Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

paridenari1

Скопјанец сам ја ограбил фирмата за која работи, па пријавил разбојништво-приведени две лица

Денеска (23.11.2020) полициски службеници од ЕВР ОКР Гази Баба по добиени оперативни сознанија ги приведоа М.М. (22) и Р.М. (19) од Скопје а во врска со пријавено кривично дело разбојништво на 18.11.2020, при што бил одземен дневниот промет од фирма за брза достава на пратки. Разбојништвото го испланирал вработениот Р.М. откако претходно се договориле со М.М. и на локалниот пат с.Чифлик-с.Рженичино кај место викано кисела вода, откако Р.М. ги доставил сите пратки и ги собрал парите, на посоченото место М.М. со дигалка го скршил стаклото од возачката врата на службеното возило на фирмата, по што ги поделиле парите од дневниот промет,а потоа вработениот Р.М. пријавил на 192 дека наводно му било извршено разбојништво. По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.

Скопје | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски: Ако Заев има чисти намери, ајде во Собранието да изгласаме резолуција со кои ќе ги забетонираме позициите за заштита на идентитетот и јазикот

Вечерва во централниот дневник на телевизија Сител гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. При своеото гостување истакна дека владата треба заедно со другите партии да седнат на лидерска средба и да ги забетонираат позициите за заштита на идентитетот и јазикот.„Зошто не седнеме на лидерска средба, зошто да не и олеснеме на Владата, зошто не ги забетонираме нашите преговарачки позиции со еден заеднички документ кој што ќе го усвоиме заедно во Собранието. Тие го велат тоа, ние го велиме тоа, ајде во Собранието да изгласаме една таква резолуција на која што ќе ги забетонираме позициите на Владата“, истакна Мицкоски.Мицкоски додаде дека така ќе биде полесно и на Владата, или пак на некоја друга Влада која што можеби наскоро ќе седне на тие позиции да преговара.„Затоа ако немаат они проблем и ако е бетониран идентитетот и јазикот тогаш ајде да седнеме на таа лидерска средба. Да го договориме тоа, да влезе во Собрание, да се испреговара и заеднички да излеземе на тие преговори, тоа е суштината. Тоа е она кое што го бараме уште од минатата година, ноември месец, кога зборувавме за тие предвремени параламентарни избори. Уште тогаш зборував за лидерска средба и уште тогаш зборував за меморандум со кој што ќе бидат дефинирани црвените позиции на македонската преговарачка страна. Но за жал тогаш не убедуваа дека таквиот однос кај нашиот источен сосед било поради тоа што си ги зацврстувале позициите пред тогашните локални избори. Но, се виде дека тоа не било така. Туку денеска тоа е изговор на политичарите кај нашиот источен сосед и велат имаме меморандум поддржан со акламација од страна на сите политички партии и ние немаме многу простор да се движиме полево и подесно“, рече Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

EVZONI-1

Затворен ГП Евзони поради штрајк

Денеска раководителот на смена на ПС за ГП и ГН Богородица е информиран од раководител на смена на ГП Евзони дека поради 24 часовен штрајк на грчките царински служби, ГП Евзони ќе биде затворен за секаков вид на сообраќај од 05,00 часот на 24.11.2020 до 05,00 часот на 25.11.2020 година.

Македонија | пред 5 години

crkva

Приведени крадци од Скопје, краделе во црквата Св. Недела

Денеска (23.11.2020) во с.Катланово-скопско од страна на полициски службеници од Полициско одделение Петровец приведени се Д.Т. (46) и А.Н. (39), кои денеска меѓу 07 и 09 часот извршиле тешка кражба во црквата Св.Недела во Катланово. По документирање на кривично правниот настан ќе биде изготвена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче на работен состанок со колегите од хируршките клиники и ковид центите на интерните клиники

Министерот за здравство д-р Венко Филипче попладнево се сретна со д-р Александар Трајановски директор на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) и со директорите на ковид центрите од комплексот Мајка Тереза.Оваа средба беше редовна коориданција околу отворањето на новите болнички капацитети за ковид пациенти во склоп на хируршките клиники. На сотанокот се разговараше за реализација на новиот ковид оддел во склоп на ТОАРИЛУЦ, кој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, а согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација.Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни 100 кревети на ОРЛ и на хируршките клиники. Дополнителни 100 кревети ќе се обезбедат и од страна на приватните болници.

Македонија | пред 5 години

apasiev2

Левица: Утре поднесуваме 61 барање за надзор до инспекторат за труд поради партиски вработувања во училиштата

Партијата „Левица“ реагира на партиски вработувања во училиштата, односно за, како што велат, скандалозните јавни огласи за вработување во образованието, кои незаконски траат помалку од предвиденото.„ Одамна се зборува за партизацијата на јавните служби, и одамна истата состојба сè подрастично се влошува. Секоја промена на власта донесува нови партиски послушници на работни позиции кои честопати се креирани само за исполнување на партиски долг кон нив, што доведува до ново пустошење на буџетската каса, ново нанесување неправда на граѓаните на Македонија кои не можат да добијат квалитетни и навремени услуги од така изобличениот и оптоварен систем.Со намера што поквалитетно да ги сервисира потребите на партиските послушници, а без најмалку грижа за реалните потреби на граѓаните, на крајот од јуни 2018 година власта направи измени во ЗРО според кои обезбеди вулгарна нетранспарентност при огласувањето слободни работни места, скратувајќи го рокот за огласување од пет на три работни дена, а со цел да се осигура дека не оние кои се способни, туку тие кои се партиски подобни ќе ги пополнат работните места.Меѓутоа, изгледа и тоа не им е доволно, бидејќи деновиве сведочиме на огласи за вработување во училишта (над 60 огласи!) во кои не се почитуваат одредбите од чл.23 ст.1 а.6 од ЗРО, каде што се предвидува огласот да трае три работни денови, а не само еден работен ден!? И тоа во исто време кога на министерката на надлежното министерство устата ѝ е полна со приказни за реформи, за кои планира дополнително да ги задолжи граѓаните на Македонија со кредит од 25 милиони долари кај Светска банка, додека во пракса наставата се импровизира, а илјадници деца едноставно се исфрлени од системот за образование.Од локалниот огранок на Левица – Прилеп, вчера беше објавена скандалозна слика од документ – јавен оглас за вработување (наставник по економска географија), кадешто се гледа дека огласот трае само три дена – и тоа петок, сабота и недела, односно еден работен ден! Трудовиот сектор на Левица го истражи случајот и дојде до информации дека вакви има повеќе десетици случаеви. Поради ова, утре Левица до Државен инспекторат за труд, ќе поднесе 61 Барање за вршење на вонреден инспекциски надзор во врска со кршење на чл. 23 ст.1 а. 6 од Закон за работни односи.Оттука, со право можеме да прашаме, што е следниот чекор на патот кон Европа? Да почнат ниту да не ги огласуваат слободните работни места надвор од партиските штабови!?“ велат од партијата.

Македонија | пред 5 години

zaev213

Заев: Не сме многу далеку од договор со Бугарија

Република Македонија прави се што е неопходно во функција да се постигне решение за отворените прашања коишто постојат со Софија, изјави денеска премиерот Зоран Заев, посочувајќи дека Бугарија е голем пријател на земјава и оти верува дека ќе остане на таа линија.– Како што реков, ние не сме многу далеку од договор. Само треба да ја имаме добрата волја, да гледаме позитивно и да ја имаме проектирана иднината пред нас. Верувам дека ќе случи до еве, вториот Совет на министри на ЕУ на 8, 9 или 10 кога и да е, и една средба помеѓу мене и премиерот (Бојко) Борисов, а верувам дека и нашите работни групи коишто контактираат интензивно ќе создадат и атмосфера за тоа, зборувам за двете страни. Нормално, се развиваат идеи, се разглобува секаков вид на варијанти во духот на дигнитетот и достоинството на двата пријателски народи да се изнајде европско решение со вградените европски вредности во него. Јас верувам дека тоа е возможно. Секако ова екстра време кое што испадна давајќи ни ја шансата за одложениот ГАК или Советот на министри е извонредна можност да бидеме паметни двете страни и да ја искористиме како можност, истакна Заев на маргините на Македонскиот енергетски форум 2020.Одговарајќи на новинарско прашање околу тоа за што се дискутира со Бугарија, Заев посочи дека не се зборува за отстапки, туку за решенија за двете страни.– Не зборуваме за отстапки. Се зборува за решенија на двете страни. Постојат начини како тоа да се реши. Секако, уште еднаш потенцирам, драго ми е што Бугарија го признава македонскиот јазик и македонскиот идентитет како наша реалност, а верувам низ тие формулации ќе се изнајдат и решенијата заради тоа што постојат решенија, секако внимавајќи едни на другите како страни во договорите – ние на бугарската страна, а бугарската страна да внимава на нас. Тоа го прават пријателите и верувам дека покажеме уште еднаш дека сме големи пријатели, нагласи премиерот. 

Македонија | пред 5 години

23112020_PVRSM-Zaev_Makedonski-energetski-forum_1

Заев се обрати на Македонскиот енергетски форум: Вложуваме во енергетска независност и во еколошки извори на енергија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев денеска го отвори третиот Македонски енергетски форум. Форумот годинава е во организација на ЗИП Институт, а во соработка со Владата на Северна Македонија и Амбасадата на Соединетите Американски Држави.Покрај премиерот Заев, на форумот се обратија и амбасадорката на САД, Н.Е. Кејт Мари Брнз, амбасадорот на Норвешка, Н.Е. Јорн Јуџин Јелстад и Агим Селами, директор на ЗИП Институтот.„Токму еден од приоритетните сектори на кои се фокусира Владата на среден и долг рок, е вложувањата во енергетскиот сектор. Нашите заложби се насочени кон зголемување на интересите на инвеститорите во енергетиката со понуда на алтернативни решенија во поглед на геостратегиските енергетски позиции. Дополнително, нашите заложби се постепено преминување кон извори на чиста енергија преку примената на еколошките извори на енергија вода, сонце и ветер се со цел постепено намалување на употребата на јагленот како извор на енергија“, истакна меѓу другото премиерот Заев.Според Заев во услови на здравствено-економска криза предизвикана од КОВИД-19, покрај справување на ефектите од пандемијата, Владата и економските ресори прават максимални заложби и ја следат состојбата во што најмногу се вложува во светот. Токму енергетиката и енергетската ефикасност, заедно со дигитализацијата и сите други високи современи технологии се иднината на развојот.„Во таа насока ние мораме да фатиме чекор со трендовите за да имаме економски напредок. Денес сакам да најавам неколку проекти на Владата во овој сегмент, како терминалот на течен природен гас во Александропулос, Грција за што е донесена одлука за формирање тимови за преговори. Сите инвестиции кои ги имаме од земјите членки на Европската Унија, почнувајќи од фотоволтаици, ветерните централи, и најава за сериозни инвестиции во хидроцентралната Чебрене. Искрено се надевам дека учеството во овие енергетски проекти ќе поттикне се повеќе сектори за развој на регионалната соработка“, истакна премиерот и додаде:„Примена на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност се дел од рамките за реализација и на Зелениот договор на Европската Унија кој има јасна цел – климатски неутрална и поотпорна Европа до 2050 година. И нашата земја го поддржува Европскиот зелен договор за одржлива економија преку претворање на климатските и еколошките предизвици во можности и правење на транзиција, праведна и инклузивна за сите“, истакна премиерот.

Македонија | пред 5 години

2-2

Подготовка на терен за поставување на модуларен КОВИД центар во Битола

Со цел интервентно да се одговори на потребите за здравствени капацитети и да се овозможи организација на просторот, во рамки на парцелата на Клиничката болница се работи на подготовка за поставување на модуларен Ковид центар. Овој проект се реализира од страна на Министерството за здравство и Општина Битола.Општина Битола максимално е вклучена во реализацијата на Проектот за поставување на модуларен Ковид центар во дворот на Клиничката болница во Битола. По изготвувањето на планската документација од страна на општинските служби, се вклучи и во расчистување на теренот со учество на механизација на јавните претпријатија и е целосно подготвена за изведба на рамнење на теренот.Целта на Ковид центарот ќе биде обезбедување на дополнителни капацитети за прием и тријажа на ковид пациенти и проширување на моменталните капацитети на Клиничката болница во Битола.Истиот се состои од 3 модуларни градби, од кои две модуларни градби што содржат интегриран тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар.Овие модуларни градби, се монтажно-демонтажни градби со едно ниво (приземје), со приближна површина околу 1000м2, се поставуваат на бетонска подлога, во рамки на дворно место на јавни здравствени установи, со приближен капацитет на стационар од 90 кревети.

Македонија | пред 5 години

angelov

Ангелов: Ситуацијата е под контола, Армијата ќе помага на здравствените власти

Акцискиот план денеска беше разгледан од Главниот штаб, а од 14 часот е ставен и пред членовите на Управувачкиот комитет каде се очекува да биде усвоен, а потоа и предаден до Владата. Владата треба да донесе одлука врз основа на која претседателот на државата и врховен командант, ќе даде наредба за активирање на Армијата, додека МВР ќе ја даде наредбата за полициските сили, истакна порача в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, по завршување на седницата на која Главниот штаб за управување со кризи.Ангелов додаде дека од безбедносен аспект состојбата во државата е под контрола и кај населението не треба да се создава паника.„Се работи за ангажман на армијата за одржување на редот во здравствените објекти, онаму кадешто ќе побара министерството за здравство, или на други стратешки објекти од областа на здравството, или одредени магацини каде што би имало здравствена опрема. Припадниците на армијата нема да бидат вооружени, туку ќе помогнат на граѓаните да не се создаваат непотребни гужви или евентуална хаотична состојба“, рече Ангелов.Во однос на расположливиот кадар, ЦУК засега може да функционира, уверува в.д. директорот, иако му требаат повеќе луѓе и веќе се покренати постапки за преземања од други институции.– Ќе направам преносачување на внатрешните сили зашто во ЦУК има луѓе со завршена воедна академија и одлично искуство во оваа институција. Наместо да ги вршат работните задачи, ќе бидат вклучени во дополнителните обврски кои ќе се јават наредниот период. Ќе ни требаат дополнителни ресурси кои ќе ги бараме, но може да се пофалам дека наидов на разбирање кај премиерот и Владата поради што не очекува никакви проблеми. Факт е дека недостасуваат луше, но постои можност припадници од Армијата може да побарам да помогнат во одржување на оваа служба овде, на влезот, која е исто така непополнета. Оптимист сум дека во делот на обезбедувањето се ќе биде во најдобар ред, нема потреба од итност и паника. Само сакаме како Тело, што побрзо и навреме да бидеме подготвени зашто планот ќе биде динамичен. Не се работи за фиксна, туку за мобилна бројка на сили и ние во секој момент ќе им излегуваме во пресрет на здравствените работници. истакна Ангелов.Инаку, обемниот и содржаен, Акциски план што го изготви Центарот за управување со кризи, е во директна насока за превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“ и има и преглед за расположивите човечки и материјално технички ресурси и план за координирано дејствување.Целта е превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“, заштита на здравјето и животот на населението преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационалнио и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси.  Секако, со Акцискиот план, беа утврдени и активностите на институциите за наредниот период. Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а  работи  и за зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор.

Македонија | пред 5 години

korona-test

Денеска намелен бројот на позитивни лица, но повторно многу починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-174, Куманово-17, Штип-19, Прилеп-12, Тетово-26, Велес-12, Битола-20, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-56, Гевгелија-1, Струмица-6, Крива Паланка-4, Радовиш-1, Крушево-3, Кочани-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Берово-1, Валандово-2, Виница-1, Делчево-7, Свети Николе-7, Кичево-3, Неготино-4.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 528 оздравени пациенти од: Скопје-210, Куманово-35, Дебар-8, Штип-25, Прилеп-53, Тетово-38, Велес-26, Битола-3, Кавадарци-14, Гостивар-18, Гевгелија-5, Струмица-19, Крива Паланка-6, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-12, Пробиштип-4, Македонски Брод-2, Берово-4, Валандово-3, Делчево-8, Кратово-6, Свети Николе-18, Неготино-6.Починати се 35 лица, десет пациенти од Скопје (46, 68, 79, 76, 76, 73, 48, 66, 71 и 66г ), тројца од Куманово (67, 82 и 79г), еден од Штип (79г), двајца од Прилеп (68 и 69г), еден од Тетово (84г), еден од Велес (73г), двајца од Битола (88 и 77г), еден пациент од Охрид (82г), еден од Кавадарци (73г), четири пациенти од Гостивар (75, 73, 50 и 43г), еден од Дојран - ПЕ Гевгелија (65г), двајца од Струмица (48 и 75г), еден од Радовиш (76г), еден од Кочани (67г), двајца од Берово (70 и 53г) и двајца пациенти од Кичево (54 и 70г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55127, бројката на оздравени пациенти е 32894, на починати е 1546, а бројот на активни случаи изнесува 20687.Од вчера се евидентираат три контрони теста, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 24109, активни 9837• Куманово 3444, активни 940• Дебар 430, активни 87• Штип 2439, активни 531• Прилеп 2608, активни 965• Тетово 3550, активни 989• Струга 1283, активни 419• Велес 1752, активни 770• Битола 1722, активни 863• Охрид 1399, активни 590• Кавадарци 1059, активни 440• Гостивар 2163, активни 793• Гевгелија 658, активни 226 (49 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 118 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1556, активни 598• Крива Паланка 393, активни 126• Радовиш 388, активни 124• Крушево 113, активни 71• Кочани 1159, активни 324• Пробиштип 322, активни 76• Демир Хисар 173, активни 75• Македонски Брод 145, активни 31• Пехчево 95, активни 24• Берово 335, активни 96• Валандово 191, активни 72• Виница 345, активни 182• Делчево 400, активни 176 (108 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 144, активни 70• Свети Николе 748, активни 222• Кичево 1129, активни 518• Ресен 402, активни 165• Неготино 473, активни 287 (46 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1176 теста се преку: ИЈЗ-595, ЦЈЗ Скопје-31, Авицена-0, Биотек-32, МАНУ -91, Жан Митрев (Филип Втори)-156, Систина со PCR метода -222, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-27, Инфективна клиника-3, ГАК-1, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -18, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 313.519 тестирања на Ковид -19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 610• Гази Баба – 1474• Аеродром -1407• Карпош – 1188• Центар – 1180• Кисела Вода – 1196• Ѓорче Петров – 823• Бутел - 552• Шуто Оризари – 184• Студеничани – 52• Сарај – 151• Арачиново -32• Илинден – 244• Сопиште – 66• Чучер Сандево – 103• Петровец –126• Зелениково -73• Странец – 173• Нераспределен- 203

Македонија | пред 5 години

Opstina_Ohrid_030

Јавна презентација и расправа по нацрт извештајот за стратегиска оцена за влијанието на животната средина за ДУП УЗ 8, дел од УБ8,1, опфат 1

Градоначалникот на општина Охрид организираЈавна презентација и јавна расправа по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за детален урбанистички план за измени и дополнувања на ДУП за УЗ 8, дел од УБ 8.1 – опфат 1, КО Охрид 2, Општина Охрид. Се информира јавноста дека ставен е на увид и јавна расправа, Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина  за детален урбанистички план за измени и дополнувања на ДУП за УЗ 8, дел од УБ 8.1 – опфат 1, КО Охрид 2,  Општина Охрид.Нацрт извештајот за Стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во Одделението за заштита и влијание врз животната средина во Општина Охрид секој работен ден од 8 – 16 часот    почнувајќи  од 23.11.2020 год. до 23.12.2020 год.и web страната на општина Охрид, www.ohrid.gov.mkЈавната презентација и јавната расправа ќе се одржи на ден 11.12.2020год.во големата сала  на Општина Охрид,со почеток во 12 часот. Со задолжително носење маски и пропишана дистанца согласно протоколите за заштита од Ковид 19Правните и физичките лица и јавноста можат да го достават своето мислење во врска со Извештајот до Општина Охрид во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација. Сите заинтересирани страни се поканети да учествуваат на јавната расправа и да го дадат своето мислење,забелешки и предлози  по Нацрт извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина и истите можете да ги испраќате на е_маил : zivotna sredina@ohrid.gov.mk , или по пошта на следната адреса Општина Охрид , ул. Димитар Влахов бр.57 Охрид

Македонија | пред 5 години

Slika-3

ВМРО ДПМНЕ: Шилегов се фали дека работи, во град кој тоне во смет, а загаденоста има последици по здравјето на граѓаните, скопјани ќе ги дишат лампионите

Подготовката на зимската сезона не е нешто за кое треба да се пуштаат соопштенија, работа која Градот Скопје треба да ја врши редовно, затоа што е надлежност и обврска на градоначалникот. А Шилегов се фали дека е спремен за снег, во ситуација кога има најмалку четири општини во Градот Скопје во моментов во кои загаденоста е на највисоко ниво, се вели во Соопштението од ВМРО ДПМНЕ, кое е реакција на изјавата на Петре Шилегов.Лесно е кога градоналникот на Скопје има хациенда во Маврово, па може да избега во секое време на чист воздух, луксуз кој најголем дел од граѓаните на Скопје не можат да си го дозволат, па се принудени да се гушат во тони смет од дивите депонии и да имаат последици по животот од нечистиот воздух, за што Шилегов нема мрднато со прст.Шилегов потроши три години на сликање и терање пропаганда, а не реализираше ниту еден од проектите кои ги вети на скопјани. Урбанистичкото насилие продолжува во невидени размери, градот е енормно загаден, има се повеќе сообраќајни гужви, а ветувањата како „Град без смог“ остана во маглата која секоја вечер ја дишат граѓаните, важно има 200 илјади евра за лампиони, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

gradinka-2

Дете од градинка во Неготино позитивно на КОВИД 19 - во излолација 13 деца и двајца вработени

Дете од градинка во Неготино е позитивно на коронавирус, во изолација се 13 деца и двајца вработени – воспитувач и негувател, потврди за МИА д-р Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог во Центарот за јавно здравје Кавадарци.Како последица на вирусот КОВИД-19, починал и кавадарчанец на возраст од 73 години.Центарот за јавно здравје бележи 48 новозаразени – 25 во Кавадарци, 20 во Неготино, двајца во Демир Капија и еден нов слулај во Росоман. Тие се на возраст до 67 години.Извор: МИА

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

РКЕ: Бензинот поевтинува, дизелот поскапува

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за нови цени на горивата, која почнува од ноќеска на полноќ и ќе важи најмалку една седмица.Според новата одлука, цената на бензинот „евросупер БС-95“ се намалува половина денар, односно ќе се продава за 59,50 денари/литар, а цената на бензинот „евросупер БС-98“ не се менува, односно останува на исто ниво од 61,50 денари/литар.Половина денар се зголемуваат цените на „евродизелот“ (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), кои ќе се продаваат за цена од 51,50 денар/литар.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува и сега ќе изнесува 27,481 ден./кг. 

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

На инфективните одделенија во земјава се лекува 821 пациент, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 821 пациент позитивeн и суспектен на корона вирусот.По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 109 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 111 пациенти, во Прилеп 104, во ковид центарот во Гостивар 45, а во Струга 32 болни. Во болницата во Струмица лежат 87 пацинети, во Кочани 26, во Кичево 18, Кавадарци 39, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1291 и има колку 170 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

8-mi-septemvri

По барање на Филипче, инспекциски надзор на ДСЗИ во ГОБ „8 Септември“, од 107 пациенти, 38 се на возраст над 68 години

Министерот за здравство д-р Венко Филипче рано утрово побара од ДСЗИ да извршат вонреден инспекциски надзор за утврдување на возраста на пациентите хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“, откако на социјалните мрежи и во медиуми излезе информација дека наводно пациент кој требало да се хоспитализира во ковид центарот во таа болница бил вратен поради неговата возраст.ДСЗИ попладнево го информираше министерот Филипче дека по извршениот надзор е утврдено дека во ГОБ „8 Септември“ од 107 лежечки пациенти, 38 се на возраст од 68 до 88 години.Министерот разговараше и телефонски со д-р Христијан Костов, директор на ГОБ 8 Септември. Според д-р Костов, во моментов во ГОБ 8 Септември, најмладиот ковид пациент е на 20 годишна возраст, а хоспитализирани се и пациенти над 72 години. Костов појаснил дека пациент не може да биде вратен, единствено може да биде препратен во друг ковид центар доколку во ГОБ „8 Септември“ нема слободен кревет, а додека пациентот чека да биде пренесен во друга болница, му се прават потребните анализи и со амбулантно возило се носи во ковид центарот каде има слободен кревет за да биде хоспитализиран.Министерот Филипче потенцира дека хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст. Секој пациент, без разлика колку години е, има подеднакво право на болничка нега и третман.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Град Скопје: Зимската служба е спремна – и годинава нема изненадувања

Градот Скопје и јавните градски претпријатија за претстојната зимска сезона 2020/2021 обезбедија околу 4000 тони индустриска сол, од кои околу 1000 тони се залиха од зимската служба 2019/2020. Обезбедени се и 350 тони ладна асфалтна маса за санација на оштетените сообраќајни површини. Екипите на Град Скопје во зимски услови одржуваат коловозни површини од над 2.600.000 квадратни метри.Градоначалникот Шилегов денеска го посети пунктот на зимската служба во кругот на фабриката Железара.- Градот Скопје и годинава, како и во изминатите четири години е подготвен за претстојната зима и зимското одржување на улиците за коишто е надлежен, а снегот и оваа година нема да ја изненади зимската служба – рече денеска Градоначалникот Шилегов.Обезбедените ресурси на зимската служба се складирани во трите пункта на ЈП „Улици и патишта“ - асфалтната база на ЈП „Улици и патишта“ во кругот на фабриката „Железара“, Стара механизација на улица Христо Татарчев во Кисела Вода и во Ѓорче Петров на улица Лепенец. Во пунктовите се организирани 24 часовни дежурства, а ресурсите ќе се употребуваат согласно со временските услови.ЈП „Улици и патишта“ со Оперативниот план за функционирање на зимската служба е носител на активностите за зимското одржување со целокупната механизација и расположливиот кадровски потенцијал. И оваа година Град Скопје ќе ангажира дополнителна механизација од 18 камиони од фирмата „Аполо“, кои се опремени со навигациски уреди.Во текот на зимската служба коловозните ленти ќе се расчистуваат според приоритетите, како што се критичните точки, пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот до стопанските објекти. Преостанатите јавни претпријатија, како и Општините во градот, се задолжени во рамките на програмата и своите надлежности да обезбедат механизација и опрема, а имаат изготвено и посебни подпрограми за расчистување на јавните површини во зимски услови.Кризниот штаб апелира до граѓаните, урбаните заедници, куќните совети и претпријатијата навреме да преземаат мерки за отстранување на возилата од коловозите, расчистување на пешачките приоди, приодите до објектите и покривите на објектите. Во спротивно, полицијата и комуналните инспектори, врз основа на Законот за јавната чистота, ќе изрекуваат казни.Зимското одржување на градските улици и булевари завршува на 15 март 2020 година.

Скопје | пред 5 години

janevski

Јаневски: Диви депонии има низ цело Скопје, дали градоначалниците чекаат избори за да ги исчистат?

Денес се наоѓаме во Општина Аеродром на патот помеѓу Долно Лисиче и Јурумлери. Ова што го гледате зад мене е дива депонија крај течението на реката Вардар, која е доказ за негрижата на локалните власти за животната средина, истакна Младен Јаневски од ВМРО ДПМНЕ.Тој додаде:За жал, ова е честа слика на територијата на градот Скопје. Вакви диви депонии може да сретнете и кај Вардариште- во близина на строгиот центар на градот, во Ново Село- Општина Ѓорче Петров, во Трнодол- Општина Карпош, во Железара и во Дендропаркот во Трубарево- Општина Гази Баба.Сакаме да ги потсетиме градоначалниците дека во своите предизборни кампањи во 2017 година ветуваа чист воздух од првиот ден на доаѓање на власт, чиста животна средина и повеќе зелени површини. Ова што го гледаме денес е сосема спротивно на нивните ветувања. Оттука сакам да ги прашам, дали чекаат да започне предизборна кампања за да сработат нешто или нивните празни ветувања беа само со една цел, да седнат во фотелјите на општините и градот Скопје без да се грижат за проблемите на граѓаните, истакна Јаневски.

Скопје | пред 5 години

policija-123

Кривична пријава за вработен во Агенција за катастар поради несовесно работење во службата

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Т.А (49) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „несовесно работење во службата".Пријавениот, во текот на 2014 година, во својство на службено лице, вработен во Агенција за катастар на недвижности (АКН), постапувајќи по предмет оформен врз основа на пријава поднесена од страна на физичко лице М.Ц.од Скопје, која побаралa од АКН да се изврши усогласување на површината на имот во нејзина сопственост за КО Оризари, постапил несовесно при извршување на својата службена должност. Имено, иако требало, тој не ја земал предвид потребната скица, како дел од службена документација за парцелата - предмет на усогласување, со што извршил погрешна идентификација, односно погрешно утврдување на мерите и границите на парцелата , која била предмет на пријавата за усогласување на површина, при што изготвил службен наод со невистинити податоци.На тој начин Т.А. овозможил на лицето, подносител на пријавата, без правен основ да се стекне со имотна корист - земјиште, со површина од 393м2 (вредност од 1.965.000 ден.) и истовремено од друга страна, за истиот износ му нанел значителна материјална штета на лицето М.Б. од Скопје, со што го сторил кривичното дело „несовесно работење во службата“, предвидено и казниво по чл.353-в од Кривичниот законик.

Македонија | пред 5 години

2020-11-23-at-10.26.18

Спасовски: Благодарение на пожртвуваноста на медицинските работници од денеска се вратив на работа во МВР

„Денеска е мојот прв работен ден во МВР после тешката битка со ковид-19. Најважно во справувањето со болеста е одговорноста што ја имаме како граѓани, и во почитувањето на мерките, и во заштита кон семејството, пријателите, колегите. Со почитување на мерките да покажеме дека ги почитуваме и здравствените работници. Затоа, им благодарам на сите кои се ангажирани во здравствениот систем, а наше е да им помогнеме секој на свој начин - да се носи заштитна опрема, да се споделуваат информации ако некој има симптоми, секој случај да оди преку здравствениот систем, затоа што пријавувањето на лекар е многу важно. Благодарам и на медииумите, за сето тоа што го правите да ја подигате јавната свест - сето тоа преставува помош. Апелирам сите заедно да си помогнеме и да излеземе како победници“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во „Студио 10“ на Телевизија 24.Тој на јавноста ѝ го пренесе личното искуство во справувањето со болеста и истакна дека најважна е посветеноста на лекарите, но и поддршката од семејството и пријателите.„Размислував позитивно, како да ја добијам и оваа битка, покрај другите битки во животот. Оваа битка е животно искуство, но со голема со поддршка на лекарите, на семејството, на пријателите ја добив. Не помислував на ништо на друго освен позитивно - да се вратам на работа и да продолжам да им служам на граѓаните. Затоа најголемата поддршка треба да ја имаат лекарите кои неуморно, 24 часа, се посветени да спасат сечиј живот“, раскажа министерот, кој низ личната исповед од борбата со ковид-19, ја пренесе и сликата од Инфективната клиника во Скопје.„Бев на Инфективната клиника во Скопје и видов посветност и пожртвуваност - и тоа заслужува секаква почит! Кога имаше теории на заговор дали постоел вирусот и сега, кога ја гледаме реалноста, неопходно е секој граѓанин да помисли на секој еден болничар, сестра, лекар, кои секојдневно се борат за сечиј живот и затоа сметам дека на здравствениот систем му треба поддршка. Таму видов професионалност, пожртвуваност кон буквално сите пациенти“, рече Спасовски на Телевизија 24.

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-Promocija-na-publikacija-Golemata-slika-makedonskata-ekonomija-na-sreden-i-dolg-rok

Битиќи на промоција на публикацијата „Големата слика: македонската економија на среден и долг рок“

Заменикот на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, преку видео конференциска врска, денес се обрати на промоцијата на публикацијата „Големата слика: македонската економија на среден и долг рок“, изработена од еминентни експерти од земјата, а со поддршка од канцеларијата на Фондацијата Фридрих Еберт во Скопје.Станува збор за сеопфатна публикација во која се содржани анализи и препораки за забрзан и одржлив економски развој, фискалната и монетарната политика, пазарот на трудот и социјалната заштита, како и за подобро образование и развој на науката.Вицепремиерот Битиќи посочи дека голем дел од наодите и од препораките во оваа публикација се совпаѓаат со приоритетите и фокусот на политиките на Владата во овој мандат.„Еден од приоритетите е поголема интегрираност на нашата економија во меѓународните економски текови преку креирање на интензивен дијалог и соработка помеѓу приватниот и јавниот сектор, наместо класичниот „top-down“ или „bottom up“ пристап, креираме хоризонтален пристап кој подразбира инклузивност на сите чинители, како и отворен дијалог за важните државни прашања. Ова започнавме да го спроведуваме во пракса: при носењето на економските мерки водиме редовна консултација со сите чинители, имаме редовни состаноци со „Платформата за јавно приватен дијалог“, која беше иницирана од четирите најголеми стопански комори. Веќе сме пред крајот на креирање на платформата „За татковината со љубов“ која треба да на едно место да ги обедини сите оние кои можат да придонесат за растот и развојот на земјава, првично од економски аспект, а секако понатаму и во сите сфери на општественото живеење“, посочи вицепремиерот БитиќиБитиќи се осврна на дел од публикацијата и посочи дека особено го радува што во оваа публикација наместо за невработеност, авторите зборуваат за стапка на вработеност.„Кога би зборувале за вработеност би добиле пореална слика за тоа какви се движењата на пазарот на трудот во земјава. Најјасна слика за пазарот на трудот и достапноста на работната сила, ќе добиеме по спроведувањето на пописот на населението на пролет 2021 година“, посочи Битиќи.Вицепремиерот нагласи дека во владата активно се водат разговори за измени на даночниот систем, пара-фискалните давачки другите трошоци на компаниите, со цел да се намали сивата економија во земјата.„Борбата со сивата економија ќе продолжи и понатаму да биде приоритет, ова го покажавме со начинот на моделирање и спроведување на антикризните мерки од третиот и четвртиот пакет, со кои ги поддржавме граѓаните и компаниите кои се дел од системот, а за сите оние кои се надвор од истиот работиме на механизми за да ги вклучиме. Кризата ги покажа јасно предизвиците со кои е соочуваме години наназад, но исто така не става во позиција на соочување со проблемите кон нивно конечно решавање. Јас овој предизвик го прифаќам и сум подготвен заедно со сите засегнати заедно да работиме кон креирање на услови за намалување на сивата економија и спречување на корупцијата на сите нивоа и во приватниот и во јавниот сектор“, подвлече Битиќи.Успешноста, може да се воочи само доколку имаме успешен систем со кој ќе го измериме учинокот или перформансот од Владините политики, кажа вицепремиерот.„Затоа на ниво на Влада ќе биде креирана Централна единица за мерење на ефективноста и ефикасноста на политиките кои ги носиме, за да можеме успешно да креираме клима која ги дава најдобрите резултати со најефикасните инпути“, посочи Битиќи.Теми кои се опфатени и анализирани во публикацијата „Големата слика: македонската економија на среден и долг рок“, ни даваат преглед каде ја гледаме нашата земја во годините кои доаѓаат.„Државата треба да креира услови, да изгради пат по кој ќе може да одат мнозинството од сите чинители на општеството. Токму тоа ќе го правиме со Националниот развоен план со кој ќе креираме долгорочна стратегија за развој, а во чие креирање ќе бидат поканети да учествуваат експерти од различни теми, независно од политичката, верската, национална или било која друга припадност“, нагласи вицепремиерот Битиќи.Во публикацијата „Големата слика: македонската економија на среден и долг рок“, се дадени препораки за повеќе области, важни за економскиот развој, а главните цели кои треба да се постигнат е побрза конвергенција кон ЕУ, фер распределба на доходот и намалување на сиромаштијата и зајакнување на капацитетите на Владата и државните органи.

Македонија | пред 5 години

korona5

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 19 пациенти, а вкупно се лекуваат 470 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 19 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 470 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 8 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за Неврологија, еден болен е хоспитализран на Клиниката за дерматовенерологија, а двајца на Клиниката за гастроентерохепатологија. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника биле примени четворица во текот на вчерашниот ден.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 13 оздравени пациентиВо моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 56 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 11 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 109 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 156 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 пациенти, од кои 11 деца и 21 возрасен.Вкупно 470 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Се очекува во текот на наредните два дена да почне со работа и ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

Taravari

Таравари за ТВ 24: Груевизмот сега го имате повеќе во ДУИ, одошто во ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари од Алијанса за Албанците во Студио 10 истакна дека има огромни мистерии како Груевски побегнал, сигурно Мицкоски не му помогнал. Најблиските луѓе на Груевски беа Ахмети и Мијалков. 10 години, Груевски не гласаше за Села или Таравари или Алијансата. Груевски седеше на власт како поддршка на Ахмети, рече Таравари,  објави 24.mk. „Денеска Ахмети е партнер на Заев, и тоа не партнер поради бројките, туку го заштитува со сите државни механизми. Груевизмот сега го имате повеќе во ДУИ, одошто во ВМРО-ДПМНЕ. Мијалков беше една од помрачните фигури во ВМРО-ДПМНЕ. Колку што знам, Муковски има добри бизниси со СДСМ, а Тодоров го брани СДСМ, а тој е човекот кој го уништи образованието и здравството повеќе од секој друг во последните 20 години. Мозокот на злата што се случуваа во времето на груевизмот ортаци на Груевски беа Ахмети и Мијалков и тие беа луѓето кои ги правеа сите организаирани акции во државата кои не беа демократски.“ - рече Таравари.Текстот во целост на: 24.mk. 

Македонија | пред 5 години

apasiev

Левица: Јавниот долг забрзано се движи кон неодржливост

Јавниот долг забрзано се движи кон неодржливост. Нетранспарентноста, неотчетноста и самоволието во фискаланта политика на власта резултираше во надминување на индикативниот праг од 60%, со што моментално релативниот јавен долг во сооднос према БДП изнесува 60,7%.Како индикатор за безгрижноста во злоупотребите на јавните финансии од страна на политичките елити е фактот дека, од 2009 до 2019 јавниот долг е скоро трократно зголемен, а само во 2020 е зголемен за 11% и во моментот изнесува 6,57 милијарди евра. Самото сервисирање на долгот (исплата на рати и камати) изнесува околу 30% од јавните приходи.Овие поразителни бројки укажуваат дека јавниот долг во голема мера го потроши фискалниот простор, особено поради зголемената потреба за финансирање на среден рок. Дури и да се исполнат очекувањета на власта за раст од околу 4% во 2021, иако историски гледано согласно растот во последната деценија реалните очекување се 2,6%, Република Македонија нема да може да го сервисира јавниот долг без драстична промена во пристапот кон јавните финансии.Соочени со потребата за сервисирање на долгот од постоечките Еврообврзници кои доспеваат во 2020, 2021, 2023, 2025 и 2026 година и најавите на премиерот, не само што нема да има промени во пристапот кон економијата и јавните финансии, туку забрзано ќе се спроведуваат политиките кои не’ донесоа до ова дереџе. Имено, како мерка за пополнување на огромната дупка создадена во буџетот најавена продажба и дополнително отуѓување на државните капацитети. Според Заев, во „игра“ се „Железници и транспорт“, „Македонски пошти“, „Еврокомпозит“. Ќе се нудат на продажба и Попова Шапка, Ливадиште, ТЕЦ Неготино и слични ресурси, дури во план е и продажба на земјоделско земјиште.Овие планови, доколку се спроведат, како и во минатото кога токму СДСМ го распродаде народниот имот, така и сега ќе имаат катастрофален ефект по народот. Пред се’, генерирањето на средства нема да биде доволно да постигне реален ефект затоа што децениската негрижа за јавните претпријатија и третманот на „биро за вработување“ за партиските војници драстично ја има намалено нивната пазарна вредност. Второ, сето ова ќе значи зголемување на трошоците за граѓаните со тоа што во приватни раце ќе треба да ја плаќаат, не само одржливоста на јавните сервиси кои се на продажба, туку и профитот на новите сопственици.ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања