Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

lisici

Приведен бегалец од затвор

Денеска во 00.10 часот на улица „Ѓорги Василев“ во Струмица, полициски службеници од Полициска станица Струмица го лишиле од слобода И.У. (32) од Струмица, за кого била распишана потерница поради бегство од затвор.Во 03.30 часот лицето е предадено во Затвор Идризово за доиздржување на затворската казна, на која бил осуден поради повеќе сторени кривични дела.

Македонија | пред 5 години

montazna-bolnica-4

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија

Теренот на кој ќе биде поставена ковид модуларната болница во Гевгелија е подготвен, кон крајот на оваа недела се очекува да почне изведбата на болницата. Целосно е завршено бетонирањето, а поставена е и инфраструктурата, довод, одвод до канализациска мрежа, подземен кабел за струја.Ковид центарот во Гевгелија ќе биде со површина од 400 квадратни метри со посебен влез за персоналот. Посебен влез ќе има и за прием, евиденција, преглед, тестирање, можност за рендген, ЕХО преглед на пациенти и одредување терапија. Во последниот сегмент ќе има соба за изолација и стационар за хоспитален третман до максимум 15 пациенти.

Македонија | пред 5 години

favira

Лекот „Фавира“ за ковид 19 и во Македонските аптеки - првите количини пристигнуваат следната недела

Агенцијата за лекови го одобри увозот на антивирусниот лек Фавира, медикаментот кој се повеќе го бараат болните од Ковид-19.Тој во земјава треба да пристигне од понеделник и да им биде достапен на македонските пациенти.Од агенцијата за лекови велат дека зелено светло дале по барање на докторите. Но дали и кога ќе се најде во аптеките, за тоа требале да одлучат надлежните.Досега овој лек на големо нелегално се продаваше во Македонија, а се купуваше во Косово и Босна и Херцеговина, а цената само за едно кутивче била од 75 до 100 евра.Неодамна министерот за здравство Филипче изјави дека во нашите болници има доволни количества на лековите ремдесивир и фавипиравир, но и други потребни медикаменти со кои се третираат болните од ковид.

Македонија | пред 5 години

pijan-2

190 санкционирани возачи во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајотСамо на територијата на град Скопје изречени се вкупно 190 мерки, меѓу кои 34 за возење без возачка дозвола, 25 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 10 мерки за управување возило под дејство на алкохол, 35 за непрописно паркирани возила и 20 мерки за неносење на лична заштита.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

remenski

Ременски најави дека утре ќе објави шокантна хронологија за "истрагата по закон" за т.н., случај "Империја

Утре ќе напишам една шокантна хронологија за "истрагата по закон" за т.н., случај "Империја" - од кога, од кого, од каде, до каде, напиша на својот ФБ профил Фросина Ременски.Таа во објавата додава:Како државата од осомичен, притвореник, митаџија, финансиер, рекетиран и профитер го направи Камчев "преговарач" и "спасител" на нацијата од Ковид 19 со неопремена болница и како гратис ќе му ја опреми.Чекам да видам дали утре барем еден антикорупционер ќе се изјасни за овој "коруптивен ризик" или преку оваа масовна хистерија ќе се протури обвинителската амнезивна корупција како дијагноза за на респиратор.

Македонија | пред 5 години

korona-3

Нови 1112 нови случаи со Ковид 19 во земјава денеска и починати 24 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-321, Куманово-69, Дебар-10, Штип-38, Прилеп-77, Тетово-79, Струга-44, Велес-44, Битола-65, Охрид-36, Кавадарци-26, Гостивар-60, Гевгелија-19, Струмица-35, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Крушево-3, Кочани-44, Пробиштип-6, Демир Хисар-5, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-23, Валандово-12, Виница-11, Делчево-13, Кратово-2, Свети Николе-5, Кичево-12, Ресен-16, Неготино-22.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 709 оздравени пациенти од: Скопје-290, Куманово-30, Штип-31, Прилеп-62, Тетово-52, Струга-17, Велес-29, Битола-20, Охрид-57, Кавадарци-15, Гостивар-11, Гевгелија-6, Струмица-14, Крива Паланка-5, Радовиш-6, Крушево-1, Кочани-18, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Македонски Брод-1, Пехчево-4, Берово-3, Валандово-3, Кратово-4, Свети Николе-2, Кичево-10, Ресен-5, Неготино-8.Починати се 24 лица, четири пациенти од Скопје (76, 62, 67 и 70г), еден од Куманово (64г), еден од Штип (87г), тројца од Прилеп (69, 45 и 79г), двајца од Тетово (41 и 65г), двајца од Велес (81 и 61г), пет пациенти од Битола (70, 91, 48, 60 и 73г), еден од Охрид (89г), еден од Крива Паланка (47г), еден од Крушево (60г), еден од Кочани (41г), еден од Македонски Брод (40г) и еден пациент од Виница (66г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 54743, бројката на оздравени пациенти е 32366, на починати е 1511, а бројот на активни случаи изнесува 20866.Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 23935, активни 9883• Куманово 3427, активни 961• Дебар 431, активни 96• Штип 2419, активни 537• Прилеп 2598, активни 1010• Тетово 3526, активни 1004• Струга 1283, активни 419• Велес 1739, активни 784• Битола 1703, активни 849• Охрид 1398, активни 590• Кавадарци 1056, активни 452• Гостивар 2107, активни 759• Гевгелија 657, активни 231 (48 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 118 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1550, активни 613• Крива Паланка 388, активни 127• Радовиш 387, активни 127• Крушево 110, активни 70• Кочани 1155, активни 333• Пробиштип 319, активни 77• Демир Хисар 173, активни 75• Македонски Брод 145, активни 33• Пехчево 95, активни 24• Берово 334, активни 101• Валандово 189, активни 73• Виница 344, активни 181• Делчево 393, активни 177 (105 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 144, активни 76• Свети Николе 741, активни 233• Кичево 1126, активни 517• Ресен 402, активни 165• Неготино 469, активни 289 (46 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 2553 теста се преку: ИЈЗ-1377, ЦЈЗ Скопје-46, Авицена-307, Биотек-224, МАНУ -166, Жан Митрев (Филип Втори)-0, Систина со PCR метода -251, лабораторија Лаор –79, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-60, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-24, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -17, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 312.143 тестирања на Ковид -19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 623• Гази Баба – 1472• Аеродром -1424• Карпош – 1192• Центар – 1188• Кисела Вода – 1205• Ѓорче Петров – 827• Бутел - 551• Шуто Оризари – 183• Студеничани – 52• Сарај – 152• Арачиново -34• Илинден – 245• Сопиште – 63• Чучер Сандево – 104• Петровец –125• Зелениково -73• Странец – 173• Нераспределен- 197

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Болницата „Мала Богородица“ или стара „Систина“ станува ковид центар, лекувањето ќе биде на трошок на државата

Трите приватни клиники во Скопје ќе обезбедат дополнителни 100 болнички кревети како помош за ковид пациенти, ова беше одлучено на вечерашниот состанок со тројцата сопственици на приватните клиники во Скопје со министерот за здравство Венко Филипче.Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва по средбата со сосптвениците на трите приватни болници „Систина“, „Ремедика“ и „Жан Митрев“, се договорија старата болница „Систина“, да биде користена од државата.„Целосно ќе бидат опремени од страна на приватните болници со нивни заеднички договор од таму ќе биде обезбеден кадар и материјали за работа и за тоа соодветен надоместок согласно постојаните закони ќе плаќа државата. Обезбеден е дополнителен капацитет на 100 кревети кој ќе биде на располагање до крајот на неделата, дотогаш и во државните болници има сосема доволен број на слободни кревети , ние утрово имавме и координација со диркеторите на сите Клиники тука во Скопје, ГОБ 8 ми Септември, на линија сме и со диркеторите на болниците во државата, клинички и општи. Оваа недела има доволен број на слободни кревети, овој дополнителен капацитет е за периодот кој што доаѓа. Државата ќе ги покрие сите трошоци. Во следните денови треба да се постават доводи за кислород и сите потребни работи. Персоналот ќе биде од приватните болници“, истакна Филипче.Министерот Филипче информираше дека и во нашите болници има доволен број на кревети. Тој изјави дека утрово имал координација со директорите на клиниките и ГОБ „8 Септември“, а во секојдневна комуникација исто така е и со директорите на клиничките и општи болници.На одговор на новинарско прашање, Филипче рече дека целосно ќе се опреми болницата „Мала Богородица“. Треба да се инсталира кислород, што ќе биде готово за неколку денови и треба да се донесе опремата којашто физички не е таму.„Секој ќе партиципира согласно можностите, согласно големината, согласно капацитетите. Така да, тој број на 100тина кревети верувам дека во следниот период којшто доаѓа ќе биде сосем доволен оваа криза да се изменаџира“, посочи Филипче и додаде дека граѓаните нема да сносат дополнителен трошок, односно ќе биде на трошок на државата. Кадарот ќе биде целосно од приватните болници. 

Македонија | пред 5 години

zena-noz

Приведена тетовка која го нападнала сопругот со остар предмет

Четириесет и тригодишна жена од тетовското село Копанчин Дол вчера била приведена поради семејно насилство. Според информациите, жената по вербална расправија, со остар предмет го нападнала нејзиниот сопруг.По целосно расчистување и документирање на случајот, против неа ќе следи соодветен поднесок.

Македонија | пред 5 години

policija-5

Државјанин на Косово пронајден мртов на булеварот „Борис Трајковски“

Педесет и седумгодишен државјанин на Косово е пронајден во бессознание доцна синоќа на булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје.Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција.

Скопје | пред 5 години

crkva

Ограбена црква во битолско

Непознат сторител во петокот или саботата ја ограбил црквата „Света Петка Римјанка“во битолското село Горно Ореово.Тој со употреба на сила влегол во црквата и оттаму одзел пари.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

5g-internet

До 2023 еден град во земјава, најверојатно Скопје ќе добие 5Г мрежа

-Согласно стратегијата за развој на 5Г мрежата планираме до 2023 еден голем град во земјава да биде покриен со 5Г мрежа. Иако во Стратегијата таксативно не е наведен градот, тоа најверојатно ќе биде главниот град бидејќи тука е и најголема концентрација на корисници. Потоа сукцесивно ќе се покрива и останатата територија на земјава, што сепак ќе зависи и од заинтересираноста на телекомуникациските оператори, вели Сашо Димитријоски, директор на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) во интервју за Сител.До крајот на идната недела се планира да биде распишан и меѓународен тендер за изработка на физибилити студија за влијанието на 5Г мрежата врз здравјето на луѓето. Како што објаснува Димитријоски, тоа не значи дека ќе се прават нови откритија туку сите релевантни информации на оваа тема кои постојат во светот ќе бидат ставени во еден документ. Сето тоа ќе се аплицира на ниво на влијание на 5Г мрежата во нашата земја, од причина што секоја држава има свои специфики на терен, на покриеност, што бара и различна густина на поставување на 5Г антени и воопшто различно дизајнирање на 5Г мрежата.Според него сите шпекулации за штетното влијание на 5Г мрежата врз здравјето на населението потекнаа од пренагласување на моментот дека 5Г мрежата ќе донесе чудо.„Во суштина новата генерација е само надградба на сето она што го имаме како технологија. Никакво чудо нема да се случи, едноставно тоа е технологија која ќе овозможи поголема брзина на пренос на податоци, помало доцнење на сигналот и ќе дава можност многу повеќе уреди да бидат поврзани автономно на тие мрежи, што значи дека најголемо влијание ќе има врз индустриските процеси на големите компании кои имаат роботизирани процеси на производство. Тоа ќе биде технолошка револуција, но на здравјето на граѓаните ништо нема да се случува“, додава Димитријоски.Дека е така покажаа и мерењата на нејонизирачкото зрачење на 5Г антените кои беа поставени од Македонски Телеком и А1 кои направија тестирања за да демонстрираат кои ќе бидат брзините кои ќе се постигнат со имплементација на новата петта генерација на мобилни комуникации.„Она што како АЕК го измеривме тогаш покажа дека нивото на зрачење на антените е идентично, па дури и во некои сегменти пониско од зрачењето на 4Г антените. Но имајќи предвид дека петтата генерација предаватели ќе бидат интелигентни предаватели кои кога нема во близина мобилен телефон ќе бидат исклучени, за разлика од сегашните кога имаме константно сигнали кои постојано зрачат, тоа само укажува дека количината на зрачење ќе биде помала од онаа што го имаме од 4Г генерацијата мобилни мрежи“, заклучи директорот на АЕК.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Јанаки Митровски од „Билка“: Легалната продажба на марихуаната по кофи шопови мора да оди заедно со можноста луѓето сами дома да си ја засадат

Од Здружението за канабис и зелени политии „Билка“ засега се претпазливи, по најавите за легализација на марихуаната за рекреативно-туристички цели, стравувајќи да не се случи истото сценарио како со легализацијата за производство на медицисни канабис.Јанаки Митровски, прв човек на Билка за Канал 5 телевизија изјави дека „Билка“ поддржува продажба по локали, кафулиња, кофи шопови и социјални клубови.„Меѓутоа, сметаме дека ќе биде нужна и можноста граѓаните дома сами да си засадат и ќе мора да оди заедно со овој пакет. Меѓутоа, најавата, ако убаво ја следите реториката на премиерот Заев во интервјуто, кој вели дека треба да се гарантира потеклото на канабисот, тоа нам јасно ни укажува дека нема да биде дозволено да се засадува за домашна употреба“, вели Митровски.

Македонија | пред 5 години

22.11-4

Филипче се сретна со директорите на повеќе клиники и ГОБ 8 Септември

Министерот за здравство д-р Венко Филипче, денеска се сретна со директорите на повеќе клиники во Скопје, каде се отворени ковид центри, како и болницата ГОБ 8 Септември.На состанокот се зборуваше за состојбата на пациентите хоспитализирани во ковид одделенијата, усогалсеноста и функционирањето на интерните клиники, бројот на слободни кревети, дали здравствените работници имаа дополнителна потреба од заштитна опрема за работа. На хируршките клиники неделава веќе ќе бидат отворени дополнителни болнички кревети за лекување ковид пациенти, но тие засега остануваат како дополнителен капацитет.-Анализата на досегашната поставеност на системот во зградата на интерни клиники покажа дека добро функционира, дава резултати во поголем број на оздравени пациенти и доволен број на слободен кревети. Капацитетите брзо се пополнуваат, но скоро воопшто да не се чека за хоспитализација, не само на пациенти од Скопје, туку од секаде низ државата - рече министерот Филипче.Министерот потенцираше дека од клучна важност е да не се намали редовниот програм на клиниките за акутните и хрончните пациенти кои имаат потреба од лекување.Овој критичен период ќе продолжи и во наредните недели рече министерот Филипче, целиот кадар на јавно здравствените установи е мобилизиран, а притисокот врз болницитеочекуваме да продолжи и во следните месеци, затоа од клучна важност е граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки за заштита од ковид.

Македонија | пред 5 години

korona5

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 824 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 824 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 73 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 42 пациенти, во Велес се лекуваат 67 болни, а во Куманово 108 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 107, во ковид центарот во Гостивар 48, а во Струга 31 болен. Во болницата во Струмица лежат 89 пацинети, во Кочани 25, во Кичево 18, Кавадарци 40, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1298 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Единствена Македонија: Македонија вчера во Дебар престана да биде држава со понижувањето од албанскиот претседател Илир Мета

Република Македонија вчера во Дебар со целосното понижување од страна на албанскиот преседател Илир Мета престана да биде држава, се вели во соопштението од Единствене Македонија.  Тие во истото додаваат:Албанскиот претседател не фермајќи ги македонските државни органи и надвор од сите државнички протоколи си влезе во Дебар каде во друштво на дебарскиот градоначалник Хекуран Дука, Талат Џафери и Али Ахмети среде Дебар во македонски град „летаа орли„ и вееја албански знамиња, а од власта во Скопје целосен молк.За Единствена Македонија ваквиот чекор на албанските сепаратисти и шовинисти на македонско тло претставува опасна провокација која силно го вознемирува македонскиот народ.Сведоци сме како МВР секојдневно поднесува пријави против Македонци за се и сешто а вчера во Дебар каде е повреден суверенитетот на државата, нема реакција. Со ова, власта во Скопје го охрабрува албанскиот сепаратизам за создавање на големоалбанска држава во која влегуваат делови и од Република Македонија. Оваа во основа антидржавна и антимакедонска катастрофа , законите да важат за сите, но не и за албанците, мора да престане. Одговорност мора да има, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Актуелно | пред 5 години

zaev33

СДСМ: Со одлуката за аболицијата на Иванов, пропадна обидот на ВМРО-ДПМНЕ да го одбрани криминалот

Со одлуката на Уставниот суд, дека повлекувањето на аболицијата на Ѓорѓе Иванов е уставно и законско, пропадна и последниот обид на обвинетите лица, да се амнестираат од одговорност, а Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ повторно не успеаја да го одбранат криминалот во опозициската партија, велат од СДСМ преку соопштение.Сега, како што велат од владејачката партија, предметите подигнати и водени од СЈО треба да добијат правна разрешница, низ ефикасни, транспарентни и законски судски рочишта.– Со носењето на Законот за Јавно обвинителство, за кој ВМРО-ДПМНЕ правеше се за да не се донесе, предметите на СЈО сега се во надлежност на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Сега се гледа зошто ВМРО-ДПМНЕ по налог на Мицкоски, со сите сили се обидуваше да го закочи носењето на овој закон, важен за правната држава, важен за реформскиот процес, за кој и Европската комисија смета дека обезбедува основа за професионален и непристрасен обвинителен систем, кој е поотпорен на политички и друг притисок. СДСМ, како одговорна партија гради држава на ред, правда и дисциплина, во која законите важат подеднакво за сите, а ВМРО-ДПМНЕ останува против правдата, на страната на криминалот – се наведува во соопштението на СДСМ.

Македонија | пред 5 години

policija-1

Полицијата растурила семејна веселба со 70 гости во ресторан во гостиварско Здуње

Полицијата синоќа во село Здуње растурила семејна веселба на која присуствувале околу 70 гости. По добиена приајва полицијата отишла во ресторанот во кој се случувал настанот, а кој е во сопственот на 59-годишен гостиварец. Бил повикан и Државниот пазарен инспекторат.Сопственикот на локалот ќе добие кривична пријава за делото непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Македонија | пред 5 години

paridenari1

Семејството Мемиши обвинува: Хуманитарецот Али собираше донации за нашето бебе кое почина, не сме сигурни дека ни ги даде сите!

Се случува ли мега скандал со злоупотреба на донации, или некој сака да го оцрни името на Али Февзи, човекот што неодамна беше избран за маж на годината поради неговата ангажираност во помагањето на семејствата кои доживеале несреќи и се социјално ранливи?!Ова прашање го наметна семејството Мемиши од Шутка, кое обвинува за злоупотреба на нивната семејна трагедија, во која почина нивната неколкумесечна ќерка Медина. На денот кога го закопале нивното петмесечно бебе Медина, за кое хумани граѓани уплаќале пари на сметка претставена како сметка за донации, освен тоа што се ожалостени, поминуваат и низ финансиски перипетии. Медина се оперирала во Турција, за жал неуспешно и бебето починало, објави slobodenpecat.mk.Трошокот за патот и престојот го покрил Фондот за здравствено осигурување, односно државата, но сепак донации се собирале за пасош на бебето и за партиципација и тоа на приватна сметка на хуманитарецот Али Февзи.Проблемот е во тоа што, како што тврдат мајката и таткото на бебето, не се сигурни дека донираните пари за нивното бебе биле собирани законски и правилно. Се плашат дека имало многу повеќе донации отколку што Али Февзи им кажал, а се жалат и дека не можат да добијат увид во изводите од банкарската сметка на која легнувале приливите, зашто станува збор за приватна трансакциска сметка на физичко лице, а не за сметка на здружение.Февзи пак, за ,,Слободен печат” комплетно ги негира обвинувањата и е комплетно разочаран што неговата хуманост е злоупотребена.Текстот во целост на: slobodenpecat.mk.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Приведени крадци од гостиварско

На 21.11.2020 во 09.30 часот полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Гостивар во с.Форино, гостиварско, ги лишиле од слобода Љ.М.(21) и Х.М.(21), двајцата од с.Форино, поради постоење основи на сомнение дека на поширокото гостиварско подрачје извршиле кривични дела тешки кражби и кражби.Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Македонија | пред 5 години

krasimir-karakachanov

Каракачанов: Скопје сака Бугарија да ги поддржи, а тие да ни забодат нож во грб како благодарност и да не дискредитираат

Европската Унија има јасно правило што се однесува на сите, а тоа е дека нема влез во Унијата без решавање на спорните билатерални прашања, изјави бугарскиот вицепремиер, Красмир Каракачанов за БТВ.„Скопје нема желба да ги реши овие прашања. Сметаат дека можат да се служат со трикови, како досега. Бугарија да ги поддржи, а тие да ни забодат нож во грб како благодарност и да не дискредитираат“, вели Каракачанов.Според него, Владите во Македонија не создале услови за нормален развој на своите граѓани, туку само напнатост во земјата.„Прво почнаа со прогон на луѓето што се нарекуваа Бугари, потоа конфликтот со Албанија, скандалите со Грција, скандалите со Бугарија – и тоа цели 28 години. Од оваа причина, некои Бугари доаѓаат од Македонија и земаат бугарско државјанство“, продолжи тој.Според него, Бугарија јавно изјавила дека поддршката за ЕУ лежи во спроведувањето на договорот за добрососедство, кој беше потпишан пред три години. Овој договор не е спроведен, категоричен е Каракачанов.извор: Макфакс

Македонија | пред 5 години

Zugic

Жугиќ му подари лампион на Шилегов само да се откаже од украсувањето за помош во борбата против короната

Денес, овде, пред објектот на Град Скопје, симболично ќе поставиме лампиони на кои стои вредноста од 200 илјади евра или 15 нови болнички возила колку што може да се купат со овие пари кои што Петре Шилегов планира сред пандемија и крајно животозагрожувачка состојба за скопјани да потроши за украсување на празните скопски улици. Ако му е до лампиони, еве му лампиони, и тоа необични и приближно верни на оригиналот на кој ја пишува и неговата омилена цифра 200 илјади евра, само и само да се откаже од лудото, неразумно трошење на народните пари, истакна Јелена Жугиќ, Советник во Советот на Град Скопје од ВМРО- ДПМНЕ.Таа додаде:Можеби го немаме најработливиот градоначалник, но со сигурност ги имаме најскапите лампиони.Затоа уште еднаш, по кој знае кој пат апелираме, повикуваме, средствата за новогодишно украсување да се пренаменат на заштита на животите и здравјето на скопјани. Во време кога граѓани заболуваат и за жал умираат од вирусот, многу поважно од новогодишни сијалички и лампиони е парите да се насочат кон купување на здравствени материјали и опрема, финансиска помош за јакнење на капацитетите на здравствените установи. Многу, ама многу поважно е да се заштитат во услови на пандемија ранливите категории на граѓани, луѓето со посебни потреби, насушна е потребата за купување на амбулантни возила или модуларни сместувачки капацитети за заболените од вирусот.Драги сограѓани, нема ништо поважно од помошта во спасувањето на човечките животи. Граѓаните молат за помош, молат институциите да го штитат нивното здравје и сите ресурси да се насочат кон реализација на истото. Ниту еден единствен скопјанец не побарал “светлина во мракот” и трошење на илјадници евра кои ќе ја стимулираат “светлината” и радоста на новогодишните празници. Секое евро во епидемијата и здравствената криза може да спаси нечиј живот. Крајно време е да проработи разумот кај градоначалникот Шилегов и овие 13.340.000 ден или 200 илјади евра да ги пренасочи онаму каде што се најпотребни. Новогодишното трошење за украсување на празните скопски улици може да не чини стотици изгубени човечки животи. Дури и нашите најмлади и најмили го разбираат тоа!Откажете се од залудно трошење на народни пари во пандемија. Тоа не го бара само ВМРО-ДПМНЕ тоа, го бараат граѓаните на Скопје.Градоначалник Шилегов, по вашите изјави сите знаеме дека Вие не живеете од плата, но барем во овие услови на тешка здравствена криза, во името на здравјето на скопјани откажете се од јавните набавки за Новогодишно украсување на празните скопски улици, истакна Јелена Жугиќ, Советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ. 

Скопје | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 35 пациенти, а вкупно се лекуваат 474 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 35 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 474 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 20 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализран на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, петмина во ковид центарот на Клниката за Неврологија, седум болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, двајца на Клиниката за нефрологија, а пет во новотворениот центар на Клиниката за очни болести. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало пет нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 10 лица.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 9 оздравени пациентиВо моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 37 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 12 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 108 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, од кои 9 деца и 21 возрасен.Вкупно 474 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Македонци заглавени низ цел свет не можат да извадат документи - амбасадите креваат рамења

Бројката на македонци кои се заглавени низ лавиринтот за македонски документи е не позната. Тие заради корона кризата не можат да извадат документи преку македонските амбасади, доколку дојдат во Македонија поради кризата нема да се вратат во земјите каде што живеат и работат во моментот, а македонските власти немаат слух за ова прашање.Македонците, Мимоза Велјановска, Милка и Иван Јанчеви заглавени се во Кина и велат дека прво се обратиле во македонската амбасада каде разговарале со димпломатка, тогаш немало амбасадор се уште, која ги посоветувала да испратат електронска пошта до неа и до македонското министерство за надворешни работи.- Одговор немавме од никој повеќе од цел месец, лично јас испратив 10 барања до македонското МНР, и на крај ги исконтактирав на социјални мрежи поточно на Фејсбук, таму ми одговорија, дека треба да се вратиме. Ова голгота со барање на одговор траеше цели два месеца, но со овој проблем се соочуваме скоро една година, кога сфативме дека ако заминеме по документи за Македонија потоа ние нема да можеме да се вратиме повторно во Кина. Доколку не го решиме проблемот ќе треба да се вратиме назад, а со тоа ќе изгубиме работа, како и право на престој, се во зависност од периодот, бидејќи навистина е непредвидливо во моментов. Сепак, заради овој едноставен проблем, за кој не сум чула граѓани на други земји да се соочуваат, мене и на моето семејство ни е загрозена иднината, истакнува Мимоза Велјановска која живее и работи во Кина.Димитра Хаџи-Поповски која живее и работи во Копенхаген, со оглед на тоа дека важноста на пасошот и истекува во декември 2020, таа на 21-ви април официјално се пријавила за сликање во македонската амбасада во Копенхаген, Данска кое било планирано да се случи во јуни. За жал од тогаш па до денес, се одложувало и го добивала истиот одговор дека не знаат и дека ќе ја информираат кога ќе дознаат кога тоа би се случило.- Загрижена сум дека скоро ќе останам без патна исправа и нема да можам да патувам во ниедна друга земја освен до Македонија вели Хаџи-Поповска.Тие сите заедно апелираат до македонските власти што поскоро да го решат овој случај и ги покануваат другите граѓани кои се во ваква ситуација да им се приклучат јавно да говорат за проблемот со кој се соочуваат и се заглавени во административните лавиринти.

Македонија | пред 5 години

radar-policija

105 санкционирани возачи во Центар

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (21.11.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територијата на Центар изречени се вкупно 105 мерки, меѓу кои 5 за возење без возачка дозвола, 4 за нерегистрирани возила, 10 мерки за возење под дејство на алкохол.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Скопје | пред 5 години

zaev213

Заев: Со чествувањето на Денот на албанската азбука ја потврдуваме заедничката определба за почитување и унапредување на етничката и културната разноличност

Денот на создавањето на албанската азбука има голема важност за сите Албанци и овој датум се смета за еден од клучните настани во историјата на Албанците, и во нашата заедничка историја, истакна премиерот Зоран Заев  во честитката за Денот на албанската азбука.Тој додаде дека во градот на конзулите, избран за седиште на овој конгрес, кој се одржал од 14–22 ноември 1908 година, се собрале голем број истакнати албански личности од културниот и политичкиот живот од почетокот на 20 век. Претседателот на Конгресот, Мит'хат Фрашери и потпретседателите Луиѓ Гуракуќи и Ѓерѓ Ќиријази, претседателот на Комисијата Ѓерѓ Фишта, како и единствената жена на Конгресот Парашќеви Ќиријази, која подоцна ќе го напише првиот буквар на стандардизираниот албански јазик и азбука која што е во употреба до денешен ден.„ Денеска, во Музејот на албанската азбука во Битола, се наоѓа одлуката за единствено, стандардизирано албанско писмо, како и копијата од првиот пишуван запис на албанскиот јазик од Пал Енѓели од 1462 година. Со унифицирањето и стандардизирањето на азбуката, албанското писмо станува дел од рамноправните, модерно формирани европски писма и дел од разноличното богатство на светското културно наследство. Јазикот и негова соодветна азбука се дел од генетскиот код на еден народ и се произлезени од универзалното право на самоопределување. Во тој генетски код се елементите на идентитетот и потенцијалите за комуникација, општествена интеграција, за образование и развој. Наша должност, должност на државата е да ги почитува, чува и негува посебностите на јазикот и писмото на секоја нејзина заедница, истакна меѓу дригото премиерот Заев.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања