Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

kola-3

(ФОТО) Еден загинат и неколкумина повредени во сообраќајка кај Василево, Струмица

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи на околу 19 часот на магистралниот пат Струмица – Радовиш, пред крстосницата за селото Василево, едно лице загина, а неколкумина се повредени.Според очевидци во еден автомобил имало мигранти кои се превезувале со голема брзина, бегајќи од полицијата најпрвин удриле во едно возило и педесетина метри потоа излетале од патот и се забиле во ѕид. Покрај автомобилот седеа и лежеа неколку лица, најверојатно мигранти.Денес (понеделник) 08.06.2020 година, во 18.48 часот на регионалниот пат Струмица - Радовиш (на влезот во селото Василево) , ТППЕ Струмица со 1ПП возило и 6 пожарникари интервенираше на сообраќајна несреќа помеѓу 2 патнички моторни возила. 1 лице е починато на лице место, а 10 се потешко или полесно повредени. Користени се специјални хидраулични алатки за да се извадат повредените од возилата.https://www.facebook.com/2516377175058056/photos/pcb.3486222444740186/3486221921406905/?type=3&theaterфото: Пожарникари - Струмица

Македонија | пред 5 години

08062020_MZ_Filipche_PKZB_Karadzovski_DCJV_Ziberi_pres-konferencija-3

Филипче: Огромен процент од дијагностицираните случаи се со лесна клиничка слика - асимтоматски, а само 8 пациенти се на механичка вентилација

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на прес-конференција информираше дека денеска се регистрирани 7 оздравени пациенти, починати се три лица, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 3152. Бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343. Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид-19.Во однос на состојбата на пациентите во јавно-здравствените установи, тој истакна дека на Инфективната клиника има вкупно 71 пациент и нема пациенти на механичка вентилација. Во ГОБ „8 Септември“ има 42 пациенти, на респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 39 пациенти.„Во изминатите денови, практично цела измината недела, се направи таргетирано тестирање- скрининг на контакти на заболени. Екипите на центрите за јавно здравје интензивно работеа на терен во кризните региони и бројката која ја гледаме овие неколку дена е резултат на тоа. Ова беше сосема очекувано и ние тоа го најавивме. Таквото тестирање беше рана дијагностика и навремена изолација на контактите на лицата кои се носители на вирусот во рамки на познатите кластери. Се покажа дека најголем број од заболените се всушност заболени на семејни и други собири, па со ваквата стратегиja практично ги изолиравме сите контакти на заболените кои се без симптоми. Полицискиот час за викендов дозволи многу полесен пристап и брзо тестирање на сите контакти што претходно беше многу отежнато во последните денови. Позитивно е што покрај првичниот отпор кај дел од контактите сега веќе имаме подобра соработка и успеваме полесно да пристапиме и тестираме. Апелирам уште еднаш граѓаните максимално коректно да соработуваат со епидемиолозите и да даваат точни податоци. Огромен процент од дијагностицираните случаи се со лесна клиничка слика или се асимтоматски и од вкупниот број само 8 пациенти се на механичка вентилација“, потенцираше министерот Филипче.Тој истакна дека околу 65% од активните позитивни случаи во Скопје се поврзани со познат случај, а од нив 90% припаѓаат во 41 кластер. Слична е состојбата и во другите 3 кризни региони каде најголем процент од заболените и тие се рамките на истите кластери.„Кластерската анализа покажа дека речиси сите нови случаи се врзани со некаква форма на собир, прослава во период на 24ти и 25ти мај, односно точно пред две недели, а на што укажа деталната анализа во епидемиолошките прашалници. Овој бран е резултат на ова и повторно ќе кажам, непочитувањето на мерките не доведоа до овој нов бран. Анализата во текот на поседните 7 дена покажува дека успеваме жариштата да ги задржиме во рамки на одредени територијални целини, односно дека нема значајно ширење надвор од нив. Една од дилемите кои се појави е ширењето во други општини во Скопје, надвор од првичните кризни Чаир, Сарај, Гази Баба и Бутел. Тоа е очкувано затоа што Скопје функционира како една целина дека голем дел од овие кои се нови во други општини се исто така поврзани со настаните од ист период. Во периодот кој следи комисијата ќе предложи до Владата, во текот на утрешната седница ќе се дискутира за евентуална рестрикција на движењето“, рече министерот Филипче и додаде дека непочитувањето на мерките за заштита го донесе вториот бран во земјата и сите треба да извлечеме поука од ова.Тој изјави дека успеавме добро да го амортизираме првиот бран и многу побезболно да ја ставиме епидемијата под контрола.„Во даден момент, оние што не ги почитуваа мерките ниту оние за лична заштита, ниту рестриктивните кои беа воведени го загрозија и сопственото и колективното здравје и ги ставија во многу незавидна позиција сите останати граѓани кои доследно се придржуваат до мерките. И овој пат потенцирам, дека вирусот е тука, тој останува и мора да научиме да живееме со него. Целиот свет продолжува да живее со вирусот, а овие превентивни мерките се универзални насекаде, носење заштитна маска, дистанца, хигиена и дезинфекција, други во моментов нема ниту тука ниту било каде во светот. Само со почитување на овие принципи можеме да ставиме крај на епидемијата. Дисциплина на граѓаните, лична и колективна одговорност побрзо ќе не врати на патот кон нормализирање на нашиот живот. Апелирам до граѓаните да се почитуваат мерките, до надлежните институции за контрола на спроведувањето на мерките, заради тоа што секое прекршување мора да се детектира и санкционира“, посочи министерот Филипче.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

04052020_MZ_Filipche_press-1

Филипче: Најмногу од новите случаи се заразени на семејни прослави и собири

Комисијата за заразни болести предложила, а Владата утре на седница ќе дискутира и ќе одлучува за евентуално враќање на рестрикциите на движењето, истакна на денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.Што се однесува на зголемениот број на инфицирани случаи министерот потенцираше дека најголем број од заболените се инфицирале на семејни или други собири.„Огромен процент од новозаболените се со лесна клиничка слика или асимптоматски и од вкупниот број хоспитализирани само 8 пациенти се на механичка вентилација“, истакна Филипче и додаде:„Околу 65% од активните случаи во Скопје се поврзани со познат случај, а 90% спаѓаат во 41 кластер. Слична е состојбата и во другите 3 кризни региони. Оваа кластерска анализа покажа дека речиси сите нови случаи се врзани со некаква форма на собир околу 23, 24, 25 мај пред 2 недели. Анализата во последните 7 дена покажа дека успеавме жариштата да ги задржиме во рамките на територијални целини. Една од дилемите која се појави е ширењето во другите општини во Скопје, надвор од првичните неколку кризни, а тоа е очекувано бидејќи градот функционира како целина и голем број од овие случаи се исто така резултат на собири“, истакна Филипче.Министерот е категоричен дека непочитувањето на мерките за заштита го донесе вториот бран и треба да извлечеме поука од тоа.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Регулаторна одлучи, горивата повторно поскапуваат

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 3,23  отсто во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени сво огласност со одлуката од 1 јуни.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 01.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит.Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 01.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 39,00 ден/литар.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

culev

Чулев: Дисциплинска за полицајци кои не постапувале во полициски час во Чаир

“Во текот на изминатите денови на територијата на целата држава се спроведуваше одлуката за ограничување на движењето на граѓаните.  Согласно, одлуката донесена од страна на Владата истата беше концепирана со различен тип на ограничување кое важеше за различни групи на општини на територијата на државата. Одлука која, како што претходно напоменав, во многу сегменти имаше мани и недостатоци, но задача на Министерството за внатрешни работи е нејзино доследно спроведување, а обврска на граѓаните беше нејзино почитување“.Ова, меѓу другот го истакна министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на почетокот од денешната прес конференција во МВР, а посветена на активностите на полициските службеници во спроведувањето на мерките за справување со епидемијата од “ковид-19“ во текот на изминатите три дена.Притоа министерот Чулев пред презентирањето на статистичките показатели изрази задоволство и благодарност до полициските службеници за високото ниво на исполнителност и одговорност што го покажаа во текот на изминатиот продолжен викенд, како и до граѓаните за исто така високото ниво на свесност и совесност во почитувањето на мерките.“Во текот на изминатите неколку денови, почнувајќи од четвртокот од 21 часот, заклучно до денес до 05 часот од страна на Министерството за внатрешни работи на територијата на целата држава констатирани се вкупно 622 непочитувања на одлуката на владата за ограничување на движењето, најголемиот дел од нив - 340 се констатирани на територијата на секторот за внатрешни работи во Скопје. Вкупно, до сега констатирани се 5397 прекршување на одлуките за ограничување на движењето на граѓаните од нејзиното воведување“, нагласи министерот Чулев.Во однос на уредбата за задолжително користење на заштитна опрема, според презентираните бројки, констатирани се вкупно 1777 непочитувања на истата, најголемиот дел од нив на подрачјето на СВР Струмица каде што констатирани се 417 непочитувања и на подрачјето на СВР Охрид - 356. Вкупната бројка на констатирани непочитувања на оваа уредба до сега е 8.180 и за сите тие случаи како што посочи Чулев, се изготвени соодветни поднесоци.Исто така полицијата во соработка со Драѓвниот пазарен инспекторат учествуваше во вкупно 1.543 контроли во угостителски објекти при што констатирани се вкупно 22 непочитувања: 18 на територијата на СВР Охрид и 4 при СВР Струмица. Истовремено, како што потенцираше министерот Чулев, во посчениот период издадени се вкупно  1648 решенија за изолација и потпишани се  584 изјави за самоизолација, а МВР извршило вкупно 8701 контрола по основ на самоизолација и на изолација.“Бројките кои претходно ги споменав говорат за исклучително голем обем на работа и исклучително високата посветеност од страна на полициските службеници. И токму таа посветеност наместо да биде соодветно валоризирана многу често е злоупотребена во политички цели. Дозволете ми на денешната прес конференција да апелирам до јавноста, но и сите политички структури во државата да се воздржат од неосновани напади кои нанесуваат штета на полицијата“, нагласи Чулев.Тој, покрај ова, изрази разбирање за револтот на граѓаните од одлуките со кои се ограничува нивното движење, притоа истакнувајќи дека граѓаните треба да се свесни оти сето тоа се прави со цел да се заштити нивното здравје. “Ваквите одлуки се носат од страна на комисија за заразни болести во која учествуваат стручни лица и доктори, а полициските службеници, односно Министерството за внатрешни работи имаат задача и обврска да го контролираат нивното спроведување“, нагласи министерот Чулев.На крајот осврнувајќи се кон критиките односно нападите упатени до него, министерот Чулев истакна дека – “од првиот ден како Министер за внатрешни работи мојот став е дека МВР треба да функционира единствено врз принципите на професионалност, неселективност и законитост, затоа што тоа граѓаните го заслужуваат. И во суштина во изминатиот период тоа се покажа во пракса, во најголем дел успешно ги спроведовме одлуките на Владата, а со тоа го заштитивме здравјето на граѓаните. Грешки и пропусти има и тие се дел од работењето, но лошо е кога грешките се случуваат поради опструкции, несоработка и постапување по партиски директиви. Да бидам искрен исклучително тешко една моја идеја, замисла или директива да се спроведе во пракса, без да наидам на многу опструкции во Министерството за внатрешни работи, но и од страна на Владата“, рече Чулев.

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев: Да бидеме единствени во дисциплината и борбата со коронавирусот, ќе успееме!

Колку долго ќе трае битката против коронавирусот зависи од секој од нас.  Зависи од нашата одлука дали ќе ги почитуваме мерките за лична заштита или ќе дозволиме да се изложиме себеси на ризик, а со тоа и нашите најблиски и целата наша околина. Затоа, апелирам до секого, носете маска или друга заштитна опрема со која ќе ги заштитите носот и устата, истакна во видео обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.Често мијте раце и не ги допирајте очите, лицето и носот.Држете дистанца од луѓето околу вас и не се групирајте.Вршете дезинфекција во домот, а особено на вашите работни места.Мораме сите да ги почитуваме овие мерки, но и да им укажеме на нашите роднини, пријатели, колеги дека и тие треба да го прават истото.Ако некој во ваша близина не носи маска или ја носи неправилно укажете му да постапи правилно. Ако некој е преблизу укажете му ја потребата од физичка дистанца од 1,5 до 2 метри.Само на овој начин ќе го заштитиме сопственото, но и здравјето на нашите најблиски.Во периодот којшто ни следува вака ќе пазариме, вака ќе одиме на работа, ќе посетуваме кафулиња, вака ќе функционираме. Ако овие мерки строго се почитуваат тие даваат резултат.Повикувам на придонес и дисциплина во борбата со невидливиот непријател. Придонес и дисциплина од секој од нас и од секоја институција.Ова е моментот кога треба да дадеме максимум за да се воспостави контрола врз вирусот. Сме покажале дека во вакви моменти знаеме да бидеме единствени. Знам дека можеме и овој пат и дека ќе успееме, истакна во видео обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.Видео: СДСМ

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Васев: Мицкоски и Чулев свесно го рушат системот за заштита од коронавирусот

Целата јавност деновиве ја гледа неспособноста и неодговорноста на Наќе Чулев и неговите кадри. Советникот на Чулев јавно призна дека заедно со Христијан Мицкоски ги прекршил мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот, истакна Стефан Васев од СДСМ.Ако наводно Мицкоски не ги знаел протоколите, тогаш Љупчо Андоновски сигурно ги знаел и наместо да му укаже на Мицкоски, тој му се придружил и свесно ги прекршил забраните.Токму Андоновски треба да биде прв кој ќе внимава дали се почитуваат мерките, а не да биде прв кој истите ќе ги прекршува.Таквото однесување е опасно по јавното здравје, колку што е опасно и неработењето на Наќе Чулев.Во текот на викендот, очевидци и медиуми забележаа масовни прекршувања на полицискиот час и забраната за движење.Сарај, Аеродром, Чаир, Ѓорче Петров, Шуто Оризари, Тетово се само дел од општините и каде масовно се прекршуваше полицискиот час додека полицијата на Чулев не презеде ништо.Наместо да спречува, полицијата на Наќе Чулев со своето неделување поттикнуваше прекршување на забраните за движење.Мицкоски, Чулев и кадрите на ВМРО-ДПМНЕ свесно го рушат системот за заштита од коронавирусот и предизвикуваат негово натамошно ширење.Уште еднаш се докажа - Чулев е најнеспособниот министер за внатрешни работи. Нему му е поважно да ги брани прекршоците на неговиот шеф Мицкоски отколку да воспостави ред во почитувањето на мерките и задолженијата.Таквиот несериозен и незрел однос е закана по здравјето и сигурноста и најмалку што може тој да стори е да поднесе оставка веднаш, истакна Стефан Васев од СДСМ.

Македонија | пред 5 години

noz-ubistvo-napad

Предложено задолжително психијатриско лекување за скопјанец обвинет за убиство на сопствениот татко

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за изрекување мерка на безбедност – задолжително психијатриско лекување и чување во здравствена установа за лице обвинето за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 12 став 1 од Кривичниот законик.Имено, обвинетиот 24–годишник, на 12 април, во состојба на непресметливост поради привремено душевно растројство, при вршење семејно насилство, го лишил од живот сопствениот татко. Додека оштетениот седел на внатрешните скали кои воделе од приземјето кон повисокиот кат на куќата, обвинетиот се симнал по скалите од горниот кат, држејќи нож во раката и поради претходно нарушени семејни односи, на својот татко му задал пет рани во пределот на главата, вратот и раката. Оштетениот успеал да се оттргне и пеш тргнал кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ кој бил во близина на неговото живеалиште за да побара лекарска помош. Но како последица на обилното крварење од раните кај него настапила шокова состојба, која довела до нарушување и конечен престанок на работата на виталните органи, па тој починал во кругот на Клиничкиот центар.Со оглед на утрврдената фактичка состојба во поглед на здравствената состојба и непресметливоста на обвинетиот, јавниот обвинител му предложи на судот да ја укине претходно определената мерка притвор, но обвинетото лице да не биде пуштено на слобода, туку до завршување на постапката против него за примена на мерките на безбедност, привремено да се смести во соодветна здравствена установа.​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Plaosnik-2

Започна да се изработува фрескоживопис во црквата Св. Климент и Пантелејмон на Плаошник

Започна да се изработува фрескоживопис во црквата Св. Климент и Пантелејмон на Плаошник.„Се изработува фрескоживопис на празниот простор. Активностите за завршување на целата црква ќе траат околу година и пол. Уметниците кои го изработуваат фрескоживописот се од Македонија“, вели за Охрид 1 митрополитот на дебарско кичевската епархија владиката г.Тимотеј.Манастирската црква "Свети Пантелејмон" ја изградил свети Климент Охридски кон 893 година. Плаошник уште во старохристијанскиот период бил многу почитуван простор. Тука имало голема поликонхална црква и уште една петобродна базилика, двете со крстилници откриени во поново време.Во 1942/43 година тука се започнати првите археолошки ископи, кога се откриени остатоците од старата црква на св. Климент посветена на св. Пантелејмон и гробот на светителот. Во 1964 - 1967 година се извршени дополнителни археолошки ископувања и извршена е конзервација на остатоците од Светиклиментовата црква.По повод јубилејот „2000 години христијанство во Охрид и Македонија" на иницијатива на Дебарско-кичевската епархија, Заводот за заштита на спомениците на културата и Народен музеј - Охрид и општина Охрид, во почетокот на 1999 година беше прифатена идејата за Возобновување на Светиклиментовата манастирска црква "Св. Пантелејмон" од страна на Министерството за култура на Република Македонија, кое резултираше со одлука на Владата на Р.М. во месец март 1999 година.На 08. XII 2000 година, од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на сите архиереи на МПЦ, беше осветен и поставен камен-темелникот на новата црква. На тој чин присуствуваше многуброен народ како и целиот државен врв.Светиклиментовата црква "Св. Пантелејмон" целосно е возобновена до крајот на јули 2002 година, на истите темели од времето на св. Климент (IX век) и доградбите (параклисите, северниот и јужниот трем и камбанаријата (XIII-XIV/XV век) со истите материјали и ист пристап на работа како што се работело во старите времиња и во времињата на нејзините поранешни обновувања.Во внатрешноста има зачуван живопис од времето на нејзиното обновување во XI-XII, XIII-XIV век и остатоци од постари фази на подови кои денес се презентирани со подни стаклени површини. Стариот под во олтарниот простор и во наосот е возобновен со мермер врз основа на остатоци од стариот оригинален под. Поставена е мермерна олтарна преграда и резбани царски двери, иконостас и гробот на св. Климент. На ѕидовите од северниот трем презентирани се откриените фрагменти од фрескоживописот на старата црква.На 10 август извршено е литијно пренесување на моштите на св. Климент од црквата "Света Богородица Перивлепта" во Возобновената манастирска црква на Плаошник, и се сместени во гробот што самиот си го ископал (оттогаш црквата го носи името "Св. Климент и Пантелејмон").На 11 август 2002 година, Архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на сите архиереи на МПЦ, ја освети Возобновената манастирска црква "Св. Климент и Пантелејмон" на Плаошник.фото: Охрид 1

Македонија | пред 5 години

ohrid-plostad-turisti

Нови случаи на коронавирус во Охрид

Во Охрид има нови шест случаи на заразени од коронавирус, односно 20 активни случаи. Досега, во градот имало вкупно 37 случаи на луѓе заразени со вирусот.Инаку, најмногу заболени има во Скопје-67, а потоа, Штип-33, Куманово-1, Дебар-1,  Тетово-10, Струга-5, Охрид-6, Кочани-2, Пробиштип-2.Направените 702 теста се преку: ИЈЗ –440 , ЦЈЗ Скопје-24 , Авицена –0 , Биотек – 0, Жан Митрев (Филип Втори) –91 , Систина со PCR метода –66  и МАНУ -81 .  Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19.

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска се потврдени 127 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-67, Куманово-1, Дебар-1, Штип-33, Тетово-10, Струга-5, Охрид-6, Кочани-2, Пробиштип-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти, во: Скопје-4, Тетово-2, Гостивар-1. Починати се 3 лица.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3152, бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Куманово е од Скопје. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:•       Скопје 1332, активни 720•       Куманово 556, активни 139•       Дебар 53, активни 2•       Штип 207, активни 169•       Прилеп 218, активни 27•       Тетово 291, активни 127•       Струга 103, активни 30•       Велес 144, активни 30•       Битола 30, активни 3•       Охрид 37, активни 20•       Кавадарци 6, активни 1•       Гостивар 50, активни 28•       Гевгелија 6, активни 2•       Струмица 5, активни 2•       Крива Паланка 7, активни 1•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 3, активни 0•       Кочани 53, активни 22•       Пробиштип 7, активни 5•       Демир Хисар 1, активни 0•       Македонски Брод 2, активни 0•       Пехчево 3, активни 0•       Берово 2, активни 1•       Валандово 3, активни 2•       Виница 3, активни 1•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 3, активни 1•       Свети Николе 3, активни 2•       Кичево 3, активни 1•       Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 702 теста се преку: ИЈЗ –440 , ЦЈЗ Скопје-24 , Авицена –0 , Биотек - 0, Жан Митрев (Филип Втори) –91 , Систина со PCR метода –66  и МАНУ -81 .  Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 71 пациент. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 42 пациенти. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 39 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера•       Чаир- 168•       Центар - 64•       Бутел   - 63•       Гази Баба-58•       Аеродром- 57•       Сарај- 55•       Карпош- 45•       Кисела Вода- 35•       Арачиново- 23•       Студеничани- 19•       Илинден- 18•       Ѓорче Петров- 18•       Шуто Оризари- 17•       Петровец- 6•       Чучер Сандево- 3•       Сопиште- 2•       Странец -2фото: Архива

Македонија | пред 5 години

w_55947488

Нови 127 случаи на Ковид-19 во земјава, тројца починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 702 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-67, Куманово-1, Дебар-1, Штип-33, Тетово-10, Струга-5, Охрид-6, Кочани-2, Пробиштип-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти, во: Скопје-4, Тетово-2, Гостивар-1. Починати се 3 лица.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3152, бројката на оздравени пациенти е 1653, на починати е 156, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1343. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Куманово е од Скопје. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:•       Скопје 1332, активни 720•       Куманово 556, активни 139•       Дебар 53, активни 2•       Штип 207, активни 169•       Прилеп 218, активни 27•       Тетово 291, активни 127•       Струга 103, активни 30•       Велес 144, активни 30•       Битола 30, активни 3•       Охрид 37, активни 20•       Кавадарци 6, активни 1•       Гостивар 50, активни 28•       Гевгелија 6, активни 2•       Струмица 5, активни 2•       Крива Паланка 7, активни 1•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 3, активни 0•       Кочани 53, активни 22•       Пробиштип 7, активни 5•       Демир Хисар 1, активни 0•       Македонски Брод 2, активни 0•       Пехчево 3, активни 0•       Берово 2, активни 1•       Валандово 3, активни 2•       Виница 3, активни 1•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 3, активни 1•       Свети Николе 3, активни 2•       Кичево 3, активни 1•       Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 702 теста се преку: ИЈЗ –440 , ЦЈЗ Скопје-24 , Авицена –0 , Биотек - 0, Жан Митрев (Филип Втори) –91 , Систина со PCR метода –66  и МАНУ -81 .  Досега во земјата се направени вкупно 37027 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на ковид-19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 71 пациент. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 42 пациенти. На респираторна машина се 8, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 39 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера•       Чаир- 168•       Центар - 64•       Бутел   - 63•       Гази Баба-58•       Аеродром- 57•       Сарај- 55•       Карпош- 45•       Кисела Вода- 35•       Арачиново- 23•       Студеничани- 19•       Илинден- 18•       Ѓорче Петров- 18•       Шуто Оризари- 17•       Петровец- 6•       Чучер Сандево- 3•       Сопиште- 2•       Странец -2

Македонија | пред 5 години

skopje-5

Полициски час од 22 до 05 во општините со голем број заразени предлага Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести ќе предложи продолжување на  полицискиот час во критичните региони со голем број активни случаи на КОВИД-19.Полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро и тоа само за градовите Скопје, Куманово, Тетово и Штип со дел од околните општини во кои има зголемен број на заболени со Ковид-19.Неофицијално комисијата за заразни болести препораката за отворање на границите ќе ја дадат откако во земјава бројот на заразени со корона вирусот ќе биде помал од 50 дневно и додаваат дека и денеска кривата оди во надолна линија, што значи дека бројката на заразени ќе биде помала од вчерашната.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Kranj-Slovenia-1136x640-Wallpapers1

Словенија воведе задолжителен карантин за сите кои доаѓаат од Македонија

Словенечката влада донесе одлука граѓаните што патуваат од нашата држава да бидат сместени во 14-дневен карантин.Одлуката важи и за државјаните на Словенија што патуваат од земјава.„Поради влошената епидемиолошка состојба во Северна Македонија, на сите лица што влегуваат во Словенија од Северна Македонија и имаат постојан или привремен престој во Северна Македонија одреден им е карантин во траење од 14 дена, без оглед на државјанството или престојот“, образложија од словенечката влада.https://twitter.com/vladaRS/status/1269703875273031680?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1269704274004639746&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fmakedonija%2F%25d1%2581%25d0%25bb%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b5%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2598%25d0%25b0-%25d0%25b2%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b5%25d0%25b4%25d0%25b5-14-%25d0%25b4%25d0%25bd%25d0%25b5%25d0%25b2%25d0%25b5%25d0%25bd-%25d0%25ba%25d0%25b0%25d1%2580%25d0%25b0%25d0%25bd%25d1%2582%25d0%25b8%25d0%25bd-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25b3%2F

Македонија | пред 5 години

mrezi

Наспроти с.Калиште пронајдени рибарски мрежи со улов од риба

Во периодот од 22.00 часот на 07.06 до 04.00 часот на 08.06.2020, во заедничка акција на полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор „Охридско eзеро“ и службени лица од Државниот инспекторат за земјоделство, при контрола во водите на Охридско Езеро, наспроти с.Калиште, струшко, на околу 1 км од брегот, пронашле повеќе рибарски мрежи со улов од риба, кои се подигнати за понатамошна постапка.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

sdsm-predlozhi-zakon-za-stechajci-i-izmeni-na-zakonot-za-socijalna-zashtita-635491

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот извор на лажни вести, глумат загриженост, а ги кршат мерките за заштита

ВМРО-ДПМНЕ на секој начин очајно се обидува сопствената неодговорност да ја маскира со лажни вести, со пласирање лажни информации и поделба на народот, додека Христијан Мицкоски бесрамно ги крши протоколите и мерките, се вели во соопштението од СДСМ.Последен пример дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот извор на лажни вести е Игор Јанушев и неговите лаги.Од друга страна, Александар Николовски беше демантиран од ООН но тоа не го спречува да шири лажни вести и да вели дека наводно 200 вработени во УЈП биле во изолација. Оваа лага УЈП ја демантираше исто така, бројот на вработени кои се во изолација не надминува 40.Во време кога сите се бореа со првите закани од коронавирсуот,  ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски лажеа дека имало уште само 100 теста. Оттогаш досега направени се десетици илјади тестови.Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека 140.000 луѓе останале без работа поради коронавирусот. Институциите излегоа со податоци дека во посочениот термин 8.100 лица останале без работен ангажман.Мицкоски и Наќе Чулев лажеа за случајот со теретаната. Чулев велеше не биле ракавици туку „отсјај од светлината“ а Мицкоски пак дека имало некакви „боени ракавици“.Лажни вести, деструкција, конструирани случаи и поделба. Тоа е се што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ им го нудат на граѓаните во овој изминат период.Вистината е многу јасна. Додека сите се борат со последиците од коронавирусот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се борат да објават што повеќе лажни вести и за таквото однесување ќе бидат жестоко казнети од граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

korona-hrvatska

ВМРО ДМНЕ: Листата на „Форбс“ покажа дека Заев и СДСМ немаат капацитет да се справат со Ковид-19

СДСМ не направи ништо да ги заштити граѓаните. Бројките во изминатата недела ја докажаа неспособноста на СДСМ во справување со корона вирусот, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.СДСМ единствено се грижи за политичката кариера на Зоран Заев. СДСМ бара избори во ек на пандемија без да размислува за здравјето на граѓаните.Неспособноста на СДСМ и Филипче се согледа „Форбс, ја објави листата на 100 најбезбедни земји во светот во однос на корона вирусот, а Македонија воопшто не е на листата. За разлика од нас повисоко на оваа листа, како побезбедни се оценети сите земји од регионот, Грција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Хрватска, Словенија.За ова СДСМ ќе одговара, бидејќи со нивното доаѓање на власт донесоа само хрибриден режим, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

maska

МВР казнила 318 лица за не носење на заштитна маска

Во текот на изминатото деноноќие (07/08.06) на територијата на Република Северна Македонија на 511 лице им се издадени решенија за изолација, а 70 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.По однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 318 прекршоци.Исто така, по однос на забраната за движење, во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на целата држава 204 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 180 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dezinfekcija-3

(ФОТО) Од рано утрово дезинфекција на улици, јавни површини и станбени комплекси во Охрид

Согласно препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид,  екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ утрово по завршувањето на продолжениот викенд апочнаа со интензивна дезинфекција на улиците, јавните површини и станбените објекти на територија на Општина Охрид.Со средство за дезинфекција се изврши миење на улиците во централното градско подрачје, градскиот кеј и чаршијата.Дезинфекцијата на јавните површини ќе продолжи интензивно и во текот на наредниот период.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.612666542672286/612666296005644/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

skopje-5

МВР уапси 15 лица кои не го почитувале полицискиот час

Министерството за внатрешни работи информира дека вечерва на подрчјето на ПС ОН Бит Пазар од 19 до 20 часот лишени од слобода се 15 лица кои не ја почитувале забраната за движење, и тоа на улиците Методија Митевски, Емин Дураку, Вуковарска, Панче Неделковски, Лазо Трповски и Никола Карев. Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни контроли на територијата на целата држава со цел санкционирање на непочитувањето на мерките за справување со Ковид 19. Апелираме граѓаните да ги почитуваат овие мерки и заеднички да придонесеме во спречување на ширењето на коронавирусот.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

telma

СДСМ: Наќе Чулев ги игнорира бројните прекршувања на забраната за движење

Целата јавност преку медиумите можеше да види како низ многу општини воопшто не се почитува забраната за движење а полицијата тоа го игнорира и воопшто не постапува. Сарај, Чаир, Даме Груев, Тетово се само дел од општините и населбите каде масовно се прекршува полицискиот час додека полицијата на Чулев не презема ништо, се вели во соопштението од СДСМ.Ваквото непостапување и игноратски однос на Чулев е доказ за целото негово лицемерие и е опасност по јавното здравје.Уште еднаш се докажа дека Чулев е најнеспособниот министер за внатрешни работи. Нему му е поважно да ги брани прекршувањата сторени од неговиот шеф Христијан Мицкоски отколку да воспостави ред во почитувањето на мерките и задолженијата.Таквиот несериозен и незрел однос е закана по здравјето и сигурноста и најмлаку што може тој да стори е да поднесе оставка веднаш, се вели во соопштението од СДСМ.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

grcija-granica-ne-smeedavnesuvatefood-01-74771-114634-696x406

Традиционалните туристи од Србија имаат алтернатива, до Грција наместо преку Македонија ќе одат преку Бугарија

Последните високи бројки на заболени од коронавирусот во Македонија се следи и во соседството, особено во Србија чии граѓани се надеваат на брзо отворање на гранците и заминување на одмор во Грција. Но, традиционалните туристи од Србија веќе се подготвуваат за алтернатива – наместо преку Македонија до плажите во Грција да стигнат преку Бугарија.На социјалните мрежи на групите популарни каде граѓаните разменуваат најразлични информации за патувања и одмор во Грција се почесто се поставуваат прашања каде и како да се вози од Србија до Халкидини, Кавала или некое друго туристичко место во Грција, објави 24auto.mk. Наместо традиционалната рута, на пример од Белград преку Ниш, Прешево, Куманово, Скопје, Гевгелија – Солун, сега туристите би оделе на рутата Белград – Ниш, Пирот, Софија, Благоевград, Сандански, Серес – Солун.Извор: 24auto.mk. 

Македонија | пред 5 години

telma

(ВИДЕО) Полицијата стои на крстосница и бара дозволи од возачите, на само неколку метри од нив – отворена продавница

За некого цел викенд карантин, за други – само обична недела. Некои од луѓето повеќе се плашат од камера отколку од полиција. Влегуваме во последните часови од викенд карантинот, а Телма на терен провери дали улиците се пусти насекаде и дали граѓаните се послушни. На споредните улички во населбите сликата e поразлична од големите градски булевари.Вака беше во скопски Чаир. Додека полицијата стои на крстосница и бара дозволи од возачите, на само неколку метри од нив – отворена продавница. Позачудувачка е редицата граѓани коишто мирно чекаа ред за да испаразат на сред полициски час, објави Телма.Тексто во целост на: Телма.мк

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

Тоа што Мицкоски и Андоновски најавуваат дека ќе ја платат казната е минорно во споредба со нивната одговорност

ФБ статус:Тоа што Мицкоски и Андоновски најавуваат дека ќе ја платат казната што загрозувале јавно здравје е минорно во споредба со нивната морална, професионална и политичка одговорност за премолчувањето на кривичните дела. Лидер на партија, претендент за премиер, советник во МВР и командир на специјална единица немо посматрале како пред очи некој попречува службени лица и крие снимки со цел да ги заштити.Нивните позиции налагаат тие да го спречат угостителот во отпорот против пазарните инспектори и тие да инсистираат да се направи контрола. Мицкоски и другарите од МВР ако беа одговорни и чесни, за какви што се преставуваат, тогаш на инспекторите ќе им кажеа дека не ги знаеле мерките и ќе примеа казна. Таков е редот и законот.Ако, пак, се потврди дека вмровските функционери учевствувале во диверзијата со снимките, тогаш тоа ќе биде сериозно кривично дело. Но, и да не учевствувале тие не презеле ништо против криењето доказен материјал.Значи, приказната не завршува со тоа што Мицкоски и Андоновски ќе платат казна.https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=2305362159759508&id=100008572394951

Македонија | пред 5 години

0

Анкета: 47% испитаници очекуваат во Македонија да се смени политичката елита и да се појави нова генерација политичари

Anketi.mk објави истражување на рејтингот на политичките партии реализирано во периодот од 25 мај до 5 ти јуни. Анкетата е спроведена со помош на методот на Гугл за онлајн анкетирање.Испитаниците одговарале на 6 прашања. Меѓу другото  Дали Македонија се движи во прав правец, дали е излезат на гласање и за која политичка опција ќе гласаат, како и Дали очекувате во Македонија да се смени политичката елита и да се појави нова генерација политичари?На прашањето дали Македонија се движи во прав правец потврдно одговориле само 32% од испитаниците, а дури 47% од испитаниците одговориле дека очекуваат во Македонија да се смени политичката елита и да се појави нова генерација политичари.Во продолжение анкетата во целост.1. Дали Македонија се движи во прав правец?ДА 32%НЕ 63%Незнам 5%2.Дали ќе излезете на гласање на предвремените Праламентарни избори ?ДА 57%НЕ 12%Незнам 31%3.За која политичка опција ќе гласате (од определените да гласаат)?СДСМ и коалиција 22%ВМРО ДПМНЕ и коалиција 18%ДУИ 6%АА 5%МАК. КОНЦЕПТ 3%ИНТЕГРА 3 %ДПА 2%ЛЕВИЦА 2%ДЕМОРКАТИ 1%Не се изјаснува 38 %4. Доколку ВМРО ДПМНЕ ги бојкотира изборите, дали ќе излезите на избори?(прашањето е поставено на тие кои се изјасиле дека се поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ)ДА 28%НЕ 64%Незнам 8%5. За која партија ќе гласате доколку ВМРО ДПМНЕ ги бојкотира изборите ?(прашањето е поставено на тие кои се изјасниле дека се поддржувачи на ВМРО ДПМНЕ и се изјасниле дека ќе гласаат на изборите)МАК.КОНЦЕПТ 54%ЕДИН. МАКЕДОНИЈА 19 %ИНТЕГРА 22 %Незнам 5 %6. Дали очекувате во Македонија да се смени политичката елита и да се појави нова генерација политичари?ДА 47%НЕ 43%Незнам 10% 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања