Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

katica-2

Почина татко ѝ на Јанева

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева го изгуби и нејзиниот татко, Костадин Делиџаков кој беше долгогодишен судија. Таа денеска со полициска придружба била спроведена да присуствува на погребот во Гевгелија.Екс-шефицата на СЈО во домашен притвор ја затекна и смртта на нејзината мајка на денот кога беше уапсена минатото лето на 20 август, кога исто така од обвинителот и беше дозволено да оддаде последна почит.извор: Фактор

Македонија | пред 5 години

korona-3

Станува загрижувачки: Нема доволно епидемиолози по наловиот на позитивни од Ковид-19

Со напливот на нови заболени од КОВИД-19 веќе нема доволно епидемиолози за работа на терен, но и за телефонски контакти со заразени или лица во изолација, иако напомош дојдоа четворица техничари од војската. За овој проблем се расправало денеска на Комисијата за заразни болести, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК.Само денеска беа регистрирани нови 196 случаи, со што вкупната бројка на активни случаи достигна 2.011.Извори од комисијата велат дека работата на епидемиологот не е само да направи епидемиолошка анкета на сомнителен случај, туку, ако по тестирањето излезе дека суспектниот е позитивен, треба и да се следи две недели, а потоа да се направат уште два теста за да се утврди дали е негативен. А и првичниот тест не може да се направи веднаш по контактот со позитивно лице, туку треба да се почека неколку дена.Целиот текст прочитајте го на сдк.мк

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

(ФОТО) 7 дена за Охрид

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на својот ФБ профил ги наброја активностите на ЈП во изминатите 7 дена. Градоначалникот напиша:Реализирани активности на Јавни претпријатија🔽📌 ЈП „Водовод“▶️Продолжување на тековни активности за поставување на нова водоводна линија Фабрика „Костал“-село Лескоец-Охрид во должина од 2140 метри и Ф160;▶️Санација на дефекти на водоводна мрежа на улиците „Абас Емин“ и „Крали Марко“ и во населбите „Рача“, „Чекоштина“ и „Исток“.📌 ЈП „Охридски Комуналец“▶️Согласно препораките на Кризниот штаб на Општина Охрид, реализирани се активности за дезинфекција на:▪️Улиците, јавните површини, урбаната опрема во централното градско подрачје, на градскиот кеј и чаршијата;▪️Заедничките простории на станбени објекти на територијата на општината;▪️Јавните површини во пригрaдските населби, туристичките локалитети и пешачката патека од каналот „Студенчишта“ до „Горица“;▪️На јавните површини во туристичките населба „Свети Стефан“ и „Лагадин“ и во селата Пештани, Елшани, Велгошти, Лескоец, Долно Лакочереј, Горно Лакочереј, Косел, Ливоишта, Сирула, Вапила, Подмоље, Орман и во делот на ЈЗУ Специјална болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо”;▶️Во тек се активности на садење нов цветен расад низ зелените површини во градот. Зимскиот цветен расад се заменува со летен сезонски цветен расад;▶️ Тековни активнисти за уредување на јавното зеленило на повеќе локации на територија на општината.📌ЈП „Нискоградба“▶️Работни активности за изведба на приклучоци на фекална канализација на улица „Абас Емин“;▶️Продолжување на тековни работни активности од поставувањето на атмосферска канализација на улица „Дејан Војвода“;▶️Завршна фаза од работните активности за поплочување на крак од улица „Петрино“;▶️Чистење и отстранување на дефекти од мрежата на улиците „Крсте Петков Мисирков“, „АСНОМ“, „Сатеска“, „Андон Дуков“, „Стив Наумов“ и населба „Охридати“.📌ЈП „Градски гробишта“▶️ Продолжување на тековни работни активности за поставување на рабници и поплочување на тротоар на булевар „Туристичка“;▶️Работни активности за изведба на пешачка патека.📌ЈП „Билјанини Извори“▶️Тековни активности од акцијата за расчистување и уредување напросторот наменет за сидрење на пловни возила во каналот „Студенчишта“, согласно потребите на корисниците-сопствениците на пловни објекти.📌ЈП „Градски пазар“▶️Санација и фарбање на клупите на градскиот кеј, во потегот од каналот „Студенчишта“ до Градското пристаниште.https://www.facebook.com/KonstantinGeorgieski7/photos/pcb.616033639002243/616033395668934/?type=3&theater

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Прилепчанец во пламен на нива, со изгореници префрлен в болница

Вчера во 23.06 часот Ѕ.Н.(54) од Прилеп, пријавил дека во Прилеп, движејќи се по ул.„Димче Антулески”, во обработлива нива на место викано „Козле“, забележал лице кое било во пламен.Лицето се здобило со изгореници, по што било пренесено во Градската општа болница Прилеп за укажување на лекарска помош. Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и било констатирано дека станува збор за Р.А.(39) од Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп, соопшти полицијата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

1159B1F8-EF01-45A9-969D-AFEF63AC7CE3

Проверете дали сте еден од 117.112 добитници на ваучер од 6.000 денари

Конечната листа на 117.122 граѓани-добитници на ваучерите од 6.000 денари за туризам кои треба да ги добијат како дел од третиот пакет на економски мерки на Владата е објавен на веб-платформата domasiedoma.gov.mk koja od deneska e vo funkcija.Ова денеска го објави министерот за економија, Крешник Бектеши, кој рече дека од  една страна финансиски ќе се помогне на 117.122 граѓани да одат на летување, а од друга тоа ќе го поддржи туристичко-угостителскиот сектор во Македонија, како и  местата кои до сега не беа познати и развиени.- Завршени се сите постапки и официјално е пуштена платформата со која почнува реализацијата на мерката за издавање на ваучери за домашен туризам. Изготвени се списоците за добитниците за ваучери за домашен туризам, согласно уредбата која ја усвои Владата на Северна Македонија и согласно сите списоци кои беа доставени од Управата за јавни приходи, рече денеска Бектеши на прес-конференцијата.Добитници на ваучери се вработените лица кои имаат помали приходи од 15.000 денари месечно.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-10

Свадбарите од скопско Нерези со коронавирус не кажуваат со кого контактирале

На тешки маки се инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат, зашто од свадбата која на 31 мај се одржа во скопската населба Нерези, со невеста вработена во Лекарска Комора – има 14 позитивни лица со коронавирус и ниеден од нив не сака да каже со кого бил во контакт.Како што за ,,Слободен печат” потврдуваат доброупатени извори од Инспекторатот, ситуацијата особено ја комплицира тоа што таткото на невестата, работи во Психијатриската болница Скопје во Бардовци, во дијагностика и тоа со работен стаж од 36 години како етаблирано медицинско лице со огромно искуство во својата област. Компликацијата е во тоа што ова медицинско лице, инаку татко на невестата, воопшто не било посочено како контакт во епидемиолошката анкета на ниеден од гостите на церемонијата, по што тој продолжил да оди на работа во Психијатриската болница.-ДСЗИ има податоци само за 14 позитивни, добиени од Центар за јавно здравје Скопје. Податоци за контакти, ниту еден од овие 14 не даваат, изјави за ,,Слободен печат” директорката, доктор Ирина Сотирова Бухова.

Македонија | пред 5 години

culev

Чулев со демант кој потврдува дека Чавкова е унапредена без оглас, на повисока позиција од дозволеното

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, наместо демант до медиумите испрати текст кој потврдува дека Јасмина Чавкова, сопругата на ексдиректорот на БЈБ и осуден за „27 април“, Митко Чавков, е унапредена во МВР за три скалила повисока позиција без интерен оглас од негова страна. Обвинувањето на Чулев за лажна вест е неосновано, бидејќи, ниту тој не негира дека Чавкова е унапредена на повисока позиција во Министерството за внатрешни работи.„Ја информирам јавноста дека конкретното распоредување е направено врз основа на извештај од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди кој е изготвен врз основа на претставка поднесена од посочено лице, во кој се констатира дека истото подолг временски период е распоредено на работно место кое е во спротивност со законот. Во извештајот е констатирано дека со цел избегнување на дополнителни трошоци на товар на МВР по основ на тужба, одделот смета дека од страна на Одделот за заеднички работи и управување со човечки ресурси при БЈБ треба да изврши ревизија на распоредувањето и Јасмина Чавкова да биде распоредена согласно позитивните законски прописи на важност во МВР“, посочи Чулев во демантот кој не демантира ништо од напишаното.Единствено ново нешто во фејсбук демантот на Чулев е што објаснува дека тој ја исправа неправдата која на Чавкова и ја нанел Спасовски.„Уште една лага, односно лажна вест креирана од страна на структурите на СДСМ. Но и случај кој уште еднаш го потврдува незаконското работење на Оливер Спасовски во изминатиот период. Можеби исправањето на неправдите од минатото на некого му пречи, но јас и понатаму ќе бидам на страна на вработените и ќе постапувам исклучиво во согласност со законите. Напоменувам, дека кога станува збор за постапување по однос на задолжителни мерки утврдени во извештајот Одделот за внатрешна контрола, Министерот има обврска да постапи и да ги отстрани констатираните неправилности, а во конкретниот случај станува збор за распоредување кое не е во согласност со степенот на образование“, додава Чулев.

Македонија | пред 5 години

kumanovo-1

Цели семејства во кумановско одбиваат да се тестираат иако контактирале со заболен

Две нови жаришта на коронавирус се откриени во Општина Куманово, соопштуваат од Центарот за јавно здравје во Куманово, објави СДК.мк. Од 17 новозаболени кои се регистрирани во изминатото деноноќие, најголем дел се од кластер во селото Лопате,  а останатите се од градското подрачје на Куманово.Во Липково се регистрирани само два нови случаи и тоа во селата Матејче и Ваксинце.„Денеска се направени 62 тестирања, по пола во двете општини. Во Куманово тестирањето се одвива без проблеми, додека во Липковско имавме 3-4 семејства, кои имале контакт со заболени, а веќе по вторпат одбиваат да се тестираат“, вели Ариф Љатифи, директор на Центарот за јавно здравје во Куманово.

Македонија | пред 5 години

Ohrid-1

Нови 11 заразени и еден починат од Ковид-19 во Охрид

Нови 11 случаи на коронавирус се дијагностицирани во Охрид, покажуваат податоците на Министерството за здравство. Со ова бројката на активни заболени случаи се искачи на 48 лица.Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.

Македонија | пред 5 години

koronavirus-bosna

Нов рекорд: 196 заболени со коронавирус, 90 од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1213 тестирања, а регистрирани се 196 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-90, Куманово-17, Штип-5, Прилеп-1, Тетово-45, Струга-8, Велес-1, Битола-4, Охрид-11, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Пехчево-2, Свети Николе-1, Ресен-2.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти од Скопје-3, Куманово-1, Штип-2, Прилеп-4, Велес-1.Починати се осум пациенти, четири од Скопје, еден од Струга, еден од Охрид, еден од Гостивар и еден од Ресен.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица од Скопје, пациентка на возраст од 76 години, хоспитализиран пред 10 дена, пациент на возраст од 67 години, хоспитализиран пред 8 дена и пациентка од Гостивар на возраст од 31 година, на болничко лекување од 26 мај.Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти од Скопје на возраст од 43 години-хоспитализиран на 11 јуни, пациентка на возраст од 59 години, хоспитализирана на 10 јуни и пациент од Струга на возраст од 56 години, хоспитализиран на 2 јуни.Во болницата во Битола почина пациент од Ресен на 68 години, хоспитализиран во текот на вчерашниот ден. Во болницата во Охрид почина пациент на возраст од 81 години, хоспитализиран на 10 јуни.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3895, бројката на оздравени пациенти е 1705, на починати е 179, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2011.Два резултати евидентирани вчера се контролни, епидемиолошките анкети се во тек, а во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 1767, активни 1124•       Куманово 635, активни 216•       Дебар 56, активни 5•       Штип 237, активни 195•       Прилеп 227, активни 22•       Тетово 380, активни 209•       Струга 123, активни 46•       Велес 150, активни 28•       Битола 34, активни 7•       Охрид 66, активни 48•       Кавадарци 6, активни 1•       Гостивар 64, активни 40•       Гевгелија 7, активни 3•       Струмица 7, активни 4•       Крива Паланка 9, активни 3•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 3, активни 0•       Кочани 54, активни 23•       Пробиштип 11, активни 9•       Демир Хисар 1, активни 0•       Македонски Брод 3, активни 1•       Пехчево 5, активни 2•       Берово 2, активни 1•       Валандово 4, активни 3•       Виница 3, активни 0•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 3, активни 1•       Свети Николе 8, активни 7•       Кичево 3, активни 1•       Ресен 5, активни 4•       Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1213 теста се преку: ИЈЗ –482 , ЦЈЗ Скопје-34, Авицена –104, Биотек -138, Жан Митрев (Филип Втори) –180, Систина со PCR метода –138 и МАНУ -137.  Досега во земјата се направени вкупно 42.262 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 нови, а вкупно хоспитализирани 94 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Македонија | пред 5 години

zaev-2-1

Заев се согласува изборите да не се одржат на 5 ти јуни, но да учествува и ВМРО ДПМНЕ

Датумот на избори не е прашање на личен избор или инает, овде станува збор за нашата држава и нашиот народ, за подобро справување на нашата држава со коронакризата, со здравствената и економската криза предизвикана од вирусот, којашто трае и продолжува во периодот којшто стои пред нас, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во одговор на новинарско прашање при посетата на Струмица.Тој додаде дека изборите се потребни што поскоро за граѓаните да си ги вратат институциите.„Ни требаат избори што поскоро не заради датум или партиско его, затоа ние нема да робуваме на датумите. За нас е многу важно да имаме навреме избори за да си ги вратиме институциите, за да институциите му служат на народот со полн капацитет. Но, институциите се за сите граѓани и за поддржувачите на власта и опозицијата и за оние кои никого не поддржуваат и затоа е многу важно учеството на опозицијата. Апелирам и повикувам на одговорност на рационалност и конструктивност, ова не е време како порано кога на претходната власт и одговараа избори без опозиција. Не, демократијата во која живееме бара активно учество на опозицијата, затоа јас нема да робувам на 5 јули како датум и да се држам фиксно до него, имајќи предвид дека и Мицкоски и јас повеќепати спомнувавме дека е поприфатливо изборите да се одржат во среда, како неработен ден. Еве отстапувам од 5 јули и се согласувам изборите да бидат на 8 јули, среда, каде во понеделник и вторник ќе гласаат болни и изнемоштени, нашите граѓани во самоизолација или позитивните коишто се во болниците или дома, а ќе се вклучат да гласаат и сите хронично болни, повозрасните луѓе и други. Само заедно да обезбедиме учество на изборите, да учестува опозицијата, а сепак тоа да е во разумен рок со цел есента да ја дочекаме со активно Собрание и со политичка влада со полн легитимитет“, порача Заев.Тој го повика и Христијан Мицкоски да покаже одговорност и да го прифати предизвикот за изборно соочување со цел државата што побрзо да добие функционален парламент и влада со политички легитимитет и одговорност.„Господине Мицкоски, почитувано раководство на ВМРО-ДПМНЕ, еве ја правиме последната отстапка, а ги правиме од крајот на декември досега. Прифатете го овој предизвик да излеземе заедно подобриот нека ја добие честа и одговорноста од нашиот народ и да ги вратиме институциите, да го вратиме парламентот и политичката влада ќе и требаат и на државата и на нашиот народ само така е одговорно и никако поинаку. Јас верувам дека денеска како што имаме отворена комуникација јас и господинот Мицкоски ќе смогнеме сили и еве овој последен апел ќе го прифатиме. Вонредната состојба завршува вечерва на полноќ, ако се прифати 8 јули, ќе го замолам претседателот на владата Спасовски и министрите да се соберат доцна во текот на денов, да свикаат владина седница да поднесат предлог за продолжување на вонредната состојба од 3 дена овој пат заради договор со опозицијата, немаме аргументи реално заради економски причини да бараме вонредна состојба, но три дена ќе дадат правно разрешување за токму на 8 јули да одиме заедно на избори“, заклучи Заев.

Македонија | пред 5 години

DSC_0022

Чулев со унапредување за сопругата на Чавков, без оглас за три скалила повисоко работно место

Јасмина Чавкова, сопругата на ексдиректорот на БЈБ и осуден за „27 април“, Митко Чавков, е унапредена во МВР за три скалила повисока позиција од страна на техничкиот министер, Наќе Чулев, дознава „А1он“. Решението за прераспределување на Чавкова не го потпишала  дополнителната заменик-министерка Славјанка Петровска, бидејќи, сметала  дека не е во согласност со законот.Сопругата на Чавков претходно била виш инспектор во СВР Скопје, а сега, по унапредувањето, таа е виш полициски советник во Бирото за јавна безбедност. Унапредувањето од три работни позиции е спротивно на систематизацијата, која дозволува преместување за две позиции. Министерот Наќе Чулев не одговори на нашите повици и писмено најави дека подоцна ќе даде став околу прераспределувањето.Според информации на „А1он“ решението се спроведува без потпис на Петровска, како што тоа беше случај  и претходно, кога дополнителната-заменик министерка не се согласуваше со кадровските одлуки на министерот Чулев. Началникот на СВР Скопје, Ристо Ставревски, за „А1он“ вели дека треба да провери дали Чавкова е прераспределена на новото работно место, по што ќе даде одговор.Целиот текст прочитајте го тука

Македонија | пред 5 години

korona-3

МЗ: И по вонредната состојба, продолжуваат да важат мерките со кои одредени категории граѓани се ослободуваат од работа

Министерството за здравство информира дека Владата на Република Северна Македонија на вчерашната 65 седница заклучи дека и по завршување на вонредната состојба ќе продолжат да важат мерките со кои се ослободуваат од работни обврски одредени категории на граѓани.Од работни обврски остануваат ослободени родителите на деца на возраст до 10 години или активно четврто одделение, хронично болните лица, бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои ја користат услугата дневен центар како и лицата кои што на работа одат со придружба -потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, со можност, доколку е тоа остварливо овие лица да ги извршуваат своите работни обврски од дома.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bezdomnik-11

Мрежата за заштита од дискриминација ја осудува полициската бруталност и самоволие кон бездомни граѓани

На 10.6.2020г. во повеќе медиуми беше објавен прилог во кој граѓани изјавија дека биле жртви на насилство од страна на полициски службеници. Станува збор за бездомни лица кои живеат во близина на објектот на ПИОМ во Скопје и според својата етничка припадност се Ром(к)и. Настанот се случил за време на „полицискиот час“, кога, според изјавите, дваесетина припадници на интервентната полиција употребиле физичка сила кон сите лица кои се нашле на наведената локација, вклучително кон жени, деца и постари лица кои воопшто не биле инволвирани во случајот. Од Министерството за внатрешни работи упатиле информација до медиумите дека од страна на полициски службеници од Полициска станица Аеродром биле преземени мерки и активности за констатирани прекршувања на полициски час од група на граѓани кои биле собрани на јавно место и го нарушувале јавниот ред и мир со пуштање на гласна музика. Според изјавата на МВР, пет лица прво дрско се однесувале кон полициските службеници, по што физички ги нападнале, а едно од нив фрлило камен кон нивното полициско комбе. Врз основа на овие настани, кон пет лица биле поведени постапки за утврдување на прекршочна, односно на кривична одговорност. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, станува збор за случај од кој може да се утврди лична одговорност на неколку лица кои живеат на наведената локација. Тие се веќе идентификувани, лишени од слобода и кон нив веќе се преземени иницијални акти за утврдување на одговорност. Оттука, силата употребена врз лица (мажи, жени, деца, постари лица) кои на ниту еден начин не се инволвирани во настанот покажува дека полицијата употребила сила за да одбие замислен напад. Неодамна во Штип (на 12 мај, на Радански пат), медиумите објавија сличен инцидент со полицијата, каде имало употреба на сила кон група граѓани поради едно патничко моторно возило натоварено со дрва, управувано од Роми. Ова покажува дека непрофесионалниот однос, полициската бруталност и самоволието при постапувањето кон Ромите и другите категории сиромашни и маргинализирани граѓани, е честа практика на полицијата. Постапувањето од овој вид е мотивирано од расистички предрасуди и непочитување на достоинството на Ромите. Дополнително, особено загрижува фактот што полицијата постапува дискриминаторски со тоа што селективно применува сила кон граѓани кои се наоѓаат на маргините на општеството, а не постапува во случаи каде последиците, штетата или користа се од огромни размери. Ваквиот третман на полицијата кон ранливите групи на граѓани нема да ја врати довербата во полицијата, и напротив, ја урива, притоа придонесувајќи граѓаните да се чувствуваат загрозено и уплашено, претрпувајќи психички стрес, наместо да се чувствуваат заштитено од страна на полициските службеници. Мрежата за заштита од дискриминација бара утврдување на лична одговорност од секој полициски службеник доколку тој ги пречекорил своите службени овластувања, како и од сите лица кои издале таква наредба. Бараме од Секторот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, да покрене постапка за испитување на случајот и доколку се утврди злоупотреба на овластувањата на полициските службеници, да биде поведена кривична постапка и кон нив да се изрече најстрога санкција од работен однос.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

skopje-8

Во изминатите 24 часа на 790 лицa им се издадени решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие (12/13.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 790 лицa им се издадени решенија за изолација, а 214 лицa потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано  дека шест лица не ги почитувале мерката за изолација и самоизолација.Исто така, по однос на мерката за неносење лична  заштита на лице регистрирани се 1071    прекршок.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Филипче: После 50 години целосно се реновира објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институт за трансфузиона медицина

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче заедно со заменикот министер за здравство д-р Арменд Арслани и директорот на Институтот за трансфузиона медицина д-р Садула Усеини, вчера направија увид во објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институтот, каде се врши целосно реновирање.„После пет децении целосно го реновираме објектот на специјалистичко-консултативниот оддел на Институт за трансфузиона медицина, како дел од долгорочната стратегија за унапредување на услугите во јавното здравство и подобрување на условите за работа на здравствените работници. За две и пол години ги подобривме условите во триесетина здравствени установи, а продолжуваме и понатаму да вложуваме во здравството како клучен сегмент.“ – изјави Филипче.Имено, станува збор за објект којшто е стар повеќе од 50 години, а реновирањето се извршува во рамки на планот и стратегијата за унапредување на здравствената заштита во оваа јавна-здравствена установа. Комплетно се обновува приемниот дел, направено е прилагодување и целосна реконструкција, која овозможува непречено циркуларно движење на пациентите. Во рамки на објектот ќе функционира една приемна соба за хемостатски лабораториски анализи за прием на примероци од другите здравствени установи и пациенти упатени од матични лекари за анализи, како и две амбуланти за специјалистичко-консултативна дејност.Исто така, во одделот за хемостаза се реновирани и сите лабораториски простории и оформена е дежурна соба со што целосно се исполнети условите за 24-часовно покривање на потребите на клиниките за хемостатски анализи. Целосно е реновиран и Центарот за хемофилија и обезбедени се соодветни просторни услови за згрижување на пациентите со хемофилија и други коагулациски нарушувања.Во специјалистичко-консултативниот оддел на Институтот за трансфузиона медицина се третираат пациенти со длабока венска тромбоза и површен тромбофлебит. Ова е честа патологија која се прави во Институтот. Исто така, се прават и фемостатски анализи на поголем број пациенти по индикација на лекари.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Градоначалникот на Гази Баба позитивен на коронавирус

Борис Георгиевски, градоначалникот на Гази Баба, за „Фокус“ потврди дека е позитивен на коронавирусот, откако претходно беше објавено дека бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести.– Утрово го добив тестот, засега сум добар, немам температура и примам соодветна терапија пропишана од лекарите, изјави Георгиевски.фото: Архива

Скопје | пред 5 години

tezgi

Општина Охрид објеви понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема

Врз основа на член 80, член 80а и член 81 од Законот за градење ( „Сл.весник на РМ“ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 137/13,163/13, 27/14, 28/14,42/14, 115/14, 149/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16,35/18, 64/18, 168/18, и „Сл.весник на РСМ“ бр 244/2019 и 18/2020), член 34 од Статутот на општина Охрид, член 36 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр. 5/02) , Годишната програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за 2020 год. бр. 08-815/5 од 31.01.2020 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр. 01/2020), Годишната програма за измена и дополнување Годишната програма за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Охрид за 2020 год. бр. 08-4471/19 од 29.05.2020 год. („Сл.гласник на општина Охрид бр. 06/2020,) и Одлуката за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година со бр. 08-1997/14 од 26.02.2020 година, Градоначалникот на Општина Охрид објавува:О Г Л А С бр. 01/2020 ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА ЛОКАЦИИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМАОпштина Охрид издава простор за поставување урбана опрема за комерцијално користење. Локациите за поставување на урбаната опрема се за следната намена:I. Локации за поставување урбана опрема – фрижидери за продажба сладолед – 14 локацииПоставување фрижидери се предвидени на следните локации:по должината на улица „Македонија“ вкупно 11 локацииплоштад „Крушевска Република“ вкупно 1 локацијана ул,,Климент Охридски,, вкупно 1 локациина пешачка улица кој води од канал Студенчиштакон хотел,,Парк,, – 1 локација.На секоја локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце.Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид за 2020 година.ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА СЛАДОЛЕДII. Локации за поставување урбана опрема за продажба книги – 5 локации:Локациите за продажба книги се наоѓаат на просторот меѓу комплекс Летница и ТЦ Амам, вкупно 5 локации.Продажбата на книги ќе се извршува на унифицирани тезги секоја со површина 4 м2.Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за измена и дополнување на Годишната програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА КНИГИIII. Локации за поставување урбана опрема за продажба уметнички слики – 4 локацииЛокациите за продажба уметнички слики се наоѓаат на малиот плоштад кај Долна Порта, вкупно 4 локации.Продажбата на уметнички слики ќе се извршува на простор секој со површина 4 м2.Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема за 2020 година.ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА УМЕТНИЧКИ СЛИКИIV. Локации за поставување урбана опрема за продажба сувенири – 27 локации:Локациите за продажба сувенири се наоѓаат:на влезот во комплексот „Плаошник“ вкупно 4 локациина патека од Самоилова тврдина кон комплексот „Плаошник“ вкупно 5 локациина пешачка улица кој води од канал Студенчишта кон хотел,,Парк,, – 8 локации.пред влезот на Антички театар – 1 локацијана ул ,,Македонија,, – вкупно 9 локацииПродажбата на сувенири ќе се извршува на унифицирани тезги со димензии 2.00 х 1.00 м.Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во Изводот од Годишната програма за поставување урбана опрема во Општина Охрид за 2020 година.ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА СУВЕНИРИV. Локации за поставување урбана опрема за продажба – храна; на тротоар на ул. ,,кеј,Македонија,, – 8 локацииПродажбата на храна ќе се извршува на простор секој со површина 4м2.Графички приказ со нумерички ознаки на локациите се дадени во изводот од Годишната програма измена и дополнувања на годишната програма за поставување урбана опрема за 2020 година.ЛОКАЦИИ И ОБРАЗЦИ ЗА ХРАНАЛокациите за поставување на урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 90 (деведесет) дена.VI. Почетна цена за издавање на локација е:локација за продажба на сладолед со почетна цена од 5.000.оо (пет илјади) денари/месечно по локација (на една локација може да се постават по два стандардни фрижидери);локација до 4 м2 за продажба книги на унифицирани тезги со почетна цена од 8.000.оо(осум илјади) денари/месечно;локација до 4 м2 за продажба уметнички слики со почетна цена од 8.000.оо (осум илјади) денари/месечно;локација за продажба сувенири на унифицирани тезги (2м х 1м) од 2 м2 со почетна цена 3.000.оо (три илјади) денари/месечно;локација до 4 м2 за продажбата на храна со почетна цена од 5.000.оо (пет илјади) денари/месечно.6.1 Почетните цени за издавање на локациите се однесуваат за период од 30 (триесет) дена.6.2 Во почетната цена за издавање на локација не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.6.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.6.4 Трошокот за комунална такса изнесува 7,00 (седум денари) од м2 дневно.6.5 Договорите со најповолните понудувачи за точка I, II,III , IV и V ќе се склучуваат за период од 90 (деведесет) дена.6.6 Поставувањето на урбаната опрема ќе отпочне по склучување на Договорот и добивање на Одобрение од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште.VII. Доставување на понуди7.1 Понуди можат да достават физички и правни лица регистрирани за вршење на дејност.7.2 Понудувачот треба да достави:Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на општина Охрид или на веб страната на општината ohrid.gov.mkУплатница на име депозит за учество на износ од 3.000.оо (три илјади) денари. Уплатата се врши на следната сметка:Трезорска сметка: 1000000063095Уплатна сметка: 84015206553Приходна шифра: 723914 Програма 00За правни субјектиПотврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на РСМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение-не постари од 6 месеци);Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);За физички лицаФотокопија од лична картаПотврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на локација; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);Понудите по точките I, II,III,IV и V да бидат со важност од 90 денови.Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена локација е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат локација на јавното наддавање ќе биде одбиен од вкупната цена на склучениот договор.VIII. Начин на доставување на понудаПонудата треба да се достави во затворен плик со назнака:„НЕ ОТВОРАЈ“Општина ОхридКомисија за спроведување на оглас за прибирање понуди за издавање на времено користење на локации за поставување урбана опрема бр. 01/2020Дел: , Локација бр.(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува,НА ПРИМЕР I – продажба на сладолед, Локација бр. 5)ул: „Димитар Влахов“ бр.57 6000 ОхридНАПОМЕНА:Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите. Пример за адресирање на плик за достава на понуда:„НЕ ОТВОРАЈ“„Да не се отвора пред 26.06.2020 г15.00 часот. Оглас бр.01/2020Општина ОхридКомисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за издавање на времено користење на локации за поставување на урбана опрема бр.01/2020Дел: , Локација бр.(се внесува делот и бројот на локацијата за кој понудувачот учествува)ул „Димитар Влахов“ бр. 57 6000 ОхридПонудата се доставува по пошта или лично во Архивата на општина Охрид.Општина Охрид нема никаква одговорност за ненавремена достава на понудата, нејзино предвремено отворање или губење на истата.IX. Начин на отворањеПонудите да се достават најдоцна до 26.06.2020г во 15.00 часот.Електронското Јавното наддавање ќе се одржи по евалуација на доставените понуди. Јавното надавање ќе сеодржина www.eaukcijaohrid.mk Напатствија ,инструкции и лозинка во писмена форма ќе добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање.За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќе бидат известени на контакт адресата на понудувачот и web страната на општина Охрид.За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за локација под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 7.2.X. Предмет на јавно наддавањеПредмет на јавното наддавање е тримесечната конечна цена;XI. Склучување на договорДоговор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.Договорот ќе се склучи во рок од три дена од денот на подигнување на Решението за избор на најповолен понудувач.Пред склучувањето на Договорот понудувачот е должен во целост да ги измири сите трошоци кои произлегуваат од постапката вклучувајќи ја и комуналната такса.Графичките прикази со нумерички ознаки на локациите за поставување урбана опрема заинтерисираните субјекти можат да ги превземат од web страната на општина Охрид, www.ohrid.gov.mk или секој работен ден од 14.00-15.00 часот во просториите на општина Охрид.Комисија за спроведување на постапка за издавање на времено kористење на површини за поставување урбана опрема со Решение бр. 09-4809/1 од 04.06.2020 г.Татјана СтојческаЈане БаткоскиАна Снегар СтојкоскаАлександра ПирузеваБиљана Анѓелоска

Македонија | пред 5 години

8-mi-septemvri

Скандалозно барање: Османи сакал владина комисија да ја преиспита работата на Инфективната клиника и ГОБ „8 септември

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи побарал Владата да формира посебна комисија за да го испита работењето на Инфективната клиника и на Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, оти како што кажал, „многу луѓе умирале“, дознава САКАМДАКАЖАМ од владини извори кои биле присутни на состанокот што вчера преку конференциска врска се одржувал меѓу Кризниот штаб на Владата и Комисијата за заразни болести.Министерот за здравство Венко Филипче, кој на состанокот седел од страната на колегите лекари, бурно изреагирал на овој предлог на Османи, бидејќи сите лекари што се членови на Комисијата за заразни болести биле исклучително навредени.„Лесно е да се соли памет кога се седи во фотелја далеку од ризикот за зараза со коронавирус“, раскажуваат изворите на САКАМДАКАЖАМ.МК за реакцијата на лекарите.Текстот во целост на: СДК.МК 

Македонија | пред 5 години

motor

(ФОТО) Судар во Охрид, повреден моторциклист

Сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 19 часот на ул Јане Сандански. Се судрија автомобил и мотор. Во несреќата повреден е моторциклистот кој е пренесен во општа болница Охрид.

Македонија | пред 5 години

Zan-mitrev-pacient

(ВИДЕО) На клиниката „Жан Митрев“ излекуван заразен пациент со КОВИД 19, со прочистување на крвта

Во саботата во доцните ноќни часови бил примен пациент во итна состојба, во хеморагичен шок, заради руптура на абдоминална аневризма. Оваа состојба пациентите не ја преживуваат доколку веднаш не се оперираат, а крварењето се решава со замена на абдоминалната аорта со васкуларна протеза.Бидејќи од Министерството за здравство е дозволено пациентите со Ковид-19 да се лекуваат во центрите одредени за тоа, од Клиниката „Жан Митрев“ веднаш после операцијата се обиделе да го префрлат таму, бидејќи од хируршка страна бил згрижен (операцијата била успешно направена), но не успеале, со образложение дека капацитетите им се преполни и не го примиле пациентот.Моравме да продолжиме со лекувањето и следниот ден го ставивме на континуирано испирање на крвта со специјален филтер, кој ги отстранува сите инфективни медијатори, кои се создаваат од било која инфекција во крвта. Оваа метода ја работиме наназад 8 години и со огромното искуство, кое досега го имаме со слични состојби од различни причинители, знаевме дека ова е единственото што може да му го направиме на овој пациент со надеж дека сме му помогнале, бидејќи со Ковид-инфекција во ваква состојба немавме искуство. Вообичаено оваа филтрација се одвива 48 часа континуирано, но кај овој пациент само после 12 часа филтерот комплетно се запуши. Тоа зборуваше за многу ослободени медијатори на инфекцијата и токсини, кои во тоа време циркулирале во крвта“, велат од Клиниката „Жан Митрев“.Пациентот после оваа филтрација на крвта многу добро се опоравувал, па по два дена направиле повторен тест за Ковид-19, на кој бил негативен. И наредните 3 теста покажале негативен резултат. Така што, после само 6 денови лекување, пациентот во добра општа состојба и негативен на коронавирус го пуштиле дома.

Македонија | пред 5 години

Foto-1

Нема договор за нов датум, пропадна уште една средба на Заев и Мицкоски

Од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски информираат дека вечерва не е постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори.„На средбата се разговараше за различни аспекти на изборниот процес, при што и двете страни понудија аргументи во прилог на нивните позиции. На средбата не беше постигнат договор за одредување датум за предвремените парламентарни избори“, пишува во соопштението по средбата.Заев и Мицкоски се договориле да ја продолжат комуникацијата меѓу себе. На покана на претседателот Стево Пендаровски, вечерва во „Вила Водно“ се одржа средба со лидерите на СДСМ, Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Македонија | пред 5 години

IMG-d40fd6273c0c1b5dc314a46374c176c8-V

(ФОТО) Приведен маж од Сингелиќ, пронајдени автоматска пушка и пиштол

Денеска околу 13 часот на ул. „М.А.Ченто“, на патот кон с. Арачиново  Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Единицата за интервентна полиција на СВР Скопје го лиши од слобода Д.Ф. (30) од с. Синѓелиќ, кој на себе носел панцирен елек и пиштол „Смит и Весон“, а бил заедно со полициски службеник, кој не бил на работа,а  со кого седеле во угостителски објект. Потоа е извршена контрола на возило „сеат ибица“, паркирано од Д.Ф.  и пронајдено е една автоматска пушка и една рамка од пушката, рамка од пиштол полна со куршуми. По документирање на случајот Д.Ф ќе биде предаден на надлежен обвинител, а во расчистување на случајот е вклучен и Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди.ж фото: Архива 

Скопје | пред 5 години

Civil

ЦИВИЛ: Избори на 5 јули, државата веќе не може да си дозволи одложување

ЦИВИЛ ги повикува политичките партии да донесат решение за конечно одржување на предвремените парламентарни избори во Република Северна Македонија. По бројните одложувања на нешто што требаше да бидат брзи предвремени парламентарни избори, нашата земја веќе нема ниту еден ден за чекање. На земјата итно ѝ се потребни функционални институции, парламент и влада со целосен капацитет.Претседателот Пендаровски јасно и недвосмислено ги образложи своите одлуки за воведување на вонредната состојба во изминатиот период: Вонредната состојба нема врска со статистиките од ширењето на коронавирусот, туку со потребата да се овозможи носење одлуки во општествено-економските и здравствените сфери.Одложувањето на изборите од 21 јуни на 5 јули веќе е неприфатливо големо поместување на датумот за избори. Нашата држава веќе не може да си дозволи техничка влада што е составена за да организира парламентарни избори, а не да се бори со тешка закана за здравјето и животот на луѓето. Оваа држава веќе не може да си дозволи ни целосно отсуство на парламент.Ако нема парламент, нема ни демократија.Не постои ниту еден правен, политички, здравствен, па ни морален аргумент со кој изборниот процес може да се сопре или да се одложува за подоцна од 5 јули, освен за да се задоволат политичките амбиции на поединечни политички структури.ЦИВИЛ ги повикува релевантните институции час поскоро да ги започнат подготовките за одржување на изборите, да изработат здравствени протоколи за безбедно спроведување на изборниот процес.ЦИВИЛ ги повикува политичките партии да придонесат кон подобрување на политичката клима во земјата со јавни изјави и осуда на лажните вести и говорот на омразата. Тие се најодговорни за спроведување на фер, демократски и слободни избори, во кои гласачите можат да направат информиран избор, слободно и без страв.Изборниот процес ќе биде толку безбеден за здравјето колку што граѓанките и граѓаните ќе се придржуваат кон мерките за заштита и колку што институциите ќе покажат високо ниво на одговорност, што важи и за секој друг ден во животот на луѓето.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

samka-zaev-960x504

(ФОТО) Самка Ибраимоски бара избори на 5 ти ЈУНИ

Темата избори ја победи темата за корона вирусот. Оние кои сакаат брзи избори  својот став јасно го објавуваат на социјалните мрежи.  Додека едни се за брзи избори, а други за после пандемијата Самка Ибраимовски сака избори на 5 јуни. фото: ФБ

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања