Митева: Власта да одговори до каде е дијалогот со СОНК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
miteva

„Власта ја исполни својата цел после многубројните притисоци, наставниот кадар започна со настава, но одговор за тоа до каде се преговорите со СОНК се уште нема. Стана јасно за методите на власта уште во моментот кога беше поставен помирувачот. Помирувачот е човек вработен во кабинетот на министерката за труд и социјална политика Тренчевска и тој не може да биде непристрасна страна, кога една од засегнатите страни е владата, односно Ковачевски. Владата успеа да го стави СОНК во подредена положба, а наставниците да ги деградира и понижи“,вели Марија Митева, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Таа додава:

„После бројните закани кои владата ги упати кон СОНК, а истите не успеаја да ги предомислат наставниците, сепак владата изнајде начин како да го запре штрајкот повикувајќи се на Законот за мирно решавање на споровите. Власта брутално го уништи достоинството на наставниците во моментот кога се закануваа дека ќе ги загубат своите работи места, дека ќе се најде нивна замена, дека платите нема да им бидат исплатени во целост, за само еден ден после тоа да дава поддршка и благодарност до наставниот кадар. Доколку владата навистина сакаше да го реши спорот по пат на медијација тогаш тоа можеше да го стори уште пред да започне штрајкот или многу брзо по започнување на штрајкот. Нивната манипулација се гледа и денес кога молчат и не ја информираат јавноста до каде се преговорите, дали и каков напредок е постигнат, кој е предлогот на Владата за решавање на проблемот?

— реклама —

Почитувани,

Власта е должна на јавноста да и одговори што се влегло во т.н. преговарачка рамка, а не да се надева дека јавноста ќе заборави и нема да има потреба од дополнително информирање.

Измама и злоупотреба на наставниот кадар нема да дозволиме, бараме владата да одговори до каде е дијалогот на власта со СОНК?“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања