Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

25112020_PVRSM_ZPVRSM_Sostanok_2

Заев и министрите од економските ресори на состанок со германски стопанственици: Интерес за инвестиции во енергетска ефикасност, инфраструктура, дигитализација и здравство

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи, амбасодарката на Сојузна Република Германија во земјава Анка Холштајн, како и Михаел Хармс, директор на Комитетот на источна Европа на германското стопанство, со воведни обраќања го отворија онлајн состанокот со делегацијата од над 20 германски стопанственици од повеќе сектори кои покажаа интерес за инвестиции во земјата.Во фокус на состанокот беа теми поврзани со инвестиции во областите на дигитализација, енергетска ефикасност, третман на отпадни води, градење на општинска инфраструктурата, како и зајакнување на здравствените системи, кои ќе креираат понатамошен економски раст.Премиерот Заев истакна дека економската соработка меѓу двете земји континуирано расте. Сојузна Република Германија е најважен трговски партнер на Северна Македонија од осамостојувањето до денес. Премиерот нагласи дека повеќето од германските инвеститори работат со голем успех во нашата земја и Германија е најголемиот надворешно-трговски партнер, со вкупна трговска размена во периодот јануари-септември 2020 година од 2,4 милијарди евра.Вицепремиерот Битиќи дополни дека Владата е посветена на креирање на предвидлива бизнис клима за инвеститорите во земјава. За таа цел е отпочнат процес на долгорочен стратешки Национален развоен план и Централна единица за следење на ефективноста и ефикасноста на економските политики, борба со сивата економија и елиминација на корупцијата на сите нивоа.На состанокот со германските стопанствениците дискутираа и министерот за здравство, Венко Филипче, за економија Крешник Бектеши, за транспорт и врска Благоја Бочварски, како и Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање околу спецификите и можностите за инвестирање во соодветните области.Во таа насока и на годишниот самит на Берлинскиот процес што се одржа во Софија, а ко-претседаваше Бугарија, Северна Македонија се приклучи на потпишување на две важни политички декларации што ќе го забрзаат идниот економски раст. Првиот е имплементација на заеднички регионален пазар меѓу шесте земји од Западен Балкан, додека втората е за спроведување на Зелената агенда за Западен Балкан, подготвена од Европската комисија. И двата процеси ќе доведат до понатамошно зајакнување на регионалните економска интеграција, што дополнително ќе го забрза економскиот раст на Северна Македонија.Заедно со Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан, што издвојува до 9 милијарди евра за целиот регион во следните неколку години, тие регионални иницијативи создаваат солидна основа за идните перспективи на регионот.

Македонија | пред 5 години

Arsovski

Арсовски: Лажгото Заев втор ден бега од одговор што точно понуда пратил до Бугарија

Лажгото и лопов Зоран Заев сеуште не и одговори на јавноста што понуда е пратена до соседна Бугарија.Коалициониот партнер на Зоран Заев јавно посочи дека е пратена нова понуда до бугарската влада и се чека одговор од нивна страна, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Арсовски додаде:Зоран Заев да не се крие зад слаткоречиви изјави, кои подоцна граѓаните ги чинат одредена национална светост.Неговата “патлиџан” дипломатија ја донесе Република Македонија до ќорсокак од кој што нема излез.Дали во понудата покрај распродавање на сите национални интереси и историја, стои и распродавање на државниот удел во приватните компании и државните компании на бугарски бизнисмени?Дали Зоран Заев има намера да го продаде државниот удел во Телеком, железничкиот транспорт, земјоделско земјиште низ целата држава најатрактивна, ТЕЦ Неготино, македонски пошти и уште многу други институции?Дали ова е чекор повеќе до обезличување и потчинување на државата и граѓаните?Кому ги ветил Зоран Заев сите овие удели и државни фирми?Наместо да се крие како кукавица од граѓаните, Заев јавно треба да каже што се има понудено до бугарската влада за да се тргне блокадата?Претходно велеше дека договорот што го потпиша е најдобриот договор што сме го имале со Бугарија, а сега гледаме дека има потреба да праќа нови понуди, односно ветувал многу други работи. Дали тоа значи дека за одредено време може да дораскрчми и тоа што ќе остане ако му побараат уште нешто?Зоран Заев е човек кој што за жал ја осакати Република Македонија и ги обезличи граѓаните на Република Македонија и затоа мора да си замине од функцијата која ја доби со поткуп. Затоа е потребна Влада за национален спас, наместо лопови што и сопствените родители би си ги продале за лична корист како што е Зоран Заев, истакна Арсовски.

Македонија | пред 5 години

naum

Стоилковски: Скандалите во битолската болница немаат крај, по мртви тела, чадори за заштита од фекалии, истрага и Филипче оставка

Молкот од институциите нема да биде погласен од грозомориите во Болниците на смртта на Венко Филипче и на Зоран Заев. Ниту Филипче ниту Заев ниту било кој од власта не се огласија по оние нечовечки, нехумани, грозоморни фотографии на кои се гледа како пациент прима инфузиска терапија легнат во просторија со починати. Внимавајте, пациент прима инфузиска терапија легнат до мртви човечки тела, истакна на денешната прес конференција Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Ова е ужас. Во македонските болници владее целосен хаос, безживотни тела оставени се во простории, во ходници, во чекални, целосно безредие во организација на Филипче и на Заев.Овој ужас од фотографиите се обидуваат да го сокријат, да не се види нечовечноста и нехуманоста во болниците на смртта, да мине без реакција и одговорност за тоа што го посведочи цела македонска јавност, во иста просторија со четири кревети, на два од нив има мртви тела, на починати пациенти, додека на други два пациенти им се дава инфузиска терапија. Грозоморно!Безживотни тела оставени во простории, во ходници, во чекални, целосно безредие владее во болниците на смртта на Филипче и на Заев. За хаосот предупредувавме уште кога инфузиски терапии беа давани во дворовите на болниците на Филипче.Почитувани нема ден, нема час, а граѓани да не споделат дел од грозоморието во болниците на смртта на Венко Филипче. Снимката на социјалните мрежи од битолската болница, во која владее хаос, безредие и нехумани и недостојни услови за престој повторно посведочија пред јавноста. Битолската болница на смртта е објект во кој што пациентите се омаловажени, треба да користат санитарни јазли како да се во севернокорејски затвор, а не во болница во Европа.Го погледнавте видеото споделено од пациенти во битолската болница на смртта, видео кое што покажува каков нехуман, нечовечки, нехигиенски услови владеат во хаосот креиран од Зоран Заев и Венко Филипче.Хаосот во болниците на смртта владее по речиси цела година смртоносна епидемија која што ја зафати земјата и со која што не можат да се справат. Ова е пресериозно за здравството се остави и натаму во нивни раце. Со таков пристап како што сега го видовме најлошото допрва доаѓа. Ова е пресериозна состојба за македонското здравство да се остави во рацете на Венко Филипче и на Зоран Заев!Инсистираме на одговорност и оставка на директорката на битолската болница Билјана Гагачовска, но и одговорност и оставка на министерот Венко Филипче кој што дозволи ваков хаос и одговорност и оставка од Зоран Заев чиј што инает и желба за власт доведе до најголем смртност, ширење на епидемијата и претворање на здравството во болници на смртта, истакна Стоилковски.

Македонија | пред 5 години

25112020_MON_Press_1

Царовска: Буџетот за 2021 година е насочен за реформи во образованието и двојно повеќе капитални инвестици

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска го презентираше граѓанскиот буџет за идната 2021 година, проектиран на 23,1 милијарда денари. Царовска рече дека во новиот буџет многу јасно се одразени развојните политики и заложби за создавање образование кое му овозможува на секое дете да го достигне својот полн потенцијал.„Децата кои се сега дел од образовниот процес се генерациите кои треба да го носат ова општество напред. Училиштата треба да ги подготват за работни места што сè уште не се создадени, за технологии што сè уште не се измислени, за решавање на проблемите кои сè уште не се предвидени. Токму ние се соочуваме со одговорноста, но и обврската да создадеме нови можности за нашите деца и млади, за подготвено да ја дочекаат иднината. Затоа овој буџет е креиран според реалните потреби на образованието и во насока на реформите кон кои се стремиме“, рече Царовска.Царовска истакна дека вкупниот Буџет на МОН е поголем за 1,1 милијарда денари во однос на минатата 2020 година, а најголемиот дел од парите се насочени директно кон граѓаните - кон подобрување на образовниот систем и условите во коишто се одржува наставата.„Издвоивме околу 1 милијарда денари за капитални инвестиции – што е за два и пол пати повеќе во споредба со минатата година. Со овие средства ќе овозможиме поквалитетен образовен процес за околу 100.000 ученици, студенти и наставен кадар. Ќе реконструираме основни и средни училишта секаде низ државата, ќе градиме спортски сали и ќе продолжиме со реконструкциите на студентските домови и јавните установи за високо образование“, рече Царовска.Во интерес на инклузивното образование министерката најави и новина за условите за добивање буџетски пари за изградба и реконструкција на училиштата.„За првпат еден од основните критериуми на конкурсот за капиталните инвестиции е токму пристапноста. Главниот услов да поддржиме одреден проект како Министерство ќе биде објектот да е лесно пристапен за лица со попреченост. Овој критериум го воведовме на последниот конкурс и продолжуваме да го применуваме во иднина“, рече Царовска.Во делот на капиталните инвестиции предвидена е и целосна адаптација на 3 регионални центри за средно стручно образование во Охрид, Тетово и Куманово. Со воспоставувањето на овие регионални центри даваме сосема нова димензија на средното стручно образование. Ги поттикнуваме младите да се стекнат со вештини потребни на пазарот на трудот, преку кои ќе дојдат до поквалитетни работни места.„Но, инвестирањето во објекти само по себе не е доволно, ако не е проследено со суштински реформи во самиот образовен систем. Интензивно работиме на реформи во основното и средното. Развиваме целосно нов концепт на наставни програми и наставни материјали. Го напуштаме традиционалниот начин на фактографско учење и преминуваме на образование кое создава граѓани што размислуваат критички и логички и носат заклучоци врз основа на факти, докази и анализи“, рече Царовска.Она што е многу важно за првпат Министерството за образование издвојува 54 милиони денари за ангажирање на образовни асистенти. „Овозможуваме да секое дете го развие својот потенцијал преку креирање на инклузивни образовни политики и грижа за индивидуалните потреби на сите ученици“, рече Царовска.Министерката најави целосно нова динамика односно редовна месечна исплата на студентските и ученичките стипендии од декември.„Со 900 милиони денари за стипендии за ученици и студенти и за започнување исплата на бесплатен студентски оброк го подобруваме и унапредуваме студентскиот и ученичкиот стандард на околу 50 илјади млади лица“, рече Царовска.Царовска истакна дека МОН продолжува да работи на враќање на достоинството на наставниците, мотивирање и вреднување на нивниот труд.„Ги зголемуваме блок дотации за основно и средно образование и обезбедуваме дополнителни 122 милиони денари. Во 2021 година е планирана и исплата на минат труд во високото образование - законска обврска која со години не се реализирала. Со ова решение покажуваме дека високото образование ни е важен приоритет“, рече Царовска.

Македонија | пред 5 години

Milososki-25112020

Милошоски: Владата нарачува, Обвинителството спроведува политички случаи

Во врска со овој случај ги известив Коалицијата за правично судење, Мисијата на ОБСЕ, Мисијата на Европската унија, да проследат целиот случај од почеток до крај, бидејќи сакаме и тие да се уверат дека се работи за политички арбитререн, правно неоснован, но за жал политички мотивиран случај, истакна Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Милошоски додаде:Втората работа која сакам да ја истакнам е тоа што самото обвинение е компромитирано, од две причини, прво обвинението го има почнато како истрага г-ѓата Катица Јанева како поранешна специјална обвинителка, која како што видовме се занимавала и со рекетирање, а го продолжува нејзината другарка Фетаи, за која што Државниот завод за ревизија утврди дека истата незаконски земала 87 илјади евра хонорари токму од Катица Јанева и Специјалното јавно обвинителство.И третата работа која што сакам да ја споменам е дека сум свесен дека дел од Обвинителството е под силно влијание на Владата. Владата нарачува случаи, обвинителството испорачува политички случаи и очекувам во тој дел обвинителството да го користи аргументот на силата пред судот. Но, како одбрана спремни сме да ги користиме силата на аргументите и сите други потребни докази за да ја увериме и јавноста која што е поканета да го следи овој случај дека се работи за правно не основан и политички монтиран предмет, истакна Милошоски.

Македонија | пред 5 години

Kristina-Nanovic

Доделени наградите од 100.000 денари во рамките на Скопската фото недела

Скопската фото недела која се емитуваше во живо од амфитеатарот на ФОН Универзитет а повеќе илјадна публика го следеше настанот – онлајн, заврши со голем број на предавања на експерти кои отворија нови димензии на културата во Скопје но и националната фотографска и кинематографска сцена.Ани и Дими, Кристијан Теодоров, Ангел Анеловски, Тwo Clicks, Влатко Рафески, 3D Baba и Томислав Георгиев, беа дел од овогодинешните предавачи, а публиката можеше директно да поставува прашања и да експериментира со своите објективи во реално време.Оваа година во рамките на скопската фото недела беше објавен и конкурс за најдобра фотографија на Скопје а во категорија од речиси 1200 пристигнати апликации од кои над 800 кои беа постирани на Инстаграм на хаштагот #SPW2020, 9 членото жири ги додели и паричните награди.Првата награда од 50.000 денари ја доби Кристина Нановиќ, со фотографијата насловена „Early morningВтората награда од 25.000 денари ја доби “ Александар Стојчевски, со фотографијата насловена „ЕВН“Третата награда од 15.000 денари ја доби Александар Атанасовски, со фотографијата насловена „Рибарот под камениот мост“Посебна награда за најдобра „инста фотка“ во висина од 10.000 денари ја доби корисничката @anemichaela и нејзината фотографија од ГТЦ. 

Скопје | пред 5 години

lisici

Приведен крадец-малолетник, фатен на дело при тешка кражба во угостителски објект

Денеска во 03.20 часот полициски службеници од ЕВР ОКР Аеродром и Драчево лишија од слобода малолетник, кој бил фатен на лице место при извршување на кривично дело „тешка кражба“ во угостителски објекти на бул. „АСНОМ“. Кај малолетникот се пронајдени предмети од кривичното дело и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопје | пред 5 години

cador

(ВИДЕО) Во битолската болница се нижат скандали: Поставиле чадор во тоалетот за да не им течат фекалии

По вчерашниот голем скандал од битлската болница во кој во иста просторија двајца пациенти примаат инфузија, додека до нив лежат две мртви тела, денеска излезе друг.ТВ 21  пренесува дека во тоалетот на блницата со чадор се спречува да не течат фекалии врз пациентите кои го користат, а истиот е поставен во близина на таванот.Имено, во тоалетот на блницата со чадор се спречува да не течат фекалии врз пациентите кои го користат, а истиот е поставен во близина на таванот.Пациентот кој го снимил видеото вели дека се работи за дел од болницата кадешто болничките услови се сметаат за подобри и за ова треба да биде запознаена целата јавност.Тој додава дека во едниот тоалет пациентите сами поставиле нова светилка за да може да имаат светло.

Македонија | пред 5 години

ivica-janev

Фитнес тренерот и нутриционист Јанев: Свесно се инфицирав со Ковид-19 за да покажам дека здравиот живот е посилен од вирусот!

Во ек на светска пандемија, кога човештвото бара начини да се заштити од корона вирусот, познатиот нутриционист, фитнес и бодибилдинг тренер и балкански шампион во бодибилдинг, Ивица Јанев (34), за „Фокус“ открива дека самиот, свесно се инифицирал со Ковид-19.Персоналниот фитнес тренер и нутриционист вели дека привремено престојува во Македонија. Тој има долга листа на клиенти со кои работи онлајн и своето знаење го пренесува на луѓе кои се стремат да го променат својот начин на живот, со цел да стекнат здрави навики, вели дека на оваа одлука, свесно да се зарази со вирусот и претходела низа на анализи, а од клучна важност бил неговиот силен имунитет и солидната психо-физичка состојба.-Моето мото е инвестирај во своето тело, а најважните три работи се вода, воздух и здрава храна. Бидејќи професионално се занимавам со нутриционизам и со персонални тренинзи и зад себе имам стотици успешни трансформации на задоволни клиенти, разбирливо е дека водам здрав живот. Активно се занимавам со спорт од мојата 16-та година, имам јак имунитет, дневно правам по два тренинга, имам јак капацитет на белите дробови, трчам без да се заморам по десет километри дневно, не пијам, не пушам… Од почетокот на пандемијата, се случи над 30 од моите клиенти, со кои работам онлајн, да се инфицираат со вирусот. На почетокот на летото се инфицираа и родителите на мојата сопруга, многу мои пријатели го минаа истиот пат. Како што минува времето, со ова темпо со кое се шири ковидот, јасно ми е дека најверојатно, нема никој да биде одминат, дека кога – тогаш, сите ќе се инфицираме.Текстот во целост на: „Фокус“

Македонија | пред 5 години

3-2

16 дена активизам против родово базирано насилство

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска учествуваше на онлајн настанот „16 дена активизам против родово базирано насилство“, кој има за цел подигање на општествената свест и поттикнување на размислување за индивидуалниот и колективниот придонес во борбата за спречување на родово базираното насилство, во организација на Министерството за труд и социјална политика.Според министерот Спасовски, родово базираното насилство кое што, од кривично-правен аспект, но и од аспект на полициската практика, претставува преовладувачки мотив во делот на семејно насилство, е предизвик со којшто сите модерни општества сериозно се занимаваат. Притоа, како што потенцираше министерот за внатрешни работи, од исклучителна важност е сеопфатниот мултисекторски пристап во решавањето на овој ни малку занемарувачки проблем, што е потврдено и од фактот што ова е тема која, особено последниве две декади, е високо поставена во агендата на активности на ООН, како суштествена во натамошното етаблирање и заштита на родовите права, особено на правата на жените.„Општествената заедница во целина, ние како претставници на клучните институции надлежни за овозможување на услови за практикување на сите човекови права и слободи, работиме во насока на препознавање на родово базираното насилство и насилството врз жената, негово навремено детектирање и активен однос при преземање мерки за негова превенција. Тоа е така не само поради веќе воспоставениот концепт за нулта толеранција, туку и поради повеќе од очигледниот факт дека оваа социодевијантна појава има потенцијал за крајно деструктивни рефлексии врз директните и индиректните жртви од овој вид насилство“, посочи Спасовски, додавајќи дека прашањето е особено значајно во периодот на пандемија, што подразбира воведување на рестриктивни мерки кои произлегуваат од кризната состојба, пред сѐ поради ризикот проблемот да добие нагорни тенденции.Министерот за внатрешни работи предочи дека институциите во тесна соработка со граѓанскиот сектор, континуирано работат да создадат предуслови за ефикасна превенција, преку детекција и демистификација на сите причинители за појава на овој сериозен проблем. Според него, координираниот пристап на посветени институции, со воспоставени и јасни процедури за работа, продуцира ефикасен одговор на овој предизвик.„Репресивното постапување на полицијата, како легален и легитимен одговор, согласно законските надлежности и полициските овластувања, е извонредно значајно. Но, уште поважно е системското превентивно делување, како резултат на заедничкиот координиран пристап на институциите, со цел да обезбедиме уште поголема ефикасност во спречување на родовото насилство и насилството врз жената. Впрочем и оваа кампања, што денеска стартува, треба да ја исползуваме како еден од инструментите што ни стојат на располагање во насока на превенирање на родово базираното насилство“, нагласи министерот Спасовски во обраќањето на онлајн настанот „16 дена активизам против родово базирано насилство“.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 39 пациенти, а вкупно се лекуваат 486 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 39 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 486 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, петмина во ковид центарот на Клниката за Неврологија, тројца болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, еден на Клиниката за гастроентерохепатологија, двајца пациенти на Клиниката за очни болести и еден на Клиниката за нефрологија.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 9 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 15 приеми во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 27 оздравени пациентиВо моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 25 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 52 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 16 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 40 пациенти, од кои 10 деца и 30 возрасни.Вкупно 486 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

siluvanje

Еден обвинет за обид за полов напад врз 10-годишно девојче во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице на возраст од 70 години, кое се товари за кривично дело – Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години согласно член 188 став 1 во врска со член 19 (обид) од Кривичниот законик.Обвинетиот, на 7 октомври, на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, се обидел да изврши полово дејствие врз 10-годишно девојче. Во тој момент бил забележан од друго лице, кое го турнало обвинетиот на земја, па тој веднаш избегал од местото.По настанот, лицето извесен период не беше достапно на органите на прогонот, но на 29 октомври бил лишен од слобода и започнал да ја издржува определената мерка притвор од судијата на претходна постапка. Со обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на притворската мерка поради опасност од бегство и можност да го повтори делото кое му се става на товар.​​

Македонија | пред 5 години

Screenshot_26

Нина Ангеловска: Ова е историски момент за е - трговијата!

Под мотото „ E-трговија & КОВИД-19: Предизвици и можности!“, утринава во своето премиерно онлајн издание започна годишната конференција за е-трговија на која присуствуваат повеќе од 300 учесници, а свое излагање ќе имаат над триесет еминентни говорници од земјата и странствоОваа година програмата на конференцијата се одржува во два дена, во кои ќе бидат презентирани најактуелните теми поврзани со ефектите од Ковид-19 врз работењето на бизнисите и нивна адаптација кон е-трговијата од почетокот на пандемијата, а дополнително ќе биде ставен акцент и на инклузивната дигитална економија преку претставување на инспиративни приказни на жените амбасадори за е-трговија на „UNCTAD“.Овие теми, но и многу повеќе, ќе бидат разработени од преку 30 домашни и меѓународни говорници и експерти во своите области, кои ќе ги пренесат своите експертизи и искуства во областа на е-трговијата, преку предавања, панел дискусии и неформален разговори, додека во улога на домаќин на овој дводневен настан ќе биде актерот Гораст Цветковски.- „Ова е историски момент за е-трговијата. Исклучителни времиња бараат исклучителна трансформација. Сега повеќе од било кога имаме шанса да го забрзаме патот кон смарт и дигитално опшество кое значи праведно и правично општество, општество кое нуди еднакви шанси и можности за сите, кое овозможува побрз, позелен и одржлив економски развој. Северна Македонија има голем потенцијал за е-трговија, само треба што поскоро да го отклучиме и да ја ставиме дигитализацијата на нашата нација во петта брзина". посочи претседателката на АЕТМ, Нина Ангеловска, во нејзиното поздравно обраќање.Освен Ангеловска, присутните ги поздрави и Амбасадорката на САД во РСМ, Н.Е. Кејт Мари Брнз.- „Горди сме што им помогнавме на повеќе компании преку е-трговијата да обезбедат раст и опстанок на нивниот бизнис. Преку Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, во соработка со Македонската асоцијација за е-трговија, поддржавме 40 компании да отворат свои нови продажни канали и продавници онлајн“, изјави Н.Е. Кејт Мари Брнз.На конференцијата ексклузивно ќе бидат презентирани резултатите од анализата за е-трговија со посебен акцент на влијанието на Ковид-19, а присутните ќе имаат можност и да ги слушнат истакнатите Јориј Абрахам – извршен директор на „Ecommerce Foundation“ и Барбара Сеса – раководител на дигитални производи за широка потрошувачка за Европа во Мастеркард.Годинашното издание на конференција ќе го збогатат и две UNCTAD амбасадорки за „E-трговија за жени” Хелианти Хилман, сопственичка na веб платформа за органски прехрамбени производи од Индонезија и Назанин Данешвар, директор на веб платформа за групно купување од Иран кои ќе зборуваат на панел дискусијата „E-trade for Women: Get Empowered & Inspired”, во која ќе се вклучи и Нина Ангеловска, која исто така е една од седумте амбасадорки за „E-трговија за жени”, назначени од UNCTAD.Од домашните говорници, своја презентација ќе имаат Филомена Аспровска Пљаковска од Касис АД Скопје и Иво Стојановски од A1 Македонија, Јана Дурнева од Phillip Morris International како и многу други еминентни претставници на компании за е-трговија или други чинители од екосистемот на е-трговијата, велат од Асоцијацијата.Од АЕТМ уште еднаш го потенцираат одличниот интерес кој овие теми го имаат помеѓу македонската експертска јавност, а истото се потврдува и со големата „онлајн“ посетеност со повеќе од 300 учесници од 150 компании, здруженија, организации и државни институции – акцентот е уште поголем посебно поради фактот што годинава конференцијата се одржува онлајн.

Македонија | пред 5 години

budzet-5

СДСМ: Буџетот за 2021 година обезбедува посилна поддршка за здравството и можности за брзо закрепнување на економијата

Владата предводена од СДСМ со предлог-Буџетот за 2021 година праќа јасна порака дека помошта за економијата, помошта за спас на работните места, поддршката на најранливите категории но и поддршката за јавното здравство продолжуваат уште повеќе и во следната 2021 година, се вели во соопштението од СДСМ.Тие во истото додаваат:Вкупните приходи на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари, што е за 8,3% повеќе во однос на вториот ребаланс 2020 година.Расходите се проектирани на ниво од 247,5 милијарди денари што е за 2,1% пониско во однос на вториот ребаланс на Буџетот за 2020 година.Во Буџетот за економски работи планирани се 70,2 милијарди денари, за социјална заштита 90,28 милијарди, а за здравство 40,8 милијарди.Буџетот за 2021 година треба да обезбеди поддршка и унапредување на здравствениот сектор, пред се заштита на здравјето и на животот на сите граѓани, да го поддржи економското заздравување, со помош во справувањето со последиците од пандемијата и да овозможи ефикасно спроведување на потребните реформи.Затоа е важно сите пратеници, низ отворена, инклузивна и транспарентна дебата во Собранието, да го поддржат Буџетот за 2021 година.

Македонија | пред 5 години

lek-za-muskuli-2

Возрасните пациенти со спинална мускулна астрофија за првпат добија лек

Министерството за здравство информира дека вчера за првпат на Клиниката за неврологија двајца возрасни пациенти со спинална мускулна атрофија тип 2 добија нов иновативен лек рисдиплам преку Програмата за милосрдие (Compassionate Use Program).Станува збор за лек кој е раствор за пер ос примена и пациентите ќе го примаат во домашни услови. Во селекцијата и ординирањето на лекот учествуваа науч. сор. д-р Иван Барбов, кој е директор на Клиниката и медицинска сестра Јасмина Коруновска.Спинална мускулна атрофија (СМА) е наследна болест на моторниот неврон и спаѓа во групата ретки болести. Според времето на почеток на болеста и клиничката слика се дели на 4 групи: СМА тип 1, 2, 3 и 4.Во Република Северна Македонија досега има дијагностицирано 14 пациенти. Од нив, седум пациенти се на возраст до 18 години со СМА тип 1 и 2. На денешен ден, минатата година, за првпат беше даден лекот нусинерсен (Спинраза) за оваа група на пациенти преку Програмата за ретки болести. Прв го прими лекот нашиот јунак Јане Велковски. За возрасните пациенти досега немаше лек.

Македонија | пред 5 години

spasovski

Спасовски: Полицискиот час е опција во наредниот период, доколку има прогрес на пандемијата

Министерот за внатрешни работи вечерва во гостување во дневникот на „Сител“ телевизија, а на новинарските прашања одговараше за моменталната ситуација со коронавирусот во Македонија.На прашањето „дали ќе се воведува полициски час?“, Спасовски одговори дека „затворањето на државата е опција во наредниот период, доколку има прогрес на пандемијата, зголемено ширење на болеста, секако дека треба да се преземат дополнителни мерки, а една од нив е и воведувањето полициски час“.Според него, мерките треба да се носат постепено за да се види дали даваат резултати.– Според анализите кои се правени во Комисијата за заразни болести, овие мерки кои ги имаме даваат одредени ефекти, веќе се намалува вирулентноста и преносот на вирусот кај населението, тоа веќе ќе го почувствуваме наредните денови, но тоа не значи дека тој тренд може така да се задржи. Ако имаме тренд на зголемување на нови заболени и ако има таква потреба, Владата е тука да носи нови одлуки кои значат и рестриктивни мерки. И сега сме подготвени да имаме нови мерки. Државата е тука и ќе направи се за да може да се заштити животот на граѓаните, здравјето и економијата, тие се клучни работи за да може да опстане државата, рече Спасовски.Спасовски апелира да се чуваме себе, биејќи така им помагаме на медицинските работници кои се борат за нашите животи.– Ако ги почитуваме мерките се намалуваат шансите за пренесување на заразата, така помагаме и на самите себе и на здравствениот систем. Нема ништо поважно од животот и здравјето и затоа сите активности на Владата се насочени кон тоа, изјави Спасовски.Тој посочи дека нашиот, но и здравствените системи во регионот и во Европа се под голем притисок од зголемувањето на бројката на заразени.– Многу важно е да имаме персонал, многу време трае целата криза. Не само кај нас, во регионот, во цела Европа расте притисокот врз здравствените системи и затоа е важно да овозможиме функционирање на системот и многу е важна поддршката на медицинските работници, тие се на правата линија, тие се борат за нас. Затоа да си помогнеме на себе, на нашите блиски, а со тоа и на здравството, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Македонија | пред 5 години

muhamed-zekiri0

Мухамед Зекири нов генерален секретар на Владата

Поранешниот новинар и пратеник и актуелен потпретседател на СДСМ, Мухамед Зеќири, е назначен за генерален секретар на Владата, соопштија од „Илинденска“.Одлуката била донесена на последната владина седница одржана денеска. Зекири неодамна си поднесе оставка од пратеничката функција, а Собранието веќе ја констатираше оставката. Тој доаѓа на местото на досегашниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски.

Македонија | пред 5 години

korona-4

Денеска починати 15 лица и нови 1039 случаи на Ковид 19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3143 тестирања, а регистрирани се 1039 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-546, Куманово-38, Штип-27, Прилеп-83, Тетово-30, Струга-24, Велес-25, Битола-41, Охрид-32, Кавадарци-18, Гостивар-48, Гевгелија-14, Струмица-9, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-4, Пробиштип-5, Демир Хисар-6, Македонски Брод -3, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-9, Кичево-28, Ресен-14, Неготино-11.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 998 оздравени пациенти од: Скопје-402, Куманово-63, Дебар-6, Штип-43, Прилеп-57, Тетово-72, Велес-86, Кавадарци-30, Гостивар-45, Гевгелија-19, Струмица-40, Крива Паланка-9, Радовиш-13, Кочани-34, Пробиштип-11, Македонски Брод-1, Берово-4, Валандово-4, Виница-14, Кратово-9, Свети Николе-19, Неготино-17.Починати се 15 лица, шест пациенти од Прилеп (65, 65, 69, 69, 69 и 72г), пациент од Скопје (73г), од Дебар (60г), пациент од Велес (71г), пациент од Битола (64г), од Кавадарци (66г), од Демир Хисар (84г), од Свети Николе (56г), од Кичево (55г) и пациент од Ресен (84г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 56164, бројката на оздравени пациенти е 33892, на починати е 1561, а бројот на активни случаи изнесува 20711. Од вчера се евидентираат два контролни теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 24660, активни 9985• Куманово 3482, активни 915• Дебар 430, активни 80• Штип 2466, активни 515• Прилеп 2688, активни 982• Тетово 3579, активни 946• Струга 1306, активни 442• Велес 1778, активни 709• Битола 1765, активни 905• Охрид 1429, активни 620• Кавадарци 1077, активни 427• Гостивар 2210, активни 795• Гевгелија 672, активни 221 (49 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 120 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1564, активни 566• Крива Паланка 398, активни 122• Радовиш 394, активни 117• Крушево 117, активни 75• Кочани 1159, активни 290• Пробиштип 327, активни 70• Демир Хисар 179, активни 80• Македонски Брод 148, активни 33• Пехчево 95, активни 24• Берово 335, активни 92• Валандово 194, активни 71• Виница 348, активни 171• Делчево 405, активни 181 (112 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 145, активни 62• Свети Николе 758, активни 212• Кичево 1157, активни 545• Ресен 414, активни 176• Неготино 485, активни 282 (51 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 3143 теста се преку: ИЈЗ-643, ЦЈЗ Скопје-79, Авицена-362, Биотек-376, МАНУ -262, Жан Митрев (Филип Втори)-306, Систина со PCR метода -256, лабораторија Лаор –50, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-77, Инфективна клиника-13, ГАК-11, Синлаб-46, Ремедика-45, лабораторија болница Козле-15, ЈЗУ (рапид тест) -598, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 316.662 тестирања на Ковид -19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 620• Гази Баба – 1485• Аеродром -1437• Карпош – 1177• Центар – 1190• Кисела Вода – 1229• Ѓорче Петров – 844• Бутел - 573• Шуто Оризари – 201• Студеничани – 51• Сарај – 158• Арачиново -32• Илинден – 242• Сопиште – 66• Чучер Сандево – 98• Петровец –126• Зелениково -73• Странец – 175• Нераспределен- 208

Македонија | пред 5 години

24112020_24ta-Sednica-na-Vladata

Владата додели 120,6 милиони денари за капитални проекти во општините

На предлог на Министерството за транспорт и врски Владата денеска донесе Одлука за распределба на средства обезбедени во потпрограма 20-Сообраќај и комуникации, ставка 488-Капитални дотации до единиците на локалната самоуправа во износ од 74.500.000,00 денари.Овие средства се распределуваат за реализација на следните капитални проекти: Реконструкција на Булевар Благоја Тоска, општина Тетово – 29.500.000,00 денари; Изградба на кружни текови на Булевар Теодосие Паунов, општина Кочани – 6.000.000,00 денари; Реконструкција на улица Илинска, општина Центар Жупа – 4.000.000,00 денари; Изградба на конзоли за пешаци, општина Штип – 9.000.000,00 денари; Изградба на кружен тек Момин Поток, Град Скопје – 5.000.000,00 денари; Почеток на мост, Карпош 4, до улица Скупи, Град Скопје – 4.000.000,00 денари; Реконструкција на пат Чалакли Татарник, општина Валандово – 4.000.000,00 денари; Реконструкција на улица Први Мај, општина Прилеп – 6.000.000,00 денари; и реставрација на мост во с. Уланци, општина Градско – 1.000.000,00 денари.Владата донесе одлука и за распределба на средства обезбедени во потпрограма 30-Урбанизам и градежништво за капитални дотации во единиците на локалната самоуправа од Буџетот на Министерството за транспорт и врски за 2020 година во износ од 46.170.000,00 денари за реализација на следните проекти: Изградба на водоснабдителен систем во Мала Речица, општина Тетово – 6.170.000,00; Изградба на канализација за Бурови Варим Бојанов Дол, општина Крива Паланка – 6.000.000,00 денари; Препораки од УНЕСКО за градби во Охрид – 6.000.000,00 денари; Изградба на канализациона мрежа во Фурка, општина Дојран – 5.000.000,00 денари; Изградба на канализација во општина Демир Капија – 2.000.000,00 денари; и за изградба на канализација во општина Сарај – 10.000.000,00 денари.

Македонија | пред 5 години

policija-4

Пронајдена почината жена на улица во Велес

МВР информира дека 77-годишна жена од Велес била пронајдена почината на улица.„Вчера во 04.50 минути 28 годишниот Б.Т. од Велес пријавил дека на улица лежи почината жена. Жената била пронајдена вкочанета како лежи на улица „Вера Циривири“ во месноста Потокот на левата страна од Велес“, информирал портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.На телото на починатата немало видливи траги на насилство, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.Телото било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Македонија | пред 5 години

skolo-1

Георгиески: Тековно ги подобруваме условите во сите подрачни училишта

Тековно ги подобруваме условите во сите подрачни училишта.Со средства на Општина Охрид извршена е комплетна промена на подовите во подрачниот објект на ОУ "Кочо Рацин" во село Долно Лакочереј. Поставен е нова пластифицирана подна облога во сите училишни простории.Претходно во централниот објект на ова училиште беше извршено молерисување на внатрешните ѕидови, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.

Македонија | пред 5 години

opstina-Ohrid

Апел до граѓаните на Општина Охрид

Општина Охрид упатува апел и молба до граѓаните на општината да ги редуцираат своите активности во просториите на општинската зграда и своите контакти со службите на општината да ги остваруваат телефонски или електронски. Активните телефонски линии и електронските адреси на одделенијата и секторите од општината се достапни на општинската веб страница.Во просториите на Општина Охрид се препорачува да влегуваат само странки кои имаат итни и неодложни работи поврзани со општината, при што задолжително треба да се носи заштитна маска и да се врши дезинфекција на раце.Овој апел е во насока на поголема заштита на граѓаните и на вработените од ширењето на корона вирусот КОВИД 19 и обезбедување на непречено и побезбедно функционирање на општинските служби.Упатуваме апел до граѓаните за максимално почитување на сите актуелни мерки за заштита и превенција кои се донесени од страна на Министерството за здравство.

Македонија | пред 5 години

grubi

Груби: Преведував за Хашкиот трибунал и тука нема ништо спорно

Вицепремиер Артан Груби негира каква било инволвираност во случајот „Жолтата куќа“, напротив тој тврди дека и во обвиненијата за косовскиот претседател Хашим Тачи и експретседателот на косовското Собрание не се споменува „Жолтата куќа“ и дека тој работел само како преведувач за Хашкиот трибунал.Сепак, според Груби нема ништо спорно во неговиот ангажман, а неговата работа за тој период била транспарентна.Со слично објаснување за улогата на Груби вчера излезе и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Во интервју за ТВ21 рече дека Груби бил само преведувач и „ништо повеќе“ од тоа.- Јас не сметам дека тој бил истражител! Секако дека ја познавал материјата бидејќи наивно би било да кажам дека не ја знаел материјата кога работел како преведувач и одреден период работел со луѓе кои ги правеле интервјуата“ изјави Ахмети.„Жолтата куќа“ за време и по воениот конфликт во Косово беше посочувана како место во кое се правеле операции за вадење органи од заробеници на ОНА. За ова злосторство против човештвото пишуваше екс хашката обвинителка Карла Дел Понте во својата книга во 2008 година, а случајот освен српското обвинителство го истражуваше и специјалниот истражувач на Советот на Европа Дик Марти.Обвинението на Специјалниот суд во Хаг против косовскиот претседател Хашим Тачи се темели токму на извештајот на Марти, а изјава за случајот беше повикан да даде и лидерто на ДУИ, Ахмети.

Македонија | пред 5 години

zena-2

(ФОТО) Стара жена во Охрид исфрлена од дома, десеттина дена живее во хорор барака

Упатувам апел до семејството на оваа жена од Охрид, која десеттина дена е исфрлена и оставена од сите, да не дозволат, таа и понатаму да биде бездомник и да „живее“ во оваа напуштена хорор барака, од која, и кучињата ноќе бегаат, Напиша на својот ФБ профил портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.Димоски во објавата додава:Оваа жена, не заслужила таква суровост и бездушност од нејзините, не заслужила да биде оставена на милост и немилост на овој студ и на кучињата, кои ја имаа опколено денеска, кога по добиена информација, отидов на ова место. Упатувам пофалби за брзата реакција по моето јавување, на СВР Охрид, на Итната медицинска помош, на Центарот за социјални работи. Го известувам семејството на оваа жена, дека, благодаарение на реакциите, вечерва, нивниот РОДИТЕЛ ќе има пристоен дом но веќе од утре, ќе мора да реагираат и да си го згрижат РОДИТЕЛОТ. Никој, ама баш никој, без оглед на се, не заслужува ваква судбина, отфрленост и заборавеност.

Македонија | пред 5 години

koli

Бектеши: Возилата со странски регистарски таблички ќе може да се регистрираат со 50 % намалени давачки

Сите возила, кои заклучно со 1 октомври 2020 година влегле на територијата на Северна Македонија и се со странски регистарски таблички, ќе можат во рок од една година да се регистрираат во земјата со намалени давачки од 50 % од утврдената вредност на сите давачки што се наплатуваат при увоз од страна на надлежните државни органи, објави министерот за економија, Крешник Бектеши, на својот „Фејсбук“.„По предлог на Министерството за економија, Владата денеска го усвои предлог-законот за регистрација на возила со странски регистарски таблички на територијата на Република Северна Македонија.Предлог-законот стапува во сила 20 дена кога ќе се објави во ‘Службен весник’ по усвојувањето од Собранието“, напиша Бектеши.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања