Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

Нема фотографија

Приведен криминалец баран од германската полиција и Интерпол, пронајдени и две малолетнички

Денеска во 13.15 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек за потрага на ул.МАНАПО во Скопје врз основа на издадена меѓународна потерница ги приведоа С.Х.(44) од Боизенбург, Германија кој се барал за издржување на казна затвор од седум години и три месеци за сторени кривични дела измами и пирамидални шеми со измами, како и истрага за кривичните дела недозволена трговија со дрога и фалсификување. При приведувањето, кај С.Х. биле пронајдени четири пасоши на германски државјани и други предмети, а со С.Х. биле затекнати и две малолетнички (двете на возраст од 10 години) по кои германската полиција трагала како исчезнати лица. Една од малолетничките е ќерка на приведениот, а која од нејзината мајка била пријавена за исчезната во Германија. По трите лица Интерпол трага од 22.02.2018 година.

Македонија | пред 5 години

bitola-umreni

Филипче побара ДСЗИ да изврши вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола

Министерот за здравство д-р Венко Филипче побара од ДСЗИ да испрати вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола како би се утврди фактичката состојба во дневната болница по објавените фотографии на социјалните мрежи и во дел од медиумите на кои се гледа како пациент додека прима инфузија, на други болнички кревет лежат починати пациенти.Претходно д-р Билјана Гагачовска директор на Клиничката болница во Битола, во врска со настанот што се случил вчера во битолската дневна болница, информираше во МЗ дека еден од пациентите кој бил во лоша здравствена состојба примал инфузија, а на другите два креветат за време на интервенција, пациентите починале. Согласно лекарските регулирани во член 272 од Законот за здравствена заштита, став 1: „Преглед на умреното лице се врши, по правило, најрано 2 часа по настапувањето на смртта на местото на смртта, а најдоцна 12 часа по пријавувањето“. Од таа причина телото на починатиот не можело да се пренесе во болничката мртвачница, објасни директорката на болницата во Битола.Министерството за здравство уште еднаш апелира дека доколку членови на семејство на пациент и лично пациенти имаат каков било сомнеж за евентуален лекарски пропуст или за начинот на лекарски третман, да се обратат до ДСЗИ.

Македонија | пред 5 години

pocinati

(ФОТО) Морбидни слики од македонска болница: Двајца починати и двајца на инфузија во иста болничка соба

Морбидни фотографии од битолската болница на коишто се гледа дека двајца починати пациенти прекриени со чаршаф се во иста болничка соба со двајца живи пациенти кои примаат инфузија, ја вознемири јавноста, објави slobodenpecat.mk. Директорката на клиничката болница Битола, доктор Билјана Гагачовска, потврдува дека навистина ова се случило вчера во болницата во која раководи, но дека не станува збор за ковид пациенти туку за лица што починале во тријажниот оддел. Таа тврди дека законска обврска на секоја здравствена институција е пациентот кога ќе почине два часа да остане во институцијата, а дека фотографиите се снимени во тој меѓупериод, кога се информирале семејствата, кога се повикувало погребно претпријатие и кога се организирало пренесувањето на починатите во болничката мртовечница.Раководството на болницата уверува дека ги испочитувало сите законски обврски. Сепак, фотографијата предизвика многубројни реакции, а пациентите кои останале во собата до починатите многу се вознемириле.Текстот во целост на: slobodenpecat.mk. 

Македонија | пред 5 години

atidze-1

Атиџе за А1 ОН: Јас донации не барам, луѓето сами сакаат да донираат за куќата да се среди

Хероината од филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова, вели дека не бара донации, туку дека луѓето сами ѝ барале трансакциска сметка за да ѝ помогнат да ја среди куќата. Таа за „А1он“ вели дека и по „Оскарите“, живее ист живот, но со повеќе проблеми. Подготвена е да ја врати куќата, но да си го задржи мирот, а животот да го продолжи во Бекирлија, каде што се снимаше филмот. Атиџе вели: „Колку за живејачка имам“, објави А1ОН.„Јас донации не барам. Луѓето сами сакаат да донираат за куќата да се среди. Јас живеам исто како пред филмот. Пари немам земено за снимањето на филмот, само куќата што ја имам. Сега имам повеќе проблеми. Немам мир и мислам ова ќе биде и полошо. Јас сега не знам кај ми е главата. Е, така човек може да загине, здравјето да го изгуби. Луѓето знаат дека куќата не е доправена. Сакаат да помогнат. Една – една соба, сакаат да ја направат. Многу сум напната. Еве им ја куќата, нека дојдат, нека ја земат, нека ја продадат. Не ми треба ни куќа. Како што живеам во Бекирлија, на ист начин живеам и тука“, вели Атиџе за „А1он“.Текстот во целост на: А1ОН. 

Македонија | пред 5 години

korona-4

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 814 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 814 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 70 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекуваат 65 болни, а во Куманово 118 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 111 пациенти, во Прилеп 104, во ковид центарот во Гостивар 49, а во Струга 32 болни.Во болницата во Струмица лежат 72 пацинети, во Кочани 20, во Кичево 18, Кавадарци 44, а во Гевгелија 9 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1290 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

4-2

Маричиќ: Ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници

Министерот за правда Бојан Маричиќ во обраќањето на вебинарот „Изменување и дополнување на Кривичниот законик на Северна Македонија: Решение за зајакнување на безбедноста на новинарите“ кажа дека Министерството веќе започна постапка за изготвување на нов Кривичен законик во кој ќе бидат вметнати и кривичните дела со кои ќе се подигне нивото на заштита на новинарите и медиумските работници.За составување на квалитетен текст на законот веќе како министерство одржавме состанок со претставниците на новинарска фела и новинарските здруженија, вклучително и ЗНМ и синдикатот. Нивните предлози секако се добредојдени, бидејќи само преку отворен дијалог токму со новинарите, ќе можеме да донесеме нов закон кој дополнително ќе ги заштити слободно да си ја извршуваат одговорната работа, а сите оние кои ќе се обидат да ги заплашуваат или пак физички или вербално да нападнат новинари, односно медиумски работници, ригорозно да се казнуваат, потенцираше Маричиќ.Министерот кажа дека во однос на заштитата на новинарите, работната група за Кривичниот законик предложил измени во одредени кривични дела oд потежок облик, секако доколку делото е сторено против новинар. Казните во иднина треба да бидат уште построги.Сакам уште еднаш јавно да ги повикам новинарите, претставени преку нивните синдикати и здруженија да ги продолжиме разговорите со цел да се донесат што поквалитетни закони кои ќе ја гарантираат нивната безбедност и слободна работа, потенцираше Маричиќ.Покрај законските измени, Маричиќ истакна дека сепак една од најзначајните забелешки на темата се во насока на тоа дека е потребно поефикасно постапување од страна на институциите кои се надлежни за истражување и санкционирање.

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ се тие кои им забиваат нож во грб на граѓаните, нож во грб на државните интереси

Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не направија ниту едно добро за европските интеграции во изминативе години, не направија ниту еден чекор напред за евроатлантската интеграција на земјава. Напротив сите нивни позиции и дејствувања беа контра НАТО и контра ЕУ. ВМРО-ДПМНЕ е деструктивна антидржавна партија која им забива нож во грб на граѓаните, нож во грб на државните интереси, се вели во Соопштението од СДСМ  ко е  реакција на прес-конференција на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.Во продолжение на истото од СДСм додаваат:Тие кочеа кога се носеа реформите важни за иднината на државата, се обидоа да го кочат влезот во НАТО и останаа на страната спротивна на интересите на граѓаните и на државата.Не може оние кои се контра ЕУ и НАТО, оние се контра сопствениот народ, да се нудат како спасители.Мицковски нема став за ниту една тема, за ниту една стратешка позиција, тој е изгубен во времето и просторот.Храбрите и мудри политки на СДСМ за само три години ја одведоа државата од раб на граѓанска војна, во полноправно членство во НАТО и пред отворање пристапни преговори за ЕУ.Ниту едно деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски нема да ја спречат нашата европска иднина.

Македонија | пред 5 години

Naum-Stoilkovski-24-11-2020

(ВИДЕО) Стоилковски: Грозоморие во болниците на смртта на Филипче, инфузиска терапија се дава во просторија со мртви луѓе

Почитувани, немам доволно зборови да го опишам грозоморието кое што владее во болниците на смртта на Венко Филипче и на Зоран Заев!Фотографиите кои што од пред малку се споделени на социјалните мрежи го покажуваа дното на нечовечноста и нехуманоста во болниците на смртта. Во битолската болница, во иста просторија со четири кревети, на два од нив има мртви тела, на починати пациенти, додека на другите два се пациенти прикачени на инфузиска терапија.Ова е ужас! Во македонските болници владее целосен хаос, безживотни тела оставени во простории, во ходници, во чекални, целосно безредие во организација на Филипче и Заев, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Стоилковски додаде:Ова е пресериозно за да се остави да продолжи понатаму, бидејќи со нивниот несериозен приод доаѓа уште полошо. Ова е пресериозна состојба за македонското здравство да се остави во рацете на Филипче и на Заев.Почитувани, инсистираме на темелна истрага за случајот во битолската болница, вакво нешто е недозволливо. Но, морам да потсетам дека неодамна предупредувавме за степенот на нехуманоста и воопшто делувањето вон здравствени протоколи во болниците на смртта на Филипче, тогаш кога беа објавени фотографиите за инфузиска терапија на пациенти во двор на болница. Сега инфузиска терапија се дава во соба со мртви човечки тела.Ова повеќе не смее да се повтори. Ова се фотографии за грозоморието во болниците на смртта се недостојни ни за здравството од третиот економски свет.Инсистираме на итна неотповиклива оставка на Венко Филипче од ресорот здравство, инсистираме итна оставка на владата со Зоран Заев заради несериозност и пред се нечовечност во справувањето со епидемијата. Нивниот инает за држење на гола власт се сведе на газење врз човечки тела, живи и починати!Итна оставка на Владата и итно формирање на експертска влада!

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Единствена Македонија: Молкот на МАНУ за бугарските барања за бришење на Македонците е соучество за кое се одговара

Единствена Македонија и македонскиот народ се силно изненадени и го осудуваат целосниот молк и плашливост од страна на Македонската академија на науки и уметности во врска со агресивниот поход на бугарски политичари, научници и историчари за целосно бришење на македонската нација, јазик и историја, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Тие во истото додаваат:Единствена Македонија ја потсетува МАНУ дека има примарна задача да ги брани националните интереси, а не да биде нем набљудувач на македонското обезличување.МАНУ мора да ја каже вистината која базира на историски извори како во однос на потеклото и корените на македонскиот народ така и за татарско монголското потекло на бугарскиот народ.Во спротивно, произлегува дека македонскиот народ наивно верувал дека во МАНУ е концентрирана врвната домашна памет која ќе ги брани националните и државните интереси, дотолку повеќе, и по 30 години самостојна држава за разлика од соседните држави единствено МАНУ нема изработено национална излезна стратегија како македонски проект.Единствена Македонија ја предупредува МАНУ дека по доаѓањето на нова народна власт ќе има одговорност за сите антимакедонски проекти и доколку МАНУ остане соучесник во рушење на се што е македонско, за академиците одговорност мора да има.

Македонија | пред 5 години

antevska

Почина проф. д-р Снежана Веновска-Антевска од Институтот за македонски јазик

По кратко боледување вчера почина проф. д-р Снежана Веновска-Антевска, научен советник во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје и директор на оваа научна установа во периодот од 2002 до 2006 година.Веновска-Антевска е родена на 2 јули 1959 година во Скопје. По дипломирањето на Филолошкиот факултет во Скопје беше вработена во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ на Одделението за современ јазик, каде што по докторирањето во 2001 година доби научно звање.Беше дел од авторскиот тим на два капитални проекта на Институтот – Интенцијално-синтаксички речник на македонските глаголи, проект што ја доби наградата „13 Ноември“, и Толковниот речник на македонскиот јазик, проект – добитник на наградата „Гоце Делчев“.Во својата плодна научна работа, д-р Снежана Веновска-Антевска беше раководител или соработник на повеќе национални и меѓународни научни проекти и има објавено повеќе од дваесет монографски трудови, самостојно или во коавторство, и над 200 научни прилози, во домашни и во странски списанија.Беше дел од образовниот процес на Институтот за македонски јазик, на вториот и третиот циклус студии, каде што е ментор на повеќе од 10 магистерски трудови и еден докторски труд, а беше ангажирана и како професор на додипломски студии на Универзитетот ФОН, на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ.Д-р Снежана Веновска-Антевска беше член на Советот за македонски јазик при Владата на РМ, член на Комисијата за полагање лекторски испит, претседател или член на повеќе редакциски одбори и тела во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, но и во други одбори и тела на државно или на меѓународно ниво. Таа беше еден од главните организатори на 14. Меѓународен славистички конгрес што се одржа во Охрид, во 2008 година.– Ако големината на човечкиот век се мери со делата што ги остава зад себе, тогаш д-р Снежана Веновска-Антевска остави трајни и неизбришливи траги не само во науката за македонскиот јазик, туку и во срцата на сите оние што имале чест да бидат нејзини соработници, соопшти Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.Посмртните останки за оддавање последна почит на д-р Снежана Веновска-Антевска ќе бидат изложени денеска од 13 до 13.30 часот во црквата во Драчево, а погребот ќе биде извршен во 14 часот на гробиштата во Драчево.Институтот за македонски јазик утре (25 ноември 2020) во 11 часот ќе одржи комеморација.

Македонија | пред 5 години

angelov-3

Околу 150 полицајци и 300 припадници на АРМ ќе бидат ангажирани за обезбедување на здравствените објекти

Војници ќе бидат ангажирани таму каде што има голема фреквенција на граѓани. Првиот човек на ЦУК Стојанче Ангелов рече дека е изработен конкретен план за тоа кои точки треба да се обезбедуваат. Стојанче Ангелов, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, денеска изјави дека вкупно 295 припадници на Армијата ќе учествуваат во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство, нагласувајќи дека бројка е еластична и оти тоа не значи дека утре сите ќе излезат на терен.На тој начин околу 150 полицајци и 300 припадници на Армијата ќе бидат ангажирани за обезбедување на здравствени објекти, со што припадниците на Армијата нема да бидат вооружени и ќе бидат распределени само онаму каде што ќе биде тоа неопходно, но исклучиво како придружба на полициските службеници.– Полициските службеници се оние кои што имаат полициски овластувања, додека припадниците на Армијата ќе им помагаат на нив. Ние не праќаме војска затоа што граѓаните прават нереди во болниците, туку превентивно, за да го одржува редот и за да можат здравствените работници непречено да ја вршат својата работа – објаснува Ангелов, додавајќи дека состојбата од аспект на безбедноста е целосно под контрола.На барање на Главниот штаб, МВР вчера изработило конкретен план за точките кои ќе треба да бидат обезбедувани од страна на полицијата и Армијата и била утврдена вкупната бројка припадници на полицијата и Армијата. 

Македонија | пред 5 години

Minister-za-lokalna-samouprava-Goran-Milevski

Милевски: Три „Пластикмати“ за рециклирање во Кумановскиот регион, за секое шише граѓаните добиваат поени за пазарење

Еден од проблемите во североисточниот регион е пластичниот и алуминскиот отпад од шишиња и лименки, со чие неконтролирано фрлање, се создаваат диви депонии и се загадува животната средина. Со цел справување со овој проблем, проектот „За чист град“ во рамки на Североисточниот плански регион предвидува воведување на селекција на овој вид отпад и можност за рециклирање, со помош на машини „Пластикмати“.- Вкупниот буџет за овој проект е 2 милиони денари, а партнери се ООУ „Крсте Мисирков“ Куманово и ЈП Чистота и зеленило, Куманово. Поставени се 3 вакви машини, во три поголеми маркети, во општините Куманово, Липково и Крива Паланка. Целта на поставувањето на овие машини е да се мотивираат граѓаните што поефикасно и побрзо да се вклучат во процесот на селективно одложување отпад. Со самото учество во процесот односно депонирањето на шишиња и лименки во Пластикматите, граѓаните ќе бидат соодветно наградени со поени кои се конвертираат во денари и кои граѓаните ќе можат да ги искористат за купување на производи во маркетите каде се поставени Пластикматите, појасни министерот за локална самоуправа Горан Милевски.Според амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер на овој начин, преку стимулација за селекција и реупотреба на отпадот, граѓаните ќе се едуцираат за бенефитите од рециклирањето и ќе се вклучат во самиот процес помасовно, со крајна цел намалување на загадувањето и заштитата на животната средина.- Ризиците што произлегуваат од климатските промени, деградацијата на животната средина и природните опасности значително влијаат на отпорноста на системите и заедниците. Заштита на животната средина е глобален проблем и заедничка одговорност и на државите и на граѓаните. Подигањето на свеста за околината и третманот на отпад е клучен прв чекор. Но, само свеста не е доволна. Треба да ги имаме вистинските алатки и партнери на терен што ќе го градат и управуваат системот што ќе им овозможи на граѓаните. Затоа сум среќенa што еден од клучните партнери во оваа иницијатива е ПАКОМАК. Намалено фрлање пластика во отворени корпи и контејнери, зголемена свесност за избор на отпад и повторна употреба, нови иницијативи за дополнителни пластики ќе бидат најголемата придобивка од овој проект. Сакаме овој проект да биде мотивација и повик активно да се користат Пластикматите. Уште еднаш, увидовме како преку учество на граѓаните добиваме иновативни идеи кои имаат корист и за животот на луѓето и ја штитат нашата околина. Искрено ја поздравувам оваа иницијатива на Североисточниот плански регион за препознавање на потребите за овој вид на проект, додава таа.Од компанијата Пакомак, преку Пластикматите кои се домашно производство, се очекува да бидат собрани од 300 до 400 шишиња дневно од една машина, односно од 900 до 1200 шишиња дневно од сите 3 машини, да има 100 проценти поврат на пазарната вредност на пластичната амбалажа/алуминиумот односно од 0.4 до 0.5 денари по шише. Исто така според проценките планирано е од 1000 до 1500 потрошувачи-граѓани кои рециклираат да го употребуваат пластикматот, со тенденција за зголемување со зголемувањето на популарноста на оваа машина.Главните цели на проектот се намалено фрлање на пластика во отворени корпи за 300 до 400 отпадоци дневно, зголемена свест за селектирање и реупотреба на отпадот кај минимум 10 - 15 отсто од населението.

Македонија | пред 5 години

Bojan_Stojanoski_30.10.2020

Стојаноски до власта: Буџетот за 2021 година е неодржлив, да се прифатат амандманите на ВМРО-ДПМНЕ кои значат стимулирање на економијата

Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во денешната дискусија на комисијата за финансирање и буџет посочи дека планираниот Буџет за 2021 година само дополнително ќе ја зголеми сиромаштијата во државата, бидејќи како што рече истиот е неодржлив и креиран без концепт.Ова не е Буџет што ќе ги исполни овие цели, туку напротив ова е Буџет што дополнително ќе ја зголеми сиромаштијата и ќе ја втурне државата во уште поголема сиромаштија и безперспективност. Не развоен и креиран без концепт, нема јасна визија и е поставен на постулати кои се неодржливи. Креиран е стихијно, без одржлива стратегија која е насочена кон реален развој на економијата. За жал и пред да започне годината морам да констатирам дека вака структуираниот Буџет е првата лага за 2021 година, му порача Стојаноски на министерот за финансии Фатмир Бесими.Стојаноски смета дека во новиот буџет за 2021 година се намалени средствата од износ од 93 милиони денар или дури 9.5 проценти помалку од минатата година.За животната средина намалени се средства од износ од 93 милиони денари помалку односно 9,5% од првично планираниот буџет за 2020 година. Во програмата С за унапредување на животната средина намалени се 6,7% или 21 милион помалку, а во категоријата за аерозагадување има 20 милиони денари помалку. Земјоделците ќе се соочат со една од потешките години досега, намалени се доста средства од програмите на Министерстовто за земјоделие и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, вели тој.Во однос на новите вработувања, Стојаноски истакна дека парите на граѓаните се трошат недомаќински и за вдомување на партиски активистиПарите се трошат недомаќински за вдомување на партиски војници, за заситување на бизнис интереси,за купување гласови и за лично богатење. Тоа што недомаќински се трошат парите и што се стеснува фискалниот простор ни го намалува маневарот за здраствени мерки кои можат да спасат животи. На Македонија и е повеќе од потребен полициски час. Не е логично на 20 заболени дневно да имаме полициски час, а на илјадници не. Согласно експертите таквото делумно затворање би ја чинело Република Македонија 11 милиони евра месечно, рече тој и додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во расправата и ќе поднесе 390 амандмани поделени во три групи.ВМРО – ДПМНЕ како во ребалансот така и сега ќе учествува во оваа расправа за буџетот со цел и желба да помогне. Поднесовме 390 амандмани, а заедно со другите опозициони парламентарни партии имаме над 450. Во тие амандмани се водевме по три приоритети: заштита на здравјето на граѓаните, вистинско стиумулирање на економијата преку капитални инвестиции и заштита на населението преку спречување на аерозагадувањето и загадувањето на животната средина.Секој од овие амандмани произлегува од комуникација со граѓаните и со стручната јавност и секој од овие амандмани преставува излез од здравствено – економската криза во која е западната Република Македонија.Сметам дека е поприоритетно да набавиме 50 амбулантни возила за потребите на медицинскиот персонал, од тоа да потрошиме 1.000.000 денари за набавка на возила за Стево Пендаровски. Многу е поважно да ги направиме ПЦР тестовите бесплатни од колку да се вработат партиски војници во Министерството за надворешни работи или во министерството за транспорт и врски. Ајде охрабрете се и соберете сили за да обезбедиме средства низ амандмантската расправа за сите невработени медицински лица и тие веднаш да почнат со борбата со вирусот, порача Стојаноски.

Македонија | пред 5 години

24112020_MTSP_Shahpaska_pres-konferencija_budget_2021-1

Шахпатска: Буџетот на МТСП за 2021 е над 53 милиони денари, пари за справување со последиците од Ковид-19

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска на прес-конференција на Владата го презентираше Предлог-буџетот за 2021 година на Министерството за труд и социјална политика.Министерката Шахпаска се осврна на приоритетите, проектите и политиките на Министерството за труд и социјална политика за 2021 година, кои ги адресираат потребите и проблемите на најголемиот дел од граѓаните.Вкупниот буџет на Министерството за труд и социјална политика за наредната 2021 година е проектиран на 53.183.958 илјади денари.„Како и целиот свет и ние сме соочени со здравствената и економска криза што ја предизвика пандемијата со КОВИД-19 и затоа Буџетот за наредната година е проектиран во насока на надминување на негативните последици.Зачувување на секое работно место, поддршка и олеснет пристап до Гарантирана минимална помош за најранливите категории граѓани, изградба на објекти за деца во предучилишна возраст и ран детски развој, објекти за социјална заштита, поддршка на активни мерки за вработување, редовна и навремена исплата на пензии, продолжување со процесот на деинституционализација и започнување со децентрализација на социјалните услуги се областите во кои ќе се трошат средствата од буџетот на Министерството за труд и социјална политика“, истакна министерката Шахпаска.Таа информираше дека, за капитални инвестиции за следната година предвидени се 100 милиони денари, од кои за градежни објекти 93.900 илјади денари, додека за опрема обезбедени се 6.100 илјади денари.„За изградба на нови и за завршување на веќе започнатите градинки предвидени се 67.650 илјади денари. Останатите средства се за објекти за социјална заштита: домови за стари лица и дневни центри за лица со попреченост. Следната година ќе заврши изградбата на 14 градинки, а во постапка е изготвување на Програмата за отпочнување на изградба на нови објекти за згрижување на деца. Целта е да се овозможи пристап на деца од предучилишна возраст и во руралните средини, во средини каде досега немало градинки, затоа што за нас секое дете е важно,“ рече министерката Шахпаска.Таа посочи дека за непречено функционирање на детските градинки, како и за згрижување на старите лица во домови за стари лица предвидени се блок дотации во износ од 2.075.000.000 денари.Износот на овие средства ќе се зголемува како што ќе се отвораат новите објекти.„За продолжување на процесот на деинституционализација, преку сместување во мали групни домови, живеење со поддршка и згрижувачки семејства, односно создавање на услови најблиску до оние во семејството, како и за лична асистенција и други видови на социјални услуги обезбедуваме 725 милиони денари,“ истакна министерката Шахпаска.Министерката рече дека, во делот за социјални надоместоци во Буџетот за наредната година предвидени се 10.500 000 000 денари. А со овие средства ќе бидат опфатени околу 300 илјади корисници. Како и дека, тоа значи дека се обезбедени средства за дополнителни 5000 домаќинства приматели на ГМП, со што вкупната бројка на домаќинства опфатени со оваа мерка ќе биде 36.500.Притоа, зголемен е и опфатот на деца приматели на детски додаток (19.720) и образовен додаток (24.579).„Соочени со пандемијата предизвикана од КОВИД-19, како одговорна Влада, направивме измени на Законот за социјална заштита и на Законот за заштита на децата, кои обезбедуваат олеснет пристап до овие социјални права. Продолжуваат да течат и останатите социјални права - додаток за попреченост, паричен надомест за помош и нега од друго лице, но и исплата на социјална пензија за 7.593 граѓани”, потенцираше Шахпаска.Таа укажа на тоа дека, заради намалување на стапката на невработеност и оваа година се обезбедуваат средства за Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување, во износ од 538 милиони денари.„Со новиот Оперативен план се зголемува опфатот на невработените лица, за оние кои ги изгубија своите работни места поради пандемијата со КОВИД-19. Овој износ е скоро четири пати поголем во однос на 2020 година, со што преку Агенцијата за вработување ќе се реализираат Програми и мерки за субвенционирање на придонеси во случаи на невработеност“, рече Шахпаска.Таа посочи дека дополнително, за субвенционирање на придонеси за зголемување на платите се издвојуваат 2.401.000.000 денари, средства кои ќе бидат распределени до Фондот за ПИОМ, Агенцијата за вработување и Фондот за здравствено осигурување, по основ на средства за социјални придонеси. Со овие средства 120 илјади работници од приватниот сектор ќе добиваат повисока плата.На овој начин, потенцираше министерката дека се влијае на подобрување на животниот стандард на граѓаните, економскиот раст и развој и намалување на невработеноста.Притоа, продолжува обезбедувањето на сигурни и одржливи пензии на сегашните и на идните пензионери и одржување на стабилност на пензискиот систем. За таа цел во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување ќе бидат трансферирани 31.672.000.000 денари.„Со Буџетот за 2021 година не само што ги санираме последиците од пандемијата со КОВИД-19, туку продолжуваме да ја и намалуваме невработеноста, да се грижиме за најмладите, обезбедуваме редовна исплата на социјалните права, но ја продолжуваме и социјалната реформа,“ потенцираше на крајот од обраќањето министерката Шахпаска.

Македонија | пред 5 години

denari

До крајот на годината треба да се исплата на К-15, еве колку ќе изнесува оваа година

До крајот на оваа година вработените во приватниот сектор треба да добијат исплата на регрес за годишен одмор, познат како к-15. Овој извнос секоја година се утврдува во зависност од вистината на просечната нето и бруто плата по вработен во последните три месеци пред датумот на исплата.Минималниот износ треба да изнесува најмалку 40 проценти од висината на просечната нето плата, а максималниот до 40 проценти од висината на просечната бруто плата.За вработените во приватниот сектор важи условот да бидат вработени најмалку шест месеци во тековната година кај ист работодавач. Според последните информации за платите на Државниот завод за статистика, износот на К-15 за 2020 година треба да се движи од 10.956 до 16.349 денари.Крајниот рок за исплата на регресот за годишен одмор за работодавците е 31 декември 2020 година.

Македонија | пред 5 години

panova

Панова: Секојдневно се зголемува бројот на активни случаи и починати, Филипче наместо да се зафати со работа ја преспа КОВИД кризата

Драматично се зголемува бројот на активни случаи и за жал бројот на починати, а министерот одговорен за чување на нашето здравје, се однесува како да е „се под контрола“?Не прифаќа никаква понудена помош од опозицијата, не ги прифаќаат ниту Предложените измени на Законот за заштита од заразни болести подржан од сите политички партии на опозицијата каде целта е формирање на специјализирана комисија која може да помогне во овие тешки времиња, истакна на денешната прес конференција  Ели Панова, пратеник од ВМРО ДПМНЕ  во Собранието на Република Македонија.Панова додаде:Денес повторно ќе се обидеме да поставиме прашања на малку поинаков начин!Филипче нека не спие, нека облече мантил и нека помине еден на Инфективната клиника за да види каков хаос е. Зошто Филипче бега од експертската јавност и не сака експертска комисија.Бидејќи деновиве одржа состаноци со сопствениците на приватните болници, уште еднаш сакамe да прашамe, дали нешто научивте? Утврдивте ли зошто терапијата што функционира и вродува со плод во приватните болници, не се применува во државното здравство?Дали не е време со средства од новиот буџет да се ангажираат сите доктори и останат медицински персонал, кои се невработени преку Агенцијата за вработување? Зошто медицинскиот кадар е преморен, морате да сторите нешто!Заштитени ли се лекарите кои се во првите борбени редови со КОВИД 19, имаат ли доволна заштитна опрема?Зошто не се реорганизираше итната помош со тимови кои ќе се грижат само за болните од КОВИД 19? Зошто се дозволува итната помош за граѓаните да зависи од бизнис интересите на поединци кои најавија формирање на приватни единици за брза помош?Зошто нема јасни протоколи за матичните лекари? Зошто нема заштитна опрема за нив?Зошто нема јасни инструкции како да се негува пациент во домашни услови, кога веќе токму домашниот третман на пациенти е еден од столбовите кога државните капацитети крахираат?Зошто граѓаните се молат кај матичните лекари да добијат термин за тестирање и мораат да чекаат и по 10-тина дена, во услови во кои може сериозно да им се влоши состојбата?Зошто досега не се подготвија објекти за КОВИД центри, туку се преспа летниот период, како да беше државна стратегија дека КОВИД 19 после летото ќе исчезне бидејќи ние не сме спремни за вирусот?Прашања има уште многу. За жал, одговори нема. Единствениот заклучок е дека најодговорните за оваа состојба меѓу кои е и министерот Филипче, освен што бројат заболени и починати, спијат и не преземаат ништо друго за сериозно справување со оваа голема криза.Ако намерата им е да ја решат кризата со ПР и со надеж дека истата ќе исчезне час поскоро се лажат, прифатете итно формирање на експертска комисија за да се спасат човечки животи. Вашиот ПР никого повеќе не го интересира, нас битен ни е животот на нашите родители како што ни е битен и животот на нашите деца, истакна Панова.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Битиќи се сретна со словенечкиот амбасадор Предан – Словенија е традиционално добар економски партнер, очекуваме зголемена трговска размена во пост ковид периодот

Заменикот на Претседателот на Владата зaдолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, се сретна со новоименуваниот словенечки амбасадор во Северна Македонија, Н.Е. Милан Предан, со кого разговараа за мерките за справување со економската криза предизвикана од коронавирусот, економската соработка помеѓу двете земји и европските интеграции на нашата земја.Во своите воведни излагања вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Предан се осврнаа на актуелната ситуација со Ковид 19 во двете земји и констатираа дека имплементирањето на мерките за зачувување на здравјето на граѓаните и за справување со економските последици е врвен приоритет за двете земји. Воедно, истакнаа дека очекуваат зголемување на трговската размена помеѓу двете земји и побрзи стапки на економски раст во пост ковид периодот.Амбасадорот Предан посочи дека Северна Македонија може да очекува поддршка од Словенија во спроведувањето на реформите во земјата во насока на евро-интеграциите, како и споделување на искуства за проекти со кои земјата би аплицирала во инвестицискиот фонд за Западен Балкан на ЕУ, во вредност од околу 9 милијарди евра.Вицепремиерот Битиќи нагласи дека Словенија, која по површина и број на жители е слична на Северна Македонија, претставува одличен пример на земја која применува стратегија на долгорочно планирање и спроведува политики за рамномерен регионален развој. Вицепремиерот информираше дека Владата започна со креирање на Национален план за развој, своевидна долгорочна стратегија, која треба да обезбеди инклузивен, одржлив и побрз економски развој, како и рамномерна распределба на средствата, за повисок животен стандард и подобри услови за живот на сите граѓани во земјата.Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Предан се согласија да продолжат со меѓусебна комуникација во насока на унапредување на политичките и економските односи помеѓу двете земји.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведен крадец од скопско, расчистени четири тешки кражби

На 23.11.2020 во 10.50 часот полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Гази Баба на место викано Дрма, атар на с.Мралино, го лишиле од слобода Ф.А.(37) од с.Јурумлери, скопско, поради основано сомнение за сторено кривично дело тешка кражба извршена во викенд куќа. Кај Ф.А., кој првично се претставил како косовски државјанин М.А., биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривичното дело, кои биле вратени на оштетениот. По преземни мерки и активности утврден е идентитетот на пријавениот и расчистени се вкупно четири кривични дела тешки кражби извршени во викенд куќи на подрачјето на Петровец. Ф.А. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 236 од Кривичниот законик.

Скопје | пред 5 години

opstina-centar

Центарци прку анкетен прашалник ќе учествуваат во подготовка на програмите за работа и буџетот на Општина Центар

Почнувајќи од денеска, секој жител на Општина Центар  ќе може да учествува во донесување одлуки на локално ниво и партиципативно да учествува во подготовка на програмите за работа и буџетот на Општина Центар за 2021 година.Општина Центар веќе седум години ги реализира граѓанските проектни и буџетски форуми, но заради новонастаната ситуација во нашата држава и поради заштита од ширење на вирусот Ковид -19, оваа година, форумите ќе се реализираат електронски со пополнување на анкетен прашалник на нашата веб – страница и онлајн состаноци на платформата ZOOM.„ Одговорите на нашите граѓани имаат особено значење при креирањето на општинските програми за работа. Затоа,целта на овие форуми и консултативни процеси е зголемување на учеството на граѓаните во креирање на локалната политика. Би сакал да ги охрабрам сите граѓани да земат учество во процесот на донесување одлуки и преку заеднички процес да се вклучиме во креирање на транспарентна локална самоуправа.. “ – изјави градоначалникот.Линк од анкетниот прашалник за програмите на Општина Центар за 20212 година.https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdzux5wQGr3xceL2PSgtGy6Nd8sp4-och_ylPtFVfTD4K4kfg/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0

Скопје | пред 5 години

korona5

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 48 пациенти, а вкупно се лекуваат 476 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 48 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 476 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 25 приеми и тоа петмина пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, девет во ковид центарот на Клниката за Неврологија, тројца нови болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, исто толку и на Клиниката за нефрологија и петмина болни на Клиниката за очни болести.Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 12 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника 11 приеми во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациентиВо моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 26 пациенти, а на Клиниката за очни болести 15 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациенти, од кои 10 деца и 21 возрасен.Вкупно 476 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Се очекува во текот на наредните два дена да почне со работа и ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

stari-1

Општина Кисела Вода објави конкурс за обука за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост

Општина Кисела Вода во соработка со социјалното претпријатие, односно со професионалниот сервис за грижа и нега на стари и изнемоштени лица во домашни услови „Нега плус“, сервис кој е основан од Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување - Хера, ќе организира обука за негувател/ка за помош и нега на стари лица и лица со попреченост.Заинтересираните за посета на обуката, до 01.12.2020 година, потребно е да се пријават кај одговорните лица за спроведување на проектот, на мејловите: ana.gjuroska@kiselavoda.gov.mk , simon.toshanov@kiselavoda.gov.mk и на телефонските броеви:  071/391-167 Ана Ѓуроска , 070/683-810 Симон Тошанов.Кандидат(к)ите за посета на обуката, треба да ги исполнуваат следните услови:-Да се државјани на РС Македонија;-Да имаат над 18 години;-Да имаат општа психо-физичка способност за работа;-Да имаат завршено минимум основно образование;-Да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица;-Да бидат подготвени по обуката да бидат вклучени во сервисот за нега во домашни услови „Нега Плус“.Лицата кои ќе ја посетуваат обуката ќе се стекнат со верификуван сертификат.Обуката ќе се реализира, во рамки на проектот за финансирање на развој на социјални услуги за помош и нега во домовите на жителите на општина Кисела Вода. Проектот доби поддршка од Министерството за труд и социјална политика и Светска банка.По завршувањето на обуката, ќе започне да се реализира петгодишниот договор за подобрување на социјалните услуги, кој неодамна го потпишаа градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.Конкурсот за обука за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, вчера беше објавен на веб страната на Општина Кисела Вода.

Скопје | пред 5 години

evra

Предложени парични казни за организација на масовни собири во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против три физички и едно правно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 од Кривичниот законик.Првите двајца обвинети, татко и син од Скопје, на 13 септември во дворот на семејната куќа организирале приватен собир – веридба, на која присуствувале 30 гости. Со ова тие постапиле спротивно на прописите и наредбите со кои се определни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот COVID-19, согласно кои се забранува одржување на масовни собири и настани на отворен и затворен простор.Третиот обвинет, како основач и управител на обвинетото правно лице – угостителски објект, на 3 октомври, постапил спротивно на забраната за организирање прослави – свадби во отворениот и затворениот дел од објектот и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана. Тој во објектот дозволил да се организира настан – свадба на која биле присутни околу 90 лица, со што го довел во опасност животот и здравјето на луѓето. Настанот бил утврден при контрола и надзор од страна на овластени лица од Државниот пазарен инспекторат.Надлежните јавни обвинители за обвинетите физички лица предложија парични казни од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност. За обвинетото правно лице, пак, на Основниот кривичен суд му е предложено да изрече парична казна од 300.000 денари.​​

Скопје | пред 5 години

viber_image_2020-11-19_13-08-48

Минатата недела санкционирани се 226 непрописно паркирани возила на територијата на општина Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 226 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.Во периодот од 16.11. до 22.11.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 125 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 101 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар.

Скопје | пред 5 години

korona-test

ИЈЗ: Скопје и натаму со најголем број нови случаи и највисока инциденца, најзастапена возрасна група на лица над 60 години

Скопје и натаму со најголем број нови случаи и највисока инциденца, најзастапена возрасна група на лица над 60 години.Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 16 до 22 ноември 2020г. тестирани се вкупно 19.664 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 6,3% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 7.486 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со незначително зголемување во однос на минатата недела од 1,8%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.255; 43,5%), со неделна инциденца – 535,1/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 38%.Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.818, 24,3%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (n=1.496; 20,0%), 30-39 (n=1.474; 19,7%), 50-59 (n=1.348; 18,0%) и 20- 29 (n=978; 13,1%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=85; 1,6%) и 10-19 години (n=287; 3,8%).Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.866 (51,6%) лица од машки и 3.620 (48,4%) од женски пол.По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.099 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 44,7% повеќе во споредба со минатата недела.Во наведениот период пријавени се 204 смртни случаи од 24 града, зголемување од 18,6% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 155 лица биле над 60 години, 26 лица на возраст од 50-59 години, 18 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 5 случаи во возрасната група од 30-39 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 128 или 62,7%.Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 16 до 22.11.2020 г. како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

Македонија | пред 5 години

nenad-11

Охриѓанецот Мр. Докторски студент Ненад Сврзикапа кој работи на Оксфордскиот Универзитет категоричен: Вакцините се исклучително важни!

Вакцината против коронавирус што ја разви Универзитетот Оксворд има ефикасност од 90 отсто. Покрај оваа на пазарот за брзо ќе будат пуштени и американските вакцини Фајзер и Модерна кои исто така покажаа ефикасност од 90 отсто.Сепак, Оксвордската вакцина е многу поевтина и полесна за складирање, со што би можела да стигне до многу поширока популација, па, ако биде одобрена, ќе има значајна улога во борбата со пандемијата.Додека ја чекаме вакцината која е единствено светло во тунелот по што ќе може животот полека да се врати во нормала побаравме стручно мислење колку вакцината може да помогне да се победи ова зло. Охриѓанецот Мр. Докторски студент Ненад Сврзикапа, од  одделот на Педиатрија на Универзитет Оксфорд, Линакер Колеџ, (ALM Department of Paediatrics, University of Oxford, Linacre College), за Скопје 1 категорично вели: Вакцините се исклучително важни!„Во моментов имаме 3 вакцини кои имаат успех над очекувањата на СЗО и ФДА. Тоа што вакцините имаат потенцијал да се ефикасни над 90% е одлична вест која го означува и почетокот на крајот на оваа пандемија“, вели Сврзикапа.Тој додава дека од оваа ситуација може да излеземе на три начини.1. Вакцини2. Лек3. Да претрпиме огромни загуби на човечки животи каде што нема да постои човек на планетава кој нема да загубу свој близок пријател или роднина.Сврзикапа додава дека сега е вистински момент да се даде доверба на науката и да се избегнат лажни вести кои можат да ни наштетат на сите.„Процесот на развивање и одобрување на вакцини е исклучително ригорозен, базиран на солидна наука, и испитан од независни медицински експерти чија основна цел е да спасат што повеќе човечки животи. Јас апелирам до сите граѓани да се однесуваат совесно, да веруваат во наука и да ја примат вакцината што помасовно кога е достапна“, истакна Сврзикапа.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања