Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

Полициски службеник заработи кривична - лице кое се барало со потерница го известил дека полицијата го лоцирала

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против лицето Е.К., вработен како полициски службеник во Единицата за интервентна полиција , поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластувања“, по чл 353 ст.1 од Кривичниот законик на РСМ.Имено, пријавениот според наодите на Одделот за внатрешна контрола при МВР на 23.04 годинава, со умисла ја искористил службената положба и овластувања и во својство на полициски службеник ги пречекорил истите, така што со намера да прибави корист за лицето А.Д. од Скопје кој се барал по потерница, го известил дека полицијата го бара и му овозможил да побегне од местото каде што претходно бил лоциран од страна на полицијата.Покрај ова од страна на Одделот поднесена е иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежна комисија и побарано е донесување на решение за отстранување од работното место до донесување на решение во дисциплинска постапка. 

Македонија | пред 5 години

policija-123

Кривична пријава за инспекторот кој испука куршум додека го чистел пиштолот

Одделот за внатрешна контрола поднесе кривична пријава против инспекторот во СВР Тетово кој испука куршум во канцеларија додека го чистел пиштолот, соопшти МВР.Против Ш.С. е поднесена пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.Пријавениот, на 02 јуни, во просториите на СВР Тетово, поради невнимателно ракување со службениот пиштол, испукал еден куршум во неговата канцеларија, при што никој не бил повреден.Од страна на одделот за внатрешна контрола поднесена е и иницијатива за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на полицаецот.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Мицкоски: Благодарност до Словенија и премиерот Јанша што повторно излегува во пресрет и поддршка на нашата земја

Македонија во овие тешки времиња има пријатели и подадена рака. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со премиерот на Република Словенија и претседател на сестринската партија СДС г. Јанез Јанша со кого разговараше за актуелната здравствена и политичка состојба.Мицкоски ја пренесе својата загриженост за сериозноста на состојбата со корона заразата и со растечкиот тренд на новозаразени и починати што Република Македонија ја става на убедливо на првото место по број на заразени и починати по глава на жител во состојба кога таа бројка во регионот драстично опаѓа. Во исто време ја истакна и пожртвуваноста на лекарите и медицинскиот персонал кој е непосредно во првата линија на борба против короната и надчовечките напори кои тие ги даваат, наспроти сериозните недостатоци во креирањето на мерки и начинот на нивното спроведување.Разговараа за словенечките искуства во справувањето со корона кризата, и фактот што Словенија беше првата европска држава која прогласи победа над вирусот. Токму затоа Мицкоски побара од премиерот Јанша да испрати тим од доктори и експерти од Словенија кои ќе дојдат во Македонија и ќе помогнат во пренесување на своите искуства и знаења во надминување на корона кризата. Премиерот Јанша веднаш се согласи да испрати помош доколку за тоа постои волја кај македонските здравствени власти, тим на врвни доктори кои ќе ни помогнат во справување на состојбите.Во таа насока претседателот на ВМРО-ДПМНЕ има остварено и разговор со министерот за здравство Венко Филипче кој го запозна со идејата и подготвеноста на премиерот Јанша да помогне. Тој ја прифати идејата и изрази уверување дека ќе обезбеди комуникација со словенечкото министерство за здравство за реализација на хуманата идеја.Благодарност до Република Словенија и премиерот Јанез Јанша што повторно излегува во пресрет и поддршка на нашата земја. Мицкоски ќе продолжи во рамките на моите сили и можности да се борби за заштита на здравјето на нашите граѓани и справување на комплицираната здравствена состојба.Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски апелира до владата да ги искористи своите контакти и позиции и да доведе меѓународна помош која е добредојдена во овие моменти. Бројките се поразителни и укажуваат на тоа дека ни е потребна итна помош. Колку побрзо се признае тоа, толку повеќе ќе се спасат животи.https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/a.833349540173840/1576258365882950/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

ubistvo-1

Три години затвор за убиецот на младиот кошаркар на МЗТ Скопје!

Скопјанецот А.Т. (18 години), обвинет за убиството на младиот кошаркар на МЗТ Скопје, Никола Христовски (17 години), е осуден на три години затвор, дознава порталот „24 Инфо“.Убиството се случи на 14 август минатата година во „Паркот на музиката“ во Ново Лисиче, како плод на меѓуетничка нетрпеливост. Христовски настапуваше за кадетите и јуниорите на екипата од Аеродром, но неговата кариера трагично беше прекината. Пресудата била донесена на 1 јуни, а на неа надлежниот јавен обвините вложил жалба.Повеќе детали за ова прочитајте на следниот линк.

Скопје | пред 5 години

Нема фотографија

Д-р. Јовчески: Глумењето нормализација води кон зголемување на заразата

Надлежните за справување со корона вирусот се без компас. Глумењето нормализација води само кон ширење на заразата. Вонредна состојба во државава се прогласуваше и кога имаше триесеттина новозаболени на ден, а сега кога имаме четири пати повеќе ситуацијата е нормалност, истакна Д-р Лазо Јовчески на прес конференцијата во ВМРО ДПМНЕ.Во моментов активни мерки за спречување на ширење на вирусот скоро и да нема.Мерките во моментов се недоволни, и очигледно и нејасни за граѓаните.Не може да се глуми нормалност кога гледаме како бројката на новозаразени со корона вирусот околу 10 проценти од тестираните, а достигна и околу 20 проценти од тестираните лица.Ова говори дека многу порано требаше да се спроведува она што го предлагавме – поголем број на тестирања на населението.Мора да има масовен скрининг на населението затоа што од ден на ден се поголем е бројот на новозаболени медицински лица.Недозволиво е глумење на нормализација.Нема нормализација затоа што бројката на новозаболени на ден е огромна, има и по неколку починати, а бројката на оздравени од корона вирусот е незначителна.Едно е јасно, сега кога има високи бројки на новозаболени здравјето мора да се стави над се и пред се, истакна Д-р Лазо Јовчески на прес конференцијата во ВМРО ДПМНЕ.видео: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

08062020_MZ_Filipche_PKZB_Karadzovski_DCJV_Ziberi_pres-konferencija-3

Комисијата за заразни болести треба да одлучи дали асимптоматските пациенти ќе се бројат како заболени

Комисијата за заразни болести следниве денови ќе се дискутира за тоа дали асимптоматските пациенти да се бројат како заболени, со оглед на тоа што одредени земји веќе не ги бројат.Сепак, како што рече, треба и асимптоматските случаи да се имаат во предвид, во смисла на имплементирање на епидемиолошки анкети и ставање на луѓето во изолација.„Да, има голем број на асимптоматски случаи кои што произлегоа од тестирањата направени во семејните кластери. Точно е дека повеќе земји ја менуваат оваа стратегија. Ние ова ќе го дискутираме во рамките на Комисијата за заразни болести, меѓутоа тоа не е причина и тие асимптоматски случаи да ги имаме предвид во смисла на имплементирање и на епидемиолошки анкети и ставање на луѓето во изолација“, истакна  министерот Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

maska

За не носење лична  заштита на лице на ниво на држава казнети се 1022 лица

Во текот на изминатото деноноќие (11/12.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 231 лице им се издадени решенија за изолација, а 161 лице потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано  дека две лица не ги почитувале мерката за изолација и самоизолација.Исто така по однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се 1022    прекршоци.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ademi-i-kosta

Адеми: Плажите ќе се рушат!

Уредбата околу плажите останува на сила се’ додека Министеството за транспорт и врски не го направи урбанистичкото планирање на сите плажи, истакна Министерот без ресор задолжен за дијаспора и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми во емисијата Win Win на Тв Телма.Тој беше дециден дека рушење на плажите ќе има.– Потоа сето тоа да се вметне во рамките и согласно планот за управување кој е донесен и дури потоа ќе можат општините Охрид и Струга да распишуваат повици за да видиме која плажа ќе се издава, за каква намена и така натаму. Значи, Уредбата останува на сила се’ додека не се реши овој дел, истакна Адеми.Тој додаде дека мора да има реорганизација и на инспекциите.– Свесен сум дека и ние како влада и граѓанскиот сектор и охриѓани имаме иста цел – да се зачува Охрид и тоа не поради УНЕСКО, туку поради нас. Ако за нешто треба да се бориме сите заедно кога се работи за Охрид, треба да се бориме заради нас, а не заради тоа што тоа го бара УНЕСКО. Да се биде под заштита на УНЕСКО е добро за имиџ, но ние имаме иста цел и амбиција. Имаме различен пристап, но целта ни е заедничка, напомена Адеми.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев: 5 јули е датумот кога по Устав и закон треба да се одржат изборите

5 јули е датумот кога треба да се одржат изборите и тоа утврдено со Уставот и законите кои мора да се почитуваат, порача претседателот Зоран Заев во вечерашното издание на емисијата „Клик плус“ на Телевизија 21.- Во ситуација кога не е можен договор, мора да се водиме од Уставот и законите. Ако политичарите најдат заедничко решение, како што имало ситуација и претходно, се наоѓале механизми за да се реализираат тие решенија, но во ситуција кога договор нема,  не постигнат договор за некакво решение, тогаш мора да се почитуваат Уставот и законите. Нема да дозволам некој да ги крши Уставот и законите, порача Заев.Претседателот Заев посочи дека на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски им е јасно дека ќе ги изгубат изборите и затоа бегаат од изборно соочување.- Опозицијата не покажа став за сите важни прашања, ним би им одговарало ваква неизвеснот, да пливаат во матно и изборите постојано да се одлагаат, но знаат дека бројките, рејтинзите не можат да ги променат, народот има став за сите нас. Опозицијата треба прва да бара избори, за да има политичка влада и одговорност, да презема чекори. Здраво е за државата, за здравството, за економијата да имаме политичка влада која ќе сноси полна одговорност пред граѓаните, порача претседателот Заев.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

opstina

(ВИДЕО) Стручните училишта со современа промоција за идните средношколци

Пред овогодинешниот прв уписен рок во средните училишта, дел од стручните училишта во Општина Охрид преку современа промоција и кампања, ги информираат идните средношколци за наставните програми и образовните профили.Од ОУТУ „Ванчо Питошески“ со порака до идните средношколци да вложат во својата иднина и да изберат стручно усовршување со кое ќе бидат конкурентни на пазарот на труд.Од СОСУ „Кирил и Методиј“ упатуваат порака до идните средношколци да се одлучат за стручно образовение, преку практична настава, проекти и современа програма.Првото пријавување ќе биде на 16, 17 и 18 јуни во периодот од 7 до 19 часот, како и на 19 јуни од 7 до 13 часот. Училиштата во кои бројот на пријавени ученици во последните години е помал од бројот предвиден во конкурсот, може да организираат пријавување на учениците само во деновите 16 и 17 јуни. Ранг-листите со запишани ученици ќе бидат објавени на 19 јуни по 15 часот.видео: Општина Охрид

Македонија | пред 5 години

emrah

Почина млад македонски фолк-пејач

Денес  почина фолк пејачот Емрах Мехмеди од Дебар. Како што дознава 24Инфо, Емрах животот го изгуби во несреќен случај, паѓајки од скеле.Емрах важеше за млад и надежен пејач, имаше големи планови во неговата кариера кои за жал останаа нереализирани. Зад него остави мали дечиња и сопруга, пишува 24Инфо.фото: Трибуна 

Магазин | пред 5 години

Janusev-PRESS-1309-2

Јанушев: Децидно кажувам дека ќе нема избори на 5 јули

Избори на 5 јули нема да има,истакна генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, кој вечерва гостуваше во отвореното студиот на ТВ 24.„СДСМ иако лицитира со датуми, сепак сè уште не е време за организирање на избори. Одење на избори при ваква здравствена ситуација укажува на несериозност и негрижа. Ние како сериозна партија тоа не смееме да го дозволиме. 5 јули е датумот кој СДСМ го објавува во јавноста, но можам децидно да кажам дека тогаш избори нема да има“, истакна Јанушев.За вчерашната уредба на Владата која се однесува на изборниот процес, пак, тој смета дека е неуставна.Според него, државата прво треба да се избори со здравствената и економската криза, а потоа да се создадат услови и да се оди на избори.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

branimir-jovanovic

Јовановиќ: Поразителна е бројката од 324 илјади граѓани на кои Владата ќе им додели платежни катрички, живееме во сиромаштија

Поранешниот советник во министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ смета дека поразителна е бројката од 324 илјади граѓани на кои Владата ќе им додели платежни катрички, истакнувајќи дека со оваа мерка на граѓаните им се даваат трошки и милостиња, наместо да се решат системски проблемите.Јовановиќ во разговор за Тв21 истакна дека токму оваа бројка дава една друга слика која покажува дека, за жал, во нашата држава поголемиот дел живеат со помалку од 15 илјади денари месечно.-Дефинитивно е поразителна статистиката, со тоа што мислам дека бројките се уште полоши од ова, бидејќи во оваа бројка не се влезени и пензионерите. Голем дел од пензионерите, веројатно една половина, односно 150 илјади имаат пензии кои се помали од 15 илјади денари. Официјалната стапка на сиромаштија во државата е околу 22 проценти, односно 455.000 кај нас живеат во релативна сиромаштија, а според Светска банка, апсолутната сиромаштија во земјава изнесува 110.000, односно толку граѓани живеат со помалку од 40 денари на ден. Има и бројки за висина на приходи од Министерство за финансии, 50% од луѓето имаат доход под 212 евра месечно, истакна Бранимир Јовановиќ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

gak

Родилката која криеше дека имала контакти со позитивен на КОВИД19 си заминала од болница

Родилката која при прием на Клиниката за гинекологија, а потоа и во приватната болница „Ремедика“ криеше дека член на семејство е позитивен на КОВИД-19, си заминала од Инфективната клиникa по нејзино барање. Таа по породувањето беше примена на лекување на Инфективната клиника бидејќи и самата заболела од КОВИД-19.Од Министерствот за здравство за САКАМДАКАЖАМ.МК велат дека денеска родилката побарала да си замине на домашно лекување и од Клиниката ѝ е издадено отпусно писмо.Текстот во целост на: СДК.МК

Македонија | пред 5 години

migranti_kola

Во камион на автопатот Гевгелија – Скопје пронајдени 142 мигранти

Во раните утрински часови на 10 јуни, на автопатот Гевгелија – Скопје, полициска патрола забележала камион „ман“, со бугарска регистрација, со приколка со македонска регистрација, како се движи со голема брзина и тргнала кон него со цел да го запре и контролира.Возачот на камионот првично не застанал и се упатил по стариот пат од селото Милетково кон селото Габрово, но набргу потоа сопрел.При преглед во возилото биле пронајдени 142 мигранти. Тие биле приведени во полициската станица на граничниот премин Богородица.Увид бил извршен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Mигрантите се сместени во прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Filipce-2

Филипче: Секој настан без оглед дали се избори или не, доколку е според протоколи нема ризик

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на прес-конференција во Владата изјави дека било кој настан, вклучувајќи ги и изборите, доколку е организиран според протоколите и препораките на Комисијата за заразни болести, не претставува ризик по граѓаните.-Во однос на изборите, од нас беше побарано да се дадат протоколи како би се организирале и како би се спровеле. И се што се организира и спроведува, дали се избори или било кој друг процес, се докажа дека нема ризик ако се спроведе како што треба. Сите овие новодијагностицирани се заради тоа што протоколите не се почитувале. Комисијата интензивно работи на изработување на протоколи - на работа на компании, бизниси на отворено, на затворено, во мал простор, голем простор. Исти се принципите. Жално е што има организирано настани каде што се кршат сите препораки дадени, истакна  Филипче.Што се однесува до мерките, Министерот истакна дека полицискиот час на некој начин е модифициран и засега нема потреба да се воведуваат дополнителни мерки од тие што се сега како активност на терен.„Сметам дека нема потреба од менување на стратегијата за справување со пандемијата со ковид-19. Таа е добра и се надградуваа врз основа на карактеристиките, на бројот на луѓето, на кластерите, географската положба на местото, распределбата и контактот помеѓу кластерите. Во таа смилса има некои генерални и општи мерки, но има и некој спицифични мерки“, истакна министерот одговарајќи на новинарско прашање.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

sekerinska

Шеќеринска за идејата на Ахмети: Кога одите на лекар, прашувате дали е добар, а не дали е Македонец или Албанец

Време е за прв премиер Албанец во Северна Македонија, истакна претседателот на ДУИ Али Ахмети, по што се разбранува јавноста.Ахмети вели дека идејата за премиер Албанец не се однесува на ДУИ ниту на него како претседател. Вели дека тој само го поплочува патот за остварување на овој сон а за кого бара поддршка од сите други албански партии.„Кога одите на лекар, прашувате дали е добар, а не дали е Македонец или Албанец“, рече Шеќеринска.Дента кога ДУИ ја објави оваа идеја, актуелниот коалициски партнер во Влада, Зоран Заев рече дека доколку е ова услов за идната коалиција, тогаш Интегративците ќе останат надвор од Влада.И опозициската ВМРО-ДПМНЕ веќе изјави дека нивниот претседател Христијан Мицкоски е нивен кандидат за мандатар.Покрај се, лидерот на ДУИденеска изјави дека оваа идеја можеби изгледа неостварлива и смешна, но тоа го гледа како добро нешто бидејќи кога некој ти го негира сонот те тера да работиш уште повеќе за негово исполнување, затоа својот говор го заврши со барањето да не се губи храброста да се сонува туку да се верува дека соништата можат да се исполнат.Извор: ТВ21

Македонија | пред 5 години

branka

Бранка Костиќ Марковиќ: Јас сум позитивна, сопругот негативен на тестот за КОВИД 19

ФБ статус на Бранка Костиќ Марковиќ:-Драги пријатели, сакам да ви соопштам дека утрово стигнаа резултатите од тестовите на КОВИД-19, мојот и на мојот сопруг. Јас сум позитивна, а тој е негативен. Никој дома, ниту нашите блиски немаат симптоми. Се тестиравме зашто мојот сопруг е универзитетски професор во Белград и требаше да планира во следниот период да замине во Србија за да ги одржи испитите со студентите со кои целиов овој пандемиски период држеше предавања онлајн. Заради превентива (да не остави дома со „раат“ дека сме добри, а и дека тој ќе оди здрав преку граница, без никакви симптоми, но и заради заштита на колегите во Србија), решивме да се тестираме. Но, еве, бевме изненадени од резултатот. Утрово сами направивме реконструкција на сите контакти и движења (кои беа минимални и со заштита), ги известивме сите во потесното и поширокото семејство, пријателите и соработниците, а утре го очекуваме и брисот на нашиот син (земен денес). Се разбира, следните две седмици ќе бидеме во изолација и матичните доктори ќе ја следат нашата состојба. Во анкетата што денес ми ја направи мојата матична докторка кажав дека немам ниту еден од вообичаените симптоми за коронавирусот, па искрено се надевам и посакувам дека такви ќе бидат извештаите и за следните 14 денови. Вам како и досега, повторно ќе ви посакам добро здравје и почитување на мерките. Чувајте се, зашто и при голема претпазливост не знаете од каде може да се протне вирусот. Исто така, бидете совесни и подобро е сите да знаат, како што јас веднаш ви кажувам, отколку да молчат и да направат голема штета.П.С. Простете доколку не стигнам да ви одговорам на вашите пораки и на телефонските повици. Сега ми претстои голема организација и на животот во карантин и на мислите. Вие навивајте за здравјето на нас и на сите вас. Јас, ако сум навистина позитивна и поминам асимптоматски или со лесни симптоми, со задоволство ќе дадам плазма за лекување https://www.facebook.com/branka.k.markovic/posts/10220403640813875

Македонија | пред 5 години

dui-besa

Советникот на ДУИ во Ресен преминува во БЕСА

Единствениот советник Албанец избран во листата на ДУИ во Ресен од денес ќе ги претставува политиките на Движењето БЕСА, објави civilmedia.mk. Потпретседателот на движењето Беса, Кастриот Реџепи, на социјалната мрежа Фејсбук објави дека денес имал средба со градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски, како и со единствениот советник албанец во Советот на општината, Мемет Хоџа.Потпреседателот Реџепи најавува дека единствениот албански советник во оваа општина кој е избран во листата на ДУИ од денес ќе ги претставува политиките на Движењето Беса.Извор:  civilmedia.mk.  

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ЕК предлага од 15 јуни укинување на граничните контроли во шенген-зоната, од 1 јули отворање на границите и за Македонија

ЕК препорача укинување на граничните контроли во шенген-зоната до 15 јуни, отворање на надворешните граници кон земјите од Југоисточна Европа од 1 јули и постепено отворање на надворешните граници за граѓаните на другите трети земји во зависност од нивната епидемиолошка состојба, пренесува хрватски „24 сата“.„Комисијата препорачува членките на шенген-зоната и придружните земји да ги укинат внатрешните гранични контроли до 15 јуни 2020 година и да ги прошират привремените ограничувања за патување во ЕУ, кои не се неопходни до 30 јуни, како и да подготват рамка за постепено отворање по тоа“, објави Комисијата.Комисијата исто така препорачува да се укинат ограничувањата за патување во ЕУ за граѓаните на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија од 1 јули бидејќи нивната епидемиолошка состојба е слична или подобра отколку во ЕУ.За другите трети земји, Комисијата не препорачува општо укинување на ограничувањата бидејќи здравствената состојба кај некои од нив е критична.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

gak

Украдена изјавата од досието на родилката што лажела дека немала контакт со позитивен на КОВИД-19.

Полиција ќе истражува кој од Клиниката за гинекологија ја украл изјавата од досието на родилката што лажела дека немала контакт со позитивен на КОВИД-19. Директорката на Гинеколошко акушерската клиника Викторија Јовановска за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека некој го украл само тој лист од нејзиното досие, дури се гледа и како тој документ е насила истргани затоа повикала полиција за да види кој влегол без дозвола во канцелариите каде се чува медицинската документација.За разлика од приемот на Гинекологија и во приватната болница „Ремедика“, пациентката при приемот на Инфективната клиника признала дека веќе 7 дена ја боли грло.Текстот во целост на: СДК.МК

Македонија | пред 5 години

3-1

(ВИДЕО) Дополнителната заменик министерка Петровска во посета на Граничниот премин Богородица

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Славјанка Петровска, заедно со државниот секретар во МВР, Магдалена Несторовска и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски денеска го посетија граничниот премин “Богородица“ каде што имаа работна средба со раководството на Регионалниот центар за гранични работи “Југ“ и на Полициската станица за Граничен надзор и гранични работи “Богородица“, а на која што се разговараше околу актуелните состојби на овој дел од границата на нашата држава, како во контекст на илегалната миграција и криумчарење мигранти, така и од аспект на превенцијата од епидемијата од “ковид 19“.Притоа дополнитлниот заменик на министер Петровска упати признание и благодарност до полициските службеници од оваа организациона единица за постигнатите извонредни резултати во спречувањето на илегалната миграција и во откривањето на кривичните дела – криумчарење мигранти, истовремено апострофирајќи дека полициските службеници сето тоа го реализираат во услови на дополнителни безбедносно-здравствени протоколи и мерки.Меѓу другото, на средбата беа презентирани податоци дека заради затворањето на границите по стапувањето на сила на владините мерки и одлуки за спречување и превенција од епидемијата на “ковид 19“, евидентен беше падот на бројката на илегални мигранти што се обидуваа да влезат во нашата земја. Така за месеците март, април и мај годинава откриени и фатени беа 3047 мигранти што е двојно помалку од истиот период лани. За периодот пак од почетокот на овој месец заклучно со 09.06. откриени и фатени се 878 илегални мигранти што е пак двојно повеќе од истиот период лани, при што од оваа бројка - 680 илегални мигранти се откриени и фатени од страна на полициските службеници од ПС за ГН “Богородица“. Во поглед пак на кривичните дела, како што потенцираше и Петровска во својата изјава за медиумите по работната средба, се бележат извонредни резултати посочувајќи го последниот од случаите на спречување на криумчарење мигранти – вчера, кога беше откриен и спречен организиран транзит на 142 илегални мигранти во товарно возило со бугарски регистарски таблички. Според податоците на РЦ за ГР “Југ“ во текот на првите десет дена од месецов веќе се реализирани четири кривични дела за криумчарење мигранти, во кој што се откриени 186 илегални мигранти. Инаку на средбата беше разговарано и околу спроведувањето на превентивните здравствено-безбедносни мерки како за заштита на нашите граѓани, така и на илегалните мигранти но и на полициските службеници кои што се изложени на реални предизвици при нивното секојдневно работење. Притоа беше посочено дека се направени тестирања, односно скрининг на 230 полициски службеници. Особено што во рамки на странскиот полициски контингент кој што брои 69 полицајци, тие во моментов работат заедно со нашите полицајци на обезбедување на јужната граница, беше откриен еден ковид-позитивен полициски службеник од Полска (а 20 негови полски колеги веќе се во самоизолација). Според резултатите од тестирањата осумина полициски службеници биле ковид-позитивни, со тоа што еден е веќе излечен и вратен на работа.фото: МВР

Македонија | пред 5 години

krazba-kradenje

Кривични пријави против тројца сторители, разрешени четири дела „тешка кражба“

СВР Битола – ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против М.С.(36) од Прилеп, .Ј.Ф.(25) од Прилеп и А.Џ.(26) од с.Црнилиште, Општина Долнени, поради постоење на основи на сомнение за сторени  четири кривични дела ,,Тешка кражба“ од чл.236 од Кривичниот законик на РСМ. Пријавените делата ги извршувале во периодот од септември 2019 сѐ до април 2020 година.При првото кривично дело, сторено во периодот од септември 2019 до април 2020, пријавените со употреба на сила и подесен предмет влегле во двете работни простории во склоп на рудник лоциран во м.в. Рамнобор, с.Мелница, Мариово и одзеле работни машини и разни резервни делови (виљушкар, агрегати, компресори, бушилица, каменорезачка, електромотори од машини за преработка на мермер, кабли и др.), со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 17.220.000 денари.Второто дело тројцата пријавени го извршиле во периодот на март 2020, при што со подесен предмет влегле во викенд куќа. во с. Бешиште, во која привремено престојувал М.М. од Битола, и од помошната просторија и дворот одзеле повеќе машини и алати (неколку акумулатори, бормашина, хилта, метал детектор, рачен циркулар, агрегат и др.), карабинска и ловна муниција, ловна пушка, автомобилски резервни делови и приколка, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 150.000 денари.Третата тешка кражба пријавените ја извршиле во периодот од октомври 2019 до април 2020, така што со употреба на сила влегле во рудник лоциран во с.Бешиште по што од кругот на рудникот одзеле возило „џип УАЗ“ и теренско возило „нисан терано“, во кое имало и документи, при што се стекнале со противправна и мотна корист од 60.000 денари.Четвртата тешка кражба тројцата пријавени ја извршиле во април 2020, прескокнувајќи ја заштитната метална ограда од деловниот простор на рудникот за обработка на мермер, по што се упатиле до викенд куќата, сопственост на М.М., и со употреба на сила влегле во неа и одзеле алат за мерење струја, предмети за домаќинство, потоа од работилницата одзеле електрична машина дребонг и товарно возило „ТАМ“. Со ова дело се здобиле со противправна имотна корист од 60.000 денари.Со преземање на оперативно-тактички мерки и активности од страна на полициските службеници од ОВР Прилеп, дел од предметите се пронајдени и со Потврда за привремено вратени предмети им се вратени на оштетените. Со извршување на овие четири дела ,,Тешка кражба“ од чл.236 од Кривичниот законик на РСМ сторителите се стекнале со противправна имотна корист од околу 17.490.000.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

migranti_kola

Вкупнo 28 години затвор за македонскиот државјанин и тројцата Пакистанци за криумчарење мигранти​

По одржана главна расправа на која беа изведени материјални и вербални докази, во Основниот кривичен суд – Скопје е објавена пресуда со која четири лица се огласени за виновни дека како соизвршители сториле кривично дело „Криумчарење на мигранти“ предвидено и казниво по член 418–б став 3 во врска со став 4 и 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Првообвинетиот Б.А. (45) македонски државјанин по признавање на вина на главната расправа, е огласен за виновен и судот му изрече казна затвор во траење од 4 години и 6 месеци, додека на тројцата државјани на Пакистан Ш.Р. (40), М.Х. (28) и А.Р. (23) им се изречени затворски казни во траење од по 8 години.Постапката против обвинетите започна по добиена информација од страна на органите на Р.Србија кои добиле пријава од пријател на две жртви. Вечерта на 01.11.2019 година околу 22:00 часот беше спроведена полициска акција и при претрес на куќата на Б.А. беа пронајдени дванаесет мигранти меѓу кои и две малолетни лица.Во истражната постапка надлежниот обвинител утврди дека во периодот од средината на октомври 2019 година до 01.11.2019 година, во с.Ваксинце Кумановско-липковскиот регион, четворицата обвинети заедно и по предходен договор прифатиле и засолниле мигранти по потекло од Индија, Авганистан, Пакистан и други земји од Азија. Со намера да се стекнат со материјална корист за себе и за Б.А, обвинетите Ш.Р., М.Х. и А.Р., постапувале особено понижувачки и сурово кон мигрантите, присилно држејќи ги мигрантите спротивно на нивната волја во дел од куќата сопственост на обвинетиот Б.А.. Жртвите добивале еден оброк дневно, биле физички малтретирани, а поради пластичните црни кеси залепени на прозорците го изгубиле чувството за време и не знаеле дали е ден или ноќ.Во таква состојба на дезориентираност, чувство на глад и страв жртвите биле тепани со црево од страна на обвинетите Ш.Р.и А.Р. кои потоа на мигрантите им ставале нож под грло држејќи ги од зад грб и им се заканувале дека ќе ги убијат ако не платат или нема да им дозволат да продолжат по мигрантската рута. Ваквите настани обвинетиот М.Х. ги снимал со телефон, а потоа видео – клиповите ги испраќал на роднините на мигрантите, укажувајќи им дека доколку не им испратат пари, нивните роднини ќе бидат убиени или нема да им дозволат да ја напуштат куќата. Роднините на мигрантите биле присилени по пат на „хавала систем“, да ги испратат бараните средства коишто мигрантите му ги давале на рака на обвинетиот М.Х. Доколку договорените износи не биле навремено испратени, обвинетите Ш.Р., М.Х.и А.Р. ги тепале мигрантите со црево, а малолетните жртви ги присилувале и да чистат.Обвинителството во текот на расправата докажа дека на овој начин биле оштетени: мигрант од Авганистан кој веднаш по пристигнувањето во куќата платил 120 евра колку што имал во моментот, а дополнително платил уште 700 евра што му биле испратени од роднините, двајца мигранти од Индија кои кога пристигнале во куќата платиле 700 евра и 600 евра, а по пет дена престој, исплашените роднини ветиле дека ќе испратат уште по 1000 евра, но парите не пристигнале до 01.11.2019 година кога обвинетите се приведени, двајца мигранти од Индија веднаш по пристигнувањето дале по 1.000 евра, но обвинетите им побарале да доплатат уште по 1.300 евра, на што се согласиле нивните семејства, но парите не пристигнале, мигрант од Авганистан платил 1.000 евра што му ги испратиле роднините, мигрант од Индија платил 500 евра, а малолетен мигрант од Авганистан и покрај тоа што на обвинетите им дал 700 евра што ги испратил вујко му бил задржан наредните 10 дена со цел да плати уште 500 евра, кои не пристигнале до 01.11.2019 година. ​фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-2

Денеска се потврдени 175 нови случаи на ковид 19, од нив во Скопје 131

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 971 тестирања, а регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-131, Куманово-24, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Велес-4, Охрид-1, Гостивар-2, Свети Николе-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 18 оздравени пациенти, во: Скопје-12, Штип-1, Тетово-3, Велес-2.Починаа 5 лица, тројца од Скопје, еден пациент од Гостивар и еден од Прилеп.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби при прием во амбуланта почина пациент од Прилеп (72г). Во ГОБ „8 септември“ починаа тројца пациенти од Скопје- пациентка (60г) примена на 5 јуни, пациент (64г) примен на 8 јуни и пациент (59г) примен на 8 јуни и еден пациент од Гостивар (72г) примен на 30 мај.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3538, бројката на оздравени пациенти е 1682, на починати е 169, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1687. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Кичево е од Скопје, еден е контролен. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:•       Скопје 1592, активни 960•       Куманово 597, активни 179•       Дебар 53, активни 2•       Штип 227, активни 187•       Прилеп 222, активни 27•       Тетово 317, активни 147•       Струга 111, активни 36•       Велес 149, активни 29•       Битола 30, активни 3•       Охрид 46, активни 29•       Кавадарци 6, активни 1•       Гостивар 54, активни 31•       Гевгелија 6, активни 2•       Струмица 7, активни 4•       Крива Паланка 7, активни 1•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 3, активни 0•       Кочани 53, активни 22•       Пробиштип 11, активни 9•       Демир Хисар 1, активни 0•       Македонски Брод 2, активни 0•       Пехчево 3, активни 0•       Берово 2, активни 1•       Валандово 3, активни 2•       Виница 3, активни 1•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 3, активни 1•       Свети Николе 5, активни 4•       Кичево 3, активни 1•       Ресен 1, активни 1•       Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 971 теста се преку: ИЈЗ –334 , ЦЈЗ Скопје-30, Авицена –136, Биотек -121, Жан Митрев (Филип Втори) –120, Систина со PCR метода –93 и МАНУ -137.  Досега во земјата се направени вкупно 40004 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 нови, а вкупно хоспитализирани 84 пациенти. На кислородна поддршка се 29 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 22 нови, а вкупно хоспитализирани 57 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 20 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 36 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.По општини активни случаи во Скопје заклучно со вчера•       Чаир-209•       Бутел-76•       Аеродром-75•       Гази Баба-75•       Центар-73•       Карпош-72•       Сарај-64•       Кисела Вода-43•       Ѓорче Петров-35•       Шуто Оризари-26•       Студеничани-24•       Арачиново-24•       Илинден-19•       Петровец-6•       Чучер Сандево-4•       Сопиште-2•       Странец-2фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања