Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

boks

Отфрлена кривична пријава за повреда на авторско право и пиратерија

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Решение за отфрлање на кривичната пријава поднесена од пет македонски телевизии против едно физичко лице и едно правно лице за кривични дела – Повреда на авторско право и сродни права од член 157 и Пиратерија на аудиовизуелно дело од член 157-б од Кривичниот законик. Одлуката е донесена бидејќи пријавените дела не се кривични дела за кои се гони по службена должност.Според наводите во пријавата поднесена на 15.02.2019 година, пријавениот како овластено лице – главен извршен директор на правното лице, на 02.12.2018 година неовластено овозможил за неговите корисници реемитирање на програмски сервис од Република Хрватска, на кој се емитувал бокс меч за кој ексклузивни права имала откупено една од националните телевизии во земјава. Со ова, според пријавата, на телевизијата и била нанесена штета од 2.500.000 денари.Постапувајќи по пријавата, надлежниот јавен обвинител достави наредба до МВР-СВР Скопје за прибирање на целокупната документација за лиценцирање на наведената телевизиска програма и потпишаните договори за соработка на вклучените оператори врз основа на кои се обезбедени праа за реемитување на програмски сервиси.Наведениот бокс меч премиерно се емитувал на хрватскиот програмски сервис во 6:00 часот наутро, но бидејќи пријавените имале сознанија за одржувањето на спортскиот настан и за ексклузивните права стекнати на македонската телевизија, извршиле затемнување на програмите од хрватскиот сервис во периодот од 3:00 до 10:00 часот, со што било оневозможено премиерно реемитување на мечот во целост. Но, бидејќи немале никаква информација дека хрватскиот програмски сервис има намера да го репризира мечот, во преостанатиот дел од денот програмата на хрватската телевизија била реемитувана во целост, без затемнување, па на тој начин се реемитувало и репризното издание на бокс мечот.Во исто време, понудувачот на услугата за реемитување на хрватскиот програмски сервис на територијата на државава, во допис до пријавеното правно лице, признал дека не испратил предупредување за затемнување на содржината затоа што такво предупредување не добил од хрватската телевизија. Притоа изразил подготвеност да ја преземе целата одговорност доколку дојде до барање за надомест за штета од македонската телевизија која ги поседувала ексклузивните права за содржината.По извршената анализа на сите прибрани докази, произлезе дека во дејствата на пријавените не се содржани елементи на кривичните дела кои им се ставаат на товар, ниту на други кривични дела кои се гонат по службена должност. Наведените кривични дела се вршат со умисла, која недостасува во дејствијата на пријавеното физичко лице. Реемитувањето на наведената програмска содржина не се случило поради прекршување на правилата од страна на пријавените, туку поради несоодветно постапување на хрватскиот програмски сервис, кој имал обврска да го извести дистрибутерот за затемнување на програмата затоа што не ги поседувал правата за емитување на бокс мечот за територијата на државава.Решението е доставено до оштетените, кои согласно член 288 став 2 од Законот за кривична постапка, имаат право на жалба до Вишото јавно обвинителство Скопје во рок од осум дена по приемот.​​

Македонија | пред 5 години

policija-1

Кривична пријава за бесправно градење

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против С.М(34) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „бесправно градење " предвидено и казниво по член 244-а од Кривичниот законик. Имено, пријавениот во текот на септември 2020 година, како физичко лице во својство на инвеститор, започнал градежни активности на катастарска парцела во КО Чаир, о.Бутел, на парцела со вкупна површина од 11042м2, на која е сосопственик пријавениот со уште неколку други физички лица и Република Северна Македонија, при што градежните работи кои што се состојат од поставување на ограда, пополнување со земја на поголем дел од парцелата и поставување на монтажен објект, пријавениот ги извршил без да обезбеди Одобрение за градење од надлежниот орган, со што пријавениот го сторил кривичното дело ,,бесправно градење" предвидено и казниво по чл.244-а од КЗ на РСМ.

Скопје | пред 5 години

OCcK_v38_400x400

Цветанова: Заев, арам да ти е воздухот македонски што го дишеш

Поранешната министерка за култура Ганка Цветанова реагираште на ставовите кои премиерот Зоран Заев ги изнесе во неговото вчерашно интервју за бугарската агенција БГНЕС.“Не постои збор што може да го опише националниот срам манифестиран во ликот и делото на Зоран Заев. Арам да ти е воздухот македонски што го дишеш“ – напиша таа!https://twitter.com/gankacv/status/1331705949288067073?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1331705949288067073%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fi-ganka-mu-pisha-na-zaev-aram-da-ti-e-vozduhot-makedonski-shto-go-dishesh%2F

Македонија | пред 5 години

PRSM-Pendarovski-DiePresse

Пендаровски: Постои дилема дали државниот врв настапува единствено во спорот со Бугарија

Премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС оцени дека ставот на претседателот на државата за „живковистичка матрица“ во Бугарија се должи на политичкото неискуство и недоволна внимателност при употребата на зборови„Моето 20-годишно искуство во меѓународната политика ми овозможува прецизно да ги мерам зборовите и ставовите што ги искажувам кога разговарам со моите бугарски соговорници и со нашите пријатели од меѓународната заедница. И на секој од нив јасно му кажувам дека македонско-бугарскиот спор може да се реши само ако доследно се почитува достоинството и на македонскиот и на бугарскиот народ и со избегнување на опасната замка на историскиот ревизионизам кога тој наместо врз факти е заснован врз политички конструкции“, вели претседателот Стево Пендаровски во изјава за Дојче веле.Тој во интервјуто додаде:„Го погледнав интервјуто на премиерот и ги прочитав реакциите во македонската јавност, и во дел од коментарите, за жал, беше присутна дилемата дали државниот врв настапува единствено во однос на ова витално национално прашање… Со премиерот Заев во многу наврати сме разговарале на оваа тема и никогаш не сме имале спор дека некои личности и настани можат да бидат чествувани и од двете страни, но дека македонскиот народ има своја засебна историја, како што бугарскиот народ има своја. Истовремено, во сите мои јавни настапи јасно кажувам дека антифашистичката борба е во темелите на современата македонска држава, а во таа борба сме се бореле против оние што беа на страната на фашистите“, вели Пендаровски за Дојче веле.

Македонија | пред 5 години

46818498_723352394730754_3192473702495158272_n

Започна украсувањето на Скопје, Шилегов вели „Немам право да им ја одземам надежта на децата“

Град Скопје од вчера почна со новогодишно украсување на градот. Предвидено е до 5 декември Плоштадот Македонија и улиците во центарот на градот да светнат со новогодишни украси и светилки. Градоначалникот Петре Шилегов вели дека и покрај коронакризата, градската власт не се откажува од празнична, новогодишна атмосфера низ улиците и плоштадите во главниот град, бидејќи на тој начин ќе се врати надежта и насмевките на лицата на граѓаните, особено на децата, објави СДК.МК. Годинава градот само ќе биде украсен, нема да се организира новогодишната манифестација „Винтерленд“, ниту ќе има прослава за дочек на Нова година.Тендерот за новогодишно украсување на градот чини 200.000 евра. Текстот во целост на:  СДК.МК. 

Скопје | пред 5 години

marihuana

Запленета марихуана во струшко, приведен дилер од Албанија

На 25.11.2020 околу 11,30 часот полициски службеници од ПС за ГН-Франгово, по претходно добиени оперативни сознанија, на патот помеѓу с.Вишни и с.Горна Белица запреле патничко моторно возило „форд фокус“ со гостиварски регистарски таблички, сопственост на А.С. (41) од с.Лакавица-Гостивар, управувано од Ф.Ц. (20) од Р.Албанија, а во возилото биле и Б.Л. (34) и Т.Е. (26), двајцата од Р.Албанија. При преглед на возилото и лицата, била пронајдена марихуана што му припаѓала на Ф.Ц..Лицата се приведени во полициска станица, а Ф.Ц. е задржан за натамошна постапка и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 5 години

dimitrov

Според сопственикот на „БГНЕС“, Димитров е одговорен за „антибугарската пропаганда“ во Македонија во изминатите 10-тина месеци

Бугарскиот новинар и сопственик на агенцијата „БГНЕС“ Љубчо Нешков тврди дека македонскиот вицепремиер за евроинтеграции Никола Димитров е поопасен од коронавирусот за Софија, во гостување на телевизијата „Бугарија Он Ер“ пред два дена, објави СДК.МК.Нешков, кој го водеше интервјуто со премиерот Зоран Заев, објавено на неговиот медиум, вели дека Димитров е одговорен за „антибугарската пропаганда“ во Македонија во изминатите 10-тина месеци, која што, пак, според него, била причина Бугарија да стави вето за почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.Текстот во целост на: СДК.МК

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Бачев: Најново од Заев - Бугарската војска во Македонија не била окупатор, туку била администрација

Најново од Заев: Бугарската војска во Македонија не била окупатор, туку била администрација.Значи, сите партизани низ Европа се бореле против фашизмот, а само македонските партизани војувале во Македонија за да влезат во администрацијата, напиша на својот ФБ профил претседателот на Единствена Македонија, Јанко Бачев и додаде:#СМЕШНО да не е #ЖАЛНО 

Македонија | пред 5 години

Protest3

Мицкоски: Повикувам на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет- сега, за да не биде предоцна

Протест сега, за да не биде предоцна, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНе, Христијан Мицкоски.Во продолжение на објавата се вели:Ако нашите дедовци од 1941 до 1944 година се бореле против "администрација" како што манипулира Заев, тогаш тоа нив ги прави "терористи" и "престапници", а не ослободители. Не!Нашата слобода е дело на народната борба против окупаторот, со многу жртви, падови и победи. АСНОМ е вториот Илинден, а Народноослободителната борба е дел од европската борба за слободни народи.Македонија е за пријателство, но пријателството значи взаемно почитување. Ако нема почитување, нема да се разбереме. Да не бидеме неми, да бидеме гласни пред да биде предоцна.Повикувам на натпартиски предупредувачки протест за одбрана на црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет.Утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ до Влада. Протестот, поради запазување на здравјето поради корона кризата, ќе биде со автомобили.Овде не се работи за партии, овде се работи за Македонија, за Илинден и АСНОМ, за она што сме и она што сакаме да останеме.Сега, за да не биде предоцна, напиша Мицкоски на ФБ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Запленети хероин и марихуана, приведен дилер од Кичево

Денеска во 12:35 часот полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција- ОВР Кичево го приведоа Ф.И. (30) од Кичево. По претходно добиени оперативни сознанија, на ул. Прилепска во Кичево бил запрен мотоцикл управуван од Ф.И. и кај него биле пронајдени 38 паковки со хероин и три паковки со марихуана наменети за продажба. Против Ф.И., по документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

На рочиште презентирани пораките помеѓу Јовановски и Ременски: Ве молам да разговарате со Боки да ми ги врати сите средства и нема да има никаков проблем

Комуникација помеѓу обвинетите Бојан Јовановски и Фросина Ременски на апликацијата „Ватсап“, скоро два часа се читаше на денешното рочиште за случајот поврзан со невладината организација Меѓународен сојуз. Двајцата разменувале и комуникации кои претходно ги имале со државни функционери. Во текот на презентирањето на пораките се споменуваа имињата на Стефан Богоев, Ардијан Амзовски, Љупчо Николовски, Зоран Заев, Александар Кирацовски. Се зборува за меморандуми за соработка, парцели, договори, анекси на договори, враќање на средства, процедури. Првата порака која ја презентираше обвинителката Милица Гаврилова е од 6 јули 2017 година, објави А1 ОН.Според презентираните пораки, на 12 јули 2017, Бојан Јовановски и пишува на Ременски: „Кога можеш да се видиме, мораме да почнеме со конкретизирање на фирми“. Во друга порака на друг датум и пишува нова порака: „Остави максимален впечаток, те претставив како страв и трепет….“. Обвинителката не објасни што покажуваат овие пораки меѓу двајцата обвинети.Комуникацијата продолжила и на 14 септември 2017 година кога Бојан Јовановски и праќа порака на Ременски: „Вечер е отворање на главниот штаб на Стефан. Планирај да одиме и да ја видиме целата ситуацијата“. На 8 октомври 2017 година, Јонвановски и испратил „скриншот“ од комуникацијата со Стефан Богоев на Ременски, каде меѓу другото пишува: „Да се слушнеме на кратко“. На 19 октомври 2017 година, Ременски праќала „скриншот“ од парцели и броеви од истите, со објаснување дека трета личност и ги пратила. Јовановски прашува: „Што е ова?“, а Ременски одговара: „Плацевите негови во Злокуќани“.„Ова е перверзија“, искоментира Јовановски при презентација на пораките, по што беше предупреден од судијката за неговото однесување.Ременски на 31 октомври му прератила порака на Јовановски од извесна Јулијана, поврзана со планови за блок од 2017 година. Во друга комуникација, Ременски му праќа фотографиран лист на Јовановски, каде рачно е напишано: „Социјалните и детските права во Република Македонија“, „Функционалност од аспект на социјална заштита во руралните средини во Република Македонија“ …“. По ова Ременски му пишала: „Ова се насловите на проектите, може да се разработи цел концепт, сега само ова“, а Јовановски враќа: „Добро, сега се будам, се гледаме во 17 часот.Тие разменувале и „скриншот“ од разговор помеѓу извесен Кочо и Ременски во која меѓу другото стои: „Ве молам да разговарате со Боки да ми ги врати сите средства кои му ги дадов одеднаш и нема да има никаков проблем“, а по ова следува коментар „Види будале“.Пред крајот на рочиштето беше презентирана и пораката која Јовановски му ја испратил на Заев, а беше дел од доказите во случајот „Рекет“, каде обвинетиот е веќе осуден. Овој пат, таа порака е презентирана како „скриншот“ кој Јовановски го испратил до Ременски.„Премиере јас сум убеден во она што ви го напишав во претходната порака во име на нашето познавање ве замолувам да ме примите на една средба. Јас никогаш не сум го злоупотребил вашето име….“, му пишува Јовановски на Заев, по што добива одговор: „… Ова е чист рекет, мое е да постапам“На судењето беа презентирани и дел од разговорите помеѓу Јовановски и Енвер Малиќи остварени преку апликацијата „Ватсап“. На следното рочиште ќе се продлжи со презентација на материјалните докази.Текстот во целост на: А1 ОН.  

Македонија | пред 5 години

advokat-Milanov

Миланов: Во холот за предметот „Титаник“ имаше двајца со температура, сите сме под ризик

Судијата Осман Шабани ги остави обвинетите, адвокатите и обвинителката во „Титаник“, пет часа да чекаат започнување на рочиштето пред судницата во Кривичниот суд. Сите странки во постапката беа присутни за да се одржи рочиштето, но пред крајот на работното време на судот, судијата одлучи судењето да го одложи за утре. За одложувањето на рочиштето, странките во постапката беа известени од вработена во судот, објави А1ОН.Адвокатот Еленко Миланов за „А1он“ вели дека чекањето пет часа пред судницата број 1 во Кривичниот суд е загрозување на нивното здравје, бидејќи најмалку двајца од обвинетите имале покачена телесна температура изминатите два дена, но поради страв дека ќе им бидат изречени други мерки за обезбедување присуство дошле на судењето и не останале во изолација.Судењето за „Титаник“ продолжува утре.Текстот во целост на: А1ОН.

Македонија | пред 5 години

korona-3

39 починати и нови 1288 нови случаи на Ковид 19 во земјава денеска

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3349 тестирања, а регистрирани се 1288 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-570, Куманово-57, Дебар-8, Штип-44, Прилеп-78, Тетово-56, Струга-28, Велес-32, Битола-53, Охрид-30, Кавадарци-30, Гостивар-85, Гевгелија-21, Струмица-34, Крива Паланка-5, Радовиш-13, Крушево-1, Кочани-28, Пробиштип-10, Демир Хисар-7, Македонски Брод -3, Берово-3, Валандово-2, Виница-11, Делчево-9, Кратово-3, Свети Николе-12, Кичево-22, Ресен-11, Неготино-22.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1078 оздравени пациенти од: Скопје-407, Куманово-33, Штип-32, Прилеп-36, Тетово-36, Струга-63, Велес-30, Битола-144, Охрид-52, Кавадарци-27, Гостивар-19, Гевгелија-10, Струмица-19, Крива Паланка-7, Радовиш-5, Крушево-4, Кочани-11, Пробиштип-5, Демир Хисар-3, Македонски Брод-2, Берово-3, Валандово-2, Виница-6, Делчево-7, Кратово-3, Свети Николе-12,Кичево-72, Ресен-14, Неготино-14.Починати се 39 лица, шеснаесет пациенти од Скопје (79г., 80г., 54г., 70г., 68г., 54г., 68г., 82г., 84г.,68г., 76г., 75г., 71г., 60г., 73г., 56г.), двајца од Куманово (70г. и 62г.), еден пациент од Дебар (87г.), еден од Штип (71г.), тројца од Прилеп (86г., 76г., 68г.), четири пациенти од Тетово (53г., 72г.,67г., 66г.), двајца од Струга (68г., 69г), двајца од Велес (67г., 78г.), двајца од Охрид (68г., 73г.), еден пациент од Струмица (72г.), еден од Демир Хисар (65г.), еден од Берово (79г.), двајца од Кичево (60г., 41г.) и еден пациент од Неготино (40г.).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 57451, бројката на оздравени пациенти е 34970, на починати е 1600, а бројот на активни случаи изнесува 20881. Од вчера се евидентира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 25228, активни 10130• Куманово 3541, активни 939• Дебар 438, активни 87• Штип 2510, активни 526• Прилеп 2766, активни 1021• Тетово 3638, активни 965• Струга 1334, активни 406• Велес 1812, активни 711• Битола 1813, активни 808• Охрид 1460, активни 597• Кавадарци 1109, активни 432• Гостивар 2296, активни 862• Гевгелија 693, активни 229 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 126 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1598, активни 580• Крива Паланка 402, активни 120• Радовиш 407, активни 125• Крушево 116, активни 70• Кочани 1187, активни 307• Пробиштип 336, активни 74• Демир Хисар 185, активни 83• Македонски Брод 151, активни 34• Пехчево 95, активни 25• Берово 339, активни 92• Валандово 196, активни 71• Виница 359, активни 174• Делчево 415, активни 184 (114 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 148, активни 63• Свети Николе 770, активни 212• Кичево 1178, активни 492• Ресен 424, активни 173• Неготино 507, активни 289 (56 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 3349 теста се преку: ИЈЗ-1068, ЦЈЗ Скопје-60, Авицена-345, Биотек-272, МАНУ -263, Жан Митрев (Филип Втори)-211, Систина со PCR метода -259, лабораторија Лаор –40, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-72, Инфективна клиника-2, ГАК-7, Синлаб-87, Ремедика-32, лабораторија болница Козле-17, ЈЗУ (рапид тест) -594, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 320.011 тестирања на Ковид -19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 639• Гази Баба – 1490• Аеродром -1474• Карпош – 1186• Центар – 1173• Кисела Вода – 1245• Ѓорче Петров – 874• Бутел - 584• Шуто Оризари – 206• Студеничани – 52• Сарај – 160• Арачиново -31• Илинден – 251• Сопиште – 66• Чучер Сандево – 99• Петровец –128• Зелениково -83• Странец – 175• Нераспределен- 214

Македонија | пред 5 години

ljubisa-spaskovka

Членка на историската Комисија се огради и ги осуди последните изјави на Заев

Историчарката Љубица Спасковска, која е дел од историската Комисија на Македонија и Бугарија вечерва ги осуди последните изјави на премиерот Зоран Заев дадени во интервјуто за БГНЕС.„Како член на македонскиот дел од Комисијата, лично се оградувам и ги осудувам последните изјави на премиерот и апелирам политичарите да се воздржуваат од тврдења и коментари со кои не се запознаени и не се од нивниот домен на познавања и експертиза. Во цела западна историографија и во доменот на јавна историја терминот окупација е општо прифатен и за улогата на Бугарија во Втората Светска Војна доволно говори мировниот договор потпишан со сојузниците вклучително и со Македонија како дел од Југославија во 1947“, напиша Спасковска на Фејсбук.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Апел за помош на охриѓанец средношколец

Од Младинска организација при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид, преку официјалниот Facebook профил на училиштето упатуваат апел за помош на младиот ученик Никола Колоски.– Во овие тешки времиња на светска пандемија, како да заборавивме дека другите болести се’ уште постојат, дека има луѓе кои се разболуваат и од други болести. Другите болести постојат, тие се тука и луѓето секојдневно се борат со нив. Никола Колоски е ученик во прва година во Средното стручно училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид и се бори за својот млад живот. Итно му се потребни средства за сложена операција во Германија. Секој хуман граѓанин кој може да оддели од својот скромен буџет, средства по своја желба, може да ги донира на жиро сметката: Стопанска банка 200002622926552, апелираат од Младинска организација при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид.

Македонија | пред 5 години

dete-siluvanje

Две малолетнички силувани во Штип и Кочани

Две малолетнички во Штип и Кочани биле силувани, а случаите ги пријавиле нивни роднини. Според крими билтенот на СВР-Штип вчера во 13.20 часот во Полициска станица-Штип, 57 годишна жена од Штип пријавила дека претходниот ден околу 16 часот малолетно лице извршило обљуба врз нејзината малолетна внука. Вториот случај е во Кочани пријавен е вчера во 14.30 часот.-Четирисет и две годишен маж пријавил дека околу 00.30 часот, Х.Н. извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. Се работи на комплетирање на случајот по што против Х.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Прекината семејна веселба во гостиварско, приведен сопственикот на објектот

Полициски службеници од СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар денеска (25 ноември) околу 16 часот го лишија од слобода А.Д.(30) од Неготино,гостиварско, затоа што во неговиот угостителски објект во Неготино била организирана семејна веселба, на која присуствувале 25 лица. Тој ќе биде задржан во Полициската станица Гостивар и по целосното расчистување и документирање на случајот, ќе му биде изготвена пријава за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, согласно член 206 од Кривичниот законик. Семејната веселба е прекината, а објектот затворен од Државниот пазарен инспекторат.

Македонија | пред 5 години

Mickoski-1

Мицкоски со реакција по интервјуто на Заев: Ако владата го начне македонскиот идентитет ќе се соочи со народот во чии први редови ќе бидам

Со внимание го ислушав интервјуто за бугарски медиум, кое очигледно претставува додворување кон бугарската јавност и подготовка за македонската јавност, каде што Заев несмасно и грубо изнесува тези кои можат да претставуваат сериозно нарушување на преговарачките позиции, а со тоа и нарушување на европската иднина на Македонија и македонските граѓани, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ .Мицкоски додаде:Оваа вонредна прес конференција ја свикавме затоа што нашата загриженост ја темелиме врз следните негови позиции кои што ги изнесе на самото интервју за овој бугарски медиум. Тој најпрвин тврдеше дека договорот со Бугарија е сосема доволен, во едно мое интервју предупредив дека покрај договорот за добрососедство постои барање од страна на бугарските власти за потпишување на нов договор или анекс на тој договор, со кој ќе се допрецизираат барањата или да бидам попрецизен уцените и сервилниот однос на Заев кон нашиот источен сосед. Па оттука можам да кажам дека како поминуваа деновите оние први бледи критики и обвинувања од страна на Зоран Заев, Бујар Османи, Димитров и останатите кон мене, дека таков договор или анекс на договор не постои, излегоа дека се една обична шарена лага. Нивниот сервилен однос на сметка на достоинството на македонскиот народ, достоинството на македонската нација нема граница, па тие денеска прифаќаат еден таков анекс кон тој договор, кој што Зоран Заев во ова интервју го потврди.Заев во ова скандалозно интервју ја негира антифашистичката борба на граѓаните и нашето право да се повикуваме на тоа наследство. Тој прифаќа дека овде постоела бугарска администрација и практично македонските борци за независна македонска држава кои што се бореле против фашистичкиот окупатор во Втората светска војна ги изедначува со истиот тој окупатор за време на ова скандалозно интервју, па вели дека Скопје, Куманово и Паланка всушност биле ослободени а не биле поробени во Втората светска војна.Загрижен сум затоа што ова интервју може да се толкува и како прв чекор кон откажување на македонското малцинство кое што живее во своите древни огништа кај нашиот источен сосед, а со тоа и поништување, брутално кинење на сите пресуди кои што меѓународни судови до сега ги имаат изречено.Како што е Судот за човекови права во Стразбур, каде што јасно и недвосмислено стојат насоките кои што за жал, на неевропски и нецивилизиран начин нашиот источен сосед до сега ги игнорира и истите тие не ги применува. Морам да изразам сериозна загриженост за една тенденција за менување на карактер и улогата на македонските херои, што е упад и фалсификат на македонската историја.Алармирам сега за да не биде предоцна, алармирам за да не се случи уште едно огромно големо разочарување.Го повикувам македонскиот народ, ги повикувам сите оние кои што се дел од македонската нација не, само во Македонија туку и надвор, будно да го следиме овој процес на преговори кој што го води оваа влада а Зоран Заев, затоа што загрижени сме дека тој може да го начне македонскиот идентитет.Ги предупредувам во владата на Заев да не си играат да е го начнуваат македонскиот идентитет, бидејќи на тој начин ќе се соочат со сиот гнев на македонскиот народ и македонската нација, не само тука во Македонија, туку било каде во светот.Македонскиот народ го повикувам внимателно да ги следи овие денови кои што се пред нас, внимателно и будно заеднички со ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата да следиме што преговара Зоран Заев и на што се е спремен, а потоа на соодветен начин, ако на било каков начин го навреди македонскиот идентитет да реагираме и да го спречиме. Јас ќе бидам прв во таа борба, истакна Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

25112020_IS_Press_1

Филиповска- Грашкоска: Намален бројот на прекршувања на здравствените протоколи

Од стапувањето во сила на измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, со кои се зголемија надлежностите на инспекциските служби, од страна на инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство, Државниот инспекторат за транспорт и Агенцијата за лекови и медицински средства, се извршени 10.274 контроли и 5.149 надзори.Споредено со претходниот месец, се забележува намалување на прекршувањата на здравствените протоколи кои произлегуваат од Законот за заштита на населението од заразни болести. За споредба во месец октомври, кога инспекторите немаа надлежности да забрануваат вршење на дејност поради непочитување на здравствените протоколите , од вкупно извршени 6.963 надзори и 6.123 контроли, беа изречени 37 кривични пријави против угостителски објекти, а во месец ноември по донесувањето на измените на Законот за заштита од заразни болести затворени се 5 угостителски објекти кај кои било констатирано дека не ги почитуваат здравствените протоколи.Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска, информираше дека согласно Законот за заштита на населението од заразни болести во месец ноември инспекторите имаат изречено 8 прекршочни пријави, 2 кривични пријави, 16 платни налози, 30 решенија од кои 5 се однесуваат за забрана за работа на 5 угостителски објекти и донесени се 39.858 решенија за изолација.„И покрај зголемениот бројот на контроли во месец ноември, сепак се детектирани помал број на прекршувања на протоколите , со што се потврдува дека зголемените надлежности на инспекциските служби го даваат својот резултат при почитувањето на ковид протоколите“, оцени Грашкоска.Во посочениот период инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат извршија 96 надзори, од кои 72 се по однос на здравствените протоколи. Во изминатите седум дена ДЗСИ издаде 14.664 решенија за изолација и домашно лекување на лица позитивни на Ковид-19 и лица кои биле во контакт со заболени и 11 решенија за констатирани неправилности врз основа на спроведените надзори. Во периодот од 16-ти до 22-ри ноември, Инспекторат за транспорт изврши 57 надзори, при што изречени се 10 прекршочни пријави, 3 решенија и 4 платни налози за прекршувања на материјалните закони. Од извршените надзори 16 се по основ на Законот за заштита на населението од заразни болести и при тоа не се констатирани прекршувања на законот.Во истиот период Државниот пазарен инспекторат, изврши 3.463 контроли и 553 надзори поврзани со материјалните закони и здравствените протоколи за работа угостителски објекти. Притоа, поднесени се 27 прекршочни пријави, од кои 2 прекршочни пријави се поднесени против угостителски објекти, по еден во Тетово и во Гостивар. Овие угостителски објекти не ги почитувале протоколите, односно истите работеле по 21 часот, поради што им е изречена и забрана за работа во рок од 30 дена и соодветна глоба. Дополнително ДПИ издаде и 52 решение и 25 платни налози.Државниот инспекторат за труд, во истиот период спроведе 519 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на протоколите во насока на заштита на здравјето на вработените. При овие надзори, од страна на трудовите инспектори изречени се 27 решенија и еден платен налог, кои се однесуваат на утврдени неправилности од областа на работните односи.Агенцијата за лекови и медицински помагала, во изминатите седум дена изврши 26 надзори во аптеки по основ почитување на мерките на Владата и издавањето на антибиотици, при што не се констатирани прекршувања на законските одредби и отстапувања од протоколите.Агенцијата за храна и ветеринарство, во периодот од 16-ти до 22-ри ноември спроведе 386 надзори. При тоа издадени се 7 решенија и извршени се 22 едукации поради констатирани неправилности кои се однесуваат на неизвршени здравствени прегледи, неспроведување на општи хигиенски мерки, неправилно складирање и чување на производи и неправилно означување на производите.

Македонија | пред 5 години

zaev-4

(ВИДЕО) Заев за БГНЕС: Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците

Бугарија не е фашистичка земја, таа е наш пријател, вели претседателот на Владата, Зоран Заев во интервју за бугарската новинска агенција БГНЕС.„Одредивме заедничка прослава за историските личности од средниот век, од Цар Самоил назад – од Кирил и Методиј, од Климент и Наум, имаме протоколи. Верувам дека двете земји се подготвени да ги објават, затоа што мора да ги вклучиме во учебниците. Бидејќи новите генерации не ја знаат целата оваа реалност, таа мора да не обединува. И во Северна Македонија и во Бугарија, ова влијае на луѓето на многу погрешен начин. Треба да го смениме тоа. Ние веќе заменивме повеќе од 20 табли во земјата, каде што беше напишано „бугарски фашистички окупатор“. Тоа не е така – Бугарија не е фашизам, Бугарија е наш пријател“, рече Заев.Говорејќи за историскиот период од Втората светска војна, Заев вели дека имало некоја администрација во тој момент, но потоа Бугарија се покренала заедно со антифашистите, борејќи се за слободата и демократијата.„Бугарските и македонските трупи ослободија територии – Крива Паланка, Куманово, скопскиот регион. И ова е добар дел од нашата историја, што нè прави уште пообединети. Ви ги потенцирам историските факти на кои мора да работиме во иднина, бидејќи минатото не ни ја даде оваа можност. Сега мора да покажеме здрав разум за новите генерации, да го смениме сето ова во духот на големото пријателство што го имаме, што гарантира уште подобра соработка во иднина“, нагласи Заев.Тој верува дека Југославија ги држела Македонија и Бугарија поделени. Вели дека задолжение е на сите граѓани, а најмногу на политичарите, да ги зближат народите кои долги години биле држени оддалечени еден од друг.„Различни власти, посебно во времето на бивша Југославија. Но, ние треба да бидеме заедно, затоа што сме први соседи“, додаде Заев.Премиерот вели дека Бугарија е првата земја што ја признала нашата независност и држава, а признавајќи го суверенитетот и државата, таа категорично го признала нашето право на самоопределување.Тој понатаму кажа дека ние имаме заедничка историја, а Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците, па затоа неговото дејствување треба да не обиднува како народи.„Ако не ги признаеме слабостите на историјата, не можеме да ја градиме иднината“, заклучи Заев во интервјуто за БГНЕС.

Македонија | пред 5 години

lana

(ФОТО) Ова е рисицата „Лиса“ жител на едно Мавровско село стара 7 години

Деновиве добивме прекрасни слики од рисицата „Лиса“ и тоа жител на едно Мавровско село кој оваа убавица ја сликал од својата тераса! Лиса е деветта единка која ја следиме во Програмата за закрепнување на балканскиот рис и носи ГПС околувратник. Драго ни е да потврдиме дека Лиса е здрава единка и стара околу 7 години, се вели во објавата на ФБ страната од Национален парк Маврово. 

Македонија | пред 5 години

korona-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 812 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 812 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 68 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.Во болницата во Штип се хоспитализирани 55 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 112, во ковид центарот во Гостивар 55, а во Струга 21 болни.Во болницата во Струмица лежат 79 пацинети, во Кочани 20, во Кичево 15, Кавадарци 40, а во Гевгелија 7 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1297 и има колку 150 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бочварски: Издвоивме 186 милиони денари од буџетот на министерството за транспорт и врски за капитални проекти за општините

Од буџетот на Министерството за транспорт и врски за оваа година распределуваме 186 милиони денари за реализација на капитални проекти во општини во Република Северна Македонија, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски при денешната работна посета на општина Штип.Тој потенцираше дека Владата се фокусира на поддршка на општините за да се подобри квалитетот на урбаното живеење. За таа цел, истакна министерот, на послeдената седница на Владата, било одлучено преку буџетот на министерството да се распределат овие средства во вид на капитални дотации.“Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата за распределба на капитални дотации за општините како поддршка за подобрување на квалитетот на живеење. Општина Штип добива 9 милиони денари за изградба на конзоли за пешаци на река Отиња. Со проектот се предвидува изградба на конзоли за пешаци, со што ќе се ослободи сегашниот тротоар на потегот од мостот на црква Св.Никола се до мостот кај судот. Со тоа добиваме уште една коловозна лента и двонасочен проточен сообраќај. Со овој проект и со платформата за паркирање го решаваме сообраќајниот систем во тој дел од градот. Продлжувме во отворена и блиска комуникација со сите општини и во тесна соработка ќе придонесеме за подобрување на квалитетот на живот за граѓаните, изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.За општина Штип ова е трјано решавање на досегашниот сообраќаен метеж, истакна в.д градоначалникот на оптшина Штип, Јане Миланов.“ Со изградба на конзолите за пешаци ќе ги ослободиме тротоарите со што ќе добиеме две ленти за сообраќај. Со тоа ќе го решиме сообраќајниот метеж што го имаме со години наназад. Се работи за средства од 9 милиони денари кои заедно со средствата што ќе ги одвои општината ќе се овозможи фазно да се реализира овој проект. На тој начин добиваме сообраќајница со две ленти”, изјави в.д градоначалникот на општина Штип, Јане Миланов.На новинарско прашање за изградба на браната Отиња, министерот Бочварски потенцираше дека јавниот повик е завршен и дека пет компании имаат доставено понуди. Во наредниот период ќе се врши евалуација на понудите и до крај на годината или почетот на следната година ќе се избере изведувач, истакна министерот Бочварски.

Македонија | пред 5 години

25112020_Portparol_Press_3

Арсовски: Владата не се откажува од ветингот во судството, контактите и размената на идеи меѓу македонската и бугарската влада се во постојан тек

Портпаролoт на Владата, Душко Арсовски, денеска ја одржа редовната прес-конференција и информираше за одлуките од вчерашната редовна 24-та владина седница.Одговарајќи на новинарско прашање за ветингот во судството, портпаролот Арсовски информираше дека министерот за правда во првите сто дена од мандатот ќе излезе со план за овој процес.Арсовски истакна дека државата не може да ја направи оваа филтрација, туку процесот треба да го спроведат и завршат Судскиот совет и Советот на јавни обвинители.„Државата може само да даде временска рамка и начин како тоа да се направи. Според информациите што ги имаме од 2019-2020 само судскиот совет разреши 8 судии. Оваа година, се почнати постапки за 83-ца за застареност на предмети, несоодветно постапување и слично. Мора да се напомене дека целиот процес изгуби на интензитет поради пандемијата“, нагласи Арсовски и посочи дека Владата не се откажува од овој процес зашто тоа е ветено пред граѓаните и ќе се оствари.Тој дополни дека како дел од овој процес е проверката на имотот на судиите, а во кој е вклучена Државната комисија за спречување на корупцијата.На прашање за актуелните разговори со Бугарија, портпаролот Арсовски повтори дека нема нов договор и дека Владата е подготвена да ги дообјасни прашањата што побудуваат определена загриженост во Софија, но дека никој нема право да преговара за идентитетот и за јазикот.„Контактите и размената на идеи меѓу македонската и бугарската влада се во постојан тек. Двете страни се вложени во изнаоѓање решение. И за Северна Македонија и за Бугарија е особено важно да продолжи европската интеграција на регионот. Оттука, со оптимизам гледаме на можните решенија кои во исто време ќе ја обезбедат нашата европска иднина со целосно почитување на македонскиот идентитет“, потенцираше Арсовски.Во однос на прашањето за регистрацијата на возилата со странски таблици со намалени давачки, портпаролот Арсовски истакна дека благодарение на стандардите кои се поставени, односно возилата да имаат мотори со најмалку Еуро 4 стандард, не постои опасност во земјата да се зголеми бројот на стари и нееколошки возила.Портпаролот Арсовски одговарајќи на прашање за владината одлука за распределба на средства до единиците на локалната самоуправа, појасни дека станува збор за претходно утврдена практика, која нема временски рокови, ниту пак е поврзана со следните локални избори.Во оваа насока портпаролот истакна дека целта на Владата е постојано да помага, особено сега, кога се соочуваме со пандемија, а се неопходна реализација на капитални инвестиции.Во однос следните мерките за справување со пандемијата и дали ќе се воведе карантин во Прилеп и некои други општини, портпаролот Арсовски нагласи дека се чека мислењето на Комисијата за заразни болести.На прес-конференцијата портпаролот Арсовски информираше за дел од заклучоците, одлуките и информациите кои беа разгледани и прифатени на 24-тата седница, меѓу кои и дека:- Владата го утврди текстот на Предлог-законот за регистрација на возила со странски регистерски таблици со одлука да биде доставен на усвојување во Собранието.Целта на овој Предлог-закон е да се регистрираат возилата со странски таблици со намалени давачки до 50% од утврдената вредност на сите давачки кои се наплатуваат при увоз на возила од страна на надлежните државни органи.- Владата донесе Одлука за одобрување на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година со која се одобруваат средства во износ од 144.260.500,00 денари на 89 јавни комунални претпријатија членки на АДКОМ - Здружение на даватели на комунални услуги за Република Северна Македонија како мерка од Програмата за справување со КОВИД–19 кризата како еднократна финансиска помош со цел надминување на тешката материјална состојба на вработените во овие претпријатија.- На предлог на Министерството за транспорт и врски Владата денеска донесе Одлука за распределба на средства обезбедени во потпрограма 20-Сообраќај и комуникации, ставка 488-Капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во износ од 74.500.000,00 денари.Владата донесе одлука и за распределба на средства обезбедени во потпрограма 30-Урбанизам и градежништво за капитални дотации во единиците на локалната самоуправа од Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година во износ од 46.170.000,00 денари за реализација на проекти во повеќе општини.- Владата го утврди текстот на Предлог-законот за Агенцијата за разузнавање. Целта на Законот за Агенција за разузнавање е да се направи јасна дистинкција меѓу АНБ чија надлежност се поклопува со надлежноста на Агенција за разузнавање, согласно постојниот закон.- Владата ја разгледа и усвои Информацијата за спроведување на јавна набавка на инсулин, глукагон, инсулински игли и ленти за мерење шеќер и инсулински пумпи со потрошен материјал за периодот декември 2020 – декември 2022 за потребите на населението на Република Северна Македонија.- Владата ја разгледа и усвои Информацијата за исплата на пензии за месец ноември 2020 година.- Мухамед Зекири беше именуван за нов генерален секретар на Владата, а беа донесени одлуки и серија други кадровски решенија.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Судот го одби барањето на Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од судењето за „Меѓународен сојуз“

Претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, го одби барањето на обвинетиот Бојан Јовановски за изземање на судијката Софче Гаврилова-Ефремова од судењето за невладината организација Меѓународен сојуз. Според судот, барањето е неосновано, објави Макфакс. Бојан Јовановски и на денешното рочиште побара изземање на претседателот на судијката, но овој пат и на целиот судечки совет.„Поради основано сомневање дека судијката е политички иструирана и поврзана со претседателот на овој суд за кој знам како е избран, што ми дава право за сомневање за систем на сврзни садови, имам сомневање дека овој судечки совет е контролиран од премиерот Зоран Заев и други политички субјекти. Новата околност укажува дека на минатото рочиште судијата, без никаква моја навреда кон судот или личноста на судијата, во записникот нотира дека јас сум ја навредил и сум го навредил овој суд. Сомнежот за непристрасно судење е дека јасно може да се види односнот кон едната страна во оваа постапка, односно Обвинителството и обвинетите што седат на оваа клупа ни криви ни должни“, рече Јовановски.Текстот во целост на: Макфакс.  

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања