Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Скопје1.мк

sovet-za-bezbednost-4

Филипче: Полицискиот час не би имал никаков ефект

По денешниот состанок на Советот за безбедност, на кој е донесена препорака за прогласување на кризна состојба, на новинарско прашање зошто не се воведува полициски час министерот за здравство Венко Филипче истакна дека таквата рестрикција не би имала никаков ефект.„Рестрикција во движењето, во смисла на полициски час сега сметаме дека нема да има никаков ефект. Заради тоа што тоа што треба да се превенира се групирањата и тоа што задолжително треба да се прави е да се носат маските и на отворено и во затворено. Тоа се основните принципи за превенција на ширење на вирусот“, рече Филипче.

Македонија | пред 5 години

filipce-1

Филипче: На располагање ќе бидат капацитетите ставени сите приватни клиники, болници и кадарот во нив

Поради зголемениот број на новозаразени со Ковид-19, во комплетната функција на државата се ставаат и приватните клиники.„На располагање ќе бидат капацитетите на сите приватни клиники, болници и кадарот во нив. И многу брзо ќе направиме план за работа денес по предлогот за кризна состојба, со оглед на тоа дека ова е првпат да се воведе ваква состојба во оваа држава“, истакна министерот за здравство, Венко Филипче по завршувањето на седницата на Советот на безбедност.„За сите услуги кои приватните здравствени установи ќе ги даваат ќе има компензирање. Не се работи за национализација, туку државата ќе се јави во улога на менаџер“, истакна претседателот Стево Пендаровски.Државата ќе покрие 30 проценти од пазарната вредност на трошоците за лекувањето во приватните клиники.

Македонија | пред 5 години

zaev-pendarovski-filipce

Заев: Најдоцна до утре вечер владата ќе прогласи кризна состојба

Кризната состојба ќе биде прогласена најдоцна до утре вечер, рече премиерот Зоран Заев на заедничката прес конференција со претседателот Стево Пендаровски, по завршувањето на состанокот на Кризниот штаб.Претседателот на државата Стево Пендаровски во денешното обраќање, по седницата со Советот за безбедност, истакна дека после исцрпна дискусија во која учествувале сите присутни, донесен е заклучок со кој Советот за безбедност и преглага на Владата прогласување на кризна состојба на територија на целата земја.„Во моментов ние имаме прогласено кризна состојба на северната и јужната граница во врска со илегалните преминувања на мигранти и бегалци и во тие подрачја војската и полицијата работат заедно. Сега таквата соработка, откако ќе биде декларирана кризна состојба, ќе биде овозможена буквално на целата територија на земјата“, посочи Стево Пендаровски.Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека ова значи дека на располагање во лекувањето на заразените се ставаат и приватните болници, но и нивниот медицински кадар.Претседателот потенцираше дека управувањето со приватните здравствени установи не значи нивна национализација.„Втората важна разлика е што Владата ќе може да управува со ресурсите на државната управа, јавните претпријатија, општините и градот Скопје, како и приватните здравствени установи. Не станува збор за национализација на приватните болници, туку за управување со нив во битката со пандемијата, во обем во кој Владата ќе оцени. Приватната сопственост е гарантирана со Уставот и тука не станува збор за менување на сопственоста“, рече Пендаровски.Воведувањето на полициски час не зависи од кризната состојба, кажа Пендаровски, додавајќи дека за тоа одлучува Владата.„Воведувањето на кризната состојба на цела територија нема никаква врска со т.н. полициски час и евентуално воведување на рестрикции во движењето. Тоа е надлежност на Кризниот штаб и Владата, како и Комисијата за заразни болести“, објасни претседателот.Ова е прв пат во Македонија да биде прогласена кризна состојба на цела територија.

Македонија | пред 5 години

ZPVRSM-Bytyqi-Press-konferencija-za-Budzetot-2021-10

Битиќи за буџетот за 2021 година – Економијата е врвен приоритет на Владата, над 70 милијарди денари за економски активности

Со Буџетот за 2021 година и со наредните очекуваме да се вратиме на преткризното ниво на БДП веќе во втората половина на 2022 година, а веќе во 2025 година, нашата економија да расте со стапка од 5,9%, изјави вицеремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.Недвосмислено, додаде тој, потребни се повисоки стапки на раст, кои ќе значат и поголем обем на производство, создавање на производи со повисока додадена вредност, иновативни решенија, а сето тоа ќе резултира и со повисок животен стандард на граѓаните.Битиќи кажа дека Буџетот е проектиран на 247,5 милијарди денари или околу 4 милијарди евра. Тоа се 2,1 процентни поени помалку од буџетот за 2020 година. Воедно, рече Битиќи, очекуваме значително зголемување на приходите, за околу 8,3%, кои се очекува да бидат 212,6 милијарди денари или 3,45 милијарди евра, со што буџетскиот дефицит, од 8,5%, колку што ќе биде во 2020 година, ќе падне на 4,9% од БДП.Тој кажа дека се планира во наредните пет години, односно во 2025 година, буџетскиот дефицит да биде спуштен до 2,5% од БДП.Со буџетот за 2021 година, планирани ни се и средства во износ од 3 милијарди денари, или околу 50 милиони евра, за евентуални идни мерки за справување со Ковид кризата, со кои ќе го поддржиме стопанството и граѓаните.Мојот денешен фокус ќе биде на програми со кои ќе се стимулираат нови инвестиции, домашни и странски, во производни капацитети, унапредување на веќе постоечки компании, поддршка на конкурентноста и внесување на иновации, отворање на нови работни места и повисоки плати за работниците.Оваа поддршка во предлог буџетот за 2021 година е поделена во повеќе програми кои заедно имаа вредност од проектирани 7,1 милијарда денари или 115,5 милиони евра, истакна Битиќи и додаде:„Буџетот за 2021 година има три главни цели: да обезбеди поддршка и понатамошно унапредување на здравствениот сектор, што останува врвен приоритет, пред се за заштита на здравјето и на животот на сите наши граѓани; да го поддржи економското заздравување, односно да се помогнат сите оние микро, мали, средни и големи компании, кои како последица на пандемијата ќе имаат потреба од подадена рака за да се исправат, но и да се стимулираат компаниите кои работат со успех, понатаму да се развиваат, прошируваат, зголемуваат производство и извоз и на тој начин да го забрзаме економскиот раст и да ги одржиме и унапредиме основните функции на државатта и да овозможиме ефикасно спроведување на потребните реформи за евро-атлантските интеграции, со особен фокус на реформите во правосудството“, рече Битиќи.Доколку се се одвива по зацртаните проекции, додаде тој, очекуваме со овој буџет да се обезбеди раст на бруто домашниот производ од 4,1%, да се стимулира извозот, кој очекуваме да порасне за 14,4%, воедно да пораснат и бруто инвестициите за 8,4%.„Како една од поважните компоненти во формирањето на БДП е приватната потрошувачка за која имаме проекција за раст од 3,8%, а раздвижувањето на економската активност сметаме дека ќе доведе и до зголемување на бројот на вработени за околу 2%“, рече вицепремиерот.Во овие неколку месеци, ќе работиме на измени и дополни на Законот за финансиска поддршка на инвестициите, за да ги олесниме критериумите за аплицирање на компаниите, односно да ги адаптираме согласно ситуацијата со Ковид 19.Од овие 41 милион евра кои ги споменав, добар дел односно, околу 11,4 милиони ќе бидат наменети за програмите на Фондот за иновации и технолошки развој, а дополнителни 2 милиони евра ќе бидат обезбедени со поддршка на Светска банка. Тоа значи дека продолжуваме со континуитетот на поддршка на микро, малите и средни компании, нешто што во минатото не беше толку често но и со поттикнување на технолошки развој, дигитализација, внесување на иновации. Само вака можеме да им помогнеме на нашите компании да ја развиваат својата конкурентност и на домашниот, а особено на странските пазари, истакна Битиќи.

Македонија | пред 5 години

bolnica-kovid

Во Штипската болница починала 55-годишна жена, имала пет негативни тестови, а погребана е како почината од КОВИД 19

На Инфективното одделение во Штипската болница починала 55-годишната штипјанка Ругмин Хусеинова, иако имала пет негативни тестови, била водена како пациент со КОВИД, објави СДК.МК.„Мајка ми ја погребавме како почината од ковид-19. На Инфективно три дена ја третирале како болна од коронавирус, а сите пет тестови што ги направиле биле негативни. Таа имаше малаксаност и беше поспана. Матичниот доктор ни даде упат за Инфективно, каде ѝ беше измерена телесна темпаратура од 36, 1, ама кога веќе сум ја донел рекоа дека ќе ја примат како да е заразена од коронавирус и така ќе ја третираат“, вели нејзиниот син кој се сомнева во дијагнозата.Од Центарот за јавно здравје велат дека белодробната пневмонија се третира како коронавирус и причината за смртта се смета како да е од ковид-19, а од Клиничката болница велат дека пациентката била во сериозна состојба каква што ја имаат болните од коронавирус.Текстот во целост на: СДК.МК.

Македонија | пред 5 години

stankovski_kolumna

Станковски: Бугарското вето го распламти духот на Тито

Автор: Ѓорѓи СтанковскиПретседател на младинската организација на политичка партија Обединети за Македонија. Работејќи три години во бизнис организација за економска соработка на РС Македонија и Бугарија, има комуникација со луѓе од двете држави, разбирајќи ги чувствата и мислењата во Македонија и Бугарија.Моето мислење за бугарското вето може да се опише со една реченица: Ветото е краткорочно задоволство на едната страна. Чудно е како едно од основните правила во физиката, акција-реакција, станува правило во политиката: со ветото - Бугарија го распламти духот на Тито во Македонија.Духот на Тито не беше згаснат на територијата на Македонија. Беше повикуван кај одредени ликови и организации, но не со толкава сила. Освен некогаш протнат низ некој Фејсбук статус или спомнат на некој настан, мал чад се поткреваше од неговиот дух. Ветото го распламти духот во години кога полека, полека исчезнуваше и фокусот беше насочен кон запад.Јас ги почитувам сите мислења и ставови и уживам да дискутирам со луѓе со различни мислења. Такви сме ние реалните десничари и демократи – доколку го почитуваш моето мислење, ќе го почитувам и твоето, но ако почнеш со навреди или ако целиш дека само твојот став е вистинскиот, тогаш не ми кажувај дека си десничар или левичар, а оставаш впечаток дека си обичен авторитарен комунист или фашист.Бугарија направи многу за нас од осамостојувањето. Но, еден лош потег во надворешната политка може целото тоа да го урне. Иако благодарни, раните од југословенското минато и советската политика не се уште зараснати низ македонската земја. Секако, длабоката рана и омраза, најобјективно гледано е создадена со взаемна соработка на комунистичките режими во двете земји (1945-1948). И тоа ние го знаеме – и Бугарија го знае!Секако, како и во секоја приказна, реална или не – за танго се потребни двајца. Секогаш имам едно пред вината да ја префрлам на другата страна и едно златно правило: Секогаш кога ќе го насочиш прстот кон комшијата, погледни си во својот двор.Грешката е на двете држави во целиот процес, а бугарското вето е една катастрофална стратешка грешка на Бугарија во однос на надворешната политика кон РС Македонија.Да почнеме од почеток...По потпишувањето на Договорот за добрососедство и пријателство, двете страни освен историската комисија, си ветија на хартија дека взамно ќе си помагаат и соработуваат на локално, културно и економско ниво. Тука е грешката. Ѕидот, создаден од двата комунистички режима што полека почна да се рони со Договорот се крена повисоко со ветото. Ние не се познаваме прво меѓу себе. Иако имаше заеднички проекти во овие сектори, сепак беа премалку за да се вклучат повеќе луѓе и да се види дека од другата страна на границата нема чудовишта, туку обични луѓе кои делат иста култура.Не можеш на еден човек што е раснат во друга клима, образовно му се вградувало мајндсет на омраза, со сила и омраза да го натераш да сака нешто.Секако, делењето на иста култура, го носи и делењето на балканскиот синдром: Водењето на емоционална политика, наместо практична политика. Зарем ако двете држави соработуваа повеќе на реалните, сегашни проблеми во 21-ви век, природно немаше ли да се создаде поволна клима за решавање на прашањата?Потфрливме во реалната соработка со реалните проблеми. Фокусот го ставивме на емоциите и минатото, без да се фокусираме на сегашноста и иднината. Нас историјата и насилното претискање од едната страна нема да ни донесе подобро утре. Зарем не научивме од историјата, заедничката или посебната, дека секоја сила од едната страна, придонесува на одбивност и лоша реакција од другата страна?Оставивме кружоци во Бугарија и Северна Македонија медиумски да ја ставаат историската комисија во преден план и на насловни страни низ весниците. Па и со Грција постои историска комисија, но фокусот е на взаемната соработка и сегашните, реални проблеми.Од друга страна, опозициските партии во Северна Македонија наместо конструктивно да помогнат во изнаоѓање на решение, со сета сила се нафрлија на сегашната владина гарнитура, испуштајќи емотивни пораки, без практично и конструктивно решение.Но, што и може да се очекува од лидери на партии кои протестираат за време на пандемија, а потоа поради пандемијата бегаат од избори, плашејќи се за и така занишаната скапа кожнена фотеља, купена од човек во Будимпешта, што немаше храброст машки, комитски да се соочи со правдата. Зарем би очекувале конкретен став?Да заклучиме, проблемот е што РС Македонија и Р. Бугарија не се фокусираа на реалните проблеми, реалната комуникација и соработка. Кочењето на економската соработка, културната размена и запознавањето и дружбата пред се, беа клучен и нормален фактор во 21-ви век по природен пат да се осознае вистината. Можеби ќе се нафрлат врз мене дека се работело – да, се работело, но очигледно недоволно.Македонската рана и комунистичкото семе на омраза кое е веќе израснато, не се уништува за една, две или три години. Се уништува со приближување, создавање заеднички емисии, медиумска соработка, економска соработка итн. Бугарското вето само го доизгради веќе почнатиот разронат ѕид на Осогово и уште толку ја турна Северна Македонија во бунарот на анти-западното влијание, иако лизгаво по ѕидовите почна да се искачува со подадена рака.-----

Македонија | пред 5 години

pozarna

Повредени тројца работници во пожар во работилница во Трубарeво

Два пожари утринава се изгаснати на територија на општина Гази Баба. Едниот во работилница во Трубарево, а другиот во ЕСМ Енергетика во населбата Железара каде е интервенирано на котел за парно.Во пожарот во работилницата, според првичните информации, повредени се тројца работници кои со Брза помош се пренесени во болница со цел да им се укаже лекарска помош. Пожарот избувнал нешто по 9 часот, а причина е најверојатно работа со компресор.Во пожарот во ЕЛЕМ Енергетика, кој избувнал околу 8 часот, за среќа, нема повредени.Командантот на Територијалната противпожарна единица Владимир Симоновски во изјава за МИА вели дека двата пожара се изгаснати. Во пожарот во работилницата интервенирале со две возила и осум пожарникари, а во пожарот со котелот со три возила и 10 пожарникари.

Македонија | пред 5 години

19112020_PVRSM_Zaev_Sostanok-so-MMF_2

Состанок на Заев со мисијата на ММФ: Капиталните инвестиции можат да помогнат во закрепнувањето и ревитализацијата на економијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев одржа онлајн средба со шефицата на мисијата на Меѓународниот монетарен фонд за нашата земја, Берглјот Бјорнсон Баркбу, резидентната претставничка на ММФ за Западен Балкан, Штефани Ебле и економисти на ММФ во Вашингтон, како дел од редовните годишни консултации.Состанокот имаше за цел информирање за економските изгледи, фискалната и монетарната политика како и финансиската стабилност во земјава. Премиерот Заев ја истакна соработката со ММФ како значително важна од повеќе аспекти меѓу кои и мониторингот на економските перформанси на нашата земја.Од ММФ оценуваат дека реализација и вложувања во капиталните инвестиции во следниот период можат да помогнат за зголемување на потенцијалот за раст на економијата, со препорака во услови на КОВИД-19 да се продолжи со поддршка на здравствениот систем како приоритет, како што впрочем е предвидено и во предлог Буџетот за 2021 година.Премиерот Заев рече дека моменталната криза е можност за системски реформи и согласно трендовите, трансформација кон новата развојна економија со фокус на дигитализација, енергетика и обновливи извори на енергија, како и создавање на предвидлив и поволен деловен амбиент за нови инвестиции. За таа цел покрај справување со пандемијата се прават планови на среден и долг рок за реализација на економските политики, со цел реалниот сектор да може да планира инвестициска активност. Беше нагласена и важноста од координирана акција за справување со неформалната економија која прави штети на буџетот на државата и регистрираните деловни субјекти.Како што беше истакнато на состанокот и во текот на ковид-кризата не смее да се заборави на структурните економски реформи коишто се предуслов за натамошниот долгорочен раст.На состанокот беше дискутирано дека последиците од ковид-кризата врз економијата се видливи, но се ублажени преку навремените и соодветни монетарни и фискални мерки. Беше заклучено дека е потребно да се продолжи со постојано следење на состојбите, приспособување на политиките и преземање навремени мерки согласно моменталната состојба за ублажување на ефектите.Во контекст на закрепнувањето на македонската економија, од високите претставници на ММФ, беше посочено и дека од голема важност е финансиската стабилност. Во таа насока, банкарскиот сектор, којшто е носечки столб на финансискиот систем, е стабилен и значаен за поддршката за економијата и во натамошниот период на ревитализација.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа хоспитализиран 41 пациент, а вкупно се лекуваат 438 лица

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 41 нови пациенти, поради компликации од коронавирусот. Вкупно 438 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 17 приеми, и тоа осум пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, тројца во ковид центарот на Клиниката за неврологија, пет пациенти се примени на Клиниката за нефрологија и еден болен на Клиниката за дерматовенерологија. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 10 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 14 лица.Во изминатите 24 часа, дома се пуштени 33 оздравени пациенти. Во моментот, во ковид центарот на Кожната клиника се лекуваат 23 пациенти, на Клиниката за неврологија 35 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симптоми на корона вирусот, на Клиниката за гастроентерохепатологија се лекуваат вкупно 25 лица, а во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 159 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 37 пациенти, од кои 10 деца и 27 возрасни.Вкупно 438 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка. И покрај големиот број приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 15-тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“. Во текот на утрешниот ден ќе се отвори за прием и ковид центарот на Клиниката за очни болести со капацитет од 33 кревети. Сите новоотворени инфективни одделенија имаат довод на кислород.

Македонија | пред 5 години

Kradec

Скопското обвинителство поведе истрага за извршени разбојништва

Наредба за спроведување истражна постапка донесе Основното јавно обвинителство Скопје денеска против 30-годишен државјанин на Република Италија со жителство во Скопје, за кого постои основано сомнение дека сторил четири кривични дела – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1, како и еден обид за разбојништво согласно член 237 став 4 во врска со став 1 и со член 19 од Кривичниот законик.На 6 ноември осомничениот влегол во книжарница на булеварот „Партизански одреди“ и со нож се заканил на вработената, барајќи да му даде пари. Исплашена за својот живот, оштетената од касата на книжарницата извадила 9.500 денари кои му ги дала на осомничениот, кој потоа избегал.Истиот ден, на улица „Московска“ во аптека и се заканил на вработената со нож и ги побарал парите од касата, но таа започнала да вика и го стиснала паник-тастерот. Во тој момент осомничениот избегал од местото, не успевајќи да ја реализира намерата за противправно одземање туѓи предмети.На 9 ноември на сличен начин, заканувајќи им се со нож на вработените, осомничениот одзел 2.000 денари од продавница за играчки на булеварот „Партизански одреди“.На 14 ноември, во маркет на улица „Букурешка“ го вперил ножот кон една вработена, заканувајќи и се дека ќе ја повреди ако не му даде пари. Оштетената му ја отворила касата, од каде тој самиот одзел 10.600 денари и избегал.На истиот начин, на 16 ноември, осомничениот противправно присвоил 6.525 денари од бутик за долна облека на булеварот „8-ми Септември“.Бидејќи постојат околности кои упатуваат на можност осомничениот да се даде во бегство, да ги сокрие трагите на кривичното дело, да влијае врз сведоците/оштетените или да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор. Судијата на претходна постапка го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Скопје | пред 5 години

boki

Боки 13 бара изземање на судијата Софче Гаврилова

Обвинетиот во случајот Меѓународен соју, Бојан Јовановски побара изземање на судијката Софче Гаврилова која го води предметот “Рекет 2” во кој тој е првообвинет. Јовановски рече дека овој судија не може да биде непристрасен при носење на пресудата.– Вие почитувана судијо носите одговорност за мојата состојба. Фалеа само 30 минути за да фатално заврши мојата состојба. И вие самата изјавивте дека со оглед дека сте биле дел од Рекет, веќе сте оформиле мислење, па не може да се очекува дека при донесувањето пресуда за Меѓународен сојуз, нема да бидете пристрасни, рече Боки 13 во судница.Судијата Софче Гаврилова, рече дека денешното судење нема да биде прекинато поради барањето за нејзино изземње бидејќи тоа и претходно било барано, па предлогот ќе се разгледа по завршување на денешното рочиште.

Македонија | пред 5 години

MLS-Ambasada-FITR

Милевски: меморандумот за соработка помеѓу МЛС и ФИТР ќе ја зголеми конкурентноста на планските региони

Меморандум за меѓусебната соработка потпишаа Министерството за локална самоуправа и Фондот за иновации и техонолошки развој што ќе овозможи реализација на ваучерската програма за градење на капацитетите на претпријатијата во Република Северна Македонија. Соработката ќе се оствари преку Регионалните бизнис центри во рамки на Центрите за развој на планските региони.-Денеска потпишавме Меморандум со цел заеднички да им помогнеме на малите и на средните претпријатија полесно да пристапат до буџетските средства кои што се наменети за нивна поддршка и развој. Заедно со швајцарската Влада преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, Министерството за локална самоуправа обезбедува 3 милиони денари или 51 отсто, а Фондот за иновации другите 49 проценти од средствата за финансиска поддршка наменета исклучиво за ваучерската програма за градење на капацитетите на претпријатијата во земјава, изјави министерот за локална самоуправа, Горан Милевски.Според Милевски целта на ваквата меѓусебна соработка е преку ваучерската програма да се придонесе за зголемување на конкурентноста на планските региони со поддршка на малите и средни претпријатија и на претприемништвото. Целосна информираност на потенцијалните корисници од сите плански региони за можностите за условите и начините за користење на средства од Програмата, како и обука на администрацијата која што треба да ги обезбеди услугите.- Поддршката ќе се реализира преку Бизнис центрите кои што функционираат во рамките на Центрите за развој во сите осум плански региони. Бизнис центрите ќе функционираат како регионални канцеларии кои што, ќе ги информираат потенцијалните корисници за сите јавни повици на ФИТР за поддршка на приватниот сектор, потоа ќе обезбедуваат техничка поддршка на потенцијалните апликанти од соодветниот регион, за сите активни повици за секој поединечен инструмент, а ќе даваат оперативна и финансиска поддршка на ваучерската програма за градење на капацитетите на претпријатијата во земјава. Очекувам дека соработката ќе продолжи и во наредниот период, врз основа на искуството што ќе го изградиме и врз основа на задоволството на клиентите, конкретно на бизнис секторот. Со поддршка на малите и средните претпријатија го поддржуваме развојот на регионите, зголемувањето на бројот на нови работни места, подобар стандард за живеење во сите делови од државата, појасни тој.- ФИТР останува посветен партнер на македонските компании. На овој начин продолжуваме заедно со бизнис секторот да генерираме нови инвестициски циклуси и забрзан економски раст базиран на иновации и технолошки развој, како и зголемен број на вработувања. Целта на денешната соработка е да ги приближиме инструментите на Фондот и можностите за финансиска поддршка кои државата ги нуди на домашните компании низ целата земја. Со ваков пристап на децентрализирана поддршка и информации сакаме да ги поттикнеме компаниите во сите плански региони, а не само од скопскиот, да аплицираат во Фондот и нивните бизнис идеи заедно да ги претвориме во успешни проекти, потенцираше Коста Петров, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој.Според амбасадорката на Швајцарија во Скопје, Сибил Зутер, развојот на претприемништвото започнува локално, но сепак во голема мера се потпира на поврзување на претприемачите со вистинските ресурси што им се потребни за да ги развиваат своите деловни активности.- Користејќи ги 8-те Бизнис центри во рамките на Центрите за развој на планските региони како неформални сателитски канцеларии на Фондот за иновации и технолошки развој, ќе обезбедиме повеќе мали и средни бизниси низ целата земја, особено во заостанатите региони, да добијат вреден пристап до информации за можностите што им се достапни. Затоа веруваме во важноста на градењето, поврзувањето, зајакнувањето и растењето на екосистемот на претприемништво во Северна Македонија и ќе продолжиме да работиме заедно за да постигнеме одржлив и инклузивен економски раст преку создавање работни места и подобрување на деловното опкружување, рече таа.

Македонија | пред 5 години

vakcina

Вакцинирањето против сезонски грип се одвива непречено, вакцини и термини има за сите заинтересирани граѓани

Изминативе 7 дена, 3270 граѓани примиле бесплатна вакцина против сезонски грип во здравствените домови и општите болници низ државата. 126 граѓани преку матичен лекар резревирале термин, но не се појавиле на закажаниот пункт, не дошле да се вакцинираат.Бесплатна вакцинација против сезонски грип се врши на 6 пункта на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје, како и во здравствените домови во Велес,Неготино,Teтово, Гостивар, Кичево, Охрид, Струга, Вевчани, Македонски Брод, Ростуше, Битола, Прилеп, Крушево, Ресен, Демир Хисар, Свети Николе, Радовиш, Струмица, Штип, Валандово, Куманово,Кратово, Крива Паланка, Берво, Делчево, Виница, Пробиштип, Пехчево, и Кочани. Вакцинација се вршти во општите болници во Гевгелија, Дебар и Кавадарци.Според утврдениот протокол за системско менаџирање, на термините за вакцинација, секој петок од тековната недела се отвараат термини преку системот Мој термин. Оваа пракса годинава е воведена бидејќи се наоѓаме во период на вонредна здравствена состојба каде физичка и временска дистанца помеѓу пациентите се клучен фактор за зачувување на здравјето на луѓето во овој момент. Од таа причина системското менаџирање на вакцинација е клучен фактор.Министерството за здравство информира дека вакцини има за сите, исто така упатуваме апел, до граѓаните кои закажале термин за вакцинирање да се појават на пункт за вакцинација, доколку се спречени, резервираниот термин да го откажат.

Македонија | пред 5 години

zaev-borisov-1

„Шпигел”: Бугарија со своето вето за Северна Македонија предизвика уште една криза во ЕУ

Бугарското вето за евроинтегративниот процес на Македонија се најде на страниците на угледниот германски магазин „Шпигел“.Во анализата на македонско-бугарскиот спор, од весникот пишуваат дека Бугарија наметнува еден нов преседан во политиката на проширување на ЕУ, односно го користи своето гледиште на историјата на гротескен начин како политичко средство против соседна земја.Некои националисти си ги присвојуваат како Грци што зборуваат словенски. Други како јужни Срби или западни Бугари. Во својата кратка историја, на Македонците никогаш не им било лесно да бидат признаени како посебна нација со сопствен јазик. До денес, Македонија е оспорувана од своите соседи Бугарија, Грција и Србија како „конструкт“ и „вештачка нација“ – пишува „Шпигел“ во анализата посветена на бугарското вето на Македонија во ЕУ.Магазинот анализира дека бугарската влада покажува дека „македонското прашање“, како едно од клучните во историјата на Балканот, е се уште многу далеку од тоа да биде истражувано само од историчарите.Таа бара од соседната С. Македонија официјално да соопшти дека македонската нација има бугарски корени и дека јазикот во земјата – македонскиот, е западно-бугарски дијалект. Се додека македонската влада тоа не го прифати, Бугарија нема да дозволи земјата да почне преговори со ЕУ.По ветото на Унгарија и Полска на буџетот на ЕУ, бугарската блокада на С. Македонија предизвикува уште една криза во ЕУ. Бугарија наметнува еден нов преседан во политиката на проширување на Брисел – таа го користи своето гледиште на историјата на гротескен начин како политичко средство против соседна земја.Притоа се работи за многу повеќе од двомилионската С. Македонија, која одамна ги исполни сите технички предуслови за да почне преговори за членство во ЕУ. Се работи за тоа, како владите на некои ЕУ членки го злоупотребуваат правото на вето за сопствени националистички внатрешно-политички кампањи. Со тоа многу и наштетуваат на веродостојноста на ЕУ во нејзиниот најважен соседен регион – Западниот Балкан.Во разговор за Шпигел, македонскиот премиер Зоран Заев го нарекува бугарското вето „апсурдно и смешно“. „Во изминативе години сторивме многу, за да направиме добар напредок на нашиот евроинтегративен пат. Покажавме дека можеме да се однесуваме европски“, вели Заев.Тој и префрла на Бугарија дека на „неевропски начин поставува барања кои се однесуваат на македонскиот идентитет и достоинство како нација“. Заев за Шпигел вели дека причините за ветото се внатрешно-политички. Притоа, веројатно се алудира на повеќемесечните анти-корупциски протести против десноконзервативната и националистичка коалициска влада на премиерот Бојко Борисов, како и на претстојните парламентарни избори во март следната година. На Борисов му е потребна корисна тема со која може да го одвлече вниманието од неговиот корумпиран систем – пишува „Шпигел“.Магазинот предупредува дека доколку Македонија ја загуби европската перспектива, како во многу други случаи низ историјата на Балканот, радикалниот национализам може да ја втурне земјата кон насилство.

Македонија | пред 5 години

pajak-11

За една недела подигнати 246 непрописно паркирани возила од јавните површини

Во текот на изминатата недела (12.11 – 18.11.2020 година) со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 246 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 36 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 210 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 367 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 36 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.

Скопје | пред 5 години

ilija-piperkoski

(ВИДЕО) Филмот „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски, добитник на нови награди

Режисерот Илија Пиперкоски доби две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) за најновиот филм „Дедо и внук“ од 4-th Dimension Independent Film Festival и на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата најдобри наративни играни филмови.„Ваквите приказни го прават светот поубаво место за живеење“, потенцираат од 4-th Dimension Independent Film Festival.Наградата доаѓа во време кога со премиерата на меѓународниот филмски фестивал „Прифест“ 2020 во Приштина и официјално почна светската промоција на првиот долгометражен филм на режисерот и сценарист Пиперкоски. Вторпат наградата за најдобар директор на фотографија – кинематографер ја доби Патру Паунеску, токму за филмот „Дедо и внук“ на европските награди за кинематографија.Главните улоги во филмот ги толкуваат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други. Филмот ја раскажува приказната по смртта на еден млад пациент, во која младиот доктор Никола се обидува да направи ред во својот живот и оди на посета кај својот дедо. Последен пат бил кај него пред 10 години. Ова е филм за конфилкт на генерации, со контраст на морални вредности, моменти за втора шанса. Зад продукцијата на филмот стои Pandora’s Box, продукција од Охрид, во соработка со Dream Factory од Скопје и Alien Film од Романија.

Македонија | пред 5 години

mickoski-2

Мицкоски: Власта преку Телма ја цензурира опозицијата, ова треба да го прикрие стравот на Заев и замолчи, но не повеќе лаги и измислици

Цензура како во најлошите времиња на комунистичките режими.  Утре требаше да гостувам на националната телевизија Телма. Бев известен дека уредништвото на телевизијата не е среќно да се чуе гласот на најголемата политичка партија. Гостувањето откажано, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски во својата објава додава:Причините може да се претпостават. Ова е само приказ за еден брутален недемократски атак кој има функција да го прикрие стравот на Заев и власта и да ја замолкне опозицијата.Три години измислуваат, констриураат, напаѓаат и лажат, а сега и ме цензурираат. Но тоа нема да ме спречи да продолжам да ја говорам вистината, да ги поддржувам новинарите кои ја сакаат вистината и да бидам на страна на народот.Некој сака земја во која нема опозиција. Но нема да престане да има луѓе кои мислат со своја глава. Најголем доказ дека власта е изгубена, ранлива и дезориентирана.Жалам, но не повеќе!

Македонија | пред 5 години

zaev-3

Заев му рекол на Каракачанов: „Аман брату, немој толку да нè сакаш“

Во интервју за ДВ по бугарското вето во ЕУ, премиерот Заев тврди дека е сигурен дека Борисов не е пречка за земјата. Тој му порачува на бугарскиот вицепремиер Каракачанов дека ја сака Македонија „на погрешен начин“, објави dw.com „Тврдам дека огромно мнозинство од бугарскиот народ е против блокада и пречки за македонскиот народ на патот кон ЕУ. Тврдам исто така дека и Борисов е против, затоа што тој е отсјај на својот народ. Но секако, тој има и коалициски партнери. Јас често го слушам мојот добар пријател Каракачанов. И тврдам дека тој ја сака Македонија, но некојпат на погрешен начин ја сака Македонија. Му го имам тоа и нему кажано. Тоа е како што велат ‘аман брату, немој толку да нè сакаш’. Значи тој ја сака Македонија, но на погрешен начин. Треба да продолжи да ја сака, но и да покаже дека тоа што нему му тежи и му е проблем, како што вели: Блгарски Македонец; тоа се решава“, вели Заев.За барањата на Бугарија во преговарачката рамка со Македонија да биде вметнато дека немаме претензии за македонско малцинство во Бугарија, како и за другите бугарски барања, Заев вели:„Јавно тврдам дека немаме ниту територијални, ниту малцински претензии, за да слушне тој и да му олесни на Бојко Борисов. Јавно тврдам дека Северна Македонија е исто што и Република Северна Македонија. Јавно тврдам дека заедничката историја е реалност и постои. Во таа заедничка историја се изнедриле Бугарите и Македонците, бугарскиот и македонскиот јазик. И во едни такви околности, треба тоа да го зграпчиме и да градиме пријателство и братство. Тоа е љубовта која што носи иднина“.Текстот во целост може да го прочитате на: dw.com 

Македонија | пред 5 години

vlada-zname-nato

Влада: Поведена постапка за разрешување на Зоран Иванов од надзорниот одбор на МИА

На иницијатива на премиерот Зоран Заев и на министерот за надворешни работи, Бујар Османи поведена е постапка за разрешување на Зоран Иванов од функцијата претседател и член на Надзорен одбор на Медиумската информативна агенција (МИА) поради недолична јавна комуникација и ширење говор на омраза кон владини претставници на соседот Република Бугарија.

Македонија | пред 5 години

mickoski-8-mi-septemvri

Нападната вработена во ковид-центар во Скопје

Вработена во Градската општа болница „8 Септември“ била физички нападната на работното место.„С.С.(34) од Скопје пријавила дека на 13.11.2020 околу 10.30 часот во Градската општа болница „8 Септември“, додека извршувала работни задачи во амбуланта во рамки на Ковид центарот, била физички нападната од едно лице“, информираат од МВР во дневниот билтен.Засега не се познати повеќе детали, а од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.

Скопје | пред 5 години

mite-960x540

Почина Мите Костов, претседател на Партијата на Власите во Македонија

На 61-годишна возраст денеска почина Мите Костов Папули, претседател на првата влашка политичка партија во нашата држава. Папули ја изгубил битката со Ковид 19.Мите Костов Папули е роден во с.Аџибегово, Светиниколско, а дипломираше и магистрираше на Економскиот факултет во Скопје. Беше долгогодишен активист и борец за влашкото прашање, со својот ангажман даде огромен придонес за промовирање и афирмирање на влашкиот јазик и култура, долгогодишен претседател на Лигата на Власите, иницијатор за формирање на Влашката редакција при МРТ, Меѓународниот совет на Власите, иницијатор за формирање на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, за изучување на влашкиот јазик во основните училишта и на Филолошкиот факултет во Скопје.Денес не напушти уште еден мој пријател и соработник, г-динот Мите Костов, претседател на Партијата на Власите во Македонија. Изразувам длабоко сочувство до семејството Костови, нивната загуба е непроценлива., напиша на својот ФБпрофил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски во објавата додава:Г-динот Мите Костов беше искрен и чесен човек, вреден работник и посветен пријател кој секогаш интересите на влашката заедница и македонската држава ги ставаше на прво место.Заедно победивме многу битки, заедно бевме и во добро и лошо и во периодот кога бев Генерален секретар, но и сега како претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Г-динот Костов за жал не успеа да ја победи најважната битка. Ова потврдува дека здравствената криза е сериозна закана. Се сеќавам како секогаш придонесуваше со својата мудрост и искуство и се бореше за своите цели. Премногу тешко е да се збогуваш со неколку соработници за неколку недели, но ветувам дека ние ќе продолжиме да го одиме патот каде што застанаа моите соработници и пријатели.Мите Костов, пријателе, почивај во мир, лесна ти земја. Секогаш ќе те паметиме!

Македонија | пред 5 години

koronavirus-kovid-19-pacient-lekari-2

Починати 21 лице и нови 1406 случаи со Ковид 19 денеска во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3398 тестирања, а регистрирани се 1406 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-627, Куманово-73, Дебар-1, Штип-37, Прилеп-98, Тетово-72, Струга-17, Велес-55, Битола-51, Охрид-57, Кавадарци-40, Гостивар-84, Гевгелија-11, Струмица-30, Крива Паланка-10, Радовиш-9, Крушево-8, Кочани-34, Пробиштип-4, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-8, Виница-20, Делчево-6, Кратово-2, Свети Николе-11, Кичево-10, Ресен-13, Неготино-11.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 937 оздравени пациенти од: Скопје-398, Куманово-50, Дебар-8, Штип-21, Прилеп-28, Тетово-41, Струга-18, Велес-38, Битола-28, Охрид-44, Кавадарци-29, Гостивар-23, Гевгелија-12, Струмица-59, Крива Паланка-8, Радовиш-9, Крушево-2, Кочани-19, Пробиштип-8, Демир Хисар-6, Пехчево-1, Берово-4, Валандово-9, Виница-8, Делчево-17, Кратово-2, Свети Николе-15, Кичево-18, Ресен-4, Неготино-10.Починати се 21 лице, шест пациенти од Скопје (77, 64, 74, 81, 73 и 74г), тројца од Штип (84, 70 и 62г), тројца од Прилеп (51, 40 и 55г), еден пациент од Струга (64г), четири од Битола (77, 77, 79 и 74г), еден од Гостивар (72г), еден од Радовиш (70г), еден од Македонски Брод (66г) и еден пациент од Берово (85г). Сите пациенти се починати во болнички услови.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 50015, бројката на оздравени пациенти е 29583, на починати е 1397, а бројот на активни случаи изнесува 19035. Денеска се евидентираат четири контролни теста од вчера, а според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:• Скопје 21984, активни 9059• Куманово 3231, активни 925• Дебар 420, активни 89• Штип 2250, активни 493• Прилеп 2325, активни 959• Тетово 3295, активни 1024• Струга 1146, активни 318• Велес 1551, активни 769• Битола 1489, активни 738• Охрид 1255, активни 536• Кавадарци 950, активни 414• Гостивар 1894, активни 638• Гевгелија 594, активни 215 (34 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 108 на Богданци и 12 се странски државјани)• Струмица 1420, активни 580• Крива Паланка 355, активни 112• Радовиш 359, активни 121• Крушево 82, активни 49• Кочани 1068, активни 313• Пробиштип 300, активни 79• Демир Хисар 154, активни 63• Македонски Брод 133, активни 27• Пехчево 88, активни 26• Берово 287, активни 68• Валандово 151, активни 44• Виница 311, активни 149• Делчево 363, активни 161 (91 лицае од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)• Кратово 130, активни 72• Свети Николе 686, активни 200• Кичево 991, активни 410• Ресен 365, активни 137• Неготино 388, активни 247 (36 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 3398 теста се преку: ИЈЗ-1194, ЦЈЗ Скопје-101, Авицена-400, Биотек-287, МАНУ -305, Жан Митрев (Филип Втори)-229, Систина со PCR метода -257, лабораторија Лаор –41, Судска медицина-11, ЦЈЗ Битола-65, Инфективна клиника-5, ГАК-0, Синлаб-51, Ремедика-21, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ (рапид тест) -409, УК Пулмологија со алергологија –3, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 300.200 тестирања на Ковид -19.Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)• Чаир – 565• Гази Баба – 1323• Аеродром -1318• Карпош – 1160• Центар – 1105• Кисела Вода – 1109• Ѓорче Петров – 742• Бутел - 477• Шуто Оризари – 153• Студеничани – 41• Сарај – 129• Арачиново -32• Илинден – 226• Сопиште – 61• Чучер Сандево – 101• Петровец –111• Зелениково -60• Странец – 160• Нераспределен- 184

Македонија | пред 5 години

Marko_Cepenkov_11182020003

(ВИДЕО) Започна реконструкцијата на улицата „Марко Цепенков“ во Охрид

Започнаа градежните активности за комплетна реконструкција на улицата  „Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улица „Момчило Јорданоски“ до пресекот со улицата „Прва Македонска ударна бригада“ кај „Стобекс“.При денешната теренска посета на улицата, градоначалникот Константин Георгиески потенцираше дека ова е уште еден од низата значајни инфраструктурни проекти, кои оваа година се реализираат во Општина Охрид.– Оваа улица долги години наназад беше во многу лоша состојба и претставуваше навистина голем проблем за жителите на населбата “Видобишта”. Нејзината реконструкција беше еден од приоритетните сообраќајни проекти во нашата општина и среќен сум што со нејзината реконструкција заокружуваме една исклучително успешна година, во поглед на инвестициите во инфраструктурата. Како што е познато, максимално сме посветени, континуирано вложуваме и инвестираме во проекти за подобрување на сообраќајната инфраструктура во градот. Претходно на овој потег од градот извршивме комплетна  реконструкција и на улицата “Прва Македонска ударна бригада”. Заедно со реконструкцијата на улицата „Марко Цепенков“ жителите на оваа населба добиваат многу подобри и побезбедни сообраќајни услови и подобра поврзаност со останатиот дел од градот.И во иднина ќе продолжиме со исто темпо да работиме за потребите на граѓаните, да бидеме отворени за соработка, да ги слушаме проблемите и заеднички наоѓаме најсоодветни решенија. Продолжуваме да работиме на проекти за реконструкција на важни улици, со кои Охрид добива сообраќајна мрежа по сите современи стандарди, истакна градоначалникот Георгиески.Согласно проектот за реконструкција на улицата „Марко Цепенков“ предвидена е комплетна обнова и асфалтирање на коловозот, поставување на нови рабници и поплочување на пешачката патека од едната страна.

Македонија | пред 5 години

Toaleti_Gridor_11172020002

(ФОТО) Нови тоалети доби ОУ „Григор Прличев“ во Охрид

Со  финансиска поддршка на Општина Охрид  се реновираа  санитарните јазли  во новата зграда од ОУ „Григор Прличев“ каде предметна настава следат ученици од шесто до деветто одделение. Училишните тоалети се молерисуваа, поставени се нови плочки, ВЦ школки и акцесоари. Во зградата во тек е промена на дограмата на приземјето , а нови прозорци веќе се поставени на првиот кат.Изминатиов период беа  молерисани  училниците и останатите простории во старата училишна зграда. 

Македонија | пред 5 години

18112020_Minister_MIOA_pres-konferencija_1

Министерот Шаќири го претстави предлог-буџетот на МИОА за 2021 година

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска го претстави предлог-буџетот на МИОА за 2021 година, осврнувајќи се на тековните и идните проекти во насока на развој на дигитализацијата и професионализација на администрацијата.Посочувајќи дека, при изготвувањето на предлог-буџетот се водело сметка да се најде баланс меѓу оптимизацијата на расходите на јавната администрација и дигитализацијата на јавните услуги, министерот Шаќири соопшти дека вкупниот предлог-буџет на Министерството за информатичко општество и администрација за 2021-та година изнесува 1.179.142.000 денари.„Буџетот е составен од средства за финансирање на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Националната Радиодифузија и Националната Радио Телевизија, средства за работа на МАРнет, средства за дигитализација на услугите за граѓаните и бизнисите и средства насочени кон зголемување на ефикасноста и ефективност на администрацијата и процесите внатре, институционално“, рече министерот Шаќири.Првиот столб, односно најголемиот дел од овие средства, 900.000.000 денари, се одвојуваат за финансирање на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Националната Радиодифузија и Националната Радио Телевизија. На овој начин, како што рече, граѓаните се ослободени од трошоци, а од друга страна овие институции добиваат редовни и предвидливи средства, односно се овозможува нивна автономност и независност.Според министерот Шаќири, вториот столб во буџетот на МИОА е буџетот на МАРнет кој изнесува 14.514.000 денари. Со одвојување на средства во буџетот, а и како дел од Националниот оперативен бродбенд план, ќе се инвестира во поврзувањето на Универзитетите и сите останати образовни и истражувачки установи во мрежата на МАРнет, што ќе придонесе кон реализација на целите поврзани со зголемување на потребите по користење на броадбенд услуги и нивна промоција како и намалување на дигиталниот јаз.Министерот Шаќири понатаму посочи дека, од останатиот дел од предлог-буџетот за 2021 година, односно третиот столб со буџет од 60.624.000 денари, голем дел од средствата се предвидени за дигитализација на услугите и полесен, побрз, поефикасен пристап до нив за граѓаните и бизнисите.„Централниот регистар и Националниот портал за е-услуги се основата која е воспоставена. Сепак, истите бараат надградба и одржување. Порталот, кој сега овозможува дел од електронските услуги и само за граѓани, ќе биде надграден и за бизнисите. За овие проектираме поддршка од ЕУ, преку ИПА програмата“, рече министерот, додавајќи дека со нов проект со кој ќе се дигитализираат клучните регистри за граѓаните и бизнисите и ќе се развијат околу 130 нови електронски услуги кои ќе се нудат преку Националниот портал за е-услуги.Сите услуги, достапни до сите граѓани се нашата приоритетна цел за наредната 2021 година. Затоа, вложуваме во доближувањето на услугите до граѓаните на два начини: преку центрите за „Една точка за услуги“ и преку набавка на хардверско и софтверско решение за издавање на документи“, рече министерот Шаќири.„Преку средствата обезбедени за членство во Инцијативата за Отворено владино партнерство, ги утврдуваме темелите на отворени, транспарентни, сигурни и ефикасни владини институции, кои комуницираат и соработуваат со граѓаните“, посочи министерот.Претставувајќи го предлог-буџетот, министерот Шаќири се осврна и на програмата ИСА 2 на ЕУ со која се поддржува развојот на дигитални решенија за јавната администрација, бизнисот и граѓаните во Европа со што се овозможува поголем бенефит од прекугранични и меѓу-секторски јавни услуги.Средства во буџетот за 2021 се издвоени и за пенатрациско тестирање на системите , за државен репозиторум за изворни кодови и регистар на софтверските решенија развивани за потребите на државата, како и за Електронски систем за автоматизација на административни постапки (еСДП).„Со воведување на Електронски систем за автоматизација на административни постапки (еСДП) секоја работна задача кон вработените кои спроведуваат управни постапки ќе се задава јасно и прецизно со можност во реално време да се следи нејзиното извршување. Владата на Република Северна Македонија планира до крајот на 2021 година да го воведе овој систем во најмалку 30% од вкупниот број на органите на државната управа, а до крајот на 2024 година во сите органи на државната управа. Со ова, ќе се зголеми ефективноста и отчетноста за работата на административните службеници кои спроведуваат управни постапки и полесен и побрз пристап на граѓаните до административна правда“, рече министерот Шаќири.За четвртиот столб, посочи министерот, се планирани 90.424.000 денари и тоа за: дигитализација и ефикасна администрација, за обуки на вработените, обуки на сите нивоа во администрацијата за спроведување на Законот за општа управна постапка, како од гледна точка на администрацијата, така и од корисниците на услуги односно учесници во административните постапки, издвојуваме и средства за софтвер за е-инспекторати, со кој значително ќе се олесни и ќе стане поефикасна работата на инспекторатите.На крајот, министерот посочи и дека се вложува и во други два система: информационен систем за управување со човечки ресурси и Документ Менаџмент Системот. Првиот е основа за анализи и креирање на политики согласно потребите на институциите. Со вториот, се вложува во електронското управување со документи. Преку Националниот систем за управување со документи- ДМС системот институциите ќе може да разменат документи во електронска форма. Размената на документите ќе биде во реално време.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања