Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Државниот завод за статистика врши упад во пописните резултати и ги менува нелегално, тврди Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
levica-8123

„Директорот на Државниот завод за статистика изјави дека дополнувањето на базата на податоци од пописот на населението ќе се третира како „упад“. Упадот сепак се случи, и тоа од страна на самиот ДЗС и во официјалните резултати од пописот може да се забележат промени и дополнувања во табелата за религиската припадност со драстични разлики“, вели Левица.

Тие додаваат:

— реклама —

„Разликите се особено воочливи во колоната „Не е верник (атеист)“, каде во првичните резултати бројката на овие лица изнесуваше 355, а во новите нелегално изменети и дополнети резултати оваа бројка е зголемена на 8764 лица! Покрај тоа, во табелата за религиска припадност можат да се забележат и други евидентни нелегални интервенции со кои се променуваат и други колони и вредности.

— реклама —

Сомневањата на мнозинството народ во веродостојноста на резултатите од пописот, сега добиваат и официјална поткрепеност, со конкретно преземени противправни/кривични дејствија од страна на службените лица во Државниот завод за статистика.

Законот за попис на населението предвидува кривична одговорност за слични вакви дејствија во членот 49 став 1 каде „се казнува лице што ќе уништи, прикрие, оштети, преправи или на друг начин ќе стори да бидат неупотребливи внесените податоци на пописната апликација и тоа со со казна затвор од најмалку 3 години”. Дополнително, доколку ова кривично дело го стори учесник во Пописот или друго службено лице, ставот 2 од членот 49 предвидува казна затвор од најмалку 5 години за сторителот.

— реклама —

Ваквото брутално кршење на законите е само потврда на очигледниот фалсификат на пописот, за кој Апостол Симовски како главен извршител мора во иднина да понесе одговорност, иако сега ужива заштита од хибридниот режим“.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

popis

Следниот попис во Македонија ќе се прави без попишувачи – ќе се броиме дигитално

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
Popis_2021

На пописот во Албанија повеќе Бугари од Македонци

Свет | пред 2 години

popis

Албанија има 2,4 милиона жители, над 400.000 помалку од пописот во 2011 година

Свет | пред 2 години

Нема фотографија

Апликацијата за пописот која беше донација од бугарска фирма била незаконски набавена, вели Левица

Македонија | пред 3 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања