Промени тема
Контакт

Ковачки: Џафери ги понижи вработените во Собранието, државата и ја загрозува безбедноста, а Ковачевски молчи за да не му падне владата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
talat-dzaferi

@Џафери ги понижи вработените во Собранието, државата и ја загрозува безбедноста, а Ковачевски молчи за да не му падне владата.

Талат Џафери во период од неколку дена направи два тешки скандали.

1. Беше фатен во живо на собранискиот канал како се заканува, пцуе и врши мобинг на вработените во Собранието

2. Се обиде да сокрие дека се сретнал со чеченски претставник и поранешен член на руската Дума, за тоа не ја извести јавноста и релативизираше“, вели Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тој додава:

„Талат Џафери мора да поднесе одговорност за неговиот дивјачки однос во Собранието. Ковачевски не смее да премолчува на овој примитивизам само затоа што сака да остане на власт. Со релативизирањето на односот на Џафери во Собранието се создаваат опасни преседани кои упатуваат порака дека системот не се грижи за вработените и воопшто луѓето, нивниот интегритет и чест.

Со молкот Ковачевски ги понижува вработените во Собранието многу повеќе од Талат Џафери и испраќа порака дека на Џафери се му е дозволено, вклучително и да малтретира и понижува луѓе, затоа што од него зависи владата.

— реклама —

Во однос на приемот на чеченската делегација, среќавајќи се со лица кои се безбедносно опасни за тоа да ги извести надлежните. Талат Џафери на виделина ја исфрли безбедносната незрелост.

Се поставува прашањето дали македонските служби биле информирани за оваа средба на Џафери и дали Џафери ги брифирал за разговорот што се водел?

— реклама —

И овој случај е премолчен од Ковачевски, затоа што истиот е заробен човек, кој живее во страв да не му падне владата, зошто на избори не може да добие поддршка од народот.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш го повикува Ковачевски да се охрабри и да организираме предвремени парламентарни избори. Со распуштање на парламентот ќе ги нема ниту понижувањата кои сега ги дозволува за да остане на власт“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Sobranie-zgrada

Собранието домаќин на регионална конференција за парламентарниот надзор на патот кон ЕУ

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
Sobranie-zgrada

Од безбедноста во сообраќајот до борбата против корупцијата: Пет собраниски комисии денеска заседаваат

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycict5j7719rp1mmFsjG

Критики, навреди и пцости во Собранието: Гаши денеска се откажа од Законот за нетранспарентно трошење за проектот Скопје – Европска престолнина 2028

Македонија | пред 1 месец

Sobranie-zgrada

Закони за високото образование и студентскиот стандард на дневен ред во Собранието

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања