Промени тема
Контакт

СДСМ да не се обидува да го попречува правото на штрајк, наместо закани да ги исполни барањата на наставниците, обвини опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-09-06-at-11.05.50

„СДСМ да не се обидува да го попречува правото на штрајк, наместо закани да ги исполни барањата на наставниците“, вели ВМРО-ДПМНЕ во реакција на соопштение на СДСМ.

Од партијата додаваат:

„Синдикатите имаат право на штрајк, а наставниците и вработените во градинките право да бараат тоа што со закон им следува.

— реклама —

Платите во образованието треба да се усогласат со Колективниот договор, и на нивелирање на коефициентот на сложеност на работните места според растот на минималната плата.

Барањата на синдикатите не се нереални, туку сето тоа ги следува и власта наместо да ги игнорира и да го попречува штрајкот, да ги реализира нивните барања.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ одамна излезе со пресметка дека покачување е можно, и дека е потребно усогласување на платите согласно Колективниот договор.

— реклама —

СДСМ не сака да им даде поголеми плати на наставниците, за да има повеќе за матни тендери и договори во милионски суми за функционерите како Ден Дончев, Рашковски, Зекири, Филипче, Ковачевски, и сите други.

Пари за поголеми плати има, само треба да престане да се крадат“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 11 месец

— реклама —
zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 11 месец

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 11 месец

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања