Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

skopje-5

134 новозаболени, скоро 100 се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1173 тестирања, а регистрирани се 134 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-97, Куманово-5, Прилеп-1, Тетово-11, Струга-3, Велес-1, Битола-1, Кавадарци-1, Крушево-2, Валандово-1, Кратово-1, Кичево-2, Ресен-7, Неготино-1.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 34 оздравени пациенти од: Скопје-6, Куманово-23, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-2.Од вчера регистрираните, два теста се контролни, а по завршени епидемиолошки анкети во моментов дистрибуцијата по градови е следна:•       Скопје 1995, активни 1323•       Куманово 651, активни 207•       Дебар 61, активни 10•       Штип 244, активни 202•       Прилеп 230, активни 18•       Тетово 440, активни 261•       Струга 138, активни 60•       Велес 154, активни 29•       Битола 35, активни 8•       Охрид 73, активни 55•       Кавадарци 8, активни 3•       Гостивар 69, активни 44•       Гевгелија 8, активни 4 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)•       Струмица 9, активни 6•       Крива Паланка 10, активни 4•       Радовиш 4, активни 0•       Крушево 5, активни 2•       Кочани 55, активни 24•       Пробиштип 11, активни 9•       Демир Хисар 1, активни 0•       Македонски Брод 3, активни 1•       Пехчево 5, активни 2•       Берово 2, активни 1•       Валандово 5, активни 4•       Виница 3, активни 0•       Делчево 1, активни 0•       Кратово 4, активни 2•       Свети Николе 10, активни 9•       Кичево 5, активни 3•       Ресен 32, активни 31•       Неготино 18, активни 9 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)Направените 1173 тест се преку: ИЈЗ –456, ЦЈЗ Скопје-35, Авицена –97, Биотек –154, Систина со PCR метода –135, МАНУ -168, Жан Митрев (Филип Втори) -128. Досега во земјата се направени вкупно 45.054 тестирање на ковид -19.Од направените тестирања во изминатото деноноќие 95 се во рамките на скринингот во градинки во Штип и Охрид, не се регистрирани позитивни резултати на ковид-19.На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5, вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На кислородна поддршка се 35 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 25 нови, а вкупно хоспитализирани 120 пациенти. На респираторна машина се 12, a со потешка клиничка слика се 23 пациенти.Во болницата во Битола се хоспитализирани 27 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 21 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 74 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)•       Чаир – 302•       Аеродром - 118•       Бутел - 110•       Гази Баба - 104•       Центар – 105•       Карпош – 94•       Сарај – 96•       Кисела Вода – 64•       Ѓорче Петров – 53•       Студеничани – 52•       Шуто Оризари – 40•       Арачиново – 33•       Илинден – 27•       Петровец – 9•       Чучер Сандево – 7•       Сопиште – 8•       Зелениково-1•       Странец – 2---Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска нема да одржи прес-конференција, но сите пристигнати новинарски прашања ќе бидат одговорени во најкраток временски рок.*Поради технички проблеми со службениот е-меил, оваа порака ја испраќам од приватниот е-меил.

Македонија | пред 5 години

korona-hrvatska

Нови осум починати од коронавирус во Македонија

Починати се 8 лица, пет од Скопје, еден пациент од Куманово и двајца пациенти од Тетово.На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје, пациент (68г) хоспитализиран на 6 јуни, пациентка (65г) хоспитализирана на 13 јуни и пациентка (76г) хоспитализирана на 7 јуни.Во ГОБ „8 септември“ починаа две лица од Скопје, пациент (77г) примен на 6 јуни и пациентка (77г) хоспитализирана во болницата на 10 јуни. На Клиниката за урологија почина пациент од Куманово (68г).Во КБ Тетово починати се две лица на 13 јуни, пациент (67г) и пациентка при прием (71г). Позитивни резултати на ковид-19 на двајцата пациенти се потврдени постмортем.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4289, бројката на оздравени пациенти е 1757, на починати е 201, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2331.

Македонија | пред 5 години

58870241_811574432555257_8610594887932313600_n

ИВЗ го оживеа коронавирусот откако разрешениот реис го умре

Новиот в.д. реис на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху, посочи дека коронавирусот е вистински и опасен, за разлика од неговиот разрешен претходник, Сулејман Реџепи кој го прогласи вирусот за мртов. Фетаху пред новинарите кажа дека ИВЗ не е компетентна институција да збори за вирусот, ниту пак, сакаше да каже дали Реџепи е разрешен поради тоа што оженил млада жена или финансиското работење.„ИВЗ од првиот момент е во служба со цел да замине оваа болест која е вистинска, бидејќи сите компетентни органи, потврдиле во целиот свет дека оваа болест постои и многу е опасна. И нема шега со оваа работа. Ние сме верска институција. Не сме компетентни да зборуваме дали е вистинска или невистинска. Ние одиме кон компетентноста. Институциите кои се професионални потврдиле дека постои, посебно по следните моменти, во неколку градови каде почнала да се шири со поголема брзина“, рече Фетаху.Според него, во сите џамии се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, потенцирајќи дека: „Во оваа борба, како ИВЗ, влеговме со зборовите ‘Страв не, но голема свест против оваа болест-да’. Мора да се бориме со сите сили оваа болест да се надмине“.

Македонија | пред 5 години

dzaferi

Џафери го потпиша решението за распишување предвремени избори на 15 јули

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, соопшти дека синоќа го потпишал решението за распишување  предвремени избори на 15 јули, по постогнатиот договор меѓу политичките партии.„Со оглед на тоа што наметнатите, неприродни услови со Ковид-19, го одложија спроведувањето на предвремените парламентарни избори претходно закажани за 12 април 2020, известувам дека имаме нова ситуација. Имено, како што ви е веќе познато, политичките лидери во Република Северна Македонија постигнаа договор за закажување нов датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Консензуалниот датум на власта и опозицијата е 15 јули 2020. Овие избори ќе бидат невообичаени по тоа што нема да има вообичаена изборна кампања, меѓутоа, тоа што е поважно и на кое ќе мораме сите да се придржуваме на најдисциплиниран начин се мерките и препораките на Министерството за здравство, со цел да се заштити здравјето и животот на граѓаните.Решението за изменување и дополнување на решението за распишување на предвремените избори за пратеници во Собранието на 15 јули 2020 година го потпишав синоќа и истото е архивирано и пратено до Државната изборна комисија, до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, со што се запазуваат роковите за деновите утврдени во Уставот“, наведува Џафери.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

bisevac

ВИДЕО: Кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ нема против Албанец да биде премиер

Во синоќешната емисија „Само вистина“ на Канал 5 своите ставови ги изнесоја Љупчо Зиков и Сафет Бишевац.Буквално беше трговија како на кванташки пазар, колку подолго толку полошо за власта, изјави Зиков за барањето на ВМРО-ДПМНЕ избори за избори кон крајот на летото. Одлично го браните Заев, стратегија за сигурен пораз возврати Бишевац.Помалата излезност е шанса за власта, изјави Бишевац. Обвинувате за местење, врати Зиков.Разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во корист на СДСМ ќе биде од три до пет пратеници, истакна Зиков. Во најлош случај ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со пет пратеници, изјави Бишевац.Во емисијата кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека нема против Албанец да биде премиер. https://www.facebook.com/Neezaprodazba/videos/302087720923854/?v=302087720923854

Македонија | пред 5 години

Milenkovski

Доктор Миленковски: Македонија според светски реномирани институции со најмногу заболени и починати од корона

Вашето прогласување на победа над пандемијата помина во пораз на нашиот здравствен систем и на нас како држава!Реномирани светски институции ја ставаат Македонија прва на ранг листите по лошо справување со корона вирусот, односно по најголем број на заболени и на починати, истакна  Доктор Маријан Миленковски, кандидат за пратеник во Изборна единица 3.Македонија според реномираниот универзитет Џон Хопкинс има катастрофален индекс на смртност во однос на сите свои соседи, но и во однос на најголем број држави во светот.Македонија е прва во Европа и по број новозаразени лица на милион жители со корона. Ова е податок од статистичката веб страница Ворлдометар.Кога политиката е ставена пред одлуките, стручноста и професионалноста на оние кои им е дадена таа одговорност, односно Комисијата за заразни болести, вклучувајќи го и оној кој треба да менаџира со здравствениот систем - министерот за здравство, кога локалните кризни штабови од самиот почеток на пандемијата работат како партиски штабови, резултатот е дно на листите.Со тоа нормално и очекувано е да бидеме единствена изолирана земја во регионот.Но, што и да очекуваме од Влада која од сите активности во борбата против пандемијата најдобро ги одработи само прес конференциите, со целиот пи-ар насочен единствено кон ресорниот министер за здравство. Целата останата работа беше оставена на способноста и професионалноста на медицинскиот персонал кој се справува како што знае и умее со оваа пандемија.Се обидовте преку пандемијата да собирате политички поени и што побрзи избори, но ни тоа не ви успеа. И сега поразени, вината ја префрлате на народот.Почитувани господа од власта, време е за стратегија без политиканство, за да можеме самите себе да си помогнеме во овие моменти кога бројот на заразени и починати вртоглаво расте.Потребна беше здравствена едукација за граѓаните, но тоа не подразбира делење флаери за вашата политичка опција или хуманитарни пакети.Очигледно не ја сфативте сериозноста на оваа состојба од која само заеднички можевме да излеземе како победници.И така наместо интересот на граѓаните и на државата, СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот.Недозволиво е кариерата на некои политичари да биде побитна од животот на макар еден човек, истакна  Доктор Маријан Миленковски, кандидат за пратеник во Изборна единица 3.фото: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 5 години

img_1357

Зекири излезе од болница: Сите кои не веруваат во вирусот, крајно време да се освестат

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири е пуштен на домашно лекување и преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите доктори од Клиниката за инфективни болести каде беше хоспитализиран со сопругата и бебето. Тој им пораа на сите кои не веруваат во вирусот, дека е време да се освестат.„Од срце сакам да се заблагодарам на секој од вас што бевте со нас во најтешките времиња. Вие сте нашата втора фамилија. Посебно се заблагодарувам на докторите и медицинскиот персонал од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Најдлабока благодарност до оние кои се жртвуваат и продолжуваат тоа да го прават секој ден: доктор Илир, доктор Милена, доктор Фадил, доктор Ана од педијатрија, останатиот неуморен тим: Рејхан, Весна, Елена, Кики, Сухејла, Фисник, Изабела, Нуредин, Велимир, Снеже, Марина и многу, многу други кои 24 часа се во служба на пациентите сместени на инфективната клиника“, пишува Зекири.„На оние кои и натаму мислат дека вирусот не постои и сѐуште имаат несериозен пристап кон Ковид-19 сакам да им порачам дека е крајно време да се освестат! Само со сериозен пристап кон алармантната ситуација низ која поминуваме како општество, со свест и совест, може да се спасат себе си, блиските и други недолжни луѓе! Искрено посакувам ниту еден од вас да не мора да помине низ тоа што го поминав јас со моето семејство. Тоа не би му го посакал ниту на мојот најголем непријател! А, на душебрижниците кои на мене и мојата фамилија ни посакуваа фатален крај ќе им пожелам Господ барем еднаш во нивниот живот да им даде да се почувствуваат како човек. Господ е голем, благодарение на него Алхамлудилах, јас и мојата фамилија сега сме живи и здрави и сме си дома - сите заедно и уште посилни од претходно!“, додава тој.

Македонија | пред 5 години

BeFunky-collage-18

Зоки Кичеец со другарите го натепал обезбедувањето на Мијалков во „Мериот“

Инцидент се случил синоќа во хотелот „Мериот“ во Скопје каде дошол Зоран Милески-Кичеец, а обезбедувањето на хотелот го предупредило дека треба да излезе надвор од објектот, бидејќи бил непожелен гостин. Според очевидци кои го гледале инцидентот, Кичеец седнал во сепаре, кое неофицијално важело за секогаш резервирано за Сашо Мијалков.Откако тој одбил да го напушти објектот и останал во сепарето на Мијалков, избила тепачка меѓу обезбедувањето и Зоки Кичеец, во која според информациите, обезбедувањето на Мијалков било натепано токму во хотелот „Мериот“.Вчера и денеска, на социјалните мрежи има бројни коментари за инцидентот, па така, се пишува и „Големиот Мијалков измарширан во својот хотел“.Информацијата прв ја објави политичкиот аналитичар Љупчо Палевски кој на „Фејсбук“ напиша дека обезбедувањето на Мијалков го извлекло подебелиот крај во тепачката во неговиот хотел пропратено со коментар дека Мијалков повеќе нема мир ни во хотелот каде живее и е во куќен притвор.Неофицијално од извори во МВР, „Скопје 1“ дознава дека за случајот нема постапка и не е пријавен во полиција.

Скопје | пред 5 години

culev-3222

Чулев со маската во раце и гушкање се слика со членови на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, по чија наредба се казнува за неносење на заштитни маски, односно непочитување на мерките, самиот ги прекршува одредбите кои ги носи Владата. Од фотографијата која е објавена на социјалните мрежи, се гледа како Чулев се фотографира со член на Централниот комитет, без да одржи социјална дистанца, ниту пак, да носи маска. Наместо на лице, маската Чулев ја држи во раце, исто како и лицето со кое се фотографирал.Под фотографијата, на лицето фотографирано со Чулев му забележуваат дека не одржува дистанца од 2 метри, а тој одговара „Проверени сме, негативен тест“.https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3682983851730281&set=a.903495246345836Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ брои околу 140 членови. Според статутот на партијата. Тоа се претседателот, потпретседателите и генералниот секретар на партијата, претседателот на Градскиот комитет-Скопје, претседатели на општинските комитети, именуваните членови од Извршниот комитет, претседателот на Академијата за политика, претседателот, секретарот и девет члена на Извршниот комитет на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот и секретарот на Унијата на ветераните на ВМРО-ДПМНЕ, претседателот, секретарот и 5 члена на Извршниот Комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.Според поставеноста на столчињата кои се гледаат на фотографијата, нема дистанца од 2 метри меѓу секој од нив. Ако сите 140 членови дошле на состанокот, тогаш салата била целосно исполнета. Исто така, доколку по примерот на Чулев и лицето со кое се фотографира и другите не носеле заштитна опрема, тогаш прописите за заштита од коронавирус се прекршени. Доколку носеле маски, според здравствените инструкции, тоа е доволна заштита од коронавирусот и без одржување на дистанцата.За разлика од порано, по завршување на состанокот на Централниот комитет немаше официјални фотографии од ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак, на медиумите им беше дозволено да направат инсерти од средбата.Останува нејасно зошто ВМРО-ДПМНЕ состанокот не го одржа онлајн, туку со физичко присуство. Во последните месеци, дури и Владата, на која член е и Чулев, состаноците ги одржува преку електронски апликации. Од СДСМ засега не се изјасниле дали органите на партијата одржувале состанок онлајн или со физичко присуство.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Во МВР во моментов има 41 лице позитивно на Ковид – 19 и 180 вработени во самоизолација

Во Министерството за внатрешни работи во моментов има 41 лице позитивно на Ковид – 19, а 180 вработени се во самоизолација, истакна денеска Тони Ангеловски, портпарол на МВР за „Утрински брифинг” на Слободна ТВ.- По сознанието дека имаме тројца вработени во првата зграда на МВР, едниот е советникот на министерот Наќе Чулев и двајца вработени во бифето во зградата кое ги опслужува вработените, веднаш е направена епидемиолошка анкета од Институтот за јавно здравје на вкупно 67 лица. Констатирано е дека пет лица треба да бидат во самоизлоација во наредните 14 дена, вели Ангеловски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

ohridski-region

ДИПЛОМАТИТЕ КОНКРЕТНИ: Охридско Езеро ќе биде показател дали државата е мртва или жива

Повторно градот започна со отстранување на нелегално изградени објекти на брегот на Охридско Езеро и тоа од објекти во месноста Свети Стефан каде плажата во цела нејзина должина е затворена за пристап со објекти изградени нелегално.Општината со скромни средства и ресурси почна акција која треба да симболизира оживување на државата во Охрид, која е практично умрена во последните дваесет години.ЧЛЕНОВИ НА СДСМ, ВМРО ДПМНЕ, ДУИ И „БАТИЊА СО СИТЕ“ УЗУРПИРАЛЕ ИЛЈАДНИЦИ МЕТРИ КВАДРАТНИ ДРЖАВНА ЗЕМЈАПлажи имаат запоседнато видни членови на СДСМ, некои од нив на функции на локални ограноци како што е со случајот на раководството на СДСМ Рача, потоа влијателни лица во ВМРО ДПМНЕ ( некои од нив најблиски до лидерот на партијата ), членови на ДУИ и луѓе кои сами трчаат јавно по секој функционер и се блиски до секоја власт. Секако има и сопственици на субјекти кои не се блиски до партиите туку се помоќни па партиите трчаат по нив. Почнувањето на акцијата од објект со кој менаџирало раководството на СДСМ Рача е добар показател за неселективност која ќе треба деновиве да ја видиме дали ќе продолжи понатака.ДИПЛОМАТСКИ ПОРАКИ ДЕКА ОХРИД ЌЕ Е НА ВРВОТ ВО ИНТЕГРАТИВНИТЕ ЕВРОПСКИ ПРОЦЕСИДел од највлијателните дипломати во земјава во неколку наврати јасно и недвосмислено на властите им ставиле до знаење дека функционирањето на институциите на државата во Охрид, а пред се на брегот на Охридско Езеро ќе биде врвен приоритет во наредниот период и главен услов на патот кон „Европската унија“.Со дипломатски речник во неколку наврати е укажувано до властите дека Охрид ќе биде приоритет број еден на кој ќе мери функционирањето на државата и институциите. Првпат според информациите на „Охрид 1“ вакви пораки амбасадорите упатуваа до локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ, а последен пат деновиве кога амбасадор на една од највлијателните земји во светот,  на властите во Скопје и на градоначалникот на Охрид им го кажа следното:„Охрид и брегот на Охридско Езеро ќе биде лакмустова хартија на која ќе се гледа дали државата е жива или мртва !“Ако се земе во предвид дека ова директно го кажал дипломат на дипломатски речник, може слободно да се толкува дека Охрид и езерскиот брег со самото езеро ќе се следен приоритет број еден за највлијателните држави од западниот свет, па властите и политичарите, но и локалното население ќе мора тоа да го сфати, прифати и да продолжат да живеат со тој факт.ДЕЛ ОД МЕДИУМИТЕ СЕ ЛИЗНАА НА ЛАКМУСТОВАТА ХАРТИЈАИнтересот на јавноста и државата повторно е потиснат на страна под финансиските влијанија на дел од локалните угостители кои спонзорирале некои од медиумите па така ситуацијата дел од сопствениците на медиуми и дописниците наместо како заштита на интересот на граѓаните и народот е третирана како негативна појава за нив и директно ја напаѓаат власта за донесените одлуки.Странските организации во земјава уште од 2014 година спонзорираа повеќе граѓански здруженија и невладини организации како и поголеми медиумски проекти кои ја третираа екологијата.Дел од сопствениците на медиуми оваа активност ја доживуваа како политичка со цел да се симне ВМРО ДПМНЕ од власт и по промената на власта во Охрид речиси да прекинаа да даваат медиумска поддршка на екологистите кои до тој момент силно ги експонираа, а од октомври 2017 практично ги игнорираа активности.Но, странските организации не прекинаа со спонзорирање на еколошките кампањи па од јануари 2018 до денес спонзорираа серија истражувања на тема екологија и третман на отпад, спроведени од еден медиум од Охрид и неколку од Скопје кои продолжија да истражуваат за проблемите во Охрид.Фото: Димитар ЦафкулоскиЛакмустова хартија е своевиден маркер кој се користи при испитување во медицината за да се утврди дали некоја течност или материја е во состојба на киселина или база ( дали е здрава или затруена )фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

08062020_MZ_Filipche_PKZB_Karadzovski_DCJV_Ziberi_pres-konferencija-3

Филипче: Партиите без исклучок да ги почитуваат сите протоколи и мерки во кампањата

По објавениот датум за избори, Министерот за здравство Доц.д-р. Венко Филипче упатува апел до сите политички чинители за спроведување на целиот изборен процес без загрозување на здравјето на граѓаните.„Во врска со договорениот датум за изборите би сакал да испратам порака до сите политичкки партии и чинители кои учествуваат во изборниот процес.Барам апсолутно сите кандидати, партии, активисти, сите кои ќе бидат дел од камапањата да бидат одговорни и да ги почитуваат, без исклучок, сите протоколи за заштита од коронавирусот. Жарот на политичката битка не смее да го надвладее разумот и во ниту еден момент политиката не смее да се исправи пред здравјето на граѓаните.Барам секоја активност да биде целосно прилагодена на препораките. Очекувам сите политички партии да постигнат согласност околу начинот на водење на кампањата каде ќе се даде целосен приоритет единствено на активности кои нема да го загрозат здравјето на граѓаните.Уверен сум дека изборниот процес може да се организира на начин безбеден за сите учесници, а тоа е единствено можно само ако сите доследно се придржуваат до јасно пропишаните мерки на Комисијата за заразни болести.Функционерите и лидерите на политичките партии и партиските активисти имаат обврска да бидат пример за сите за доследно придржување кон мерките за заштита на колективното здравје.Соочени со избори во време на пандемија, како земја мора да покажеме дека сме подготвени да одговориме и на овој предизвик, да одржиме фер и безбедни избори без ниту еден ризик по здравјето на граѓаните“ – нагласува Филипчефото: Архива

Македонија | пред 5 години

izbori-02

Донесена Уредбата за изборите: Кампањата почнува на 24 јуни, гласањето ќе трае до 21 часот

Владата на Република Северна Македонија, на 68-мата седница одржана вчера, ја донесе Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година.На изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, закажани за 15 јули 2020 година се применуваат одредбите од Изборниот законик, освен за оние дејствија за кои со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.Членот 2 од Уредбата определува дека дејствијата за спроведување на изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, распишани со Решението за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 43/20 и 159/20), не се спроведуваат за време на вонредната состојба, освен ако со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.Спроведувањето на останатите изборни дејствија, кои не беа спроведени до стапувањето во сила на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес (Службен весник на Република Северна Македонија бр. 72/20), ќе продолжи од денот на престанок на вонредната состојба, освен ако со оваа уредба со законска сила не е поинаку уредено.Сите изборни дејствија кои се преземени согласно одредбите на Изборниот законик и Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 70/20 и 154/20) до денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила се сметаат за важечки.Во Член 3 се утврдува дека Државната изборна комисија во рок од еден ден од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила објавува на својата веб-страница ревидиран роковник за продолжување на изборните дејствија согласно одредбите на Изборниот законик и оваа уредба со законска сила.Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, Државната изборна комисија ги презема и извршува сите технички и административни активности заради подготовка на преостанатите изборни дејствија, согласно Изборниот законик и оваа уредба со законска сила.Членот 4 уредува дека Министерството за внатрешни работи во рок од еден ден од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, е должно да ги достави до Државната изборна комисија податоците од членот 43 ставот 6 на Изборниот законик и тоа листа на државјани кои поднеле барање за издавање на нова лична карта или патна исправа по било кој основ и истите ги подигнале од денот на распишување на изборите до денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила и листа на лица кои ќе наполнат 18 години до денот на изборите. Државната изборна комисија податоците за овие лица ги впишува во избирачкиот список по службена должност.Основните судови и Управата за водење на матичните книги, во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, се должни да ги достават до Државната изборна комисија податоците за граѓаните согласно членот 43 ставовите 2 и 3 од Изборниот законик, заклучно со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила.Органот надлежен за извршување на санкциите во рок од три дена од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила е должен да ги достави до Државната изборна комисија податоците за граѓаните согласно член 44 став 1 од Изборниот законик, заклучно со денот на влегување во сила на оваа уредба со законска сила.Со денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила, Државната изборна комисија и Државниот завод за статистика се должни да ги продолжат дејствијата за ажурирање на избирачкиот список прекинати на 21 март 2020 година, од моментот на нивниот прекин, согласно одредбите на оваа уредба.Уредбата во Членот 5 определува дека изборната кампања за изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија започнува на 24 јуни 2020 година и трае 20 дена.Државната изборна комисија изборниот материјал го предава на општинските изборни комисии најдоцна во рок од 96 часа пред денот на одржување на изборите.На 13 јули 2020 година гласаат лицата кои се во домашен карантин заради позитивен тест на КОВИД-19 и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација со решение од Државен санитарен и здравствен инспекторат. При спроведувањето на гласањето на овие лица се применува членот 111 од Изборниот законик.Во општините во кои гласаат лицата од став 3 од овој член, во зависност од нивниот број, Државната изборна комисија формира еден или повеќе посебни избирачки одбори составени од тројца здравствени работници кои го спроведуваат гласањето на лицата од ставот 3 од овој член, при што политичките партии имаат право да именуваат член во посебниот избирачки одбор согласно член 38 ставовите 5 и 6 од Изборниот законик.На 14 јули 2020 година гласаат немоќни и болни лица согласно член 111 од Изборниот законик, како и хронично болните лица и останатите лица кои согласно Изборниот законик гласаат еден ден пред одржувањето на изборите.Дејствијата на изборните органи кои согласно Изборниот законик се преземаат еден ден пред одржувањето на изборите, ќе се спроведуваат во рокови утврдени со роковникот на Државната изборна комисија.Членот 6 утврдува дека гласањето на 15 јули 2020 започнува во 07:00 часот и трае непрекинато до 21:00 часот.Времето за преземање или забрана за преземање на определените дејствија согласно одредбите од членот 77 став 3, членот 101 став 2 и 3 и членот 102 ставот 1 од Изборниот законик наместо 19:00 часот ќе биде 21:00 часот.Членот 7 од Уредбата определува дека за време на изборната кампања, радиодифузерите кои ги покриваат изборите можат да емитуваат вкупно 14 минути дополнително време за рекламирање на реален час емитувана програма исклучиво наменети за платено политичко рекламирање, од кои за двете најголеми политички партии од власта кои на последните избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија освоиле најмногу гласови можат да се одвојат најмногу шест минути, за двете најголеми партии во опозиција кои на последните избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија освоиле најмногу гласови можат да се одвојат најмногу шест минути, за политичките партии во Собранието на Република Северна Македонија кои на последните избори за пратеници не освоиле доволно пратеници да формираат пратеничка група и за политичките партии кои не се застапени во Собранието на Република Северна Македонија и за независни кандидати можат да се одвојат најмногу две минути.Во Член 8 се задолжува Министерството за здравство, според утврдените протоколи од Комисијата за заразни болести, за потребите на изборите, а по добиени податоци од Државната изборна комисија, обезбедува заштитни маски, ракавици и друга потребна заштитна опрема за сите членови на изборните органи и средства за дезинфекција за секое избирачко место.Член 9 од оваа уредба утврдува дека од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила па се до денот на престанокот на траењето на вонредната состојба не се применуваат членовите 8-а, 75-г, 75-д и 84-а од Изборниот законик, како и дека од денот на влегувањето во сила на оваа уредба со законска сила па се до денот на престанок на вонредната состојба не се применува членот 34 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси („Службен весник на Република Македонија“ бр. 12/2019).Според Член 10 оваа уредба стапува на сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Пендаровски донесе нова одлука за вонредна состојба во времетраење од осум дена

Претседателот Стево Пендаровски вечерва донесе нова одлука за утврдување на постоење на вонредна состојба на територијата на целата држава.Одлуката е донесена врз основа на член 125 и член 126 од Уставот на Република Северна Македонија, по поднесениот предлог од страна на Владата, а е во времетраење од осум дена, почнувајќи од 15 јуни 2020 година.Политичките партии постигнаа договор предвремените парламентарни избори да се одржат на 15 јули 2020 година.Во таа насока, одлуката за прогласување на вонредна состојба се донесува со цел да се овозможи непречена подготовка на изборите, а особено спроведување на мерки за заштита на јавното здравје за време на изборниот процес, во услови на пандемија на Корона вирусот прогласена од Светската здравствена организација.Вонредната состојба во времетраење од осум дена ќе овозможи непрекинато да се одвива изборниот процес, да се донесе решение за изборите од страна на претседателот на Собранието и изменет роковник од страна на Државната изборна комисија за одржување на изборите на 15 јули. По постигнатиот политички договор, претседателот Пендаровски очекува институциите навремено да ги преземат сите активности од нивна надлежност со цел квалитетна и комплетна подготовка и спроведување на изборниот процес.Во таа смисла претседателот Пендаровски очекува деновите од вонредната состојба да бидат искористени единствено да се донесат неопходните одлуки и протоколи за организирање и спроведување на изборите, со акцент на мерките за заштита на јавното здравје.Претседателот Пендаровски очекува предвремените парламентарни избори да бидат фер, слободни и демократски, имајќи ја предвид евроатлантската перспектива на земјата.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Pendarovski

Владата предложи нова вонредна состојба од 8 дена, почнувајќи од денеска

Владата на вечерашната 67. седница донесе заклучок да поднесе предлог до претседателот на државата, Стево Пендаровски, врз основа на членот 125 од Уставот да утврди постоење вонредна состојба за период од 8 дена, почнувајќи од денеска, 15 јуни, до 22 јуни.Предлогот се поднесува заради спроведување предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија со мерки за заштита на јавното здравје во услови на пандемија прогласена од Светската здравствена организација, што ја зафати и нашата држава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

petar-3

Богојески: Последна шанса да се слеат 1,5 милијарда евра во џебовите на граѓаните

Македонски концепт на овие избори ќе настапи со изборниот слоган Последна Шанса. Слоганот повикува на акција бидејќи сега пред нас имаме последна шанса да ги смениме работите на подобро.„Ова е последна шанса! Последна шанса да ја спроведеме на дело идеологијата на здравиот разум! Последна шанса да живееме во слобода, спокој и солидарност! Последна шанса да изградиме нормална држава со богати граѓани“, изјави Петар Богојески на прес конференцијата одржана како најава за почеток на предизборна кампања.Македонски концепт има проект за обештетување на граѓаните кои буквално се ограбени последните 30 години. Проектот е дел од „3С – програма 2020“, односно делот за солидарност и се однесува на директно обештетување на граѓаните.„Наша крајна цел е создавање на нормална држава со богати граѓани. Имаме проект за парично обештетување на секој граѓанин на државата, согласно мерливи критериуми за утврдување на степенот на веќе настанатата индивидуална штета. За таа цел превидуваме потребни средства од 1.5 милијарди евра во рок од 5 години. Граѓаните поднесоа многу неправди, високи трошоци, кои се одразија со жртви и загуба во квалитетот на живеење. Транзицијата уништи многу семејства и човечки судбини! Тоа не е од денес или вчера, тоа не е за време на оваа или онаа Влада, туку за цело време на досегашниот, предолг транзициски период, од осамостојувањето на Македонија до денес. Само преку правична распределба на богатството во земјава, ќе исчезне горчливото чувство на неправичност кај секој од нас и антагонизмот помеѓу богатите и сиромашните! Од тоа интерес ќе имаат и едните и другите. Со тоа ќе постигнеме внатрешен мир и чувство на правичност, со цел да се намали оваа опасна тензија во општеството!“, додаде Богојески.Македонски концепт е на избирачката листа под број 10 и е создаден од интелектуалци и граѓани кои досега не биле политички активни, а сакаат со своето искуство и знаење да помогнат.„Време е за нови политички лица, и време е државата да се врати во рацете на граѓаните. Политичарите да бидат слуги на граѓаните, а не обратно. Ова ни е последна шанса да ставиме крај на досегашните политики“, смета претседателот на Македонски концепт.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ вечерва заседава со маски и визири ?

Членовите на „Централен комитет“ на ВМРО ДПМНЕ вечерва заседаваат  во „Палата Христо Татарчев“ ( популарниот Бев Дворец ) во Скопје. Состанокот е закажан и се одржува со физичко присуство на членовите во салата каде партијата одржува прес конференции. Состанокот почна во 18 часот и сеуште трае, а за разлика од порано фотографии на социјалните мрежи до овој момент не се објавени.„ На состанокот не присуствуваат членовите на Извршниот комитет, а кои секогаш редовно во нормални услови присуствуваа. Со нив би биле над 140 лица, а вака бројот на присутни е напола помал. Дополнително, салата каде се одржува состанокот е преградена со параван, кој за поголеми потреби се отвора и се добива трикратно поголема површина, па преполовениот број на присутни и поголемиот простор обезбедува можност да се запазат условите за безбедност и растојание“ - брифираат за „Скопје1“ од ВМРО ДПМНЕ. 

Слајдер | пред 5 години

08062020_MZ_Filipche_PKZB_Karadzovski_DCJV_Ziberi_pres-konferencija-3

Јавно ќе се објавува список на лица кои треба да бидат во самоизолација

Здравствените власти во соработка со правници ја разгледуваат можноста јавно да објавуваат списоци на лица кои треба да бидат во самоизолација.  Ова е поради тоа како што кажа Филипче,  голем бројот граѓани одбивале да ги примат решенијата за самоизолација.„ Ова е сериозен проблем со кој се соочуваат инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат. Има луѓе кои не ги примаат решенијата и од различни причини стојат зад тоа. Има луѓе кои даваат грешни адреси и телефони во анкетите во однос на контактите па инспекторите не можат да ги најдат овие лица што претставува серозен ризик. Се размислуваше и за алтернативна правна форма како овие решенија да се поделат. Една од опциите, и тоа многу бргу ќе го расчистиме, е јавно да се објави список на лица кои треба да бидат во самоизолација според Законот за управна постапка. Навистина многу време се губи во нивно делење и се загрозува јавното здравје посебно од страна на лицата кои не сакаат да излезат во пресрет и да се соработуваат со епидемиолозите и со Државниот санитарен инспекторат“, рече министерот за здравство Венко Филипче.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

15062020_sredba-vo-Vladata_DIK_2

Спасовски, Десковска, Филипче и Рашковски остварија средба со ДИК

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски, заедно со министерката за правда Рената Дескоска, министерот за здравство Венко Филипче и генералниот секретар во Владата Драги Рашковски, денеска одржаа состанок со членовите на Државната изборна комисија.На состанокот не присуствуваше претседателот на ДИК Оливер Деркоски, иако средбата е организирана врз основа на негово писмо во кое тој, во име на Комисијата побара состанок во Владата, и таа се одржа со останатите членови на ДИК предводени од потпретседателката Дитмире Шеху.Потпретседателката на ДИК Шеху информираше дека денеска, согласно нејзините овластувања, заедно со мнозинството членови на ДИК, ќе иницира седница на која ќе се повика на заклучокот на Kомисијата од 22 март во кој се вели дека „сите изборни дејствија кои се преземени согласно одредбите на Изборниот законик до 22 март 2020 година се сметаат за важечки и дека сите преостанати дејствија кои произлегуваат од Изборниот законик ќе бидат предвидени во ревидираниот роковник кој ДИК ќе го донесе веднаш по укинувањето на вонредната состојба и донесувањето на новата уредба на Владата за изборниот процес“.На состанокот премиерот Спасовски истакна дека во очекување на состанокот на ДИК на која ќе се потврдат одредбите на заклучокот на комисијата од 22 март, Владата е веќе подготвена да ги исполни сите обврски во врска со организацијата и спроведувањето на изборите, вклучувајќи ги и препораките за безбедно спроведување на изборниот процес од здравствен аспект, врз основа на кои ДИК ќе подготви упатства.фото: Влада

Македонија | пред 5 години

mickoski

Мицкоски: На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ

На изборите на 15 јули, среда ќе учествува ВМРО-ДПМНЕ и заедно со народот ќе го победи изворот на кризата Зоран Заев и СДСМ. Двата услови кои ги баравме се прифатени, прво протоколи за заштита на здравјето на граѓаните, второ мисија на ОБСЕ и ОДИХР за заштита на волјата на граѓаните, објави на својот ФБ профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.Мицкоски во својата објава додава:Македонија се наоѓа во лоша состојба, силно нападната покрај економска и со силна здравствена криза. За да сето ова престане еден е излезот, а тоа е убедлив пораз на Заев и СДСМ.Македонија овие три години не успеа, доживеа порази на економско, здравствено и политичко поле. Време е да се стави крај на сето ова, време е за промени, а Македонија да излезе посилна.Време е да вратиме за сите криминали, неправди, за сите лаги и измами, тендери и рекети. Заев и неговата свита се готови. Одговорот е кај народот, а тој ќе покаже дека Македонија е посилна од нив!фото: ФБ Христијан Мицкоски

Македонија | пред 5 години

plaza-1

(ФОТО) Општина Охрид започна активности за отстранување на урбаната опрема лоцирана на крајбрежјето на Охридското Езеро

Со отстранување на шанкови, монтажни објекти, конструкции и ѕидови, утрово започна најавената акција за вoведување ред на крајбрежјето на Охридското Езеро, согласно препораките на УНЕСКО. Акцијата ја спроведува Општина Охрид и истата започна на објектите лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“.Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро.Додека трае акцијата во јавноста се шпекулира колку ниски цени плаќале тие кои менаџирале и кога имале договори. Неофицијално сите плажи заедно плаќале околу 10 000 евра наемнина годишно, а користеле илјадници метри квадратни државно земјиште. Имало и плажи на најатрактивни локации кои плаќале наемнина од околу 40 000 денари годишно, за околу 1000 метри квадратни државна земја.Инаку Владата на седницата одржана на 10 јуни ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, која се однесува на плажите кои биле предмет на закуп, a која предвидува концесионерите чии договори се истечени или раскинати задолжително да ги вратат плажите со кои стопанисувале во првобитна состојба. фото: Скопје 1

Македонија | пред 5 години

irena-shumkoski

Почина Ирена Шумкоски, член на Државната комисија за жалби по јавни набавки

По кратко боледување, вчера на 35-годишна возраст почина Ирена Шумкоски, член на Државната комисија за жалби по јавни набавки.Ирена Шукоски е родена 1984 година, а член е на Дражавна комисија за жалби по јавни набавки од ноември 2018 година. Државната комисија изразува длабоко сочувство до семејството.

Македонија | пред 5 години

zaev

Заев и Мицкоски се договорија: Избори на 15 јули, ќе се прогласи нова вонредна состојба

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, посочи дека изборите ќе бидат на 15 јули, по претходен договор со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се повикани да влезат во демократскиот процес. Заев рече дека очекува Мицкоски јавно да потврди дека на 15 јули ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува на изборите.„СДСМ ја покажува својата големина, разбирање и одговорнсот за да не страда народот, го заклучуваме 15 јули како конечен последен и единствен датум за избори на кои гарантирано ќе учествува опозицијата. Разговарав со Мицкоски и тој е согласен да учествува на изборите на 15 јули. Тоа е среда, неработен ден за сите граѓани, ден за гласање, одлуки и спас на државата. Понеделник и вторник (13 и 14 јули) ќе бидат денови за гласање на болните и изнемоштени лица, како и хронично болните, болните од Ковид-19, лицата во самоизолација.Молкот ќе е на 12 јули, недела“, рече Заев. Тој најави дека од Пендаровски ќе се бара нова вонредна состојба, за да може изборите да бидат на 15 јули.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

dimitrievski

(ВИДЕО) Максим Димитриевски бара од МВР внатрешна истрага за кривичната пријава против него

Комплетна истрага од Одделот за внатрешна контрола на МВР денеска побара градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски за кривичната пријава која полицијата ја поднесе против него за непостапување според здравствени проиписи за време на епидемија, која пријава од Основното јавно обвинителство е потврдена како неоснована.Денеска доставив претставка до Одделот за внатрешна контрола во МВР за отпочнување на комплетна истрага за тоа како е спроведена постапката за поднесување на кривична пријава за мене, која беше отфрлена од страна на Јавното обвинителство како неоснована. Моите сознанија и она што го имаме дадено во преставката е дека во самата постапка ниту во еден момент не сум повикан на распит во полиција или, пак, некој побара мислење или став од мене во самата предистражна постапка. Во самата постапка имам формирано документација од личен карактер од страна на претставници – полициски службеници, а знаете тоа јавно го обелоденив дека во самата постапка дел од податоците коишто беа прибрани од страна на други надлежни органи, конкретно ДЗСИ беа изнесени во јавноста и за тоа ќе следува соодветна кривична пријава од моја страна веднаш по завршувањето на мојот адвокатски тим со изготвување на кривичната пријава против Сотирова – Бухова“, нагласи градоначалкникот Димитриевски.Кривичната пријава според него е поради тоа што тој за време кога требало да биде во изолација заради позитивен тест за Ковид-19, самоиницијативно излегол и во приватна установа се тестирал, од каде пак изглегле негативни резултати. Градоначалникот рече дека тој ги запазил сите мерки и препораки и со „Ковид возило на Итната медициснка помош" заминал да го направи тестирањето бидејќи се сомневал дека првото тестирање е точно. https://www.facebook.com/MaksimDimitrievskiOfficial/videos/619997655275219/

Македонија | пред 5 години

jarevski

Јаревски: Каде завршува песокот кој нелегално се ископува од Вардар и дали Богоев и Шилегов дозволиле депонирање радиоактивен отпад?

Изминува речиси цела недела откако се актуелизира еколошкото злодело што се одвива тука, а надлежните институции се однесуваат како да не постојат. Тука сме на лице место и како што гледате, нема табла, ниту кој е инвеститор, ниту кој е изведувач, ниту број на проект, ниту број на договор, ниту било каква друга информација што е пропишана согласно законските норми и прописи, истакна Тони Јаревски.Да Шилегов и Богоев, граѓаните и надлежните институции да ја сфатат сериозноста на ситуацијата и да се добие јасна слика што се случува тука, дали е криминал од една страна и истовремено злосторство врз животната средина од друга страна. Потребно е да се одговори на серија на прашања.За почеток денес ќе поставиме неколку за Шилегов и едно до Стефан Богоев.Прво, бидејќи е недвосмислено јасно од снимките, се гледа дека багерите вршат ископ на природен материјал, песок и чакал и истиот го товарат во камиони кои полни го напуштаат местото.Прашуваме, дали има издадено лиценца за ископ на било која фирма на оваа локација и каде и за која намена истиот се складира?Второ, колкава количина на природен материја песок и чакал е досега  ископана и одвезена и каков вид и количина на отпад е депонирана во дупките од кои се вршеше ископ.Трето, дали Шилегов по целосна одговорност ќе потврди дека изминатите неколку месеци тука не е депониран радиоактивен или канцероген отпад како на пример стари громобрани, азбесни цевки и кровови.Следниот прес ќе го одржиме пред општина Карпош, а до тогаш очекуваме одговор дали господин Богоев стои на ставот дека оваа локација не е заштитна зона на бунарското подрачје Нерези - Лепенец и дали се уште смета дека ова што се случува тука не претставува опасност по здравјето на Скопјани и безбедноста и квалитетот на водата од бунарите, истакна Тони Јаревски.видео: ВМРО ДПМНЕ

Скопје | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања