По споделените фотографии од СДСМ дека игралиштето „Бранители“ во Волково не било дофарбано и дека објавата за акцијата е евтин ПР, градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, на ироничен начин ги демантираше. Тој објави фотографии, кои пред неколку денови беа доставени и до медиумите, а на кои се гледа дека игралиштето добило нов лик. Од нив, може да се потврди дека е целосно завршено фарбањето.
„Кој лаже, тој краде и на таван спие. Кој е тоа? *Читај СДСМ“, напиша Стојкоски.
Пропадна обид за политички поени во Ѓорче: СДСМ со обвинување, кое се демантира со фотографии
Игралиштето во скопско Волково кое четири години беше заборавено, доби функционален лик. Истовремено, истото послужи и за одбид за собирање на политички поени. СДСМ објави фотографии со тврдење дека е евтин ПР на градоначалникот Александар Стојкоски. Тие тврдеа дека фарбањето не е завршено. Но на терен, состојбата е поинаква.„И по десет денови истото игралиште е оставено недовршено, најверојатно додека не се појави нова тура фотографии од градоначалникот Стојкоски како наводно работи“, обвинија
Скопје | пред 4 години