Митева: Власта ги урива преговарачките процеси со Бугарија, го става македонскиот народ во подредена положба

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
miteva13022022

„Историјата да се учи низ перцепција. Ова е еден дел од договореното за што Бугарија прогласува успех. Ова е став од страна на членови на историската комисија кој потврди дека ние сме препорачале на ученикот да му бидат претставени различните перцепции од определен настан на таа држава или за одредена личност“, вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Таа додава:

„И нашиот предлог бил дека постојат различни перцепции, дека не постои една единствена вистина. Ова е штетната матрица низ која се водат преговорите со Бугарија на сметка на македонскиот национален идентитет. Ова е начинот на кој власта ги урива преговарачките процеси, го става македонскиот народ во подредена положба со цел да се согласи за работи кои ќе задираат во македонскиот јазик и историја.

— реклама —

Дополнително, самиот Османи изјави дека во иднина кога ќе бидеме во позиција треба да кажеме дека имаме разбирање за сите аспекти, повторувам ЗА СИТЕ аспекти бидејќи нашиот пристап бил дека или се е договорено или ништо не е договорено.

Османи потенцираше дека нема да го информира Собранието за секој договорен елемент, туку тоа да го направи на веќе завршени преговори и постигнат договор без согласност на македонската јавност. Секој ден имаме нови порази, секој ден власта молчи за скандалите дека македонски службеници работеле против интересите на Македонија.

Што правеа Османи и Ковачевски до сега, како им се случувале вакви скандали пред нивни очи без притоа да преземат било каков чекор кој би го спречило тоа? Кои се тие службеници на Османи кои работеле против договор и што презема владата за тоа?

Османи да одговори како дозволил негови вработени да работат на можна штета на државата, колкав период знаел за такви активности, а не преземал ништо?“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања