Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Скопје1.мк

negotino

Пожарникарите од Неготино интервенираат по обилниот дожд во градот

По обилниот дожд во Неготино, на терен интервенираат неготинските пожарникари.Командирот на Територијалната противпожарна единица Иле Илиев за МИА изјави дека со пумпи ја црпат надојдената вода во строгиот центар на градот.Жителите на Неготино паметат неколку поплави во градот во минатото, од кои две поголеми.

Македонија | пред 5 години

17062020_PVRSM_Spasovski_poseta_prespanski_region-4

Спасовски од Преспа: Ги обезбедивме трајните гаранции за македонскиот јазик, идентитетот и нашето членство во НАТО

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерот без ресор задолжен за дијаспора и претседател на работна група за поддршка на Преспанскиот регион, Едмонд Адеми, денеска учествуваа на серијата настани по повод двегодишнината од потпишувањето на Договорот во Преспа, организирани од Општина Ресен, во соработка со НВО Преспа Град, кои се одржаа во село Љубојна и во близина граничниот премин во изградба Маркова Нога, на границата со Грција.За значењето на годишнината, како и за значењето на настаните организирани по тој повод во регионот на Преспа, премиерот Спасовски истакна:Денеска, е убав ден бидејќи со посетата на Љубојно и преспанскиот крај, одбележуваме и две години од потпишувањето на Договорот од Преспа.Историјата се пишува со храбри одлуки. Историјата се пишува со компромиси достоинствени и прифатливи за сите страни. Кога сите мислеа дека нема излез, беа преземени чекори што не извлекоа од минатото и безизлезот и ни ги вратија перспективите за нашите аспирации за членство во НАТО и ЕУ во нивната полна и сосема извесна реалност.Со договорот од Преспа од тотална изолација на меѓународната сцена, направивме пресвртница и ја вративме Северна Македонија на агендата за проширување на Европската Унија и добивме членство во НАТО.Тоа е најсилна гаранција за територијалниот суверенитет, гаранција за безбедноста и стабилноста. НАТО е најуспешната воена и политичка алијанса во историјата на светската цивилизација, а ние во неа сме рамо до рамо со најуспешните, најразвиените и најсилните.Во март 2020, ЕУ донесе позитивна одлука за започнување на преговори за членство, а пандемијата предизвикана од КОВИД-19 не ја спречува Европската Комисија да финализира преговарачката рамка, до крајот на 2020 година и формално да започнат преговорите за членство.Во нашиот пат за членство кон НАТО и ЕУ, Грција сега не само што не не блокира туку и сесрдно го помага нашето забрзано интегрирање. Тоа е впрочем и нивна обврска од договорот. Односите со Грција никогаш не биле подобри. Имаме значително подобрени билатерални односи и имаше тренд на зајакнување на економската соработка. Градиме пријателство и стратешко партнерство со нив, и тоа е добро за граѓаните на двете држави.Привршува реализацијата на новиот граничен премин со Грција, Маркова Нога, во Преспа. Зголемени можности за локалното население, ќе донесе поголеми инвестиции во туризам, економија и развој. Реактивирана беше железничката линија преку Битола, а во план е и отворање на дополнителен граничен премин со Грција, во граничниот предел на Општина Кавадарци. Тоа е уште една можности за прекугранична соработка и развој на руралните средини од двете страни на границата.Поголема мобилност, поголема соработка, поголем развој.Преспанскиот договор е достоинствен и прифатлив компромис за двете страни. Двете држави вложија по нешто, но и двете држави добија и по нешто од него. Најголемата придобивка е пријателството, взаемната поддршка и можностите за градење на блиски односи и посилна соработка во иднина.Денес за Преспа знае целиот свет. Во еден таков меѓународно афирмиран процес ги обезбедивме трајните гаранции за македонскиот јазик и идентитет. Тие се сега признаени од целиот свет и тоа никој повеќе не може да ни го одземе.Преспанскиот договор е признаен и како модел за решавање и на други слични проблеми низ целиот свет. Тој е постигнување кое служи како пример за охрабрување и инспирација и за други лидери да донесат тешки, но неопходни одлуки за иднината на своите држави и на своите граѓани. Тој е голем влог во зачувувањето на мирот, безбедноста и стабилноста на нашиот регион, за зајакнување на регионалната соработка и пример за силната посветеноста на идејата за ЕУ и на европските вредности.Договорот од Преспа е модел за европско однесување, модел за Балкан достоен на 21 век, како рамноправен и неделив дел од Европската Унија, и сите ние треба да бидеме горди на тоа.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев: Преспа станува синоним за успехот на дипломатијата и дијалогот во меѓународната политика

Пред две години, на 17 јуни, на неколку километри од тука, на грчката страна на Преспа презедовме одговорност и напишавме историја. Наша одговорност беше да го решиме отвореното прашање кое ја загрозува иднината на нашата држава. Ја презедовме одговорноста – го решивме спорот, постигнавме Договор со Грција.  Наша одговорност и света должност беше да го зачуваме идентитетот македонски. Не само што го зачувавме, туку и го потврдивме и зајакнавме, истакна претседателот од СДСМ Зоран Заев.Еднаш засекогаш Македонците и македонскиот јазик се впишаа во ризницата на светските народи и јазици, и никој повеќе нема дилеми, никој повеќе не го оспорува тоа.Го направивме изборот. Избравме иднина, наместо неизвесна и бесмислена изолација во која не втурна бесмислената политика на режимското владеење.Презедовме одговорност која никој не ја презеде речиси три децении.Генералниот секретар на Обединети Нации Гутереш, го вброи Преспанскиот Договор како едно од најголемите дипломатски постигнувања во целиот свет, а најголемите светски лидери ни оддадоа признание за консолидацијата на Балканот и за нашиот придонес за стабилноста и развојот на нашиот регион.Покажавме дипломатска доблест, храброст, достоинство и политички став.Тоа се вредности на современата политика. Тоа се вредности на НАТО и ЕУ, и тоа беа последните чекори до полноправното членство во НАТО, и до рамката за преговори за членство во ЕУ.Нашата земја помина низ многу крстопати и во клучните моменти, секогаш избираше иднина.Денес сме горди на Илинден, на АСНОМ и на Референдумот од 1991 година, како најважни историски моменти од борбата за нашата независност и државност. Избравме самостојност, мир и стабилност. Избравме да бидеме дел од демократскиот свет за да создадеме можности за подобар живот за нашите деца. Како резултат на тоа, денес имаме горди граѓани и држава која е на вистинскиот пат.Сега треба да го направиме следниот чекор.Да организираме избори, да избереме Парламент и Влада кои ќе го задржат исправниот курс и да ја надминеме корона кризата.  И во време на здравствена и економска криза, да продолжиме по патот кој обезбедува подобар живот, повисок стандард, посигурни граници и припадност кон семејство од нации ориентирани кон иднината. Дозволете ми да им се заблагодарам на организаторите на овој настан.Во меѓународната политика Преспа станува синоним за успехот на дипломатијата и дијалогот, а за нас дома тоа е Договорот кој го потврди македонскиот идентитет.Затоа е сосема природна и соодветна иницијативата овде во Љубојно да се отвори Центар за промоција на македонскиот јазик во просторите на старото училиште. Ова заслужува поддршка заедно со сите иницијативи што последните две години доаѓаат од Преспа како тромеѓа на народи што взаемно се почитуваат.Kако што бев горд минатата година, кога ја предводев Владата на РСМ што го востанови 5 мај како Ден на македонскиот јазик (во чест на Решението на Народната влада на тогашната Федерална Македонија од 1945 г. за усвојување на азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо, и озаконоувањето на првиот правопис на македонски јазик), така сум горд и денес што сум дел од овој прекрасен настан , како подржувач на иницијативата за основање на Музеј на македонски јазик.Македонскиот јазик е нашето минато, нашата сегашност и нашата иднина.....нашето вчера, денес и утре...Македонскиот јазик е нашата насушна потреба, како лебот што го јадеме и како водата што ја пиеме...Се дури постојат Македонци кои чекорат по оваа наша земја, но и по други земји од светот, ќе постои македонскиот јазик. Аналогно на тоа, се дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците.Македонскиот јазик, тоа е мојот јазик, јазикот со кој сум растел и сум се школувал, јазикот со кој ќе продолжам да живеам се до моето заминување од овој свет... тоа е јазикот на  моите родители, јазикот на мојата мајка учителка (сега веќе во пензија) која на тој јазик образувала и воспитувала  генерации и генерации ученици....тоа е јазикот на моите деца...Тоа е јазикот на сите македонски деца, на нивните мајки и татковци на нивните баби и дедовци, без разлика дали живеат во својата татковина или на кој било дел од светските меридијани. Тоа е јазикот на кој се напишани лични документи, свидетелства и дипломи, тоа е јазикот од надгробните плочи на оние кои не се повеќе меѓу нас.Се надевам дека еден убав ден мојот сон ќе стане јаве, и дека ќе успееме конечно, ние македонските политичари, да се разбереме на убав македонски јазик. И дека некои од оние кои упорно не сакаат да се разберат ќе ја сфатат својата грешка, дека Блаже Коневски не е “џуџето од Небрегово“, како што го нарекуваат, туку најзаслужниот за кодификацијата и стандардизацијата на македонскиот јазик. И дека не смее да се случи повторно Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ да биде маргинализиран, како што беше во времето на нивното владеење. Се надевам исто така, дека ќе ги пронајдеме најубавите зборови од македонскиот јазик како што се „разбирање“, „единство“, „помирување“, а не најлошите со кои се отуѓуваме, разединуваме и ја продлабочуваме поделбата.Особено сум радосен што овој убав настан се случува во селото со преубаво име- Љубојно. Името Љубојно доаѓа од љубов, па нека се знае дека сето ова што денес се случува е од љубов кон татковината и од љубов кон македонскиот јазик, истакна претседателот од СДСМ Зоран Заев.

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

ВМРО ДПМНЕ: Деветте загубени животи од денес одат на нечистата совест на Зоран Заев и Венко Филипче

Деветте загубени животи од денес одат на нечистата совест на Зоран Заев и Венко Филипче. Неспособноста на Заев и Филипче и неодговорниот пристап допринесе Македонија да има втор пик на коронавирус во јуни, во услови кога земјите од регионот немаат ниту еден новозаразен и по цел месец, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.Зоран Заев и Венко Филипче ја политизираа и Комисијата за заразни болести, која наместо по лекарска пракса, работеше по политички диктат.Оваа власт беше целосно неспособна да се справи со коронавирусот и останавме држава која е затворена. Оваа власт нема да може да се справи со евентуален трет пик на есен.Последиците од првите два пика со СДСМ се задолжување и зголемување на буџетската дупка и до 1.4 милијарди евра, над 3.000 заразени и над 200 смртни случаи. Последиците од третиот пик со СДСМ би биле катастрофални за државата и граѓаните.Ќе ја поразиме короната и ќе го поразиме вториот вирус, Заев и СДСМ. Или обнова или измами. Македонија не заборава, и Македонија ќе победи, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

Filipce

Филипче до здравствените работници: Ќе направам сè за да обезбедам поддршка за вас

На денешната прес-конференција, министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче истакна дека се соочуваме со најголемата здравствена криза досега во нашата земја, но и со најголемиот предизвик на здравството и здравствените работници на којшто здравствениот систем има знаење и капацитети да одговори.Притоа, Филипче упати охрабрувачка порака до своите колеги, здравствени работници: „Знам дека сте изморени, знам дека сте на крајот на силите. Ве уверувам дека ќе направам сè за да обезбедам поддршка за вас од страна на министерството и ќе ги мобилизираме сите здравствени ресурси во земјата за да го надминеме ова.“Истовремено, Филипче им порача на граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 за да го заштитат своето здравје, и со тоа да им помогнат и на здравствените работници.„Здравствените работници буквално не се прибрани дома со месеци. Изложени се на огромен ризик, со долги смени работат за да го спасат секој живот. Ова мора да го почитуваме како граѓани и да им помогнеме. А секој може тоа да го направи со следење на едноставни три препораки - маска, дистанца и дезинфекција. Ова не е големо барање, а ќе помогне да има помалку дијагностицирани и некој пациент повеќе да си оди дома од болничките установи. Да се почитуваат овие мерки за да може здравствените работници да здивнат, да се ослободат од притисокот. Тоа е единствениот начин да ставиме крај на оваа криза“ - истакна Филипче на денешната прес-конференција.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

doktorka-infektivna

Д-р Стевановиќ: 50 проценти од пациентите кои починале од КОВИД-19 се донесени на лекување предоцна

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Милена Стевановиќ одговарајќи на новинарско прашање за смртноста од Ковид-19, на денешната прес-конференција изјави дека 50 проценти од пациентите кои починале од КОВИД-19 по хоспитализација на Клиниката, биле донесени на лекување предоцна и дека исходот можеби би бил поинаков доколку пациентите се консултирале со матичниот лекар кој би ја следел нивната состојба.„Од вкупниот број од над 470 хоспитализирани и лекувани на клиниката, имаме 90 пациенти кои се со смртен исход. Најголем дел од пациентите се донесени по 10-15 дена самолекување дома, без никаква претходна консултација со лекар. Барем 50% од пациентите кои се лекувани кај нас и завршиле со несакан исход, кај нас се предоцна донесени на лекување и верувам дека исходот би бил различен ако пациентите барем го консултирале својот матичен лекар да ја следи нивната состојба и евентуално влошување“, рече Стевановиќ.Таа исто така укажа дека на клиниката веќе имаат голем број на починати пациенти од КОВИД-19 кои не се многу возрасни, т.е. се на средна возраст и кои не пријавиле хронични болести.„Возраста и хроничните болести го носат цехот со себе и ризикот од сериозно тешка манифестација на КОВИД-19, како и зголемен ризик од смртен исход. Но, имаме и сериозен број на пациенти кои не се многу возрасни, на средна возраст, кои не пријавуваат хронични болести, но текот, развојот и компликациите на болеста го донеле најнепосакуваниот исход“, рече Стевановиќ.Инаку, според последната анализа на Институтот за јавно здравје на смртноста од 15 јуни, кога во земјата беа регистрирани 193 смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 33,9/100.000 жители. Регистрирани се 123 смртни случаи кај лица од машки и 70 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 148 (76,7%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест, дијабет и белодробна болест.

Македонија | пред 5 години

urivanje2

(ВИДЕО) Продолжи акцијата за за отстранување на урбана опрема, шанкови и објекти, денеска во плажата „Немо“

И утрово се отстранува урбана опрема, шанкови и објекти од плажите. Денеска се отстранува се што е нелегално поставено во месноста Горица 3 или плажа „Немо“. Акцијата која започна пред три дена се спроведува со полициска асистенција нема селективност.Потсетуваме дека акцијата има силна поддршка од амбасадорите во земјава. Амбасадор на една од највлијателните земји во светот кажал јасно на Владата во Скопје мора да се справи со узурпирањето на брегот на Охридското Езеро и дека функционирањето на институциите на државата на Охридското Езеро е прашање од врвен приоритет.На ред е УЈП и пазрна инспекција да се види дали ќе порофункционираат.Инаку Општина Охрид за целата акција само кусо информираше дека се преземаат активности за отстранување на урбаната опрема и остатоците од објекти кои се лоцирани на крајбрежјето на Охридското Езеро, на потегот од „Горица 3“ до ЈЗУ Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања во населбата „Свети Стефан“.„Се работи за урбана опрема и градби кои се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план. По завршувањето на активностите за отстранување на овој потег од крајбрежјето, ќе се пристапи кон отстранување и на останатите објекти, потпорни ѕидови, шанкови, метални конструкции и настрешници, кои исто така се надвор од опфатот на Генералниот урбанистички план и навлегуваат во КП 1/1 Охридско Езеро“, истакнаа од Општина Охрид. 

Македонија | пред 5 години

DSC_2125-1

Работен состанок на министерот Чулев преку зум апликацијата со британската амбасадорка Галовеј

Министерот Чулев денеска  преку зум апликацијата оствари работен состанок со британската амбасадорка Рејчел Галовеј. Фокус на средбата беше справувањето со пандемијата од Covid- 19 и подготовката за парламентарните избори кои следат. Во таа насока од страна на министерот Чулев бea потенцирани мерките и активностите кои ги преземаат полициските службеници за спроведување на одлуките донесени од страна на Владата, но и за обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните.Двете страни заеднички се согласија дека парламентарните избори што следат треба да бидат фер и демократски, и во таа насока неопходно е институциите да ги преземат сите мерки но  и протоколот кој ќе биде изготвен од нивна страна да кореспорендира со здравствената состојба во која се наоѓа државата, а истовремено и да гарантира заштита на здравјето на граѓаните.  Двете страни заклучија дека излезеноста на граѓаните на овие избори е важен фактор кој ќе ја гарантира нивната легитимност и легитимноста на владата која ќе треба да се формира по нивното завршување.Министерот Чулев информираше дека Министерството за внатрешни работи веќе ги презема сите неопходни активности со кои ќе се гарантира безбедноста на избори, а во таа насока веќе е формиран оперативен штаб за нивно спроведување, а со кој раководи Директорот на Бирото за јавна безбедност.На средбата стана збор и за прашањата поврзани со миграцијата, но и меѓусебната соработка кои двете страни ја имаат во изминатиот период на повеќе полиња, а на чие надоградување треба да се работи во периодо кој следува.фото: МВР

Македонија | пред 5 години

Levica-logo

Левица: Предизборен поткуп – Владата финансира (не)владини со народни пари!

Во ситуација кога државата се соочува со епидемиолошка криза која ги хендикепира институциите и кога народот тоне во сиромаштија, Владата доделува 500 илјади народни пари на 40 невладини организации. Листата на “добитници” вклучува сомнителни организации, како на пример невладина организација која е имплицирана во случајот “Рекет”, заедно со Боки 13, се вели во соопштението од Левица.Додека Владата се раздава со 10 000 евра по невладини – работници се отпуштаат, невработените се оставени сами на себе, здравството заедно со своите вработени е на раб на колабс, а Министерката за финансии се обидува да нѐ залаже со смешни грепки од 100 евра. Ваквото бескрупулозно расфрлање со народните пари во околностите кога економијата е пред колапс, а јавниот долг вртоглаво расте, е само уште еден показател за расипничкото владеење на оваа криминална власт.Покрај огромна финансиска штета, ваквото финансирање има и штетни политички последици. Како што одамно предупредуваме, финансирањето на различни невладини организации е само легализирано финансирање на владини послушници со народни пари. Ние денес имаме најмногу НВО по глава на жител. Немаме дилема дека ова повторно служи за синџир – окрупнување на владеачката коалиција преку финансиски „кураж“ на своите мегафони, особено засилено во предизборие. Сепак, најголемиот проблем лежи во тоа што преку ваквото поимање на “граѓанскиот сектор” тој игра една многу опасна и разорна социјална функција –  што создава два суштински проблеми.Прво, ги трансферира обврските од државата кон невладините, при што ги ослободува од одговорност институциите на државата. Го стеснува делокруг на државни обврски и општествени функции, предавајќи ги на организации кои немаат никаква отчетност пред народот, а чија основна функција е да прават профит за мала група на послушни индивидуалци.Второ, овозможува отворен и непречен пат за компромитирање на голема политичка група од страна на властите, овозможувајќи однос на “дај ми го – на ти го”  помеѓу нив, но и споделена улога во ширењето на (нео)либералната пропаганда која е насочена кон угушување на народниот отпор и неговата политичка моќ.Затоа, Левица во својата програма предвидува регулирање на граѓанскиот сектор во Македонија, преку санкционирање на ширењето политичка пропаганда платена со странски пари, а спроведена преку домашни „тинк-тенкови“ и разно-разни невладини организации, се вели во соопштението од Левица.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

korona-2

Короната се шири, во 24 часа 193 позитивни

Во последните 24 часа се направени 1391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19 во:-Скопје 140-Куманово 2-Дебар 1-Штип 6-Тетово 19-Струга 5-Велес 2-Охрид 11-Гостивар 4-Свети Николе 1-Ресен 2На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа три лица од Скопје на возраст од 78 и 47 години хоспитализирани на 4 односно 7 јуни и пациентка на 85 години, хоспитализирана на 9 јуни.Во ГОБ „8 септември“ починаа четири лица, двајца пациенти од Скопје на возраст од 69 и 67 години, хоспитализирани на 9 односно 15 јуни, пациентка од Куманово на 67 години, примена на 2 јуни и пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни.Во ОБ Куманово почина пациент на 81 година, хоспитализиран на 3 јуни, во ОБ Охрид пациент на 83 години, примен во болницата на 8 јуни.Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 46 оздравени пациенти од:-Скопје 35-Куманово 1-Штип 6-Тетово 1-Струга 1-Гостивар 1-Валандово 1Досега во земјата се направени вкупно 46.445 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4482 бројката на оздравени пациенти е 1803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Беџети: РСМ да ги отвори границите исто како соседните држави и ЕУ, печалбарите да доаѓаат во својата татковина без ПЦР тест и мерка за изолација

Владата на Северна Македонија донесе одлука за отворање на границите од 17 јуни. Сепак, ова отворање на границите не е дел од слободното движење на нашите граѓани, односно, нивното влегување во Северна Македонија, истакна Флакрон Беџети од Алијанса за Албанците. Северна Македонија и нејзината влада продолжуваат да спроведуваат различни и уникатни мерки од тие на државите од регионот, бидејќи експериментираше со скоро сите решенија на Владата за спречување на Ковид 19, кои немаа успех или ефект во заштитата на јавното здравство.Што се однесува до AА, не прифатливо е решението дека нашите граѓани кои сакат да се вратат во Северна Македонија како услов, мора да имаат ПЦР тест, а уште помалку да се изолираат.Северна Македонија сега е за жал лидер во регионот во однос на бројот на заразени и мртви на милион жители, така што јавното здравство на нејзините граѓани не може да биде загрозено од нашите печалбари кои доаѓаат од земјите на ЕУ кои скоро ја победија битката со Ковид 19 и ги отворија границите за движење без никакви пречки.Со ова однесување РСМ не ги почитува ниту правилата за добрососедство кон државите кои не бараат тестови за нашите граѓани.Итно бараме Владата на следниот состанок да ги отстрани активните мерки за граѓаните кои се враќаат во својата татковина, тестот за ПЦР и самата изолација од неколку причини, и тоа;Северна Македонија, како аспирант за ЕУ, мора да ги практикува истите практики на државите на ЕУ кои ги отворија своите граници без никакви ограничувања.Сведоци сме на многу тенденции за злоупотреба на оваа состојба, но и оштетување на нашите граѓани кои мораат да платат стотици евра за нивните семејства за ПЦР тестовите, кои честопати не се ни точни.Итно бараме Владата и Министерството за внатрешни работи да се однесуваат правилно со граѓаните кои доаѓаат од дијаспората, овозможувајќи слободно движење, без понатамошно вознемирување и одложувања на граничните премини.Бараме нашите печалбари, како граѓани на Република Македонија, да ги уживаат сите свои права и процесот на гласање на 15 јули. Секоја друга рестриктивна мерка, како изолацијата од две недели, може да се сфати како тенденција за нивно исклучување од процесот на гласање.Како мерка бараме со нивното влегување во РСМ да се приложи само нивна адреса и телефонски број за контакт (како што е примерот на Хрватска), така што може да им се испрати упатство за заштитните мерки и превенција доколку некој од наши иселеници покаже симптоми од Ковид 19, а во случај на нивна инфекција сите државни контроли и услуги да ги плати државата, затоа што нашите иселеници секоја година ги полнат државните каси со по 200 милиони евра секој со своите дознаки, истакна Флакрон Беџети од Алијанса за Албанците.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Vasilevska1706

Василевска: СДСМ со народни пари преку АМС и НВО прави поткуп пред избори

На само месец дена пред избори, Владата која пред недела дена даде половина милиони евра на НВО секторот директно, сега преку АМС издвојува по 300.000 денари за НВО. Агенцијата за млади и спорт наместо да финансира проекти од областа на спортот ќе врши директен поткуп на гласачи за потребите на Зоран Заев, истакна Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.Имено на седница на Владата, на предлог на Агенцијата за млади и спорт  донесена е Уредба за финансиска поддршка на здруженија и фондации за справување со КОВИД-19 кризата.Согласно оваа Уредба ќе се финансираат повеќе проекти во износ од 300.000 денари по проект. Да потсетиме, во  месец март оваа година истата Агенција веќе додели 3,6 милиони денари за проекти на невладини организации.Темпирањето за објавување и доделување на финансиски средства пред одржувањето на парламентарните избори, укажува на фактот дека на Агенцијата за млади и спорт воопшто не им е грижа за младите, и дека тие служат само како спроведувачи на наредбите на нивниот налогодавач, Зоран Заев.Со исто темпо за поткуп со народни пари пред избори работи и Министерството за економија, кое објави повик со кој ќе финансира настани, обуки, семинари и конференции, наменет за правни лица, фондации и здруженија на граѓани.И тоа во време кога против пандемијата се бориме со социјална дистанца и кога е забрането одржување на настани на отворен и затворен простор, без оглед на обемот и бројот на учесници, буџетски пари ќе се трошат токму за спротивното.ВМРО-ДПМНЕ, уште еднаш јавно и гласно, и укажува на јавноста и медиумите за општиот предизборен поткуп кој се случува на секојдневна основа, а воедно ги повикува надлежните институции, „по допрен глас“ да постапат и да отворат соодветни предмети за масовното спроведување на предизборен поткуп.Ја повикуваме Агенцијата за млади и спорт и Министерството за економија да ги поништат објавените повици и да не учествуваат во предизборниот поткуп, кој веќе јавно, без срам, СДСМ го спроведува секојдневно.Во исто време, ги прашуваме одговорните лица: Чуму објавата за доделување на средства на неколку седмици пред спроведувањето на предвремените парламентарни избори?Потенцирам до сите извршители на Зоран Заев во процесот на изборен поткуп, дека во догледно време за истите ќе има соодветни постапки и за незаконитостите кои ги прават ќе треба да одговараат.СДСМ знае дека заминува во опозиција и за тоа е „приморана“ да ги наполни сметките на своите „владини, а невладини“ организации, кои што после формирањето на Влада предводена од страна на ВМРО-ДПМНЕ, ќе треба да бидат најревносните таканаречени независни критичари на сите јавни политики.Ќе ја поразиме короната и ќе ги поразиме вториот вирус Заев и СДСМ. Или обнова или измами. Македонија не заборава, и Македонија ќе победи, истакна Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. фото: ВМРО ДПМНЕ 

Македонија | пред 5 години

lista

Владата ја објави листата на одобрени проекти посветени на Ковид-19

Во инклузивен и транспарентен процес Владата на Република Северна Македонија со одлука за распределба на финансиски средства обезбеди финансиска поддршка на здруженија и фондации за реализација на мерки за справување со КОВИД-19. На овој начин се доделија средства за реализација на 40 проекти на здруженија и фондации, во вкупна вредност од 29.519.495 денари, се вели во соопштението од Владата.Комисијата за распределба на финансиските средства ја сочинуваат пет членови кои доаѓаат од Владата, односно Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација (претседател), Мила Царовска, заменик на претседателот на Владата за координација со економските ресори, Бујар Османи, заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Арбер Адеми, министер за образование и наука и Драги Рашковски, генерален секретар на Владата.Дополнително, со цел зголемување на транспарентноста и подобрување на квалитетот на процесот на распределба, во составот на Комисијата се именувани и два члена на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, односно Уранија Пировска и Јане Чаловски.На овој начин, за првпат во Комисијата членови од граѓанскиот сектор имаа рамноправна улога и еднаква позиција во носењето на одлука за избор на проектите кои беа финансиски поддржани.Овие членови, беа избрани на предлог на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор.Комисијата формираше Оперативно тело во кое членуваат претставници од институциите чии раководители се дел од Комисијата, кои се задолжени за оценување на апликациите. Имајќи го во предвид големиот број на пристигнати апликации - 549, од една страна, и кратките рокови од друга, во секоја од овие институции беа ангажирани дополнително уште  дваесеттина лица кои помагаа при оценувањето.Комисијата за распределба на финансиски средства, иако свесна за кратките рокови, сепак поради потребата да му се помогне на граѓанскиот сектор и да се поддржат проекти кои придонесуваат за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19, одлучи да го објави повикот. Внимателно беа избрани областите во кои се изработени проектите, со цел да се помогне на најпогодените и ранливи категории на граѓани. Другата опција беше воопшто да не обезбедеше помош.Праксата на поддршка на работата на граѓанските организации ќе продолжи и по завршување на пандемијата, во области кои се од важност за сите категории на граѓани, се додава во образложението на Владата.Ранг листата погледнете ја тука.

Македонија | пред 5 години

dzaferi-talad

Џафери застана цврсто зад идејата – Република Северна Македонија да го добие првиот премиер Албанец

„Како што веќе знаете, онаа мала драма и неизвесност околу изборниот ден веќе заврши и дозволете да изразам задоволство што, и покрај големите притисоци и непотребно создадената хистерија во јавноста, сепак тоа го направивме на вистинскиот начин: инклузивно, со консензус, преку изграден компромис. Со тоа им обезбедивме на граѓаните можност на 15 јули навистина да имаат суштински избор за тоа кому ќе му ја дадат довербата да ги претставува во наредните четири години, но и ја поштедивме државата од нова политичка криза, која ќе се согласиме, во вакви моменти навистина не ни е потребна“, изјави на прес-конференција Талат Џафери, носител на листата на ДУИ во петата изборна единица.„А кога веќе тоа го завршивме, одговорно е пред граѓаните да ги дооформиме и претставиме политичките платформи со кои ќе ја бараме нивната доверба. Веќе знаете, столбот на нашата изборна платформа, носечката политичка понуда на ДУИ за граѓаните е, да обезбедимеполитичка поддршка, да создадеме услови, атмосфера после изборите да го добиеме и првиот премиер Албанец. И еве дозволете и јас да се изјаснам, тоа е добра понуда на која и верувам и силно ја подржувам. Тоа несомнено ќе значи рушење на последниот симбол на моноетничкиот стереотип при распределба на клучните функции во државава. Јас лично јаимав таа привилегија да покажам дека се работи за наметнат стереотип, за вградена нетрпеливост и недоверба при моето назначување за претседател на Собранието. Денес веќе никој не чувствува ниту закана, ниту некаков недостаток од фактот што Албанец веќе три години го предводи Собранието, и дозволете да бидам нескромен, улога која сметам дека добро ја извршував. Уште повеќе, сметам дека во некои клучни моменти – претставуваше вистинска предност што не бев дел од водечките партии на етничките Македонци, што ми овозможи да делувам како арбитер, платформа која обезбеди услови за да се изгради денешниот консензус“, вели Џафери.Тој додава дека тоа му дава право, со сето стекнато искуство, но и со целиот личен кредибилитет да застане уште поцврсто и зад оваа идеја – Република Северна Македонија да го добие првиот премиер Албанец.„Притоа,дозволете да бидеме искрен, за мене ова е многу повеќе од изборна платформа. А очигледно не е само за мене, не измина ниту една недела откако беше пласирана оваа идеја, а веќе е тоа главен муабет во чаршијата, по пазарите во домовите, главна тема за дебатирање и на социјалните мрежи и во медиумите. Она што најмногу ме радува е што овааидеја најмногу ја прифатија младите, затоа што токму тие сакаат да живеат во општество без стереотипи за тоа: кои се, каква им е традицијата, културата; каков јазик зборуваат, во каква религија веруваат итн, затоа што тие сакаат да живеат во држава која навистинануди еднакви можности за сите, без никакво ограничување или привилегии за никого.Ако сме целосно искрени, идејата за премиер Албанец веројатно најмногу се разговара и во штабовите на нашите политички конкуренти кои, исто како и ние, се борат за гласовите на Албанците. И ова не го кажувам со иронија или потсмев, туку затоа што денес сакам да им се обратам и ним: Точно е, идејата за првиот премиер Албанец излезе од ДУИ, но тоа нетреба да претставува хендикеп да се обединиме околу оваа благородна идеја.Ајде прво ние, партиите на Албанците во државава, да се обединиме околу оваа идеја, да ѝ дадеме надпартиски предзнак, и со тоа да ги охрабриме Албанците уште еднаш да се обединат околу нивните интереси“, вели Џафери.Тој додава дека нудат премиер Албанец, а не по секоја цена премиерод ДУИ, што претставува силно подадена рака пред сè до партиите на Албанците, заеднички да застанат зад оваа идеја.„Еве денес испраќам јавна понуда со која се откажуваме од ексклузивитетот на оваа идеја:Ајде да оформиме заедничка платформа, заедничка декларација, да дадеме завет, дадеме беса пред граѓаните дека сите ние, избраните пратеници во следното Собрание, ќе се обврземе дека ќе ја дадеме политичката доверба на она мнозинство во Собранието кое ќе ја прифати и ќе ја реализира оваа идеја. Тоа е сериозна понуда, тоа е храбра политичка одлука, но ве уверувам, тоа е најдобриот начин да ја вратиме довербата на Албанците во политиката, во нас политичарите, дека без разлика на нашите несогласувања, во клучните моменти, за клучните прашања, имаме капацитет и доблест да се обединиме во интерес на граѓаните“, додава тој.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

blazeski

Блажески: Во овој период да се стави акцентот на борбата против Корона вирусот, а во целост да се деактивираат акциите за рушење на плажите додека не заврши летната сезона

Македонски Концепт низ својата призма на идеи и предлози со сериозност ја согледува состојбата со крајбрежјето на Охридското Езеро. Оттука, кандидатот за пратеник Томе Блажески за изборна единица 5 на Македонски концепт појаснува дека во време кога здравјето на нашиот граѓанин е на примарно место, сулудно би било примат да се става на други активности со кои би се нарушилa и онака кревката сезона која ни претстојува.Затоа се апелира во овој период да се стави акцентот на борбата против Корона вирусот, а во целост да се деактивираат акциите за рушење додека незаврши летната сезона, за потоа со сериозен пристап искористувајќи ги сите легислативи да се постапи и согласно законските норми но и согласно препораките на УНЕСКО.Македонски концепт за таа цел воспостави сигурни принципи за решавање на оваа проблематика со што конечно ќе се доведе во НОРМАЛА целокупната состојба со Охридското крајбржеје.Впрочем, Македонски концепт се залага за НОРМАЛНА ДРЖАВА, истакна Томе Блажески, Кандидат за пратеник на Македонски Концепт Изборна единица 5.

Актуелно | пред 5 години

Нема фотографија

Од денеска отворени се сите гранични премини во земјава

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека почнувајќи од  денеска , среда  17.06 отворени се сите гранични премини во Република Северна Македонија наменети за меѓународен граничен сообраќај при што условите за влез и излез на наши и странски државјани се останати непроменети.Согласно Одлуките и мерките на Владата на Република Северна Македонија :- МКД државјани можат да остварат непречен излез од РСМ, при што на граничен премин пополнуваат изјава со која изјавуваат дека РСМ поради настанатата состојба со КОВИД -19 нема да биде во можност навремено да им помогне околу нивното враќање;- Во Република Северна Македонија  е дозволен влез на МКД државјани и странци со регулиран привремен или постојан престој во РСМ под услов истите да имаат валиден негативен  PCR  тест (изработен од нос и грло), не постар од 72 часа од денот на издавањето на тестот со што истите добиваат Наредба и пополнуваат изјава за домашна самоизолација во траење од 14 дена.- На влез во Република Северна Македонија , МКД државјани и странци со регулиран привремен и постојан престој кои немаат PCR тест се упатуваат во задолжителен државен карантин во времетраење од 14 дена ( истите со организиран превоз и полициска придружба се упатуваат во некој од претходно утврдени  објекти).- странските државјани  можат  да транзитираат низ територијата на РСМ (преку сите копнени гранични премини), под што се подразбира влез на еден граничен премин а излез на друг граничен премин при што имаат обврска при транзитот  да не се исклучуваат  од соодветниот автопат или локален пат и транзит да се реализира за најмногу 5 часа, за што пополнуваат соодветна изјава.фото: Архива  

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Заев ја доби Наградата за човекови права 2020 од Фондацијата Фридрих Еберт, за личната посветеност во Договорот од Преспа

Претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод втората  годишнина од потпишувањето на Преспанскиот договор, од Фондацијата  Фридрих Еберт  ја доби Наградата за човекови права за 2020 година.Фондацијата Фридрих Еберт ја цени  личната посветеност на претседателот Заев за склучувањето  на Договорот од Преспа, како и неговите напори за европска иднина и слободно и отворено општество.По долгогодишната авторитарна регресија во регионот, оценуваат од Фондацијата, лично Зоран Заев претставува пресврт, нудејќи надеж на прогресивните сили во Југоисточна Европа.„Фондацијата ФридрихЕберт му ја доделува наградата на Заев, во знак на признание за неговиот придонес кон мировната политика, заснована врз склучување на Договорот за пријателство со Бугарија во 2017 година и Преспанскиот Договор со Грција во 2018 година. Со тоа конечно, после 27 години, решена е блокадата на Северна Македонија за членство во НАТО и почетокот на преговорите за пристапување во ЕУ“, се вели во денешното соопштение на Фондацијата.Договорите, наведуваат од Фондацијата,  претставуваат клучна пресвртница на патот кон подобри услови за живот за сите граѓани.„Заев посветенo се залага за слободно, отворено и социјално општество. Неговата одлучна реформска политика не само што придонесе кон мирот и стабилноста, туку исто така, значи огромен чекор за државата кон ЕУ“, оцени Курт Бек, претседател на Фондацијата Фридрих Еберт истакнувајќи ги достигнувањата на Заев како особено значајни во однос на европскста интеграција.

Македонија | пред 5 години

mickoski-5

Мицкоски: Идејата на ВМРО е Македонија, изборот е или измами или обнова, конечно да зачекориме кон напредокот

Денес ВМРО-ДПМНЕ одбележува 30 години од основањето во далечната 1990 година. На денешен ден беше крунисана идејата да се создаде политички субјект кој ќе биде носител на вековната македонска борба за сопствена независна и самостојна држава. Токму ВМРО-ДПМНЕ беше партијата која прва зборуваше за Македонија надвор од југословенска федерација и тој идеал својата финализација ја дочека на 8-ми Септември, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ.Идејата на ВМРО-ДПМНЕ тогаш и сега, а ве уверувам и во иднина ќе биде, МАКЕДОНИЈА. Како што вели апостолот на македонска борба за слобода, Гоце Делчев,  „Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?“  и тие негови зборови се ѕвездата водилка на секој чесен и искрен Македонец повеќе од еден век наназад.Македонија била идејата која ги водела и хероите од народно ослободителната борба. Првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто во предвечерието на втемелувањето на Македонската државност  ќе каже „Сега градиме македонска држава и ќе ја изградиме, а како ќе се вика таа држава?” „Се разбира – Македонија… 30 години ВМРО-ДПМНЕ и 127 години ВМРО. Толку многу години во кој секој е заслужен, а една идеја МАКЕДОНИЈА!Македонија е вечниот идеал. Македонија е идејата на нашите дедовци, татковци, но и идејата на нашите деца, внуци и правнуци. Нашата борба како ВМРО-ДПМНЕ е тој пламен никогаш да не згасне, туку напротив да се распламтува и да гори за век и векови. Сегашниот предизвик што како генерација се соочуваме е како да политички да го победиме ова раководство на СДСМ и Зоран Заев. Тие се  целосен антипод на тоа што значи Македонија за која илјадници луѓе ги положиле своите животи. Мораме да ставиме крај на поразите и понижувањата кои тие ги создаваа. Трите години хибриден режим на Заев ја осиромашија Македонија , ја клекнаа на колена со погазено достоинство да се дави во криминал, корупција и сиромаштија. Изборот е јасен, обнова или измама, Македонија или ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев. Она што е важно е дека ние сме поинакви од него, ние знаеме и можеме да ја исправиме Македонија и гордо да зачекориме кон напредокот. Обновата на Македонија никој не може да ја сопре, затоа што народот стои зад таа обнова, а ВМРО-ДПМНЕ ќе биде носител на таа заедничка борба. Македонија горда членка на ЕУ, земја на иднината и среќниот живот, истакна Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ и додаде:Нека е вечно и вековито победничко ВМРО-ДПМНЕНека е вечна и вековита идејата за МакедонијаНека е вечна и вековита Македонија!https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/videos/889336921565541/?v=889336921565541

Македонија | пред 5 години

nbrm-narodna-banka

Основната каматна стапка и понудата на благајнички записи се непроменети, раст на девизните резерви

Вчера се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на којашто беа разгледани најновите економски показатели за домашната економија и движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика.По намалувањето на каматната стапка на благајничките записи во три наврати од почетокот на годината, на оваа седница беше одлучено таа да се задржи на нивото од 1,5%. Имено, во условите коишто произлегуваат од пандемијата на ковид-19 и мерките за спречување на ширењето на вирусот, кои неповолно влијаат и врз глобалната и врз домашната економија, а при солидно ниво на девизни резерви и отсуство на инфлациски притисоци, од почетокот на годината монетарната политика е релаксирана. Намалувањето на основната каматна стапка до нивото од 1,5%, како и досегашното позначајно намалување на понудениот износ на благајнички записи, придонесе за натамошно зголемување на ливидноста на банкарскиот систем и поддршка на кредитните текови во економија. Со оглед на веќе извршеното олабавување на монетарната политика, на оваа седница беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се задржи на постојното ниво, како соодветно на тековните економски и финансиски услови. Истовремено, ликвидноста ослободена преку основниот инструмент на Народната банка, од вкупно 15 милијарди денари во април и мај, на седницата беше оценето дека е соодветна, при што беше одлучено на аукцијата на благајнички записи што ќе се одржи денес да се понудат благајнички записи во непроменет износ од 10 милијарди денари.На седницата беа разгледани и најновите економски показатели во домашната економија. Растот на економската активност значително забави во првиот квартал на оваа година и изнесуваше 0,2% на годишна основа, наспроти раст од 3,4% во претходниот квартал. Случувањата поврзани со појавата на ковид-19 во глобални рамки, како и мерките кои беа преземени за спречување ширење на вирусот, во текот на март доведоа до влошување на деловната активност, видливо кај поголем дел од економските дејности. Гледано од расходната страна, ваквата состојба се одрази врз домашната побарувачка, која имаше помал позитивен придонес за растот на БДП, кој речиси во целост беше неутрализиран од негативниот придонес на нето извозот. Послабата домашна побарувачка во првиот квартал произлегува од малиот пад на бруто инвестициите, наспроти нивниот солиден раст во претходниот квартал, како и на забавувањето на растот на личната и јавната потрошувачка. Тековно расположливите високофреквентни податоци за вториот квартал од оваа година се ограничени за поцелосно согледување на состојбите, но податоците за индустријата и трговијата за април упатуваат на понатамошни и понагласени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност.Во однос на инфлациските движења, ценовните промени во периодот април-мај засега се во согласност со проекцијата за вториот квартал. Во вакви услови, како и при различни насоки на ревизија кај увозните цени, ризиците во однос на проекцијата на инфлацијата од 0% за оваа година, тековно се оценуваат како урамнотежени. Сепак, и понатаму постои голема неизвесност околу идното движење на светските цени на примарните производи, поврзано со коронавирусот и времетраењето на пандемијата.Нивото на девизните резерви се одржува во сигурната зона, а остварувањата во текот на второто тримесечје, главно се во согласност со очекувањата. Во текот на овој месец, девизните резерви забележаа значаен раст од околу 600 милиони евра. Податоците од надворешниот сектор за второто тримесечје се ограничени, но од расположливите податоци се согледува поизразено негативно влијание врз домашната економија од ширењето на коронавирусот, во согласност со очекувањата дека негативните ефекти ќе бидат најсилни во април, со постепено закрепнување во преостанатиот дел од вториот квартал.Последните информации од надворешнотрговската размена за април 2020 година упатуваат на можност трговскиот дефицит да биде во согласност со очекувањата според проекцијата, иако периодот од еден месец е краток за донесување посигурни констатации во овој домен. Податоците за менувачкиот пазар заклучно со мај, засега укажуваат на можност нето-приливите од приватните трансфери да бидат пониски од очекуваните за вториот квартал. Остварувањата кај билансот на плаќања во првиот квартал од оваа година упатуваат на дефицит во тековната сметка, којшто е во согласност со априлската проекција, а поголеми отстапувања во однос на проекцијата не се забележани ниту во финансиската сметка.Во однос на движењата кај вкупните депозити и вкупните кредити, првичните податоци за мај покажуваат нивен годишен раст, во согласност со проекцијата за вториот квартал од годината.Во изминатиот период, ликвидносна состојба на банкарскиот систем се задржа на релативно солидно ниво, што се потврдува и со ниската потреба на банките за задолжување на пазарите на пари. Дополнително, показателите за домашните финансиски пазари за мај упатуваат на умерено подобрени трендови на девизниот пазар, што може да упатува на постепено стабилизирање на очекувањата на физичките лица и економските субјекти. Во такви околности, во мај, Народната банка беше присутна на девизниот пазар со умерено пониски интервенции за продажба на девизи на месечна основа, од вкупно 53,7 милиони евра. Во текот на минатиот месец, склоноста за преземање ризик од страна на инвеститорите на меѓународните финансиски пазари се зголеми, што упатува на одредено враќање на оптимизмот. Имено, во многу странски економии, повторно беа отворени компаниите од повеќе дејности, а на глобално ниво е присутна и натамошна поддршка од страна на носителите на монетарните и фискалните политики. Следствено, беше забележан и нагорен тренд на берзанските индекси, зголемување на приносите на најбезбедните државни обврзници во еврозоната и стабилизирање на приносите на државните хартии од вредност издадени од САД.Општо земено, на седницата на Комитетот беше заклучено дека засега тековите се стабилни и последните макроекономски показатели главно се движат во согласност со очекувањата, при што согледувањата за амбиентот за спроведување на монетарната политика се непроменети во однос на претходната оцена на Народната банка. Неизвесноста и ризиците од идните макроекономски ефекти од пандемијата на ковид-19 и натаму се присутни и изразени, како во глобални рамки, така и во рамки на домашната економија, што влијае и на променливост во очекувањата. Народната банка и во следниот период внимателно ќе ги следи трендовите и потенцијалните ризици, заради соодветна реакција преку приспособување на политиките, доколку тоа е потребно.   фото: Архива 

Македонија | пред 5 години

icko

Познатиот диџеј Ицко од „Антена 5“ почина од ковид-19

Ристо Меловски (48), уште познат и како диџеј Ицко од „Антена 5 Македонија“ почина од ковид-19, а утринава од него на социјалните мрежи се збогуваат неговите пријатели. Тој беше сопруг и татко на две деца.Диџеј Ицко на Македонската јавноста ѝ е познат веќе повеќе 15 години. Дел од Антена 5 радио беше повеќе од 10 години.Почивај во мир!

Македонија | пред 5 години

skopje-5

Во 24 часа на 336 лица им се издадени решенија за изолација

Во текот на изминатото деноноќие (16/17.06.2020 година) на територијата на државата на 336 лица им се издадени решенија за изолација, а 175 лица потпишале изјави за самоизолација.Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се четири лица кои не ја почитувале мерката за изолација.Исто така, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 633 прекршоци.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Нема фотографија

Во Поликлиниката „Железара“ се реновирани кабинети, набавена е нова опрема и зајакнат е медицинскиот кадар

Во Поликлиниката на секундарно ниво „Железара“ во изминатите две години се реализирани бројни инвестиции за набавка на нова медицинска опрема и реконструкција и реновирање на кабинетите, во вкупна вредност над 18 милиони денари.Формиран е нов дијагностички кабинет, во кој функционираат сите ултразвучни апарати и апаратот за дензитометрија, со што се зголеми бројот на прегледани пациенти, имајќи предвид дека апаратите се искористуваат во целост и кабинетот работи во две смени.Комплетно се обновени и преуредени и кабинетите за физикална и рехабилитациска медицина, кабинетот за ЕЕГ, реновиран е влезниот хол и поставен е нов централен шалтер.Од аспект на подигнување на квалитетот на здравствените услуги во установата, набавен и ставен во функција e нов апарат за ЕЕГ, во вредност над 1 милион денари, со кој значително се зајакнува кабинетот за неврологија. За рендген кабинетот се обезбедени дигитален апарат за панорамско снимање заби и ултразвучен апарат со елестограф за ЕХО на дојка, за очниот кабинет нов апарат за OCT, бесконтактен тонометар, орторајтер, во кабинетите по интерна медицина - нов холтер за крвен притисок и ЕКГ холтер систем, како и бројни апарати наменети за кабинетот по физикална терапија, меѓу кои: апарат за електро терапија и ултразвучна терапија, магнетна терапија, ласерска терапија, вакуум терапија, термотерапија (парафински казан), ламба со инфрацрвено зрачење итн.Исто така, кабинетот за дерматовенерологија е доопремен со комплетно нов електрокаутер, апарат за крио терапија, дермоскоп, бактерицидна ламба, како и нова центрифуга и микроскоп за лабораторијата во оваа установа.Изминатиот период во оваа јавна здравствена установа е реализирано и значително зајакнување на медицинскиот персонал во повеќе дејности, со вкупно 22 вработувања, меѓу кои: шест доктори специјалисти од областа на радиологија, медицинска биохемија, оториноларингологија, неврологија, медицина на труд и физикална медицина, седум медицински сестри, двајца физиотерапевти, четири медицински лаборанти, рендген технолог, психолог и фармацевтски техничар.

Македонија | пред 5 години

vreme

Претпладне облачно, попладне нестабилно со пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од западен и северозападен правец. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени.Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветери со темература до 28 степени.До четврток ќе се задржи променливо облачно време, попладне нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. В петок ќе биде посончево и потопло, со умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец, а од сабота повторно ќе има услови за попладневна нестабилност со краткотраен дожд и грмежи.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mucunski-696x465

Муцунски: Поради СДСМ, Македонија дојде до ситуација да ја нарекуваат „Grand zero“

Денес во емисијата на Телевизија Телма  гостуваше меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски кој што посочи дека СДСМ треба да одговара за дебаклот што се случи во здравствениот и економскиот дел. Очигледно неспособноста на СДСМ исплива по кој знае кој пат на виделина.„Има еден термин кој се нарекува одговорност, слушнав многу за гледиштата кон причините зошто ние се наоѓаме во оваа криза, и навистина ми беше непријатно како слушнав дека министерот Наќе Чулев и сите граѓани се виновни. Барем тоа е моја една интерпретација. Постојат институции на систем, постои претседател на Влада, постои министер за здравство, постои Комисија за заразни болести. Па ако влеземе во министерството за внатрешни работи постои и директор на Бирото за јавна безбедност. И сите овие луѓе се од политичката партија на СДСМ“, појасни Муцунски на излагањето на Манчевски во емисијата „Топ Тема“.Муцунски додаде дека по него имаше неконзистетна здравствена политика, експертите некој ден нека дебатираат зошто Македонија дојде до оваа ситуација да не нарекуваат „Grand zero“ за Ковид во Европа. Имаме застрашувачки бројки, и се уште сме изолирана земја во Европа, од гледна точка отворени гранични премини.„Политиките во делот на здравство се креираа за да се дојде до брзи парламентарни избори. Тоа беше едно инсистирање на СДСМ. Ние во целокупниот процес на дијалог со сите политички субјекти во државата нагласувавме дека има одредени предуслови кои што се потребни за да дојдеме до парламентарни избори. Факт е дека на државата и се потребни функционални институции, тоа не може никој да го спори. Но за нас пресудувачки факт е можеби состојбата која што се случи токму со корона кризата, односно неспособноста и неподготвеноста на актуелната влада да се справи со оваа пандемија“, нагласи Муцунски.Муцунски додаде дека предусловите на ВМРО-ДПМНЕ , г. Мицкоски ги објави во недела и тоа беа два предуслови. Прво да се создадат протоколи и политики кои што ќе претставуваат гаранција за здравствениот дел односно процесот на водење на кампања и самиот дел на гласањето. Вториот аспект на ставот на ВМРО-ДПМНЕ  зошто требаше баш тој период за одржување на парламентарните избори е факт за да се има фер и демократски избори, а за тоа треба да се има набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР.Муцунски посочи дека факт е дека СДСМ имаше намера средства да исплаќа во период на кампања.„Точно е дека сте ги викале претставниците на Стопанските комори, и на опозицијата но колку сте ги слушале. Бидејќи тој совет не ги носи економските политики односно економските политики ги носите вие на седница на Влада. И доколку тие економски политики биле кохерентни, доколку тие економски политики биле ефикасни кон приватниот сектор немаше да имаме 15.000 луѓе кои што се оставени без своите работни места. Немаше стопанските комори до ден денес јас јавно го слушам гласот на Стопанските комори кои што велат дека не се задоволни од мерките кои што се  донесени од владата“, нагласи Муцунски.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

mancevski

Манчевски: Изборите се неопходни, системот на техничка влада е неодржлив

Одржувањето на изборите е неопходно, бидејќи системот на техничка влада е неодржлив, истакна потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.Манчевски додаде дека одговорноста во врска со ширењето на коронавирусот е на сите, на неодговорни граѓани, неодговорни верски заедници, а особено на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, кој реши дека нема да казнува за непочитување на мерките за заштита.Да имавме функционално Собрание, Чулев одамна ќе беше сменет и тоа е уште една причини зошто треба да има избори, нагласи Манчевски.Ние, додаде Манчевски, не тераме политика со болеста, таа е состојбата, тие се бројките, а од друга страна Мицкоски до вчера беше загрижен за здравјето на граѓаните, а сега ги повикува да излезат на гласање.Христијан Мицкоски се соочи со реалноста, се соочи дека не може повеќе да бега од избори и изнајдовме сили да заврши оваа неиздржлива политичка голгота, истакна Манчевски.Тој изрази големо разочарување од претседателот на ДИК Оливер Дерковски, кој со несвикување на состанок на ДИК го прекрши изборниот закон и запраша кој сега треба да му поднесе кривична пријава.фото: Архива

Македонија | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања