Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

maska

Дури 1143 лица МВР затекнало без заштитна опрема за лице

Во текот на изминатото деноноќие (09/10.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 905 лица им се издадени решенија за изолација, а 120 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 1143 прекршоци.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Vardariste-diva-deponija-3

Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Тони отпад се фрлаат на дивите депонии во Ново Село, Визбегово и Вардариште, Шилегов не превзема ништо

Секој ден тони отпад се фрлаат на дивите депонии во Ново Село, Визбегово и Вардариште, а Шилегов не превзема ништо. Скопје е најзагадениот главен град во Европа. Со пасивноста на Шилегов и непреземањето на конкретни активности се ризикува еколошка бомба во Скопје, во ситуација кога главниот град е веќе најпогоден од корона заразата, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.Во дел од депониите, како што е Вардариште не само што е нем посматрач, туку градот Скопје е и активен учесник во создавањето на депонијата. Фотографиите кои ги објавуваме се фрапантни и вчудоневидувачки, говорат за негрижата на градот Скопје, комуналните инспектори и пасивноста на Министерството за животна средина и просторно планирање. Градот Скопје мора да се откаже од дивата претоварна станица Вардариште и да санкционира диви депонии на само неколку километри од центарот на градот. Тажната слика за Скопје се дивите депонии Вардариште, Визбегово во близина на Шуто Оризари и Ново Село во Ѓорче Петров. Шилегов го ризикува здравјето на скопјани со својот пасивен однос кон овие депонии кои неретко се запалени, испуштаат токсични материи и се еколошка бомба во градот. Шилегов треба да го батали политиканството и навредите и нека се фати за работа, се вели во соопштението од Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ.  фото: ВМРО ДПМНЕ  

Скопје | пред 5 години

velo-markovskio

д-р Вело Марковски: Брзо ќе стекнеме колективен имунитет, по 20-25 јуни драстично ќе опадне бројот на заразени

Во вечерашното емитување на емисијата „Само вистина“, гостуваше д-р Вело Марковски кој што даде свое видување за состојбата со коронавирусот во Македонија. Според моменталните и претходните бројки, околу 25 проценти од населението имало контакт со вирусот, изјави докторот Марковски.-Мое мислење, но и според мислењето на многу епидемиолози, од 30 до 40 проценти се потребни за да имаме заштита во колективен имунитет. Мислам дека многу брзо ќе постигнеме таков имунитет и после 20-25 јуни ќе имаме драстично намалување во бројот на заразени. Луѓето треба да сфатат дека ова е корона-војна и ние сме исплашени. Колку сме повеќе исплашени, толку повеќе панично реагираме и носиме полоши решенија, смета Марковски. 

Македонија | пред 5 години

1-10

Царовска: Продолжување на вонредна состојба не е потребна,беше потребна за носењето на уредби со законска сила, економските мерки

Владата за ова како и за сите други прашања поврзани со Ковид-19 ќе заседава и одлучува во текот на следните денови- истакна потпретседателката на СДСМ ,Мила Царовска на гостувањето во емисијата Отворено на ТВ 24, во однос на можноста за продолжување на вонредната состојба која завршува во сабота.Таа поосочи дека исцрпени се сите потреби од неа,  согласно проценките, во моментов не постојат причини и потреби за продолжување на вонредната состојба.“Вонредната состојба и дава можност на Владата да носи потребни мерки со цел подобро справување со коронакризата, последната беше потребна токму заради третиот економски пакет односно носење на уредби со законски сила”, рече Царовска.Во однос на здравствениот аспект, Царовска посочи дека добро е што болниците не се преоптеретени,односно здравствениот систем е подготвен за периодот којшто претстои, а за евентуални нови рестрикции во иднина вонредна состојба не е потребна.“Секој е одговорен за своето и здравјето на другите. Имаше доста граѓани кои присуствуваа на настани без потербните протоколи за заштита. Имаше изречени мерки, секако тоа требаше да биде позасилено, но не исклучиво преку репресија,туку и други начини како информирање”, рече Царовска.Потпретседателката на СДСМ истакна дека  верските настани очигледно донесоа раст на новозаболени, за жал не се исполнија очекувањето дека верските лидери ќе испорачаат изјави и пораки за заштита на верниците.“Очекував дека синхронизирано ќе ги повикаат граѓаните да ги почитуваат мерките, но тоа не се случи”, рече Царовска.

Македонија | пред 5 години

plaza-222

Владата одлучи узурпаторите да ги ослободат сите плажи во Охрид и Струга за кои немаат концесија

Сите кои имале договор за закуп на плажа и истиот е истечен или пак раскинат, мора да ги вратат земјиштата во првобитна состојба, се вели во уредбата која Владата ја донесе на денешната седница. Со неа се опфаќаат и нелегалните стопанственици со плажите во Охрид кои узурпирале 25 локации на охридското крајбрежје. Проверка нема да вршат општинските инспектори, туку Пазарниот инспекторат и Управата за јавни приходи, кои од нелегалните стопанственици ќе треба да бараат договор за закуп, а пак, доколку тие го немаат, тогаш согласно законите ќе тие ќе бидат казнети, а нивните објекти затворени.Уредбата треба да резултира со враќање на сите плажи во целосно владение на Општина Охрид, се додека, физички или правни лица не склучат нов договор за концесија. „Владата денеска ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, со која се задолжува закупецот да го врати во првобитна состојба градежното земјиште кое било предмет на краткотраен закуп предвидено со урбанистички план или урбанистичко-планска документација за плажа, а за кое временскиот рок за краткотраен закуп е истечен или договорот за краткотраен закуп е предвремено раскинат“, се вели во уредбата на Владата.Оваа уредба ќе важи до крајот на годината. Доколку некоја од фирмите, иако нема концесија на плажата, одбие да постапи согласно уредбата и да ја врати во првобитна состојба, тогаш ќе постапат инспекторите од Пазарниот инспекторат. „Надзорот над вршењето на дејноста во рамки на Градежното земјиште предвидено со урбанистички план или урбанистичко- планска документација за плажа, се врши од страна на Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи, a не постапувањето од страна на закупецот во согласност со член 2-а од оваа уредба, претставува основ Државниот пазарен инспекторат да изврши затворање на објектите“, се додава во уредбата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

avtobus-1

Доколку лице одбие да прими решение за самоизолација или не ја почитува, ќе оди во карантин а трошиците ќе си ги плати сам

На денешната седница е донесена Уредба за изменување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за заштита на населението од заразни болести за време на вонредна состојба.Уредбата определува дека доколку некое лице одбие да го прими решението за самоизолација, или дава лажни лични податоци и лажни податоци во врска со лицата со кои што имало контакт во изминатите денови, или не ја применува мерката строга изолација во домашни услови (домашна самоизолација), му се одредува мерката строга изолација (карантин) во времетраење од 14 дена, во објекти определени од Владата на Република Северна Македонија, за што Министерството за внатрешни работи донесува решение, а трошоците за сместување во тие објекти се надоместуваат од страна на тоа лице.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

veles

(ВИДЕО) Силно невреме со град го зафати Велес

Попладнево Велес го зафати страшно невреме со пороен дожд и град.Улиците низ градот се полни со вода.Видео од силното невреме можете да погледнете на порталот ВЕЛЕС ДЕНЕС

Македонија | пред 5 години

skopje-5

Нема да има полициски час- Засилени контроли на местата каде има зголемен број на новозаразени

Владата на Република Северна Македонија на денешната 63-та седница во врска со спречување на внесување и ширење на коронавирус КОВИД-19 заклучи да се воведат засилени контроли и мониторинг во таргетирани подрачја на градот Скопје и општините во градот Скопје, потоа во околните скопски општини Арачиново, Студеничани, Илинден, Петровец и Зелениково, како и во општините Куманово, Липково, Штип и Карбинци, Тетово и тетовски општини Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце, каде што е регистриран поголем број на новозаразени граѓани.Согласно овој заклучок, предлогот за воведување рестриктивни мерки ќе биде повторно разгледан во Комисијата за заразни болести.Во оваа насока, Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Инспекцискиот совет и Финансиската полиција да изготват посебни акциски планови за контрола и за спречување на отстапувањето на мерките за заштита, како и санкционирање на секое непридржување до донесените мерки.Во врска со оваа точка, Владата заклучи Државниот здравствен и санитарен инспекторат во секое решение за изолација што ќе биде донесено да стои дека е задолжително инсталирање на апликацијата СтопКорона заради поголема прегледност и контрола со цел превенција на ширењето на коронавирусот. Секое прекршување на одредбите од решението за изолација ќе биде санкционирано со државен карантин.

Македонија | пред 5 години

plaza-111

Сите плажи и годинава ќе работат на диво, никој не плаќа за нивно користење

Од 25 плажи на охридското крајбрежје, кои веќе ја почнаа летната сезона и пречекуваат туристи, ниту едно физичко или правно лице не плаќа за нивно користење, дознава „А1он“. За плажите не се плаќаат ниту комуналии и даноци, но од нив нелегалните стопанственици на крајбрежјето и годинава ќе остварат профит на грбот на своите сограѓани. Последниот договор за концесија е истечен во 2018, а тоа значи дека повеќе од две години трае дивото стопанисување со плажите.Но, иако законите се прекршени, институциите не реагираат, ниту го санкционираат ваквиот тренд во Охрид. Според истенчените договори за концесија, некои од фирмите што стопанисувале со плажите веќе не постојат, но нивните газди и натаму издаваат лежалки, продаваат храна и пијалаци, остваруваат профит. Вина за тоа што плажите немаат легални стопанственици има и кај Општина Охрид, која нема распишано оглас за издавање концесии, а за тоа постојано има ново оправдување. Ниту пред оваа туристичка сезона на повидок нема дека ова ќе се промени. Ако минатата година немаше оглас за концесионери поради мораториумот што беше донесен по барање на УНЕСКО, досега не добивме објаснување зошто огласот не е распишан ниту годинава.Од Општина Охрид се на ставот дека планираат да реагираат за дивоизградените објекти на плажите, но не и за работата на угостителите на крајбрежјето, како и издавањето лежалки, бидејќи тврдат дека тоа не е во нивна надлежност.„Според Планот за управување со светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, за плажите ќе се изработува урбанистичка документација, со која ќе се обезбеди дека нема да се врши бетонирање на брегот, нема да се градат платформи што навлегуваат во водата, нема да се изведуваат објекти од цврста градба и нема да се испуштаат отпадни води во езерото. Уредувањето на плажите ќе биде предмет на редовни инспекциски контроли. По изработката на урбанистичката документација, Општина Охрид, во согласност со своите ингеренции, ќе реагира на незаконското постапување“, објаснуваат од Општината за „А1он“.Текстот во целост на А1ОН 

Македонија | пред 5 години

ohrid

(ФОТО) Охридската улица „АСНОМ“ доби хоризонтална и вертикална сигнализација

Деновиве завршија предвидените работни активности за обележување на хоризонталната и поставување на соодветна вертикална сигнализација на улицата „АСНОМ“, напиша на својот ФБ профил градоначалникот Константин Георгиески.Вертикалното обележување е направено по сите современи стандарди за сообраќајно обележување. Покрај основната сообраќајна сигнализација, обележани севелосипедски патеки од двете страни на коловозот, во две насоки, со попречно поврзување помеѓу нив.🚴Со овие активности значително се подобруваат условите за велосипедистите во Охрид и се придонесува во насока на редуцирање на автомобилскиот сообраќај.✅Општина Охрид во текот на наредниот период планира активности за обележување на велосипедски патеки и на уште неколку сообраќајници во градот.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.613467712592169/613467475925526/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска се потврдени 87 нови случаи на ковид 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-41, Куманово-12, Штип-16, Тетово-10, Струга-1, Охрид-2, Гостивар-1, Пробиштип-4.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти, во: Скопје-1, Прилеп-2, Тетово-2. На Клиниката за кардиологија почина пациент од Куманово на возраст од 74 години, хоспитализиран пред 2 дена и потврден позитивен на оваа клиника.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3239, бројката на оздравени пациенти е 1658, на починати е 157, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1424По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Охрид е од Струга. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:•       Скопје 1373, активни 760•       Куманово 568, активни 150•       Дебар 53, активни 2•       Штип 223, активни 185•       Прилеп 218, активни 25•       Тетово 301, активни 135•       Струга 106, активни 33•       Велес 144, активни 30•       Битола 30, активни 3•       Охрид 37, активни 20•       Кавадарци 6, активни 1•       Гостивар 51, активни 29•       Гевгелија 6, активни 2•       Струмица 5, активни 2•       Крива Паланка 7, активни 1•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 3, активни 0•       Кочани 53, активни 22•       Пробиштип 11, активни 9•       Демир Хисар 1, активни 0•       Македонски Брод 2, активни 0•       Пехчево 3, активни 0•       Берово 2, активни 1•       Валандово 3, активни 2•       Виница 3, активни 1•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 3, активни 1•       Свети Николе 3, активни 2•       Кичево 3, активни 1•       Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 987 теста се преку: ИЈЗ –381 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –72, Биотек - 163, Жан Митрев (Филип Втори) –101, Систина со PCR метода –137 и МАНУ -103.  Досега во земјата се направени вкупно 38014 тестирања на ковид -19.Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 80 теста се во рамките на скринингот во градинки во Скопје, нема позитивни резултати на ковид-19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 нови, а вкупно хоспитализирани 73 пациент. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 49 пациенти. На респираторна машина се 9, a со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 37 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера•       Чаир-192•       Бутел-68•       Центар-66•       Гази Баба-63•       Аеродром-61•       Карпош-57•       Сарај-55•       Кисела Вода-37•       Ѓорче Петров-23•       Арачиново-23•       Шуто Оризари-21•       Студеничани-20•       Илинден-18•       Петровец-6•       Чучер Сандево-3•       Сопиште-2•       Странец-2фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

КСС: Следи социјална криза, одговорност мора да има

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија –КСС тргнувајќи од фактот на се понагласено кршење на работничките права, на се повеќе губење на работни места го упатува ова соопштение до јавноста да побара и укаже на мерки кои треба итно да се спроведат, се вели во дописот кој го испратија до медиумите.Имено, состојбата е повеќе од загрижувачка и алармантна, од причина што секојдневно се зголемува бројот на невработени во реалниот сектор. Од друга страна слушаме за се повеќе вработувања во јавниот сектор. Во последните два месеци работното место го изгубија преку 15.000 работници, на преку 50.000 секојдневно им се заканува отказ од причина што не земале плата веќе два месеци и ако тука се додадат и работниците во сивата економија кои се непријавени, чија бројка изнесува преку 100.000 и се најлесен таргет за губење на работа и на крај сите оние кои се на принуден одмор, некои со 70%, некои со 50%, а некои со никакви примања, доаѓаме до една застрашувачка бројка.Микро фирмите очајно бараат помош, бараат помош и занаетчии, таксисти, бараат помош угостители, хотелиери, сметководители и тоа само по себе кажува дека економските мерки се недоволни. Индексите за мерење на економската помош со која земјите се справиле со корона кризата кажуваат дека сме на последно место во регионот и во Европа.Мерките за  заштита на работните места се недоволни и не се применуваат, па доаѓаме до состојба на се повеќе заболени работници, бизнисите затвараат, сите трпат загуби, а надлежните институции беспомошно и немо гледаат како да се немоќни да преземат било каква акција.Одговорност мора да постои и тоа уште денес, затоа што оваа здравствена и економска криза многу брзо ќе се претвори во социјална криза.Сите земји во регионот и оние кои беа страшно погодени во Европа полека и сигурно се справија со заразата.Ние неколку пати испративме предлог мерки, иницијативи изработени од стручни лица, инженери и доктори за заштита при работа, но очигледно Вие без да ги погледнете ги ставивте адакта. И ако се спроведеа тие мерки точно и прецизно опишани, со целосна анализа на последиците кои треба да се спречат, кои патем еве не газат, ние во овој момент немаше да имаме ни 10% од овие проблеми кои како облаци лебдат над нас и прашање е само кога ќе направат таква олуја што ќе треба многу време за  да се санира.Мерки сега и веднаш,Одговорност сега и веднаш, вклучување на експертската јавност уште денес, затоа што импровизации, исполнување желби и непрофесионално правење уредби, а потоа по неколку пати преправање  носи целосна конфузија, само одиме надолу.По сите наши анализи добиени од информации на терен, кои се загрижувачки, со стравување и загриженост Ве прашаме:-  Дали ќе можете  до крајот на годината да финансирате одредени работни места, иако тие финансии и така не се доволни- Дали ќе можете да се справите со енормно голема невработеност која доколку не се преземе нешто денес за неколку месеци ќе порасне вртоглаво,- Дали ќе можете  да се справите со социјалната криза која не демне и само што не дошла на гости во нашата земја, затоа што на подолг временски период не се издржува со 6.000 ден. или 9.000 ден. или пак кај некој и без никаква егзистенција.Солидарен поздрав до сите работници во Македонија и да бидат сигурни дека КСС стои и ќе стои во одбрана на работничките права, се вели во соопштението од КСС.фото: Архива     

Македонија | пред 5 години

skopje-5

Кривична пријава за злоупотреба на дозвола за движење во „полициски час“

Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ и „фалсификување службена исправа“, како и против Х.Х.(56) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.Првопријавениот, во својство на сопственик и управител на правно лице, во период на постоење на вонредна состојба и одлука за забрана и посебен режим на движење на територијата на цела држава, издал „Дозвола за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа“ и покрај тоа што правното лице нема регистрирано ноќна и работа.  Второпријавениот, во два наврати бил сопрен и контролиран од полициски службеници, при што како доказ дека легално се движи и дека поседува дозвола за движење на увид им ја приложил дозволата за движење поради вршење на сменска и ноќна работа“.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

SEMM-22

Советот за етика во медиумите реагира за неетичко и непрофесионално известување

Советот за етика во медиумите (СЕММ) продолжува да реагира на зачестените случаи на неетичко и непрофесионално известување, а особено на ширењето шпекулации кај одредени медиуми во врска со пандемијата на коронавирусот. Едностраното и шпекулативното известување во вакви услови може дополнително да ја зголеми вознемиреноста и паниката и да поттикне нерационално однесување од страна на граѓаните.   Од моментот на прогласување на вонредната состојба до денес, до Комисијата за жалби при СЕММ се пријавени 47 случаи на непрофесионално и неетичко известување. Од нив, најголем дел (31 жалбa или 66 отсто од случаите) се однесуваат на известувањето околу пандемијата на коронавирусот. Прекршување на членот 1 од Кодексот на новинарите, кој се однесува на објавувањето точни и проверени информации е утврдено во 39% од пријавените случаи, додека прекршување на членот 8 од Кодексот на новинарите, односно сензационалистичко информирање е утврдено во 35% од пријавените случаи. Јавноста реагира и на обидите за политизирање на кризата околу коронавирусот во медиумите, а во дел од пријавените случаи до СЕММ утврдено е дека новинарите не обезбедуваат професионална дистанца од политичките субјекти, односно се прекршува член 14 од Кодексот на новинари (32%).  Медиумите не смеат да бидат искористувани за поделба на луѓето преку различни политички пресметки, а коронавирусот не смее да биде ‘оружјето’ што ќе се користи од кои било политичари, без разлика дали станува збор за власт или опозиција, за политичко поентирање. Во 16% од случаите станува збор за прекршување на членот 12 од Кодексот на новинарите, според кој плагијаторството е неприфатливо, а цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот. Доколку информацијата е преземена, изворот мора да биде наведен. Во овој контекст, СЕММ ги повикува медиумите јасно и експлицитно да го наведуваат изворот и авторот при преземање на содржини од друг медиум или од социјалните мрежи Позитивна практика е што се зголемува бројот на случаи решени низ медијација, а во оваа насока Комисијата за жалби при СЕММ ја поздравува и подготвеноста на медиумите да се коригираат кога ќе се утврди пропуст во содржината. СЕММ продолжува да го набљудува начинот на информирање на медиумите, како на оние кои се дел од членството, така и на оние кои сѐ уште не се негови членки и ќе повикуваме на доследно почитување на Кодексот на новинарите како предуслов за професионално известување. Саморегулацијата е единствениот сигурен начин медиумите да ги подобрат своите практики на известување, притоа заштитувајќи ја слободата на изразување и известување, без да соочат со други механизми на контрола или „судење“ за нивната работа.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

gdu

ГДУ: Двочасовното шоу на Караџовски покажа дека ситуацијата не е под контрола, туку дека целосно е излезена од контрола

Двочасовното шоу на Караџовски покажа дека ситуацијата не е под контрола, туку дека целосно е излезена од контрола. Вината за драматичните бројки, за тоа што се потфрли во борбата со корона вирусот не може да се бара кај народот или новинарите, се вели во соопштението од ГДУ.Кога цел свет објавуваше снимки од болниците за да им покаже на граѓаните колку е опасен вирусот, кај нас на медиумите не им беше овозможено тоа. Токму тие,  медиумите укажуваа дека полицискиот час се прекршува, не се казнува, дека има места каде што луѓето не веруваат дека постои Ковид 19, но надлежните како да не ги слушнаа и видоа материјалите кои требаа да го вклучат алармот. И додека медиумите се бореа да ја пренесат реалната слика што се случува во нашето општество, владините претставници беседеа како требало да има избори, дека одлично сме се справувале со епидемијата. Па одеа по лидерски средби, па нудеа датуми, се делеа флаери.И како народот да го сфати тоа? Како да ги сфати одлуките во кои јасно се гледаше политика?  Комисијата препорача тридневен карантин за Рамазан Бајрам, ама Владата откако Сулејман Реџепи се закани дека ќе ја изгубат поддршката од муслиманските верници, реши да попушти. И кој сега овде нит се води,  нит се тера? Народот или оние кои го назначиле Караџовски?Претседателот на Комисијата им порача на новинарите дека ќе издржел, цврст бил како куче и кажа дека не знаел кој ги променил мерките што ги препорачале. Епа еве ние ќе му помогнеме. Тоа се оние кои го назначиле и кои ги носат одлуките. А зошто ги промениле, одговорот е едноставен- заради партиските интереси. Е арно ама Караџовски се покажа јак како куче за конфликт со новинари, ама не и јак да ја принуди Владата да носи одлуки кои се во интерес на здравјето на граѓаните.Притоа Караџовски ќе рече и дека не убил никого за да чувствува одговорност. Па да го потсетиме и дека самата функција носи одговорност. Не мора да убиете некого за да одговарате, се одговара и за погрешни потези и одлуки.  За жал партиските интереси ја потиснаа науката, се вели во соопштението од ГДУ.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

51

„Врба“ во Пекинг, по успехот во Истанбул

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски е селектиран во официјалната натпреварувачка програма на 10. Филмски фестивал во Пекинг, каде ќе присуствува и режисерот.Фестивалот ќе се одржи кон крајот на август годинава, а заедно со Шангај, Бусан, Хонгконг и Токио е во петорката најголеми во Азија.„Врба“ беше прикажан и на 39. Филмски фестивал во Истанбул, кој, поради светската пандемија предизвикана од коронавирусот се одржа онлајн. Петнаесетте одбрани филмови на фестивалот, меѓу кои и „Врба“, фестивалската публика можеше да ги види со купен билет за онлајн прикажување.Турската критика го нарече „Врба“ „Веројатно најдобар филм на фестивалот“. Ердоган Митани, критичарот на најстариот реномиран весник во Турција, „Џумхуријет“ во освртот под наслов „Фестивалски допинг во денови на рестрикција“ вели „Без преувеличувања, еден контролиран сензибилитет со извонредна природност нѐ води од минатото кон денешницата; филм со три засебни приказни на три жени, кои иако се од различни времиња и во различни состојби, низ јадовите што ги преживуваат си ги надополнуваат судбините небаре станува збор за една личност.“Сите досегашни филмски остварувања на Манчевски, низ годиниве, беа селектирани и прикажани на овој фестивал со долгогодишна традиција и еден од најголемите во Европа. Неговите филмови се изучуваат на универзитетите и во Турција и во Кина. Во 2017 Манчевски беше и првиот македонски уметник со ретроспективно претставување во Азија, во Шангај имаше циклус филмови, изложба, книга и предавање.По светската премиера на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година, каде што беше поздравен со шестминутни овации, и по македонската премиера и киноприкажување од два и пол месеци кога ги сруши рекордите на гледаност, „Врба“ беше и дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј, Талин, ФЕСТ во Белград, Бенгалуру во Индија, и Синеквест во Калифорнија.„Врба“ ја освои и наградата Најдобар филм во програмата Недела на режисерите на 40. издание на филмскиот фестивал Фантаспорто во Порто, Португалија, како и наградата за најдобар филм на камерниот фестивал на независни филмови во Велингтон, Нов Зеланд.Во Македонија филмот беше прикажан на Македонската Радио-Телевизија, како и на два домашни фестивали, „Златна рамка“ и „Фестивал на современи ирански и македонски филмови“.„Врба“ беше поканет и на низа други фестивали, меѓу кои и Хамбург, Софија и Шангај, но поради светската пандемија тие беа откажани или одложени, па проекциите во Истанбул и Пекинг се всушност враќање на филмот во фестивалски живот.Во главните улоги настапуваат Сара Климоска, Наталија Теодосиева, Камка Тоциновски, Никола Ристески, Ненад Нацев, Петар Мирчевски и Ратка Радмановиќ. Филмот е македонско-унгарско-белгиско-албанска копродукција и беше поддржан од Агенцијата за филм како филм од посебен интерес.

Македонија | пред 5 години

srceva

Д-р. Срцева: Сведоци сме на троцифрени бројки на новоинфицирани, а не убедуваат оти вирусот слабее

Неколку дена сведочиме на троцифрени бројки на новоинфицирани на дневна основа, како и, за жал, на починати, а сепак не убедуваат дека вирусот слабеел, истакна Д-р Марија Срцева Јовановски .Воопшто не е така. Ситуацијата со корона вирусот е  целосно излезена од контрола. Дополнително на сето тоа се зголемува и бројката на новоинфицирани здравствени работници.Четврти месец во борбата со корона вирусот и лошиот менаџмент, резултира со неконтролирано влошување на состојбата.Македонија стана црна точка во регионот и пошироко! Има многу новоинфицирани и починати за краток период.Она што се случува е поигрување со здравјето на граѓаните.Не смееме граѓаните да се оставиме сами на себе. Не смее и не може граѓаните да се виновни за оваа состојба.Затоа доста, доста беше залажување, доста со политики. Да се отстапи место на струката, на оние кои директно и секојдневно се соочуваат со последиците предизвикани од овој вирус.Кога ќе се стави ситуацијата со корона вирусот под контрола ќе имаме време за се, ќе ги отвориме сите теми. Сега единствен приоритет е здравјeто на граѓаните, истакна Д-р Марија Срцева Јовановски .видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

kardiohirurg

Кардиохирургот Јовев и сопругата Ана: Нè движи посебна синергија

Архитектката Ана Јовева е пријатна и креативна млада дама, со која можат да се водат долги и имагинативни муабети за сликарството, архитектурата, фотографијата, музиката, за глобалните трендови и локалните радости. Но, таа е и првата на која кардиохирургот проф. д-р. Сашко Јовев, раководител на тимот што ја изведе првата срцева трансплантација кај нас, и се јави во ноќта по историскиот зафат за да и соопшти: „Ана, новото срце чука!“.Какво е значењето на сопругите на луѓето кои извршуваат стресни и одговорни задачи, се прашавме пред да ја сретнеме Ана, сопруга на проф. д-р Јовев, откако првата срцева трансплантација кај нас веќе е сместена во историјата на македонското здравство.Текстот во целост на Женски Магазин

Македонија | пред 5 години

dozd

Претпладне сончево, попладне дожд

Времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 22 до 30 степени.Во Скопје максималната ќе достигне до 27 степени.Во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

miniranje

Поради минирање, во прекин сообраќајот на патот Кичево – Охрид

„Илинден АД“ Струга известува дека ќе изведуваат градежни активности (минирање) на патниот правец Кичево – Охрид, делница Пресека – Врбјани. Во периодот од 12:00 – 15:00 часот сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци. Минирањето може да се изведува двапати во наведениот временски период.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Македонија | пред 5 години

Sednica-na-Sovet-2

На иницијатива на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Народниот правобранител отвора постапка за Шилегов поради труењето на граѓаните со Вардариште

На иницијатива на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во Град Скопје, Народниот правобранител отвори постапка против Комунална хигиена и Градот Скопје за директно загадување на животна средина и индиректно труење на граѓани, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.За дивата депонија Вардариште, претходно советничката Светлана Колариќ во име на советничката група покрена иницијатива до Народниот правобранител за реакција и заштита на правата на граѓаните кои секојдневно се трујат преку непрописно исфрлање на смет и токсични материи од страна на градското претпријатие Комунална Хигиена. Народниот правобранител одлучи да покрене постапка против таквото дивеење на градските институции водени од Шилегов со кој се нарушува здравјето на граѓаните. Вардариште е дива депонија која се полни од страна на јавното комунално претпријатие и преставува еколошка бомба. Толерирањето и креирањето на депониите доведе и до вчерашната еколошка бомба во Шуто Оризари и Визбегово и пожарот со кој се загрозија жителите на овие места, но и целиот град Скопје. Додека Шилегов диши чист планински воздух во Маврово, градот Скопје се гуши во депонии создадени и толерирани од градот. Нема друг главен град во Светот каде самиот град создава депонии како што е случајот со Вардариште. Очекуваме Народниот правобранител да ги заштита правата на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

08062020_MZ_Filipche_PKZB_Karadzovski_DCJV_Ziberi_pres-konferencija-3

Филипче: Им благодарам на медиумите за коректниот однос во изминатиот период, тие се еден од нашите најдобри партнери

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција потенцираше дека целиот овој изминат период имаме еден отворен и транспарентен однос, со што се докажа дека медиумите се еден од најдобрите партнери.„Целиот овој изминат период имаме еден отворен и транспарентен однос. Приказна со апсолутно сите детали, но и аргументација во објаснување на чекорите, мерките, анализите на што се темелат прес-конференциите кои се секојдневни, некогаш и два пати во денот. Така да, во целокупниот овој процес медиумите ги сметавме и на почетокот, и сега исто така, а во меѓувреме се докажа - еден од најдобрите партнери. Заради тоа што само така можеме да успееме, заради тоа што сме сите заедно во оваа борба“, истакна министерот Филипче.Во однос на присуството на медиумите, нивното вклучување во целиот процес, и за стигнувањето на реакции за можеби нетрпеливост при одговорите, министерот Филипче рече дека ако имало таков начин и од негова страна за време на прес-конференцијата, но и од д-р Жарко Караџовски и од д-р Арбен Зибери дека тоа не било со никаква намера, ниту пак со некаква тенденција.„Целокупниот процес од почеток го водиме заедно, партнерски со медиумите. И во таа смисла, здравствениот систем, медиумите, граѓаните и институциите кои треба да вршат контрола и санкција се заедно. Сите сме заедно во оваа борба. Секој има свој удел и секој има своја улога. Ние не можеме да ја испратиме пораката до граѓаните кои се еден многу сериозен сегмент во оваа борба ако не се медиумите. Сакам да се заблагодарам апсолутно на сите медиуми за коректниот однос целиот овој изминат период“, изјави министерот Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

durlovski

Дурловски: Очекувам убедлива победа, владата на СДСМ покажа невидена неспособност и некомпетентност

Противникот СДСМ во моментов се соочува со граѓани на кои што пред три четири години им ветиле нешто, а многу работи од тоа да не речам ништо не е остварено. И мислам дека нив во предност ќе им биде ако седат и од дома да ја водат кампањата покрај компјутер. Но, верувам дека ќе може да се најде начин како да се стигне до граѓаните. Очекувам убедлива победа, но најважно од се е здравјето на граѓаните и како ќе се справиме со Ковид-19, вели Игор Дурловски во  емисијата "Заспиј ако можеш" на Алфа телевизија.Да не беше пандемијата, ќе се случеше дебакл за СДСМ на изборите, дециден е Дурловски.-Но, пак ќе речам ако гледаме во моментов кој ќе искористи, ќе бидеме многу лицемерни и нема да покажеме ниту сериозност ниту стабилност во моменти во кои граѓаните односно македонскиот народ ги очекува од политичарите, вели Дурловски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

maska

За не носење лична  заштита на лице МВР во 24 часа казни 975 лица

Во текот на изминатото деноноќие (08/09.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека шест лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација. Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се  975 прекршоци.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Kalin-2

„Македонски концепт“ започна со промоција на „3С – програма 2020“ - треба промена на повеќе уставни амандмани, еден од нив ќе биде забрана на постоење на етнички партии

„Македонски концепт“ започна со промоција на граѓанската палтформа 3С програма 2020 год „Слобода, Спокој и солидарност“.  Програмата е резервоар на конкретни проекти, селектирани во три области. Слобода како највисока вредност за иградба на фер општество, Спокој како стил на живот, резултат на извесна иднина и Солидарност како единствено општествено прифатливо поведение, истакна на денешната прес конференција Калин Митрески од „Македонски концепт“„Политичките партии во моментов се натпреваруваат со објавување на бомби кои создаваат нови проблеми во нашето општество. Го прифаќаме предизвикот и ќе започнеме и ние со нашите „бомби“, а тоа се нашите проекти кои се решение за проблемите кои ги создаваат партиите.Првата програма од 3С програмата 2020 год прв дел Слобода е проектот е држава без етнички партии.„ Македонски концепт“ промовира нормална држава. Многумина се прашувате каква е таа држава. Ова е држава без етнички партии.  Политичките партии со своето непримерно поведение влијаат негативно врз вкупниот развој на земјава. Тие се недемократски во суштина и базирани на неетнички принцип, со што спречуваат развој на вистинското демократско и мултиетничко општество постојано предизвикувајќи етнички и политички кризи, истакна Митрески.Митрески додаде дека „Македонски концепт“ тргнувајќи од својата определба за граѓанска држава промовира потреба од уставни измени со повеќе амандмани. Еден од нив ќе биде забрана на постоење на етнички партии. Нема веќе политички партии со етнички предзнак, нема веќе албански, турски, српски или македонски политички партии, туку само граѓански партии.„Ќе биде оставен рок од 6 месеци за импленетација на уставните одредби во статутите и програмите на постоечките политички партии. Ќе опфати промена на нивниот назив, статутарни и програмски определби согласно граѓанските начела според новиот устав. Доколку некоја политичка партија истото не го имплементира ќе биде избришана од судскиот регистар на политички партии.Таа измена ќе биде пропратена со промени во изборниот законик во насока на создавање на една изборна единица, промени во законот за политички партии … Партиите ќе бидат обврзани да дејствуваат на цалата територија на државата, а не регионално на етнички принцип. Тоа ќе придонесе тие да изготвуваат програми и испраќаат пораки кон сите граѓани на Македонија“, истакна Митрески.„Македонски концепт“ од денеска започна со промоција на својата програмаПоради здравствената криза со КОВИД 19 и забраната за собири нашата 3С програма 2020 год ќе ја промовираме преку тематски прес конференции.

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања