Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

Нема фотографија

Денеска сончево и топло од утре до четврток нестабилно со честа појава на пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло, а попладне ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а во западните подрачја повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне до 33 степенВо Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност., со температура до 29 степени.Од вторник до четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

08062020_MZ_Filipche_PKZB_Karadzovski_DCJV_Ziberi_pres-konferencija-3

Филипче: Почитувањето на мерките е клучот во борбата против коронавирусот

Единствениот начин да го заштитиме нашето здравје, но и здравјето на нашите најблиски е преку целосно придржување на мерките - задолжителна употреба на заштитна маска на лицето, физичка дистанца и често миење на рацете.„Апелирам сите да ги почитуваме овие три правила за да можеме да ја надминеме оваа состојба, оваа здравствена криза предизвикана од ковид-19. Почитувањето на мерките е клучот во борбата против коронавирусот. Само заеднички може да успееме во оваа битка и само заеднички може да го спречиме ширењето на вирусот. Од самите нас зависи. Да бидеме одговорни граѓани и да не се групираме“, рече министерот Филипче.При секое излегување надвор, да се придржуваме во мерките - растојание од два метра во затворени и отворени јавни простори. Да не се групираме повеќе од две лица, пришто од група од двајца не се вбројуваат и деца под 14 години на тие лица. Задолжително е носење на маска, марама, шал во сите затворени простори. Заштитна маска се носи и надвор кога не сме во можност да ја одржиме потребната дистанца од 2 метра.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

pelevski

Палевски за „Во Центар“: Верушевски и Мијалков го “режираа” 27 април!

Контроверзниот бизнисмен, политичар и политички аналитичар, Љупчо Палевски по повеќе месечен естрадиционен притвор во Србија и Хрватска пред десетина дена се врати во Македонија. Во екслузивното интервју за емисијата Во Центар, Палевски кажува работи што досега не се објавени а кои сигурно ќе ја шокираат македонската јавност, објави vocentar.com. За публиката да биде подобро информирана, Палевски пред 20-тина години беше Претседател на Градскиот Одбор на СДСМ и близок соработник на тогашниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски и близок пријател со покојниот Лазар Китановски ( кој беше министер за одбрана, директор на Агенцијата за разузнавање, но и задолжен за соработка со странските служби и за контрола врз политичкото и параполитичкото подземје во Македонија). Исто така Палевски е близок пријател, или што би се рекло и човек од доверба, на Зоран Верушевски.Во оваа интервју Палевски објаснува како длабоката држава функционира на Балканот, за тајните сметки на македонски и албански политичари во Панама и во Европа, колку фирми има Али Ахмети, колку и каде има Бујар Османи, која и за што служи фирмата на Светозар Јаневски. Палевски смета дека неговото држење во скоро десет месечен естрадициски притвор е резултат на делувањето на таа длабока држава.Според Палевски, тој ги има поврзано Црвенковски и Мијалков со посредство на Лазар Китановски и дека со помош на опрема купена од Мијалков која е сместена во стан во Лептокарија, а за тоа да не биле информирани премиеропт Љубчо Георгиевски и министерката за внатрешни работи, Доста Димовска, е реализирана операцијата Големото уво. Тоа се шокантни тврдења бидејќи излегува на површина дека владата на Љубчо Георгиевски била соборена од власт со афера која ја има помогнато шефот на условно речено военото разузнавање од таа партија,објави vocentar.com. Според Палевски, постојат три системи за прислушкување и тие и денес функционираат а дека Вистината за Македонија е реализирана со прислушкувањее преку опремата на МВР. Тие материјали синот на Верушевски му ги предал на Заев кој во тој момент се криел и спиел во седиштето на СДСМ.И тоа што е најшокантно и најконтраверзно, Палевски кажува дека настаните на 27 април ги имаат режирано Верушевски и Мијалков.Текстот и видеото во целост се земени од vocentar.com. 

Македонија | пред 5 години

sv-erazmo

(ВИДЕО) Денеска е Св. Еразмо Охридски, заштитник на патниците

Денеска е Св. Еразмо Охридски.  Утрово во 07:30 часот започна Утрената богослужба, со која чиноначелствува Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарко-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.https://www.facebook.com/svetierazmo/videos/3470946596303027/https://www.facebook.com/svetierazmo/videos/709839872924112/Инаку Св Еразмо беше родум од Антиохија, а живееше за време на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизуваше на Ливанската планина, а во Охрид дојде веќе како епископ за да го проповеда Евангелието. Во тоа време Охрид се уште беше пагански град. Тука со молитва го воскресна синот на некој си Анастас, кој потоа се крсти. Поради неговата проповед многумина поверуваа во Христа, па во Охрид тогаш пропаднаа скоро сите идолски жртвеници. Заради тоа светителот беше изведен пред суд од страна на Максимијан и затворен. Но, ангел го ослободи од затворот, како некогаш апостолот Петар. Потоа свети Еразмо за некое време замина во Кампања, а најпосле се повлече во градот Хермелија. Тука во мир го предаде својот дух на Бога во 303 година.Свети Еразмо ОхридскиСветец со силен култ во ОхридскоПоради неговата мисионерска дејност и големите заслуги за ширењето на христијанството свети Еразмо во нашиве краишта бил сликан заедно со Седмочислениците.Овој светител, од Бога даруван со чудотворна моќ, е роден во Антиохија и живеел за време на царевите Диоклецијан и Максимилијан. Како архиереј патувал и го проповедал Евангелисто па така стигнал и во Охрид. Откако го воскреснал синот на некој човек по име Атанас, крстил многу луѓе, а идолските жртвеници ги разурнал. Поради тоа бил обвинет кај царот Максимилијан, кој му наредил да му се поклони на бакарниот кип на Зевс и да му принесе жртва. Но, Еразмо направил од статуата да излезе ламја и да го исплаши народот. По овој настан св. Еразмо крстил 20 000 луѓе, но по наредба на царот сите биле исечени, а Еразмо бил затворен. Но тогаш се јавил ангелот и го ослободил од затворот, како што многу порано го ослободил св. Петар. Св. Еразмо пред смртта се повлекол во една пештера и во молитви го минал животот. Починал во почетокот на ИВ век.Во близината на Охрид има пештерска црква посветана на св. Еразмо Охридски, а во близина на црквата има вода за која се верува дека е лековита, особено на денот на светителот.Култот на свети Еразмо бил раширен и во западните земји: Италија, Шпанија, Франција, Германија и др. „Во земјите на византиската и словенската културна сфера, според сегашните сознанија, неговиот култ пушти корења само во охридскиот крај каде што се одржа во долг хронолошки распон, подолг отколку на кој и да било друг светител во македонските краишта“.Споменот на св. Еразмо во Македонија се празнувал уште во времето на свети Климент, прифаќајќи го неговиот култ втемелен многу порано. Во текот на 19 век, за време на македонската преродба зографите мошне често кај композицијата на Седмочислениците ја сликаат и фигурата на св. Еразмо заради неговата мисионерска дејност и заслуги во ширењето на христијанството.

Македонија | пред 5 години

karadzoski

Караџоски: Никој, никаде не го прекинал изборниот процес поради ковид

Жарко Караџовски, шефот на Комисијата за заразни болести, во интервју за „Слободна ТВ“ денеска вели дека Државната изборна комисија го добила од нив протоколот за спроведување на предвремените парламентарни избори.– Да, комисијата доби задача да изготви изборен протокол. Никој никогаш не ни рекол кога ќе бидат изборите. ДИК во полн состав беше повикана кај нас, а од нас беше побарано да им дадеме критериум за да се спроведе изборниот ден. Комисијата изготви протокол и тој е доставен до ДИК. Но, ние кажавме дека не можеме да проектираме во кој период може да има избори. Само кажавме кои критериуми треба да се задоволат за да се спроведат. И во соседството се подготвуваат за избори. Никој, никаде не го прекинал изборниот процес поради ковид, истакна  Караџовски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

liderska-sredba

Пендаровски ќе прогласи вонредна состојба доколку партиите се договорат за датум за избори

Претседателот на државата Стево Пендаровски е подготвен да донесе нова одлука за прогласување на вонредна состојба на територијата на цела држава, доколу за тоа има консензус од сите политички субјекти, информираат од неговиот Кабинет.„Ова ќе се случи само доколку претходно биде постигнат меѓупартиски договор на сите политички субјекти за датум на предвремените парламентарни избори, заради создавање на правна рамка за нивно непречено организирање и спроведување“, се наведува во соопштението.Засега договор меѓу партиите нема. Според Заев во ваков случај останува 5 јули како датум за избори, а лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски денеска преку прес конференција порача дека за неговата партија прифатливи се избори кон средината на јули.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

gdu

ГДУ до Пендаровски: Апелираме да почнете да се однесувате како Претседател на Републиката, а не како нечиј советник

ГДУ со отворено писмо до претседателот. Во соопштението тие пишуваат:-Чувствувам обврска да Ви се обратам на овој начин затоа што за моја искрена жал, станавте составен дел од еден крајно манипулативен процес предводен од двоецот Заев-Мицковски, процес кој се случува пред целата македонска јавност во исклучително трагичен период, се вели во соопштението од  ГДУ.Независно од Вашите критериуми, Ви обрнувам внимание дека употреба на еуфемизмите од типот „инклузивност“ што на прост македонски јазик се нарекува – вклученост, подразбирање, сеопфатност, а од пристојност и кон Вас и кон Вашата функција, еуфемизам нема да Ви го преведувам, од вклученост досега не видовме ништо.Ви обрнувам внимание дека настрана од екипажот на „Двоецот со кормилар“ СДСМ,ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, на гласачкото ливче се наоѓаат уште единаесет политички субјекти кои настапуваат самостојно. Нашата маленкост, Граѓанско Демократската Унија- ГДУ е под реден број седум (ова е доколку сакате да гласате за нас во ИЕ1)Не можам да зборувам во името на другите политички партии, но верувам дека и кај нив има одредено незадоволство од начинот кој е под секое елементарно ниво на пристојност, недостасува уште и нас и граѓаните да не прогласите за скап и непотребен декор.Веројатно е бесполезно, но апелирам до Вас, да почнете да се однесувате како Претседател на Републиката, а не како нечиј советник и да ги земете во предвид сите аспекти од Вашето досегашно постапување. Не Ви треба тој кајак на кој се надевам, се наоѓате без Ваша волја, се вели во соопштението од  ГДУ.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-2

162 нови случаи на ковид 19, починаа 9 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-92, Куманово-3, Дебар-5, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-32, Струга-3, Охрид-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-1, Крива Паланка-1, Свети Николе-1, Ресен-14.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти од: Скопје-2, Прилеп-2 и Тетово-1.Починати се 9 лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62г), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62г), хоспитализиран пред три дена.Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Скопје (69г) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73г) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70г) хоспитализирана на 2 јуни.Во болницата во Прилеп почина пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово почина пациент (59г), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69г) а во болницата во Гостивар на пациентка (58г) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на ковид е докажан постмортем.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4057, бројката на оздравени пациенти е 1710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2159. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 1858, активни 1210•       Куманово 640, активни 221•       Дебар 61, активни 10•       Штип 238, активни 196•       Прилеп 228, активни 20•       Тетово 413, активни 239•       Струга 127, активни 49•       Велес 150, активни 27•       Битола 33, активни 6•       Охрид 69, активни 51•       Кавадарци 6, активни 1•       Гостивар 66, активни 41•       Гевгелија 8, активни 4•       Струмица 8, активни 5•       Крива Паланка 10, активни 4•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 3, активни 0•       Кочани 54, активни 23•       Пробиштип 11, активни 9•       Демир Хисар 1, активни 0•       Македонски Брод 3, активни 1•       Пехчево 5, активни 2•       Берово 2, активни 1•       Валандово 4, активни 3•       Виница 3, активни 0•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 3, активни 1•       Свети Николе 9, активни 8•       Кичево 3, активни 1•       Ресен 19, активни 18•       Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 778 теста се преку: ИЈЗ –370 , ЦЈЗ Скопје-26, Авицена –125, Биотек –72, Систина со PCR метода –74 и МАНУ -111.  До овој момент лабораторијата на Жан Митрев (Филип Втори) не пријави тестирања во Институт за јавно здравје. Доколку стигнат, ќе бидат објавени во следниот извештај.Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 нови, а вкупно хоспитализирани 96 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, а вкупно хоспитализирани 77 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 20 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 22 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 63 пациент - позитивни и сомнителни на ковид-19.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

27-05-2020-Zaev

Заев: Петти јули е законски датум за изборите и тие ќе се одржат со или без ВМРО-ДПМНЕ

Стравот од пораз на изборите не смее да биде причина на било која партија да бојкотира избори или да бара нивно одложување и со тоа да ги става во опасност и народот и државата, се вели во реакцијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, која тој ја објави нецел час по прес-конференцијата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Заев на ФБ напиша:Итно одржување на изборите е неопходно и екстремно важно за да ги вратиме институциите кои мора да им служат на граѓаните со полн капацитет и легитимитет.Тоа е неопходно и за подобро справување со здравствената и економската криза предизвикана од КОВИД-19.Датумот за изборите не е и не може да биде ниту партиска ниту лична желба, тој е одреден од уставот и законите.На Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ здравјето на граѓаните воопшто не им е важно, тоа се само изговори за да нема избори. На средбата кај Пендаровски, Христијан Мицкоски не спомена ниту З од здравје на граѓаните, ниту З од здравство или здравствена криза.Граѓаните тоа го знаат. Впрочем токму Мицкоски шеташе по кафани и теретани, прекршуваше мерки, а неговиот министер Чулев го поткопува системот одвнатре и го загрозува здравјето на граѓаните.Цели три години ВМРО-ДПМНЕ правеше опструкции, кочници, бојкоти.ВМРО-ДПМНЕ бараше предвремени избори, дадовме предвремени избори. Од декември наваму измислуваат изговори само да ги одложат, затоа што знаат дека граѓаните ќе ги казнат, знаат дека ќе загубат.Нема веќе бегање, нема одложување. Доста е!Стравот од пораз на изборите не смее да биде причина на било која партија да бојкотира избори или да бара нивно одложување и со тоа да ги става во опасност и народот и државата.Сите законски и уставни услови за одржување на изборите се исполнети. ДИК како извршно тело има обврска да ги спроведе изборите кои по закон и устав се на 5 јули. За непостапување по законите следува одговорност.Нема да дозволиме Мицкоски да ја втурне земјата во институционална криза, без Собрание и политичка Влада, нема да дозволиме да биде загрозена безбедноста, сигурноста и здравјето на граѓаните.Ние не сакаме избори без опозиција, но ако Мицкоски се одлучи на тоа, ние ќе покажеме што можеме да направиме во еден мандат без саботажи.https://www.facebook.com/zaevzoran/photos/a.10152031170622932/10158747442382932/?type=3&theater 

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Костадинов: Лажниот патриот Дурловски во сред пандемија купува хектари земјиште

Еден од водачите на протестите За заедничка Македонија и упадот во Собранието, а денес носител на изборна листа на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дуроловски, својот наводен патриотизам го покажува со купување на хектари македонска земја, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.Овде, во Свети Николе, Дурловски заедно со уште пет други лица купиле 12 хектари земјиште.120.000 квадратни метри земјиште купил фејк патриотот Дурловски заедно со уште 5 други лица.Неодамна во јавноста излегоа информации дека Дурловски заедно со водачите на протестите и крвавиот четврток добиле 200.000 евра за своите активности.Дали со парите за напад врз пратеници и новинари, денес лажниот патриот Дурловски купува десетици илјади квадрати македонска земја?Дали со парите за крвавиот четврток, денес Дурловски станува земјопоседник?Додека глумат загриженост за граѓаните, функционери на ВМРО-ДПМНЕ купуваат хектари земјиште низ државата. Класично лицемерие на фејкњуз партијата ВМРО-ДПМНЕ.Уште еднаш се потврдува дека и Дурловски и целото раководство на ВМРО-ДПМНЕ мислат само на свои, лични и бизнис интереси и воопшто не се грижат за граѓаните и државата.Таквото нивно незрело, неодговорно и несериозно однесување уште еднаш ќе биде казнето од граѓаните, истакна Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Македонија | пред 5 години

zoran

ЗОРАН КРСТЕВСКИ: Потиснати емоции

Колумна на универзитетскиот професор Зоран Крстевски, доктор по филозофски науки, мотиватор и тренер за личен развој, за вечер.пресс.Животните ситуации исполнети со страв, неизвесност, немир и самоизолација создаваат силни бранови на негативни емоции и будат несигурност во перспективите на иднината. Кога навиките и стилот на живеење неочекувано се менуваат експонирајќи закани од болест, губење на работно место, финансиска оскудица и разни отуѓувања, во тој случај стресогените фактори, депресијата и кризата земаат сè поголем замав.Да се биде присебен кога се присутни големи закани, проблеми и притисоци е показател за зрело, мудро и одговорно однесување. Како што железото се кове додека е најжешко, така и човековиот дух се испитува кога е најтешко. Токму во проблематичните животни ситуации се согледува од што е поттикнат (воден) човекот – од силна волја, храброст и посветеност или од лабилност, малодушност и плашливост. Зрелите и одговорни поединци рационално им пристапуваат на тешкотиите и нè дозволуваат емоциите да им создадат манифестација на негативизам, непријателство, гнев и страв. Тие знаат дека подлегнувањето на стресот и ширењето негативна енергија нè придонесуваат за излез од кризата.ЖИВОТОТ Е ТАКОВ, КАКВИ ШТО СЕ НАШИТЕ ЕМОЦИИ. ЕМОЦИОНАЛНОТО СТРАДАЊЕ И ТРОШЕЊЕТО НА УМСТВЕНИТЕ СИЛИ НА ПРАЗНИ МУАБЕТИ, ПРАЗНИ НАДЕЖИ, НЕГАТИВНИ ЛИЦА И НЕГАТИВНИ ВИБРАЦИИ СОЗДАВА НЕСПОКОЈСТВО И ДИСХАРМОНИЈА.Негативните емоции оставаат многу подлабока трага во свеста на луѓето. Кога подолг период чувствуваме дека нештата не се одвиваат како што посакуваме, таквата околност лошо се одразува врз емоционалната стабилност на личноста. Да се биде постојано нерасположен, вознемирен и несреќен значи дека доминираат ограничувања кои бараат подробно согледување, преиспитување и разрешување. Честопати причината за психофизичката криза произлегува од неисполнетите очекувања; професионалната или љубовната нереализираност; блокадата на креативен план; физичката слабост; ниското ниво на позитивна енергија; незадоволството од самите себеси и од околностите на животот.Да се биде среќен, ведар и полн со елан во овој свет полн со неправди, интриги, лаги и тензии воопшто не е лесна задача. Ведрината, позитивната аура, мирот и насмевката ќе станат дел од нашето живеење доколку ги елиминираме влијанијата кои  будат ниски вибрации, незадоволство и негативно размислување.Емоционалната вознемиреност поради лица и настани кои нè придонесуваат да се чувствуваме убаво може целосно да ја исцрпи нашата творечка сила. Кога сме под удар на негативни вибрации произлезени од поединци кои постојано се жалат и под влијание на константен смут, критицизам, непочитување, притисоци и неправди на работно место, лажни пријателства и негативни општествени влијанија тогаш внатрешно се разнебитуваме и нема да постигнеме мир со себе. Излезот од дисхармоничните вибрации е процес што бара повеќе да се почитуваме самите себеси; предност да им дадеме на убавите нешта со кои сме опкружени; да се фокусираме кон позитивните мигови и да сфатиме дека со трпеливо работење проблемите можат да бидат надминати.ОПТИМИЗМОТ И ПОЗИТИВНИОТ ДУХ ГИ ПОДИГААТ ВИБРАЦИИТЕ И ОВОЗМОЖУВААТ ДА СЕ ЧУВСТВУВАМЕ ПОЗДРАВО, ДА БИДЕМЕ ПОСИЛНИ, ДА СОЗДАВАМЕ ПОПРИЈАТНИ ОДНОСИ И ДА СТАНЕМЕ ПОКРЕАТИВНИ И ПОПРОДУКТИВНИ ВО ИЗВРШУВАЊЕТО НА РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ. МЕЃУТОА, АКО НАСПРОТИ ВИЗИЈАТА ЗА УСПЕХ ДОЗВОЛИМЕ НАШАТА ЕМОЦИЈА ДА БИДЕ ВОДЕНА ОД СТРАВОТ ОД НЕУСПЕХ, ВО ТОЈ СЛУЧАЈ МНОГУ ТЕШКО ЌЕ НАПРЕДУВАМЕ ВО ЖИВОТОТ.Недостигот на љубов, почит и внимание се дел од причините за внатрешната криза и за чувството на неисполнетост. Кога сме сакани, позитивно третирани и вреднувани од блиските, тогаш нужно стануваме среќни, задоволни и исполнети. Неретко незадоволството произлегува и од преголемата потреба да им се допаднеме на другите и по секоја цена да бидеме видени и вреднувани од јавноста. Таквата ориентација лесно може да нè направи несреќни, бидејќи туѓите мненија честопати се променливи, несигурни и полни со критицизам и завидливост. Кога не зависиме од судот на јавноста и помалку се потпираме на надворешни влијанија, тогаш имаме поголема шанса да постигнеме мир и хармонија. Главната цел треба да ни биде определбата самите на себеси да си дадеме љубов, почит и внимание. Секогаш се добредојдени искрените зборови и позитивните чувства споделени од блиските, но целосното потпирање на туѓите сугестии и емоционални изблици може да создаде потешкотии за хармонично одржување на интегритетот на личноста.Емоциите се тесно поврзани со физичкото здравје, а многу болести се предизвикани од пресилни чувства или од нивно потиснување. Заблудите, идеализациите и потиснувањата нè можат да донесат ништо позитивно во животот.Постојаната подложност на стрес, освен на менталното здравје, влијае и врз физичкото здравје. Истражувањата утврдиле дека постои „синдром на скршено срце“, а кое е последица на душевна болка предизвикана од голема тага, емоционална вознемиреност и анксиозност по смрт на сакана личност; напуштање или изневерување на партнер/ка; губиток на работно место; страдања во семејството или финансиски банкрот. Симптомите на синдромот се слични на оние кои се јавуваат при инфаркт и можат да вклучат болка во градниот кош, проблеми со дишењето, низок крвен притисок, аритмија и привремен застој на срцето. Исто така, „скршеното срце“ (емоционалниот стрес) влијае и врз имунолошкиот систем што може до доведе до разни воспаленија и слабеење на способноста на организмот за одбрана од вируси и инфекции.Потиснувањата на емоциите (психичките трауми) предизвикуваат негативни ефекти, бидејќи го „јадат“ телото однатре. Решението е во пронаоѓање емоционален вентил преку кој ќе се ослободат гневот и тагата, без притоа да им се наштетува на другите луѓе. Физичката и креативна активност можат многу да помогнат во неутрализирањето на негативните емоции. Прошетките во природа, спортувањето, медитацијата, цртањето или пишувањето се идеални стратегии за постигнување смиреност.Акумулираните и неизразени тага, жал и лутина можат да бидат значаен фактор за појава на чир, мускулна тензија, колитис, депресија, покачен крвен притисок итн. Многумина ги потиснуваат своите чувства со цел да не биде забележана нивната емоционална слабост и ранливост. Таквите поединци велат: „Ако ги препознаам и истакнам тагата и стравот, јавноста ќе открие дека не сум цврста и силна личност, дека лесно можат да ги повредат моите чувства“. Тоа предизвикува да  замижат пред своите болни емоции, дозволувајќи ѝ на фрустрацијата длабоко да се вкотви во нивното битие. Проблемот е што неизразените емоции (сеќавања) нè исчезнуваат, туку се враќаат на уште потежок и повознемирувачки начин, иницирајќи несигурност, анксиозност и ирационалност во постапките. Долготрајната подложност на анксиозност создава потешкотии во поглед на концентрацијата, меморијата, спиењето и односите со другите луѓе.Неразрешените трауми и потиснатите емоции ја уриваат самодовербата и можат да предизвикаат психофизички замор, панични напади, главоболки и стомачни проблеми.Древните Кинези сметале дека треба да се избегнуваат пресилни емоции, зашто тие ја исцрпуваат енергијата на телото. Според нивната философија на живеење, „мудро ќе постапиме доколку успееме да ги контролираме емоционалните изблици произлезени од пресилна радост, гнев, страв, мака, загриженост, тага и емоционален шок“.Голем број од проблемите произлегуваат од насобраниот емоционален отров, од ниското ниво на самопочит, од губењето на надежта и од чувството на безизлез. Умереноста, сталоженоста и позитивниот пристап се клучни за воспоставување психофизичка хармонија и напредок.Секој човек поседува моќ и сила за креирање позитивна промена. Со промена на менталната матрица и со духовно зајакнување на личноста можеме да ја исцелиме душата и да се ослободиме од наталожените грижи и фрустрации. Креативната визуализација, молитвата, контактот со природата, прегратките со најблиските, фокусот кон убавото и пронајдената смисла во животот создаваат чуда, бидејќи ги будат позитивните вибрации и го неутрализираат емоционалниот отров.Заклучокот е да се потпреме на самите себеси, да бидеме со добри луѓе и да научиме правилно да ги управуваме своите емоции, зашто кога умот царува, а душата се радува – животот хармонично напредува.фото: Архива

Магазин | пред 5 години

103453572_188055155889968_2874637313001191954_n

(ФОТО) Започна реновирањето на куќите на ромските семејства во Виница

Започна првата фаза на реконструкција и реновирање на куќи на најзагрозените ромски семејства во виничката населба Блок 18. Во оваа фаза ќе се реконструираат и реновираат 11 од вкупно 22 предвидени, кои се оценети како куќи со најлоши и штетни услови за живеење. Реконструкцијата и реновирањето на куќите е дел од Проектот „Обезбедување пристојни услови за домување за ромската заедница во Општина Виница – СДХ“, кој го спроведуваат ЦЕЛИМ Македонија и Ромски ресурсен центар, во соработка со Општина Виница и со Кабинетот на Министерот без ресор задолжен за спроведување на Националната стратегија за подобрување на состојбата на Ромите во Р.С. Македонија. Проектот е финансиран од Европската Унија.Во рамките на овој проект, паралелно се работи и на легализација и обезбедување имотни листови за повеќе од 200 куќи во сопственост на социјално загрозени семејства, а започна и постапката за донесување детален урбанистички план за овој дел од Виница.Со овој проект ќе се реализираат и низа други инфраструктурни работи во виничкиот Блок 18. Ќе се изгради фекална канализација во должина од 400-500 метри, локални улици во должина од 3.000 метри, ќе се изградат потпорни ѕидови на места и улици каде што постои опасност од свлечишта, ќе се постават 40 соларни светилки во досега неосветлените улици и 30 контејнери за отпад.ЦЕЛИМ Македонија е подружница на ЦЕЛИМ (Centro Laici Italiani per le Missioni) од Милано, невладина организација oснована во 1954 година, која спроведува проекти на Балканот, во Блискиот Исток и во Африка.

Македонија | пред 5 години

mickoski-1

Мицкоски најави бојкот, нема да учествува на изборите на 5 или 8 јули, а тоа значи нова криза

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека неговата партија нема да учествува на изборите, доколку тие се одржат на 5 или 8 јули. Тој бара избори во средината на јули или тогаш кога ќе дојде мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, од каде, како што тврди Мицкоски кажале дека можат да пратат оценувачка мисија, но не и набљудувачка мисија. Мицкоски е дециден, велејќи:„Избори на и 8 јули не доаѓа во предвид“. „Ќе имаме избори кога ќе имаме јасни протоколи за заштита на здравјето на нашите сограѓани. Ако сака да оди на избори, нека оди. Јас нема да поддржам и да го легитимирам тоа. ВМРО-ДПМНЕ нема да биде дел од тие избори ниту на 5 ниту на 8 јули. На состанокот кај Пендаровски се слушаше само 8-ми јули“, посочи Мицкоски.Тој не сакаше да сподели што се зборело кај претседателот Пендаровски каде беше со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Мицкоски најави дека утре ВМРО-ДПМНЕ ќе има состанок на Централниот комитет, по што, додаде „До крајот на денот власта да се вразуми, избори на 5-ти или 8-јули не прифаќаме“.„Ние имаме два услови, јасни протоколи за здравјето на граѓаните, а втор е мисијата на ОБСЕ/ОДИХР да биде присутна на изборите. Тоа што го соопшти денес ОБСЕ/ОДИХР е невозможно да се случи. Доколку ОБСЕ/ОДИХР ја воспостави мисијата денеска, тогаш кампањата може да почне утре. Од она што можам да го видам е дека ОБСЕ/ОДИХР нема да праќа набљудувачка мисија туку оценувачка мисија. Тоа е степен подолу од набљудувачката мисија. Според ОБСЕ/ОДИХР тоа ќе бидат седуммина. А најрано можат да дојдат е 17 јуни, а не порано од 22 јуни, што значи дека ако одлучи Зоран Заев и СДСМ да води избори на 5 и 8 јуни ќе започнат без мисија на ОБСЕ/ОДИХР што е надвор од вредностите на Европската Унија“, додаде Мицкоски.фото: Архивав

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Петров: Преку платежните картички и ваучери ја зголемуваме куповната моќ и домашната потрошувачка

Нашата цел е јасна – заедно ќе ја пребродиме кризата со коронавирусот и заедно ќе излеземе од оваа криза, уште похрабри и уште посилни. Уште од самиот почеток на кризата, презедовме низа мерки преку кои со директна финансиска поддршка им помагаме на граѓаните и на компаниите полесно да ја пребродат оваа глобална криза, истакна Коста Петров, потпретседател на СДСМ.Во тек е реализација на третиот пакет на економски мерки, наменет за 730.000 корисници и со вредност од 355 милиони евра. Целта на овој пакет е да ја зајакнеме приватната и јавната потрошувачка и да креираме нова, развојна македонска економија. Со овој пакет мерки ја поддржуваме нашата економија и нашите производи и услуги а со тоа и ги штитиме работните места на граѓаните но и креираме нови.Дел од третиот пакет мерки е домашната платежна картичка „Купувам домашно“.Вкупно 28 милиони евра им се доделуваат на 324.479 граѓани, како директна парична поддршка од државата со цел да се зголеми куповната моќ и да се стимулира приватната потрошувачка.Средствата веќе се исплатени на деветте банки издавачи на домашната картичка,  кои до 18 јули ќе им бидат поделени на граѓаните корисници на оваа мерка.Картичка со 9.000 денари добиваат невработените, активни баратели на работа кои оствариле примања до 180.000 денари во текот на 2019 година и до 60.000 денари од јануари до април годинава, како и примателите на социјална помош.Ваучер за домашен туризам вреден 6.000 денари и финансиска помош до 3.000 денари на платежна картичка добиваат, вработените кои за периодот од јануари до април годинава оствариле примања до 60.000 денари.Средношколците и студентите од 16 до 29 години добиваат платежни картички со вредност од 3.000 денари, а над 4.300 здравствени работници кои се на првата линија во борбата против коронавирусот на картичка ќе добијат 40% од последната основна нето плата.Граѓаните нема потреба да аплицираат за домашната платежна картичка, туку ќе ја добијат системски и едноставно, дури и во случај да имаат блокирана сметка.На интернет страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk граѓаните може да се информираат за тоа дали се корисници на картичката, нејзиниот паричен износ и постапката на издавање.Овие платежни картички и ваучери се само дел од трите пакети мерки кои обезбедуваат нова развојна македонска економија.Ние не застануваме тука. Ќе продолжиме со креирање на нови мерки. Заедно, ќе продолжуваме да ги штитиме работните места на нашите сограѓани и заедно ќе креираме нови.Вие треба само да се придржувате до мерките за заштита на здравјето и да бидете спокојни, заедно ќе излеземе од оваа криза похрабри и посилни, истакна Коста Петров, потпретседател на СДСМ.фото: СДСМ 

Македонија | пред 5 години

izbori-opse

ОБСЕ/ОДИХР испраќа мисија за „избори на 5 јули“

ОБСЕ/ОДИХР објави дека во тек е подготовката на Специјална мисија за оценка на изборите во Македонија по официјалната покана за набљудување на предвремените парламентарни избори на 5 јули.ОБСЕ/ОДИХР, како што објави на својата веб страницата дека се подготвува за распоредување на мисијата и објави повик за надворешни консултанти за шеф на мисијата, заменик шеф на мисијата, политички аналитичар, изборен аналитичар, аналитичар за регистрирање на гласачите, законски аналитичар и аналитичар за медиуми.фото: Prtsc

Македонија | пред 5 години

krvodaritelska-akcija

Во 2020 година, буџетот за Програмата за крводарителство изнесува 40 милиони денари, зголемен е за 15 милиони денари повеќе во однос на претходната година

На Светскиот ден на крводарителството - 14 јуни, се потенцира важноста на дарувањето крв, како највисок чин на хуманост и алтруизам. Со овој исклучително солидарен и благороден чин се овозможува здравствените работници секојдневно да спасуваат човечки животи.Во насока на унапредување на крводарителството, Министерството за здравство, на годишно ниво изготвува посебна Програма за организирање и унапредување на крводарувањето во државата. За оваа година буџетот на Програмата изнесува 40 милиони денари, што е за 15 милиони денари повеќе во однос на претходната година.Програмата се реализира во соработка со Црвениот крст на Република Северна Македонија, како значаен партнер во унапредување на здравствената заштита на сите граѓани. Со неа се опфатени бројни активности за континуирана здравствено-воспитна и мотивациска работа меѓу населението, подготовка на крводарителски акции, изготвување информативен материјал, анкетирање и изготвување списоци на потенцијални дарители на крв, учество на волонтери, евиденција на крводарителските акции, како и доделување признанија на крводарителите.Во областа на крводарителството активно е вклучен и Институтот за трансфузиона медицина, каде во континуитет се вложува во унапредување на условите за работа, во современа апаратура, како и едукација на високо квалификуваниот медицински кадар.Институтот за трансфузиона медицина е отворен за сите заинтересирани лица кои сакаат да придонесат кон спасување човечки животи со дарување крв.Во 2020 година, реализирани се 21.301 дарување на крв, 157 дарувања на тромбоцити и 16 дарувања на конвалесцентна плазма. Од нив, 7 дарувања со постапка плазмафереза на клеточен сепратор и 9 преку стандартно дарување на целокупна крв. Со ова, обезбедени се 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со COVID-19.Потсетуваме дека излекуваните лица од Ковид-19 имаат можност да даруваат крвна плазма од излекувани пациенти, што исто така, претставува вид на крводарување, што се користи како лек и надеж за потешките пациенти заболени од коронавирус.

Македонија | пред 5 години

Orce14.06

Ѓорѓиевски: ВМРО-ДПМНЕ ги повикува Заев и Анѓушев да ги вратат парите кои ги земаа од народот како државна антикризна помош

Зоран Заев пред само недела дена кажа дека со таканаречените антикризни мерки му помага на народот и стопанството. Само неколку дена подоцна гледаме како народните пари преку буџетот завршуваат на сметката на фирмите на семејството Заеви како Еленица, каде управител е неговиот брат Вице Заев, а основач неговиот бртучед Трајче Заев, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Да ја погледнеме изјавата на Заев од пред една недела.Пакетите мерки се наменети за џебот на Заеви и врхушката на власт. Никогаш доста за Заеви. Прикажале приход од 5 милиони евра а сега земаат од државата помош.Наместо на сметките на фирмите на кои реално им треба помош, парите завршија во џебот на Заеви.Заеви не се фаќаат за џебот кога треба да дадат, туку единствено кога треба да земаат од нашиот народот.Згора на тоа освен Еленица на Заеви, државна помош од 106 илјади евра добила и фирмата на доскорешниот потпретседател на Владата и близок соработника на Зоран Заев Кочо Анѓушев.ВМРО-ДПМНЕ бара и ги повикуваме Заев и Анѓушев да ги вратат парите кои ги земаа од државата како државна антикризна помош. Ова преставува сериозен сомнеж за злоупотреба и ќе треба обвинителство сериозно да го испита овој случај.Овие луѓе немаат образ. Ова значи помалку пари за компаниите а повеќе пари за Заеви, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.фото: ВМРО ДПМНЕ

Македонија | пред 5 години

vmro_np

ВМРО НП ја поздравува одлуката на Владата за либерализација на транзитниот сообраќај низ државата за странските државјани

ВМРО-Народна партија ја поздравува одлуката на Владата на С. Македонија за либерализација на транзитниот сообраќај низ државата за странските државјани, се вели во соопштението од ВМРО НП.Сметаме дека со ваквиот чекор во што побрз можен рок ќе се отворат границите и за сите жители на Македонија кои сакаат да влезат или излезат од државата со што значајно ќе се помогне во закрепнувањето на економијата но и подобри комуникацијата особено бизнис релациите на македонските бизнисмени кои функционираат во рамките на регионот и Европа, додаваат во своето соопштение од ВМРО НП.фото: Архива    

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Двајца вработени во бифето во МВР, позитивни на коронавирусот

Двајца вработени во бифето во Министерството за внатрешни работи се позитивни на коронавирусот, дознава „А1он“.Тие последен пат на работа биле во петокот, велат вработени во МВР. Станува збор за лица кои правеле кафиња и служеле пијалаци на дел од вработените во зградата. Бифето во кое работеле е лоцирано на четвртиот кат во зграда на МВР, каде се наоѓа и канцеларијата на советникот на Наќе Чулев, за кого министерот во средата соопшти дека е заразен со вирусот. Вработените во бифето имале и контакти со лица кои биле на раководни позиции во МВР, велат извори за „А1он“.Засега, нема информација како и дали се заразиле додека биле на работното место, како и, дали биле во контакт со советникот на Чулев додека тој одел на работа.Текстот во целост на: А1ОН

Македонија | пред 5 години

gordan-kalajdziev-520x297

Калајџиев и Цаца Николовска поднеле оставки од Советот за граѓански надзор над прислушкувањето

Гордан Калајџиев и Маргарита Цаца Николовска поднеле оставки од местата претседател и подпретседател и како членови на Советот за граѓански надзор над прислушкувањето – објави денеска  на својот Фејсбук профил професорот Калајџиев.– По долга и неуспешна битка да профункционира, јас и Маргарита Цаца Николовска поднесуваме оставки како претседател и подпретседател и како членови на Советот за граѓански надзор над прислушкувањето. ПС поздрав до Прибе!, се вели во постот на Калајџиев.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=272771483829485&set=a.127474821692486&type=3&theater

Македонија | пред 5 години

oliver-derkoski-1

Дерковски исчезна, колегите го чекаат да закаже седница на ДИК

Претседателот на ДИК, според информации оттаму, е недостапен за колегите, кои го чекаат да закаже седница затоа што денеска треба да се ревидира роковникот, а утре да почне кампањата. Кондарко изјави за „360 степени’ дека ревидирањето на роковникот ден по завршувањето на вонредната состојба е законска обврска што произлегува од Уредбата за изборите и заклучокот на ДИКЧленовите на ДИК, според информации на  „360 степени“, од вчера не можат да стапат во контакт со претседателот на Комисијата Оливер Деркоски, од кого се очекува за денеска да закаже седница за ревидирање на роковникот за 10 парламентарни избори, што би требало да се одржат на 5 јули, со оглед на тоа што на полноќ заврши вонредната состојба.Дел од членовите на ДИК од утрово се во просториите на Комисијата и велат дека Деркоски не одговара на нивните повици.И „360 степени“ се обиде да стапи во контакт со претседателот на ДИК, за да се информираме дали Комисијата ќе заседава денеска, ама тој не одговорил на телефонскиот повик. Текстот во велост на: „360 степени“ 

Македонија | пред 5 години

opstina-struga

Вработен во Општина Струга позитивен на коронавирус – општината затворена до наредниот понеделник

Службеник вработен во општинската администрација во Струга е позитивен на Ковид-19, па затоа Локалната самоуправа донела одлука службите во Општината да не работат до наредниот понеделик.По препорака на наделжните институции од Општината е упатен повик до вработените во администрациајта да останат во самоизолација, а при евентуална појава на сипмтоми на коронавирус да ги контактираат матичните лекари.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

bujar-osmani-696x396

Османи: Без учество на релевантните политички фактори, изборите во овие услови ќе претставуваат нова политичка криза

Бујар Османи од ДУИ  вели дека изборите денес се повеќе потребни. Тој смета дека само со политичка Влада и функционално Собрание, државата ќе може да се справи со последиците од коронавирусот.„Исправени сме пред нов предизвик, како да ја заокружиме оваа неприродна состојба без да предизвикаме нова политичка криза, која навистина не ни е потребна. Завршувањето на вонредната состојба не значи дека е завршена епидемиолошката закана и потребата од ефикасно справување со последиците од пандемијата, туку напротив, потребна е стабилна и одговорна Влада, со политичко мнозинство која во целост ќе ја преземе одговорноста за сите предизвици кои се пред нас. Изборите денес ни се многу повеќе потребни, отколку во декември минатата година кога со консензус одлучивме дека ќе имаме предвремени избори. Но во исто време, изборите имаат смисла само ако граѓаните навистина имаат избор да ги изберат претставниците кои ќе ги претставуваат во Парламентот. Без учество на релевантните политички фактори, изборите во овие услови ќе претставуваат нова политичка криза, која како по правило кај нас се претвора во институционална криза, за потоа да стане закана и за евентуална безбедносна криза. Би било неодговорно ако тоа го дозволиме. Почетокот на преговорите претставува најголемиот стратешки приоритет на државата, за кој секако барем декларативно имаме консензус. Нема ништо паметно во тоа најважниот проект за граѓаните да го загрозиме поради политичка незрелост, политичко надмудрување и партиски тактики, ставајќи ги партиските цели пред стратешките“, рече вицепремиерот Османи.Вонредната состојба, Османи ја оцени како начин на кој Владата успеала да донесе мерки за да државата се справи со последиците предизвикани од вирусот, во моменти кога нема функционално Собрание.„Со формалното завршување на вонредната состојба ние влегуваме во уште поголема состојба на политичка вонредност, која се заканува да прерасне и во политичка криза која во овој момент апсолутно не ни е потребна. Претстојните избори не се закажани сега туку уште минатата година кога со политички консензус беше утврден 12 април за сите политички фактори. Во меѓувреме не пресретна голема здравствена криза наречена Ковид-19 која со себе повлече длабоки економски и социјални последици кои мораа итно да бидат адресирани. Повторно со широк консензус, а преку вонредната состојба прогласена од Пендаровски на Владата и беа доделени огромни ингеренции кои според Уставот му припаѓаат на Собранието, за да ја подготви земјата да се справи со овие последици. Тоа го направивме најдобро што знаевме и умеевме. Граѓаните на претстојните избори ќе имаат можност да дадат оценка и за оваа наша работа. Тоа е суштината на демократијата“, додаде Османи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

DUI

Препукување на социјалните мрежи помеѓу Шилегов и Меџети

Препукување на Петре Шилегов со претседателот на огранокот на ДУИ во Чаир и поранешен градоначалник на оваа општина Изет Меџити, на социјалните мрежи по осветлувањето на скопското Кале од страна на ДУИ.„Ако Барак Обама може да стане претседател на државата, зошто Албанец може да стане Премиер во РМВ? Дали е ова општество за сите како што се тврди? Зошто да не , господине Шилегов?“, напиша Меџити на својот профил.Шилегов веднаш одговори на оваа прозивка:„Криењето на сопствената неспособност зад Обама, не е ништо друго освен потврда на тоталната неспособност да се справите со вистинските проблеми на граѓаните. Особено во Чаир. Не им зборувајте за Обама. Зборувајте им за неасфалтираните улици, немањето водовод и канализација. Субстандардните услови на живеење. Во 21 век. Во општина што “обамовски” ја водевте и ја водите. Евтини се приказните. Па макар и Обама да ги “раскажува”, напиша Шилегов.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Krvna-palzma

Обезбедени 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со Ковид-19

Во изминатиот период се реализирани 16 дарувања на конвалесцентна плазма, од кои седум дарувања со постапка плазмафереза на клеточен сепратор и 9 преку стандартно дарување на целокупна крв. Со ова, обезбедени се 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со ковид-19.Коронавирусот е сигнификантна нова закана за јавното здравје поради брзото ширење, каде се огромни напори да се спречи. Неодамна во Институтот за трансфузиона медицина се изготви протокол за дарување на конвалесецентна плазма. Дарител на конвалесцентна плазма може да биде секое лице кое е излечено од овој вирус и кој ги исполнува условите за дарување наведени во протоколот.Конвалесцентната плазма содржи антитела против коронавирусот создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. Тие создадени антитела се присутни во плазмата и истите со дарување на конвалесцентна плазма може да се користат во сузбивање на болеста во друго лице со ковид-19.Голема благодарност до сите оние излекувани пациенти кои даруваа конвалесцентна плазма и упатуваме апел до сите кои поминале низ овој вирус да даруваат плазма за побрзо да го спречиме ширењето на овој непредвидлив вирус.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања