Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

semejno-nasilstvo

Високи казни за попови, оџи, институции ако даваат совети дека „жената треба да му служи на мажот

Од 1.000 до 5.000 евра ќе се казнат министерствата за внатрешни работи, за труд и социјална политика, за здравство, за правда, центрите за социјална работа, обвинителствата, општините, ако не постапат по точните надлежности што им ги дава новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, кој треба да го изгласаат пратениците, објави СДК.МК.Од 100 до 500 евра е казната за раководители во центрите за социјална работа, до министри, обвинители и други раководни лица во државните органи, ако не постапат со жртвата на семејно насилство како што пишува во законот, или ако не обезбедат услови и политика како што е прецизно напишано како нивна одговорност.За да нема префрлување на топката и да се оставаат жените-жртви на семејно насилство на милост и немилост на мажите што ги тепаат, законот точно ги прецизира постапките на полицијата, по пријава на родово базирано насилство. Кажува како да постапат социјалните центри, како амбулантите, болниците, ако жената претрпела физичко, психичко, сексуално и друго насилство.Полициски службеник треба да ја придружува жената до најблиската медицинска помош, или да ѝ биде во придружба додека ги пакува личните работи од заедничкиот дом со насилникот.Медиумите, наставниот кадар, Агенцијата за медиумски услуги, но и црквите и џамиите имаат обврска да промовираат политика против овој вид насилство и да не ја одобруваат.Овој закон оди дотаму да ги казнува и верските заедници ако поддржуваат насилство врз жената.Текстот во целост на: СДК.МК. 

Македонија | пред 5 години

sobranie

Денеска ќе биде доделена државната награда „22 Ноември“

Денеска во Кристалната сала на Собранието, ќе биде доделена државната награда „22 Ноември“ за 2020 година за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија.Наградата се доделува на лица кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во земјата.Добитници на наградата „22 Ноември“ за 2020 година се проф. д-р Џеват Лоши, албанолог и акад. Али Алиу, книжевен критичар.

Македонија | пред 5 години

angelov

Ангелов: Ја разгледавме потребата од учество на Армијата за обезбедување на болниците

На денешниот состанок на Кризниот штаб била разгледана потребата од учество на Армијата во обезбедување на здравствените објекти, за што дополнително ќе бидат утврдени бројките за здравствените објекти што ќе треба да бидат обезбедени.Ова го истакна директорот на Центарот за управување за кризи, Стојанче Ангелов по завршувањето на состанокот на кој бил подготвен акцискиот план за справување со кризи.Овој план  треба да се разгледа од страна на управувачкиот комитет пред да стапи на сила, вели Ангелов.– Граѓаните треба да знаат дека ништо нема драстично да се смени во државата. Ако има потреба од поголем број сили за обезбедување, а МВР ги нема, ние можеме да побараме од АРМ, да испратат повеќе луѓе за обезбедување. Но, тоа нема да бидат луѓе кои со оружје ќе се шетаат по улица. Во земјава нема војна. Се обидуваме да одговориме на ковид-кризата со најминимални средства – истакна Ангелов.Истовремено, предложено е во Кризниот штаб да се вклучи и претставник на невладиниот сектор со цел поголема транспрентност на работата на клучните институтции задолжени за справување со корона-кризата.  

Македонија | пред 5 години

sneg-mavrovo

ВИДЕО: Првиот снег на Маврово-прекрасна снежна убавина!

Уторво во Маврово на високиот дел на планината Бистра може да се забелижи вистинска снежна идила. Камерите го регистрираа снегот кој синоптичарите го најавуваа деновиве. Времето денеска во државата е студено и ветровито. Најавата е дека поларен бран ја зафати Македонија.

Македонија | пред 5 години

korona6

25 починати и нови 1182 случаи со Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3109 тестирања, а регистрирани се 1182 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-544, Куманово-48, Штип-31, Прилеп-50, Тетово-75, Струга-27, Велес-41, Битола-28, Охрид-38, Кавадарци-30, Гостивар-66, Гевгелија-17, Струмица-22, Крива Паланка-8, Радовиш-8, Крушево-7, Кочани-13, Пробиштип-9, Демир Хисар-3, Македонски Брод-6, Берово-4, Валандово-12, Виница-8, Делчево-4, Свети Николе-6, Кичево-55, Ресен-4, Неготино-18.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 707 оздравени пациенти од: Скопје-375, Куманово-33, Штип-22, Прилеп-46, Тетово-53, Велес-29, Битола-3, Охрид-2, Кавадарци-17, Гостивар-21, Гевгелија-18, Струмица-15, Крива Паланка-1, Радовиш-3, Крушево-2, Кочани-20, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Пехчево-4, Берово-3, Валандово-2, Делчево-3, Кратово-3, Свети Николе-9, Неготино-17.Починати се 25 лица, шест пациенти од Скопје (84, 77, 78, 83, 60 и 59г), четири од Куманово (70, 61, 66 и 77г), еден од Штип (72г), тројца пациенти од Прилеп (45, 75 и 71г), тројца од Тетово (58, 76 и 59г), двајца од Велес (71 и 88г), еден од Битола (54г), еден од Кавадарци (66г), двајца пациенти од Гостивар (67 и 67г), еден од Струмица (71г) и еден пациент од Крушево (86г).Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 53631, бројката на оздравени пациенти е 31659, на починати е 1487, а бројот на активни случаи изнесува 20485. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 23612, активни 9854• Куманово 3357, активни 922• Дебар 421, активни 86• Штип 2383, активни 533• Прилеп 2521, активни 998• Тетово 3447, активни 979• Струга 1239, активни 392• Велес 1695, активни 771• Битола 1637, активни 808• Охрид 1362, активни 612• Кавадарци 1030, активни 441• Гостивар 2047, активни 710• Гевгелија 638, активни 218 (45 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 115 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1514, активни 591• Крива Паланка 381, активни 126• Радовиш 382, активни 128• Крушево 107, активни 69• Кочани 1111, активни 308• Пробиштип 313, активни 73• Демир Хисар 168, активни 73• Македонски Брод 145, активни 34• Пехчево 94, активни 27• Берово 312, активни 82• Валандово 177, активни 64• Виница 333, активни 171• Делчево 380, активни 164 (103 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 142, активни 77• Свети Николе 736, активни 230• Кичево 1114, активни 515• Ресен 386, активни 154• Неготино 447, активни 275 (44 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 3109 теста се преку: ИЈЗ-665, ЦЈЗ Скопје-84, Авицена-326, Биотек-345, МАНУ -272, Жан Митрев (Филип Втори)-308, Систина со PCR метода -236, лабораторија Лаор –73, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-95, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-93, Ремедика-29, лабораторија болница Козле-40, ЈЗУ (рапид тест) -535, УК Пулмологија со алергологија –5, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 309.590 тестирања на Ковид -19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 621• Гази Баба – 1462• Аеродром -1433• Карпош – 1211• Центар – 1188• Кисела Вода – 1207• Ѓорче Петров – 811• Бутел - 539• Шуто Оризари – 179• Студеничани – 51• Сарај – 148• Арачиново -36• Илинден – 246• Сопиште – 62• Чучер Сандево – 103• Петровец –124• Зелениково -68• Странец – 174• Нераспределен- 191

Македонија | пред 5 години

opstina-centar

Општина Центар: Наплативме казна од „Лимак“, а не можеме да ги трошиме парите додека НБРМ не ги распредели

Општина Центар врши наплата на казна по основ на договор за отуѓување на градежно земјиште кон правното лице „Лимак“ Доо Скопје, бидејќи задоцнило со испочитување на договорните обврски од договорот за отуѓување на градежно земјиште во предвидениот рок, соопшти Општината.Општина Центар утврдила дека Министерството за транспорт и врски не извршило наплата на договорните казни за едниот објект – хотел, при што, по преземање на предметите од страна на Општина Центар, општината успеала да го наплати долгот во износ од 7.542.900 денари.Како што се наведува во изјавата од страна на Трајковска, не станува збор за сообраќајница, туку за два објекти, односно деловниот простот и хотелот на компанијата Лимак Доо Скопје. Од страна на Општина Центар, утврдено е дека Министерството за транспорт и врски не извршило наплата на договорните казни за едниот објект – хотел, при што, по преземање на предметите од страна на Општина Центар, општината успева да го наплати долгот во износ од 7.542.900,00 денари, велат од општина Центар.Од Општина Центар велат дека ова е единствената општина која не должи средства и редовно ги сервисира своите обврски и должности. Во буџетот на Општина Центар вратени се средства во износ од 2,5 милиони евра, по основ на договорни казни, банкарски гаранции и пресуди. И тоа: 2.301.715 денари од Град Скопје и Музеј на Град Скопје, 1.297.050 денари од ќебапчилницата „Кај Злате“, од Министерството за транспорт и врски вратен е долг во износ од 5.141.462 денари. Од Пелагонија АД Гостивар повратен е износ од 94.184.098 денари, од Друштвото за производство промет и услуги „Риком“ Дооел увоз-извоз во износ од 3.242.607,50 денари, како и наплата на договорни казни од договори за отуѓување на градежно земјиште со јавно наддавање во износ од 6.149.420 денари со „Макоил“ Дооел, „Камфуд“ Дооел Скопје во износ од 1.651.320 денари, „Елан-Пропертис“ Дооел во износ од 6.979.500 денари и други.Се водат судски спорови во износ од над 3,5 милиони евра кои преку правни механизми ќе бидат вратени и инвестирани во нови капитални проекти во Центар.

Скопје | пред 5 години

pozar-tetovo

Пожар во близина на железничката станица во Тетово

Тетовските пожарникари попладнево интервенираат за гаснење на пожарот што се случи во индустрискиот дел на градот, во близина на спортско-рекреативниот центар.Пожарот е пријавен во полицијата во 15.30 часот и зафатил неколку монтажни објекти-бараки.Нема информации за повредени лица.Повеќе детали околу настанатата штета се очекуваат во текот на денот. Фото: МИА

Македонија | пред 5 години

kursum-645x360

Три лица повикани на распит поради пукањето во Чаир

Полицијата повикала на испитување три лица поради пукањето што се случи вчера на улицата Цветан Димов во Скопје.На местото на настанот пронајдени се шест чаури и еден неиспукан куршум, велат од МВР.Нема повредени лица.Поради настанот, вчера улицата Цветан Димов беше блокирана.

Скопје | пред 5 години

brza-pomos

Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом

Девојка на 22-годишна возраст вчера била пронајдена почината во нејзиниот дом на улицата „Булевар ЈНА“ во Штип.Девојката била во бессознание кога ја пронашла нејзината мајка, по што од страна на Итната медицинска помош била констатирана смрт.Од МВР засега нема детали за причината за смртта на младата девојка. Оттука велат дека нејзиното тело ќе биде дадено на обдукција, а за настанот известен е Јавен обвинител.

Македонија | пред 5 години

asnom-most

Градежен работник спаси маж од водите на реката Вардар

Градежник, кој работи на изградба на новиот мост „АСНОМ“ кај хотел „Русија“ вчера спасил дементен старец од давење, информираат од полицијата.-На 20.11.2020 во 14.32 часот во СВР Скопје било пријавено дека позади хотел на мост во изградба на подрачјето на Аеродрoм, од водите на реката Вардар бил изваден Б.М.(81) од Скопје. Полициски службеници од СВР Скопје излегле на место на настанот и по извршен разговор со С.С.(27) од Тетово, тој појаснил дека, додека извршувал градежни работи на мостот, го забележал Б.М. во водите на Вардар, по што влегол во реката и го извадил, велат од МВР.Од лекар од Итна медицинска помош бил извршен преглед и било констатирано дека Б.М. е во добра состојба, по што бил вратен во неговиот дом, каде од неговата снаа било појаснето дека Б.М. имал здравствени проблеми и без нивно знаење го напуштил домот.

Скопје | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 825 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 825 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти.На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 62 болни, а во Куманово 106 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 113, во ковид центарот во Гостивар 49, а во Струга 28 болни. Во болницата во Струмица лежат 95 пацинети, во Кочани 24, во Кичево 17, Кавадарци 41, а во Гевгелија 10 лица позитивни на корона вирусот.Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1292 и има околу 120 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

meta

Мета: Албанско – македонските односи многу добри и стабилни

Албанско- македонските билатерални односи се многу добри, стабилни, во секој поглед, но можеме повеќе пред сè во економоијата и трговската размена, оцени албанскиот претседател Илир Мета, кој денеска престојува во Дебар.-Се надевам дека набрзо ќе заврши и изградбата на автопатот „Руга е Арбрит“(Патот на Арбр) што е една одлична можност за економски „процут“ на Дебар, но и за целиот овој регион. Тоа ќе значи и нови работни места и задржување на младите на родното огниште, рече Мета, додавајќи дека треба да се даде посебен импулс во сорабоката за справување со пандемијата.Тој одговори на новинарско прашање и околу евроинтегративниот процес на Албанија и на Северна Македонија, оценувајќи дека „Македонија е на сигурен пат, наспроти Албанија која треба уште да направи“.https://twitter.com/ilirmetazyrtar/status/1330116033760342017?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1330116033760342017%7Ctwgr%5E&ref_url=https%3A%2F%2Fnetpress.com.mk%2Fmeta-albansko-makedonskite-odnosi-mnogu-dobri-i-stabilni%2F-Сметам дека Македонија спроведе зрели политички и демократски процеси. Македонија е на сигурен пат. Се надевам дека во односот со Бугарија прашањата ќе бидат надминати во европски духот и соработка. Нам ни останува многу повеќе работа, секако ќе настојуваме да ги исполниме задачите, а тука битно е успешно да ги спроведеме и изборите, тие да бидат слободни и демократски избори. Така ќе се случи во секој случај, оцени Мета. 

Македонија | пред 5 години

bacev

Единствена Македонија до СДСМ: Објавете дека веќе имате одлука да нема избори на 13 декември, нема причина за натамошно тактизирање

Единствена Македонија го повикува СДСМ, кој веќе има внатрешна партиска одлука дека ќе нема локални избори на 13 декември и јавно да ја објави во јавноста. Не гледаме ниту една рационална причина СДСМ и понатаму да тактизира со одлуката за стопирање на локалните избори во Штип и Пласница, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Тие во истото додаваат:Здравјето на луѓето не трпи политички калкулации. Кризата со коронавирусот се повеќе се шири со зголемениот број на нови заболени, но и на смртни случаи. Сега е најважно здравјето на народот. Очекуваме СДСМ да ја објави одлуката за стопирање на изборите на 13 декември и на конкретен начин да покаже дека во ова тешко време е на страната на народот.Да потсетиме, Единствена Македонија по анализите и внатрепартискиот избор утврди двајца млади и амбициозни луѓе како кандидати за градоначалник за Штип и Пласница. Но, дополнително, во актуелните околности кои ги прават овие избори да не се исти со кои било други избори, Извршниот комитет на Единствена Македонија донесе одлука да ги повлече кандидатите и да не учествува на изборите во Штип и Пласница.Единствена Македонија ќе продолжи одговорно да се однесува и останува до крај на страната на народот и целосно посветена на елиминирање на последиците од оваа криза. Да го заштитиме здравјето на народот, па, ајде сите на избори, велат од Единствена Македонија.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Три девојчиња биле демнети на Фејсбук, па станале жртви на демначот кој ги силувал - демнењето влегува во два закона

Три малолетни девојчиња од Македонија во периодот од 2019 до 2020 година биле првин демнети на Фејсбук, а потоа станале жртви на демначот кој ги силувал повеќепати. Демнењето во нашите закони никаде не е спомнато и затоа се случува секому. Секој може да ве следи физички, но и онлајн, што е во страшен пораст во светот. Тоа секогаш е со некаква цел, праксата покажува дека покрај вознемиреноста и стравот, жртвата трпи и многу потешки последици, Објави sdk.mk. „Првата жртва била контактирана од страна на осомничениот преку социјалната мрежа Фејсбук. Осомничениот ѝ испратил порака дека за неа има слики со компромитирачка содржина, со закана дека ќе ги сподели јавно и со нејзините родители ако не се сретнат. За време на средбата, осомничениот со закани и наредби, ја принудил да се соблече и навистина ја фотографирал жртвата без облека. Потоа со закани и уцени во наредните три месеци постојано ја принудавал да се гледаат, кога и ја принудувал на сексуални односи, во спротивно ќе ги објавел фотографиите. Истото однесување, односно истиот начин на сторување на кривичното дело е пресликан и со втората и со третата жртва. Жртвите се фотографирани од страна на сторителот, извршена е обљуба и под закани и уцени и по извршување на кривичните дела, се принудувани да се гледаат со сторителот“, велат од Македонското здружение на млади правници, кои го работеле овој случај.Демнењето, кривично дело кое досега го немаше во ниту еден наш закон, за првпат влегува во новиот Закон за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство. Демнењето се забранува, а тој што ќе демне и следи некого ќе се соочи со казна затвор до 3 години. Ако бил(а) во љубовна врска или во брак со жртвата, казната што се предвидува со измените на Кривичниот законик, е до 5 години затвор.Текстот во целост на: sdk.mk. 

Македонија | пред 5 години

17112020_PVRSM_Zaev_Intervju-za-TV21_1

Заев за Франс прес: Секое прашање за македонскиот идентитет е „црвена линија“

„’Многу горчина’: Премиерот на Северна Македонија жали за блокадата на Бугарија во ЕУ“, е насловот на текстот што го објави денеска новинската агенција Франс прес (АФП) по интервју со претседателот на Владата, Зоран Заев во Скопје.Заев за АФП вели дека источниот сосед му донел „непријатно изненадување“.Создаден е голем гнев меѓу братски луѓе што живеат од двете страни на границата, оценува Заев, но сепак изразува уверување дека е можен чекор напред.Напоменувајќи дека постои апсурдност во целиот проблем, премиерот потенцира и дека секое прашање на македонскиот идентитет е „црвена линија“.„Покажавме колку веруваме во европските вредности“, додава Заев, алудирајќи на компромисот за промената на името, „и сега, кога Европа требаше да ги покаже своите европски вредности, тие не беа таму“.-Блокадата на Бугарија за соништата на Северна Македонија за влез во Европската унија е спротивна на вредностите на блокот и предизвика „многу горчина кај нас“. Секое прашање на македонскиот идентитет е „црвена линија“. Тоа е прашање на самоопределување кое е во срцето на европскиот проект, истакнува премиерот.Авторите на текстот прават и кус осврт на случувањата.-Софија сака нејзиниот мал сосед да ги признае, како што вели, бугарските корени на нејзиниот јазик, народ и историја, пред да дозволи балканската земја да напредува во процесот на пристапување. Северна Македонија, сиромашна земја во која живеат два милиона луѓе, се движеше и порано по овој пат. Стана кандидат за членство во ЕУ во 2005 година, но беше блокирана од Грција за да оди напред. Атина стави вето за поранешното име на земјата, Македонија, сметајќи го за напад на грчката територија и наследство. За да се надмине тој ќор-сокак, Заев склучи тежок договор во 2018 година за да го додаде географскиот квалификант „Север“ со цел да го разликува од грчката провинција Македонија, наведува Франс прес.Француската новинска агенција потсетува и дека Бугарија, која влезе во ЕУ во 2007 година, беше првата земја што ја призна Северна Македонија откако прогласи независност од Југославија во 1991 година. Тоа беше и една од причините, дополнува, зошто Заев ги опиша како „наш најголем пријател“.-Бугарија ја обвини Северна Македонија за кражба на нејзината историја и е особено вознемирена поради недостатокот на напредок од заедничката комисија која се обидуваше да постигне договор за заеднички наратив за учебниците, стои во написот на АФП.Според Заев, ваквите прашања треба да се работа првенствено на историчарите, но важно е, како што вели во интервјуото, да се потенцираат и договорите што Комисијата ги постигна во некои области.-Верувам многу во европските вредности, можеби многу повеќе од некои поединци во ЕУ, подвлекува премиерот Зоран Заев за Франс прес.

Македонија | пред 5 години

policija-1

Несреќата во Кавадарци се случила затоа што автомобил се обидел да престигне трактор

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци заедно со увидна екипа од ОВР Кавадарци изврши увид на самото место каде вчера околу 17.00 часот се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице.„ На регионалниот пат Кавадарци, кај градските гробишта, се случила сообраќајна незгода помеѓу трактор Урсус со приколка, управуван од 24 – годишен жител од Кавадарци, патничко возило Голф, управувано од жител на село Дабниште, кавадаречко на возраст од 51 година и патничко возило Опел вектра, управувано од 46-годишен кавадарчанец. Според првичните сознанија, до незгодата дошло при обид на возачот на Голфот да го престигне тракторот со приколка.На местото на незгодата од тешките повреди починало едно лице (54) – сопатник во патничкото возило Голф. Четири лица со телесни повреди се пренесени во здравствени установи за натамошно укажување лекарска помош и лекување“.Во насока на расчистување на причините за сообраќајната несреќа, јавниот обвинител издаде наредби за обезбедување и прибирање на траги од самото место, како и за сообраќајно – техничко вештачење.​

Македонија | пред 5 години

zugik

Жугиќ: Шилегов спротивно на здравиот разум во услови на епидемија троши 525 илјади евра на лампиони и диносауруси, дали ова е некој бонбона бизнис?

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, повеќе од очигледно е дека тера инает со здравиот разум. Во услови на тешка пандемија, тој упорно не отстапува од намерата од градскиот буџет да потроши 32.340.000 денари или 525 илјади евра за новогодишни лампиони и пластични диносауруси. Од една страна владејачката партија прогласи кризна состојба, а од друга страна градоначалникот Шилегов инсистира да го кити градот со лампиони, новогодишни светилки и играчки диносауруси, истакна Јелена Жугиќ, Советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.Жугиќ додаде:ВМРО-ДПМНЕ и јавноста и граѓаните на Скопје подолго време апелираат дека оваа астрономска сума треба да се пренамени за справување со здравствената криза.Во услови кога половина од заразените од вирусот на државно ниво се жители на Скопје, во услови кога секој ден стотина наши сограѓани заболуваат, а дел од нив го губат и својот живот, градоначалникот празните улици ќе ги кити со прескапи сијалички. Зошто и за кого?Здраворазумно е овие над половина милион евра да се насочат онаму каде што е најпотребно, во заштита на здравјето и животите на скопјани.Повторно апелираме до градоначалникот Шилегов, тие половина милион евра да ги насочи кон набавка на медицински материјали, возила на Брза помош, јакнење на здравствените капацитети, помош на граѓаните кои се во самоизолација, помош на ранливите категории граѓани, на лицата со попреченост, да помогне во заштита на здравјето на скопјани.Во спротивно, неговото инаетење може да се толкува како јавна набавка која за градоначалникот преставува личен интерес, бонбона бизнис од кој и покрај апелите на скопјани тој нема, ама баш никаква намера да се откаже, истакна Јелена Жугиќ, Советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Скопје | пред 5 години

dimce

Арсовски: Вето има зошто Заев дома ветуваше датум, а на Бугарите распродажба на идентитетот и бизниси во земјава

Клучните политики на Заев и СДСМ со кои го лажеа народот во Република Македонија се разобличени.Тоа се живот за сите и влез во ЕУ. Ниту има живот за сите, ниту влегуваме во ЕУ во блиска иднина.Треба да се биде објективен и да се признае дека виновник за ветото е Зоран Заев кој дома ветуваше датум, а на Бугарија им ветувал историја, народ, малцинство кое ќе биде дефинирано од бугарската држава. Сето ова се удира во ѕид, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Тој додаде:Живот за сите нема затоа што испокрадоа СДСМ се што можеа и се што можеше да се испокраде, додека пак во ЕУ не влегуваме од неколку причини.Најпрвин, проблемот кој го има Бугарија со Република Македонија, не е туку така настанат, туку настанат е заради несериозната и неискусна „патлиџан” дипломатија на СДСМ, Заев и Димитров. И оттука слободно можеме проектот на Заев, Димитров, Шекеринска за влез во ЕУ да го прогласиме за политички мртов.Покрај несериозната дипломатија, распродавањето како на пазар на национални и свети интереси на Република Македонија и македонскиот народ, нашите информации говорат дека Зоран Заев ветувал и многу други работи, кои немаат никаква поврзаност со дипломатија и ЕУ интеграција, туку само со обичен бизнис.Па оттука прашуваме и очекуваме одговор: Какви концесии има Зоран Заев кон бугарската Влада и поединци од таму, кои што денес се една од пречките за ЕУ интеграција на Република Македонија? Дали се работи за бизнис концесии? Кои фактури ќе треба да ги плаќаат граѓаните за шарлатанството на Зоран Заев?Дали е точно дека Заев ветувал на одредени луѓе, дека на патот кон ЕУ, како дел од цената за обезбедување поддршка од бугарската влада ќе биде и директна продажба на одредени државни удели во државни институции коишто ги поседува Република Македонија и владата, кои треба да преминат во капитал на бугарски бизнисмени, удели за кои и најавија продажба од самата Влада на Заев?Тука би ги потенцирал делот кој го поседува Владата во Телеком, железничкиот транспорт, ТЕЦ Неготино, Македонски пошти и уште неколку приватни компании?Зоран Заев им го должи овој одговор на граѓаните и тоа што побрзо.Ова се огромни пазарџиски ветувања кои според одредени информации се една од неколкуте причини за блокадата на Бугарија во однос на Македонија, покрај немањето реформи, меката кичма на Заев и лагите и лажните ветувања.Затоа е потребна Влада за национален спас, наспроти шарлатан како премиер кој лаже кај стигне и распродава се живо.Оставки веднаш, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

stojance-cuk

Ангелов: Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава

ФБ статус на Стојанче Ангелов, Директор на ЦУК. Тој во објавата пишува:Заврши времето кога безмалку безгрижно си кршев ќерамиди со глава.Од синоќа раководам со Главниот Штаб за управување со кризната состојба предизвикана од Ковид 19.Заради поуспешна работа на Главниот Штаб, покрај учеството на многуте стручни лица од различни институции, добредојдени се и сите ваши конструктивни идеи, забелешки, совети и критики кои може да ги напишете на ФБ страната на Центарот за управување со кризи. 

Македонија | пред 5 години

unisteno

(ФОТО) Вандализам во Куманово: На подлога од школско игралиште испишано “Албанија” и нацртано срце

Уште целосно ненаправено, уништено од страна на несовесни и неодговорни.Тартан гумената подлога на надворешното игралиште во техничко училиште Наце Буѓони во Куманово е уништено од страна на вандали во текот на вчерашниот ден веднаш по неговата изведба.Само да потсетам оваа училиште од кое излегоа над шеесет образувани генерации оваа година доби и нова училишна спортска сала, дали така се однесувате и за сопствениот имот?Оваа година општината и училиштата од заштедите кои што се направени во образованието поради намалените трошоци средствата ги инвестира во подобрувањето на условите во училиштата (реконструкција на три спортски игралишта со тартан подлога и нова опрема, реконструкција на санитарни јазли, репарација на кровови и спортски училишни сали, набавка на смарт табли и други технички помагала и др.), во училиштата не е вложувано со децении и повеќе од неопходно е да создадеме подобри услови за младите генерации.Дали со вакво однесување на поединци ќе успееме во тоа, дефинитивно ДА...Ќе ве пронајдеме кои и да сте, ќе одговарате а ние ќе продолжиме да работиме!Го осудувам овој вандализам, мораме сите заедно и одговорно да го сочуваме заедничкиот имот, апелирам до надлежните да ги пронајдат и санкционираат сторителите!

Македонија | пред 5 години

korona5

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 36 пациенти, а вкупно се лекуваат 467 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје хоспитализрани се 36 нови пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 467 лица сомнителни и потврдени за КОВИД-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, четворица болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, а 10 во новоотворениот центар на Клиниката за очни болести. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени шест лица.Во изминатите 24 часа дома се пуштени 31 оздравен пациент.Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 19 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на корона вирусот, на Клиниката за Гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 26 лица, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 24 пациенти, а на Клиниката за очни болести 11пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 106 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 155 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 36 пациенти, од кои 6 деца и 30 возрасни.Вкупно 467 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 25 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.Од вчера наутро ковид одделнијата во Скопје се проширени за дополнителни 43 кревети и се ставени во функција на пациентите суспектни и потврдени за КОВИД 19. Почна да работи ковид оддлелението на Кликината за очни болести со капацитет од 23 кревети, ковид центарот во ГОБ 8 Септември е проширен за 26 нови места и капацитетот од досегашните 80 се зголемува на 106 болнички кревети. Во наредните денови се очекува да почне со работа и ковид центарот на Клиниката за уво, нос и грло.Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Македонија | пред 5 години

sneg

Студено време со ветeр и услови за снег

Времето утрово е студено и ветровито, а преку ден ќе биде облачно со засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на поголемите височини. Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а некаде во долините е можен слаб дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи.Дневната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.Во Скопје ќе биде претежно облачно и ќе дува умерен до засилен северен ветер. Дневната температура ќе достигне 8 степени.

Македонија | пред 5 години

lisici

Приведен тетовец баран по потерница за издржување на затворска казна

На 20.11.2020 во 11.45 часот пред угостителски објект во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на издадена судска наредба, приведен е Т.Г.(60) од Тетово, за издржување на казна затвор. Лицето е спроведено во Казнено - поправната установа Затвор - Тетово за издржување на казната.

Македонија | пред 5 години

milena-stevanovic

(ВИДЕО) Докторите порачуваат: Неуморно се бориме за здравјето и животот на сите пациенти

Здравствените работници неуморно го даваат својот максимум во третманот и грижата за пациентите. Капацитетите на болниците се веќе преполнети, а динамиката на излекување и прием на нови пациенти е се потешко одржлива. Целиот медицински персонал е преморен, но тие не се откажуваат во грижата за нашите пациенти.Во видео обраќање, д-р Милена Стевановиќ, д-р Дејан Докиќ, д-р Калина Гривчева-Старделова, д-р Илир Демири, д-р Ирена Рамбабова Бушљетиќ, д-р Димитар Каркински и медицинскиот техничар Сабри Азири порачуваат да бидеме нивната поддршка. Тие апелираат да ги почитуваме мерките за да може да им помогнеме и на нив, кои изминативе 9 месеци се во првите борбени редови.„Ангажирани сме цело време со сета наша желба да дадеме најдобро што можеме. Одамна престанавме да пресметуваме работно време. И ние имаме семејства, имаме деца, имаме постари родители. И ние не сакаме да ја однесеме болеста дома, ниту пак да се разболиме. Се трудиме и ќе настојуваме ниту еден пациент да не остане без потребната медицинска заштита за третман во болнички услови. Ова ќе трае и само сплотени можеме да дадеме придонес, за да можеме да им помогнеме на нашите пациенти. Ве молиме! Придржувајте се до препораките, носете ги маските, одржувајте ја дистанцата. Само така ќе излеземе победници во оваа битка.“, порачуваат докторите.Носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка дистанца, негрупирањето како и честото миење на рацете се клучните мерки во справувањето со ковид-19 кризата. Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопственото здравје и здравјето за нашите најблиски.

Македонија | пред 5 години

1-20201120_203406-

Главниот штаб за управување со кризи попладне ќе одржи седница

Согласно одлуката за кризна состојба, доцна синоќа во Центарот за управување со кризи, се одржа седница на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК. Штабот е оперативно стручно тело коешто раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.Со Главниот штаб раководеше директорот на Центарот, в.д., Стојанче Ангелов, а присуствуваа претставници на субјекти во Системот за управување со кризи назначени согласно и Законот за управување со кризи (од министерствата за внатрешни работи, за здравство, за транспорт и врски, за одбрана и за надворешни работи и раководителот на Групата за процена, како и раководителот на Итна медицинска помош во Скопје, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, како и претставници на Армијата, Агенцијата за разузнавање, дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Црвениот крст на Република Северна Македонија).На седницата, по конструктивна и куса дискусија, е утврдена рамка на активности на институциите во контекст за усвојување на Акциски план, согласно одлуката за кризна состојба.Инаку, донесената Одлука за постоење кризна состојба на територијата на цела држава е во насока за заштита на јавното здравје во услови на постоење пандемија и заради спречување на болеста „Ковид-19“ и вирусот „SARS-CoV-2“ и заради спречување ширење во зголемен обем со што би се загрозила безбедноста на населениетоДоговорено е денеска во 16 часот да заседава Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК, а до тогаш, Центарот за управување со кризи изготвува Нацрт акциски план којшто се разгледува и се конкретизира заеднички на седницата, при што субјектите од СУК учествуваат во рамки на нивните надлежности и капацитети во насока за придонес во борбата против пандемијата.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања