Штом Бугарија прогласува успех, а нашата власт молчи, тоа значи дека се отвора врата за негацијата на македонскиот идентитет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
180120222_PVRSM-_Kovacevski_precek-na-premierot-na-Bugarija_1

„Власта на СДСМ и ДУИ го става македонскиот народ во подредена положба и со тоа директно задира во идентитетските прашања, македонскиот јазик и историја. Со прифаќањето од страна на историската комисија во нашите учебници да бидат претставени различните перцепции од определен настан на таа држава или за одредена личност, се отвора врата за негаторските позиции кон засебноста на македонскиот идентитет да влезат директно во образовниот процес“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Оттаму додаваат:

„Ова само покажува дека со оваа власт поразите се секојдневие.

— реклама —

Тоа што бугарската страна прогласува успех, а нашата власт молчи доволно говори какви решенија се подготвуваат во целосно нетранспарентниот процес.

Повторно предупредуваме дека ниту граѓаните, ниту пратениците не се ни приближно целосно информирани што е договорено во историската комисијата и за кој напредок Бугарија прогласи успех. Тајните договори само отвораат сомнежи дека зад затворени врати се договора нова распродажба, не само на Цар Самоил, туку и на целокупната историја, јазик и идентитет“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања