Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Филипче: Во наредните денови обезбедуваме уште 50 легла за ковид пациенти на Клиниката за уво, нос и грло

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово направи обиколка низ интерните клиники во Клиничкиот кампус „Мајка Тереза“. Тој го посети и ново отворениот ковид центар на Клиниката за очни болести, кој од утрово почна со работа.- Целиот здравствен систем е координиран и усогласен со сите јавно-здравствени установи. Во сите установи работи стручен медицински кадар. Здравствените работници се преморени, меѓутоа тие не се откажуваат и го даваат својот максимум во третманот на пациентите“, изјави Филипче.Во ковид центарот во Клиниката за очни болести хоспитализиран е првиот пациент, а целото одделение располага со капацитет од 23 кревети. Клиниката е спремна да помогне во грижувањето на сите оние пациенти на кои им е потребна хоспитализација и кислородна поддршка.Следен чекор е зголемување на болничките капацитетите со 50 легла за ковид пациенти и на Клиниката за уво, нос и грло. Во следните денови се очекува да биде комплетно спремна оваа установа, во која во моментов се поставува централен довод на кислород.

Македонија | пред 5 години

dejan-trajkovski

Професорот Трајковски: Со толку раширена циркулација на вирусот, повеќе не помагаат ни маски во затворени простории

Професорот по теоретска механика на битолскиот универзитет „Свети Климент Охридски“ Дејан Трајковски ги повикува здравствените власти веднаш да спроведат целосно затворање, за да се намали бројот на заразени од ковид-19, затоа што вирусот е распространет насекаде. Трајковски на социјалната мрежа фејсбук напиша:„Јасно ми е дека не им е гајле што народот масовно се разболува и умира, само не ми е јасно како не им е страв за нив самите и нивните семејства? Зар немаат ни еден постар во семејството или се толку сигурни дека се недопирливи? Зарем не сфаќаат дека ја преплавија државата со вируси и дека се индиректно одговорни за смртта на 1.400 луѓе?Со толку раширена циркулација на вирусот, повеќе не помагаат ни маски во затворени простории. Не помага ни одржувањето растојание, концентрацијата на вируси во воздухот е преголема и доволна е за инфекција дури и преку маски. Не е исто дали во просторијата има еден или десет заразени, со десет пати повеќе заразени и концентрацијата на вируси е десет пати поголема. Зар мислат дека сите што се заразиле се заразиле само поради лично невнимание?Секое влегување во јавна затворена просторија веќе претставува ризик по здравјето и животот, затоа бараме да нé заштитат со тоа што ќе ги соборат бројките преку итен тотален локдаун, макар краткотраен. Самите повеќе не можеме да се заштитиме, колку и да сакаме“, порача професорот Дејан Трајковски.

Македонија | пред 5 години

kemal

(ВИДЕО) Кемал Назири од Скопје спасува бездомни животни, во моментов се грижи за 15 кучиња и 7 мачки

Кемал Назири од Скопје спасува бездомни животни. Во моментов се грижи за 15 кучиња и 7 мачки. Овој 40 годишен скопјанец работи како воено лице. За себе вели дека уште од дете ги сакал животните. На ваков чекор се одлучил пред две години. Од тогаш до сега, од улица спасил околу 150 животни, објави СИТЕЛ.За жал Кемал вели дека мал е бројот на луѓе кои сакаат да ги вдомат овие животни. Љубителите на животни можат и да волонтираат на ова прибежиште.Текстот во целост на: СИТЕЛ.

Скопје | пред 5 години

Evropska-nedela-na-HIV-testiranje_baner2-1

Европска недела на тестирање за ХИВ: За ХИВ денес, важно е само навреме да се открие

Од 20 до 27 ноември, под мотото „Тестирај. Лекувај. Превенирај“, се одржува Европската недела на тестирање за ХИВ, кон која веќе седма година по ред се приклучува и здружението ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување, заедно со неколку стотини организации од 53 европски земји, со цел да се зголемат пристапот и свесноста за важноста од тестирањето за ХИВ. На тој начин, информациите за превенција на ХИВ стануваат подостапни, повеќе луѓе можат да го дознаат својот ХИВ-статус и да добијат терапија, грижа и поддршка.Во фокусот на годинешната кампања е еден малку познат факт за ХИВ кај нас: Н = Н, недетектабилно е еднакво на непреносливо. Тоа значи дека луѓето кои живеат со ХИВ и редовно примаат терапија, имаат недетектабилно ниво на вирусот во крвта. Односно, дека вирусот во крвта се намалил до степен што не може да се детектира, со што целосно се спречува преносот на ХИВ по сексуален пат, дури и кога не се користи заштита (кондом). Така, самата терапија за ХИВ, всушност, претставува еден од најефективните начини на превенција на ХИВ. Токму ова е главната порака што до граѓаните ќе ја доближиме преку кампањата на социјалните медиуми и преку видео.Со цел да го направиме тестирањето за ХИВ кај нас подостапно и да ги охрабриме граѓаните да го дознаат својот ХИВ-статус, во рамките на годинешната Европска недела на тестирање за ХИВ, Младинскиот центар на ХЕРА „Сакам да знам” на Водно ќе обезбедува бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ со брзи тестови, секој работен ден од 16.30 до 20.30 часот и за време на викендот од 11.00 до 15.00 часот. За подетални информации и за закажување, можат да се јават на телефонскиот број 02/3176 950.Тестирањата и советувањата за ХИВ се одвиваат согласно интерниот протокол на ХЕРА за закажување, прием и нудење на услуги на клиенти за време на здравствена криза со Ковид-19, при што се обезбедува заштитна опрема и за корисниците на услугите. Денес, се проценува дека од вкупниот број на луѓе кои живеат со ХИВ во државата, секој трет не е свесен дека е ХИВ-позитивен. Токму затоа, и покрај пандемијата со ковид-19, ХЕРА, заедно со партнерските здруженија, продолжува непрекинато да ги нуди основните услуги за превенција на ХИВ на прилагоден начин, бидејќи навременото откривање на ХИВ значи навремен пристап до терапија за ХИВ која е бесплатна и достапна кај нас и која им овозможува на луѓето со ХИВ да живеат долго, квалитетно и да имаат речиси изедначен животен век со луѓето кои немаат ХИВ.За граѓаните е достапна и мобилната андроид апликација Направи ХИВ тест, преку која може да добијат информации поврзани со ризикот од пренос и заштитата од ХИВ, како и да ги дознаат сите локации низ земјата каде што може да се направи бесплатно и доверливо тестирање и советување за ХИВ. Апликацијата може бесплатно да се преземе на Google Play.Годинешната кампања по повод Европската недела за тестирање за ХИВ се реализира со поддршка од ViiV Healthcare и СТАР – Првиот колектив на сексуални работници на Балканот.

Македонија | пред 5 години

20112020_PVRSM_Zaev_sredba_ambasador_EU_Gir-2

Работна средба на Претседателот на Владата и амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир

На средбата премиерот Заев му се заблагодари на амбасадорот Гир за помошта на Европската Унија за надминување на пандемијата со КОВИД-19, преку дадената хуманитарна помош и финансиска поддршка.Премиерот Заев подвлече дека Владата е цврсто посветена на својата агенда за интеграција во Европската Унија, што е стратешка цел на земјата, при што додаде дека заклучоците на Советот на ЕУ од март 2020 година, потврдија дека земјата е подготвена да ги отвори пристапните преговори со ЕУ.Беше констатирано дека следејќи ги препораките содржани во Извештајот на Европската комисија за 2020 година, Владата прави силни напори да ги зајакне домашните ЕУ реформи на ефикасен и инклузивен начин. Покрај тоа, премиерот Заев изрази благодарност за планот за економски инвестиции усвоен од Европската Унија, како силен сигнал за посветеноста и поддршката на ЕУ за економскиот напредок на регионот на Западен Балкан.Премиерот Заев и амбасадорот Гир се согласија дека треба да се направат сите напори за операционализирање на историската одлука на Европската Унија за отворање преговори со Северна Македонија, со цел одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на 2020 година за време на германското претседателство со ЕУ.Амбасадорот Гир исто така ја истакна важноста на постојаните напори за решавање на отворените билатерални прашања.Од своја страна, Амбасадорот ја поздрави заложбата на Владата да продолжи да напредува во спроведувањето на реформите поврзани со Европската Унија, кои пред сѐ, се во интерес на сите граѓани, но и важни за приближување на Северна Македонија кон ЕУ.Што се однесува до пандемијата предизвикана од КОВИД-19, амбасадорот Гир потсети на сеопфатната поддршка што ЕУ и ја дава на Северна Македонија во овој поглед, во областа на здравствената заштита и макрофинансиската поддршка и заштитата на работните места.На средбата, беше заклучено дека економскиот и инвестициски план усвоен од ЕУ, кој го презентираше комесарот за соседство и проширување на ЕУ, Оливер Вархеји во октомври, особено нуди перспективна поддршка на економското закрепнување од пандемијата преку значителни инвестиции во агендата за поврзување, зелената агенда, бизнисот и човечкиот капитал.Меѓу другото, беше разговарано и за резултатот од Самитот на Берлинскиот процес, на кој Северна Македонија беше ко-домаќин со Бугарија на 10 ноември.Амбасадорот ги поздрави преземените обврски за воспоставување заеднички регионален пазар заснован на принципите на единствениот пазар на ЕУ - слобода на движење на капитал, стоки, лица и услуги, при што беше истакнато дека овие активности ветуваат значителни придобивки, кои ќе произлезат од поголема интеграција во рамките на Западен Балкан и во ЕУ.Соговорниците ја подвлекоа важноста на Зелената агенда на Западен Балкан на која лидерите се обврзаа и која постави патека за решавање на некои од најгорливите прашања во нашето време, вклучувајќи ги климатските промени, деградација на животната средина и губењето на биодиверзитетот.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Капацитетите на ковид центрите во Скопје проширени за нови 43 кревети

Од утрово ковид одделнијата во Скопје се проширени за дополнителни 43 кревети кои се ставени во функција на пациентите суспектни и потврдени за КОВИД 19.Од 8 часот почна да работи ковид оддлелението на Кликината за очни болести со капацитет од 23 кревети, а ковид центарот во ГОБ 8 Септември е проширен за 20 нови места. Таму капацитетот од досегашните 80 се зголемува на 100 болнички кревети.Ковид центарот на Клиниката за Очни болести е во склоп на Интерните клиники и во него ќе работи кадар од овие клиники составен од инфектолози, интернисти и анестезиолози, како и среден медицински персонал. Клиниката е опремена со довод на гасови и може да ги згрижи сите болни кои имаат потреба од кислородна терпија.Се очекува во најскоро време да се пушти и ковид центарот на Клиниката за уво нос и грло каде би се згрижле дополнителен број болни.

Македонија | пред 5 години

insulin

Дијабетичарите бараат непречено функционирање на Центрите за дијабетес во услови на Ковид-19

Сојузот на здруженија на дијабетичари бара непречено функционирање на Центрите за дијабетес во услови на Ковид-19.Тие укажуваат дека пациентите со дијабетес имаме потреба од редовни прегледи и контроли.„Согласно моменталната состојба со Ковид-19 свесни сме дека одреден број на пациенти не се во состојба за преглед со физичко присуство и за таа група на пациенти ја поздравуваме можноста за издавање на електронски рецепт, како што впрочем се одвива непречено процесот тековно. На ваков начин се обезбедува континуитет во достапноста на потребната терапија, што е мандаторно за нашата добра здравтсвена состојба. Но, да не заборавиме дека меѓу нас има и пациенти кои се со влошени резултати и кои имаат потреба од редовни посети во центрите за дијабетес.Знаејки го ова, како национална пациентска организација, укажуваме дека имаме потреба од непречено функционирање на сите центри за дијабетес.Она што е за нас прифатлим минимум, за квалитетна дијабетолошка грижа, во оние градови каде имаме неповолна епидемиолошка слика со Ковид-19, е центрите за дијабетес да функционираат нормано (тим интернист/сестра) минимум три дена од пет работни денови со термини за редовни прегледи. Во сите останати денови од работната недела имаме потреба дијабетолошките сетри да бидат на своето работно место во центрите за дијабетес.Во оние градови каде што не постои влошување на ситуацијата со Ковид-19 очекуваме центрите за диајбетес да функционираат непречено во тек на цела работна недела“, се вели во соопштението.

Македонија | пред 5 години

narodna-banka-na-rm

Мисијата на ММФ: Од суштинска важност е да се зачува независноста на Народната банка

Со оглед на клучното значење на капацитетот на НБРСМ да презема навремени супервизорски активности за да ја обезбеди стабилноста на финансискиот систем, од суштинска важност е да се зачува независноста на НБРСМ. Ова ќе ѝ овозможи на централната банка и понатаму да ги остварува своите задачи за одржување на ценовната стабилност и за заштита на финансиската стабилност, коишто се круцијални предуслови за одржлив раст.Ова го истакна шефицата на мисијата на ММФ за нашата земја, Берглјот Баркбу, во изјавата по годишните редовни состаноци коишто се одржаа видеоконференциски, во периодот од 9 до 18 ноември. На состаноците се разгледаа најновите случувања во економскиот и во финансискиот сектор, како и економските изгледи.„Релаксираната монетарна политика е соодветна и НБРСМ е подготвена да дејствува соодветно за да го заштити де-факто фиксниот курс на денарот.“ – оценува Баркбу.Во изјавата, меѓу другото, таа истакнува и дека според оцените на мисијата на ММФ, вкупниот банкарски систем и понатаму е добро капитализиран и профитабилен.„Од голема важност е да се одржат строги правила за класификација на кредитната изложеност и за издвојување резервации за кредитите, со цел да се осигура дека банките имаат доволно резерви за покривање на потенцијалните загуби. Банките би требало да се охрабрат да се воздржат од дискреционо исплаќање дивиденди и од откуп на сопствени акции.“ – порачува шефицата на ММФ.Во согласност со ваквите видувања се и препораките и активностите што НБРСМ како регулатор ги презеде во изминатиот период.Инаку, во изјавата е истакната и оцената на мисијата на ММФ, дека навремените мерки преземени од НБРСМ и од Владата одиграа суштинска улога во ублажувањето на економското и социјалното влијание на пандемијата.Од мисијата на ММФ истакнуваат дека се очекува економската активност да закрепне во текот на следната година, но дека вториот бран на пандемијата претставува ризик за интензитетот на закрепнувањето. Истовремено е нагласено дека надминувањето на здравствената криза и понатаму е врвен приоритет и дека ќе биде од суштинско значење за заштитата на луѓето и економијата.Според оцените на мисијата на ММФ, соопштени во изјавата на Баркбу, потребно е и натаму да се одржува релаксирана монетарна политика сѐ додека процесот на закрепнување е во тек. Истовремено е напоменато дека издвојувањето на соодветни резервации за потенцијални загуби на банките останува од клучно значење. Во согласност со тоа се и оцените и препораките на НБРСМ.Во периодот од 9 до 18 ноември, мисијата на ММФ предводена од Берглјот Баркбу одржа и низа состаноци со експертските тимови на НБРСМ, како и завршен состанок со гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и севкупното раководство на НБРСМ.

Македонија | пред 5 години

kniga-2

Здружение на преведувачи: Јазикот е дел од културниот и националниот идентитет на еден народ, по кој не смее да се посега

Во однос на негирањето на македонскиот јазик како посебен јазик кој ѝ припаѓа на јужнословенската група на јазици, Здружението на преведувачи и толкувачи во Декларација потсетува дека секој јазик, вклучувајќи го и македонскиот, е дел од културниот и националниот идентитет на еден народ, по кој не смее да се посега, не смее да се менува и прилагодува според барањата на поединци или групи заради добивање политички поени или демонстрирање моќ и сила.Од ЗПРМ укажуваат на Универзалната декларација за човекови права која во чл. 19 пропишува слобода на мислење и изразување на секој човек. Резолуцијата на ОН A/RES/61/266 ги повикува сите земји членки на ОН, меѓу кои и Бугарија, да ги сочуваат и да ги штитат сите јазици што ги говорат народите во светот.„ЗПРМ остро се спротиставува на секаков вид негирање на македонскиот јазик од страна на официјални лица од Република Бугарија кои деновиве излегуваат со ставови спротивни на меѓународните конвенции и документи коишто се однесуваат на заштитата и негувањето на јазиците. Исто така, ЗПРМ ги отфрла сите произволно изнесени и научно непоткрепени ставови кои немаат ништо заедничко со лингвистиката, славистиката и историјата“ , се вели во Декларацијата.Македонските преведувачи бараат од бугарската научна јавност, предводена од бугарските преведувачи и јазични професори, да се сообразат со објективната научна реалност за класификацијата на словенските јазици.– Македонскиот јазик има долга книжевна традиција која му претходи на датумот на неговото нормирање: почнувајќи од „Тријазичникот“ на Пулевски во 18. век, па „Абецедарот“ издаден од грчките власти во 1925 г. како и учебниците по македонски јазик издадени во Бугарија во доцните 40-ти години на минатиот век, кога почнува наставата на мајчин македонски јазик и според тогашниот попис, 63,7% од населението во Пиринска Македонија се изјаснуваат како Македонци – велат од Здружението.Оттаму додаваат дека за преведувачите и толкувачите, македонскиот јазик не е само алатка со којашто работат, туку дел од битието, традицијата, идентитетот, длабоко вкоренети во делата на Миладиновци, Иљоски, Рацин, на Андреевски, Јаневски, Конески.-Јазикот на кој зборуваме, комуницираме, твориме, јазикот на кој и од кој преведуваме и толкуваме, на кој пишуваме и раскажуваме. Македонскиот јазик е жив јазик кој се изучува и говори на сите нивоа на образование, кој се користи во истражувачката и научната област, и во нашата земја и во сите земји каде што живее македонско малцинство, како и на бројни катедри во светот каде што се изучува македонистиката. Македонскиот јазик е јазикот на кој се преведени илјадници светски дела, препеани илјадници страници поезија, а од неодамна, и јазикот кој се појавува како засебен, работен јазик и во многу меѓународни институции – велат од ЗПРМ.ЗПРМ ги повикува државните институции, останатите професионални здруженија, сите поединци и истомисленици, пријатели на нашата земја и почитувачи на македонскиот јазик, да се огласат против овие непринципиелни притисоци, несвојствени за демократскиот свет од 21. век, на којшто му е потребен јазик на меѓусебна почит, наместо јазик на омраза, уцени и негирање.

Македонија | пред 5 години

filipce-1

Филипче: Здравствените работници се преморени ама не се откажуваат, да ги поддржиме

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, вчера, по 10. седница на советот за безбедност истакна дека сега е најтешкиот период во справувањето со коронавирусот, а здравствените работници се под огромен притисок, но не се откажуваат.,,Насекаде се истите мерки имплементирани. Помалку или повеќе тоа се модификации на истите принципи на превенција на спречување на ширење на вирусот. Здравствените работници посебно овој период се под огромен притисок. Огромен дел од нив се преморени ама не се предаваат. Тие и понатаму пожртвувано работат и се повеќе и со поголем ентузијазам се вклучуваат и во новите одделенија - делови од болници коишто сега ги планираме и во следниот период да станат ковид-центри", потенцираше Филипче и апелираше до сите граѓани да се почитува работата на здравствените работници и да се почитуваат мерките за заштита во целост.

Македонија | пред 5 години

mickoski-6

Мицкоски: Пред 8 месеци предложив кризна состојба, не прифатија, сега ја замајуваат јавноста

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски порача дека тоа што денеска Советот за безбедност предложил воведување кризна состојба е нешто што самиот тој го предложил уште пред 8 месеци, но дека тогаш Заев не го прифатил неговиот прелог.Тој на својот Фејсбук напиша – кризна состојба за чекор назад во борбата против #COVID.„Пред 8 месеци предложив воведување на кризна состојба, пред сè затоа што таа е регулирана согласно закон, без можност за широки толкувања, што би се рекло со помали шанси за злоупотреба.Тогаш одговорот на Заев беше дека кризна состојба нема да ги постигне посакуваните ефекти, а Стево Пендаровски велеше дека за ангажирање на војската и ресурсите не е потребна кризна состојба и дека државата нема ресурси за прогласување на кризна состојба на целата држава.Инаку, тогаш прогласувањето на вонредна состојба која е непрецизно регулирана им даде можност за масовни злоупотреби во пресрет на изборите, легализиран поткуп во форма на картички за еднократна употреба, субвенции, дотации, кои беа директен поткуп, а не помош.Денес кога парите се потрошија, потрошија 2 милијарди евра, кризата со Kовид не се намали, дојдоа на мојот став дека потребно е кризна состојба. Но, денес корона заразата руши рекорди по распространетост, а системот е целосно блокиран. И не можам да сфатам како Пендаровски и Заев им е просто толку лесно себе си да се посипаат со пепел и да играат на картата за кратко помнење. Образот им е ѓон, но барем да не ја навредуваат интелигенцијата на јавноста, народ ги гледа и памети.Црвените телефони за цензура нема да ја направат сликата поубава, затоа што народот го живее хаосот предизвикан од неспособноста на Заев, Пендаровски и целата власт.И ве уверувам дека и кризната состојба нема да биде искористена за вистинска борба против Ковидот, туку за замајување на јавноста дека работат нешто, додека пандемијата ќе продолжи да одзема животи поради неспособност, читајќи ги сите оние сведоштва за личните трагедии на луѓето кои ги губат своите најблиски.И на крај, како тоа има потреба за кризна состојба, а Заев тера избори во криза во Штип и Пласница. Ќе почекаме да дојдат на ставот дека нема услови за корона избори.А во продолжение рускиот рулет на Стево и немањето проблем со камикази изјави инспирирани по примерот на менторот Заев“ напиша Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

zaev-1

Влада: Донесени решенија кои претходат на постапката за прогласување кризна состојба

Владата на Република Северна Македонија вечерва ја одржа 22-та седница со цел да ја отпочне постапката согласно препораката од Советот на безбедност за прогласување кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради КОВИД-19.Во таа насока, согласно Законот за управување со кризи на вечерашната седница Владата донесе решение за изменување на Решението за именување членови на Групата за процена, со кое за членови на оваа група се именуваат Стојанче Ангелов, вршител на должност директор на Центарот за управување со кризи и Беким Максути, вршител на должност директор на Дирекцијата за заштита и спасување.На оваа седница е донесено и решение за изменување на Решението за именување членови на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и за членови на Комитетот го именуваше Стојанче Ангелов, вршител на должност директор на Центарот за управување со кризи и раководител на Групата за процена.Со решенијата на вечерашната седница, се овозможува да отпочне постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на државата според мислење на Групата за процена, по што ќе следува предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи до Владата по што таа ќе ја донесе одлуката за прогласување на кризна состојба.

Македонија | пред 5 години

Mrtvo-telo-autopsija-2-620x350

Пронајдено безживотно човечко тело

На 18.11.2020 околу 09:30 часот кај место викано „Чачарата“, атар на с.Очипала, делчевско, од страна на полициски службеници од Полициската станица Делчево бил пронајден човечки труп.Известен е Јавен обвинител, по чија насока трупот е предаден во Институтот за судска медицина во Скопје.Се работи на расчистување на случајот.

Македонија | пред 5 години

kosovo

(ВИДЕО) Се степаа пратеници во Косово

Неколку пратеници на косовското собрание се степаа при крајот на седницата на која се разговарало за исчезнатите лица. Прво, настанал вербален конфликт, за да прерасне во физички.Ситуацијата се напнала непосредно пред крајот на сесијата, додека членот на Самоопределување, Сара Богујевци, која била иницијатор на седницата, се обрати на говорницата, пренесува „Косово онлајн“.Според наводите на социјалните мрежи, иницијатори на конфликтот биле пратениците на Демократската лига на Косово на Иса Мустафа.Заменик претседателот на Собранието, Арбери Нагавци неколку пати ги предупредувал пратениците да седнат за да продолжи седницата, сепак тие го продолжиле вербалниот конфликт, што се претворил во физички. 

Македонија | пред 5 години

UNDP_Svajcarska_agencija

(ФОТО) Општина Охрид стана попристапна за граѓаните

Од денес општина Охрид е подостапна за сите благодарение на вклученоста на граѓаните преку Форумите во заедницата организирани во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети“, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка, а спроведуван од УНДП во соработка со Општина Охрид. Денеска, амбасадорката на Швајцарија, Сибил Сутер и постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан беа во посета на општинa Охрид за да ги видат резултатите од овој проект и воедно одржаа средба со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески и претседателката на советот, Живка Ангелоска.На средбата беше дискутирана соработката меѓу Владата на Швајцарија, УНДП и oпштина Охрид во унапредување на процесот на децентрализација и зајакнување на капацитетите на општината за отчетно и транспарентно работење, како и за понатамошните можности за вклучување на граѓаните во одлучувачките процеси врзани со локалниот развој.– Проектот е финансиран од  Швајцарската амбасада во Република Северна  Македонија со вкупен буџет од 50 000 швајцарски франци. Со реализација на проектот се  реконструираа  влезните скали кои водат до големата општинска сала. Се постави  хидраулична лифт платформа за лица со телесен инвалидитет и   целосно се  реновира и опреми големата општинска сала. Со тоа  се овозможи полесен пристап за подобри општински услуги. Салата исто така внатрешно се уреди со ново осветлување, озвучување и  мебел. Со тоа се обезбедија  посоодветни услови за работа на општинските советници, но и за  сите граѓани и здруженија што ја користат салата за различни потреби. –  изјави градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.Во текот на 2018 година, граѓаните на Општина Орхид преку четири форумски сесии одлучија да и дадат приоритет на иницијативата „Полесен пристап за подобри општински услуги и граѓанска вклученост“ чија цел е подобрување на пристапноста на општинската зграда.– Проектот беше избран од страна на повеќе работни групи, во кои имаше претставници на Советот на општина Охрид, општинската администрација, претставници на невладиниот и бизнис сектор. Главната тема на Форумот беше социјалната инклузија, а целта на форумските сесии беше да се предложат и утврдат приоритетни проекти кои може да придонесат во оваа општествена област. Граѓаните сами ги предлагаа и ги рангираа проектите. Овој проект е многу значаен, бидејќи за прв пат во Општина Охрид беше организиран Форум на заедници, додаде претседателката на советот на Општина Охрид, Живка Ангелоска.Со вкупно 3,5 милиони франци, Швајцарската агенција за развој и соработка го поддржува зајакнувањето на општинските совети во 24 општини низ земјата како тела кои се клучни за развојот на партиципативната демократија и транспарентното и отчетно работење на општините.– Проектот за зајакнување на општинските совети овозможува наша постојана вклученост во децентрализацијата на власта преку поддржување  на општинските совети и нивното подобрување  во однос на надзорните, легислативните и претставничките улоги. Како резултат на овој проект, граѓаните ќе добијат полесен пристап до информации, додека општинските претставници подобро ќе ги разбираат потребите на јавноста. – објасни Сибил Сутер, амбасадорката на Швајцарија, за време на нејзината посета на Охрид.Проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка „Зајакнување на општинските совети“ го спроведува Програмата за развој на обединетите нации (УНДП), во согласност со глобалните Цели за одржлив развој поставени од Обединетите нации и приоритетите на Програмата во земјата, меѓу кои е и зајакнувањето на локалниот развој и самоуправа.– УНДП активно гo поддржува подобрувањето на владеењето во Северна Македонија бидејќи распространетите ефекти од доброто владеење позитивно влијаат на економјата, животната средина и општеството како целина. Доколку власта и граѓаните останат посветени кон взаемна соработка, за каква што покажаа дека се способни преку овие општински форуми, верувам дека државата ќе излезе од кризата предизвикана од пандемијата во многу подобра состојба од претходно.- додаде Нарине Сахакјан, постојаната претставничка на УНДП.Проектот се спроведува во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството за финансии, ЗЕЛС, Здружението на финансиски работници и Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women). Преку проектот досега беа спроведени низа активности за зајакнување на капацитетите на советниците и нивно вмрежување, подобрување на транспарентноста и отчетноста на општините преку примена на иновативни алатки, и зголемување на граѓанското учество во донесувањето одлуки на локално ниво. Почнувајќи од 2018 година одржани се вкупно 108 форумски сесии во рамки на 24 форумски процеси низ целата земја, на кои учествуваа над 6.900 граѓани, жители од избраните општини. Досега, целосно реализирани се приоритетни иницијативи во девет општини, а во тек е реализацијата на иницијативи избрани преку Форумите во заедниците во уште 15 општини кои се дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“. 

Македонија | пред 5 години

w_56083030

26 починати и нови 1198 нови случаи со Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3081 тестирања, а регистрирани се 1198 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-572, Куманово-41, Дебар-1, Штип-49, Прилеп-53, Тетово-28, Струга-34, Велес-42, Битола-92, Охрид-42, Кавадарци-18, Гостивар-11, Гевгелија-3, Струмица-34, Крива Паланка-11, Радовиш-6, Крушево-6, Кочани-14, Пробиштип-5, Демир Хисар-3, Македонски Брод-3, Пехчево-7, Берово-19, Валандово-9, Виница-11, Делчево-11, Кратово-5, Свети Николе-20, Кичево-33, Ресен-4, Неготино-11.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 621 оздравени пациенти од: Скопје-150, Куманово-41, Дебар-4, Штип-36, Прилеп-42, Тетово-69, Струга-12, Велес-52, Битола-37, Охрид-11, Кавадарци-21, Гостивар-22, Гевгелија-11, Струмица-36, Крива Паланка-4, Радовиш-5, Кочани-12, Пробиштип-8, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-1, Делчево-6, Кратово-4, Свети Николе-3, Кичево-16, Ресен-3, Неготино-8.Починати се 26 лица, осум пациенти од Скопје (72, 67, 88, 61, 87, 83, 59 и 67г), еден од Куманово (80г), еден од Штип (67г), двајца пациенти од Прилеп (73 и 60г), двајца од Тетово (71 и 56г), двајца од Струга (68 и 37г), двајца од Велес (76 и 55г), четири пациенти од Битола (35, 73, 55 и 82г), тројца од Охрид (46, 67 и 35г) и еден пациент од Гостивар (53г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 51213, бројката на оздравени пациенти е 30204, на починати е 1423, а бројот на активни случаи изнесува 19586. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 22562, активни 9479• Куманово 3272, активни 924• Дебар 421, активни 86• Штип 2296, активни 502• Прилеп 2378, активни 968• Тетово 3320, активни 978• Струга 1179, активни 337• Велес 1590, активни 754• Битола 1581, активни 789• Охрид 1297, активни 564• Кавадарци 969, активни 412• Гостивар 1907, активни 628• Гевгелија 598, активни 208 (37 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 108 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1454, активни 578• Крива Паланка 366, активни 119• Радовиш 365, активни 122• Крушево 88, активни 55• Кочани 1083, активни 316• Пробиштип 305, активни 76• Демир Хисар 157, активни 66• Македонски Брод 136, активни 28• Пехчево 95, активни 32• Берово 306, активни 83• Валандово 160, активни 52• Виница 322, активни 160• Делчево 374, активни 166 (96 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 135, активни 73• Свети Николе 706, активни 217• Кичево 1023, активни 426• Ресен 369, активни 138• Неготино 399, активни 250 (38 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 3081 теста се преку: ИЈЗ-848, ЦЈЗ Скопје-79, Авицена-360, Биотек-287, МАНУ -329, Жан Митрев (Филип Втори)-170, Систина со PCR метода -275, лабораторија Лаор –32, Судска медицина-9, ЦЈЗ Битола-91, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-71, Ремедика-18, лабораторија болница Козле-20, ЈЗУ (рапид тест) -489, УК Пулмологија со алергологија –1, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 303.281 тестирања на Ковид -19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 590• Гази Баба – 1385• Аеродром -1382• Карпош – 1199• Центар – 1157• Кисела Вода – 1154• Ѓорче Петров – 779• Бутел - 513• Шуто Оризари – 166• Студеничани – 46• Сарај – 136• Арачиново -33• Илинден – 238• Сопиште – 63• Чучер Сандево – 106• Петровец –116• Зелениково -65• Странец – 165• Нераспределен- 186

Македонија | пред 5 години

Foto-3-1

Ѓоргиевска: Секоја мајка има право на здравствена заштита, има право на безбедна бременост и безбедно породувањ

Сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска денеска се обрати на настан посветен на првиот извештај за ревизија на перинаталната смртност во Северна Македонија во 2019-та година.Истакнувајќи дека резултатите од овој извештај се од големо значење при планирање на идните мерки и активности за подобрување на квалитетот на здравствените услуги на мајките и новороденчињата, Ѓоргиевска истакна дека само со здружени сили и заеднички ангажман на сите релевантни институции, граѓанското општество, медиумите и истражувачките институции, системот ќе успее да ја одржи веќе започнатата акција за намалување на смртноста кај мајки и новороденчиња.„Секоја мајка има право на здравствена заштита, има право на безбедна бременост и безбедно породување. Со тоа, за мајката целиот период ќе биде позитивно искуство. Секое новороденче има право да се роди во безбедна средина, безбедно да се пренесува доколку се појават проблеми и што е најважно, да биде близу и опкружено со грижата и љубовта од семејството“, потенцираше Ѓоргиевска.Во таа насока, како што рече Ѓоргиевска, кога ќе се открие одредена компликација во бременоста, болниците мора да бидат беспрекорно подготвени. Но неопходни се, како што додаде Ѓеоргиевска, квалитетна инфраструктура, соодветна медицинска опрема, посветени здравствени работници.„Сметам дека треба да се обезбедат еднакви можности за сите заедница во Северна Македонија. А тоа ќе го постигнеме ако обезбедиме здравствена заштита со медицина базирана на докази, соодветни услови во здравствените установи и навремено пружање на потребните здравствени услуги“, подвлече Ѓоргиевска и додаде дека првиот извештај за перинатална ревизија на смртноста за Северна Македонија, ќе придонесе како земја да го забрзаме напредокот кон постигнување на амбициозните цели на Целите на одржливиот развој за следните години.Извештајот за ревизија на перинаталната смртност во Северна Македонија во 2019-та година го изработи канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопје, во соработка со министерството за здравство, Комитетот за безбедно мајчинство, УНИЦЕФ и УНФПА.

Македонија | пред 5 години

bolnica-bitola

Почина млад битолчанец кој избегал од инфективното оделение, па бил вратен

Почина 35 годишниот пациент позитивен на ковид-19 кој што синоќа избега од инфективното одделение во Битолската болница.Вчера напладне за време на ручекот во болницата, самоволно заминал дома со приватно возило, наводно, за да се одмори и наспие, но се напил седативи, а семејството повикало итна помош затоа што не можеле да го разбудат.За првпат пациентот се јавил во тријажната амбуланта во битолската болница на 13 ноември, со симптоми на покачена температура, кашлица, но, немал рентген наод. Му била дадена терпаија и препорака за изолација и закажување на тестирање преку матичен лекар. Тој повторно се јави на преглед на 16 ноември, но сега веќе со тешко дишење и температура, а снимката покажала бронхопневмонија, по што бил хоспитализаран. Следниот ден на 17 веќе бил земен брис и добиен ковид позитивен резултат. Од Министерството информираат дека кај 35 годишниот битолчанец во системот не биле евидентирани хронични заболувања.извор: Телма 

Македонија | пред 5 години

pendarovski-2

Пендаровски: Нема заострена реторика во разговорите со Бугарија

Не смееме да се спуштиме на уличарско ниво, вели претседателот Стево Пендаровски негирајќи дека ја заострил реториката во комуникацијата со Бугарија по кочницата за почнување на преговорите со ЕУ.„Јас не мислам дека ја заострувам реториката воопшто. Јас во тоа интервју само кажувам дека последните бугарски барања не се содржани во договорот за добрососедство. Може да ги земете сите мои интервјуа наназад, пет-шест месеци, дури и една година, не постои заострување на реториката или обид сега да се покажеме како поголеми патриоти. Мојот став е дека ние не смееме да се спуштаме на уличарско ниво во разговорите со Бугарија, со Германија, во разговорите со кого било. Ние во овој момент имаме доверба од граѓаните да ја водиме оваа држава. И не само во овој спор, ние мора да прикажеме географски дека сме европска држава, во која има демократска власт, која владее на демократски начин и се изразува на европски начин. Не само во овој момент, ниту еден момент не е добар со лажен патриотизам да правите политички рејтинг“, рече Пендаровски.Премиерот Зоран Заев вели дека ако седне на маса со Мицкоски, може да се извлечат само мотивации за нови кавги меѓу Македонија и Бугарија. 

Македонија | пред 5 години

90525679_10220922589797167_2192514228319944704_o

СДК.МК: Тетовчанка молела за помош додека сопругот ја тепал, полицијата не интервенирала затоа што бил позитивен на КОВИД 19

Тетовската полиција завчеравечер околу 22 часот не влегла да интервенира во семејна куќа во градот по пријава за тешко семејно насилство од жена, додека ја тегнел и тепал сопругот пред двете малолетни деца. Не влегла, затоа што насилникот бил позитивен на коронавирус и со развиени симптоми, а полицајците немале заштитна опрема, објави СДК.МК. Полицијата ѝ се јавувала на жената во опасност по телефон, да слушаат дежурните што се случува „во живо“ во куќата, додека насилникот ја малтретирал сопругата пред децата.Последниот напад бил синоќа, но жената подолго време била држена во страв од насилниот сопруг, била тепана, силувана, демнета и оставана без приходи.Заразениот насилник утрово заминал во едно од тетовските села, во самоизолација, а Македонското здружение на млади правници, каде жртвата го пријавила случајот, веќе ѝ испратило адвокат да ја придружува во постапката пред органите на прогонот, објави СДК.МК. Текстот во целост на: СДК.МК. 

Македонија | пред 5 години

korona5

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 820 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 820 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 71 пациент позитивен и суспектен на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 69 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 104 пациенти, во Прилеп 116, во ковид центарот во Гостивар 47, а во Струга 27 болни. Во болницата во Струмица лежат 93 пацинети, во Кочани 30, во Кичево 21, Кавадарци 38, а во Гевгелија 8 лица позитивни на корона вирусот. Имајте во предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1258 и има колку 60 празни болнички кревети во ковид центрите. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.И покрај големиот наплив на пациенти во изминативе десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Македонија | пред 5 години

nikoloski

Николоски: Заев да си даде оставка и формирање на Влада за национален спас

Политичката кариера на Зоран Заев се темели на две клучни ветувања, првото е живот за сите кое што еве гледаме дека не се случува во изминативе четири години и Македонија се задолжи преку две милијарди евра. А, 455.000 граѓани живеат со под две евра дневно. Тоа е тотална сиромаштија и беспарица.  И, второто ветување за кое што повеќе сакам да зборувам денес е интеграцијата на Република Македонија во ЕУ. После четири години јасно е дека проектот ветување на Заев за ЕУ завршува со целосно фијаско за жал. И ова го констатирам не со радост, туку со огромна жал за сите граѓани кој што овој човек им потроши четири години од нивните животи, ветувајќи дека нешто ќе дојде, а тоа никако да дојде, истакна на денешната прес конференција Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.Николоски додаде:Четири години лажни ветувања дека Македонија ќе добие датум за почеток на преговори со ЕУ. Четири години Зоран Заев и неговиот тим ветуваат дека ќе почнат преговори, ама никако да кажат на кој датум ќе почнат преговорите за членство во ЕУ. Четири години немаме одговор на едноставното прашање кое што го поставува ВМРО-ДПМНЕ кој е датумот на кој што ќе почнат преговорите со ЕУ.И во таа насока би сакал да дадам една ретроспектива на сето она што се случуваше во изминатиов период.Точно е дека Република Македонија голем, огромен проблем во противењето на Бугарија за отворање на преговори со ЕУ. Но исто така е точно е дека тоа е само дел од проблемот, а другиот дел од проблемот е неиспорачувањето во делот на реформи и во делот со борба на организираниот криминал и корупција.Да ја потсетам македонската јавност дека Владата предводена од Заев во 2017-тата и 2018-тата година требаше да реализира сет на реформи од т.н. план 3-6-9, степенот на тие реформи беше само 40%. Паралелно со тоа некаде во април месец 2018-тата година апелирав да не се прави грешка и да не се прават тајни договори, договори позади завеза за влегување на Македонија во иста група со Албанија. Тоа за жал се случи и во 2018-тата година во јуни месец Македонија не доби датум за почеток на преговори со ЕУ. Затоа што немаше доволен степен на реформи и влезе во иста група со Албанија.ЕУ даде три услови кои што требаше да се реализираат до јуни 2019 година. Тоа беше реформа на администрацијата, реформи во безбедносните служби и борба со организираниот криминал и корупција. Во јуни 2019 година владата на Заев не испорача по однос на овие три прашања, реформа во администрацијата немаше, реформи во безбедносните служби благодарение на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ се случија но само на хартија, а не и во пракса, а за борба со организиран криминал и корупција не сакам ни да зборувам.Во јуни 2019 година Македонија повторно не доби датум за почетокот на преговорите и тогаш не беше проблем противењето на Бугарија, тогаш беше проблем рекетот, криминалот и корупцијата затоа што да ја потсетам македонската јавност некаде од април, мај месец почна да се слуша за случајот „Рекет“ во кој што врвот на власта рекетира бизнисмени во Македонија.Понатака се одложи истото за октомври 2019 година со барање да се реализираат реформи, но наместо да се реализираат реформите се случи дополнително фијаско во борбата со организираниот криминал и корупција кога власта се обиде да го заштити врвот на криминалната пирамида во случајот „Рекет“ и се договори само ситните риби да одговараат во истиот. Тоа беше причината и во октомври 2019 година Македонија да не добие датум за почеток на преговори со ЕУ затоа што премиерите и претседатели на земјите членки на ЕУ не сакаат да седат на иста маса со корумпиран човек.После сиот овој сплет на околности кога нашиот источен сосед Бугарија виде дека Македонија не напредува во делот на реформи и борба со организирам криминал и корупција реши да ги постави и своите позиции. Така бугарското собрание во октомври 2019 годна усвои заедничка позиција на сите политички партии во однос на условите кои што треба Македонија да ги исполни за членство во ЕУ, услови кои што се спротивни на интересите на македонскиот народ кој што го задираат македонскиот јазик и македонската посебност. Уште тогаш претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски понуди да се направи средба помеѓу клучните политички фактори во Македонија и слична декларација со македонски позиции, да се усвојат македонското собрание како би можело Македонија со консензус да ги постави своите позиции. За жал истото беше одбиено. Потоа следуваше март 2020 година кога Бугарија успеа овие позиции како објаснувачки меморандум да ги направи составен дел на одлуката на ЕУ по однос на почетокот на преговори на Македонија.Тогаш беше атмосфера на предизборие и власта се обиде да го скрие овој документ. Две недели го криеја документот, за потоа да биде презентиран од медиумите, да биде презентиран и од ВМРО-ДПМНЕ.Тогаш јавно повикавме на лидерска средба, на која што заеднички ќе заземеме став и ќе одговориме на овие позиции и предупредивме, дека доколку Македонија тоа не го направи, последиците ќе бидат далекусежни и дека е многу веројатно дека Македонија нема да ги почне преговорите со Европската унија.За жал, тоа наше барање се одби, се одби барањето за лидерска средба, власта продолжи самата да ги води процесите, верувајќи дека ќе може на тој начин да се претставува како единствен фактор кој што ја движи државата напред, а сите останати се, нели, ретроградни сили. Но, во суштина се случи обратното и еве сме на крајот на ноември 2020-тата година, скоро на крајот на 2020 година Македонија е соочена со блокада во однос на почетокот на пристапни преговори со Европската унија.Сета оваа хронологија покажува дека оваа Влада, предводена од Заев нема нити волја, нити капацитет да направи реформи, да се бори со организираниот криминал и корупција, а уште помалце знае да ги решава отворените прашања. Затоа што единствената политика која што ја знаат, е политика на национални отстапки, на национално понижување и на национални предавства.Затоа ден поскоро, час поскоро треба да заминат! Зоран Заев и оваа Влада да поднесат оставка и да се формира Влада на национален спас, која што ќе даде одговори на оваа голема криза во која што се наоѓа Македонија. Криза во однос на блокадата на евроинтегративниот пат, но исто така здравствена и економска криза со корона вирусот.Тоа е нашиот апел, тоа е нашето барање кое што очекуваме СДСМ и останатите политички партии од власта да го послушаат, заеднички да поддржиме Влада на национален спас, која што ќе ја извади Македонија од, можеби, најголемата криза од нејзината самостојност, истакна Николоски.

Македонија | пред 5 години

bacev-1

Единствена Македонија: Заев го призна нашето тврдење дека проблемот се македонските јаничари а не Бојко Борисов кој е горд на татарското потекло

Зоран Заев во интервју за еден од медиумите на „ѕверот“ наречен „Дојчле Веле“, потврди дека бугарскиот премиер Бојко Борисов не е пречка за Македонија. На тој начин Заев најпосле собра храброст да го признае она што Единствена Македонија го кажува во изминатите три години дека проблемот меѓу Македонија и Бугарија го прават македонските јаничари од типот на Захариева, Каракачанов, Ковачев... кои не издржале во историјата, а Бојко Борисов не е никаков проблем бидејќи тој е горд на своето татарско потекло, се вели во соопштението од Единствена Македонија.Тие во истото додаваат:Патем, Захариева, Каракачанов и Ковачев уште еднаш ја потврдуваат поразителната македонска вистина дека македонските јаничари кои живеат во Бугарија и не издржале во историјата се најсилната војска на велико-бугарската идеологија насочена кон асимилирање и негирање на македонскиот народ.Заев од почит кон својот „брат“ Борисов, сега е во обврска да ги приложи пред јавноста неспорните историски факти дека немаме проблем со Бугарите кои се горди на своето татарско - монголско потекло и дека проблемот се одродените македонски јаничари во Бугарија кои потклекнале пред егзархиската пропаганда. Заев должи одговор на народот за вистината која базира на историски извори за македонските јаничари во Бугарија и татарско-монголското потекло на Бугарите, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Се поставуваат патоказни и инфотабли на Водно и на Скопска Црна Гора

На планинарските патеки на Водно и на Скопска Црна Гора се поставуваат патоказни и инфотабли кои ќе овозможат полесно и побезбедно движење во природа, како дел од пилот-проектот за маркирање на планинарски и велосипедски патеки низ Скопје. На прес-конференцијата што се одржа денеска на Средно Водно деталите за проектот ги изнесоа градоначалникот Петре Шилегов и амбасадорот на Република Чешка во РСМ, Мирослав Томан.- Денеска и официјално го започнуваме трипартитниот проект меѓу Градот Скопје помогнат од Амбасадата на Чешката република и Планинарскиот сојуз на Република Северна Македонија за мапирање на планините во Скопје. Овде, на Водно, ќе поставиме 42 патокази и 6 инфотабли, а новина е што ќе поставиме и 12 патокази и 2 инфотабли и на Скопска Црна Гора и ќе го префрлиме фокусот и на другата планина која ја ограничува Скопската котлина. Целта е на граѓаните на Скопје и на посетителите на Водно да им помогнеме со поставување на нова и квалитетна сигнализација, а движењето да го направиме полесно, поедноставно и попрегледно. Веќе знаете дека овде на Водно ја направивме првата нагорна планинска велопатека, во постапка сме на формирање на уште две велопатеки, со што Водно го ставаме на туристичката мапа на градот. Очекувам дека со овие подготовки што сега ги правиме, по завршувањето на пандемијата кога граѓаните, но и туристите, ќе почнат да се движат ќе успееме Скопје и Водно да ги направиме атрактивни за посетителите – рече денеска градоначалникот Шилегов.Тој потсети дека кога пред три години Градот Скопје почна со организираното паркирање на Водно беше речено дека средствата што ќе се слеваат од наплатата на паркирањето ќе бидат вратени за уредување на планината.- Ова е добра можност да кажеме дека досега имаме собрано околу 90.000 евра од наплатата на паркирањето на Водно и тие средства ќе бидат вложени за подобрување на инфраструктурата на оваа планина. Упатувам благодарност до Чешката амбасада и до една група чешки планинари кои своето искуство го пренесуваат на луѓето од Планинарскиот сојуз, но и на вработените од Секторот за локален економски развој. Токму поради квалитетот кој што тие го имплементираат во својата држава можеме да кажеме дека европските стандарди полека ги внесуваме и на нашата планина – нагласи Шилегов.Амбасадорот Томан денеска објасни дека Чешката република е позната како земја со развиен систем на формирани и маркирани патеки за планинари, велосипедисти или за скијање.- Нашата идеја беше да го пренесеме нашето знаење овде и да ги поврземе луѓето за да работат заедно. Република Северна Македонија е прекрасна земја, со убава природа, планини и езера и треба да се размислува како да се привлечат што повеќе туристи да ја посетат. Што повеќе мапи и патеки имате за локалните жители, но и за туристите, толку повеќе луѓе ќе дојдат и ќе ја запознаат оваа убава земја – рече денеска Томан.Пилот-проектот на Федерацијата за планинарство за маркирање на планинарски и велосипедски патеки низ Скопје е поддржан од Градот Скопје и од Чешката амбасада преку програмата на Чешката Република за развој и соработка за финансирање на мали проекти.

Скопје | пред 5 години

ANG_1620-1

Маричиќ: Добро е што се отвори дебата за декриминализација на марихуаната

Министерот за правда Бојан Маричиќ говорејќи на „Меѓународната конференција за модели на регулација на дроги“, во организација на Коалиција Маргини и ХОПС, кажа дека е добро што во земјава се отвори широка општествена дебата за декриминализацијата на марихуаната.Според Маричиќ квалитетното регулирањето на ова прашање, може да донесе повеќе поволности за државата и тоа во однос на регулирање на трговијата со марихуана, намалување на криминалитетот и секако економски придобивки, пред сè во туризмот и угостителството.Се разбира свесен сум дека ова е комплексно прашање и токму затоа овој процес во суштина мора да биде инклузивен, односно во креирањето на модалитетот како ќе се спроведе декриминализацијата, треба покрај стручната јавност и експертите, да бидат вклучени и невладините, односно граѓанските здруженија кои можат и тоа како да придонесат за квалитетот на решението. Дебатата сега е отворена и трае, истакна министерот Маричиќ.Тој посочи дека ќе се инсистира и ќе се обрне посебно внимание на еднаш донесените закони со кои ќе се регулира ова прашање, доследно и без исклучок да се спроведуваат во пракса, бидејќи во спротивно ќе се доведеме во опасност секој на свој начини да ја толкува декриминализацијата, а со тоа место ред да се воведе во хаос во ова сфера.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања