Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

Ангелов: Задоволството да го тужам Латас ме чинеше 6.000 евра

Стојанче Ангелов, денеска на фејсбук објави, дека задоволството да го тужи новинарот Драган Павловиќ Латас, поради навреда и клевета, го чинело 6.000 евра.“Задоволството да го тужам Латас ме чинеше 6.000 евра.Во 2011-та поднесов две приватни тужби за клевета против уредникот на ТВ Сител, Драган Павловиќ – Латас. Иако бев 100% во право, сваровски судството него го прогласи за невин, а мене ме задолжи да му ги платам судските трошоци.Преку извршител, лека полека му платив 190.000 дененари за првата тужба и уште 170.000 дененари за втората тужба, или вкупно 360.000 денари, односно, околу 6.000 евра.Додека пред судот давав изјава, судијката ме праша „Вие сте претседател на партија?“ а подоцна ме допраша “И Љубе Бошковски ли има партија?Како и да е, најважно од се’ е да сме живи и здрави, напиша Ангелов ба фејсбук.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Мицкоски: Македонија не е ниту во стотте најбезбедни земји во борбата против Корона додека сите земји од регионот се подобро рангирани

Дури и Лаос, Камбоџа, Парагвај, Бангладеш, Иран, па и изворот од каде се започна Кина, се побезбедни земји во однос од Корона вирусот, споредено со Македонија, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.ФОРБС ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на Корона вирусот, а Македонија воопшто не е на листата. За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска , Словенија...Македонија е оценета дека не е безбедна. Каде стоиме очајно лошо!При истражувањето на ФОРБС се земени 130 параметри, меѓу кој ефикасноста на спроведените мерки, откривањето на заразени и бројот на тестирања, ефикасноста на здравствениот систем и спремноста на владите во борба против заразата. Земјите прогласуваат победа, додека ние сме во фаза на капитулација во борбата против короната. Опасната неспособност на владата на Заев, Спасовски и површноста на Филипче не доведе до катастрофални резултати. Секој ден бележиме троцифрена бројка на новозаразени, а Филипче и Заев глумат нормалност.Само ќе потсетам дека она што тие го нарекуваа пик пред два месеци изнесуваше 30 новозаболени, и еден или двајца починати, денес имаме троцифрени бројки на новозаразени и дупло од тогаш починати, а ни викаат дека се е нормално и лажат дека вирусот слабее. Бројките на ФОРБС жестоко ги демантираат.Македонија не е ниту во стотте најбезбедни земји во борбата против Корона додека сите земји од регионот се подобро рангирани, истакна претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. 

Македонија | пред 5 години

pazar-struga-2

„Форбс“ објави листа на безбедни земји за заштита од пандемијата, каде е Македонија?

„Форбс“ објави листа која покажува кои земји се најбезбедни во време на пандемијата на коронавирусот. На првото место е Швајцарија, втора на листата е Германија, додека пак на 100. место се Бахамите. Според анализата Македонија е сместена на 103.Балканските земји: Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија, според овие параметри, се наоѓаат пред светските сили – Русија и Америка.„А каде се САД?“, прашува магазинот. Тие се на 58-то место, веднаш по Романија и на две позиции пред Русија, која е на 61-то место.Што се однесува до балканските земји, на листата најдобро стои Словенија – 32 место, четири места зад неа е Хрватска, додека Црна Гора е на 42-то место. Србија пак се најде на 54 место.Податоците се базираат на 130 квалитетни и квантитетни параметри, како и на повеќе од 11.000 информации во такви категории, како што се ефикасност на карантинот, мониторинг и откривање на заразени, стабилност на здравствениот систем и ефикансост на владата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

svadba

(ВИДЕО) Свадба сред пандемија и полициски час

На социјалните мрежи споделено е видео од свадба во Прилеп. Загрижуава фактот што ниту еден од гостите нема заштитна маска, никој не држи дистанца. Гостите видно расположени играат оро.Само за потсетување сведби и останати веселби во овој период се забранети.Видеото може да го погледнате на овој линк.

Македонија | пред 5 години

102682090_260314745210469_3313561921582146017_n

УХМР спречи врнежи од град со помош на авионско засејување на облаците

Пелагонискиот и Преспанскиот регион во текот на вчерашниот ден  беа зафатени од интензивна нестабилна воздушна маса која доаѓаше од југ. Со цел да се спречи појава на град, Управата за хидрометеоролошки работи преку радарските центри Ѓуриште и Тополчани и Аероклуб Скопје во периодот од 10:15 часот до 16:33 часот извршија авионско засејување на градоносните облаци и потенцијално градоносни облаци со 135 палки, (една палка содржи 400г сребро јодит) со што е спречена  појава на град во овие региони.Претходно, Управата за хидрометеоролошки работи и Аероклуб Скопје, на 20 ти минатиот месец, ја имаше првата успешна интервенција за спречување на појава на град со помош на новата метода за засејување на облаците. Тогаш, беше извршено дејство врз градоносни облаци со авионско засејување во регионот југозападно од Велес, во Општина Чашка и во  регионот западно од Прилеп во Општина Долнени. УХМР и Аероклуб Скопје, изминатиов период извршија неколку успешни интервенции за спречување на град со помош на авионско засејување на облаците.Оваа нова метода за заштита од временски непогоди (град) за првпат од годинава започна да се применува и во Република Северна Македонија. Авионското засејување на облаците за заштита од град ќе се спроведува на целата територија на нашата држава. Со овој модерен систем за заштита од град ќе се придонесе за заштита на земјоделското производство од временски непогоди, и намалување на сумата којашто изминатите години се издвојува за за исплата на обештетувања.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

naum

Стоилковски: Не сопира корупцијата, во правила делат половина милион буџетски евра за здруженија, а отчет ќе му даваат на Рашковски

Не застануваат коруптивните дејанија на власта на СДСМ, преку злоупотреба на државната каса, од позиција на техничка влада, во време на вонредна состојба, а во насока на претстојните парламентарни избори. Вчера, во сабота, додека граѓаните стравуваа за бројката од стотици новозаразени од Ковид- 19 вирусот, Владата на СДСМ објави оглас за грантови за невладини организации за вкупно 30 милиони денари, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.Внимавајте, среде криза, половина милион евра за невладини организации, здруженија и фондации за проекти за спречување на ширењето на корона вирусот! И внимавајте, сите оние кои што ќе добијат пари, од 600 до 900 илјади денари, отчет ќе му даваат на Драги Рашковски, генералниот секретар на владата на СДСМ! И внимавајте, огласот трае само пет дена!Овој итен оглас, во многу нешта е спротивен од Кодексот за добри практики за финансиска поддршка на организации и фондации од 2007-та година.Членот 4 од Кодексот предвидува дека: Програми за финансиска поддршка на организации и фондации се носат во рок од 30 дена од донесувањето на Буџетот за тековната година. Во случајот тие 30 дена се далеку поминати.Во Кодексот е предвидено дека рокот за доставување на проектите не може да биде пократок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик. -Во случајов, дадени се 5 дена, од кои првиот ден е недела, празник и полициски час!Според Кодексот предвидено е да можат да аплицираат организации регистрирани најмалку една година до објавувањето на огласот, а во овој оглас од Владата предвиделе да можат да аплицираат невладини организации регистрирани најмалку 2 години претходно, потенцираше Стоилковски.Исто така, согласно Кодексот, треба да се овозможи поставување на прашања за апликациите, а со оглед на краткиот рок, тука тоа не е возможно.Во огласот на Владата е наведено дека НВО организации треба да достават само извештај за искористувањето на средствата, а не и финансиски докази за трошењето како што е предвидено во Кодексот (член 9).Следуваат уште посуштински прашања од аспект на можната корупција.За одлучување по поднесените проекти од НВО-ции треба да се формира комисија. Тоа го предвидува членот 5 од Кодексот. Но во овој случај, никаде нема информација: кога е формирана комисија, и доколку е формирана кој се’ е член во комисијата и на кој начин се избрани членовите на комисијата?Огласот почитувани, зафаќа повеќе области, од информирање и едукација за заштита, до помош на лица. Но, има и многу спорни моменти. На пример, внимавајте:-Набавка и дистрибуција на хуманитарни пакети за социјално ранливите категории на лица.Дали ова значи дека и невладината на Зоран Заев, онаа што делеше пакети среде полициски час, непочитувајќи ниту една мерка за безбедност и заштита на граѓаните, може добие буџетски пари за да продолжи со изборниот поткуп?Понатаму, се вели - „Директна поддршка за ранливи категории на работници кои што се дел од неформалната економија и немаат можност за искористување на мерките на Владата за финансиска помош“.Внимавајте, според она како што го нарекуваа вториот голем пакет мерки, истакнуваа дека се грижат и за оние од неформалната сивата економија, односно обезбедуваа надомест, па во овој дел од огласот каде што се вели „и немаат можност за искористување на мерките“ го наметнува и прашањето, дали биле лаги зборовите за можноста за мерките со кои што се фалеа?Вака како што се наредени критериумите и дејностите во овој владин оглас, вклучително и за тоа кој ќе одлучува и кој ќе води сметка, јасно е дека станува збор за отворен поткуп и уште повеќе, со вакви рокови делува дека проектите се веќе напишани, а парите распределени за однапред познати добитници на грантовите.Ја повикуваме ДКСК, јавно да се произнесе за овој скандал, да информира дали е запознаена и дали воопшто испратила позитивно мислење за оваа владина одлука за распределба на буџетски пари, имајќи предвид дека програмата е донесена сега, на седницата на Владата во петокот, програмата не е донесена во јануари 2020 година, не е објавена во „Службен весник“, а рокот за доставување на проектите е само 5 дена?Ова е скандалозно однесување во време на криза, ова е скандалозно однесување во време на економски колапс и задолжувања на граѓаните, да се делат половина милион евра преку сомнителна владина одлука, ова е скандалозна владина одлука во период на полициски час, и уште повеќе скандалозна одлука на владата која треба да спроведе услови за фер демократски и кредибилни избори.Поголема епидемија од Ковид-19, поголема епидемија од короната е епидемијата на отворен изборен поткуп вршен од СДСМ!ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ има морален кодекс наспроти неспособноста и криминогеноста на СДСМ.Со СДСМ и со Зоран Заев, Македонија тоне во криминал, добивме хибриден режим, неспособност и сиромаштија. Но на тоа му се гледа крајот, истакна Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Митрески: Ваучери од 6000 денари за граѓаните со месечни приходи до 15.000 денари, за поддршка на домашниот туризам

Туризмот е една од најпогодените гранки од корона кризата и токму поради таа причина во третиот пакет економски мерки вклучена е и поддршка на оваа значајна гранка. Со цел поттикнување на домашната потрошувачка и поддршка на домашниот туристичко-угостителски сектор, предвидена е мерка наменета за сите вработени граѓани кои имаат приходи до 15.000 денари месечно или според податоците од Управата за јавни приходи во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле приходи поголеми од 60.000 денари, истакна Јован Митрески, пратеник од СДСМ.Оваа категорија на граѓани ќе добијат ваучер од 6.000 денари кој ќе можат да го искористат во домашните туристички објекти, во период  од 15 јули до 15 декември 2020 година.Според постапката за добивање на ваучер, УЈП  ги доставува  податоците за граѓаните кои ги исполнуваат условите за оваа мерка, а  потоа на истите преку  електронска пошта им се  доставува  ваучер со код во вредност од 6.000 денари и упатство за користење на истиот.Со оваа мерка е предвидено да бидат опфатени над 130.000 граѓани, а буџетот кој го има на располагање Министерството за економија за поддршка на туризмот е вкупно 10 милиони евра.Преку мерките за поддршка на домашниот туризам, го зголемуваме  бројот на домашни туристи и со тоа им помагаме  на нашите хотелиери и сопственици на објекти за сместување на гости, да ги намалат загубите од оваа криза.Истовремено им помагаме и на граѓаните со пониски примања да можат да си дозволат годишен одмор.Така, сите заедно помагајќи си едни на други сме посилни и полесно ќе ја пребродиме оваа криза, истакна Јован Митрески, пратеник од СДСМ.фото: СДСМ 

Македонија | пред 5 години

korona-2

Црна статистика: 111 нови случаи на Ковид-19 од 854 тестирани

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 854 тестирања, а регистрирани се 111 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 63, Куманово – 11, Штип – 12, Тетово -8, Велес – 3, Охрид – 1, Гостивар – 3, Крива Паланка – 1, Кочани – 9.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 6 оздравени пациенти, во: Прилеп – 1, Тетово – 4, Битола – 1.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациентка од Струга на возраст од 53 години и пациент од Прилеп на возраст од 80 години.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3025, бројката на оздравени пациенти е 1646, на починати е 153, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1226.По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера од Скопје е контролен тест, еден заболен од Кочани е од Штип, а од Делчево е од Скопје. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:•       Скопје 1264, активни 658•       Куманово 556, активни 140•       Дебар 52, активни 1•       Штип 174, активни 136•       Прилеп 218, активни 27•       Тетово 281, активни 119•       Струга 98, активни 25•       Велес 144, активни 30•       Битола 30, активни 3•       Охрид 31, активни 14•       Кавадарци 6, активни 1•       Гостивар 50, активни 29•       Гевгелија 6, активни 2•       Струмица 5, активни 2•       Крива Паланка 7, активни 1•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 3, активни 0•       Кочани 51, активни 20•       Пробиштип 5, активни 3•       Демир Хисар 1, активни 0•       Македонски Брод 2, активни 0•       Пехчево 3, активни 0•       Берово 2, активни 1•       Валандово 3, активни 2•       Виница 3, активни 1•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 3, активни 1•       Свети Николе 3, активни 2•       Кичево 3, активни 1•       Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 854 теста се преку: ИЈЗ – 440, ЦЈЗ Скопје- 12, Авицена – 78, Биотек - 127, Жан Митрев (Филип Втори) – 56, Систина со PCR метода – 81 и МАНУ - 60.  Досега во земјата се направени вкупно 36325 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 103 теста се во рамките на скринингот во градинки преку ЦЈЗ Штип и Кочани, од кои 9 тестови на вработени во градинки во Кочани се позитивни на ковид-19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 62 пациенти. Од нив 27 се потешко болни и на кислородна поддршка.До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, а вкупно хоспитализирани 41 пациент. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 22 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 30 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчерашните случаиЧаир    152Бутел   59Гази Баба       58Аеродром        53Сарај   52Центар  52Карпош  40Кисела Вода     29Арачиново       23Студеничани     18Ѓорче Петров    17Илинден 17Шуто Оризари    12Петровец        6Чучер Сандево   3Сопиште 2(се утврдува општина)   1---

Македонија | пред 5 години

dimsa

Арсовски: Власта и Венко Филипче манипулираат со бројки

Освен отсуството на реални чекори за справување со кризата од пандемијата од Ковид 19 се случува и вистински хаос со тестирањето на новозаразени. Отворено се сомневаме дека Комисијата за заразни болести и Венко Филипче манипулираат со бројот на новозаразени. Доволен доказ за тоа беа случаевите што ги спомнав пред само два дена за градовите Штип и Велес каде што во Штип Филипче се обиде да сокрие 13 новозаболени, а во Велес 2, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.За ова говорат секојдневните различни бројки кои се лиферуваат токму од Министерството за здравство како и филувањето на пикот кој што се разблажува со тоа што новозаразените од еден ден се кажуваат низ повеќе денови. Но, воедно се говори за една интерна одлука, а тоа е оние кои се асимптоматични заразени кои дошле во допир со заразени да не се тестираат. Таа бројка се говори дека воопшто не е мала, туку над 200. За оваа сепак треба да одговорат од министерството за здравството дали е точно. Ако е точно, тоа е потенцијална уште една експлозија на над 200 потенцијални кластери кои ќе заразат уште повеќе.Ова покажува дека за Венко Филипче, Зоран Заев и Комисијата, партиската комисија за заразни болести  се претвора во борба за бројки, а не во борба против заразата. Да не се дрзнуваат помалку да тестираат ниту пак да ги релативизираат работите. Македонија има за жал неславна статистика на 1 милион жители и за жал сме предмет на потсмев на сите во регионот бидејки сите ја победија заразата, само Република Македонија не. За жал тоа е заради неспособната влада.Граѓаните се исплашени и со право. Треба сериозен пристап во оваа борба, но за жал имаме несериозна влада и тоа граѓаните го плаќаат со своето здравје и со своите животи, истакна Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. https://www.facebook.com/dimsa.arsovski/videos/10222880825190177/   

Македонија | пред 5 години

inspekcija1

Поднесени 22 кривични пријави во туристичките места, од нив 8 пријави во Охрид, 4 во Струга

Раководителката на Инспекциски надзор, Мери Проја Продановска, денес во Охрид ги соопшти наодите на инспекциските служби при зајакнатите контроли на угостителските и сместувачките капацитети за време на продолжениот викенд во Охрид, Струга, но и во останатите туристички меса низ државата.Раководителката на Инспекциски надзор, Мери Проја Продановска, денес во Охрид ги соопшти наодите на инспекциските служби при зајакнатите контроли на угостителските и сместувачките капацитети за време на продолжениот викенд во Охрид, Струга, но и во останатите туристички меса низ државата. Државниот пазарен испекторат во моментот е со засилен надзор на правни субјекти на Охридското крајбрежје, а контроли се вршат со полициска асистенција со цел да обезбеди максимално почитување на мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19.„Од петокот до сега се утврдени 22 непочитувања на владините мерки од страна на категоризираните сместувачки и угостителски објекти и врз основа на членовите 205 и 206 од уредбата  за истите ќе бидат поднесени кривични пријави“, рече Проја Продановска.Раководителката истакна дека најголемиот дел од прекршувањата 8 се во Охрид, 4 во Струга, 5 во Битола, 3 во Дојран, и по едно во Маврово и Кочани. При направените надзори било утврдено присуство на гости во сместувачките објекти иако засега тоа не е дозволено. Исто така кај двајца угостители од Охрид е утврдено непочитување на протоколите и работното време.Сепак, од контролите на терен рече Проја Продановска изминатите два дена кај поголемиот дел на правни субјекти може да се забележи почитување на владините мерки.„Можеме да констатираме дека генерално економските оператори ги почитуваат протоколите, а ние  денес продолжуваме со работа на Охридското крајбрежје со засилени екипи од Скопје и со асистенција на полицијата.

Македонија | пред 5 години

maska

На нивo на држава поради не носење заштитна маска казнети 386 лица

Во текот на изминатото деноноќие (06/07.06.2020) на територијата на Република Северна Македонија на 249 лица им се издадени решенија за изолација, а 132 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што констатирано е дека две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 386 прекршоци. Исто така, по однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 154 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 130 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Sednica-na-Sovet-2

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Додека скопјани се во карантин Шилегов од одмор во Маврово распиша уште еден оглас за партиски вработувања, овој пат во ЈСП

Владата го затвори Скопје, а Шилегов ужива во Маврово и распишува нов оглас за партиски вработувања во ЈСП. Додека скопјани се во карантин Шилегов од Маврово распиша уште еден оглас за партиски вработувања, овој пат во ЈСП. Овој оглас е трет во низата, по тие во Дрисла и Комунална Хигиена кои се во вкупна вредност од над 300 илјади евра. За најновиот оглас за партиски вработувања во ЈСП не е наведена предвидената сума, и се третира истата како службена тајна. Криењето на износот на пари кои Шилегов ќе ги потроши партиски да вработува значи дека недомаќински и расипнички се трошат парите на скопјани за партиски цели пред изборите, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.Додека Шилегов за време на карантинот одмара во својот „скромен“ дом од неколку стотина метри квадратни за кои јавноста единствено што знае е тоа како не го заработил, односно по негово признание тоа не е со платата, зошто Шилегов не работел за плата, продолжи недомаќински да се однесува со парите на Скопјани кои ги троши за партиски вработувања. Шилегов е должен да објасни поради кои причини сега ги распишува огласите, зошто се крие сумата за вработувањата во ЈСП, и зошто тоа го прави пред избори?Шилегов од град Скопје наместо метропола претвора партиски штаб за вработување на партиски војници, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.фото: Архива 

Скопје | пред 5 години

koronavirus

МЗЗПР достави предлог до Владата: На секој заразен на работното место со коронавирусот да му следува цела плата

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР) достави предлог текст на уредба до Владата со која бара на секој заразен на работното место со коронавирусот да му следува целосен надоместок од плата во износ од 100%. До овој момент, на сите вработени кои пријавуваат отсуство од своето работно место поради Ковид-19, Фондот за здравствено осигурување им исплатува само 70% од плата, како за редовно боледување.Оттаму велат дека со усвојувањето на ваква Уредба од страна на Владата, целосно ќе се испочитува правото на еднаквост на граѓаните, без разлика на вера, нација, конфесија и пред сé работата која ја работат.„Истовремено, земајќи ги предвид актуелните случаи на зараза со новиот коронавирус на работните места, на сите работодавачи ќе им биде отстранета недоумицата и ќе им бидат дадени јасни насоки и упатства како да постапат во случај кога нивен вработен е дијагностициран со САРС-КоВ-2 или, пак, ја развил болеста Ковид-19.Истовремено, со усвојувањето на овој правен акт, ќе може да се оствари правото на боледување како последица на несреќен случај, односно заразување со новиот корона вирус ќе биде признаено како професионално заболување на секој работник кој работел на работно место каде постои потенцијална можност за изложеност на САРС КоВ-2. Со ваквиот пристап и регулација, правото ќе може да се оствари и доколку вработениот бил во самоизолација како резултат на контакт со потврден случај назаболен со коронвирусот на работното место“ се наведува во образложението.Оваа предлог уредба има за цел да даде конкретен придонес во националната битка со Ковид-19, а од МЗЗПР очекуваат да биде усвоена од страна на Владата на првата наредна нејзина седница. Истата, како што велат, е подготвена од страна на работна група во која учествуваат еминентни авторитети од областите: безбедноста и здравјето при работа, труд, медицина, обврски и права на работодавачи, заштита на права на работници и други.

Македонија | пред 5 години

120190520_075956

Денеска претпладне сончево, попладне услови за дожд

Времето денедка ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за краткотраен локален дожд, а на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе се движи од 22 до 30 степени. УВ=7Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за локален краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура до 28 степени.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Koneski

Објевен портрет за Блаже Конески во грчкото списание „Карта“

Новинарот и писател, Томислав Османли, преку неговиот фејсбук-профил ја пренесе информацијата дека грчкото месечно електронско списание за литература „Карта“ ("Χάρτης", Νο.18, Ιούνιος 2020) објави извонреден портрет на Блаже Конески насловен „Житија на Блаже Конески“ ( Συναξάρια του Μπλάζε Κόνεσκι ), проследен со преводи на седум песни од поетската ризница на нашиот најистакнат книжевник и лингвист, именувајќи го „корифеј на духовниот живот на соседна Северна Македонија“.„Уредништвото изразува жалење што преводите се посредувани, направени преку англиски преводи на поезијата на Конески, додавајќи: „бидејќи не знаеме македонски, а со цел песните на Конески да стигнат до грчкиот читател, овој избор беше направен и покрај неговите очигледни ограничувања“. Пријателски интонираниот текст - илустриран со сјајниот портрет на акад. Конески дело на акад. Димитар Кондовски - завршува со изразување надеж „дека наскоро ќе има преведувачи кои ќе се заложат да ја препорачаат работата на Конески во нашата земја директно од оригиналот“. Независно од напишаното преводите се многу добри. За поздравување се, особено, благородноите намери што стојат зад оваа бележита објава на нашите грчки колеги по чисто книжевно перо и по искрена καλοκαγαθία“,  напиша Османли на ФБ.фото: PRTSC 

Македонија | пред 5 години

aktivnosti-Opstina

7 дена за Охрид - Реализирани активности на Јавни претпријатија

Реализирани активности на Јавни претпријатија, напиша на својот Фб профил градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески.📌 ЈП „Водовод“▶️ Изведба на нова водоводна линија Фабрика „Костал“-село Лескоец-Охрид во должина од 2140 метри и Ф160;▶️Нови приклучоци на водоводна мрежа на улица „Даме Груев“ и во село Лескоец;▶️Санација на дефекти на водоводна мрежа во близина на „Македонија Пат“ и на улица „Петар Поп Арсов“.📌 ЈП „Охридски Комуналец“▶️Акција за чистење на сувата трска од водите на Охридското Езеро во близина на „Холандскиот парк“;▶️Чистење на речното корито на река „Сушица“;▶️Поставен систем за наводнување на дрворедот во делот на тротоарот на булевар „Туристичка“ од ОУ „Григор Прличев“до пресекот со улица „Даме Груев“;▶️Темелно миење на улица „АСНОМ“ по обележувањето на новата хоризонтална сигнализација;▶️Отстрането скршено стебло од дрворедот по улицата „Македонски Просветители“, во близина на кружниот тек кај „Охридска Банка“.📌ЈП „Нискоградба“▶️Тековни активности за изведба на фекална и атмосферска канализација на улица „Македонски Просветители“;▶️Тековни активности за изведба на атмосферска канализација на улица „Дејан Војвода“;▶️Тековни активности за поплочување на крак од улица „Петрино“.📌ЈП „Градски гробишта“▶️ Тековни активности за поплочување на дел од тротоарот на булевар „Туристичка“;▶️Тековни активности за поплочување на улица „Крсте Мисирков“.📌ЈП „Билјанини Извори“▶️Реализирана акција за расчистување и уредување напросторот наменет за сидрење на пловни возила во каналот „Студенчишта“, согласно потребите на корисниците-сопствениците на пловни објекти.📌ЈП „Градски пазар“▶️Изработка на ограда за детските игралишта во село Орман и во населба „Рача“;▶️Санација на оградата на спортско игралиште, санација на клупите, изработка на нови корпи за отпад во подрачниот објект на ОУ „Григор Прличев“ во населба „Рача“;▶️Изработка на ограда на мост во населба „Рача“ и санација и фарбање на мост кај каналот „Билјанини Извори“.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.611582716114002/611582332780707/?type=3&theaterфото: Константин Георгиески

Македонија | пред 5 години

struga

Три угостителски објекти во Струга не ги почитувале протоколите за работа во услови на Ковид-19

Инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за транспорт, Државен трудов инспекторат и Управата за јавни приходи во текот на продолжениот викенд работат интензивно на терен и вршат контрола на начинот по кој се спроведуваат протоколите пропишани од страна на здравствените власти за заштита од конронавирусот КОВИД-19.Државниот пазарен инспекторат денеска до 16:00 часот поднел 5 кривични пријави за непочитување на протоколот за работа на угостителските објекти во услови на КОВИД -19 од кои 3 во Струга, една во Пониква, Кочани, и една во Маврово. Исто така денеска инспекторите на Државниот пазарен инспекторат поднеле и четири прекршочни пријави за утврдени неправилности при работењето на угостителски објекти.Пазарните инспектори се во засилена контрола во туристичките места во државата и вршат надзор на спроведувањето на владините мерки.Државниот инспекторат за транспорт од направените надзори денеска во Штип, Тетово и Велес не утврдил прекршувања. Констатирано е дека во целост се почитуваат владините уредби.Од страна на Државниот инспекторат за труд се донесени 4 решенија и 3 укажувања на работодавачите  за носење заштитни маски, заштитни ракавици, користење средства за дезинфекција, проветрување, ослободување на вработените  од ризичните групи. Побарано е веднаш да почнат да се придржуваат кон препораките на Владата.Инспекторите на Управата за јавни приходи на терен вршат контроли на прометот и дејствуваат едукативно.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

102381608_2306483459658001_4305043194787135488_n

Санкции за охриѓани кои изнајмиле станови

Кризниот штаб на Општина Охрид денеска одржа состанок на кој покрај постојаните членови, присуствуваше и Раководителот на Подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во Охрид.На состанокот беа донесени следните заклучоци:Поради зголемениот број на посетители во Охрид, инспекторите на Државниот пазарен инспекторат заедно со екипи на СВР Охрид и претставници на Инспекторатот при Општина Охрид спроведуваат 24 часовни контроли на сместувачките капацитети и се врши санкционирање на оние капацитети и станоиздавачи кои ги прекршуваат препораките и уредбите на Владата на Република Северна Македонија, во делот на туристичката дејност и во насока на превенција од Корона вирусот „Ковид 19“.Веќе се работи на зголемување на подготвеноста на капацитети од здравствениот систем во Охрид, при евентуален поголем прилив на заразени од „Ковид 19“, доколку бидат исполнети капацитети на Инфективната клиника во Битола и болничките капацитети во Скопје.По завршување на продолжениот викенд ќе се врши интензивна дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените објекти на територија на Општина Охрид.Кризниот штаб на Општина Охрид упатува апал за максимално почитување на препораките за заштита од „Ковод 19“Да се носат заштитни маски;Да се одржува потребна дистанца;Да се одржува лична хигиена според препораките;Да не се организираат семејни собири и други слични групирања;Да се почитува во целост полицискиот час.Да бидеме максимално одговорни, да го зачуваме сопственото и јавното здравје.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бачев: Денес на Задушница е тежок и тажен ден: Марионетата Заев гази и врз живите и врз мртвите

Претседателот на Единстевна Македонија Јанко Бачев во изјва за јавноста по повод забраната за православниот празник Задушница рече!-„Денеска на големиот православен празник Задушница е тежокт и тажен ден за Македонците и за сите православни верници. Тажен ден за мртвите и за живите.Марионетската власт на Заев инсталирана и купена од странски центар продолжува да ги руши Македонците и православието. Продолжува со антимакедонските и антихристијанските провокации.Неверниците од марионетската власт под контрола на „ѕверот„ едноставно, претераа. Воведоа забрана и ставија кључ на црквите за Велигден, а еве сега воведоа забрана на движење и за големиот православен ден Задушница.Денеска, полициски и воени сили се распоредени околу гробиштата во поголемите градови во Македонија. Денеска православните верници не можат да ги посетат гробните места на своите најблиски и да се помолат за помен на нивните души.Марионетската власт гази немилосрдно спрема Македонците и православните верници. Гази и се изживува и врз мртвите и врз нас живите.Живееме во време кога православните Македонци во доминантно православна  Македонија се народ од втор ред во сопствената држава.Одородената марионетска власт спроведува закони само врз Македонците, а не и врз албанците и исламските верници кои не фермаат ниту устав ниту закон.Но, почитувани мои браќа Македонци и сестри Македонки, јас не сум политичар кој довербата ја бара со лигавење кон народот, туку мора да ја кажеме  вистината.За ова зло што ни се случува, не можеме да се лутиме на соседите, странците, албанците. НЕ. Вината е кај нас, во властите што ги избираме, во партиите што ги подржуваме во изминатите 30 години.Затоа народот нема повеќе право на грешка на изборите кога и да се одржат. Народот мора да избере, прво, чесни и честити политичари без ниту една дамка/афера во својата кариера, второ, да избере луѓе со знаење, способност и достигнување во својата кариера и трето, да избере личности со национален и патриотски дух кои целиот  политички ангажман досега го посветиле во одбраната и заштитата на највисоките национални и државни интереси. А после е лесно и на економски и било кој план. Штом се воспостави системот со чесни и честити политичари, добиваме држава каква што сите ја посакуваме.Единствена Македонија нема да стои на страна и секогаш останува на првата линија во одбраната на највисоките национални и државни интереси.Ние ќе се бориме, од вас и вашата волја зависи дали ќе успееме да ги победиме овие безбожници и неверници кои во очи те гледат, во господ се колнат и лажат!  Сега имате избор. На гласачкото ливче број 11“ - потенцираше Бачев.Видео: Единствена Македонија

пред 5 години

filipce

Филипче: Медиумите да престанат да изнесуваат непроверени информации за бројот на заболени од Ковид-19

Деновиве голем број на медиуми уште рано наутро објавуваат неофицијални и речиси секогаш неточни информации за бројот на новозаболени.  Од самиот почеток на оваа криза лично јас и целиот мој тим за односи со јавноста сме ваш партнер. Веќе 100 дена навремено, прецизно и транспарентно ја известуваме јавноста. Ги соопштуваме сите детали за новозаболените од Ковид-19, се со цел медиумите да имаат точна информација, истакна министерот за здравство Венко Филипче.Министерот додава:Уште еднаш ги замолувам медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени лица од Ковид-19.  Ги молам да ја зачуваат својата улога и задача која ја имаат кон јавноста за навремено, точно и проверено известување. Непримерно е во ситуација кога имаме секојдневно заболени и секојдневно известуваме и за секоја најмала промена, да се шпекулира со податоци токму од страна на оние кои треба да обезбедат прецизна информација за јавноста.Со тоа се внесува конфузија кај населението и недоверба во институциите, а искрено верувам дека ова не е целта.Објавувањето број на новозаразени со Ковид-19 од страна на медиумите не смее да биде трка на ексклузивитет, затоа што станува збор за чувствителни информации за здравјето и животот на граѓаните.Објавувањето на вакви непроверени информации е уште повеќе несфатливо затоа што Министерството за здравство редовно ги објавува сите информации, а доколку има промени и по неколку пати во денот. Сите прашања на новинарите се одговараат постојано и на дневно ниво.Искрено се надевам дека оваа пракса ќе престане, а ние ќе продолжиме со навременото и точно информирање, истакна Флипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-hrvatska

Денеска се потврдени 125 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1085 тестирања, а регистрирани се 125 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-46, Kуманово-19, Штип-17, Прилеп-1, Тетово-16, Струга-7, Велес-3, Битола-1, Охрид-5, Гостивар-6, Кочани-1, Делчево-1, Неготино-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти, во Прилеп-2, Тетово-1, Велес-4 и Свети Николе-1.Починаа две лица, пациент од Прилеп на возраст од 73 години, хоспитализиран во ГОБ „8 септември“ од 19 мај и пациентка од Струмица (67г) хоспитализирана на Клиника за неврохирургија од 18 мај.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2915, бројката на оздравени пациенти е 1640, на починати е 151, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1124. Последната дистрибуција по градови е следна:•       Скопје 1201, активни 595•       Куманово 545, активни 129•       Дебар 52, активни 1•       Штип 161, активни 123•       Прилеп 218, активни 29•       Тетово 273, активни 115•       Струга 98, активни 26•       Велес 141, активни 27•       Битола 30, активни 4•       Охрид 30, активни 13•       Кавадарци 6, активни 1•       Гостивар 47, активни 26•       Гевгелија 6, активни 2•       Струмица 5, активни 2•       Крива Паланка 6, активни 0•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 3, активни 0•       Кочани 43, активни 12•       Пробиштип 5, активни 3•       Демир Хисар 1, активни 0•       Македонски Брод 2, активни 0•       Пехчево 3, активни 0•       Берово 2, активни 1•       Валандово 3, активни 2•       Виница 3, активни 1•       Делчево 2, активни 1•       Кратово 3, активни 1•       Свети Николе 3, активни 2•       Кичево 3, активни 1•       Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1085 теста се преку: ИЈЗ –663, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена –128, Биотек -42, Жан Митрев (Филип Втори) –144, Систина со PCR метода –41 и МАНУ -55.  Досега во земјата се направени вкупно 35471 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 113 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Кочани и не се регистрирани позитивни случаи на ковид-19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 58 пациенти. На кислородна поддршка се 27 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 38 пациенти. На респираторна машина се 7, a со потешка клиничка слика се уште 8 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент - позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mancevski

Манчевски: Мицкоски мора да сноси кривична одговорност

Деновиве бевме сведоци на крајно неодговорно однесување од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но она што е уште пострашно е што во дел од неговите изјави тој апсолутно потсетува на едни поранешни времиња, кога власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ беше и судија, и полиција, изречител на казни и мерки. Имено не е така едноставно Христијан Мицкоски да каже направив грешка и сега ќе платам казна и тоа е тоа. Во она што се случуваше на улица "Боемска" има редица на кривични дела, истакна во своето видео обраќање потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски.Прво тој како и многу пати досега што се покажа не ги почитува мерките за заштитта од Ковид 19.Тоа се покажа и во други примери претходно, ова е веќе кривично дело и не е така едноставно. Правдањето дека не знаел дека не смее да седи во внатрешност на угостителски објект е навистина смешно, сите го знаат тоа и впрочем не требал ни да биде пуштен внатре во објектот.Вториот момент за кривично дело е дека спречуваа луѓе инспектори, официјални лица во извршување на својата службена должност. Овие луѓе 2 часа не беа пуштени да влезат во внатрешноста на угостителски објект само и единствено затоа што таму седел Хритијан Мицкоски со неговото друштво, и ова е кривично дело.Она што сакаме да му го порачаме е дека заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ или било кој политичар пишуваше казни и самиот пресудуваше. Не е така, судот на основа на она што го кажуваат доказите и кривичните пријави кој што ќе следуваат, ќе каже која е казната којашто треба да ја плати Христијан Мицкоски  за неговото неодговорно однесување пред се кон здравјето и животот на граѓаните, истакна Манчевски.видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

Filipce

Филипче: Може да регистрираме поголем број заболени на дневно ниво, но пикот ќе трае пократко заради раната детекција

На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче изјави дека од четвртокот до петокот се направи таргетирано тестирање, при што анализата покажа дека болеста тесно се шири во рамки на кластерите, но има и одеден број на нови неповрзани случаи кои исто така се следат постојан и активно се тестираат нивните контакти.Тој предупреди дека не мора да значи дека нема и надвор од кластерите заболени или нивни контакти кои можеби не се пријавени или лоцирани и затоа остануваме максимално претпазливи.„Несомнено е дека имаме втор силен пик кој е резултат на непочитување на мерките за собири и групирање. Но, зголемениот број на заболени може да се каже дека е очекуван и заради скрининг пристапот кој сега го имаме. Денес имаме и највисок број на тестови во 24 часа. Практично ако претходно се чекаа симптоми за да се тестира сега активно тестираме контакти на болните и уште во рана фаза ги детектираме. Ова значи дека може да регистрираме поголем број заболени на дневно ниво, но пикот ќе трае пократко заради раната детекција. Иако бројката на заразени е висока, добро е што се шири во рамки на кластерите и од оние кои се веќе во изолација. Сепак, имаме спорадично ширење на болеста и во други општини во Скопје како и во некои нови општини, што упатува на тоа дека мора да бидеме исклучително претпазливи, строго да се држиме до мерките и да носиме мудри одлуки за следните чекори.“ – изјави Филипче.Тој извести дека заради брзо и ефективно пронаоѓање на сите контакти и новозаболени, прекинат е другиот скрининг со цел целосно искористување на ресурсите за кластерското тестирање.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pazar-struga-2

(ФОТО) Пазарен ден во Струга, се почитуваат ли мерките?

Секојдневно преку медиумите се повторуваат апелите за држење дистанца, носење на заштитна маска како и избегнување на групирање, сепак граѓаните како да се опуштија и покрај наглото зголемување на инфицираните последниве денови.Денеска е пазарен ден во Струга. Стружани побрзаа по намирници, но дали ги почитуваат Владините мерки?Инаку до вчера во Струга институтот за јавно здравје имаа регистрирано  91 лице кое биле позитивни на КОВИД 19, а од нив  активни се 19.Еве како изгледа Струшкиот пазар денеска. фото: Скопје 1

Македонија | пред 5 години

skopje

ТМРО предлага задолжителен 14 дневен карантин за сите кои го напуштија градот пред полицискиот час

Од ТМРО сметаат дека изолираниот 80 – часовен карантин на Скопје е погрешен чекор и требало да се спроведе на целата територија, се вели во партиското соопштение.-Вака се создаде реална опасност од неконтролирано ширење на вирусот низ целата држава.ТМРО бара од техничката влада со изминат мандат, веднаш да донесе уредба за задолжителен 14 дневен карантин за сите кои го напуштија градот пред започнувањето на полицискиот час, со цел колку толку да се изолираат и лоцираат, потенцијалните нови жаришта, вели претседателот Ванчо Шехтански.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања