и оние што гласаа за него) ја согледаa предавничката улога на Заев и неговата клика.Во оваа прилика на “искусниот политичар” му препорачувам соодветна лектира.Најпрвин манифестот на АСНОМ кој јасно вели: “Под великобугарската окупација настанаја најтешките години на македонскиот народ.”“За Македонцките Работи” на Крсте Петков Мисирков кој зборувајќи за слободата посочи на мрачните сили што не и дозволуваат на нашата татковина сама со свои очи да ги гледа своите интереси, ами и наврзуваат очила што ја замрачуваат вистината.Воедно би му ја препорачал и 1984 на Орвел кој напишал дека „кој го контролира минатото ја контролира иднината, а кој ја контролира сегашноста, го контролира минатото.”Го прашувам јавно “искусниот политичар”, од каде таа аверзија кон историјата? Тврдите дека македонскиот народ живее во минатото и дека сакате да го однесете во иднината. Но, народот не живее во минатото, туку со минатото, и тоа не за да мрази, туку за да се сеќава. А сега сакате и колективните сеќавања да ги цензурирате и да ги избришете.Во секоја демократска земја, во секоја земја членка на Нато и членка на Европска Унија, за вакви изјави на премиер, паѓа владата.Во твоите очи “искусен политичару” наместо доблест и чест, љубовта кон татковината станува грев. Денес не се потребни вакви “саможртви” како твојата. Денес е потребно да се погледнеш во очи и да прифатиш дека Македонија е се што имаме и дека никој не може да ја сака Македонија повеќе од нас самите.Македонскиот народ поучен од историјата веќе се обединува и почнува да го пишува новиот Mакедонски Mанифест.И после сето ова што им го направи на Македонија и Македонците, Mакедонскиот народ не се плаши. Македонскиот Народ го чува, гo негува и промовира вековниот идеал на непокорот.Да живее Република Македонија!

Македонија | пред 5 години

apasiev

(ВИДЕО) Апасиев пред почетокот на пленарната седница, влезе во отворен Вербален дуел со Џафери

Пратеникот и лидер на Левица - Димитар Апасиев денес, пред почетокот на пленарната седница, влезе во отворен Вербален дуел со претседателот на Собранието на Република Македонија - Талат Џафери, поради процедуралните злоупотреби кои перманентно ги прави собранискиот спикер.Имено, владејачкото мнозинство им го ускратува уставното право на пратениците да предлагаат закони и други општи акти и упорно и тенденциозно, скоро два месеца, не ја става на дневен ред предлог Декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии, предложена од нашите пратеници, пишува во објавата од Левица на ФБ.Во продолжение на истата тие додаваат:Левица укажува дека ќе се бори со сите средства, во и надвор од парламентот, за зачувување на македонските национални интереси! Борбата само што почнува, а оваа квислиншка власт на Заев, ќе сториме се' да заврши на гнојарникот на Историјата.p.s. По инцидентот, нашите пратеници ја напуштија салата во која останаа само 61 пратеник од владејачкото мнозинство на СДС и ДУИ. 

Македонија | пред 5 години

frosina

Ременски: Ќе се видиме во иднина

Се прашувам на кои проблеми ќе прават политички кариери старо-новите позиционери и опозиционери, ако се решат сите етнонационалистички проблеми од внатре и од надвор?Со старо-новата олигархија, незаконското богатење преку децениски пљачки, институционализираната корупција и социјалната правда секако !Затоа, рецепт за политички кариери на меѓупартиските мафии е што повеќе да се замати водата и да се пуштат што погојазни политички крокодили, а тие да не спасуваат. Но, ќе заврши и тоа, напиша на својот Фб профил Фросина Ременски.

Македонија | пред 5 години

IMG_1748

Спасовски: На вработените во МВР ќе им биде исплатена заостаната бонус плата за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот Марјан Кицев. На средбата министерот Спасовски информираше дека во наредниот период ќе биде исплатена бонус плата за вработените во МВР за три години.Откако во претходниот мандат на министерот Спасовски беа обезбедени средства за исплата на бонус плата за 2019 година и таа, за прв пат беше исплатена во МВР, сега се обезбедени средства за исплата на бонус плата за 2020 година, но и за 2017 и 2018 година.Бонус платата за 2017 година ќе биде исплатена во декември оваа година, а бонус платата за 2018 и 2020 година во текот на наредната година.На тој начин и вработените ги добиваат парите кои им следуваат согласно колективниот договор, а и Министерството нема да се изложува на непотребни судски трошоци по тужбите на вработените.Претставниците на Македонскиот полициски синдикат ја поздравија оваа одлука и презедоа обврска да ги информираат вработените во МВР дека овој проблем е надминат и дека повеќе нема овие средства да се бараат преку суд туку ќе бидат исплатени од работодавачот.

Македонија | пред 5 години

trifun

Костовски за Алсат: Запленето ми е сѐ што имам заработено - буквално сум без пари

Бизнисменот Трифун Костовски тврди дека не добил никакво известување дека личните сметки му се блокирани, како и уделите во хартии од вредност, поради предистрагата која Обвинителството за организиран криминал ја води против него и уште три лица за пропаѓањето на Еуростандард банка.Во изјава за Алсат-М, Косовски тврди се работи за 500 до 600 илјади евра, што според него не е доволно за покривање на долговите кон штедачите.„Имам две стари возила кои се на мое име, стари по дваесет години. Тоа е мојот имот. Ако мојата куќа ги надополни потребите на штедачите, еве им ја давам, слободно. Јас ќе одам во некој дом и готово“, вели Костовски и додава дека со замрзнувањето на она што заработил во изминатите 30 години сега останува речиси без пари.Костовски барал средба со државниот обвинител, но сè уште не добил одговор. 

Македонија | пред 5 години

crvenkovski11-696x462

Црвенковски до СДСМ: Сопартијци, оградете се од ставовите на Зоран Заев!

Бранко Црвенковски, поранешниот Претседател на Република Македонија, основач и долгогодишен претседател на СДСМ, упати јавно обраќање до раководството и до членовите на СДСМ. Го објавуваме во целост:Почитувани сопартијци,Во изминативе 7 години решив да не бидам на било каков начин присутен во политичката јавност во Македонија.За таквото однесување имав повеќе причини, а во оваа прилика ќе ги споменам двете најголеми. Додека СДСМ беше во опозиција и водеше тешка битка со режимот, не сакав на било кој начин да давам дополнителен повод за напади кон раководството на СДСМ, дека се мои марионети или дека спроведуваат политики под мое влијание. Сакав партијата да биде ослободена од било какво бреме од претходните владеења на СДСМ со државата.Во периодот после формирањето на Владата на чело со СДСМ, не излегов во јавноста, за да не се доведам во ситуација да се конфронтирам или јавно да критикувам некои политики и постапки на мојата партија. А такви ситуации имаше во повеќе наврати.Таквиот мој став ќе продолжеше и во иднина, ако не се случеше скандалозното интервју на Премиерот и Претседател на нашата партија, Зоран Заев. Ставовите и тезите искажани во тоа интервју предизвикаа и ќе предизвикуваат тешки и долгорочни последици за македонскиот народ и македонската држава.Направена е огромна и непоправлива штета. Она што може и мора да се направи е да се стави јасно на знаење дека ставовите на Заев не се ниту ставови на целата Влада, ниту на целиот државен врв.Се обраќам до вас, почитувани сопартијци, за да ви укажам на посебната одговорност што ја има нашата партија. Зоран Заев е претседател на СДСМ и наша е задачата да ја намалиме штетата колку што е можно повеќе. Ако нема никаква реакција, ставовите на Заев ќе станат ставови застапувани од целиот СДСМ, а бидете убедени тоа ќе има катастрофални последици по партијата и што е уште полошо по државата.Реакциите на пооделни видни членови во медиумите и на социјалните мрежи се добредојдени, но не и доволни.Затоа, почитувани мои сопартијци, повикувам под итно да се свика Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина. Да се реафирмираат уште еднаш ставовите на СДСМ за македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, македонската историја, карактерот на антифашистичката борба и АСНОМ.Почитувањето и спроведувањето на таквите заклучоци да биде задолжително и без релативизрање за секој член на раководството на партијата и секој државен функционер предложен од СДСМ.Почитувани сопартијци,До одржувањето на таква седница на ЦО, јас, Бранко Црвенковски, основач и долгогодишен претседател на СДСМ, го замрзнувам моето членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.Со другарски поздрав,Бранко Црвенковски

Македонија | пред 5 години

dimitrov

Димитров: Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината

Мој принципиелен став е дека ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои нема отстапување, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров за спорот со Бугарија.Тој објавата ја напиша откако бугарскиот новинар Љубчо Нешков, кој го интервјуираше премиерот Зоран Заев, рече дека Димитров е поопасен од коронавирусот за Бугарија. Димитров во својата објава пишува:-Идејата на договорот беше историјата да им се остави на историчарите, за ние да се занимаваме со сегашноста и со иднината. Да ги решаваме билатералните прашања билатерално, без тие да бидат пречка на патот кон ЕУ.Македонскиот јазик и самоопределување, државотворноста и идентитетот ниту можат да бидат пречка за интеграција со Унија, која почитува културни и јазични различности како темелна вредност, ниту можат да бидат пречка за вистинско пријателство, бидејќи тоа секогаш се базира на взаемна почит.Ова е мој принципиелен став, ова е битка не само за македонската суштина, туку и за сржта на европските вредности, од кои нема отстапување.Ова е бесмртниот "вирус" на идеали против кој залудно се бара "вакцина".

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Единствена Македонија: Заев и Борисов да излезат со заедничка изјава за Мировниот договор и историската Бледска спогодба со Бугарија

Единствена Македонија и македонскиот народ со неверување слушаат за интервју на Зоран Заев за бугарската БГНЕС во кое на штета на Македонија и Македонците се искривуваат општо познатите историски факти прифатени од светската историска наука, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Тие во истото додаваат:Единствена Македонија го повикува Заев да се извини за вчерашното опасно антимакедонско интервју и да побара од Бугарија реафирмирање на определбите од Мировниот договор со Бугарија од 1947 и историската Бледска спогодба од 1947 меѓу владите на тогашна Федеративна Народна Република Југославија и Бугарија.Со Мировниот договор и Бледската спогодба од 1947 кои сеуште се меѓународно-правно важечки а Република Македонија е сукцесор според правилата на меѓународното право во областа на меѓународните договори, Бугарија е во обврска да не дозволи никаква дискриминација меѓу своите државјани и да ги осигура сите права на човекот и основните слободи со што во Бугарија во училиштата се воведува настава на мајчин македонски јазик, книжарници со македонски книги, македонски народен театар и други можности за изразување на македонската национална припадност и култура и на крајот откажувањето на Југославија од репарациите кон Бугарија кои беа одредени во износ од тогашни 25 милиони долари со Мировниот договор од 1947 година.На тој начин се отвора патот за искрено добрососедство во духот на основните начела на меѓународното право, на правниот поредок на Обединетите нации и начелата на ОБСЕ, а во услови на сегашното целосно негирање на Македонците во Бугарија.Единствена Македонија како партија која секогаш е на првата линија во одбрана националните интереси ќе преземе активна улога и за таа цел никогаш нема да се согласи со антимакедонските договори и нема да биде нем набљудувач на македонското обезличување.

Македонија | пред 5 години

maska-2

Коронавирусот главно се шири на големи собири и прослави, каде што луѓето седат без заштитна маска и не ги почитуваат мерките

Коронавирусот главно се шири на големи собири и прослави, каде што луѓето седат без заштитна маска и не ги почитуваат мерките, покажуваат епидемиолошките анкети, вели Бесим Зекири, директор на Центарот за јавно здравје – Скопје за „А1он“. Кластерите тешко се лоцираат во услови кога има енормни бројки на новозаразени, вели доктор Зекири, и додава дека епидемиолошките анкети помагаат ако се спроведуваат навреме.„Начинот на ширење главно е на големи собири, прослави, места каде што луѓето се изложуваат без заштитна маска и не се внимава на другите мерки за заштита. Тешко е да се одредат кластерите во услови на енормни бројки на новозаболени, но главните кластери се во семејствата и работните организации. Епидемиолозите веќе долго време работат прекувремено и за викенди, но и покрај тоа, анкетирањето се одвива со задоцнување. Анкетите, пак, помагаат доколку се спроведуваат навреме, а со тоа се изолираат заразените и контактите“, вели директорот Зекири за „А1он“.Според него, додека болниците имаат доволни капацитети, може да се каже дека ситуацијата е под контрола.Текстот во целост на:  „А1он“.

Македонија | пред 5 години

26112020_MK_Stefkoska_Preskonferencija-1

Стефоска: Заев не може да и помогне на Бугарија, таа мора сама да се справува со темните страни од своето минато

Министерката за култура, Ирена Стефоска денеска на прес-конференција на Владата го презентираше Предлог-буџетот за 2021 година на Министерството за култура. На новинарското прашање, како министерката Стефоска го коментира вчерашното интервју на премиерот Заев, таа одговори:„Би сакала да ги употребам зборовите од синоќешниот говор на новоизбраниот претседател на САД , Бајден : „ да ги сакаш своите соседи, како што се сакаш себе си, е радикален чин“ .„Но, овој просец не е лесен. Историјата не подучува дека сите ние мораме да се соочуваме со своето минато. Како што, на пример, пред 50 години германскиот канцелар Вили Брант при посетата на Полска, клекна пред Споменикот на хероите во Варшавското гето. На тој начин, побара прошка и се извини за злосторствата на нацистите во Втората светска војна и така го отвори патот на процесот на простување. За жал, кај нас на Балканот, овие процеси се движат многу бавно, а и ние како земја никогаш не сме постигнале ништо лесно“.Истовремено, кога ќе се сетам низ што се помина минативе години премиерот и сите ние заедно, не можам како човек тоа да го фрлам во вода. Како историчарка, се разбира, имам и свои видувања на темата и отворена сум за тематска прес-конференција ако сакате. Јас сум професионален историчар и во моментов сум и министерка за култура.„Убедена сум дека премиерот сака да ја истурка, буквално, земјата да оди напред, но и покрај сите негови напори, тој не може да и помогне на нашата сосетка Бугарија, бидејќи бугарското општество мора, како и секое друго, самото да се справува со темните страни од своето минато. Има многу примери како тоа се случувало, како се работи на справување со минатото. Од друга страна, во секоја национална историја има разни страни – бели, темни, светли, и секој си е одговорен за соочување и справување со сопственото минато. Но, тоа не може да биде пречка, услов за нашите евроинтеграции да биде историјата или идентитетски прашања. Бидејќи, ако тоа е така, а не смее да биде така, немаше да постои Европската Унија. Билатерални спорови од секаква природа имало меѓу земјите – членки на ЕУ. Така што, убедена сум дека сите заедно со поддршка и на нашите пријатели од Брисел, процесот на нашето интегрирање ќе продолжи“ рече министерката за култура, Ирена Стефоска.

Македонија | пред 5 години

korona

Пациент од струшко ја обелодени терапијата според која ќе добиел труење со медикаменти -

На пациент во струшко воден од интернист, кој имал коронавирус, препишана му е терапија што доколку ја примал како што му била дадена, ќе настанело труење со медикаменти. Ваквото препишување на долг список лекарства без потреба, бил стандарден во овој регион, каде смртноста споредено со останатите делови од Македонија е трипати повисока од просекот. Оттука се поставува и прашањето, дали несоодветното препишување лекарства е причина за високата смртност кај нас. Случајот го објави доктор Никола Пановски, професор на медицинскиот факултет, откако претходно со неговото мислење се согласиле и други врвни стручни медицински лица, матични лекари и професори, објави slobodenpecat.mk. Пациентот кој бил на домашно лекување, а не во болница, добил препорака од интернист, а потоа и рецепти од матичниот лекар да си купи лекови во преголеми количини и во несоодветни комбинаци и за среќа не ги земал по препораката и не дошло до труење. Препишано му било да зема три антибиотика одеднаш, Панцеф 10 дена, Сумамед 6 дена и Моксирал 10 дена. Не само што лекување со три антибиотика одеднаш е несоодветно, туку и времетраењето на терапиите било двојно!Освен оваа комбинација на пациентот му биле препишани ампули Неваксон, Аминофилинум, Новалгетол, Урбасон, Фамотидин, да ги прима двапати дневно во инфузија, клексан и уште три суплементи во таблети.– Пациентот ги купил сите лекови за 7000 ден, за среќа налетал на мои совесни колеги кои го пратиле на друг интернист и избегнато е труење со медикаменти. Се работи за регион во Македонија каде смртноста од Ковид е три пати повиска од просекот кај нас, а ова била стандардна терапија. Како стручен за антибиотици нагласувам дека Сумамед се пие 3 дена, никогаш не се комбинира со Моксирал, спектарот им се преклопува, а инаку во случајов нема индикации за антибиотик, нема пневмонија. За другите лекови нема да коментирам, само не ги разбирам зошто се дадени освен клексанот. Пред се, не прави штета, вели доктор Пановски порачувајќи и на Лекарската комора, на Министерството за здравство под итно да преведат протоколи за ковид-19 и да ги објават.Текстот во целост на: slobodenpecat.mk. 

Македонија | пред 5 години

26112020_PVRSM_Zaev_otvaranje-na-Internacional-Fresh-Food-5

„Интернешнал фреш фуд" ќе произведува и извезува пилешко месо

„Сопственото производство на храна е од голема важност за секоја држава. Кризата со пандемијата на корона вирусот го покажа тоа. Во таа насока се и заложбите на Владата во создавање на што поповолни услови за земјоделско-сточарското производство“, порача премиерот Зоран Заев на отворањето на новата инвестиција на конзорциумот на домашни и странски инвеститори „Интернационал фреш фуд“ во селото Гиновци, општина Ранковце.Станува збор за инвестиција по највисоките европски стандарди со фокус на модерно производство на свежо пилешко месо и амбициозен план за изградба на фарми, кланици и хали низ целата држава.„За прв пат во земјава ќе има сериозно производство на домашно пилешко месо со запазување на најсовремените пракси за безбедност на храна. На овој начин не само што ќе имаме намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, кој во моментот изнесува 95% од домашната потрошувачка, туку и се отвора можност за да извезуваме надвор на странските пазари. Планот на инвеститорите кој имавме можност да го слушнеме е создавање на затворен круг на производство со сите потребни компоненти почнувајќи од матичните јата, инкубаторски станици, еднодневни пилиња, храна, сопствени фарми, модерна кланица па се до финален производ. Сето ова ќе се инвестира во нашата татковина, во повеќе региони. Покрај тука во Гиновце и во Врапчиште - Гостиварско, Кочани, Штип, Охрид, Струга, Ветуница, Карбинци, Свети Николе. Тоа значи и отворање на повеќе од 3000 нови работни места во оваа бранша и дополнително раздвижување на соработката со кооперанти и домашни производители на репроматеријали“, изјави премиерот Заев.Заев ги охрабри инвеститорите да ги следат трендовите, да ги искористат ресурсите кои ги имаме во земјата, бидејќи имаме потенцијал за развој во повеќе сектори, на производи и услуги со повисока додадена вредност, подготвени за извоз.На стартот на новата инвестиција беа присутни и Љупчо Николоски, заменик на претседателот за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси, Артан Груби, прв заменик на претседателот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Бесими, министер за финансии, Крешник Бектеши, министер за економија и Арјанит Хоџа, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.Абдулезел Догани од „Интернационал Фреш Фуд“ истакна дека покрај придонесот за намалување на увозот на свежо пилешко месо во земјава, ќе се зголеми и извозот на странските пазари земајќи предвид дека еден од партнерите на инвестицијата е носител на франшизата за КФЦ за балканските земји, што претставува основа за пласман на производите за КФЦ, не само на Балканот, туку и во Европа.„Сакам да се заблагодарам на Владата со сите инволвирани институции како на централно, така и на локално ниво која во нашиот конзорциум препозна свој доверлив партнер и одговорна компанија. Благодарност за поддршката во насока на подобрување на конкурентноста на домашниот, но и на меѓународните пазари, што резултира нашите македонски производи да бидат препознатливи и синоним за квалитет“, изјави Догани.Севкупно планираната инвестиција за следните 5 години ќе надмине сума од 50 милиони евра.

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-DNER-Rexhepi-1

Битиќи и директорот на НЕР Реџепи: Гасификацијата се одвива по предвидената динамика

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со директоротна АД Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, со кого разговараа за динамиката на изградба на примарниот гасоводен систем, текот на избор на изведувач на дистрибутивната гасоводна мрежа и гасното поврзување со Грција и останатите соседни земји.Вицепремиерот Битиќи, на првиот работен состанок со директорот Реџепи посочи дека е задоволен од динамиката на изградба на примарната гасоводна мрежа, која се одвива според планираното и додаде дека овој процес мора да се одвива непречено и понатаму. Воедно, нагласи дека паралелно се продолжува со процесот за избор на компанија, која по принцип на јавно-приватно партнерство би го градела, одржувала и управувала дистрибутивниот систем.На овој начин истовремено би се работело на изградба и ставање во функција на примарната и секундарната гасоводна мрежа, а крајна цел е граѓаните и компаниите да добијат диверзифицирани можности за снабдување со енергенси, а со користењето на природниот гас како енергенс би се придонело за заштита на животната средина, заштеда на финансиски средства и поголема кокурентност на компаниите. Капиталните инвестиции во гасоводната инфраструктура, но и сите други капитални инвестиции ќе бидат следени од Централна единица за надгледување и реализација на капиталните инвестиции, која ќе се формира од Владата, а со која ќе се осигура високо ниво на нивна реализација, дополни вицепремиерот Битиќи.Вицепремиерот и директорот на НЕР зборуваа и за плановите за изградба на интерконективниот гасовод со Република Грција, со кој ќе се диверзифицираат и изворите за снабдување на земјата со природен гас, преку терминалите за течен нафтен гас од Александрополис и другите извори кои ги користи грчкиот оператор ДЕСФА. Со ова, освен досегашната конекција со Република Бугарија, ќе се добие уште еден извор за снабдување на земјата со природен гас, а воедно ќе ја позиционира Северна Македонија како регионален хаб за природен гас, кој потоа може да се дистрибуира во некоја од соседните земји.Реализацијата на капиталните инвестиции во гасоводната инфраструктура, како примарната, така и секундарната, гасната интерконекција со Грција, а потоа и со другите земји во регионот, ќе биде во фокусот на АД Национални енергетски ресурси во наредните години, рече директорот Реџепи и додаде дека обезбедувањето на природен гас како енергенс за компаниите и домаќинствата ќе доведе до нивни намалени трошоци, но и намалување на загадувањето и заштита на животната средина, односно подобри услови за живот на граѓаните во Северна Македонија.Вицепремиерот Битиќи и директорот Реџепи ги истакнаа своите споделени намери процесот на гасификација да се реализира со најбрза можна динамика, при што се согласија континуирано и заеднички да ги следат сите тековни процеси и да работат на ефикасна реализација на проектите кои се планирани.

Македонија | пред 5 години

filipce

Филипче: Се отвора ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло

Министерот за здравство д-р Венко Филипче утрово се сретна со директорите на ковид центрите од комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје за да се разгледа состојбата со пополнетоста на капацитетите на клиниките и динаминиката на отворање на нови оддeленија за ковид пациенти. Во моментов Интерните клиники располагаат со околу 190 болнички кревети со довод на кислород. Иако пополнетоста на капацитетите е висока, постојано се прават исписи на пациенти и слободни места има.Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло каде ќе можат да се сместат дополнително 50 болни. Остануваат на располагање и капацитетите во делот од хируршките клиники кои по потреба ќе бидат отворени во наредните неколку дена.Вкупно во комплексот клиники Мајка Тереза има околу 350 кревети за ковид пациенти распоредени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Интерните клиники- Клиниката за дерматовенерологија, Клиниката за очни болести, Клиниката за нефрологија, Клиниката за гастроентерохепатологија и Клиниката за неврологија, како и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. Допоплнителни 110 кревети има во ГОБ 8 Септември и 40 на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле.

Македонија | пред 5 години

korona5

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 836 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 836 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 65 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.Во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 115, во ковид центарот во Гостивар 59, а во Струга 29 болни.Во болницата во Струмица лежи 81 пациенет, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 13 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1314 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 43 пациенти, а вкупно се лекуваат 478 болни, сомнителни и потврдени за КОВИД -19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 43 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 478 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 22 приеми и тоа пет пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, четворица во ковид центарот на Клниката за Неврологија, тројца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, тројца на Клиниката за гастроентерохепатологија и исто толку на Клиниката за очни болести, додека четворица болни се примени на Клиниката за нефрологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника биле примени 10 во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 30 оздравени пациентиВо моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 51 пациент со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, а на Клиниката за очни болести 19 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 156 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 34 пациенти, од кои 10 деца и 24 возрасен.Вкупно 478 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 15 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

korona-test

Почна тестирање со брзи тестови во Кочани, Кавадарци, Велес и Куманово, Битола и Делчево

Министерството за здравство информира дека од вчера започна тестирањето со брзи антигенски тестови во Општите болници во Кочани и Кавадарци, Здравствените домови во Велес и Куманово. Денеска, со брзи тестови почнуваат и Здравствените домови во Битола и Делчево, а Центарот за јавно здравје Битола од понеделник, 30 ноември.Во овие јавно-здравствени установи, во петокот на 20 ноември беше спроведена обука на тимовите кои ќе го спроведуваат тестирањето со овие тестови.И во другите региони, следствено, во моментов се одржуваат обуки на кадар и испитувања на условите потребни за отпочнување на тестирање.Досега, на девет локации во Република Северна Македонија, вклучително и градот Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Минатата недела, почна тестирањето во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Општата болница во Кичево.Во однос за закажувањето, брз тест може да закаже единствено матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на вирусот КОВИД-19, не повеќе од 5 дена. Алгоритмот за брзо тестирање е од Светската здравствена организација, а матичниот лекар по земената анамнеза на пациентот одлучува дали истиот ќе се тетсира со ПЦР тест или антигенски - брз тест. Тестирањето со брзите антигенски тестови е бесплатно за граѓаните.

Македонија | пред 5 години

ljubco

ВМРО-Народна: Заев зборуваше храбро за македонската историја

Во врска со вчерашнто интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската информативна агенција „Бгнес“, ВМРО-Народна партија сака да изрази поддршка за храброста со која зборувал Заев за македонската историја.Партијата на Љубчо Георгиевски смета дека, за жал, она што македонската историографија требало да го отвори во изминатите три децении на демократија, сега еден политичар во функција на премиер радикално ни го соопштил.„Сите работи што ги зборуваше г. Заев согласно со објективната историја и во согласност со најголем дел од книгите извадени од македонскиот Архив се точни, а тоа што многу од македонските граѓани се шокирани, само зборува колку македонското општество било индоктринирано. Особено ме збунува фактот за острите тонови од страна на ВМРО-ДПМНЕ, партија што ја внесе идејата за пријателство со Бугарија и објективизирање на македонската историја во раните 90-ти години и ги направи најголемите чекори за приближување со таа држава“, наведува партијата на Георгиевски.

Македонија | пред 5 години

Misaljovski26112020

Мисајловски: Да не дозволиме Заев да ги погази македонските црвени линии, да излеземе на протест, сега пред да биде предоцна

Постои сериозна и реална основа за огромна загриженост по вчерашните изјави на Зоран Заев дадени во интервју за источниот сосед. Алармот е вклучен и силно свети затоа што ова интервју и тезите таму може да значи подготовка за ново откажување, нов непринципиелен договор на штета на македонската држава и народ. Ново предавство.Видовме интервју, на кое не со згазени, туку се избришани црвените линии, истакна Владо Мисајловски подпретседател на ВМРО ДПМНЕ.Мисајловски додаде:Овие изјави на Заев дека Скопје, Куманово и Крива Паланка биле ослободени од Бугарите, освен тоа што со потсмев се земени од медиумите во регионот преставуваат грубо извртување на историските вистини.Тезата за постоење на администрација, а не окупатор преставува и газење кон жртвата на партизаните и антифашистичката основа врз која почива македонската држава.Со ваквата изјава Заев од Скопје од позиција на македонски премиер се откажа од антифашистичката борба од Стив Наумов, Кузман Јосифовски Питу, Методија Андонов-Ченто, Михајло Апостолски, Страшо Пинџур. 25 илјади семејства пострадаа во Втората светска војна, сега за Заев тоа е неважно со што директно ги навредува.Ќе се обратам и до сите искрени и чесни социјалдемократи кои знам дека не се согласуваат со овие изјави на Заев, време за политичка борба има, сега е време за борба за единство со цел заштита на националните интереси на Македонија, да не му дозволиме на Заев да ги продаде темелите на државата.Ќе се обратам и до првоборците и нивните поколенија, не дозволувајте, вашата или жртвата на вашите семејства да биде попуста, Зоран Заев се откажува од вас, ја обезвреднува и исмева вашата жртва.Јавно го повикуваме Заев да се повлече од неговите штетни изјави и да се извини поради негаторскиот однос кон нашите херои.Да внимава за што и како разговара и преговара.Ова за што сега Заев разговара се последните бастиони врз кој почива нашиот идентитет.Да престане да се додворува на бугарските политичари и да започне да ги штити интересите на народот чиј што премиер е.ВМРО-ДПМНЕ застанува во првите редови заедно со народот, и затоа денеска со почеток од 18:00 часот оранизираме протест, над партиски протест кој ќе заврши пред Владата, кој заради пандемијата со КОВИД 19 ќе биде со автомобили и ќе почне од СЦ Борис Трајковски.Да не дозволиме Заев да ги погази македонските црвени линии. Да излеземе сега пред да биде предоцна!Политиката на свиткана кичма е политика осудена на пропаст. Народот и граѓаните нема да дозволат ново продавање на интересите на државата.Затоа пред да биде предоцна, да излеземе и кренеме глас! Повикуваме на над партиски протест. Не е важно кој за која партија е, тука сме сите за Македонија.Сега пред да биде предоцна. Сите за Македонија, истакна Мисајловски.

Македонија | пред 5 години

petar-kolev

Колев: Повампирувањето на партизанштината!

Колумна на Петар Колев, претседател на ГДУПовампирувањето на партизанштината!Почитувани партизански внучиња, вашите дедовци се бореа за Тито и Југославија и ги убиваа и затвораа нашите дедовци кои сакаа слободна и Независна Македонија.ДЕЛ ОД СУДЕНИ ВО ШТИП ВО МАРТ 1946 година.Панче Аџисмилев - осуден на 7 г., Наум Којзаклиев - осуден на 7 г. , Борис Давков - осуден на 6 г., Митко Илиев - осуден на 5 г., Васил Ефтимов - осуден на 4 г. , Љубчо Ефремов - осуден на 4 г., Васил Иванов - осуден на 2 г., Васил Хаџикимов - осуден на смрт, Никола Гичев - осуден на 10 г., Стефан Јанакиев Стефанов - од Кратово, убиен в затвор, Павле Марјанов - од Штип, осуден на 15 г.затвор, суден и во 1958 г. и осуден на уште 4 г.затвор, Панче Арсов - 45 г.од Штип, осуден на 10 г., Санде Манев - од с.Балван 45 г.,осуден на 15 г., Лазо Јованов - од с. Г.Балван 45 г.,осуден на 15 г., Ристо Тасев - од Штип 45 г.,осуден на 12 г., Трајан Николов - од с. Г.Балван 45 г.,осуден на 10 години.Македонија е, беше и за жал уште долго ќе биде роб на партизанштината. Внучињата на „шумкарите" како што ги нарекуваше мојата баба, збесна само од една изјава за можеби и друга гледна точка за историјата и перцепцијата за иднината.Тие не се научени да е така, тие имаат една верзија, зад чии грб седи диктаторот и убиец на сѐ што се бори за независна Македонија и верува во идеите на ВМРО, другарот Тито.Нема како да заборавам како некои мои дедовци и нивни пријатели биле апсени и притварани бидејки „другарот" ќе бил на посета во Ниш, та да не му се случи нешто, оти овие ВМРО-ците кралот Александар го скинале та не Титота... Превенција УДБА-шка за секој случај.Во моето семејство има една трагедија, смртта на мојот вујко, кој во 1973 година на само 26 години, оди на работа и не се враќа... Верзијата за неговата смрт е толку смешна и банална, што до последниот ден на животот мојата баба избегнуваше да ја коментира.„Со некој си свој пријател на работа, си играле демек со некакви дршки од метли и така несакајќи го удрил што имал неколку пукнатини на внатрешни органи и починал".Каква патетика, каква лажна приказна!Верувале или не и до ден денешен мои роднини и наши пријатели и комшии во Ново Село- Штипско веруваат во оваа приказна.За волја на вистината, мојот брат е кардио-васкуларен хирург и неколку пати, чисто научно ми докажа дека такво нешто не е возможно и нема како да се случи со игра да се стигне до неколку пукања на внатрешни органи и смрт од крвоизлив... Според него, а и други пријатели лекари, тоа може да се случи само со умисла и тешко претепување.Но судбината е интересно нешто и кога ќе ја бараш вистината ќе ја најдеш, особено ако ти дојде на маса „пензиониран" УДБАШ (пред едно дестина години додека уште бев студент) и ти каже во прав текст „затни си ја муцката да не завршиш како вујко ти".Нема како да ја заборавам онаа слика направена во 1942 година пред плочата на Тодор Александров во Ново село, каде беа наредени мојот дедо и пра-дедо и многу дедовци од Ново Село на чии глави стоеше калпак со многу интересен знак. Таа слика „несакајќи" ми ја покажа мојата баба.Никој не сака да ги чуе внуците на војводите, а реално и да сакаш да ги чуеш ги нема во Македонија бидејќи тие истите, дедовците на повампирените „шумкарчиња" ги истребија, стрелајќи ги без суд и пресуда, фрлајќи ги по затворите во Идризово и Голи Оток, со јасна цел или да умрат или да им го скршат духот, та нивните наследници и од денешен аспект да им е страв да кажат и збор.Тито умре а заедно со него и идејата за братство и единство, кое колку е братство и единство се виде по крвавиот начин по кој се распадна како кула од карти. Со смртта на диктаторот умре и идејата за „социјалистичка" Македонија.Денеска сме должни да градиме наша, европска и модерна Македонија, во која нема табу теми од минатото. Денеска сме должни пред тие илјадници судени и убиени за ВМРО и Независна Македонија, кои беа малтретирани од дедовците на повампирените „шумкарчиња" во името на Југославија, а не за Македонија.Со почит,Петар Колев, претседател на Граѓанско Демократска Унија- ГДУЦентар за комуникации на Граѓанско Демократска Унија-ГДУ

Македонија | пред 5 години

Foto-1

Претседателот Пендаровски ги унапреди полковник Симеон Трајковски и полковник Бесник Емини во чин бригаден генерал

Претседателот Стево Пендаровски со указ ги унапреди полковник Симеон Трајковски и полковник Бесник Емини во чин бригаден генерал.Чиновите на двајцата армиски офицери им беа врачени денеска од страна на претседателот Пендаровски на свечена церемонија во „Вила Водно“, на која присуствуваа министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.Симеон Трајковски ја извршува должноста началник на Ј-5 секцијата во Генералштабот на Армијата од 2017 година. Од добивањето на поканата за членство во НАТО е активно вклучен во сите процеси и преговори со НАТО како еден од носителите на процесот за пристапување и интеграција на Армијата во НАТО.Бесник Емини ја извршува должноста Командант на 1. пешадиска бригада, од јули 2019 година, која е носечка сила на Армијата. Во текот на неговата воена кариера бил многупати пофалуван, а е и носител на медал ARCOM, Iraqi Freedom, 2007/2008 година.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања