Промени тема
Контакт

Центар почнува да субвенционира купување на нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
279486156_380383020768813_8519277697929948591_n

Општина Центар утре го објавува Јавниот повик со кој го започнува проектот „Цел Центар на точак“, за субвенционирање на 30 отсто од цената за купување нов велосипед, електричен велосипед и електричен тротинет.

— реклама —

Од утре, среда, 4.05.2022 година, секој полнолетен жител на Општина Центар што ќе купи велосипед, е-велосипед или е-тротинет ќе добие субвенција, но најмногу до 3.000 денари за која е потребно да достави пополнето барање за субвенционирање, копија од лична карта и трансакциска сметка, како и фискална сметка со сметкопотврда или фактура за купен велосипед, е-велосипед или е-тротинет.

— реклама —

Барањата со комплетна документација потребно е да се доставуваат во архивата на Општина Центар, барака бр.6, почнувајќи од 4-ти мај. По доставувањето на документите, подносителите ќе бидат известени за редниот број на поднесокот и субвенционирањето.

— реклама —

Општина Центар напоменува дека правото на субвенција е еднократно.

За сите дополнителни информации во врска со субвенционирањето, граѓаните можат да се обратат на телефонскиот број: 3203-609.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4pt4lla3dkfb7K34bYC

Герасимовски: Вложуваме во дигитална инклузија, создаваме еднакви можности за секое дете

Скопје | пред 1 седмица

— реклама —
media-library4g47phhmvc814GOsJLP

Отстранета нелегалната конструкција на улицата „Даме Груев“ во Центар, пешачката патека повторно слободна

Скопје | пред 2 седмици

media-library9ehq6dv6chq14kKAUeM

Втора вонредна дератизација за два месеца во Центар

Скопје | пред 2 седмици

media-library58d2ov06qa8j8blHX9B

Интензивни контроли на инспециските служби во Центар, 6 градилишта казнети со по 1.300 евра

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања