Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

ДВ: Наместо прием на пациенти во актуелните приватни болници, пациентите ќе се праќаат во старата „Систина“

Од идејата, приватните болници да помогнат во лекувањето на заболените од ковид-19 преку преземање на пациенти во постојните простории, веројатно ќе нема ништо, односно ќе има алтернативно решение. Сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“ попладнево беа на средба со министерот за здравство Венко Филипче, и оттаму излегоа со став дека се подготвени да помогнат, но немаат место за прием на нови пациенти. Алтернативното решение најверојатно ќе биде дополнително оспособување на стариот објект на „Систина- Мала Богородица“, каде веќе постојат одредени услови, објави dw.com. Според информации на ДВ, наместо прием на пациенти во нивните актуелни болници, сопствениците ќе треба да се договорат, во стариот објект на Систина, да обезбедат 100 кревети и персонал кој ќе ги опслужува пациентите, а со објектот ќе менаџира државата. Останува до недела да се договорат уште многу детали меѓу кои е и прашањето: кој и како ќе плати за целата операција?Од почетокот на пандемијата, приватните клиники се вклучени во борбата против заразата, но со цени кои се повисоки и во однос на ПЦР тестовите, лабораториските анализи и болничкото лекување. Како што пишуваа медиумите во изминатиот период, во одделни болници цената на дневниот престој во приватните болници надминува 500 евра. Ако се има предвид дека лекување трае во просек по десетина дена, крајната сума којашто треба да ја платат пациентите би можела да се движи и по неколку илјади евра.Текстот во целост на: dw.com. 

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

39 починати лица денеска и нови 1237 случаи со Ковид 19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3200 тестирања, а регистрирани се 1237 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-506, Куманово-34, Штип-55, Прилеп-91, Тетово-51, Струга-31, Велес-67, Битола-30, Охрид-26, Кавадарци-31, Гостивар-75, Гевгелија-23, Струмица-38, Крива Паланка-8, Радовиш-11, Крушево-12, Кочани-15, Пробиштип-3, Демир Хисар-7, Македонски Брод-4, Берово-1, Валандово-6, Виница-3, Делчево-2, Кратово-5, Свети Николе-24, Кичево-36, Ресен-13, Неготино-29.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 748 оздравени пациенти од: Скопје-284, Куманово-49, Штип-32, Прилеп-61, Тетово-69, Струга-5, Велес-51, Битола-28, Охрид-13, Кавадарци-14, Гостивар-35, Гевгелија-12, Струмица-25, Крива Паланка-7, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-15, Пробиштип-8, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Берово-4, Валандово-3, Делчево-5, Свети Николе-8, Кичево-1, Ресен-1, Неготино-5.Починати се 39 лица, десет пациенти од Скопје (73, 84, 63, 61, 83, 38, 77, 76, 62 и 76г), еден од Куманово (76г), еден од Штип (51г), тројца пациенти од Прилеп (71, 57 и 56г), еден од Тетово (65г), шест од Велес (76, 59, 81, 63, 81 и 85г), пет од Битола (68, 65, 44, 76 и 69г), двајца од Охрид (54 и 63г), шест пациенти од Струмица (72, 85, 71, 54, 77 и 71г), еден од Крушево (44г), еден од Кочани (67г), еден од Кичево (67г) и еден пациент од Неготино (67г). Oд нив еден е починат вон, останатите се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 52449, бројката на оздравени пациенти е 30952, на починати е 1462, а бројот на активни случаи изнесува 20035. Од вчера се регистрира еден контролен тест, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 23069, активни 9692• Куманово 3308, активни 910• Дебар 421, активни 86• Штип 2352, активни 525• Прилеп 2471, активни 997• Тетово 3372, активни 960• Струга 1212, активни 365• Велес 1654, активни 761• Битола 1609, активни 784• Охрид 1324, активни 576• Кавадарци 1000, активни 429• Гостивар 1981, активни 667• Гевгелија 621, активни 219 (39 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 114 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1492, активни 585• Крива Паланка 373, активни 119• Радовиш 374, активни 123• Крушево 100, активни 65• Кочани 1098, активни 315• Пробиштип 304, активни 67• Демир Хисар 165, активни 73• Македонски Брод 139, активни 28• Пехчево 94, активни 31• Берово 308, активни 81• Валандово 165, активни 54• Виница 325, активни 163• Делчево 376, активни 163 (101 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 142, активни 80• Свети Николе 730, активни 233• Кичево 1059, активни 460• Ресен 382, активни 150• Неготино 429, активни 274 (44 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 3200 теста се преку: ИЈЗ-943, ЦЈЗ Скопје-79, Авицена-401, Биотек-317, МАНУ -221, Жан Митрев (Филип Втори)-253, Систина со PCR метода -265, лабораторија Лаор –34, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-43, Инфективна клиника-4, ГАК-0, Синлаб-51, Ремедика-31, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -550, УК Пулмологија со алергологија –2, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 306.481 тестирања на Ковид -19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 607• Гази Баба – 1437• Аеродром -1410• Карпош – 1201• Центар – 1175• Кисела Вода – 1195• Ѓорче Петров – 791• Бутел - 534• Шуто Оризари – 165• Студеничани – 51• Сарај – 139• Арачиново -34• Илинден – 249• Сопиште – 63• Чучер Сандево – 106• Петровец –117• Зелениково -68• Странец – 171• Нераспределен- 179

Македонија | пред 5 години

brza-pomos

Едно лице загина, неколкумина повредени во тешка сообраќајка во Кавадарци

Една жртва и други повредени има во тешката сообраќајка вечерва помеѓу трактор и два автомобила во Кавадарци.Од Итната медицинска помош потврдија за МИА дека засега со сигурност може да се каже дека има една жртва, а точниот број на повредени засега не може да се каже.Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски рече дека во тек е увид на лице место и засега не може да каже повеќе детали.Извор:МИА

Македонија | пред 5 години

120190520_075559

Владата прогласи кризна состојба

Владата на Република Северна Македонија на денешната 23-та седница донесе Одлука за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од заразната болест КОВИД-19 предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2 и заради спречување од негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.Ова е на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, по претходен предлог на Групата за процена. Претходно на седница, Советот за безбедност препорача прогласување кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради корона-кризата.Периодот за постоење на кризна состојба на територија на Северна Македонија е во траење од 30 дена, почнувајќи од 20 ноември 2020 година и за оваа Одлука Владата ќе го извести Претседателот на Република Северна Македонија и Собранието.Истовремено, Владата ќе му предложи на Претседателот на Република Северна Македонија да одлучи за учество на дел од припадниците на Армијата (вид и број на сили и капацитети на армиските единици, намена и задачи за кои се бараат и времетраењето на активноста и ангажираноста на армиските единици) во справување со кризната состојба.Владата заклучи, Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на Акциски план за превенција и справување со ширењето на заразната болест КОВИД-19, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување.Владата донесе заклучок и Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за здравство, Армијата, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, сите расположливи капацитети и ресурси да ги стават во функција на справување со кризната состојба.

Македонија | пред 5 години

doktor

Германски доктор им давал смртоносни инекции на болните со тешка форма на корона

Германската полиција отвори истрага против лекар во Есен осомничен за убиство на двајца тешко болни пациенти заразени со коронавирус, соопштија властите.Лекарот (44), кој работи во Универзитетската болница во Есен од февруари, е осомничен за убиство на двајца мажи, на возраст од 47 и 50 години, кои биле на интензивна нега и биле заразени со коронавирус и имале потешка форма на болеста.Лекарот признал едно од убиствата велејќи дека сакал да го поштеди пациентот и неговите роднини од понатамошно страдање.„Билд“ објави дека лекарот ги информирал семејствата на пациентите пред да им инјектира смртоносна инјекција.Пациентите во Германија можат да побараат помош за ставање крај на сопствениот живот врз основа на пресуда донесена минатата година, но сè уште е нејасно дали тоа се случило во овој случај.Болницата соопшти дека лекарот е суспендиран.извор: Макфакс

пред 5 години

Нема фотографија

Заев – Брнз: Нашата заедничка цел и натаму е Северна Македонија да ги почне преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави Кејт Брнз, на која се разговараше за актуелните процеси поврзани со евроинтеграциите за земјава, за стратешката соработка меѓу Република Северна Македонија и САД и за предизвиците во справувањето со пандемијата предизвикана од КОВИД-19.На средбата заеднички беше констатирано дека двете држави посакуваат преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија да започнат до крајот на годинава, како влог во стабилност на регионот и како важен процес за обезбедувањето просперитет за граѓаните. Според Заев и Брнз, решавањето на билатералните прашања треба да остане надвор од преговарачката рамка меѓу Северна Македонија и ЕУ, а секое противење или оневозможување на овој процес е на директна штета на кохезијата на трансатлантското семејство на народи и спротивно на интересите за стабилност и демократија во регионот.Амбасадорката на САД Кејт Брнз ги поздрави постапките на Владата за сузбивање на потпалувачкиот говор во јавноста и даде поддршка на напорите да се одржи конструктивниот и отворен дијалог по однос на овие прашања. Премиерот Заев се придружи кон овие ставови и изрази надеж дека примерот на Владата во промоцијата на дијалогот како алатка за решенија ќе го следат сите чинители од земјата и регионот.Премиерот Заев изрази благодарност за стратешката и сојузничка поддршка која Северна Македонија ја добива од САД и заедно со амбасадорката Брнз ги потврдија заложбите за постојана и суштинска соработка во справувањето со коронавирусот, како и за уште поголеми директни инвестиции од САД во развојот енергетиката, дигиталната економија и сајбер безбедноста согласно безбедносните стандарди на НАТО.

Македонија | пред 5 години

saso-tasevski

Тасевски: А, ти блебеташ за легализација на ганџа која, ќе мора сите да ја купуваат само од тебе

Актерот Сашо Тасевски ја коментира најавата на премиерот Зоран Заев за декриминализација и легализација на марихуаната во туристичките места, пти што истакнува дека сега е најнепогодно време да се зборува и да се работи на таков проект.Како што вели Тасевски, само психопати може да размислува за легализација на марихуаната кога секојдневно умираат по триесетина луѓе и кога здравствениот систем е во колапс.Ете, бомбона држава направија, па остана уште марихуаната да ја легализираат.Е тоа е симптом на психопатија.По триесет луѓе да ти умираат дневно од ковид.Здравствениот систем да ти е на респиратори, во длабок колапс.Да ти се заканува асимилација на народот којшто го водиш, зашто ко теле си ветувал по комшии и ридови и долини, без грам мозок за последиците од тоа.А, ти блебеташ за легализација на ганџа која, ќе мора сите да ја купуваат само од тебе.Браво.СДСМ да ви кажам нешто, не знам дали сте свесни. Штом паднете од власт, ставете си клуч на партијата. Нема веќе да постои таква будала која ќе гласа за вас. Ја посравте до гуша – коментира Тасевски.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Заев може да вети и пат до месечината, но легализацијата на омилениот бизнис марихуана не може да го покрие ветото и штетата која и ја нанесе на Македонија

Зоран Заев и СДСМ се надеваат дека може да го дефокусираат вниманието од нивните погубни политики за иднината на државата, со политики од полињата со марихуана, кои се еден од омилените бизниси на кланот Заеви.И змамникот Заев може да вети и пат до месечината, но легализацијата на омилениот бизнис марихуана не може да го покрие ветото и штетата која и ја нанесе на Македонија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Тие во истото додаваат:Дури и да воведе адолжително конзумирање марихуана која ќе ја продава единствено кланот Заеви, ниту еден граѓанин на Македонија нема да заборави на неговите лаги, лажни ветувања, тргувања со националните интереси и крахот на неговите политики и ветувања.На Заев среде страшна пандемија и економски крах, главен приоритет му е легализација на марихуаната, заради нарко бизнисот на фамилијата. Ова е срамно и уште еден доказ за забеганоста, неспособноста и немањето контакт со реалноста на актуелната власт на Заев и СДСМ.Можеби за Заев е логично после ваков дебакл да размислува на лесни дроги, но неговите надувани ветувања не им помагаат на граѓаните кои се борат со страшната пандемија и економската катастрофа.На државата и требаат луѓе кои ќе работат и ќе создадат услови за подобра иднина, а не луѓе кои мислат само на личното богатење и семејните бизниси.Ниту едно законско решение за особено сензитивни и комплексни теми, на кои мора да се испитаат многу аспекти преку најширока дебата на најдобрите и најстручните експерти, не смее да биде ставено на брза лента од страна на кланот Заеви поради нивните лични интереси и желбата да се заборави на ветото по заслуга на Заев.Токму во времето на ВМРО-ДПМНЕ, по опсежни анализи од секој аспект, се донесе законот за употреба на медицинската марихуана која им помага на многу луѓе со различни здравствени состојби.Секоја наредна постапка на оваа или слични теми мора да биде максимално претпазлива и низ широка дебата, а не во рацете на човек кој не знае што да прави за да побегне од одговорноста за дебаклот кој го доживеа Македонија поради неговите неодговорни политики, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче на средба со сопствениците на приватните болници: Начинот на користење на ресурсите ќе биде договорен во недела

Министерот за здравство д-р Венко Филипче попладнево оствари работен состанок со сопствениците на приватните болници „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“. РАзговорите беа конструктивни, а приватните болници изразија позитивен став во однос на користење на нивните ресурси од страна на државата за справување со пандемијата.Со оглед на тоа што за прв пат државата заедно со приватните здравствени институции треба да направи реорганизација за справување со ковид кризата во време на пандемија, дополнителни прецизирања на условите, начинот на користење на ресурсите на приватните здравстевени установи ќе бидат договорени на следниот состанок закажан за в недела. Дотогаш на формализирање на соработката работоат тимовите од МЗ и приватните болници.

Македонија | пред 5 години

montazna-bolnica-1

Главната сестра во Клиничката болница во Битола поднесе оставка

Главната медицинска сестра во Клиничката болница во Битола, Радмила Бајовска, поднесе неотповиклива оставка, објави Нова Македонија.За оставката Бајовска, покрај директорката на болницата Билјана Гагачевска, лично го запознала и министерот за здравство Венко Филипче.Засега не се познати причините за оставката на Бајовска.

Македонија | пред 5 години

granati-bitola

До денеска извадени 4500 артилериски гранати кај стадионот во Битола

Дирекцијата за заштита и спасување продолжи со подигнување на пронајдените артилериски гранати од Првата светска војна во близина на градскиот стадион во Битола.До денеска се извадени 4500 гранати, а очекуваат бројката да се искачи до 10.000. Ова е првпат да бидат пронајдени толкав број неексплодирани средства во Македонија, велат од Дирекцијата.Подигнатите гранати се носат во магацинот на дирекцијата каде има физичко обезбедување, од каде ќе се носат во Криволак каде имаат термин за нивно уништување во декември. При транспортот до магацинот се запазени сите процедури со полициска придружба и санитетско возило.Акцијата ,дирекцијата ја спроведува во присуство на медицинска екипа од Итната медицинска помош и полициски службеници.

Македонија | пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

Пукање во Чаир, улицата кај Јаја Паша блокирана

Полиција во скопски Чаир. Улицата кај Јаја Паша е блокирана, објави Курир.Од порталот велад дека побарале одговор од Министерството за внатрешни работи за тоа што се случува во овој дел на Скопје.- Од таму информираат дека во 14:55 пријавено е пукање од огнено оружје на ул.“Цветан Димов“ пред продавница за автоделови. Како што дознаваме, до сега нема пријавено повредени лица.На местото на настанот се пронајдени чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР, стои во објавата на Курир

Скопје | пред 5 години

20112020_PVRSM_Zaev_20_noemvri_svetski_den_na_decata-5

Заев: Вложувањето во децата, нивните права и квалитетно образование е вложување во иднината

„Децата се непроценлив капитал на една држава и вложувањето во нив е вложување во иднината“, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев по повод Светскиот ден на детето, 20 Ноември.На состанокот организиран заедно со младински застапници учествуваа и Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во земјава и Патриција Ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ во земјата и министрите Мила Царовска, Јагода Шахпаска и Насер Нуредини.Премиерот Заев упати честитки по повод Светскиот ден на децата кој е утврден на денешен ден во 1989 година, кога е усвоена Конвенцијата на Обединетите нации за правата на децата.„Северна Македонија, како и сите други земји членки на Обединетите нации, со прифаќањето на Конвенцијата за правата на децата, се обврза дека ќе ги почитува четирите основни принципи: Недискриминација; Придржување кон најдобрите интереси на детето; Правото на живот, опстанок и развој; и Правото на учество“, рече премиерот Заев и додаде дека токму овој настан на децата со претставници на Владата, на УНИЦЕФ и на Европската Унија го исполнува четвртиот принцип, учествувањето во креирање политики за децата.Осврнувајќи се на темата на состанокот, иднината на образованието, премиерот Заев подвлече дека таа е во целосна согласност со стратегијата за развој на образовниот систем во земјата базирана на принципот - квалитетно образование достапно на сите.„Нашето образование мора да се приспособува и на новите глобални предизвици. Пандемијата на КОВИД-19 ни покажа колку е важно образовниот систем да се менува, приспособува и осовременува со цел да се обезбеди пристап до образовниот процес за сите деца без разлика на проблемите со кои се соочуваат“, подвлече премиерот Заев и додаде дека паралелно со овие специфични предизвици, не се запоставени ниту обврските за создавање услови за мотивирани наставници и дигитализација на образованиот систем, кое ќе ги подготви младите за потребите на пазарот на трудот, а со тоа ќе се намали и младинската невработеност.Амбасадорот на Европската Унија во земјата Дејвид Гир истакна дека не е едноставно да се постигнат сите елементи за квалитетно образование, но дека константното менување и прецизно ракување со образовниот систем притоа следејќи ги новите технологии и новите предизвици се смета за работа во прогрес.Патриција Ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ во државата рече дека Светскиот ден на детето се одржува во време на еден од најголемите предизвици во нашата историја, пандемијата предизвикана од коронавирусот и дека токму поради тоа ова е значаен момент и можност да се слушне како децата и младите сакаат да ја преосмислат иднината.

Македонија | пред 5 години

zaev213

Заев најавува легализација на марихуаната во угостителството и туризмот

Премиерот Зоран Заев во интервју за Дојче веле рече дека планот за декриминализација и легализација на марихуаната е дел од поширок економски пакет со кој сака да ја стимулира домашната економија.„Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата, постојни и нови, со почитување одредени стандарди – вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, вели Заев.Тој додаде дека стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира.„Верувам за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места“, вели Заев.Во тој економски пакет влегува и проектот за легализација на возила со странски таблички, легализација на готови пари и имоти, продажба на земјоделско земјиште и новиот закон за данок на имот.

Македонија | пред 5 години

korona-test

Излечен од КОВИД 19 искуството го сподели на ФБ: Дечки, не е ова вирус туку ЛАМЈА!

По скоро 3 недели Ковид голгота, добив негативен тест. Па пошо не сум член на "Машки домаќински муабети", "Совети за Ковид 19" и слични групи, моето искуство ќе го споделам тука.Дечки, не е ова вирус туку ЛАМЈА! Воглавно бев со полесни симптоми, а се започна со силна мускулна болка, проследена со главоболка и кога следните 2 дена во кои бев драстично подобар и за моменти помислував дека не било ништо односно ми паднал притисок или некојаси краткотрајна настинка, започна повторно влошување проследено со ринитис, почеток на губење на мирис, вкус, суво грло, малаксаност, а следниот ден буквално се осетив како да ме прегазил воз, што веќе беа доволно причини да се самоизолирам. Уште веднаш исконтактирав со матичен лекар, му ја објаснувам состојбата, вика да, вирусот е, доколку не се влоши состојбата, односно не пројавиш покачена температура, седи дома! Викам па како? Нешто решение за изолација, тестирање да знам точно на што сум? Ништо вика, тотален хаос е во здравството, не можам да ти закажам тестирање, доколку не можеме да потврдиме контакт не може ни да се издаде решение за изолација, па види ако можеш снајди се сам да си договориш во ЦЗЈЗ да те тестираат, или пак да најдеш инфектолог да ти пиши упат за експресно тестирање.Одам во ЦЗЈЗ цел наоружан со КН95, визир капа, викам влошена ми е состојбата, скоро и 100 % ми е загубен мирисот, потребно ми е веднаш да се тестирам! Ништо вика дечко, џабе ти е, нема тестови, еве ти бројче, ќе си се јавиш па ќе си почекаш колку што ќе ти кажат, тестот ќе биде на приватно штом е по своја иницијатива, инаку да знаеш ми вика може и матичниот да те закажи. И викам сега што, дајте ми нешто решение за изолација да бидам на чисто! А вика, тоа ние не можеме, барај си го матичниот. Што треба сега да правм викам, со симптоми ли да се шетам? Си заминав. После ова, се обидов на вториот начин, односно одам на клиника да барам инфектолог, кога пред влезот, редица се чекаше како пред банка кога ќе пуштат пензии! Тоа постари луѓе едвај дишат, припаѓаат со симтоми, молат за да ги примат, обезбедувањето за жива глава не ги пушта внатре!"Така ни е наредено, ќе си чекате". Одам дома, се јавувам повторно кај матичниот објаснувам и повторно барам од него да пробаме да најдиме можност за тестирање и повторно ист одговор, вика не можам да ти закажам! Спуштив и со денови како лудак по неколку пати дневно ѕвонев на бројчето што ми го дадоа во ЦЗЈЗ, одговор ни за жива глава, за после 5 ти ден да кренат и да ми закажат тест за по 8 дена. Им викам невозможно е, па до тогаш ќе го прележам, веќе помина повеке од недела дена од појавата на симптоми. Што да правиме дечко вика, тоа е ќе си чекаш. Сакам да кажам, иако веќе многу пред мене тоа го кажаа! Сум бил и дел од здравствениот систем и многу добро тоа го знам, со глава тврдам дека ниту во нормални услови не е ништо под контрола, така да немојте да верувате во оние банални и тривијални изјави на Филипче и неговите ботови кои му аплаудираат, дека СЕ Е ПОД КОНТРОЛА, тотален колапс е дечки и се е надвор од контрола, односно ниту државниот апарат нешто контролира, ниту здравствениот систем!Доколку дојдите во ваква ситуација, трегнете од тоа дека никој не стои зад вас и сте оставени на самите себе, за да не лутате како јас. Филипче во моментов е во улога на политичар и мора да дава такви изјави, а ако не се убедивте во изминативе 30 години дека политичарите лажат, јас воопшто немам намера да ве убедувам. Се сеќавате на оние несреќни изјави кога бараше гласови за време на изборната кампања за успешно да продолжел да ја менаџира пандемијата.Види бога ти, многу успешно ти оди! Останатиот период се до тестирање останав дома, сам во 4 ѕида со парацетамол во прашок и витамин Ц. Состојбата се менуваше, но вирусот од она што можев да проценам не се спушти никогаш надолу, односно остана во горниот респираторен систем. Така што немав поголеми проблеми со дишење, температура и сл. И совет за вас асимптоматски или со лесни симптоми. Не читајте секоја една будала што отворила портал и што презема секакви пропагандни глупости дека сумамед, панцеф или било кој антибиотик се зема превентивно, не се тоа тик так бонбончиња, во телото постои нормална микро флора која се бори против инфекции, антибиотикот уништува се, така што може само да ја искомплицирате работата! Затоа постои наука, затоа постојат луѓе како Вело, Никола Пановски, кои цел живот го посветиле на ова, затоа постојат и микробиолози кои подготвуваат антибиограми. Така што и во тешки случаи не може од ракав да се тврди дека секаде ќе делува Сумамед. Немојте да лупате пари за бетаглукани и имуно стимулатори! Веќе е доцна за билдање на имунитет, тоа ти е ко на зарибана кола да дотураш бензин. Тие што се потешки случаи, доколку имаат пари, итно во приватна клиника, рачунајте дека немате врски како некој си таму функционери или тие неколку пратеници што итно им најдоа кревет во преполна Инфективна Клиника. Чекањето чини живот. А вас ќе ве остават да умрете и само ќе бидете заведени како статистика!Во периодот кој што следеше, оставен сам на себе, да бев не одговорен можев комплетно да се шетам на секаде и рачунајте дека има, ако не илјадници, стотици случаи како мене кои се вртат наоколу, по маркети, продавници, кафичи, одат на работа..... Буквално на секаде ги има и воопшто не се ни тестираат откако ќе добијат одговор од институциите каков што добив јас. Статистиката која ја гледате е ирелевантна, односно моќта на здравството ни е толкава што бројот на дневно ниво сигурно би бил барем 10 пати поголем доколку навремено успеат да ги тестираат сите што ќе се пријават.Да резимираме, следете наука, сега имате широк дијапазон на информации. Не читајте секаква пропаганда дека вирусот растел на пластика, се размножувал на железо и слични глупости. Носете маски и избегнувајте контакти, тоа е најбитно.

Македонија | пред 5 години

korona5

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 826 пациенти, слободни места има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 826 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. По извештаите на болниците, кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 74 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 43 пациенти, во Велес се лекуваат 70 болни, а во Куманово 106 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 116, во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 31 заболен. Во болницата во Струмица хоспитализиран е 91 пацинет, во Кочани 21, во Кичево 18, во Кавадарци 39, а во Гевгелија 9 лица позитивни на коронавирусот.Бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1.285 и има околку 120 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти, со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

trajkovska

Трајковска: Богдановиќ месечно од „Лимак“ добива околу 80.000 евра, никој не знае каде овие пари одат

Турската градежна компанија „Лимак“ месечно поради доцнење со градежните работи за изградба на подземната сообраќајница на Јужен Булевар и исплаќа на Општина Центар неверојатни 80.000 евра, изјави Антоанета Трајковска од ВМРО-ДПМНЕ.„ Досега во Општината се влезени над еден милион евра по основ на пенали со оглед дека во Општина Центар ништо не се работи, а градоначалникот Богдановиќ се фали со проектите на Шилегов, сакаме да го прашаме зошто ги троши парите?Со еден милион евра Богдановиќ можеше да направи многу работи. Можеше да купи таблети на учениците од Центар. Можеше да почне со изградбата на градинката која што им ја вети на центарци, или пак монтажниот паркинг во Дебар Маало, кулата за прочистување на воздухот, гасификацијата, зградите со вертикалното зеленило, депо за хаварисани возила, како и реновирање на сите урбани заедници во општината.Овие работи Богдановиќ ги вети и ништо не исполни, ниту пак е на почеток на нивна реализација. Ама, затоа Општина Центар ја направи втора по вработеност на ниво на Град Скопје, прави партизација на основните училишта, прави партизација на Паркинзи Центар.А, парите кои ги добива од „Лимак“ никој не знае за што и како ги троши. Градоначалнику Богдановиќ, граѓаните на Центар не го дадоа својот глас за лаги и измами. Тие ова не го заслужуваат“ порача Трајковска.

Скопје | пред 5 години

zan-mitrev

Жан Митрев: Јас и целиот тим се ставаме на располагање

Академик д-р Жан Митрев вели дека синоќа од медиумите разбрал за планот на Владата да прогласи кризна состојба и да ги вклучи и приватните здравствени институции во справувањето со епидемијата предизвикана од Ковид-19, објави press24.mk. – Јас од своја страна ја поддржувам секоја иницијатива за ставање на сите расположливи капацитети на располагање. Уште од самиот почеток на пандемијата во месец март, ние понудивме 40 болнички кревети за интензивна нега за потребите на државата. Во меѓувреме, ситуацијата со бројот на ковид-пациенти ескалираше. Свесни сме дека состојбата е тешка и со месеци наназад, како во јавното здравство така и кај нас, имаме огромен притисок од пациенти. Нема слободен кревет и има листа на чекање, која секојдневно се зголемува, вели академик Митрев.Тој потенцира дека работат со полн капацитет и оти персоналот им е веќе преморен, а дел и во изолација.Извор:  press24.mk.  

Македонија | пред 5 години

UaYct-

Запленета дрога во струмичко Ново Село, приведен дилер

Денеска 20.11.2020 полициски службеници од СВР Струмица –Единица за недозволена трговија со дрога,  по претходно добиени оперативни сознанија, извршија претрес во домот на Д.М. (22) во Ново Село и во дом на неговата баба М. М. во Ново Село, при што и на двете локации е пронајдена наркотична дрога марихуана  во количина од околу 1,5 килограми .Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена соодветна пријава до јавното обвинителство.

Македонија | пред 5 години

zaev33

СДСМ: Антинародната ВМРО-ДПМНЕ бега од избори а бара широка Влада

Со своите постапки, ВМРО-ДПМНЕ предводени од губитникот Христијан Мицкоски, веќе никој не може да ги сфати за сериозни. Нивните обиди за театралност не можат да ја надоместат празнотијата во која е западната опозициската партија, се вели во  Реакцијата од СДСМ на изјава на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.Тие во истакат додаваат: ВМРО-ДПМНЕ е единствената опозиција во светот што бара оставки а бега од избори, затоа што има уплав од соочување со граѓаните.Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ изгубија парламентарни, локални, претседателски избори, бојкотираа референдум, сега бегаат од локални избори во Штип и згора на се бараат широка Влада. Без никаков легитимитет, без мандат од граѓаните, бараат да бидат дал од власта.А во меѓувреме ја саботираат борбата на здравствените власти со “Ковид-19”, ја саботираат дипломатската стратегија за преговори со ЕУ, ја саботираат економската стратегија за справување со последиците од пандемијата и постојано се на погрешната страна!Секојдневно се докажува дека ВМРО-ДПМНЕ е антинародна, антидржавна партија. Партија која ја злоупотребува смртта и тагата на граѓаните за партиски интереси, за да го штити криминалот на своите функционери . Со такво однесување уште долго остануваат во опозиција, се вели во реакцијата од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Донев: За жал со оваа власт нема и нема да има заштитата на Охрид и Охридското Езеро според препораките од УНЕСКО

Во изминатиот период сведоци сме на сите лажни ветувања со кои оваа гарнитура на СДС дојде на власт, критикувајќи ги тогашните состојби воедно ветувајќи промени. Еден од најексплицитните примери за тоа е грижата за Охридското Езеро и алармантното ниво на водата, истакна денеска Сашо Донев, претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.Донев додаде:Тогаш критикуваа и објаснуваа како треба. Дека никој нема право да ги злоупотребува природните богатства за да прикрива неодговорни политики, а сега состојбата е најдраматична од било кога, односно никогаш не била ни приближно како што е денес.Во времето кога држеа пресови симулирајќи наводна паника им ветуваа на граѓаните поинакво менаџирање.За потсетување Охридското Езеро нема концесионер, дивите градби околу езерото не се срушени, а освен палмите ниту една мерка не е спроведена од препораките на УНЕСКО.Ги охрабруваме невладините организации, екологистите и Хидробиолошкиот завод кој егзистира децении на брегот на езерото, да се јават со свој официјален став, да бидат јасни и гласни околу последиците од ваквата алармантна состојба и последиците коишто ќе следат по флората и фауната на езерото. Заштитата на растителниот и животинскиот свет во езерото е должност и обврска на Заводот како институција којашто треба да се грижи за еко-системот на езерото.За жал со оваа власт нема и нема да има заштитата на Охрид и Охридското Езеро според препораките од УНЕСКО. Имаше и ќе има само лажни вести и мачкање на очи. Но замачканите очи сепак гледаат, а умот и разумот на граѓаните бележат, истакна Донев.

Македонија | пред 5 години

3.1.

Единствена Македонија: Целосна национализација на приватни болници, хотели, возен парк и други објекти во борбата со коронавирусот

Единствена Македонија бара целосна национализација на приватните болници, хотели, возниот парк и други соодветни објеки во сопственост на македонските тајкуни, а кое нешто е потребно во ова тешко време со здравствената катастрофа.Истовремено, за Единствена Македонија не е прифатлив вчерашниот предлог на Советот за безбедност за управување само со приватните болници од државата, но, со плаќање од буџетот. Ова е крајно неморална и неправична мерка, бидејќи, општо познато е како се збогатија македонските газди на болници и хотели со тендери и привилегии од сите власти во изминатите 30 години, а посебно транзициските бандити во криминалната и нечесната приватизација и постприватизација со грабеж на народниот имот кој 50 години го создаваа сите работни луѓе во социјализмот.Оттука, сега е моментот македонските газди да се одолжат на државата и народот со ставање на приватни болници, хотели, возниот парк и други соодвети објекти, бесплатно и без никаков надомест во функција на заштита на здравјето на народот. На тој начин и македонските тајкуни на конкретен начин ќе покажат дека се на страната на народот. Кризата со коронавирусот се повеќе се шири со зголемениот број на нови заболени, но, и на смртни слуачи. Сега е најважно здравјето на народот.Единствена Македонија очекува од владата прифаќање на оваа мерка, која всушност е реафирмирање на нашиот предлог од мај годинава и кој има основ во Уставот на Република Македонија.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Градоначалникот на Центар и рускиот амбасадор засадија садници во знак на пријателството во паркот на сеќавањето

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и амбасадорот на Руската Федерација Н.Е. Сергеј Баздникин, денеска засадија 10 садници од видот јавор и со овој чин го најавија хортикултурното уредување на паркот и идејното решение за реконструкција на детското игралиште позади Универзалната сала.На местото каде ќе бидат засадени садниците, паркот ќе биде именуван во „Парк на сеќавањето“, а Општина Центар, овој парк го посветува на Руската Федерација во знак на пријателство и во чест на одбележување на 75 годишнината од победата над фашизмот.Во месец мај годинава, Општина Центар со поддршка од руската амбасада постави ново спомен – обележје, лоцирано на реконструираната улицата „9 Мај“ во Центар, во чест на милионите војници кои пожртвувано ги дадоа своите животи во војната, за повторно враќање на светскиот мир, слободата и демократијата.„Благодарност до рускиот амбасадот Н.Е Сергеј Баздникин и до Руската Федерација за поддршката на активностите на Општина Центар и преку овој симболичен чин сакаме да пратиме пријателска порака која ќе остане во сеќавање на граѓаните и идните генерации“ – изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.Овие активности се потврда за успешниот пријателски и партнерски однос кои двете држави го негуваат за унапредување и продолжување на досегашната соработка и развој на односите меѓу двете земји, во сите области од заемен интерес и зближување меѓу народите на двете држави.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Милошоски: Проектот наречен Заев, Филипче и Димитров е готов и треба да си дадат оставка, формирање на Влада на експерти веднаш

Денес би сакал тука пред Владата на Република Македонија да го истакнам ставот на ВМРО-ДПМНЕ, дека по однос на економската ситуација, надворешно политичката ситуација, блокадата од ЕУ и здравствената криза, сите три кризи имаат име и презиме, а тоа се Зоран Заев, Венко Филипче и Никола Димитров.  И сметаме дека проектот наречен Зоран, Венко и Никола Димитров треба да си дадат оставка, истакна на денешната прес конференција Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Милошоски додаде:Зошто? Затоа што во државата имаме најтешка ситуација од независноста до денес, и за граѓаните, и за здравствениот сектор, и за економскиот сектор, но за жал и за евро перспективата.Сметам дека со нивната оставка ние ќе можеме како држава да создадеме можност да формираме Влада на експерти која што ќе може подобро да се носи и во здравството, и во економијата, и во евро интеграциите.ВМРО-ДПМНЕ смета дека Заев, Венко Филипче и Никола Димитров се дел од проблемот на оваа државна криза, а не се дел од решението.Нивна оставка во најмала рака е морален чин од нивна страна, а во Собранието и на повисоко политичко ниво ќе може да се разговара за Влада која што ќе ужива поширока доверба и наместо партиски личности, ќе има експерти во секоја област кои што ќе можат да понудат конкретни решенија за следната година дена да можеме да имаме план за излез од кризата, истакна Милошоски.

пред 5 години

ZA-UTRE

Утре голема акција за чистење на Лисиче

Комуналните служби на Општина Аеродром утре започнуваат акција за чистење на реоните населба Лисиче, Ново Лисиче, Реонски центар и булевар „Февруарски поход“. Во акцијата ќе биде вклучена целата расположлива механизација на општината: 50 работници, 9 рачни машини за чистење и дезинфекција на јавни површини, 2 возила за метење, 2 камиона, 3 ѓубретарки и механизација за чистење депонии.Во акцијата ќе биде опфатено чистење на комуналниот отпад од јавните површини, метење, стругање и собирање лисја и гранки од плочниците, патеките, паркинзите и парковите, како и расчистување на дивите депонии.Во акцијата ќе бидат вклучени и новите машини за чистење во рамките на новата реорганизација на комуналната служба, како и новиот оперативен план за чистење на општината.Ваквите акции за чистење ќе продолжат и во наредниот период на целата територија на општината.Општина Аеродром апелира до граѓаните совесно да се однесуваат со отпадот во услови на пандемија и зголемено загадување.

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања