Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

kazino-donatsija

Директорот на тетовската Клиничка болница одбил да прими донација, била од казино и ја донеле хостеси

Директорот на тетовската Клиничка болница одбил да ја прими донацијата која дошла во болницата пред три дена, затоа што била од меѓународна компанија која има казина и организира игри на среќа и во Македонија. Во кругот на болницата пристигнало возило натоварено со 10 специјални болнички кревети, креветите биле растоварени од возилото, а биле ангажирани и неколку хостеси кои требало да го изрекламираат казиното и донацијата но, кога пристигнал директорот на болницата Флорин Бесими и кога видел дека станува збор за донација од казино, одбил да ја прими пратката. Покрај креветите, донацијата била и од средства за дезинфекција и други помошни материјали, објави СДК.МК.После ваквата реакција на директорот, креветите биле вратени во возилото.СДК.МК неофицијално дознава дека болничките кревети сега се веќе во функција во друга јавна здравствена установа.Текстот во целост на: СДК.МКфото: СДК.МК

Македонија | пред 5 години

zid1

Георгиески: Се градат потпорни ѕидови на неколку локации

Во рамки на проектот за реконструкција на улицата „15-ти Корпус“, деновиве се работи на изградба на потпорни ѕидови на неколку локации, во должина на сообраќајницата, напиша на својот ФБ градоначалникот Константин Георгиески.Два потпорни ѕидови се веќе изградени, а во тек се работни активностите за изградба и на третиот потпорен ѕид. На изградбата на четвртиот потпорен ѕид ќе се работи во текот на наредните денови.Во рамки на проектот за реконструкција на улицата, паралелно се работи и на поставување на рабници, а се врши и тампонирање на тротоарите и велосипедските патеки, напиша на својот ФБ градоначалникот.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.614107435861530/614107275861546/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

stojance-angelov

Стојанче Ангелов до Ахмети: Јас и ти добро знаеме кој во 2001 година го крена белото знаме

Генералот Стојанче Ангелов му се обрати на лидерот на ДУИ, Али Ахмети по повод денешното негово излегување во јавноста. Ангелов на ФБ напиша:Г-дине Али Ахмети,Во вашето денешно обраќање до јавноста, меѓу другото тврдите, “кога сонувавме за слободата во 2001 година, истата категорија на луѓе, исто така се потсмеваа и го кренаа белото знаме“.Г-дине Ахмети,За да нема забуна во македонската јавност, Вие и јас добро знаеме кои беа тие кои во 2001-та го кренаа белото знаме. Но, и Вие и јас, добро знаеме дека тоа не бевме ние, припадниците на македонските безбедносни сили. Понатаму, и Вие и јас, добро знаеме што ќе се случеше ако не беа тие кои го кренаа белото знаме.Г-дине Ахмети,Во 2001-та, ние, припадниците на македонската Армија и Полиција, победивме насекаде каде што имавме наредба да војуваме. Со нашата пожртвуваност и храброст победивме и не дозволивме да биде отцепена ниту педа македонска земја. За жал, иако ние победивме, политичарите изгубија. Тогашните македонски политичари беа тие кои го кренаа белото знаме. Од друга страна, и Вие и јас, знаеме зошто тие го кренаа белото знаме. Но, и Вие и јас, знаеме дека оние кои тогаш ви помагаа вам, денес ни помагаат нам. Кога велам нам, мислам на сите нас, и на вас и на нас. Затоа, извесно време наназад, верувам во нашата заедничка иднина, верувам во нашата заедничка држава, верувам во нашата Македонија.Г-дине Ахмети,Токму заради избегнување на она што ни се случи некогаш, она чија крвава цена ја плативме тогаш но ја плаќаме и сега, сите ние, и вие и ние, апелирам на поголема внимателност при давањето на јавни изјави, посебно кога се споменуваат чувствителни и болни теми како што е војната од 2001-та.Г-дине Али Ахмети,Што се однесува до идејата за премиер Албанец, ако е образован, искусен, вреден и чесен, зошто не? Има само еден мал проблем. Вообичаено, барем кај нас, премиер е еден од претседателите на двете најголеми македонски партии. Без негова согласност вакво нешто не би било можно. Познавајки го лично Зоран Заев, се сомневам во такво нешто. Се сомневам дека претседателот на СДСМ ќе го отстапи премиерското столче во корист на некој од ДУИ. Истото се однесува и на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицковски, кој, иако не го знам лично, во случај да формира влада, а нема, не ми изгледа како некој кој би се откажал од премиерското столче. Од друга страна и Вицепремиер не е малку, зарем не? Особено ако е чесен, вреден, образован, искусен и добар.Нека биде мир во земјата, напиша Ангелов на ФБ.

Македонија | пред 5 години

dimitrov

Србија ги отвори границите, без тест и дополнителни ограничувања, се чека на Македонија!

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денес оствари работна посета на Република Србија, на покана на неговиот домаќин, потпретседателот на Владата и министерот за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ.Србија на 22 мај ги отворила границите за македонските државјани, без никакви ограничувања,тестови за коронавирус или самоизолација. Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ порача дека сега се чека на Македонија.-Да бидеме потполно јасни и прецизни. Нашите граници се отворени, граѓаните на Северна Македонија можат слободно да поминуваат без тестови и мерки за изолација. Што се однесува за границите на Северна Македонија, нивен план беше од 15 јуни, но дали ќе се случи тоа или не, сега зависи од нивните анализи поврзани за епидемиолошката состојба, но секако со цел до крајот на јуни, како што разбрав, тоа да се оствари-рече Дачиќ.Оваа недела ќе биде донесена одлука во врска со отворањето на македонската граница, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров по денешната средба во Ниш со шефот на српската дипломатија.„На состанокот кажав дека имаме среќа што блискоста, врските и пријателството меѓу нашите два народи, меѓу српскиот народ и македонскиот народ е толку цврсто што повремените најдобри напори на политиката не успеваат да му направат никаква штета на тоа пријателство.“, рече Димитров.На средбата соговорниците ги реафирмираа заемните заложби за одржување  континуитет во градењето на добрососедските односи и нивно натамошно унапредување како придонес за стабилноста, безбедноста и просперитетот на регионот.Споделени беа искуствата во борбата со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид 19, информации за епидемиолошкатите состојби во двете земји, планирани активности за натамошно ублажување на рестриктивните мерки согласно епидемиолошките препораки и можностите за нормализирање на режимот за движење меѓу двете земји.Во тој контекст, беше нагласена одличната досегашна соработка меѓу двете држави, како и на оперативно ниво меѓу кризните штабови на Министерствата за надворешни работи, што придонесе за репатријација и олеснето движење на граѓаните на двете земји, што резултираше со Одлука на Владата на Србија да ги отвори границите за непречен проток кон Северна Македонија.Министрите се согласија дека континуираната конструктивна соработка во сите области од заемен интерес меѓу двете пријателски држави треба да продолжи, како и да се продлабочи во економската сфера, со можност за заеднички настап на македонските и српски компании на трети пазари.Со посебно внимание беа разгледани темите од регионалната соработка, кои значително влијаат на безбедноста и просперитетот на нашиот регион, како во однос на евроинтегративните процеси, така и за справување со глобалните предизвици кои сите заедно нè засегаат.Министрите се согласија дека во пресрет на претстојните потребни значајни одлуки во Регионот, се очекуваат и подеднакво значајни чекори и одлуки од Европската Унија во процесот на интеграцијата на двете држави, но и за другите земји во регионот.Во тој контекст, беше заклучено дека е потребно да се засили меѓусебното координирање, како и иницијативите кои ја нагласуваат регионалната соработка како заедничка сопственост, и со тоа одлучноста и зрелоста на Регионот за забрзано придвижување кон Европската унија.

Македонија | пред 5 години

izbiracki-spisok-702x401

Владата ги прифати дополнувањата на Уредбата за избори со задолжение до МВР за ажурирање на избирачкиот список

Владата на Република Северна Македонија на денешната 64-та седница донесе Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес, со која го задолжува Министерството за внатрешни работи во рок од еден ден од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, да ги достави до Државната изборна комисија податоците од членот 43 ставот 6 на Изборниот законик, односно листа на државјани кои поднеле барање за издавање на нова лична карта или патна исправа по било кој основ и кои ги подигнале од денот на распишување на изборите до денот на влегувањето во сила на оваа уредба. Исто така МВР треба да достави листа на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите, односно дваесет и вториот ден од престанокот на траењето на вонредна состојба.Уредбата определува дека Државната изборна комисија податоците за овие лица ги впишува во избирачкиот список по службена должност.Согласно уредбата, основните судови и Управата за водење на матичните книги, во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, се должни да ги достават до Државната изборна комисија податоците за граѓаните, заклучно со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила.Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба, Државната изборна комисија и Државниот завод за статистика се должни да ги продолжат дејствијата за ажирурање на избирачкиот список прекинати на 21 март 2020 година, согласно оваа уредба и согласно Изборниот законик.Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба, Државната изборна комисија е должна да ги превземе и изврши сите неопходни технички и административни активности заради подготовка на преостанатите изборни дејствија, согласно Изборниот законик.Со оваа уредба Министерството за здравство, е должно, според утврдените протоколи од Комисијата за заразни болести, за потребите на изборите, а по добиени податоци од Државната изборна комисија, да обезбеди заштитни маски, ракавици и друга потребна заштитна опрема за сите членови на изборните органи и средства за дезинфекција за секое избирачко место.На седницата на Владата единствен кој гласаше против оваа уредба беше министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

655-402-bebe

Сопругот во Германија, мајката ги запуштила децата, а бебето го оставила на улица

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против М.М.(21) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“.На 20.05.2020, нејзиниот сопруг отишол во Германија, а пријавената ја запоставувала должноста за грижа и воспитување на децата, при што четири од своите малолетни деца ги оставила кај свекрвата, а најмалото деветмесечно бебе го оставила на патот на ул.„Поп Арсов Блаже“.

Македонија | пред 5 години

gak

Се испитува дали жената која дошла да се породи а не кажала дека свекорот има корона, дали воопшто е докторка

Во врска со случајот со пациентката која пред породувањето била високиризична за присуство на коронавирусот, а дала лажни податоци во епидемиолошката анкета извршена во ЈЗУ УГАК и ПЗУ Ремедика, Лекарската комора на РСМ на барање на ДСЗИ изврши проверка во Регистарот на лекари од причина што во моментот на престојот во двете здравствени установи пациентката се претставувала дека е лекар.Лекарската комора утврди дека пациентката не е впишана во Регистарот на лекари во РСМ и не поседува лиценца за работа, ниту пак била во постапка за стекнување со истата, односно во постапка за полагање на државен испит.Лекарската комора нема информации дали пациентката поседува диплома и се стекнала со звање доктор на медицина на некои од високообразовните институции во земјава или странство.Лекарската комора остро го осудува ваквото неодговорно однесување со кое пациентката ги загрозила здравствените работници, родилките и новороденчињата во двете здравствени установи, а однесувањето уште повеќе е неприфатливо доколку навистина се работи за медицинско лице, поради што апелираме до надлежните органи да продолжат со истрагата до целосно расчистување на случајот.https://www.facebook.com/lkm.org.mk/posts/296263315101612

Македонија | пред 5 години

ali-ahmeti

Ахмети: Време е за прв премиер Албанец во Северна Македонија

“Се има почеток и се започнува од еден сон“. Вака лидерот на ДУИ, Али Ахмети преку видео порака го објави стремежот на неговата партија за прв премиер Албанец во РСМ. Откако ги наброја постигнувањата на Албанците во Македонија, наведувајќи ги раководните позиции, министерства раководени од Албанци, вклучувајќи ја и спикерската функција во Собранието, рече дека тоа не е доволно, објави ТВ 21.„Сега е време за продолжување на сонот. За поголеми соништа, бидејќи дојде време да се постигне повеќе. Северна Македонија е наша земја. Земја за која сме се бореле. Ние имаме еднаков дел во историјата, наследството, економијата и иднината на нашата земја. Сега е време за целосна рамноправност, за преземање одговорност за водство! Време е за прв премиер Албанец во Северна Македонија“, истакна Али Ахмети.Ахмети вели дека идејата за премиер Албанец не се однесува на ДУИ ниту на него како претседател. Вели дека тој само го поплочува патот за остварување на овој сон а за кого бара поддршка од сите други албански партии.Текстот во целост на: ТВ 21

Македонија | пред 5 години

korona-2

Во 24 часа евидентирани 125 позитивни на КОВИД 19, починаа 7 лица

Изминатото деноноќие регистрирани се 125 позитивни на вирусот. Починаа 7 лица најмладиот на 46, а највозрасниот на 87 годишна возраст. Евидентирани се 6 оздравени пациенти.Најмногу новозаболени има во Скопје 89, Тетово 11, а коронавирусот се појави и во Ресен.Од Скопските општини и понатаму најмногу активни случаи има во Чаир 195, Бутел 72, Центар 71.Од Центарот за јавно здравје информираат дека 20 гости кои присуствувале на свадбата во Нерези кај младоженците вработени во Лекарската комора се позитивни на тестовите. Негативни се резултатите на сите вработени во Центарот откако вирусот беше откриен кај двајца епидемиолози и двајца техничари.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Охриѓанка видела сообраќајка, паднала и се повредила

На 09.06.2020 во 10.50 во СВР Охрид, пријавено е дека на крстосницата на улиците .„Трајче Трајчески“ и .„Сатеска“ во Охрид, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „Шевролет Спарк“, со охридски регистарски ознаки, управувано од 31 годишен Охришанец и патничко возило „Фолксваген Поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 71 годишен скопјанец. Притоа, 77 годишна Охриѓанка, која во тој момент се движела по тротоарот, се исплашила од ударот на возилата и паднала на тротоарот, здобивајќи се со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св. Еразмо“, каде била пренесена за укажување на лекарска помош. На местото на незгодата, увид изврши увидна екипа од СВР Охрид.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Во Струмица пронајдени 38 мигранти

Синоќа во 1 часот по полноќ на влезот во Струмица полициски службеници откриле 35 мигранти (21 од Бангладеш, 11 од Пакистан и трoјца од Сирија).Подоцна, во 8 часот, кај кванташкиот пазар во Струмица биле откриени уште тројца мигранти од Пакистан.Мигрантите биле предадени во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а полицијата работи на расчистување на случајот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pistol

Се обидел да ја убие баба си со пиштол на дијаболи

Жител на селото Манастирец, Росоман, со пиштол на дијаболи пукал во својата баба, а против него е поднесена пријава за обид за убиство.Според информациите на МВР,  Б.Л. (33) е осомничен за сторено кривично дело убиство во обид при семејно насилство.Тој на 8 јуни во семејниот двор, по кратка расправија, со воздушен пиштол испукал неколку дијаболи кон својата баба С.М.(81), при што ѝ нанел повреди.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Спасовски - Трудо: КОВИД-19 е глобален предизвик и потребни се глобални одговори

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски денеска оствари разговор со премиерот на Канада Џастин Трудо преку видео конференциска врска, во кој двајцата соговорници се согласија дека КОВИД-19 е глобален предизвик и дека е потребен глобален одговор до кој треба да се стигне низ поблиска соработка преку мултилатералните институции.Премиерот Спасовски во разговорот се заблагодари за активната улога што Канада ја игра на глобално ниво во справување со КОВИД-19, како и за помошта што Канада ја даде на Република Северна Македонија за надминување со последиците од коронавирусот.Претседателот на Владата на Северна Македонија ја истакна одличната и континуирана соработка и партнерство со Канада, и потенцираше дека со нашето членство и сојузништво во НАТО се отвораат дополнителни можностите за соработка за што постои интерес од двете страни.Премиерот на Канада Трудо од своја страна изрази задоволство од цврстата билатерална и значајна соработка и рече дека неговата земја се гордее за поддршката што Канада ја изразуваше за интегрцијата на Северна Македонија во НАТО, и што во иднина двете земји ќе соработуваат поблиску како сојузници.Канада, истакна во разговорот со Спасовски премиерот Трудо, продолжува да ги поддржува напорите и аспирации на нашата земја за членство во ЕУ, и упати честитки што Владата на Северна Македонија во изминатите три години успеа да постигне значајни резултати и да надмине големи предизвици за да ги реализира Евро-Атланските аспирации на државата и на сите нејзини граѓани.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Бектеши: Финансиска поддршка од 20 милиони евра за компаниите од преработувачката индустрија, трговијата и ИТ секторот за нови инвестиции и освојување на нови пазари

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција во Владата информираше за Уредбата со законска сила за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост КОВИД -19 периодот која на предлог на Министерството за економија вчера беше усвоена во Владата.Министерот потенцираше дека Третиот пакет мерки кој го донесе Владата за справување со негативните ефекти од коронакризата предвидува поддршка за граѓаните, за бизнисот, и за компаниите и има главна цел, ревитализација, опоравување на економијата и стимулирање на потрошувачката и на индустријата.„Една од мерките во Третиот сет мерки која што ja најавивме е Финансиската поддршка од 20 милиони евра наменета за приватниот сектор, односно за компаниите кои и во оваа кризна ситуација продолжија да работат и да инвестираат во нивниот раст и развој, конкурентност и модернизација.Денеска сакам да информирам дека на предлог на Министерството за економија Владата ја донесе Уредбата со законска сила за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост КОВИД -19 периодот со која почнува реализацијата на оваа мерка“, потенцираше Бектеши.Според министерот целта на оваа мерка која е преточена во Уредбата е да се помогнат компаниите кои ќе ги изгубат пазарите за повторно освојување на пазарите, зголемување на нивната конкурентност, модернизација на процесите, зголемување на продуктивноста со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат за опоравување на економијата на земјата, преку реализација на инвестициски проект во пост-ковид периодот од јули до декември 2020 година.Според министерот оваа мерка опфаќа компании кои што во текот на 2020 година имаат во реализација инвестициски проект, работат во производствени сектори кои се дефинирани како производство, освен оние кои се исклучени од оваа можност согласно Законот за контрола на државна помош, деловни субјекти што вршат дејност трговија, доколку инвестираат во основни средства, вршат дејности од областа на информациско-комуникациски услуги, доколку инвестицијата опфаќа воспоставување на нова организациона единица за технолошки развој, истражување и/или развој на ново софтверско или хардверско решение.„Висината на финансиската поддршка изнесува 25% од реализираната инвестиција според инвестицискиот план кој што ќе го достави апликантот но не но не повеќе од 40.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година не повисок од 1.000.000 евра, 100.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година од 1.000.001 евра до 10.000.000 евра, 140.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година од 10.000.001 евра до 50.000.000 евра , 200.000 евра за компании кои оствариле приход во 2019 година повеќе од 50.000.000 евра“, прецизираше Бектеши.Според Уредбата, како што појасни министерот, компанијата која ќе добие финансиска поддршка има обврска 31.01.2021 година да достави Извештај за текот на реализација на инвестицискиот план со докази дека истиот се реализира во рамките на инвестицискиот план за кој е исплатена финансиската поддршка. Доколку деловниот субјект не успее да ја заврши инвестицијата или не успее да ја докаже минимум 80% од вредноста на инвестицијата треба да ги врати средствата не подоцна од 01.03.2022 година.„За реализација на оваа мерка како што кажав предвидени се 20 милиони евра, а Министерството за економија ќе објави Јавен оглас кој ќе трае до 31 јули 2020 година на кој што ќе може да се пријават компании од сите големини, а кои што ги исполнуваат условите. Компаниите кои што ќе аплицираат ќе треба да достават меѓу другото: инвестициски план, тековна состојба на деловниот субјект, биланс на успех за 2019 година, пресметка на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај 2020 година“, кажа Бектеши и додаде дека главна цел на Владата во овој кризен период е да се поддржат компаниите од оваа криза да излезат победници, тоа ќе придонесе за позитивни ефекти во целата економија, а во исто време компаниите ќе се мотивираат да инвестираат во својата деловна активност и да отвораат нови работни места како одговор на ковидкризата и закрепнување по неа.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Домашната платежна картичка „Купувам домашно“ ќе ја добијат 324.479 граѓани, 28 милиони евра пари за граѓаните, наменети за купување домашни производи и услуги

Домашната платежна картичка ќе ја користат 324.479 корисници. Денеска е објавена конечната листа на веб-страната kupuvamdomasno.gov.mk, а веќе се печатат и првите картички и наскоро ќе почнат да се издаваат на корисниците. За оваа мерка Владата ќе даде 28 милиони евра за да ги поддржи граѓаните, но и домашното производство и услуги во надминување на КОВИД-19 кризата, бидејќи со овие картички ќе можат да се купуваат само домашни производи. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција, на која беше и заменик министерката за финансии, Ширет Елези.Ангеловска рече дека банките ќе почнат да ги доделуваат картичките од крајот на оваа недела, а сите картички ќе треба да бидат издадени најдоцна до 18 јули и искористени најдоцна до 15 август.„Заведени се вкупно 324.479 корисници на листата за Домашна платежна картичка и согласно тоа мерката ќе чини 28 милиони евра. Со овие средства ќе се поддржат таргетираните категории граѓани, ќе се поттикне потрошувачката на домашни производи и услуги и преку вбризгување на 28 милиони евра ќе се поттикне економската активност. Ова ќе придонесе за ревитализирање на македонската економија во услови на КОВИД-19“, рече Ангеловска.Корисниците ќе ја добијат едноставно и без постапки за аплицирање, вели Ангеловска. Тие ќе добијат Домашна платежна картичка препознатлива со слоган „Купувам домашно“ која ќе ја издаваат банките, на која ќе се наоѓаат средствата и која ќе можат да ја користат. Листата на граѓани на кои им следи финансиска поддршка e објавена на страната kupuvamdomasno.gov.mk. Со внесување на својот ЕМБГ секој граѓанин ќе може да го провери износот кој му следи и да добие информација за банката издавач која ќе му ја издаде картичката. Банките ќе ја доставуваат картичката до адресата на корисникот на финансиска поддршка, или лицето ќе може да ја подигне во банка. Банките оваа информација ќе ја објават на својата веб-страна и ќе исконтактираат во јавност.Издавачи на Домашната платежна картичка се НЛБ Тутунска Банка, Стопанска Банка-Скопје, Комерцијална Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Охридска Банка, УНИ Банка, Централна Кооперативна Банка и Силк Роуд Банка.Корисници на Домашната платежна картичка се граѓани со низок доход, односно 115.927 лица - приматели на социјална помош и невработени евидентирани како активни баратели на работа во АВРСМ до 22 мај 2020, кои оствариле нето-доход до 180.000 ден во 2019 и нето-доход до 60.000 денари во период јануари-април 2020 согласно евиденцијата на УЈП. Овие лица еднократно ќе добијат 9.000 денари на платежната картичка.Корисници се и вработени со низок доход кои се 117.144 лица и тие ќе добијат 3.000 денари еднократно. Ова се лица кои се во работен однос и кои за периодот јануари- април  2020 година оствариле доход само по основ на плата и надоместоци на плата во нето-износ не поголем од 60.000 денари на ниво на полно работно време, според евиденцијата на УЈП. Тие ќе добијат и ваучер за домашен туризам од 6.000 денари преку мерката за јакнење на домашниот туризам на Министерство за економија.Домашна картичка добиваат млади лица чиј број изнесува 87.014 кои ќе добијат еднократно 3.000 денари. Станува збор за лица со наполнети 16 години и не постари од 29 години заклучно со 22 мај 2020 година, активни учесници во државното формално средно образование и високото додипломско образование.Домашна картичка ќе добијат и 4394 здравствени работници ангажирани во справување со КОВИД-19, кои ќе добијат 40 отсто од последната основна нето-плата. Станува збор за вработени во ЈЗУ, Клиника за инфективни болести, Институт за јавно здравје, Центри за јавно здравје, Итна помош, инфективните одделенија и  вработени во други одделенија ангажирани за тестирање, дијагностицирање и лекување на граѓани заболени од КОВИД-19.Граѓаните кои имаат една трансакциска сметка кај банка издавач на картичката ја добиваат од таа банка. Граѓаните кои имаат две трансакциски сметки, картичката ја  добиваат од банката преку која добиваат плата или социјална помош. Оние граѓани пак, кои имаат трансакциска во банка која не е дел од проектот и граѓаните кои немаат трансакциска сметка се распределени кај една од банките според принцип на фер распределба.Банките на своите интернет страни ќе ја објават постапката за комуникација со клиентите и начинот на нивната достава на картичките, односно доколку лицето е постоечки клиент на банката ќе добие смс порака кога ќе биде готова картичката и како ќе се подигне, а доколку лицето е корисник на финансиска поддршка и нема сметка во банката во која е распределен, банката ќе го контактира и ќе го извести за начинот на издавање и достава на картичката. На интернет страните ќе бидат објавени договори за издавање на картичките и отворање на сметка, кои граѓаните ќе можат да ги потврдат електронски. Картичката, банката ќе ја достави до адреса на граѓанинот или ќе може да се подигне во банка.Картичката ќе се користи за купување македонски производи и услуги  во ресторани, кафулиња, брза достава, хотели, одморалишта, сместувачки капацитети, туристички агенции, трговија на мало, продавници за храна и пијалаци, зелени пазари, аптеки и фризерски салони и салони за разубавување.Продавниците ќе треба да обезбедат обележани гондоли-рафтови со ознака „Купувам домашно”. Со картичката може да се плаќаат македонски производи и услуги на физички и онлајн локации на деловни субјекти кои вршат одредените дејности, но не може да се вади готовина од банкомат, да се плаќа надвор од земјата, да се префрлаат средства кон други сметки.Картичката ќе биде поврзана со наменска сметка, а за истата граѓаните нема да имаат никакви трошоци, односно нема да плаќаат надоместоци за издавање, водење, управување до крајот на 2020 година, членарина првата година и нема да плаќаат за затворање на сметката и картичката на барање на лицето корисник.Министерката порача дека без разлика дали поседува домашна платежна картичка, кога одат да пазарат за секојдневни потреби да пазарат според начелото „Купувам домашно“.„Без разлика дали поседувате домашна платежна картичка, кога одите да пазарите за секојдневните потреби, пазарете според начелото „Купувам домашно“. Кога купувате домашен производ или услуга придонесувате да се зачува работното место на вработените во производствените погони, на угостителите, занаетчиите, блиски познаници, луѓе кои не ги знаете, но во овој момент потребна им е поддршката да ги надминат последиците од КОВИД-19 кризата. Пораката која ја носи овој проект е - Купувајте домашно и плаќајте безготовински. Готовината е преносител на КОВИД-19. Картичката е само ваша. Безготовинско плаќање придонесува за намалување на ризиците и за намалување на неформалната економијата која е штетна за сите нас и нашата економија.“ вели Ангеловска.Домашната платежна картичка е дел од третиот сет економски мерки кои имаат за цел да ја заживеат економијата во фазата на нејзино постепено реотварање и креирање на нова развојна македонска економија.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

karticki

ВМРО ДПМНЕ: Платежната картичка е чист поткуп, јавноста не знае како и на кого ќе се дели

Зоран Заев и Нина Ангеловска вршат класичен предизборен поткуп со таканаречената платежна картичка. Јавноста не знае по кој критериуми ќе бидат делени картичките, ниту кој ќе одлучува кој да добие кој не. Се остава широк простор за манипулација и класичен поткуп на граѓани пред избори. Наместо таканаречени социјални мерки Владата требаше реално да ги помогне стопанствениците и работниците со покривање на дел од плата како што предлагаше ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Мерките на владата се задоцнети и не се никаква помош.ВМРО-ДПМНЕ апелира наместо на поткуп власта во оваа време што и остана да се насочи на санирање на штетите од кризата за фирмите и за работниците.Мерките за стопанството треба да важат и за јули и за август.ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме Хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

korona-3

Докторка дошла да се породи на ГАК без да пријави дека свекорот има коронавирус!

Ноќта меѓу 6 и 7 јуни, докторката влегла како пациентка на клиниката во деветиот месец од бременоста и никому не му кажала на задолжителниот епидемиолошки прашалник при прием дека во семејството има дијагностициран позитивен случај на Ковид 19. Ја примиле и ја сместиле на одделение со други родилки. Во истата соба имало уште две жени, објави „Слободен печат“. Докторката била примена без никакви симптоми, а на клиниката се расчуло, сосема случајно, преку конекции на болничкиот персонал дека таа во фамилијата има позитивен случај на Ковид 19. Веднаш кога дознале, лекарите ја симнале на долниот спрат, на одделението за изолација и тогаш лекарката не сакала да се тестира. На своја одговорност потпишала дека ја напушта клиниката и отишла во приватна клиника да се породи. Доктор Викторија Јовановска, директорка на ГАК, за „Слободен печат“ ја потврди информацијата.– Сега ги чекаме сите епидемиолошки прашалници и досега три сестри се во изолација. Имаме 15 лица од медицинскиот персонал од претходен случај и навистина кубуриме со персонал, зашто на ваков начин го ставила во ризик целиот медицински персонал кој бил во контакт со неа. И двете жени што беа со неа во соба ги префрливме во одделение на изолација. Јас не знам зошто е толку страшно да се каже вистината при прием. Сите носеле заштитна опрема, но сепак, треба да се кажува вистината, истакна доктор Јовановска за Слободен печат.Текстот во целост на: Слободен печат

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се во режимска матрица и се опасни по здравјето и безбедноста на граѓаните

Лажните вести, деструкциите и прекршувањата на мерките од страна на ВМРО-ДПМНЕ не се ниту случајни ниту инцидентни, туку тоа е свесно дејствување против здравјето и интересите на граѓаните, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.Од самиот почеток на здравствената криза јавноста е сведок на самоволие на непочитување прописи и на смислено ширење лажни вести од страна на функционери на ВМРО-ДПМНЕ.На 03 април Христијан Мицкоски се обиде да создаде паника и кажа дека државата имала само уште 100 тестови за коронавирус. Оттогаш тестирани се десетици илјади граѓани, а заклучно со вчерашниот ден вкупно тестирани се над 38.000 граѓани.На 15 април Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека 140.000 граѓани останале без работа заради коронавирусот, а официјалните податоци покажаа дека тој број е далеку помал и инесуваше нешто над 8.000 граѓани.Но освен што шират лажни вести Мицкоски и функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ги прекршуваат мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот, но и ги злоупотребуваат институциите за свои партиски цели.На 25 април се појави фамозната снимка на која се гледа како Мицкоски влегува во теретана која не смее да работи во придружба на припадници на МВР а некои од нив носат заштитни ракавици.Три дена подоцна Наќе Чулев набрзина ја прогласува истрагата затворена, вели дека снимките се стари, а за ракавиците вели дека тоа не се ракавици туку отсјај од светлината.И додека со судни маки се обидува да го спаси својот шеф Мицкоски, Чулев ја злоупотребува полицијата за да врши упади во невладини организации.На 29 април структури на Чулев упаднаа на приватен имот во хуманитарно здруженија кое донираше хуманитарни пакети за социјално загрозени семејства низ целата држава.Цела вечер структури на Чулев малтретираа и носеа во полициска станица млади волонтери кои ја пакуваа помошта.На 4 мај во вонредна состојба и полициски час Чулев ангажира 50 полицајци за снимање на пропаганден спот.На 7 мај Чулев јавно на медиум изјави дека полицијата нема да ги казнува оние кои ќе ги прекршуваат мерките и забраните.Веднаш, уште истиот ден како и денови и денови подоцна јавноста беше сведок на масовни прекршувања на забраните за собири, на забраните за движење додека полицијата на Чулев не презема ништо и стои отстрана.Истовремено, Мицкоски јавно излегува и вели дека нема потреба од никакви забрани за движење, нема потреба од полициски часови.На 2 јуни седум полицајци блиски до Чулев ги прекршуваат мерките за собири, организираат забава и даваат отпор при апсење од нивни колеги.Ден подоцна, Мицкоски ги прекрши забраните и седел во дел од ресторан кој е забрането да работи правдајќи се дека не ги знаел доволно протоколите. Два часа структури на Чулев се обиделе да го спасат Мицкоски од одговорност.Ова е само мал дел од незрелото, несериозно но и опасно однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои немаат намера да излезат од режимската матрица.Лажни вести, прекршувања на мерките и забраните, злоупотреби на институции, тоа е се што гледаат граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.Но граѓаните повторно ќе го поразат режимското однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Режим – никогаш повеќе, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Македонија | пред 5 години

culev

Чулев: Вработените во МВР да проверат дали Македонскиот полициски синдикат ги застапува нивните права или пак работи по директива на власта

Министерот Наќе Чулев се огласи по реакцијата од Македонскиот полициски синдикат. Тој во својата објава напиша:Политизирано и партиски координирано раководство на еден синдикат не може да ги штити правата на работниците, а денешната прес конференција одржана по партиски директиви уште еднаш го потврдува тоа. И таа говори за тоа на каква синдикална организација членуваат дел од вработените во Министерството за внатрешни работи и кој ги „штити“ нивните права.➡️ Од првиот ден кога бев поставен за прв човек во Министерството за внатрешни работи преку постапките кои ги преземав покажав дека правата на работниците за мене се исклучително важни, а со предлогот за доделување на паричната награда уште еднаш го потврдив ова. Таа поддршка и желба за дијалог ја покажував и преку неколку средби кои ги одржав со членовите на македонскиот полициски синдикат, но и со сите други репрезентативни синдикати.➡️ На денешната прес конференција очекував полицискиот синдикат да го запраша Оливер Спасовски и останатите претставници на власта зошто се уште не го прифаќаат предлогот за парична награда за вработените во полицијата и зошто во неколку наврати поништуваат решенија за распоредување на вработени донесени во транспарентна постапка и во согласност со законот, а во која активно учествуваа и потпис имаат ставено и претставници на Македонскиот полициски синдикат.Воедно, го прашувам раководството на Македонскиот полициски синдикат зошто ваква реакција немаше кога Оливер Спасовски пред самото заминување подели голем број на решенија, а за најголемиот дел од нив и самиот синдикат потврди дека се спротивни на законот.➡️ Дополнително, за волја на вистината јавноста треба да знае дека предлогот кој тие го споменуваат за бонус плата од 25 илјади денари, воопшто не е доставен до мене, а доколку истиот е доставен до Владата ја повикувам веднаш да го прифати истиот, бидејќи е во интерес на вработените на Министерството за внатрешни работи.➡️ Наводите изнесени на денешната прес конференција се паушални и се мотивирани од политички цели. Па така раководството на синдикатот кој треба да ги штити вработените во сите организациски единици обвинува дека вработените во мојот кабинет се дел од политички кабинет иако истите се долгогодишни и докажани професионалци и дел од нив биле вработени во Бирото за јавна безбедност, а истовремено се и членови на посочениот синдикат.🗣️ Ги повикувам вработените во Министерството за внатрешни работи да проверат дали раководството на Македонскиот полициски синдикат ги застапува нивните права или пак работи по директива на власта. Јас како министер и понатаму ќе останам отворен за дијалог за сите предлози кои ќе ги унапредат правата на вработени во Министерството за внатрешни работи, напиша министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на ФБ.

Македонија | пред 5 години

policija-123

Македонскиот полициски синдикат: Владата да го поништи штетниот и противзаконски договорот што го потпиша министерот Чулев со новоформираниот синдикат

Македонскиот Полициски синдикат како ЕДИНСТВЕН РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН СИНДИКАТ кој има кредибилитет, стручност, искуство и целосно ПРАВО да ги застапува интересите на свиоте членови вработени во Министерството за Внатрешни Работи, Агенција за Разузнавање, Агенција за Национална Безбедност и Управа за Финансова Полиција е синдикат во кој членуваат повеќе од 8.500 членови и истиот пред една недела одбележа 29 години од своето постоење. На меѓународно ниво Македонскиот Полициски Синдикат е рамноправен член на ЦЕСП - Совет на Европски Полициски синдикати во кој членуваат повеќе од 400.000 илјади полициски службеници од цела Европска унија и пошироко, се вели во соопштението од Македонскиот полициски синдикат.Со овој наш прес сакаме да ја известиме целокупната јавност за актуелната состојба со синдикализмот во МВР и за состојбата во која ние како Македонскиот полициски синдикат се наоѓаме во изминативе неколку месеци.Имено како што веќе знаете преку нашите бројни соопштенија кон јавноста пласирани токму преку Вас медиумите, за што јавно Ви се заблагодаруваме за дадената поддршка, Македонскиот полициски синдикат имаше и има засилени мерки и активности во насока на заштита на полициските службеници на терен кои се секојдневно дирекно изложени на опасност од зараза со Корона вирусот. Секојдневно нашите синдикални преставници се на терен и вршат распределба на заштитни визири, заштитни маски, како и останатата заштитна опрема и средства за дезинфекција, која им е нужна на колегите кои се најдирекно изложени со опасност од зараза со Covid19, а се од причина што МВР не беше во состојба да го стори истото.Поделивме над 10 илјади заштитни маски за повеќекратна употреба, околку 4 илјади заштитни визири, околу 30 тона средство за дезинфекција, над 1000 џебни гелови за дезинфекција и над 10.000 заштитни ракавици и колегите на терен многу добро знаат кој синдикат е заедно со нив уште од првиот ден од прогласувањето на пандемијата, кој синдикат застана зад нив, ги заштити и им овозможи непречено и безбедно да работат и да ги извршуваат своите задачи во услови на пандемија во услови кога тие се најповикани да застанат на браникот на државата.Исто така знаете дека раководството на Македонскиот полициски синдикат во периодот кој што измина на повеќе наврати од министерот Чулев бараше на сите вработени во Министерството за внатрешни работи поради посебен допринес во борбата со Covid 19, да им се исплати награда во висина од најмалку една просечна плата. Министерството не го прифати нашето барање при што нелогично за нас самостојно излезе со барање до Владата на Република Северна Македонија за донесување на Уредба со законска сила според која на секој вработен во Министерството за внатрешни работи да му се исплати награда во висина од 15.000,оо денари што за нас како единствен репрезентативен синдикат на полицијата сумата од 15.000,оо денари е потценувачка и омаловажувачка поради што од министерот бараме под итно да изнајде начин и парични средства и на сите вработени во МВР да им се исплати парична награда во висина од најмалку 25.000,оо денари.Изминативе месеци поминавме тежок и напорен период во кој се поставивме единствено во интерес на граѓаните и државата, онака како што доликува на припадници на Министерството за внатрешни работи.Свесни сте дека во овој период на техничка Влада се соочивме со многу невообичаени и несекојдневни ситуации. Добро се сеќаваме на кризните ситуации кои за малку што не ескалираа а беа предизвикани од инсистирањето по секоја цена да се направат кадровски промени во министерството. Со наша помош и залагање ова се реши но како награда за нашето залагање на последната средба што ја имавме кај министерот во неговиот кабинет некаде во месец Март добивме директна закана „ Доколку не прекинете да го напаѓате министерот и неговиот тим ќе ви формираме трет синдикат и нема да броете 8.500 туку ќе ве направеме на 4000 членови и за кратко време скрос ќе ве снема од синдикалната сцена“.Но, тензиите не стивнаа и понатаму. Се направија кадровски промени на сите комисии во МВР и БЈБ и тоа повторни без дијалог. Советници кои не припаѓаат на Бирото за јавна безбедност и се дел од политичките кабинети се појавуваа во организациски единици за кои не се надлежни и сееја страв и закани кон вработените и сето тоа создава збунетост кај нашите колеги. На сетоа ова ние како Македонски полициски синдикат реагиравме и баравме прием кај Министерот Чулев но истиот не игнорираше и наместо прием се соочувавме со бројни индиректни закани кон нас и кон нашите преставници широм републиката.За жал, заканата што ја добивме во кабинетот на министерот Чулев истите започнаа да ја исполнуваат со регистрирање на нов синдикат на 29.04.2020 година во Министрството за труд и социјала и упис на истиот на 13.05.2020 година во Централен регистар да на 02.06.2020 година со договор спротивен на законските прописи во Република Северна Македонија и Колективниот договор на МВР ја крунисат соработката со истиот.Токму од овде ја повикуваме Владата на Република Северна Македонија да го поништи штетниот и противзаконски договорот што го потпиша министерот Чулев со новоформираниот синдикат бидејќи е спротивен на член 46 од Законот за Влада и Колективниот договор на МВР.Од наша страна со писмена реакција се известени сите релевантни институции во ЕУ и Република Северна Македонија.Токму од овие причини сметавме дека треба да се извести целокупната јавност за случувањата во синдикализмот во МВР, се вели во соопштението од Македонскиот полициски синдикат.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

vmro_np

ВМРО НП бара намалување на мерките и отворање на границите

ВМРО-Народна партија најпрво сака да констатира дека Република Македонија со одлуките на Комисијата за заразни болести ги има во моментот најригорозните мерки во Европа за влез и излез од државата на сопствените граѓани но и граѓани на други држави.Сметаме дека овие мерки стануваат помалку апсурдни кога едноставната анализа на бројки ни покажува дека многу побезбедно е да се оди во Тирана отколку во Чаир, или во Софија отколку во Штип, се вели во соопштението од ВМРО НП.Оттука македонските граѓани се подложни на двојна изолација, едни се мерките на другите држави кои им забрануваат влез кај нив, а со ист интензитет се и мерките на нашата држава. Така што дефакто испаѓа дека македонскиот граѓанин е денеска најизолиранот граѓанин во Европа.Затоа ја повикуваме Комисијата за заразни болести сериозно да ги преиспита овие одлуки особено што во цела Европа сега е тренд на олабавување на мерките и отварање на границите. Ваквата изолираност сериозно може да наштети на економијата на Македонија, но и кога ќе почнат туристичките бранови да не ги тераме туристите да бараат други патишта, комуникации и повторно непотребно да ја изолираме Македонија, се вели во соопштението од ВМРО НП.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ohrid-111

Денеска во Охрид 8 лица, позитивни на КОВИД 19

Бројот на инфицирани во охрид расте. Денеска дури 8 лица се позитивни на тетот за КОВИД 19. Заклучно со вчера 9 јуни во Охрид имаше 37 лица заболени од кои активни се 20 лица.Со новите 8 лица позитивни на корона вирусот, Охрид сега веќе има 28 лица инфоцирани со корона вирусот. 

Македонија | пред 5 години

Screenshot_11-20-696x373

Мисајловски со фотографија од Германија ја критикува градежната офанзива на власта

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, на Фејсбук објави фотографија од реконструкција на пат и праша дали ова е градежната офанзива на владејачкиот СДСМ.Асфалтираниот дел, како што се гледа од фотографијата, наместо рамен е брановиден.Но, набргу стигнаа и коментари со критики за ширење лаги бидејќи фотографијата која ја објави всушност е од Германија за која пишувале и германските портали. Фотографијата е од малата општина Киршдорф во покраината Баварија.Костадин Костадинов пак портпаролот на СДСМ во своја објава на ФБ пишува:Има ли дно срамот на вмро-дпмне?Веројатно не, кога зборувам дека освен деструкција, лаги и манипулации друго не знаат и не ги бива за ништо мислам на ова!https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10218927679076113&set=pcb.10218927684436247&type=3&theater

Македонија | пред 5 години

102953739_550275498972650_5958810594291897253_n

Локален совет за превенција на општина Чаир: Засилени мерки за справување со Ковид 19

Вчера во општина Чаир претставници на МВР  присуствуваа на седница на Локалниот совет за превенција на тема  „Потреба за почитување  на  мерките  на Министерство  за здравство  и комисијата за заразни болести на граѓани на подрачје на општина Чаир“, а со цел подигање на свеста на граѓаните.На седницата беа донесени повеќе заклучоци меѓу кои зајакнување на соработката на општина Чаир  со Кризниот штаб  и Министерството за внатрешни работи- Полициската станица од општа надлежност  Бит пазар. Исто така, членовите на Локалниот совет за превенција на општина Чаир побараа  од  Министерството за внатрешни работи преземање на засилени превентивните мерки, зголемено присуство на реонските полициски службеници и санкционирање на лицата кои не се придржуваат кон мерките донесени од Владата.СВР Скопје периодов одржува кординативни средби со претставници  на стопанските субјекти како што се сопственици на угостителски објекти ,одговорни лица на зелените пазари претставници од обложувалници ,маркети ,банки преземајќи превентивни мерки со укажување на потребата за придржување на мерките и протоколите донесени од Владата.   Министерството за внатрешни работи  известува  дека активностите ќе продолжат се додека е во важност Одлуката на Владата на Република Северна Македонија   со  цел подигање на јавната  свест. фото: МВР

Скопје | пред 5 години

mancevski

Манчевски: Поделбите и политизацијата на Ковид-19 не помагаат на никого

Корона вирусот не ги бира луѓето по тоа дали работат во јавната администрација или се во приватен сектор. Во новото нормално за кое се подготвува целиот свет, мора да бидеме спремни дека вирусот ќе го има околу нас. Наша обврска е да се заштитиме себеси и своите најблиски со почитување на мерките на здравствените работници кои се еднакви секаде, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во однос на Фејсбук статусот на дополнителната заменичка Невенка Стаменковска Стојковски.Но, очигледно дополнителната заменичка министерка Невенка Стаменковска Стојковски продолжува да го користи вирусот за политички цели и да набројува институции со цел ширење на паника и надеж за добивање на политички поени.Кога веќе споменува во кои институции работат дел од позитивните случаи, се прашувам зошто заборава да го спомене МВР. И таму во повеќе наврати дел од вработените беа тестирани позитивни, помеѓу кои и советникот на техничкиот министер. Или оваа информација не им оди во прилог во матрицата на поделби којшто сакаат да ја наметнат во јавниот сектор.Повторно апелирам да ја оставиме пандемијата со Корона вирусот надвор од политичките пресметки. Поделбите, лажните вести и ширењето на паника е само на наша штета. Никоја нема да добие ништо од тоа. Нашата борба е со вирусот Ковид-19 и само со почитување на мерките можеме да ги намалиме бројките на позитивни независно во која институција работат, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во однос на Фејсбук статусот на дополнителната заменичка Невенка Стаменковска Стојковски.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања