ВМРО-ДПМНЕ повикува на масовно обединување против власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
vmro-dpmne

„Промените се случуваат, секогаш со народот - ВМРО-ДПМНЕ повикува на масовно обединување против власта. СДСМ се плаши и бега од народот затоа што нема анкета на која не губат, и знаат дека ќе доживеат тежок пораз на избори“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тие додаваат:

„СДСМ не сака избори затоа што народот има празни џебови од сиромаштијата која ја донесоа, а е резултат на криминалот кој го прават, преку тендерите и разните матни шеми со државниот буџет.

— реклама —

Донесоа инфлација. Горивата поскапеа и за 70%, основните намирници исто така, а лебот и до 110%.

И во сиот изминат период платите не пораснаа ниту еднаш.

СДСМ вети дека ќе влеземе во ЕУ, а наместо тоа државата и народот голтаат само кнедли, а ЕУ ниту на повидок. Со СДСМ нема ниту ЕУ, ниту иднина. ВМРО-ДПМНЕ има јасен став во поглед на спорот со Бугарија. Ние сме против каков било чин или чекор кој ќе значи нарушување на идентитетот, јазикот или срамно решение кое ќе значи откажување од нашето историско наследство. Ние сме за решение кое ќе ги одразува и зачувува националните и државни интереси.

Со СДСМ Македонија само губи. Поразите се секојдневие, а сиромаштијата се поприсутна. Затоа е потребно обединување на народот против власта“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања